Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @Mariangel :hug:
    И јас негатива дојдов да ширам, вчера вечерта падна синко свитка ноџе и тресна на глава, цело време се жалеше на ногата нема оток ама вика дека го боли и куца, сабајлечки мрсули до земја како вода, ни јаде ни вода пие се жали на грлото. Сега ќе го спремам и ќе го носам на лекар. Цела ноќ беше кенкав во сон бладаше бо бо, се превртуваше и будеше повремено па незнам за што не направив филм побрзо дали за око, дали за нога, дали за глава.. Покажувше на уста препишав на забите, три петки пробија, четвртата е отечена секој момент ќе боцне. Ама не било до забите неможе да голта:(
    Со мм денови сме на нож, сериозно само нешто ќе се закачиме ќе се искараме, па после како ништо да не било. Ама не е еднаш два пати, ми мава ма психа како цело време намерно да се подбуцнуваме(wtf)
    Отидов на лекар се читаме покасно..
     
    На Chantal, Coco31, Верче4 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.827
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, бебе успав едвај и си напраив кафе и цигарче па ќе се оптегнам и јас. Црпам задњи сили зошто полудев веќе. 2 месеци без сон, од одмор до вчера извади 7 запчиња. Што ќе беше ова. Таман прооде сега стагнира. Оди само да се држи за нешто. Колку да те држи за прст.
    Сега и нос и тече. Доктор вика може и од забите. Хорори хорори.
    Вчера ја премаме за бањање и мм вика, душа оваа има и 4ка... Кога ја погледнав поубаво гледам и другата. Се измачи дете, а и ние. Одмор не видовме.
    Задутре е д биг деј.... Па со радост го очекувам и у целово лудило тоа ми дава сила дека бар роденденот ќе биде убав.
    Ако ништо друго, бар заслабнав малце... Е сеа, коса чупава, веги не средени итн, ама ќе се најде време да се дотераме.
    Ни остана уште балоните да си ги наполниме. Уште една ситница за слатката маса ама то е 10мин работа. Па и рамка за сликање праевме треба да се доправи. И после ќе ви раскажам како било.
    И така, само жалби и поплаки.
     
    На Chantal, Coco31, karibian и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    @Mariangel @Vennera.aa со помин да е мајки.
    Малите се посилни од нас, ќе се опорават за брзо ќе видите :!:

    Јас дојдов да почастам.
    Денес ми е роденден, повелете има за сите :d::d::d::d::d:
    Торта правевме вчера со синко, многу сака да ми помага в кујна.
    Ќе го чекам да се врати од градинка па да ги изгасиме заедно свеќите.

    Денес за прв пат останува да јаде во градинка, дали ќе се снајде не знам.
    Утрово ми кажаа дека треба да си земам купони од кај секретарката и секој ден да оставам по еден купон со име и презиме на дететот за да знаат дали ќе јаде, а истовремено и платен предвреме.

    Во странство дојдов кога бев девојка од неполни 21 год.
    Сама, далеку од родителите, од дечкото (сега маж) ама ја имав овде сестра ми.
    На почетокот не да ми беше тешко, ми се рикаше:envy:
    Како минуваа годините се прилагодив, работа, кола маж, дете, куќа...
    Сега веќе не сум девојка, денес полнам 32 год. и баш ми е убаво овде.
    Си легнав на брашното :D
    Кој каде се осеќа исполнет таму нека си биде, најбитна е фамилијата кога си заедно се друго е лесно.


    Долго време ја немам прочитано @Надежна баш би сакала да не поздрави кога ќе може.
    Жено те читам чат-пат во една друга тема, се надевам ќе те огрее сонце и тебе.
    Секој заслужува љубов и почит :hug:
     
    На Chantal, Coco31, elena.mak и 24 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Јас си пишав од лично искуство за луѓе што ги знам. Тие што си се најдовте навредени еве длабоко ви се извинувам. Сум била во странство сум живеела таму и сум размислувала што и како. Живеев со стипендија за докторат. Лани живеев два месеци во странство годинава исто. И знам дека не е ништо така розово како што се прикажува (ниту здравство, ниту јавна администрација за жал). Само овде кога зборуваме се зборува како таму се е супер, во МК ништо не чини. А поголемиот дел од луѓето што ги знам јас барем во странство уште примаат од јадната Македонија помош парична од родители што тука заработуваат. Не знам можеби ми е такво друштвото ама ако си отишол за подобра живот веројатно нема да ти требаат пари од тука за таму да живеат. И се споредуваат плати во апсолутна вредност без да се види колку чини живото ваму и таму.

    M&M пишав не сакам да се снајдат за можеби да се вратат па децата да завршат школо. Таму ако прочита не одат на училиште зашто не знаат јазик, а преголеми се за да ги стават со првачиња. Ни таму ни ваму се заглавени децата. Зашто родителите не собраа два и два како што треба изгледа. Ете затоа. Децата ќе бидат жртвите нивни и да се снајдат и да не се снајдат. Зашто деца во осетливи години без да ги прашаат или ги земат во предвид нивните потреби ги помкнаа во странство.

    Тоа е. Не мислев дека толку многу ќе се најдат навредени некои членки и ете некое време ќе си прекинам да пишувам. Имајте убав ден сите.
     
    На M.B., karibian, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Епа не читат до крај се затоа се коментира и навредува
     
    На eli25, TheSecret и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ,
    @Mariangel Ах бре мајче, мене ме фака склет кога те читам. :whew:Ама вие толку сте изгурале до сега па сега за ова ке издржите... Се гледа крајот. Домче наскоро ќе си уживате . :hug:
    @elcezelce Среќна годишнина :d:
    @Monella најсреќен роденден :^:

    Гледам многу сте се распричале деновиве. Јас немав и баш што да пишам , па затоа само лајкчиња стискав.
    За темава странство, според мене секој си оди од држава од мака .За поубаво. Не познаам некој кој што си отишол од аздис. Јака им душа :sweat:. Во нашево државиче 90% од луѓето се мачат да заработат доволно за да живеат убаво.Се е повуци потегни.Кратат од едно , за да има за друго и така се во круг. На маж ми брат му со фамилијата е во странство исто и братучетка му. Како им е ? се мачат и таму , ама знаат дека на крај цела мака ке се исплати . Ќе имаат подобар живот, подобри услови за нив и за децата. А тука кај нас се мачиш за ништо, за НУЛА. За лесно никаде не е. Кога отидоа родниниве во странсво беа не у минус , не знам како да пишам за да доловам колку немаа. А со едно дете . Една година подоцна (може и две не памтам), кога дојдоа имаа да си дозволат се .Тука 30 и кусур години работеа а немаа свој стан.Во странство , одма им дадоа стан и не некоја кутивка него од 100 квадрати. Имаат и повеќе за пристоен и убав живот. Фамилија, мајка, татко,внуци ,пријатели, итн се тоа им фали. Секое јавување зборат како тоа им фали.Ама кога ќе стават на кантар што се имаат сега таму и што имаат тука, си кутат ,си работат и си кенкаат за тука :rofl:
    Никогаш не сум размислувала за живот во странство , ама ако гледам дека животот на моето дете е загрозен , немам да му дадам колку што сакам,одма факам пат негде. Колку и да ми е жал за фамилија и сите други сентименталност . Без размислување. По некогаш кога се соочувам со прост народ(кој го имам и во фамилија:puke:) многу сакам да одам во друга држава да поживеам некој година -две . Да се тргнам од простава маса околу мене . (lalala)Сакам да живеам во Америка:emo::D
    Јас не можам да разберам како бе има луге кои се замараат кој колку успеал во странство . А најстрашно ми е што зборат и без срам им кажуваат на луге како ке се вракаат голи и боси, без пари итн...
    Многууууу отидов офф топик, уште многу имам за пишување ама ај да баталам :x
    Друга е темава тука ...


    Гушки до сите дечиња :hug:
    Убав ден друштво :f:
     
    На Coco31, eli25, Ano и 21 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.429
    Допаѓања:
    37.647
    Пол:
    Женски
    Ми се :puke:

    :rofl::rofl::rofl:

    Не јадам мед и не пијам млеко така да супер ми е што не тече мед и млеко тука. :bandit:

    @Belabelinakinder Никој не те спомна тебе, ниту индиректно. Нервозна си заради вашата ситуација. Ако не расчистат сметки на време и секој не тргне по свој пат тешко вас. Ја сфативме твојата ситуација и заклучокот е дека штом се одлучиле на таков чекор девер ти треба да се тргне од фирмата ама тоа мора да го решат со маж ти. И дај боже да не се вратат како "измочани" од странство и да успеат. Ем тие ем вие мирни.

    @JoyJoy Од таквите како тебе пати државата.

    Успивам дете па да го доперам тонот облека. Како и од комшии да ми донеле по грешка ми изгледа. Нема што да облечеме а за перење еден тон, не ми е јасно.

    Па во 13.00 терминот со тагесмутерот. 8-|

    Друго ништо битно немам да кажам, сега за сега.

    :hug::hug::hug:

    :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: Да ве послужам кафенце. :l:

    Да се редактирам да не почнувам нов пост.

    Денес јадев на време за да не ме снајде како деновиве. Мислам дека ни летово не беше волку жешко. До кога ли ќе трае? Нека залади, нека заврне.

    Кога ве читам гледам не сум јас нервозна ама не можам да сфатам како да останам смирена во некои моменти. Сабајлево скрши тегла и упорно викам не, не џабе е едвај собрав стаклото. Ми иде да :@ во некоо моменти. Овие германкиве мн смирени мајки на што дрога се не ми е јасно. И сите по три четири деца. Ја со едно како излезена од војна изгледам.
     
    Последна измена: 19 септември 2018
    На Chantal, Leo_29, Ano и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.

    Си пијам кафенце додека малата скока околу мене.Дома сме со малата.Се чуваме нели нема мрсули и затоа кашла без престан.Вчера кога си легнав ушите ми зуеа од звукот на кашлицата.Нема бронхит , гради чисти нема тт ама не може во градинка.Да се оправила.Си велам тогаш до јули пиши ни боловање нека плате здраството:lol:Ама нормално не може имаме само по 10 дена со мм за детето платени од здраството.Толку малку се за нашево дете:drunk: Што лекови добивме ништо, само некој сируп на природна база што уште повеќе ја раскашла:worried:
    Се мислам што да правам со малата и нејзиниот проблем со кашлицата, дали да ја птпишам од градинка и да си бидам домаќинка, дали да ја пратам мк на бабите да ја израснат, или едноставно да си купам затки за уши да не ја слушам:DОва последното ми е најдобро:wasntme:
    Ајде и јас доста мрчам:x Побрзу оздравување на сите децИ.

    Денес ќе биде многу топло па планирам да и го наполнам базенот со солена вода.Како на море да е:$ Има панчо бањарка што си ја носи по дома ќе ја облечам во тоа и нека се радува дете.Покрај тоа уште 300 работи имам на ум.

    @Monella среќен роденден(пак ќе пишев сваќе #данечуеМари :$) биди жива ,здрава и среќнаи една мома оваа година:) :d:
    Многу родендени имаме овој месец оти најубав месец е, еве и мене ми е за една недела .
    @elcezelce среќна годишница:d:

    Дај да се докараме додека Реин не ни ја заклучила темата:rofl:

    @Belabelinakinder ако имате да платите данок 3000евра значи сте имале приход.Сте го добиле ДДВ то од вашите купувачи па вие треба само да го уплатите.Значи не го вадите од ваш џеб.Само ако сте го изеле е тогаш е проблем.Бидете радосни додека плаќате данок доколку враќате е лошо.

    Е многу сакам за данок да си зборам кој сака на двобој нека дојде.Тема ќе си отворам и сама ќе си се контрам ако може мислам:lol:
    Ај да одам перална да постилам и мала да намирам.УбаФ дн:sun:
     
    На Chantal, Leo_29, eli25 и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пишам ако ми треба помош ;):smirk:
     
    На gjoker4e и Ava.84 им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.517
    Пол:
    Женски
    Одењето во странство треба да е добро одмерена одлука. Ја разбирам Џој, не можеш дете кое не знае јазик да го плеснеш во недојдија и да очекуваш дека се ќе тече подмачкано. Не може да отидеш без скршена пара и да очекуваш да ти даде државата социјално со тоа да живееш. В о странство се оди со бар една сигурна работа, велам сигурна едниот бар да работи додека другиот се снајде, дете да е или мало да има време јазик да научи или да го знае веќе јазикот, да го запишеш во градинка па да бараш и ти работа... Не е само спакувај куферите и ајт плачи кукај и од таму после. А ова посакување да се вратат голи и боси, мислам дај, нема смисла. Дури и да помислиш за некој близок е неубаво. Немојте да мислите некој дека во тоа ќе ве поддржи. Внатрешно фамилијарните односи се озбилна работа, треба да се решат ама не и да се коментира со злоба. Мене тој коментар ми бееше полн злоба.

    Последен ден на работава, ќе имам уште една најверојатно овде, па нешто од дома и до кај ноември ќе имам работа, ама не сакам да чекам, сакам да си имам работа која бар ќе ме исполнува. Вчера доживеав две разочарвања, на едниот оглас бараа само мажи а на другиот плата 9000ден, абе ало, до каде вака? И ај би жени надвор, ама ако не заминеме годинава или следната ќе биде многу тешко понатака. И сега е тешко, дете само што прозборе македонски што се вика, да му ставам во глава уште еден јазик, ќе го уништам. Не знам, искрено моментално кај нас е многу тешка ситуацијата, ама па од друга страна оваа сигурност никаде ја немаме. Сме сведоци на урагани, невремиња, пустоши, дома бар се имаме најблиските, ќе одам кај мама, кај мајка му, ќе бидеме во невреме заедно, нема да бидам сама, ама во странција нема тоа. Не знам, можеби јас не сум храбра, ама сметам дека мора да се размислува. Дете не би оставила никако овде, без него не заминувам, може да пратам маж сам, ама јас без дете јок. Имав прилика да одам во Катар ама не прифатив, без дете не,

    Ние од рутина не бегаме, се едно та исто. Ослабев доста летово, ама вратив малку деновиве, па пак се вратив на старо сега да слабеам и планирам пак да тргнам на вежбање. Малку работам приватно, декорации, цвеќе, убави работи воглавно, колку да капнува ако не тече.

    Убав ден жени!
     
    На Chantal, karibian, Верче4 и 25 други им се допаѓа ова.
  11. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Епа јас се нервирам дека не сака да се тргне од фирмава сака да остане а ние што ќе инвистираме понатака кога ќе си дојдел ќе даел пари ти нема да се нервираш на мое место .Ние сме спремни да го исплатиме делот негов да ни е мирна главата ама не сака тој и сега ајде дај мислење
     
    На eli25, Vennera.aa, ZAHRA и 2 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.429
    Допаѓања:
    37.647
    Пол:
    Женски
    Сме биле во истата ситуација. Сакал не сакал нека се откаже од фирмата. Тоа е мое мислење. Секој по свој пат пред да стане полошо. Многу луѓе на едно место не е на арно.
     
    На eli25, Vennera.aa и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  13. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Не сака баш сега пред некој ден разговараа со мм не сака зошто тој нема документи само жената има и таа ќе работи а тој ќе ги чува децата и ако не добиел документи ќе се врателе затоа не сака зошто платата што ја зема сега и ако се врати и работи како обичен работник нема да му биде иста а мм е многу мирен и не сака кавги затоа се прифајќа а јас воопшто не му љубоморам јас можам да одам кога сакам вујко ми има стан таму и работа ќе ми обезбеди ама убаво ни е тука фала богу ако тргне работата надолу и јас ќе барам решение.
     
    На Vennera.aa, ZAHRA, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    112.712
    Пол:
    Женски
    ^^ па нормално дека нема да сака да продава и да се тргне од фирмата. Чекајте бе уште не отишле, ниту документи имаат, не виделе што како, може ќе решат за брзо не бива, може нема да им дадат документи и после?!
    И јас не би продавала, додека не ми е сигурно во странцијата.
    Убаво ви кажале да видат, па ќе одлучат @Belabelinakinder

    Е сега околу фирмата ќе изнајдете најдобро решение, ќе се стрпите, убаво вика Џокерче многу луѓе на едно место не, ама почекајте нека отидат, нека видат што како, ако добро разбрав нема да бараат ништо сретстства дури се таму..

    А за данокот многу е полесно да се плаќа месец за месец, или барем за три, ние така и мирна глава, истите пари ќе ги дадеш ама кога даваш за 3месеци пример 300е подобро звучи, него ли за 12м 3.000е.
     
    На Vennera.aa, ZAHRA, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве поздравам и почастам кафе :coffee:
    Сакав да прашам дали има некоја мамичка што живее во Виена?
     
    На eli25, M&M, Vennera.aa и 8 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов односно ме донесе тато на 14 години тука па што ми фали?
    Се сеќавам и ден денес како тој пеколен јуни (пеколен подразбирам со сонце и топло) не стави у кола и фајрон. Немаше сакаш не сакаш туку мораш.
    И почнав у школо, и на почеток не знаев ништо ама за 1 година јазик пиц пец со труд се разбира учев у школо ми донесоа жена што ќе ми помага ја платија тие од школото плус останував со професорката после часови плус одев на вечерен бесплатен курс плус многу се трудев и за една година пиц пец бев со јазик. Барем во моето искуство начекав огромна подршка од професорите и сила за да одам на напред иако не знаев ништо ама научив се трудев а и луѓето околу мене се трудеа за да ми помогнат максимум. И тоа веднаш почнав со школо си најдов другарки почнав со мимики па продолжив со цигански јазик за да на крај завршам со одлично зборување.
    И така.
    Еве фала богу ништо не ми фали, не сметам дека татко ми ме уништил туку фала му што ме изнесол од таму ми го пружил максимумот од него колку што можел за да одам напред во животот.
    Користа ми е што завршив школо и научив 3 јазици што во денешно време ми значат многу за било какво животно искуство.

    Сум имала и имам огромни и разочарувачки падови во животот, ама се борам. Морам да се борам за напред и за подобро, односно и тоа е мотото на нашите животи да се бориме кроз животот и да се надеваме секогаш на подобро.

    Посебно малите дечиња многу подобро впиваат и се прилагодуваат на јазик.
    Во денешницава јазикот многу значи па кај и да си.

    У принцип мразам да мерам и да гледам у туѓ двор тоа не ме интересира. Посакувам сите да живеат среќно, да си го најдат мирот во животот, ако можам да помогнам некаде многу сакам да помогнам ако не и јас се нервирам зошто не можам да помогнам. Ме допираат туѓи несреќи а за свои и да не коментирам.
     
    На Chantal, Coco31, karibian и 27 други им се допаѓа ова.
  17. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добар ден!

    @Mariangel ќе биде се во ред, ви праќам и јас позитивни вибрации и ви посакувам што побргу да се гушкате дома!
    @elcezelce Среќна годишнина.
    @Monella Среќен роденден.

    Уторво бевме на У7. Кој живее тука знае што е, за другите да појаснам тоа е рутински систематски преглед каде се оценува физичкиот и психичкиот напредок на детето. Се прават во одредени периоди од возраста и додека е мало детето се доста чести а и задолжителни. Добивме супер оценки и сум среќна барем за тоа.

    Порано беше нешто понапредна во килажата за нејзина возраст, сега веќе има нормална тежина, со висината е дури над просекот, развојот е добар, сите задачи што и ги зададе докторката ги направи во секунда мислам, сложувалки редеше, правеше кула, кажуваше животни. Ни препорача спорт за да ги зајакне мускулите и касниме со некои вакцини ама и тоа ќе биде.

    Сега 4 дена сами, сопругот отиде на пат, ќе биде интересно. Утре имам термин на доктор како ли ќе изведам да одам со неа и да не плаче додека ме сирне докторката незнам. Ама за тоа утре ќе мислам.

    За темата странство и јас да кажам. Се мислев да си молчам, ама не сум тоа јас. Еве ние отидовме од "збес" како што беше опишано и не е точно дека сите си одат само од мака. Познавам еден куп луѓе кои отидоа од Мк поради разни причини. Која и да е причината тоа нас или вас не треба да не интересира. Секој има право на избор и свои одлуки а дали потоа ќе се фали или ќе се жали истотака не е важно оти неговиот живот и неговите деца ќе бидат или среќни или не а не ние.

    Како и да е кој дошол во странство како што сите кажаа почнува од нула и воопшто не е лесно. Кој колку ќе успее исто е релативно, може некој од ништо ќе стекне многу, а некој кој имал многу ќе спадне на помалку или на ќе си остане на исто ниво. Подршката од семејството е најважна во целиот тој процес и добрите желби секако. Но да се посакува некому да не успее само затоа што решил да го живее животот на друг начин ми е несватливо и рамно на завист и љубомора. Имавме и ние блиски кои ни посакаа неуспех и сега веќе сме тотално далечни за жал, искрено не верував дека такви луѓе постојат.
    Имам уште многу да кажам на оваа тема ама не би да раздолжувам.

    Убав ден!
     
    На Chantal, Coco31, karibian и 25 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.517
    Пол:
    Женски
    Не е исто на 14 години и на 7 години, да бидеме реални. Многу е битно да се фати психо развојот на децата, да не го уништиш, да го погодиш правиот момент. На пример не е во ред дете од 7г место да тргне во второ веќе кај нас, оно ќе заостане година а може и две и на крај проблем, фрустрација, со тоа можеби му го уништуваш и животот. На 14 години е сосема поинаку, веќе си возрасен и капацитетот ти е поголем, сакаш нејќеш ќе научиш, а на мало дете иди објасни му да не се фрустрира кога ќе го прашаат зошто си второ не петто или нешто слично.

    Да се разбереме, ако се сака се се може, ама треба да се мери многу.
     
    На eli25, TheSecret, Vennera.aa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Овде лошо живеат само оние кои не сакаат да работат,децата брзо го усовршуваат јазикот
    Имаат и можности да полагаат и да прескокнат година :smirk:
    Па и за тие без школо има курсеви што ќе посака да работи
    Од банки до здраство
    Секој што е работник и упорен успева овде
    Без помош од бате и тате,без политички определби
    Никој за никого не му е гајле кој каде живее и што прави затоа што на сите им се полни џебовите :)
    И да,цвета и здраство и образование за разлика од Мк
    Многу дискутабилна тема на која има многу да се каже
    Сепак во никој случај неможе да се спореди оваа земја со Мк

    Да ве поздравам
    Мали спие а Могли гледа цртани
    Од сабајле средував документи па главата тапан ми е
    Ако потрае тишината и едно кафе ќе си направам,ако не утре :D

    Време никакво,да се плашиш да излезеш
    Сончево и одеднаш дожд и грмење :drunk:

    Во план сум да чистам малку дека утре маже до 1 работи па ќе ме шетал (hollest)
    Се спремам психички и за во недела :sweat:
    Одиме по пасошите од мм и децата а јас допрва ќе поднесам :envy:
    Мразам долги патишта со деца,Мм едвај чека
    Пак и роденден ми е баш во недела :angel:
    Мм порачал да испечатат маица со посвета :inlove: случајно јас ја подигнав па место тој да ме изненади ќе го изненадам јас :lol:

    Да се фатам со работа и ко ќе завршам ќе излезам со деца да ги прошетам
    Имаме еден див парк до нас и има справи за поголеми деца
    Се е високо и опасно,Могли стално бара таму :tmi:
    А и мама си игра :$

    Толку од мене,да пијам кафе на раат и до навечер нема застанување (poolparty)

    Довиџења :hai:

    Ауу сваќе :o
    @Monella Најсреќен да ти е :*
     
    На Chantal, Coco31, NarCis@ и 33 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Ангел, убаво кажа, се се може ако се сака или мора.
    Не велам дека не е тешко, туку е претешко, и на 7 и на 14 и 20 години верувај ми, почетоците горчат пелин кај сите, ама затоа се бориме односно ќе се трудиме ќе помагаме ќе збориме на детето на пример и ќе се преброди периодот, лека полека.
    Пак ќе кажам, не е тешко туку претешко што се согласувам со тебе ама се бориш едноставно, одиш напред и ако имаш среќа и многууу труд вложуваш ќе успееш.
    Јас познавам деца што дошле и на 7 годинки, да потешко е но со работа и дома и во школо за година дена се пребродува.
    Плус верувај ми, во училиштата професорите се трудат многу за овие деца и го даваат максимумот од нив за да одат напред.

    Фактот дека на 1 годинка на 3 со 7 па и 10 па и 14 не е ист во право си ама сепак се достигнува успех верувај ми поготово кога знаеш дека тука имаш огромна помош и подршка од државата за оваа проблематика.
     
    На Chantal, VedaG10, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.