Среќни родендени на славеничките, а на болните што побрзо оздравување мене најмногу ми е страв од температурата а синко кога е и малку поднастинат веднаш крева. Со лесно да ја поминете вечерва @Aneta92 секако да си бараш помош зошто и ти ќе се исцрпиш од ''дежурство'', имајте мирна ноќ. Ние и денес по дома, па и некоја чудна болка во препони имам и ми шета де во кичма де однапред. Ама па и пак почнав по старо си го кревам, молкнам дете де на шоља, де на хранилка, а тежок 16кг. Друго цело време сум на нога и во движење, дополнително ме исцрпува одвикнување од пелени знаев дека ќе е тешко ама не дотолку. Па чучни стани по дете, низ дома знам премногу се опуштив, како да не сум во истата бременост во која месец ипол строго мораше да мирувам. Ми треба нешто да ме живне да ме размрда, мм во потрага по работа сеуште неуспешно, чека ма едно место да му јават до крајот на неделава се надевам дека ќе биде. Убаво ми е вака кога е дома со нас ама па од нешто треба да се живее. Добра ноќ дете заспа, се мислам да му се придружам ако ништо друго ќе се испружам да се одморам.
Добро вечер мајки. Сте изнапишале многу страни, згора-преку прочитав нешто, толку ми беше времето. Бебе заспа, јас си лежам и зедов една пченка варена, не можев да и одолеам. Одморот заврши, вчера си дојдовме. Одма зедов да средувам додека го занимаваа малово да искористам. 4 машини пуштив, сите влечки ги исправ на рака и последно и торбите в машина па ги чекав до 11. А и излеговме покрај езеро да прошетаме. И си легнав уморна од одмор. Па малово цела ноќ се вртеше, цивкаше зш немаше место да шета низ креветче ко на одмор шо му беше широко. Едвај заспа саглам во 4 без да се врти. За одморот шо да кажам. Очекував помирно бебе, како шо обично е, ама напротив таму стана право ѓаволче. Цело време во раце и само цвичеше, многу малку играше со играчињата, а пак за заспивање беше борба. Ем му се спие, ем се инаети. Се турка, вришти, гребе, ужас. Една вечер дури зедовме да го возиме за да заспие. Единствено на плажа беше мирен, си играше со камчињата односно сите до едно ги излижа. Првите 2 дена не сакаше да влезе во вода, после не сакаше да излезе. Радости живи, да шлапка, да скока не знаеше шо попрво. Во главно убав одмор истеравме ако ги занемарам тие моменти на вриштење без престан и без причина. Имаше моменти кога не можев да го слушам, ми идеше да го плеснам, па дури и му се развикав. После се отепав од плачење и му се испожалив на мм дека сум најлоша мајка, дека не го заслужувам ова дете. Па така и се осеќав, едноставно се мрднав. Не знам, не си го препознавав детето, тогаш сфатив шо тие всушност праеле со баба му дома. Цел ден во раце да се шета низ сите соби. Дури и се мислам да го пуштам во градинка само да не е дома да го разгалат уште толку. Ама пусто не ми се пушта зимава во вируси, ми е страв. А пак после ќе речам ај лето е сега и ќе поминат 2 години и полошо за да ми се навикне. И не знам веќе шо е попаметно. Иначе да го пофалам мм, цел одмор ми правеше кафе и јадење, стави собери на маса, миеше се шо ќе извалкаше, или ќе нарачаше нешто јас шо сакам. Му викам ќе те земам за маж ако прајш вака и дома. Ептен ме остај да одморам, јас само синко требаше да го занимавам, а почесто и тој го занимаваше за јас да се искапам на раат. Роденденот го закажавме во игротека. После долгиот список од скоро 70 луѓе, меѓу кои 20 деца заклучивме дека то е најдобар избор. Сепак за децата е роденденот, тие да се среќни да имаат место за играње. На ова добивме коментар од свекор ми дека то е најголема глупост, дека јадењето шо го нудат било безвезе, дека похована даска. Мм му рече одма епа ти не мораш да идаш ако идаш за јадење. Па така де. Во ресторан требало. Епа немам 1000 евра за во ресторан па уште децата на глава да ни се качат да нема кај да изграат. Пак се изнервирав. Ај доста е уште сакав да пишам ама маж вика да сме се виделе. Уште да честитам родендени на @24.07 и @LaDyDoLl, само убави работи ви посакувам. Ај добра ноќ
Не сум знаела колку добро, брзо и течно знам да зборам германски. Ги начекав двете, пооделно. Уште заедно да ги начекам и мирна ќе сум. Со перењето на рака влезена сум во шема, побрзо и подобро перам од машина. Еден минус е што мислам дека трошам повеќе вода. За А++ ќе ме биде. Да не ме мислите. Посилна сум од што кукам овде. Тука се искажувам бидејќи немам на кого, а и да имам некој близок нема да сакам, само сеир да ми гледа. Заспа малата пред да полудам па уште да спие до сабајле одлично ќе е. Да не играме со тие измислените кучиња на прозор. А да закенкува и заплакува до сабајле дозволено и е се навикнав на тоа. Веројатно заби. Ни фалат тројки и петки. Во септември реков ќе ја одбијам. А како кога на секое почна да ги гушка цицињата, да цица, да ме држи за цице, да гледа цица. Преку ноќ заплаче ја извадам цице го види, се насмее и си заспие. Штом го покријам одма се буди. Животот сака силна да ме направи. А кога сум нервозна сум борбена и полна со живот. Курдскиве глупачи не знаат дека мирна вода брег рони. И ми ја тргнале количката од пред врата па едвај ја качив по скали од доле. И ја паркирав пред врата. Кој сака да помине нека повели. Епа стварно ме изнервираа. Ја изнесов и кантата за ѓубре со дете во рака по скали, и качив до 5ти кат дете и три тешки торби. Сега треба да направам CV и конечно да здивнам. Преживеав со само една десетминутна дремка на малата. Значи пак доаѓаме на тоа дека Господ ни дава сила колку што ни е потребна. Добра ноќ
Добра вечер лавици. Синко спие,мм трета на раб,јас на тераса со кафе и цигарче да ве поздравам кој е за бујрум. Среќни родендени на @LaDyDoLl и @24.07 да сте живи и здрави и секоја измината година посреќни и побериќетни @gjoker4e тоа што не оборува при секое станување не прави посилни.Ќе светне и твојата ѕвезда,набрзо ќе те огрее сонце и тебе На тема бремености и родители. Кога останав бремена моите се прерадуваа,свекрва ми ќе се подмочаше од среќа за малку. Ми рече само конечно,браво.... Како бежем јас по своја желба бев толку време без дете На тема второ дете моите не зборуваат ништо,барем до сега не ми рекле ништо. Свекрва ми до брзо беше на став дека едно ми било доволно,господ ме замешал во мајките,па сега брзо смени мислење дека требало и второ да родам,па последно ми рече,да сум родела во 2020 год таман ќе било.И по можност девојче Само незнае дека ние веќе една година го правиме и полот ни е небитен.Ништо таа има два сина иначе ќе ја прашав за рецепт како се прават ќерки.Ќе треба да ја седнам мајка ми да ми објасни како не направиле со татко ми.Бидејќи сме 2 сестри. Многу пишав,ништо паметно не кажав. Ве поздравувам и ви посакувам добра ноќ.Одам да ставам тел на полнач бидејќи ќе ми се исклучи.
Не се грижи, таа операција дури ја викаат интервенција од што не е страшна. Синко на 1ипол годинка е опериран од крипторхизам, кила на препон имаше од раѓање (тестисот не беше спуштен поради килата), сечен на тестис и на стомачето доле беше, а истиот ден беше на нозе, вториот ден веќе бестрашно си играше дома, мене повеќе страв ми беше и се тресев околу него... Не чекај, одма упат да си земеш за на детска хирургија, она дури знам и ти се жалеше на болки, така да јас ич не би чекала, бидејки таму видов и искуство со детенце кое не било на време оперирано, не сакаш да кажувам за тоа..
Добро утро друштво. Ме испровоцира @tincemajmunce да пишам рецепти за женско.Пошто и ние сме 2 женски, татко ми кога бевме мали кажуваше колку тешко се прави женско.Демек половинка да направел убава, де косичка убава ,све тоа било многу тешкоА за машко велеше многу е лесно едно пиле му ставиш и толку еОва е рецептот на татко ми.Се тешеше оти нема син изгледа А на маж ми додека се правело требало без чорапи да биде, за машко со чорапиА тој се со чорапи беше па испадна женско Ова му е од колеги Полјаци со по 3 деца искусни де Сум го пишувала ова имав една колешка исто од Полска и жената имаше 4 сина.Сакале трето женско со посебен рецепт кога овулацијата ќе била на почетокот едно , при крајот друго не се сеќавам точно како беше, на крај близнаци машки Вчера бевме до Лидл со малата ја снабдив за дожд.Па сабајлево ме тераше да и го облечам.нормално одиме на градинка не можам да и кажам не ,иако не е прано,кој ќе ја слуша да плака.Па по патот пееше циепаце нас.Купив и стикери и цел ден си лепеше Имам и за фенерче правење ама ако ни бараат од градинка тогаш, ако не за нас ќе остане. Вчера во градинка ме потсетија дека треба малата да е без тт 48 час.Веќе ќе пазам.Не било фит кашлала многу.Им кажав таа кашлаше од лани од сеп до јули да си знаат.Веднаш кажаа назив што дете билаНемало проблем тогаш Јас сум оваква.Па ај да дадам кафе Точно станува малата во 2 и 32.Па плака па не се смирува па кашла и така .Ако му треба аларм на некој да му ја пратам Пропуштив станица пишувајќи ви.Јас и мојте дешавки Ајде назад.Еднаш пак нешто занесена си мислев нешто ми дојде возот и не се качив заборавив, па чекав 4 минути. Ајде мајки да одем да се концентрирам на станиците инаку ќе каснамУбав ден
Добро утро, добар ден...по подолго време да Ве поздравам. Среќни родендени @24.07 и @LaDyDoLl , само убавини да ве пратат. Побрзо оздравување на болните дечиња. Кај нас почна секојдневието, одморите завршија,па изнаодморени стартуваме кој на работа, кој во градинка. Да, ама по месец дена пауза од градинка мали плаче и кенка на секое носење. Многу му дојде „распуст“. Никогаш не плачеше до пред одморите, дури се случуваше да не сака да го земам од градинка, сега па плаче кога го носиме. Ама ќе помине, максимум давам недела/две...ако не не знам шо ќе правам секое сабајле, тој плаче, јас по него, мм ми се смее. Друго ништо нема нови, на работа стандард, еден куп работа, завршувам, го земам синко и се дружиме до вечер дома и пред зграда со комшиите и дечињата...и така секој ден. Имам свадби, родендени, и разни манифестации овој септември...ќе ми треба доста голем буџет...(ако има некој вишок - фрлете навака ) Убав ден да имате....сите сме силни и јаки, затоа што сме жени, а пред се затоа што сме мајки
Денес тортата и кафето од нас се, синко мајкин полни цели 3 години! Ми порасна мажулето, сонце најсветло ми е. Од сабајле стана захтевен, у стилу денес ми е роденден и ќе ве гњавам колку сакам. Спремивме торта од хартија за во градинка (нарачавме да ни направат нормално, бидејќи мајка не се прибра дома), се сукаа уште синоќа околу неа и баш им мерев карактер. Издржаа, добро е. Мене породилни болки ме фаќаат секој нивни роденден, не знам дали кај сите е така или јас се мрднав комплет. Ама прави контракции, дури да подзастанам ако одам. Одлепи мајка. Имајте убав ден девојчици!
Добро утро мајки , Еве еден линк кој ме насмеа посабајлечки . http://pogled.mk/naditsa-od-skopje-...nam-vo-bardovtsi-so-trojtsava-moi-mazhi-doma/ @elena.mak Среќен роденден . Голем да расте Убав ден
Мајки во Германија, @danichap @Mari* @zalosna и нз кој друг е натака, какво е времето таму деновиве? Мм ке оди натака, па што алишта да му спакувам... @elena.mak нека му е најсреќен роденденот на дечкото, голем да расте
Сега е пекол,до пред 3 дена зима,од 7 до 15° Можеш од јакна и чизми,до купачи...ова озбилно @24.07 @LaDyDoLl Среќни родендените
Оф леле, ај тогаш како што вика Мари, ке му ставам се Денес они он, неделава таму ке биде, на нет како што гледам навечер знаат да паднат температурите... во секој случај треба некоја јакничка да си носи значи..
Мајкички само да се пријавам , немаме сеа температура , ноќеска добро поминавме , ама од сабајлево делува како омалаксан , само да си лежи и кај мене у раце , ништо не го интересира. Ова нормално е ? Прашувам пошо прв пат бевме со волку висока темп.
Нормално е . Истоштен е од висока температура.Ќе му треба време да си дојде во форма. Гушкајте се .. Ако пие сок, прави му од природно овошје .. Ќе помине . Гушки до вас
Ај сега да пишам како што е ред утрово со кафе ве поздравив,додека мм се занимаваше со децава испив едно кафе натенане во тишина и уживав во глетката. Деца солидно добри ,деца ко деца, исти терк тераме како дома,млеко доручек,шетање и спиење. Бебка спие а тато со дада шетаат, па кога ќе дојдат о неа ќе ја успијам.
Женски здраво, само да ве поздравам и да ви посакам само убавини, вчера мојата принцеза наполни 2 години па да почастам торта и кафе, сокич ма има и жестоко хахахах Како да знаеше дека е нејзин роденден мн беше растрчана и возбудена. Морам да се одјавам сега имам обврски подоцна ќе опишам детално како поминавме поздрав4еее.