@elena.mak @Saraa Најсреќни родендени!!! Таман заспа дете ни 5 минути не поминаа ѕвони некој на врата, не отворам пак ѕвони и ај станав од кревет. Малава ѕвончето не го слуша ама мојот чекор да. И викам спиеше детево таа ми вика нема проблем. Ко демек ја и се извинувам што не сум отворила, жено ти кажувам дека го разбуди значи ја имам проблем. Да сум ја тргнела количката немало кај да поминуваат нејзината морало пред врата секој ден излегувале надвор. Викам па и ние секој ден излегуваме вика ама ја во школо ги носам твојата во подрум нека седи. И викам пред зграда ќе седи штом така да не ми ја носи во подрум не можам да ја качам. Ако ја однела во подрум пак ќе ја паркирам на исто место. Можеби се во право дека ние последни сме се вселиле во зградава ама сите треба да имаме исти права. Нека ги чуваат и тие две во подрум и јас да видат како е да се качува по скали. Плус тие имаат поголеми деца можат да им помогнат. И на вратава залепив лист пишува да не ѕвонат спие дете. @mariz и чадор, во петок дожд кај мене покажува Аплицирав преку општина за во градинка дека итно бараме па треба мејл да чекам. Не ми е јасно како секој ден се прави толкав хаос дома ама јасно ми е дека не можам секој ден едно исто да средувам. Овој пат седнав со нескафе не пофаќам ништо. Сите викаат германците ладен народ ама германците се нормален народ. Мака мачам со турци, курди, албанци... германциве се топ. Искрени, точни, помагаат и за ситници, не се мешаат во штипки. Откако дојдовме не знам колкумина ни пишаа да сме им нашле работа. Како да ви кажам и објаснам дека ни мм уште нема најдено работа, а не вас да ви бара. Значи само што дојдовме, уште не знаеме кај сме. И така ја цело време викам пишувам кај нас ништо ново, а секој ден нешто ново има ама не ми се пишуваше дека ме шпионираат. Ама ако ај штом немаат попаметна работа. Убав ден!
Оф 10 евра отидоа за најефтин чадор Ме насмеавте. Допишувам после. Пијам кафе на раб и јадам торта од роденденските. Најсреќни да сте ми сите. Сите желби да ви се остварат и да сте ми здрави! Код нас сунчано и топло 26 степени надвор. Ех сега со мерак кафе на сонце у градски парк у ск би пиела на времево. Иначе колешката има греалица упалено, вртеше и кај хаОс мајсторот да исклучел вентилација. Ладно било вика. Климакс на 30 год бива? Џокерче гази таму, немој да ќутиш. Еднаш наведнеш ли глава во странствово, тешко тебе цел живот. Шефицата уште ми е тука. Доста ризикувам Убав ден
Ја купив за 2.95 евра од ДМ откако накиснавме неколку дена по ред ама упорно барав поефтин. Поефтин од овој здравје. Како сум ги замразила кај и да е полиција ќе ми викнат. Далу сум во Германија или во Турција се прашувам...
Среќни родендени на сите дечињааааа Искористив да изедам "Животинско царство" додека Бебушка спиеше а ручекот ме чека на маса, ама немам апетит овие два дена, ќе си почека ко ручек/вечера Бев и јас денес во Лидл, ги видов сите овие работи за дожд, вклучувајќи и жолтите гумени чизми што ги купивте сите Имаше и многу убави есенски чизми до глужд, ама жива среќа (за мојот новчаник) што немаше мој број И овде е топло/ладно времето. Сабајле по 13 степени, преку ден 28, ама Чесиве се по кратки се додека има сонце, па макар и 5 степени да е. Муж вика греење ќе пуштел во спална ноќеска, на запад е, сонце не ја фаќа Бебушка официјално лази, па ја бркам низ цел стан не ми треба да уплаќам за вежбање се надевам ќе одат килцава во минус Поздрав женски, кој ќе части второ кафе?
Мајки некој трите колички ги треснал во подрум. Ама буквално ги треснал од земја мојата беше е ваква ама лебаркава уште жива е а мојата количка мртва. И онака беше дефектна ама сега е готова. Дали ќе ми помогне полиција? Можеби сите три се треснати а можеби само мојата тресната а другите две намерно обратно фрлени за да не биде дека само мојата. Пишувам и не ми се верува. Брзав за термин и која ја видов доле скршена па со дете во рака трчав не знам колку ама со количка за 40мин се стигаше и сега тоа време стигнав ама нз колку км се во прашање. Сега дојдовме вода тече од мене. Дали е можно? Се плашам да викнам полиција искрено да не ме претепаат после овие или убијат, уште ми се живее. Леле дали ви се верува? Велат мајки и деца имаат права во Германија ама каде да се обратам сега... Пак ќе речам не ми се верува...
Добра вечер мајки Ден година. Очи ми паѓаат, грб ме боли, се прозевам...ама не се давам . Чекам мм да приврши со мејлови и да се видиме на раат. Вечеравме, инаку и мезе ќе приберевме(да не речам два пати не ). Од 06 издигани, сирената на најмалото се уклучи, после веќе не се исплаќаше да доспивам, спремав поајдок и ужинките за градинка на момите, па нив, ги испратив со татко им, и два часа низ куќа. Колку без ич да раскренам позади мене во кујна, да соберам се што лета на подот низ цела куќа, две машини од кои една на телот друга во сушата(уште не ми се качени )....и после во бољи живот со најмалото. Маж во паника цел ден. служебиот телефон исчезна(Нокиата негова ). А сигурна бев дека го видов на маса. Во земја како да пропадна, а на нечујно ставен...сто мисли го удриа. На крај испадна големата си го пикнала кај нејзе во ранецот за во градинка . Пола ден без тел. милион пропуштени повици и попуштени нерви од нервоза. Да се смееме или плачеме работава. А средново многу мерак има да ни буричка во ташните и картичките да ги вади. си ги става во една нејзина ташничка Комшијата пак шеташе гол. Го сликав(не ме прашујте зошто, не нам ни јас). стварно не можам да сфатам пензионер, поранешен професор во една гимназија, секогаш скоцкан во костим преку ден, културен и љубезен...има фетиш градинарската работа низ двор да ја врши пиштол гол.- Еднаш го пријавивме. Ни рекоа се додека не мастурбира или нема секс во дворот смее, не му можат ништо. Во град си седнав на ран ручек, и си нарачав мохито. Јас, бебето и мохито на маса. А немаше ниту 12.00. @gjoker4e жал ми е. ОД германци немам видено мака(освен ова со голиот комшија ), ама во принцип ако им смета нешто ќе ти кажат, ќе ти пратат писмо, известување на врата...ама не и вакво нешто. ОД друга страна странците се страшни. Германците биле секогаш далеку пољубезни и поуслужливи. Не знам што да советувам за полицијата. Не знам што би направиле. Само во случај на осигиран предмет може да се повратат средствата од осигурителната каса. Вака никому ништо. ПАзете се од комшиите, очигледно е некој лудак. Маж вика, мезе ќе се спрема Добра ноќ
Лежиме на спална и се успиваме.Едното клоца од меше другото се збутало во меше и само мава и прета.Уште сега се закачкаат а како ќе биде кога ќе се роди Сакав да се пофалам уште пред некој ден ама ај си викам да не го подречам да си ќутам.После точно цели две години конечно преспива по цела ноќ,нема будења,шетање во раце,килавење,седење од 2-6 сабајле будни. А каква убава церемонија ни стана успивањето целата се топам,па тоа гушки бакнежи фрчат на сите страни. Е сега машки треба да се издржи дур сите црвчиња му излезат од газот за тоа време имаш пентарење на глава по перници скокање на трамболина(спална)а очињата му се затвараат главчето паѓа ама машко срце јуначко не се дава. Незнам дали тука се начна темата интелигенција на дете ама да си кажам.Моево нејќеше да бекне ама ни збор до скоро време.И наеднаш сфативме дека сите бои на англиски ги распознава.Малку по малку почна да ги кажува сега по цел ден слушам ппол јејол бу сајон и слично.Дечкото ги знаел и песничките на англиски дури и азбуката.Животните исто на англиски,брои до десет и на мак и анг.Е сега некој ќе рече офф браво некој ни коментира аман терајте го на мак што се тие глупости демек се е од цртаните.Точно од нив е ама он не ги знае само онака работите туку и ги разбира и им го знае значењето.Е сега нека ми зборуваат што сакаат и колку сакаат ние сме пресреќни што детето колку толку се опушта и зборува по нешто.Кога ќе каже мама тато ние сме најсреќни.Така да баталете интелигенции и свашта нека се они живи и здрави се ќе си дојде на свое. Друго незнам дали само ја сум волку отидена ама си гледам на алиекспрес џинџурлии за нова година,дДекември ќе се пораѓам па ќе сум немала време за набавки спремања и правење пакетчиња.Хормони чуда прават. Јас сум стандард без маж дома отиде на работа така да легнувам до синко и се комирам зошто во шест ќе се уклучи алармот. Добра ноќ
@LaDyDoLl @24.07 со мало задоцнување среќен роденден на двете, да сте здрави и живи! @elena.mak среќен да му е роденденот на синчето, малку се разлика со мојот. @Saraa среќен роденден и на твојата малечка, да се здрави и живи сите! За точно 2 недели и јас ќе полнам 30 години. Што вика бабата на мм ќе влезиш во четврта деценија. Инаку не ми замерувајте што не ставам лајкови на постовите, телефонот ми е крш, екранот е пукнат едвај пишувам, ама не ми се купува нов веќе, исто ќе го снајде. Ко го падна малиот се чудев и како фаќа воопшто, дури е во ред ќе терам вака. Еден месец одам на пилатес, многу убаво се чувствувам, а од вчера почнав да комбинирам со аеробик. Арно ама денес цело тело ме боли. Па и цел ден шетавме, го носев и него по продавници со точачето, едвај дома си дојдовме. И одма заспа. За спиењето не можам да се пожалам, од бебе не сум имала проблеми со тоа. Е, уште јас да можев да спијам и да не вртев разни мисли цела ноќ подобро ќе беше. Ќе биде и тоа некогаш се надевам. Поздрав до сите, мирна ноќ да имате.
Ние утре ќе шетаме Статус кво И така Бевме до лидл, денес правев пица банички на 100 степени овде Аман од ова времиште никакво половина септември сеуште пече како да нема утре нит можеш да излезеш некаде нит ништо До кога ќе пече е прашање? Не го можам више не е интересно.. Преска синко ме зачуди додека правев банички дошол у спална си пуштил песнички и земал играчки и си играше на кревет до кревет итн дури чудно ми падна тој да си заигра у свој филм Па нема нема периодов си доаѓа у спална и си легнува на јастук и си гледа песнички не трае многу ама сепак интересно ми е како поголемко детенце У фаза сме на повторување зборови многу соработува и повторува, се повеќе разбира и упорно само татко му си ги бара, вчера од куп алишта што беа прострени на сушара како успеа да му ги најде и двата шорца и да ги откачи и ги влечеше не ги даваше да ги закачам биле на татко му отпосле ги искашка пак со сладолед и пак ги ставив за перење многу е приврзан штета што таткому нема 1 минут да дојде од работа да си играат..
Здраво мајки Среќни родендени на вашите малечки да бидат живи здрави и многу среќни ! Ние денес бевме со мм во камионот до друг град,му поправаа нешто.Децата се радуваа играа и пееја.Убаво беше возењето.Па цело време зборуват и кажуват како возеле и дека нанале на креветите па дека виделе и други камиони и багери. Едно време почнаа да се лутат и тепаат ни помалото ни поголемото попушта.Битно деца и јас бевме среќни и задоволни и убаво си поминавме А малово почна многу да се лути да рита и мава и тепа дали некоја фаза на тантруми незнам.Ама мн е интересно кажува зборови и повторува по мене како папагалче. Вирусот со пролив и повраќање му помина за 1 ден.Дали децава мои веќе стекнуваат имунитет незнам.Јас само се молам на бога да бидат добри и да минува со лесно. Сега заспаа. Да догледам филмо и си легнувам. Изморена сум премногу. Добра ви ноќ жени....
Ве поздравувам од спална, дете спие до мене јас по фемина додека чекам маже да дојде да го префрли во креветче па да се гушнеме и куфер. Денес сум среќна цел ден поминат без грешка ниту едни измочкани гаќи а бевме и излезени без памперс, но повторно за какање кажа моч и заврши работа станат мочајќи на паркет. еден памперс преку ден за преспивање, еден за невечер веќе штедиме. Ќе тргам преку вечер кога ќе видам знак од него на пример сув памперс илидс стане за вц, секако од денското спиење ќе почнам само ќе причекам уште. Чистењето по дома решив да го распределам по малку секој ден и многу повеќе време да му посветам на синко зошто секако за брзо ќе се осеќа запоставено во однос на новиот член. Последниве денови само размислувам како ќе биде кога ќе сум во болница, дали ќе сака да дојде и кога ќе дојде како ќе се одделиме. Како ќе го прифати моментот ме снемува некое време па се враќам дома со друго дете во раце кое ќе бара секако многу од моето внимание. Како ќе се чуствува гледајќи како го дојам, успивам, гушкам за да го смирам кога плаче. Многу ми е тешко се плашам дека тоа ќе го повреди, збуни, оддалечи, здиви ете незнам кој збор да го употребам.. Ми се чини дека е голем за да чуствува премногу, а мал за да ги разбере работите и да не е повреден.
Lele majki abe sve poludelo. Preeska izlezeni vo maalo imame vo drugata zgrada decinja polno i sekogas pred zgradata si trcka maliot so niv epten saka deca, saka da si igra. Ima edni dve zelezni golcinja mali i decava si igraa so niv gi butkaa. Ednoto dete go ostavi i mojov go zema da go butka i toj bidejki gi gledase i lele lugje babava na deteto koga go vide deka go zemal golceto koga pocna da go butka sin mi go stisna za raka da mu ja trgne ne bil negov nejzinoto vnuce da si igralo treba. A detevo dve godini neznae malo e a taa starudija. Lele koga i se pustiv partal ja napraviv. Nenormalna edna. Ke mi go istepase deteto bre. Kakvi lugje postojat ne mi e jasno ccc.
@elena.mak @Saraa среќни родендени живи,здрави најсреќни Јас стандард на работа утринско кафе испиено Синко во градинка денес прв пат не плачел кога го оставил маж ми, а вчера прв пат спиел поспал еден саат добро е рекоа учителките. Вчера имавме гости дојдоа едни другари со ќеркичката која е неколку месеци постара од син ми, моево само одеше да ја скубе и да ја касне, истото и го прави и на ќерката на кумашините толку многу им се радува кога ќе ги види одма со брзина на светлината доаѓа до нив да ги касне или скубне јас незнам зашто вака прави детево само на нив две им го прави тоа на други деца не, пример внуци роднини што имаме блиски (поголеми од него неколку години) на нив не им прави така, дури непријатно ми паѓа од другарите искрено да ви кажам. Денес сме на роденден кај синчето на едни роднини па попладне да тркнам да купам нешто поклон. Бидна гужва на работа ајде убав ден на сите.
Здраво. Сакам прво да му ги честитам родендените на малечките од @elena.mak и @Saraa здрави,живи и само радости да ви носат. Не сум знаела дека заедно славиме роденден со малата твоја. Вчера бевме излезни со мајка ми да купиме подароци за синко.Мајка ми сакаше точаче или ауто на акомулатор.Јас и реков облека за да ни помогне да не купуваме ние,бидејки сеуште сме во финан.криза.И така направивме купивме облека. Ме изнервира свеки,со нејзиното зборување на празно... Сакала да иди со нас.Нека иди му реков на мм мене не ми смета.Одиме шетаме по продавници,во една на продавачката и вели мене ме носат за друштво јас немам пари да купам .Пропаднав во земја.... После тоа на мајка ми и вели сваке што шетаме по продавници купи му нешто златно..И мајка и вели има денови ке му купам и тоа ама децава сакаат облека.Свеки вели јас златно ке купам мирна главата да ми биди. Само на збор...Две години е така, само едни тренерки и една играчка му имаат купено.Па ниту сакам да купат,па ниту ми треба,ако толку е свесна една играчка од 100 ден дете ке се израдува. Извинете за ваквиот пост,но неможам ке пукнам. Ручек денеска за нас нема ако направи свеки арно,ако не ке си јадиме јајца пржени и салата домати. Мм си дојде порано денеска,еве ги спијат со синко ке му се придружам и јас. После ручек ке го носиме синко на стрижење и да испазариме од кам.
Добар ден Изнапишано доста. Нешто прочитав набрзина да не ми замерите. @24.07 @LaDyDoLl среќен роденден само убавини @elena.mak @Saraa среќен роденден на дечињата среќа и многу насмевки Да почнам од тоа дека на денот на роденденот месев стапалчиња. Ми прооде девојчето мое. Заборавив тогаш да се пофалам. Тогаш неколку чекори. Сега после 11 дена веќе оди низ цел стан сама. Душа колку се радува дека оди. Штом ќе се измори одма на гзе седнува. Од зборчиња кажува тата дада нене баба. Само мама не кажува @kukla21 јас сум полоша и од тебе значи. Бабиве кога ја чуваат мора да ми се јават кога ќе заспие, па кога ќе стане и да ме информираат колку јадела. Мм вика сум ги тероризирала ми е гајле. Битно не смеат редот да го реметат на детето. И неми е гајле дали е свекрва ми дали е мајка ми се карам и сп двете кога солат памет без врска или не прават со детето како јас сакам. На темата со сакањето Бебушка моја е прво внуче и правнуче и од двете страни така да кога после 4 5 години борба кога им кажавме сите беа пресреќни. И сега сите ја чуваат и и купуваат. Јас сум таква се сакам да ми е под конец и се нешто мани наоѓам. Или јас треба да сум потолерантна или до нив е прпблемот којзнае @gjoker4e
Многу славеници имаме овие денови. Среќни, здрави, живи да бидат сите. Како за прв ден во градинка добро поминавме, најважно без плачки. Дали дека немаше никој што плаче па му падна срам и нему не знам ќе видиме од утре па натаму. Во план сум да правам тулумби. Ги мислам со денови а дали ќе испаднат како што треба тоа не се знае. Ако има некој проверен рецепт нека пише. Друго ништо ново, да заспијам дете па да се фатам за работа.
Добро утро мајки кај мене е д.утро кај вас веќе добар ден Ајде кој е за кафе Минатите неколку постови што ги пишав туку ми беа мрчаторски се жалев колку сум уморна ненаспана сега да ви се пофалам дека конечно сум по наспана бебе скоро цела недела сврзува нај малце по 6 часа (да чукнам во дрво) и одма по друго е по свежо се осеќам Надвор облачно,тмурно таман ден за излежување,во план ми е цел ден со прст да не мрднам,освем вечер што ќе појдам на родителска за големата и толку. Уште да ми се согласи бебево со планов мој има цел ден да го "одлежам" пред Тв. Хмм, звучи примамливо во главава моја ама колку би се реализирало ова со мало бебе незнам
Јас се карам со бабите само заради благото. Добро поголем е, се друго си кажува, а и штом дојдам од работа ми раскажува цел ден. Немаме за друго проблеми. Ама за благото не можам да се разберам со двете. Го направија зависен, си бара благо секој ден. Изговор им е дека јадел се друго, не е страшно вака. Не дека му забранувам или не му давам јас, ама не сакам претерано. Пред некој ден му даде свекрва ми чоколадо, го скрив пола в ташна ќе го сомелеше цело, па беа по сладолед и на крај ајде сега по киндер јајце. Ко свикав ни јајце ни ништо не се виде. Среќа не се лутат ама кратко ме слушаат, некој ден и пак носат.