Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Ах бе @gjoker4e ептен тешко ми падна од постот. Што побрзо да се средите, и со работа и се друго што ви треба. :hug:
    @Vennera.aa и јас сум најчесто во такво расположение. Мене анксиозноста ме убива долги години. Последно време не покажувам ни на блиски, а во мене секој ден бура емоции, мисли, прашања, немам мир ни еден ден.

    Да не ширам негатива, најчесто и поради тоа не пишувам, а и немам време да ве читам редовно и дури сум на одмор. Многу е немирен синко, ама многу. Навистина не сакам да се жалам, такво си е детето, само нервите не знам до кога ќе ме држат. :D Си имам сама дадено ветување дека нема никогаш да го удрам, не сакам да се заканувам и да викам многу, па само зборувам ко расипана плоча, ама џабе. Цел ден немој вака, немој таму, немој ова, немој она...
    Со мм не се согласуваме за в градинка, јас едвај чекам да го запишам негде, да се смири малку, да се дружи, а тој од лошо искуство со колега (нонстоп им се разболува детенцето) сака уште малку да продолжиме со бабите. Ама и тие исцрпени се веќе, иако уште кажуваат дека е помирен со нив.
    Ќе видиме што ќе решиме на крај.

    И така, уште многу имав да пишам ама друга прилика, битно си олеснав малку. :)

    Добра ноќ! :hug:
     
    На orhideea, eli25, Chantal и 23 други им се допаѓа ова.
  2. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки.

    Наминав само да ве почестам со торта денес ми е роденден.Годините многу брзо ми поминуваат...
    Torta-3-685x340.jpg
    Одам дете вика....
     
    На orhideea, stevemila, eli25 и 31 други им се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.716
    Пол:
    Женски
    1DE9DA8F-C11D-4815-B8F0-0BD2A2E344C3.jpeg B68D83B9-A071-413C-955B-5659042AA28A.jpeg
    Убав ден, за мене најубав денес. Славам роденден! Честам денес, пијте и јадете на моја сметка.
    Како викаат, годините се само бројка, треба да се живее секој ден, да се ужива во секој нареден со позитивни мисли. И не, не велам дека стареам, туку созревам за нови предизвици кои животот ги пружа. А без падови, што ќе научиме од него?
    Ослободена од сите домашни обврски, пробудена со роденденска песна од мм и синко, дури годинава и торта порача мм. Ако ме бендиса ќе ви пуштам и слико покасно :)
    Имам обврски само до град, она што мора да се заврши, да испазариме, затоа што не славам со поканети гости, ама блиските ќе дојдат да означиме.
    На здравје!
    @24.07 Ооо денес пола- пола трошок од нас две :)
    Мислам дека сум постара јас малку.
    Биди најсреќна и ти, само убавини!
     
    На orhideea, eli25, Belabelinakinder и 32 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    Само на двете славенички сваќата @24.07 и @LaDyDoLl да им честитам роденден.Среќен роденден женски бидете најсреќни и најаки како и до сега -лавици.Грабите семо убави моменти од животот:^::^:Море море што торти сте направиле вие две од сабјле, шеќерот ќе ми го качите :rofl:

    Се возам на работа.Малата вчера немаше тт ама почна да кашла.По два месеци пауза почна пак хоророт.Капки не дава да става, сируп за тт не сака да пие:shake:|(Се на се тешко е со болно дете.Јас ја оставив во градинка , а дакав на др да ја носам ама ми помина времето многу се спремавме и ништо.Сега срце ми е стегнато, дали постапив правилно:worried: Ама па да чекам таму 3 часа повеќе ќе се разболи .Ах таа нехна кашлица до кога .Велат до 3:envy:Многу е.

    Да не се жала многу убаво си шетавме и поминавме вчера.Со точакот возеше малата и јас , а мм пешки оти знаевме дека ќе каже земи ме не можам веќе:)

    Стигнав на работа мајки.Убав ден:hai:
     
    На eli25, Chantal, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Може еден негативен пост?? Не сме спиени цела ноќ , бебе изгоре од температура , сабајлево 39 , ајде оцет , сенф , сируп , па вриштење за се ... еве сеа заспа па викам да се пожалам малку.
    Освен оцет , сенф и туширање што можам друго да направам?
    Закажавме на доктор во 11 и 30 па ќе видиме.
    Среќен роденден на сите.
     
    На eli25, Chantal, 24.07 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Под пазувите на бебето стави листови од свеза зелка тие влечат температура
     
    На duffi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    @24.07 @LaDyDoLl среќен роденден живи ,здрави најсреќни да сте  :f:
    Добро утро мајкички јас на работа уште рано наутро почна гужвата сепак се надевам на мирна работна недела од понеделник полесно ќе е ми се враќа колешката од одмор одвај чекам :) Синко во градинка одсабајле го однесе маж ми, малку поплакал ама се смирил после. Викендов ништо посебно низ дома го поминавме.Вчера приметив дека синко мој не е веќе бебе туку мало детенце спремно за еден куп глупости и бељи колку брзо расте да ми е жив и здрав само па ќе се учиме да биде умен.
    Убав ден на сите.
     
    На eli25, Chantal, Ano и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.858
    Допаѓања:
    142.540
    Се сеќавате на линкот, кај што мислев дека иам многу паметно дете според нивни критериуми? Па психолот ми рече нка тргне у градинка, па ќе видиме? Епа човекот на фин начин ми кажа дека не е баш така и дека линковите од глупави сајтови лажат.
    Тргнавме у градинка и сфаќам дека децава знаат мноооогу. Знаат да бојат во граници на линија, знаат не само да бројот туку да распознаваат бројки, знаат количина и да спојат со пишана бројка... Човече знаат многу повеќе од мојата!

    Дете дома само со баба или мајка шо може да научи? Колку и да сакаш да му кажеш се и да го научи, не можеш. Треба да готвиш, да раскренеш, да спружиш, и џабе си цел ден дома, кога си играш малце со детето, и немаш време да спремиш секакви играчки и секој ден нови и занимливи спред возраста. УПМ.... а фати вирус. И колку арно толку лошо градинкава. А ми вика другарка ми, имунитет се гради со болести, сам не никнува на дрво. И така, се испожалив, денеска пак у градинка, јас болна, ама се држам, мајка не смее да е болна.

    Само нека е жива здрава и среќна, а јас и маж ми здравје, по некоја година ќе се кренеме. Тееоретски, самам 4 деца, и куќата ми е изградена за 4 деца да имаат комодитет и соби. У пракса, доста ми е едно.
     
    На karibian, Belabelinakinder, Chantal и 25 други им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Денес убав ден два родендени славиме. Честитки и со среќа.

    @Cka не се води по сајтови колку ти е паметно детето, а и не го споредувај со други. Секое си е приказна за себе. Кажувам како психолог. Некое е понадарено за зборување, некое за бројки, некое е уметник. Сите се различни и сите си имаат свое темпо на развој. И кое колку знае е релативна работа. Ако некој ги учи на нешто нормално дека ќе знаат, само што секое на таа возраст брзо ги стига другите без гајле. Плус тоа колку знаат сега не е мерило за тоа колку се паметни некогаш е и колку се увежбани. На пример јас пред поаќање во прво ги знаев сите букви ама не ги врзував во зборови (не ги пеев де а моите не ме ни форсираа), а на моите на другарите девојчето читаше. Таа едвај заврши факултет јас одбранив докторат. Ах да и уште не знам да цртам ни под разно и секогаш излегувам надвор од линија при боење.

    За анкзиозност околу здравјето на детето и јас сум прва. Не знам што ми стана ама штом ќе чујам негативна вест за било кого одма црни мисли ми се вртат низ глава. Рационално знам дека нема потреба од тоа ама има еден црв што ме јаде. Се надевам ќе помине друго нема.

    @gjoker4e само ќе те гушнам. Не знаев дека сте ја напуштиле Македонија, се надевам ќе ви се подобри животот. Ако не секогаш имате назад со мало дете. Није злато све што сија, па и во тие „ветени“ земји не е сјајно. Особено не меѓучовечките односи. Многу позатворени и поиндивидуалистички се луѓето. Таму не очекувај никогаш ништо од никој. Сама си и толку.

    Јас допивам кафе и одам по дете од градинка. Уште неделава до спиење ќе го оставам па потоа со спиење. Сега уште сум на бабите обесена за чување. Јас го носам па подработувам од дома па го предавам на баба и цела логистика покренувам за да можам и да работам и да адаптирам дете на градинка.
     
    На eli25, karibian, Chantal и 22 други им се допаѓа ова.
  10. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Еве сум пак..

    Синко спие,јас дури сега седнувам,уморна сум главата ме боли
    .А требаше денес да биде мој ден,дека ми е роденден да седам и да ужибам ама нема.
    Сношти кога си дојдов како што оставив така најдов свеки ништо не сработила.

    Сабајле додека синко спиеше испеков пиперки за ручек и спружив една машина од дете..Се разбуди утоп жива,дури и перницата му беше помочкана,пелената му прокиснала.Го преслеков,додека лежеше го фатив чаршафот и ги перев на раце.Потоа следуваше доручек и зедов да средувам да бришам подови да постилам теписи,бришење на прашина и украси да вракам на место.Стигнав и прозорците да ги избришам,а пердината не пеглани ги обесив.


    Дете ми помагаше,ми велеше мама дај бебе,
    Срце мајкино дојде време и тој дда ми помага.Два патиод утово има течна столица му дадов пробиотик,ке видиме во текот на денов дали има.

    Вечер ке дојдат моите да поседиме,торта немам...Зедов пред некој ден од Стокомак едно тортуле мало со тоа ке поминиме.Килфли ке одмрзнам од тие што се за роденденот од дете.Ке тркнам до малскиот маркет да земам нешто за мезе.Ако ми остане време ке стуткам некоја салатичка.


    Срекен роденденот нека и е и на@LaDyDoLl Срекна весела,една работа по струка и една дадичка за баткото.

    Одам да чистам купатило и да правам ручек за синко рипче со зеленчук во рерна .

    Се читкаме подочна...
     
    На orhideea, eli25, Chantal и 22 други им се допаѓа ова.
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.860
    Добар ден. Среќни родендени на сите дечиња што славеа а гледам и на некои мајки е роденден па частат торта да сте живи и здрави.
    Ке почнам од сабота. Бевме излезени со мм и со уште еден пар во кафеана па после на диско. Децата со свекорот и свекрвата останаа кај нас. Малата помина без плачки за мене и дадов лакови за нокти да си игра за да не осети како излегуваме низ врата.
    Вчерашниот ден ни помина во природа односно во планина. Ако не излезевме од дома децата цел ден ке требаше дома да седат и само малата да плаче од синко бидејќи само ја турка или и земе играчка од раце. На мм планот беше да ја брише гарнитурата се наканува веќе 2месеци ама јас го расипувам планот се некаде ми се оди. Откако се вративме од планина дома малата заспа и после вечерта отидовме кај моите на топло ајварче.
    Мм сега ми е лутен малку за ситница небитна ама бргу ке се прелути.
    Инаку јас на работа сум и мислев дека и за мене ке има кафе од колешката инаку (ќерка на газдата) ама јок на сите направи само за мене немаше а баш ми се пиеше ништо и немам згрешено најнормална комуникација имаме. Небитно. А сабајле кафе вари другата колешка е тогаш има и за мене.
    Имајте убав ден.
     
    На Chantal, VedaG10, ma4e1311 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    Дете заспа па да кренам малце нозе во вис, среќа ручекот и го спремив рано, па сега остана нашиот ама планот е за некои тестенини со сос а тоа не ми одзема многу време, така да прво да одморам.

    Вчера попладнето ја носевме во едно од тие паркчињата за деца, колку оси има, сопругот виде и стршлен, а еден куп деца имаше. Но ајде да не паничиме сите си играа па и ние. А читав на вести некаде и напаѓале и имало дури и повредени, многу ги има оваа година.

    Попладне планирам да одам до Лидл, видов дека од денес ќе има за детето за на дожд опрема, па да ја снабдам за есента. Во сабота и купивме нови патики, старите беа мали веќе, абе ревеше во продавницата дури да и го измериме ножето. Значи до толку да е своеглава или незнам како да ја опишам. Кога решивме кои ќе ги купиме несакаше да ги соблече, па едвај ја убедивме за да ги однесеме на каса. После пак ги бараше и во кола морав да и ги облечам.

    Незнам каде грешиме во воспитувањето, ама приметив дека детово слабо не слуша, пример ќе отидеме во тие парковите за деца, сите деца си играат со родителите и ги слушаат, прават како што ќе им кажат, ова нашево само натаму наваму оди, носи играчки, разнесува, ако се лизга вика од лизгалката и мама изга, ако не дојдам почнува да реве и мама изгааааааа:whew:, незнае да седне на едно место и да игра како што треба. Исто е и дома, ако и речам дај тоа, донеси тоа ќе ме послуша, ама ако нешто намислила да прави или да и се даде и не и се оставри во рок од минута време, тоа е плачење и тркалање по земја. Пробав на сите можни начини, ништо не даде некој резултат, знам дека е дете и дека сите деца не се исти, ама сепак не е лесно, се осеќам без идеја како да постапам на моменти.

    Во моментите кога нема наумено нешто знае да се заигра убаво, да прави супа демек со играчките, да ги рани мечињата, да ги успива, да ги нишка и гали, читаме и книги и мило ми е што ги сака и уживаме и двете во тие моменти, правиме кули со коцки, цртаме, боиме, а најмногу сака кога заедно играме на песнички и пееме, си правиме журка по дома:inlove:

    Тоа е ајде нека поспие уште малку, па ќе ја носам после надвор малку да прошетаме, па вечер во давница што би рекла таа:lol:. Сопругот вели дека иста сум ја напраила како мене, од што ме копира во се и кога одиме во продавница секоја блузичка мора да ја потпипне и таа, циркуси е. Па кога јас коментирам нешто пример леле ама е убавоо ете ти ја и таа јеје ама је убаааноо :D или ова не вреди за парите и таа повторува не еди паите(facepalm).

    @24.07 и @LaDyDoLl Среќен Роденден и се најубаво!

    Имајте убав ден.
     
    На eli25, Chantal, Sexybaby86 и 21 други им се допаѓа ова.
  13. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    @LaDyDoLl @24.07 Среќен ,најсреќен роденден :^: Да сте здрави и живи . Од среќа и здравје да не куртулите Богата частовка денес во темава:d::dance:
     
    На elcezelce, Vennera.aa, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.716
    Пол:
    Женски
    9ECDAC1E-7B85-4B97-B1FA-F5B30D0C99BC.jpeg
    Морам да го пофалам денес мм. Изненадувања прекрасни! Што уште да очекував од ваков текст и букет цвеќе? Ама требало и уште нешто.
    Немој, викам фала, ова за овие 10 год е премногу. Ќе цркне некое магаре :)
    Навистина сум возбудена, сакам мали работи, кои се со големо значење, а ова денес, и те како ми гл исполни срцево( до следната година)
     
    На orhideea, stevemila, eli25 и 34 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Повеќе ме изнервираа жените отколку што перам на рака.

    Да ги нема нашиве "газди" овде да бараат жртви да работат дупло работно време за дупло пониска плата подобро ќе е.

    Само да ве поздравам. :hug: Малава пак ни 10 мин не спиеше така да ќе биде и ова напорен ден.
     
    На stevemila, eli25, Chantal и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Да намуинам и јас после долгооо време во темава. Ова дека на одмор сум па имам време за подолги постови :)
    Да честитам родендени на @LaDyDoLl и @24.07 , да сте живи и здрави и многу, многу среќни. Лејди прекрасно изненадување и прекрасна посвета од сопругот! :inlove:
    Јас имам многу работи за кажување, ама што попрво, а и една убава вест ми лежи на срце, ама за неа во нареден пост. :angel:
    Синко конечно го примија во градинка, си реков супер таман ќе се адаптира додека сум на одмор кога излезе Streptococcus aureus во нос. Ок, ајде и онака требаше на одмор да одиме, па го мачкав таму 1 недела, кога на контролните брисеви Streptococcus pneumonia. :swear: Во меѓувреме фати коксаки и уште толку се одложи тргнувањето во градинка. Сега е добар, планирам од понеделник да го носам, само треба пак да ги повториме брисевите и тоа овојпат никаква терапија нема примано, само со физиолошки испираме па ќе видиме дали пак ќе покаже нешто. :doh:
    Инаку многу порасна синчето мое, за некој месец 2 годинки ќе полни, многу е умен и послушен, брзо учи, зборува ко навиен, секој ден нов збор... Меѓутоа во последно време, обично навечер, почнува да го фаќа некоја агресија и не напаѓа со сопругот, сака да не гребе, каса и штипе.... ете така из чиста мира, без нешто да го налутиме, низ игра и ќе му текне ќе дојде ќе ме касне. А од секогаш зборуваме, дека не е убаво тоа, повторуваме и повторуваме, се со убаво, ама нема ефект. Сум пробала и да го плеснам по раче и да му се налутам или се правам дека плачам, ама не бе, нему уште поинтересно му станува и уште толку се засилува. :worried: Се надевам фаза некоја е и ќе помине за брзо време. :|
    Сега одам да правам слатки, на мм му е неделава именден, па да си поткарам на време со подготовките.
    Поздрав и имајте убав ден! :*
     
    На orhideea, eli25, Chantal и 24 други им се допаѓа ова.
  17. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки.. Срекни родендени на тие што славеа срекни тргнувања во градинка, училиште на децата
    Периодов ми е хаотичен и стресен по цели вечери неможам да спијам
    Еден лекар потврди дека тоа кај керка ми е (хернија) кила и рече ке треба операција ке барам мислење и од друг доктор секако сакам да се утешам ама знам дека ке нема бегање од операција прво и се повлекуваше а денес цел ден си стои не се повлекува
    Мн ми е страв се плашам како ке е како ке помине како се издржи рана на нејзе ке сака да игра, скока а нема да смее
    Мисли секакви ми минат низ глава само се да помине во ред се молам на Господ
    Синко спие таа гледа цртани јас да допијам кафево и легнувам да ги гушкам цела вечер
    И ново веке не и ставам памперс преку вечер станува мочка добро уште знае да се помочка ама и ставив од оние што се за пресоблекување за бебиња под чаршафот и не пропушта
    Синко никако да се одвикне по цел ден го оставам без памперс ама си мочка и си кака во гаки :)
    Имајте пријатна ноќ мајки
     
    На eli25, Chantal, muchacha_a и 25 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добра вечер мајки
    @24.07 @LaDyDoLl најсреќни нека се.
    @Aneta92 како е малото?
    @blessed.an ептен се изнамачивте:hug:
    @Lolipop23 фалиш:hug:. Се надевам се ќе се заврши добро и малиот ќе тргне скоро во градинка.


    Сите три спијат(fingers). Последна се предаде најголемата, во 20.30, средното срандард 19.30, а најмалово за чудо уште 19.00. Се надевам нема да уклучи сирената после.
    Лежеше на електромагнетната лежалка најголемава, па да ја префрлам во креветче и да се истегнам во када.
    Се ме боли. Буквално секое ковче. Претпоставувам од шлепање на децава а и пораѓаите.
    Една убава маст имам од дм, секоја вечер ме масира мм, затоплува, осеќам ептен врелина, па ме опушта пред спиење.
    Цел реферат имам за пишување со дешавки од денов, ама ќе ве поштедам:D.
    Мирна ноќ на сите
     
    На eli25, Chantal, muchacha_a и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Денеска под 39 не се симна , ни сируп ни чепчиња ни оцет ни сенф , ни туш ништо не помага. Веќе незнам шо да направам . Бевме на доктор покачено црп , инфекција и црвено грло , ни дадоа плус цефалексин. Како маче е , никогаш не бил ваков. Стварно нема потешко од болно дете. Јас и мм шмркнуваме по едно кафе , ќе дежураме вечер , а го жалам утре има гости од странство. Се мислам утре за помош да ја викнам мајка. Имајте сите убава и пријатна вечер.
     
    На mal.ecka, Mari*, VedaG10 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Наминав само да честитам родендени на @LaDyDoLl и @24.07 живи, здрави и секогаш среќни.

    Со помин на билните дечиња.

    Ќе се одјава, а за подолго ќенсе пријавам рруг ден.

    Имајте мирна вечер
     
    На eli25, Sexybaby86, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.