Многу имав да пишам но после постовите на @Mariangel се пропадна во вода. Ќе си плачам до сабајле и во исто време се радувам што е се ок. Јуначко срце! Се се случува со причина. Живи и здрави да сте! Вчера малата падна и не можеше да оди неколку саати, плачеше, ме фати паника пред се дека недела и сама дома. Не ја видов како падна, во моментот гледав низ прозор. Нема да кажам што гледав. Сабајле гледам модро околу палецот. (Ќе прашам во соодветна тема.) Денес ги изгоре прстите на ламбата. До душа не сум сигурна дали ги изгоре или струја ја здрма и кај точно пипна бидејќи пак во тој момент не ја видов, бев до неа ама диплев алишта. Денес по втор пат играше со дечиња и не се ни сврте да ме погледне па многу тешко ми падна дека не и требам. Нормално и радосна бев што си игра со нив и е среќна. Спремна сум и за второ и трето и четврто дете само финансиската ситуација ме кочи. Близнаци ќе е идеално. Ама уште ненаправено следното ќе го запишам во градинка. Денеска една мајка ме праша дали ми е прво. Викам да. Вика со второто порелаксирана ќе си. Ова дека цело време трчам по дете не го оставив да дише. Со нетрпение чекам мејл од градинка дека има место. Добра ноќ јас презаспивам дете за прв пат. 21.30 заспа ама ако е будно ноќеска со саати сабајле ќе се жалам. Претешко ми е ама живи и здрави да сме. @vitamina И за тебе ќе си поплачам.
Тој/ таа што ќе каже дека во животот се им е како подмачкано, мед и млеко им тече, знам дека прво се лаже себе, па пробува и мене. Каков би бил тој живот без падови и подеми, без расправии, препирки, тешкотии, исчекувања? Сето ова е само тест на издржливост низ животот, а верувам дека сите ние овде сме борци. И кај нас не цветаат ружи периодов, наопаку многу работи, но јас сум човек што наоѓа и милиметарска трошка надеж, светлост, оптимист сум и што е најважно, го сакам животот. Знам дека и кај нас ќе огрее сонце, и за нас има место и некој мисли, само треба да го почекаме вистинското време. И да, ништо не е ТЕШКО во животот, ако ние сами се потрудиме да направиме да успееме. Мм излезе да сврши некоја работа, синко сеуште го чека. Нестрплив е да спие на новиот кревет Јас стандард чистев до 22ч.од гости преку ден не можам да стасам да доработам. @Mariangel Веќе се кажавме, радувај се, гушкајте се и се ова нека остане зад вас. Гуд најт!
Заспа малово па да ве поздравам подолго. Заврши одморот за мене, ама добро поминавме, сабајле не правеше проблеми воопшто. Па јадел, спиел, прошетале со мајка ми, и секако мирен бил со неа. Јас веднаш после работа на фризер, немаше друг термин, за обнова на прамените и ја скратив малку. Од 17-21 заглавив. Капак на се и со цистит сум, не знам како доседив. Дојде и мм со малиот дури чекав со фолиите, па и него го среди, едвај издржа во столчето. Како мало маже е сега. Сега држам топло на стомак, пијам увин чај и не ми се спие нормално, па ќе гледам некоја серија. Поздрав до сите вас, најсилни мајки, имајте мирна ноќ!
Sekogas otvoram da vidam sto ste pisale i cudno denes nema niedna posluzeno kafe, pa eve ednas od mene iako retko pisam, veren citatel sum Jas so kafeto vraka, cekam maliot da stane pa kako e uspan, go baciv, gushkav ne mrdna, a spie od 10. Veke 12 sati. Se macime so gradinka tesko mu odi adaptacijata pa se mislam dali da prodolzime ili da se otkazam da probame za nekoj mesec povtorno Koga izleguvame od doma saka veli odam gadinka, ama tamu pred da go ostavam kako silno me gushka da ne go pushtam cudo. I placi me bara tesko se smiruva. Ic neznam sto da pravam. Denovite odslikani eden na drug. Na maliot samo setanje mu e vo glava. Stanuva i vika nadvor odma. @Mariangel kolku ste silni i dvajcata, cesto solzi mi idat koga te citam. Poddrska za vas, posleden pat da ste vo bolnica. Ubav den majki
Кафе уште не сте ставиле? Ајде нека биде денес од мене, повелете има за сите https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...-bebeto-vika-prevod-nema-pa-ti-sega-snajdi-se Малку да се насмееме, точно напишано од збор до збор. Сега гледам со Верче во исто време сме служеле кафе Послужете се вие слободно не е битно кој го вари Убав ден мајки!
Добар ден. Сабајлево отидов на работа, ама се вратив за саат време, многу ми е лошо. Се живо ме боле, не можам од кревет да станам. Се напив бруфен и сега пијам електролити, сабајлево се утепав од повраќање. Не функционирам никако, свест ми се врте, очите едвај отворени ги држам. Само малата да не префати од мене. Во градинка е, не ја земав кога си дојдов, нека си поседи таму, нема да можам да трчам по неа. Веќе почна и да спие таму, да јаде, си игра со децата, а не ни плаче кога ја оставам. Срце на мама. Роденденот мина многу убаво, тортата беше превкусна, остана само уште едно парче, маж ми вика јас да го изедам, јас му викам он да го изеде, изгледа и ќе се расипе ако постое уште малку. И тоа е, немам друго што да кажам. Откако тргнав на работа немам многу време, не се ни шетаме навечер, ај што е ладничко па и малата рано заспива па си седеме дома. Поздрав мајки
Од мене второто кафе за денес, за душа да дадам. Денес се 9 години окако почина татко ми, 9 години откако прв и последен пат се предаде во животот. Мојот јунак, мојот херој, мојот заштитник и мојата вечна поддршка. На работа сум и не баш вешто успевам да ги задржам солзите, некако ме мавна по нос бројката. Многу се 9 години, многу недостигање е тоа. Среќна сум што сум го имала таков каков што сум го имала, камо среќа да сум 50% човек колку што беше он. @Mariangel децата силата ја црпат од родителите и обратно. Вие сте таков силен собир, неверојатно е. Пола срце вреди колку нечии 10, цврсто верувам дека ќе имате фантастичен живот сите заедно. Голем е Бог. @vitamina мила, ако не дојде повремено дожд, нема да знаеме колку силно свети сонцето. Се' е со причина, ништо не е случајно. Среќата е во малите нешта, среќата е во нашиот избор. Во секое лошо има барем зрнце добро, гледај го тоа. Имаш совршено бебуле. Ете, имаш и прекрасна поддршка од сопругот, а тоа е една од најважните работи. Благословена сум со сопруг и пол, татко на векот, човек кој ме издига на дланка кога сум најдолу. Знам колку значи тоа, држи се за поддршката. Ќе биде подобро, мноооогу подобро. Радувајте се девојчиња, радувајте се на сите ситници. Имаме сите тмурни и тешки периоди, ама поминуваат. Јас сум 100% даун од умор и од што ми недостига фамилијата во последен период, ама пак срце ми е полно со кусото квалитетно време што го проаѓаме заедно. Тоа со пари не се плаќа. Премногу е кус и драгоцен животот за да ја гледаме чашата полупразна. Ај Елено доста филозофираш, фати се за работа. Убав ден девојчиња!
гин, јејоу (жолта) јед (цвен), уаит (бела), грашок е гин бо, демек зелено топче. Македонски не знаат, ама англиски шпрекаат од цртаните скроз.
@Belabelinakinder Девер ми така за нас рече ќе сме се врателе голи и боси. Не ми е јасно зошто така се коментира за тие што одат во странство. И ние дојдовме фамилијарно и доволно ќе беше некој среќа да ни посака, со дете сме отишле сами во непозната земја, потребна ни е подршка, а не коментари од типот само да не се вратат измочани, голи и боси, без скршен денар. Од таквите муабети не ми се ни враќа Македонија. Извини ако те навредив и што прокоментирав, но ме погоди напишаното бидејќи истите коментари ги добивме од девер ми. Денов лошо ни тргна, но верувам добро ќе заврши. Во џоб центар не сакаше да ме прими таа. Ми вика морало со некој кој добро збори германски. И викам кај да го најдам. Ми вика јас тоа не знам. И викам немам никој, немам пари за да платам некој, итно барам работа. Бев за да се пријавам дека барам работа. Не, не и не. Лоша жена. И викам госпоѓо со сите можам да се разберам освен со вас. И си отидов. Среќа со месечната на мм да не ми беше криво ако дадев 7 евра за карта. И се можеше да се разбереме ама ете едноставно не сакаше, не знам кај да се жалам. Додека чекавме бус едно дете на возраст 4-5 години два пати ја удри малата со рака замавна, а мајката гледа и не реагира ни извини не кажа. Третиот пат кога се стрча кога го замавнам ја и му реков не и сешто им кажав. Не ми го остави детето на раат да игра во тревата, а таа госпоѓа ни мрдна ни уста отвори па мораше јас да реагирам. Малата заспа јас седам со нескафе. На терминиве им нема крај. Утре со тагесмутерот пак. Убав ден
Мојот освен Ноуу! На англиски ништо не знае друго. Се што збори е на македонски. Се успофалив јас за мојот патриот. Терав кола на мајстор и се вративме со синко со такси и си платив добри 150 денари. Цинција. Капело ова капело она ајде ми мириса опет на 100€ дека ќе ме кошта а можда и повеќе. Времево само за шетање уште мали да сакаше да излезе надвор и топ ќе е ама го мрзи сигурно ќе се успиваме. 12 часот дошло ццц пола ден поминал.
Добар ден и од нас сега го испив кафето денес покасно станавме медо цела ноќ се будеше нешто се плаши едно време кога рече се смејам леле дали да плачам дали да се смејам Ти одиш зошто овдека не си добар финансиски а тие одат ради жена му да се докаже пред народот ние имаме фирма заедничка со нив што многу добро работи и си живееме луксузно не се стегаме е мене ме нервира што не сака да се тргне од фирмава мм да го исплати се сака секој месец пари да му тргна и ако се врати пак да биде газда а во јануари треба сите давачки ние да ги платиме а тие тогаш одат . Мене ми е подобро да останат нема да имам нервози нека ја земе и свекрвата. А за некој што не може тука да живее ради финанси му посакувам се најубаво и јас ако немаме работата фала богу ќе барам решение а не вака од бес
Моево дете е експерт за сопнување на право. Денов мрзлиово го почнав така и ќе го терам. Доручкувавме направив кафе и слегов во двор. Синко моментално е во љубов со багери, булдожери и ете ти пред врата булдожер и валјак ќе полнат дупки. Се возбуди дете се стрча со неговиот багер во рака падна. Стана за секунда глас не пушти си реков добро е по раце по нозе го видов нема ништо, седиме гледаме цел среќен кога ми се сврти левата аркада и капакот издрапани отечени мислиш бокс добил. Срце ми се стегна, среќа око не извади, живот ми скрати ова дете. Го прибрав дома му пуштив цртани, лежиме, се гушкаме кај да е и ќе заспие. Не му е повредено окцето се надевам барем не е зацрвенета белката. Незнам дали да го носам на очно, очето му е полузатворено ама тоа од отокот на капакот и аркадата. Многу паничам, ќе видам како ќе биде кога ќе стане од спиење. Денес ни ручек не правам ќе се шлепаме. Киселини ме искинаа ништо не ми помага, дење ноќе горам. Ми се чини желудникот вгрло ми е сместен. Ми се јаде нешто освежително а незнам што, може лубеница ама па последно никако да погодиме де презреана, де тиква, богами тоа е единственото овошје што го јаде синко со сласт, без молење и покрај него цело време и ние јадеме. Додека завршам со пишување дете се предаде, станувам да варам кафе едно на раат да испијам и така претходното в нос ми отиде. Ајде бујрум кој е за
Стана модерно од збес да се оди надвор. Таму не е битно како ќе се живее битно тука ќе се прикажува како им цветаат рози. Ние тука ќе се преправаме дека нафта пиеме и така во круг. Ладни четки ќе си тепаме и слично. Имам и јас примери сега тазе исселени од збес. Децата не може таму во школо да им тргнат зашто не знаат јазик а веќе се големи. Ама овде изговорот е во македонија ништо не чини, школството се распаѓа одиме за доброто на децата, ќе живеат во средена држава. Само родителите им се деца недозреани, секогаш обесени на врат на старите тука беа и не се реални. Вака супер им направија на децата, во најсензитивни години ги тргнаа од друштво, ги помкнаа во земја каде што не знаат јазик каде од „супер“ школството, месец дена веќе школо не гледаат. Страшно. Е на таквите баш им посакувам да не се снајдат. Само за децата ми е жал ио тоа мнооогу. Нема јас проблем со тие што одат баш на подобро, тука не можат да се снајдат и слично, проблемот е со овие размазениве и идеализирањето за тоа како изгледа живот надвор од МК. И имам проблем кога ќе кажат таму има работа тука нема, а таму се нафаќаат да работат било што, во МК не се нафаќаат. Пример таму ќе работат и избацивачи и чистачки и било што, ама во МК нема тоа да го работат срамота е. Инаку јас пак влегувам во турбо период работно, ама така и ми треба кога си земам премногу обврски на врат. Детето да не го урочам ама се привикнува полека на градинка па барем тоа да не ми е мисла.
лошо е детемце коа е болно,ама комбинацијава и јас и синко болни-тотално сум исцрпена, Не испофати стомачен вирус со повраќање и тт...офф тешко многу,снага немам. Друго нешто немам да кажам,наредно пријавување се надевам ќе бидм позитивна
Добар ден мајки додека малиот спие а керка гледа цртани да шкртнам некој збпр @Mariangel  болниците нека останат позади вас Секој ден копија на предходниот стани облечи најади играј цртан пеј пак преслечи па јадења па уште една тура играње па пеење приказни за заспивање и се така во круг се би направила само да се здрави и живи и среќни Требаше да почнам со работа ама ништо ке неможам на керка ми и закажаа четврток Скопје на детска хирургија да ја видат па да ни закажат операција некој ако знае за колку време после прегледот би ни закажале @mariz вие бевте оперирани Па работа и потоа ке најдам само нека помине се во најдобар ред Уште сега почнав да мислам како ли ке е син ми без мене никако со друг не заспива ако одам некаде само преку ден да можат некако да го залажуваат а ноките никако кај друг несака се убива од плачење ако не сум покрај него Со Господ напред само нека помине се добро па потоа пак ке се гушкаме сите заедно Честитки на сите што славевте родендени неможев да исчитам се па скокнав неколку страни во послободни моменти ке надополнам Имајте убав ден
Зависи, ако се е во ред со крвна слика, да не била болна скоро, мирно црп, би требало за брзо да закажат. Само спреми живци и многу чекање низ тоа ходниците. Скоро бев таму два пати и многу гужва беше! Ке треба да помине кај анестезиолог, ние правевме и алерготест за анестетици на мое инсистирање, инаку не прават.