Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.858
    Допаѓања:
    142.540
    Ние двете сами викендов, маж на пат па си играме цел ден. И вирус не фати, ама фала на Господ со лесно помина. Само што ни се изгуби ред на јадење.

    Јас се сеќавам кога кажав дека сум трудна на свекрва ми. Од радост ме крена у вис. Јас испаничив да не ми стане нешто :) Мајка ми по гласот ме позна дека сум трудна. Не и видов фаца ама знам дека е среќна.

    За 2ро и двете потсумија ама им кажав да не ми се мешаат во планирање на семејството и брачната постела. Веќе не викаат.

    Генералка у тек. Се е повратено :(
     
    На Chantal, chocolade, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Хелоу :coffee:
    Бебе спие ,маж во двор со неговата најголема пасија колите си чепка нешто ,јас ставив ручек и си седнав со едно мераклиско кафе да ви пишам .Бебе ми е настинато дури три дена градинка истеравме и кашлање шлајмови затнат нос што да ви кажам ,среќа денес е веќе подобар ,бев на матичен рече вирус некој ако е добар до недела во понеделник пак да го носам во градинка ,се надевам ќе биде добар (fingers) Денес требаше да одиме на роденден кај синчето на едни пријатели во игротека ама ќе прескокнеме ради настинкава на синко .Планови за викендов немаме дома ќе одмараме . Јас помош имам и од моите и од неговите неможам да се пожалам во секое време ми се на располагање.
    Кога им кажавме дома дека сум трудна свекор ми се изнаплака од радост го снема човекот едно време се врати сеуште плачеше и ми донесе пари да сум си купела нешто за убавата вест ,моите исто беа пресреќни кога им кажавме за полот освен мајка ми која беше убедена дека е женско ( ама згреши :lol: ) другите никој ништо не збореше . За второ свекор ми сега цело време збори пример за некој алишта или предмети ова за ќерка ти кога ќе се роди ова ќе биде и секогаш кога наздравуваме човекот наздравува со желба за второ женско дете ,а свеки мудро си молчи она е заљубена во синко незнам дали дека личи на нејзе цел или што е работата :lol: Само ме нервира што никогаш не му рекла на баба дете или нешто поврзано со баба туку секогаш му се обраќа со сине мое ,синче мое убаво :envy: Еднаш ми прекипе па искоментирав дека е мое синче бабо а не твое .Мајка ми исто ко свекор ми ајде што побрзо требало и второ дете да сум родела ама и нејзе и одговарам со здравје ќе биде и не им се замарам многу многу .
    @emkaemka книгата има среќен крај :D
    Одам мајки да подзачистам нешто додека спие бебе ,убав ден на сите 8)
     
    На karibian, Chantal, Lolipop23 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добар ден!

    Три дена правам генералка на станот и тоа со помош од сопругот, мислам дека крпава ми срасна со раката, кој што чини јас си бришам:?: Ни остана шпајзот и уште една соба, значи кога правам генералка секое ќоше буквално мора да се помине и сите полици, да се пререди, да се исфрли се што е старо, да се нареди на ново.

    Само кујна еден ден ни одзема, фрижидерот често го чистам и секогаш сакам да е уреден, мразам зашлакани и смрдливи фрижидери:puke:,ама другите рафтови и шкафчиња богами плачеа за крпа и прередување.

    Плакарот исто многу време ми одзема додека да го прочешлам, вчера однесовме еден куп кесиња со стара облека која сеуште е функционална во тие контињерите од црвен крст.

    Многу ми е мерак кога ми свети станот, секако не е како порано, со детево пак е дневната хаос, ама навечер и јас како тој со лопатата на едно видео што ги сбираше играчките хихи, додуша јас со нога ги избутам во еден ќош и ги замаскирам да не ми бодат во очи:tmi:. Ако сум расположена и со раце ги сортирам чат пат:smirk: Ако не сум уморна палам свеќите, бираме серија или филм и барем малку мир и тишина.

    Е сега подзачистувам и во меѓувреме да не мислите дека само генералка правам и толку од чистење.

    Вчера испазарувавме, денес си седиме дома на раат, попладне само ќе излеземе малку да прошетаме, уште има фестивал кај нас и рингишпил, весел ни е градот, па да се вмешаме малку во народ.

    Ручек мисиркино и шпецли, плус некоја салатка. За дете булгур со зеленчуци. Уште претежно готвам одвоено оти нашите јадења слабо ги јаде. Месо не јаде така да земе да си го јаде, освен ако не и го замаскирам ептен ситно исечкано и измешано со други состојки. Важно овошје и зеленчук јаде во изобилие, море и лепче си бара. Јајце само во форма на омлет или кајгана, секако пршени лепчиња во јајце јаде, ама варено јајце или обично пржено не сака.

    За мајките што се во Гер едно прашање, какви сокови им давате на вашите деца и дали им давате апфел шорле, кај нас во градинка тоа чудо го има, искрено нити го пијам нити го давам на дете. Освен тоа ќе има и чај и вода. Детево чај не пие никаков незнам како да ја научам или пак таму ќе си се научи гледајќи ги другите деца.

    Убав ден на сите.
     
    На karibian, Chantal, chocolade и 20 други им се допаѓа ова.
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.716
    Пол:
    Женски
    Лежам со нозе у вис и чекам дете да рипне од спиење.
    Денес празнично мм дома, пак успеав да го наканам да го средиме дворот, имаме лоза за сенка со грозје, кое беше целосно уништено пд невреме, па го средивме тој дел.
    Од повикот вчера се разочарав, колку само се себични и користољубиви луѓето. Тоа сфатив.
    Ах, да понеделник ми е роденден, ама оваа година воопшто немам некоја еуфорија роденденска. Си нарачав торта, поклон од мм кажа ( или ме излажи) дека оваа година нема да има, бил во финансиска криза :)
    Се наближува и датата кога мајка треба да замине ск, испитувања па операција. Се стопи жената, пола човек е, што од мисли, што од депресија, мислам се уништи поаледнава година.
    Тешка година, само се молам сите да сме здрави и живи.
    Една добра вест, синко го запишавме на курс по англиски јазик.
    Додека му траеше возбудата беше ок, сега уште не започнат, не сакал да оди(facepalm) Колку инает има во ова дете мое, не знам.
    Понеделник е првиот час, ќе видиме што ќе се случи.
    Да поодморам додека е тивко, зошто за брзо се уклучува турбото :)
    Убав викенд, мајкици.
     
    На Chantal, chocolade, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки.

    Со мм се спремаме сабајле да носиме дете пешки на Водно па еве вдќе се инсталирав во кревет за да бидам спремна за пешачење:lol:
    Денес денот рано започна. Синко буден од 6:30. Се обидов да го презаспијама, ама неуспешно. Мм отиде да извозел тура со точак па си се гушкавме сами на спална цел саат. Станавме, доручек и на улица да шетаме. Фатив правец, и бидејќи синко заспа, јас полека полека со количката до веро џамбо стигнав. Многу работи имав на ум, ама ништо посебно не купив. Уствари за мене фустан за на работа и џемпер, за синко шишиња и чинивчиња од дм:lol:. Ама сакав за храна повеќе да поткупам само кога ми текна сама со количка се откажав. Арно мм завршил турата и се јави да не соберел да прошетаме што добро ми дојде. Ама кога стигна со колата ми текна дека нема седиште за мали. Го качивме дома да го освежам после одмор и дома остана. Со кој страв го извозевме до парк:worried:. Уствари јас возев за да не викам по мм. Ова сега и никогаш повеќе.
    На враќање заспа во кола ни ручан, ни преслечен. И таман мислев ќе поспие дете да спремам ручек за нас и за него. Е нашиот ручек бидна, ама неговиот загоре зошто се разбуди со рикање. Додека го смирив преслеков, водата испарила, ручекот загорел|(. Па наместо домашно, готова каша јадеше. Отворив некоја што најдов во плакар со тестенини во доматен сос и моцарел. Кога тоа внатре парчиња од тестенините. Мислев ќе биде плачки и молење и дека ќе ја блендирам за да јаде. Арно ама ја излапа. Значи можело и не блендирано да јаде:o.

    За коментари за второ дете мајка веќе се изјасни дека не требало да чекаме веќе, а свеки не кажала ништо. Ама знаејќи ја реакцијата кога ќерка и кажа дека чека второ, нема да се прерадува. Ама кој ја шиша. И онака нема да ми го чува. И синко не се претегна да го чува, нема ни за второ ни за трето здравје боже да ми е некоја помош. Додуша не е ни тука. Уште трае летна сезона во Охрид па они до крај ќе си ја тераат.

    Туку јас се повеќе сум спремна да раѓам второ. Уште на мм да му кажам и да одиме по замрзнатите ескимци. Плус и паника ме фаќа ако пак не биде и се мачиме како за првово, а сакам и трето после. А и годинките и не ми се во прилог за многу одлагање.

    Пак се распишав. Ама уште ова да кажам. Синко денес журка ми правеше. Му пуштав хитчиња, а тој ми играше. Љубов мајкина:inlove:. Од сега секој ден журка ќе му правам:lol:

    Отидов да спијам мајки.
    Имајте убава вечер.
     
    На karibian, Belabelinakinder, Chantal и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.823
    .
    И јас се прашувам, драга, како може да постојат такви свекрви, ама има. Еве мојава исто да не ја види малата три месеци нема да се јави. Ни се јавува ни доаѓа да ја види. За детето од другата снаа абре трчаат по него, му купуваат. Еднаш ја видов како се враќа од продавница со другиот внук и му купила чоколади, абе одма наведна глава дека ја сретнав.Мене ич не ми е гајле, ама ме иритира тоа што пред мм се прави лизни мазни и после јас испаѓам лошата. Идиотка и глумица.
     
    На karibian, Belabelinakinder, Chantal и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Ај како што е ред неколку реда муабет пред спиење. Денов ни почна мрзливо се успавме, па место до Бигорски како што ни беше планот, отидовме до заливот на коските, па до св. Наум и ручек истеравме таму. Синко беше полн со енергија и супер си поминавме, па околу 2 часот наоблачи и си тргнавме за дома. Дете заспа по пат па и дома само го префрливме и си продолжи. Маж направи кафе јас брзински туш па цело попладне се тегневме по дома додека надвор си врнеше. Како по нарачка околу 7 ни се расчисти времето па си излеговме покрај кеј. Времето свежо, воздухот чист се порадува синко на лизгалки па само што си дојдовме дома заспа. Последно се среди со спиењето околу 10 заспива и се буди само еднаш околу 5 за да дојде кај нас на спална и си продолжува до 8 9. Нека му потрае само. Маж легна одам и јас, за утре по прогноза дожд ама нека биде после пладне да искористиме сабајлечки за шетање. Добра ви ноќ
     
    На Chantal, abc1234, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам од крајот.

    Немаме машина за перење, перам на рака па две жени од зградава ми рекоа додека купиме 2-3 месеци да перам во нивните. Им кажавме фала ќе ви дадеме и пари ако треба за трошокот ама не сакаа и им купив сок, благо и кафе на два пати. Перевме кај едната жена 3-4 пати, во меѓувреме перев и на рака за да не и досаѓам за машината, а другата жена беше на одмор вчера си дојде. Мм доаѓа од работа и слушам го запира на скали другата жена и му вика дека не може да переме кај жената се трошело многу струја и вода. Маж ми и вика а зошто ти ни кажуваш а не жената. А жената кога и да ме видеше викаше донеси кога имаш во машината и двете рекоа 1 евро било едно перење демек не е проблем.
    Сега се прашувам што ми требаше таа белја на глава? Што не си перев на рака? Зошто поверував дека се добри луѓе? Да перев често па ај. Повеќе на рака отколку во машина ама сами ми викаа немој на рака да переш.
    Ретки се добрите луѓе. Поретки од ретки!
    Ќе си продолжам на рака додека не купиме машина на рати ако не сме во можност за на готово.

    Маж ми доби отказ од новата работа. Сами во непозната земја, со мало дете и без работа.

    Некако лош период не спотера што ли не снајде. Да си се искажам тука барем полесно да ми биде. Некако ми иде веќе на никој да не кажам здраво, ниту да се насмеам, ниту муабет да направам.

    Малава два ноќи по ред будна од 01.00 до сабајле 06.00. Гледа во прозорот и само прави ав ав, се смее, им вика чао на некои измислени кучиња. Сакав да пишам сабајле во 6 ама немав сила. Не спие ни преку ден. Прееска заспа во количка и таман ја качивме горе после 5-10мин се разбуди и не презаспа. Главата ми е чудна од пореметено спиење. Нема да прашувам за кучињата што ги гледа на прозор, нормално нека си е.

    Паѓаат деца ама еве моево и нанапред и наназад ама баш секогаш на глава паѓа. Само се молам да ја сочува. Кога падне напред пружа раце ама пак на глава паѓа прво, а наназад на газ и не запира туку и главата ја удира. И неколку пати нанапред ама директно на глава.

    После првово и јас и мм кажавме никогаш второ ама само да се вработам и по можност да си купам моја кола и да положам за возачка уште минимум едно ќе родам ама можеби и две или повеќе.

    Кој колку се израдувал појма немам ниту ме интересира. Сите се радуваат ама само тие си знаат кој вистински, а кој глуми. Посебно свекрвите се глумици кога станува збор за внуче. Баба ова баба она ама само на зборови.

    Многу ми е убаво кога гледам повеќечлено семејство и секогаш пет ми е синоним за целосно семејство. И ние сме пет. Имам двајца браќа. Богатство и никогаш нема да сум сама. Најпрво на помалиот брат му кажав дека сум трудна. Еве и сега нему му се жалам на фб.

    Маж ми купил нешто за смирување, некои си таблети ама јас не сакам да пијам. Ептен ако скренам некогаш.

    Си зборев шпански со една мајка во парк. Колку беше смирена и колку убаво се однесуваше и зборуваше со детето. Си помислив и јас би сакала така некој да се однесува со мене. Зборење на квадрат, трпение на куб. За моево одма рече тежок карактер дека е. Тежок, цело на мм.

    И така чекам да помине овој неубав период. Ама баш е така неубав не знам што се случи. Знам ќе биде многу подобро догодина ова време и секој месец се подобро, а до тогаш едноставно ќе преживееме.

    Утре ќе одиме во црква. На 5км од нас. Ќе одиме пеш и се надевам лесно ќе ја најдеме.

    Ако биде пак будна малава? Ќе мора да издржиме. Едноставно седи будна не и се спие ич а мирна е. Можеби некој период, ќе помине.

    Ми фали мир, тишина како во моментов, и не знам дали да се исплачам или само да се помолам на Господ да ни помогне.

    Семејство. :l:

    Додека сме на купче се е добро. Другото може да се купи, поправи, заборави, заработи, одмине... Живот! :hug: Ќе си се гушнам и самата себе.
     
    На orhideea, Nikita7, mareane и 47 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.355
    Пол:
    Женски
    Добра вечер, да шкртнам и да си легнам.
    Застуди надвор, денес измрзнав додека шетавме, вечерва по долги ќе се спие.
    Вчера малата кога ме виде вечерта кога дојдеа да ме земат ептен се израдува. Почна дури да писка од радост, да ме гушка, да ме фаќа по лицето да ме гале, абе се стопив од среќа. :inlove: Многу ми е мила. Многу сака да оде, ми се чине дека во скоро ќе прооди сама. Си кажува мама, тате, баба, ав ав, мау :D ама и многу е инат голем. Наредната сабота роденден, не сме баш спремни, фалат ситници за слатката маса, некои други работи да средеме, се надевам се ќе средеме до тогаш. Битно закажав за фризер.:emo: Редно време е косата да си ја средам, метил имам, ми паѓа многу, ептен е смотана. Малата е спремна и она. Уште да се науче да дува свеќичка :party:
    Одам да спијам јас, добра ви ноќ:yawn:
     
    На orhideea, Chantal, abc1234 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.731
    Пол:
    Женски
    Хаха.. Мојата од кога дојдовме од болница во мај само изговори и тоа на малиот му се обраќа, а јас слушам. Првин беше "мал си 2кг да пркнеш баба ќе ти купи", "лето е не ти треба ништо имаш бодиња" еве после 3.5 месеца напраи скоро 6 кг малиот "да залади баба ќе ти купи тренерчиња", све само изговори кажува. А се лигави "на баба чедото" "сонце најмило"... :envy:
    Почнавме со вкусови и со мм муабет сега на почеток купечки кашички хип/холе да земеме, таа 3 пати вика ќе купам и јас некоја ама не знам кои иако и ги покажав. Вчера скриншот на 5-6 вида направив од страната на Хип, и мм на Вибер да и ги пушти, баш да видам тоа чудо.
    Не ми е гајле, нека не купува, ама не ме дупи у мозок.

    Лани за инвитрото моравме да докупуваме доста инекции, позајмивме пари во моментот, кредитни картички исцедивме, не ја ни прашавме неа ама мораше да каже дека таа немала сега, да имала ќе помогнела, а после 2 недели нова влезна врата 300-400е во кеш ја плати.

    Туку мм е прав бик ебаго, не само инат, вика "јас ќутам ама се забележувам и ќе дојде момент кога ќе се сврти ситуација и нема да знае главата каде и е, тогаш ќе дојдат моите 5 минути".
    Јас сум обратно во моментот сакам да се конфронтирам и за повеќето работи за некое време може ќе заборавам што се случило, нели дошло-прошло. Мојов памти што сме се р'чнале пред 4 години на пример, јас ко теле го гледам, не знам што зборува. :rofl:
    Се распишав леле. Лека ноќ.
     
    На orhideea, Chantal, snegulkata и 30 други им се допаѓа ова.
  11. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки .
    Ние денес за промена дома сме . :)
    Пред 1 саат го спуштив син ми кај свекрва ми и почнав домакински работи.
    Машини пуштени си вртат. Средувам алишта на момчево мое ,планирам еден убав шопинг за него . А и за мене :lol:
    Се пече банана колач,солени мафини чекаат на ред. Ми се пријаде рижото со зеченчук па сеа тоа ке си направам и тоа ке биде за сите ручек . Прво да го испијам кафето :coffee:
    Кај нас кога кажав дека сум бремена сите се израдуваа . А јас на секое кажување плачев како магарица од радост :) Никогаш никој не ми искоментирал негативно ,ниту пак ми рекол чекај не е време за второ. Ама и да кажат никогаш ама никогаш нема да го променат моето мислење дека сакам 5 деца :rofl::rofl:Само тешко дека до таа бројка ке стигнам . :) Сум приметила во македонијава само се коментира негативно ако некој се решил за трето дете (facepalm) Или е за пари или е случајно . И тоа страшно многу ме нервира ! Прост народ си бевме ,прости си останаме...
    Свекрва ми умрена за девојче.Мајка ми исто . Јас исто :rofl: Маж ми сака маже пак:) Јас викам да не се расправаме едни близнаци машко и женско и да завршиме работа :rofl: Како да од нас зависи тоа :rofl:Здравје ке видиме што ќе се падне кога ќе дојде време :clap:
    Вчера бевме во зоо , секоја недела си одиме . Преубаво беше . Едвај чекам малку барем да залади да не мора да се враќам дома утоп , и да може да се шета и по 12 на пладне.
    Сакав нешто да пишам ама ми одлетаа мислите :)
    Го слушам син ми изгледа ќе шета со дедо и баба ..
    Тоа е мајки од мене .:*

    @gjoker4e :hug::hug:

    Убав ден :f:
     
    На orhideea, Chantal, Ano и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    22.826
    Пол:
    Женски
    Здраво, ние се вративме од одмор ноќеска, малце порано. Не можевме више да изржиме, збесна. Да не се седнело 1 секунда. Само бара чао да оди неќе ни количка ни у раце. Башка со забите. 3 извади, уште 3 се на пат. Нит спиени нит седнати. Па и вирус ќе да не фати. И така, еве низ дома се переме, распакуваме. Тато ни е на одмор уште една недела па ќе поуживаме
     
    На Chantal, Ano, snegulkata и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    @gjoker4e ако сте под кирија пробај разговарај со сопственикот тој да ви купи перална.
    Еве мене пред 2 недели ми цркна исто пералната, му се јавив на човекот или да пушти мајстор или да купи нова, тој купи нова.
    По некоја логика и така е.
    Ако јас утре излезам од станот нема да ја земам машината со мене, ќе остане тука и она и целиот мебел.
    Освен ако не сте влезени во празен стан, па си имате средено вие се`.
    Ќе дојдат подобри времиња, ќе видиш :hug:


    Како за недела досадно.
    Маж отиде на ручек со колеги од работа, јас спремам ручек за мене и синко, машина врти и се едно исто.
    Има панаѓур во нашето градче и тоа на европски јадења ама не ми се оди сама со синко, треба да го тегнам и да се потам низ народот.
    Последните денови е неподнослив, се однесува како бебе.
    Стално квиче за нешто, расфрлува играчки на сите страни и не собира, нон стоп сака по комшии а мене ми е незгодно да досадува.

    Утре има очен преглед, како ќе биде не знам.
    Може и ќе ме караат :sweat:
    Не го разбира јазикот уште.
    Вчера доручкува житарки и да го пробам го прашувам на Италјански: Вкусни ли се житарките? Тој - Каде (facepalm):envy:
    Пак му повторувам овој пат пополека као ќе разбере тој пак Каде 8-|

    Од среда конечно во градинка, јас како да сум повеќе возбудена од него.
    За сега ми изгледа доста загреан па ќе видиме дали стварно ќе биде толку умен и ќе ме поштеди од плачки.
     
    На Chantal, Ano, snegulkata и 21 други им се допаѓа ова.
  14. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мајки и овде ке прашам некој ако имал искуство.. При бањање на керка ми и отекува кај препонот кај десната страна и додека ја облечам го снемува
    Се плашам да не е кила дали доколку ја однесам на лекар можат да видат дали е кила со оглед на тоа дека не и е отечено туку само при бањање оваа се случува.. Некој ако имал слично искуство секој совет ке ми е добредојден
     
    На TutiFuti, gjoker4e, Autumn_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добар ден мајки
    Ние на базент, во затворено, на рунда пливање и ужување. Месец може немавме дојдено, во забавни паркови бевме последните недели. Денес решени бевме, сите фит, здрави, и тргнавме.
    Средново спие во количката, јас со ладен чај и грицки до мене, маж и големата изведуваат водени лудории. Малото кај баба и дедо:(.
    И реков на свекрва ми ако сака да и платиме билет, да си седи тука на лежалка, под сенка, во барот... само да биде со најмалото. Па еднаш два пати да го брцнам и него. Рече не к толку. Нма смисла да пререкувам инкнсистирам, сфаќам доколку не сака.
    Иако тука е полно со баби и дедовци со внучињата, си се бањаат, уствари не ни мора да се бања. Ама фала што и кај нив детето го чува.
    Имам кажано дека страв ми е двајца на три толку мали деца во вода.

    А колку сме само уморни.
    Осеќам дека малово чуствува веќе глад, затоа и ми се буди навечер, среќа денеска почна по 100мг каша за појадок а и аптамилот двојката ја отворивме. Белким помирни ќе бидат ноќите. А и средново ранобудец, 06.00- 06.30 е издигана. А барем за викенд да поспиеме, ама нема. Не дека другите две поарни, нив 07 не им бега.
    Го наговарам мм да заминеме некаде на продолжен викенд. Прашувам кога има празник. Коса ми се крева од спремање и “одмор” со сите три, но и очајно ми треба промена.
    @gjoker4e :(
    :hug:
    @blessed.an на жалост немам искуство.
     
    На M&M, TeddyGrey, Chantal и 26 други им се допаѓа ова.
  16. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Дете спие,јас како што е ред треба да пишам.

    Ви пишувам од кај мајка.Мм сношти не донесе,а денес ке си одиме.Синко вика,урла,се смее,многу е срекен зошто сите му одат по га*от.

    Се мерев на вага ослабена сум 5 кила,сега имам 63,сакам барем уште 3 да намалам.Мм ако слушне ке почне да баботи како крвта ке сум ја ослабела тој ме сакал каква што сум и дрн,дрн..

    Вчерашниот ден лошо поминат...Цела кука растурена, јас нервозна дека нема да можам рајат да сработам,дете уште понервозно.Се почна кога мм одеше на работа дете почна да плачи по него,потоа надвор доручковавме не сакаше да седи уште тажеше по татко му.Сакаше внатре да се мотка околу дедо му и мајсторот кај што варосуваат.Јас чистев ламинат тој по мене идише ми валкаше.
    Го ставив во хранилка и појдов да измијам џогер се вракам го гледам исправен на хранилка со рацете горе и пеј.Крвта ми застана...

    Ме фака страв да не настине синко сега баш пред роденден,дека вчера сето отворено беше...

    Го заспав кај девер ми во соба,се фатив за работа...Ручекот овој пат свеки го готвеше,таа чистеше во една соба јас во друга.
    Откако се разбуди дете и завршивме со ручекот ги пратив со свеки до маркет за побрзо да доработам Поголемиот дел скоро завршен останаа ситните работи ке си работам цела недела до роденденот од дете ке биде се на свое место.


    Мм кога му кажа на неговите дека ке имаме бебе реакцијата му беше глупава.Свекор ми знаел видел дека сум здебелена.
    А од свеки имав еден куп прашања,од тоа кога,како е можно,дали сум сигурна незнам колку пати истото ме праша.

    Побрзо оздравување на сите дечињадечиња

    Одам да пијам кафе и еден туш да направам .
     
    На orhideea, Chantal, Ano и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Hello, првпат во темава. Мајка на скоро годиначе, до скоро сама на светов со бебето а сега со прилично помош околу. Читам и за свекрви сте си распишале, ја не бих на широко, да не ви ги засенам. Ни радост како што треба, ни муабет на место, ни подарок од ќеиф, помош па ич, али сплеткарање кај што не е место од време на време има. Да не заборавам дека постои жената де.
    Не ми е јасно како ова викендиве создадени за уживање со фамилија кај нас поминуваат хаотично. Да се доработи што останало, да се готви 100оброци, некој ќе дојде на кафе и дошло недела вечер.
    Пофино ми е низ работна недела.
    Гушкајте силно дечиња до вечер кој е на работа утре.
     
    На orhideea, forumce, TeddyGrey и 31 други им се допаѓа ова.
  18. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Во купатило сум деца се бањаат во када им ставив сол и да излезат мрсолите.Бевме по надвор си играа со едно детенце а јас со жената разменив некој збор.
    Малово синоќа ми поврна 2 пати.
    А сабајле од 7 почна и проливче.
    Тркнавме до аптека купив едни капки и пролајф линекс орс.После му направив супа од петел што убаво си се најаде и после 2 саати се поврати и тоа во кола.Заспа па јадеше кисело млекце.И се искака прееска потврдо.А и кока кола му дадов по малку.Сега за сега е ок.Весел игра јаде.
    Туку ова големиот душата ми ја извади тоа дете.Мајки ако верувате овие неколку дена е страшно неподнослив.Плаче за глупости и тоа урла повеќе ука што се вика.За играчки за правење глупости и пакости.Бира чинии во кои ќе јаде и секундарно се премислува па се лути и не сака да јаде.Го оставам така некое време и после сам седнува да јаде.
    И тоа е.Секој ден исти работи.
    Ај да вадам деца
    Убава вечер на сите.....
     
    На orhideea, Chantal, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Гледам некоја тешка меланхолија не спопадна сите на темава
    Чат пат, но во последно време не ме спопаѓа туку ме убива на моменти ќе речам
    Се тоа па тоа, скрени, раскрени, ручеци, садеви, смукалки.. перални
    Јас ко пчела на цвет се вртам околу маса со сукало и брашно:whew:(facepalm)
    Ништо поарна од вас сум ама ете пак не сум ни сама

    Очајно е колку не годи монотонија
    Пелени, алишта, шишиња, цуцли или у превод мајчинство
    Си велам така е, ќе биде така па и тоа ќе помине па ќе настапи нова етапа итн итн
    Живот

    Не сум нешто поарна .. таман човек ќе рече ок е колку толку си постигнал нешто, па онда ќе здивнеш и ќе се смееш ќе се расположиш за миг итн пак доаѓа бура и пак борење пак надежи пак работење на себе си и се така во круг
    Едно ќе пројде друго ќе дојде..
    Преска му викам на маж и ова ќе помине како и се што до сега помина
    Дали животот е создаден буквални од бури и бранови епокалипси или сме најверојатно луѓе пто поседуваме малку среќа или ич.
    Едно нешто да појдеше како што треба немаше да е на одмет
    Ама мирот.. мирот никако да дојде
    Никако да дојдат подобри времиња или само едно време кое ќе живееш како нормален човек просечен..

    И тоа

    Некако не ми се пишува не знам што да кажам збунета сум изаклена а веќе милион години имам и си барам трпение аман.

    Преска у маркет малово зема една кола па ја возеше низ под и не сакаше никако да ја остави а маж ми вели не игра џабе ќе ја зимаме, му реков да ја земеме ја земавме и толлу бидна од колата на ќошот оставена и она како и се друго од играчки, па преска пред спиење односно секоја вечер пред спиење и само пред спиење почнува да игра да си заигрува со нешто баш кога треба да спие, па ја зема колата и 10 минути играше ја возеше и така

    Вчера му купив шише од оние за поголемки деца со чепурче и рачки колку го засака тоа чудо ми се чини тродупло вода испи од вчера до денес ради шишето
    Па почна на вика "сисе" "зајце" "ота" - оса итн
    Денес впиваше ко сунѓерче цел ден

    И кога ќе му дојдат тие "шкљ" моментите па ко ќе почне да се дере, да црка, да плаче па после се смее и се така у круг и он не знае што сака :drunk::drunk::drunk:

    И на мене на крај од денот ми зоврива глава од секојдневие, од памперсот што веќе кога се кака или треба да се смени ми се темни ог гонење молење и лажење од него плус бонус облачање, тоа кај нас оди по пола саат у ден за секое:drunk::drunk::drunk:

    Сега у фазон сме на "њања" односно мечиња многу ги сака, ги реди, ги мести да спијат, ги гушка итн

    Најмирен и најмногу сака да шета у количка
    Па денес бевме у едно паркче за мали деца ми беше жал што станавме многу брзо а он се заигра на скалите од лизгалката ама имаше премногу комарци па моравме да станеме:!: ионака дме искасани до недоглед
    Имаме смарт комарци што никогап не успеваме да ги најдеме дома. Јас синока станав со ужасни чешања и печења по раце и нозе и не можев да заспијам од што ми се воспалија

    Таман мислев залади оној викенд беше супер пак почна да пече и ќе пече и оваа недела :doh: аман да му се сневиди на времево глупо аман веќе од жештини не знам дали има крај ова веќе нема смисла :doh:

    И така, ич не ми де пишува само ве читам и читам и се гасам није ми дн, недела, година.. живот!!
    Уствари живот.
    Таман ќе станеш пред да се израдуваш пак ќе паднеш 8-|:doh::^)|-)

    |-)
     
    На orhideea, Chantal, TeddyGrey и 28 други им се допаѓа ова.
  20. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Денес се разбудив со грутка во градите, ме потресе вест за загинат другар од сестра ми, 20 години пиле, ах животе. Па немав никаква волја ни за шетање ни за средување по дома, па цел ден ми помина млитаво. Со дете цел ден го поминав на тепих од сложувалки, коцки, мечиња и коли, се радуваше дете. Лексилиум ми е неговата безгрижност, нека остане минут подолго толку мал, невин и неискварен. Црни мисли во глава, како се справувате мајки со стравот дека нешто ќе им се случи на вашите најмили. Има периоди кога ми се чини дека ми поминува во анксиозност толку се плашам што имам триста сценарија во глава како би реаигирала ако се случи нешто. Незнам како да се растеретам од овие мисли. Секогаш ми се враќаат кога ќе слушнам за некоја трагедија, прочитам или слушнам за болест на дете, ме гуши се ставам на местото на родителите и неможам да ја издржам болката. Доста е негатива од мене за никаде сум. Господе чувај ги децата само, да израснат среќни
     
    На Chantal, Ano, snegulkata и 19 други им се допаѓа ова.