Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.786
    Допаѓања:
    38.692
    Пол:
    Женски
    Како сте девојчиња? :*

    Одамна ме нема во темава. Немам многу време за пишување. Дете однесено во градинка, а на мене ми се спие, ми се плаче. Големиот е втора смена во школо. Сте пишувале за одење во странство. Јас сум за, а маж ми е против. Не сака да слушне. А овде не гледам иднина.

    Во однос на постот на @danichap...Среќен е оној што живее(л) со двајца родители. Јас ја немав таа среќа. Мајка ми прерано ме напушти. Татко ми беше по цели денови на работа за да ни обезбеди подобра иднина на мене и сестра ми. За штедење, штедам и јас. Кога имам пари, трошам. По кафиња ретко одам, гардероба ретко купувам. Пазарувам во евтините маркети. Ако начекам производи на акција, обавезно ги купувам. Ама во денешно време тешко да тргнеш некој денар на страна.
     
    На Coco31, Chantal, karibian и 19 други им се допаѓа ова.
  2. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добро утро или добар ден
    Рано станав а касно легнав.
    Носевме деца до матична ок се,големиов ме лаже сабајле дека грло го боли па плаче рика а уствари му се спие оти легна во 2ч а го разбудив во 7ч.
    Па со мм ги однесовме во градинка се изгушкаа ред солзи ред мрсули.Му збореше на големиот дека тата ќе оди далеко со камионот и дека дури за нова година ќе си дојде и се договараа што ќе му купи.Ама дете што ќе разбере кога е нова година.
    И така го оставивме плачејќи,а мм веќе замина на пат.
    Ни збор ни буква не реков само се гушнавме и бакнавме.Како грутка некоја да имав во грлото.И кога си дојдов дома си се изнаплачав убаво.Е да уште плачам
    И тажна сум и главата ми е хаос оти тие пријателите комшии се одалечивме не се видуваме често и вчера и пишав на жената и отидов сама д аја видам додека се деца во градинка.
    Стојам пред врата и кога ми отвора,без коса,слаба бледа подграбавена,коски и кожа станала жената.Мислам ќе се онесвестев.Ја гушнав и се насмевнав.Цело време нешто како на смешки демек муабетот но не.Жената е болна.Нема сила ни да стое.Само вика проклета болест од дека дојде од нигде никаде се си бешњ ок до лани ова време.
    Млада е 39 год.И поседов саат време.Си дојде мажот и од работа и зема човекот да прави нешто јадење.Ама со смеа и насмевка на лицето и збореше на жената срцка женче душичко.
    Е кога си дојдов дома,се отепав од плачење.
    Многу е жално.Сакам да и помогнам ама нема како.Ќерка и веќе 2 год е мажена ама свадба уште не се правиле.Чекаат да се опорави.А ќе биде најлошото.
    ИЗВИНЕТЕ ЗА НЕГАТИВНИОТ ПОСТ.МОРАВ ТУКА.
    Вчера купивме од книжара блокчиња,листови во боја,боици,фломастери и лепак и однесовме во градинката сабајле.На малото му дадов мали боички и блокче мало и го зема во рачето и само си влезе внатре.Душичка многу слуша.
    Ама затоа големиот почна да се вала по земја да урла и вика.
    Имам множгу за кажување.Ама очи ме печат.Плус имам садови за миење.
    Ај да се фаќам за работа.
    Убав ден на сите...
     
    На Coco31, mareane, Chantal и 24 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.407
    Допаѓања:
    260.125
    Ве читам штедете и правете куќи за децата. Па соба да имаат, па двор, приватна градинка.
    Се убаво, но на децата да знаете дека им треба само љубов и двајца родители.
    Мојот има се, од облека, храна, соби и кај мене и кај татко му, роденден каков сака, матријално е подмирен целосно. Ама знаете што бара и сака? Тато да живее со нас.
    Затоа, џабе е некогаш да му обезбедеш играчки, градинки, детски соби, кога не можеш да му ја дадеш фамилијата. Кога од мал трпел трауми, селења, кога и он не знае колку пати го смени домот.
    Јас од друга страна од секогаш имав дом и фамилија, матријални работи кога како, 4 деца па делевме се. Една детска соба на четворицата. Чекај ред за палто, патики, ама немам преживеано ни дел од она низ која поминува син ми.
    Само љубов и дом им треба. Другото се заработува.
     
    На Coco31, mareane, Sanja1105 и 33 други им се допаѓа ова.
  4. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    9.525
    Пол:
    Женски
    Ista sum za trosenjeto. Sea pogotovo koga go imam mali mislam deka ima poveke obleka od mene i tatko mu zaedno. Ama ete se ni treba :!::lol: E za depilacija ednas probav sama i krv si pustiv koza si odrav i rekov ova jas nikogas poveke :wasntme:
    Jas u princip sakam da uzivam vo toa sto mi pruza zivotot, ne se stiskam toa sto mi treba (a i netreba de) kupuvam, bolka ne trpam ako nema termin na drzavno odam na privatno. Sekogas velam zdravjeto e za das e cuva a parite da se trosat ne obratno. Za dete za zdravje ne praam moabet do sega sto se vika kuka ke izgradevme so tie pari sto gi dadov vo sistina, ama nejse, samo deteto da mi e zdravo i zivo, nisto ne ni fali i vo stan. Si ima detska (iako spie uste so nas vo spalna) igracki, posebno babite i dedovcite go razgaluvaat zosto prvo i edinstveno vnuce pa mislam deka sme prenatrupani duri.
    Sakam da kazam potpolno te razbiram vo vrska so trosenjeto. :D
    Ete neznam vo momentov i jas ne bi sakala ko sto kaza Ano mislam da odam vo stranstvo zatoa sto mozebi dobro ziveeme, a vo idnina kojznae mozebi.
     
    На karibian, anastasijaki, elcezelce и 6 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    Темата странство не требаше да се начне ама ете упорно гледам дека се пишува и ќе се пишува и пишува.Јас три дена почнувам да пишувам па бришам.Е сега решив ќе пишам па ако сака и два километри нека стане постот.
    Прво браво за членките што искрено и отворено си кажаа како стојат работите :bow::bow:
    Во принцип ме нервираат муабети од типот нас во странство ни е многу тешко на кредити живееме,тоа колите што ги гледате се на кредити итн.Да колите ви се на кредити кои успевате да ги исплатите и да живеете,а кај нас е да преживееме.Имам кумашинка во Италија постојано се жали на татко и ама тате не е ни тука ко што беше не чини ова она.Човекот убаво и рече ќерко ако не ви е убаво дојдете си во Штип куќата ве чека ваша е.Ама не заборавај дека тука имаш од тие дуплите фрижидери и тоа крцаат од храна.Изгледа брзо заборавате како ви беше во Мк и зошто избегавте.
    Јас сум била особа што никако не сум можела да помислам да си отидам од тука,не ради некој патриотизам него неможам да замислам мама и тато да не ги видам:lol:.
    Ако сега некој ми рече имаш пет минути да се спремиш и тргаме ма тргам со еден пар тренерки и апостолки на мене.

    Кај нас моменталната финансиска состојба е никаква ма жалосна.Ама ја се водам по едно мото Господ ќе ни помогне.Кога се омажив имавме многу повеќе ама немавме трошоци немавме кредити.Зошто на нас не ни поклонија среден стан ни спрат моравме да си бараме чаре инаку ќе живеевме во 50 квадрати свекор свекрва ние тројца наскоро четворица девер јатрва и две дечиња.Таа средина беше да речам Бардовци е благ израз.Стегнавме заби решивме со мм да си одиме од таму и сами како знаеме и умееме.Куќата од татко ми беше направена до пола па ајде ни толку ама фала му на тоа најмногу да не беше тоа сега ќе се влечевме по кирии и којзнае каде се не.Нешто пари од свадба нешто кредит и средивме куќата.Внатрешно целосно уредена надворешно ич да не објаснувам какво е.Ама внатре сме на чисто и топло е за повеќе здравје понатака.Дур бев трудна со првото одев на работа до деветти месец значи никогаш не ми било мака да одам на работа и да придонесувам.Кога малиот направи осум месеци требаше да бирам дали да продолжам со работа или да го чувам-решивме ќе го чувам.Маж ми оди константно на две работи скоро година и пол.Не се пожалил знае и мене ми е многу мачно.Детето никогаш не добило ништо скапо ништо луксузно дури и добило многу помалку од другите дечиња.Носи скромна евтина гардероба нема премногу играчки ама мислам дека му дадовме многу љубов хармонија.Он е секогаш подмирен дали пелени дали чиста гардероба,храна,приватни прегледи по приватни болници кога требало.Јас и мм никогаш ништо не си приуштивме за нас во овие две години ама знаевме што не чека и нон стоп си викаме ајде ќе издржиме да пркнат децата ќе одиш и ти на работа подруго ќе биде.
    Е сега да бевме во странство и он да работеше две работи како тука што работи немаше да преживуваме и да се мислиме како ќе го скрпиме месецот.Тука плати кредит плати сметки мисли му за зимата огрев па регистрација и буквално се крпиме некако.Е не е тоа живот и не не сме ние виновни државата ни е.Јас не сум факултетски образована ама мм е.По струка никогаш нема да најде.Десет години работи на едно место на кое не беше пријавен.Сега го ставија шеф и ќе го пријават.И тоа е нешто.Пред тоа работеше кај брат му не закрпи 500 е не му даде три месеци плата.Ајде тоа не ни плаќал здравствено,а ни рече да да пријавени сте.Одам со дете болно докторката ни вика абе знаете дека никој од вас не е пријавен???Јас потонав во земја.Се понудивме да си платиме не сакаше.Кога го прашавме зошто не ни плаќал па он имал трошоци на лето ќе се зголемела работата тогаш ќе не осигурал.
    Во оваа држава од сите страни те е.ат.Кој стигне.Џабе се трудиш работиш кога никој не ти го цени трудот.Да одат таму во странство работат ама ти се вреднува трудот ти се плаќа.Е тука не е проблем да не те платат.Само ќе ти речат ако не ти одговара оди си најди си подобро.
    Ако ме прашате што сум направила две деца прво сум требала да обезбедат живеалиште па да се мажам ќе ви кажам дека ќе требаше да направам 35/6 години за да обезбедам такво нешто па после да се остварам како мајка.Јас решив да родам сега,кредитот ќе го исплатам кога син ми ќе биде второ одделение.Можеби немаме за вечери по ресторани за којзнае колку гардероба ама имаме мир љубов хармонија.
    А државата наша ќе ја плукам на секој чекор зошто за ништо не ни ја бива.А не дека луѓето се неработници.Скоро секој што го знаеме покрај едната работа подработува и втора.Зет ми си ја остави штотуку родената ќерка која имаше само месец за да се раздолжат што земаа пари за станот да го платат данокот.Е тие солзи не се забораваат на поаѓање се врати пет пати да си ја изгушка зошто кога ќе се врати малата ќе има пет месеци.И не е мрзлив воопшто,ниту беше од бес,тука2000 е неможат да соберат на ниеден начин.Толку од мене за денес.
     
    На Coco31, mareane, Chantal и 23 други им се допаѓа ова.
  6. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Австралија. Имам 3 месечно бебе. За мајката на 2 недели дават по $500, a за едно дете $330 АУД. (Ако сопругот зима минимална плата). Ако сопругот зима поголема плата сумата се намалува. За првото дете исто така дават бонус $1500 АУД кога ќе се роди.
     
    На eli25, elcezelce, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.582
    Прво извини то ќе те испокарам, ама се надевам дека ќе помогне тоа што ќе кажам.
    Господ не помога ако не си помогнеш сама. Не чекај Господ да ти алплицира за работа, да ти заврши факултет или да ти даде лото. Првосама, после чекај од Господ.


    Ова знаеш колку голема помош е?! Огромна. Плац гратис и пола куќа. Ти останало сао да средуш у натре. Ретко кој у државава го добива ова.

    Свадбата кој ја плати? Родитрелите. Фактичи ви ги дале парите вас. А човек без кредит не знам. Ни у странство.

    Твоја одлука. Си можела да осатвиш дете у градинка. Јас на 6м отидов на ново работно место, оти ми требаа пари. АКо решев да чувам, немапе да иам дупла плата.

    Пак твоја одлука да не работиш, заедно со маж ти.

    И у странство имаш и кредит и регистрација на кола, и греење. Зар мислиш у Германија седат без греење? Или колите не ги регистрираат?

    Како е државата крива што ти свесни си напуштила работа, што немаш високо образование, што сама сирекла ќе раѓам деца сега а после ќе работам?
    Ти забрани некој од државата да работиш?
    Како е крива сеа државата пак? Брат роден ве заебал. Алооо, роден брат, ве состаил без здравствено со дете. Знаеш колку е приватно у болница? Една нок, и на државно, без осигуртување е 12 000. Плус лекови. У систина за 48 саати плативме 46 000 за ларингит. Како е крва држата што брат роден ве поебал не знам.

    Јас кредитите ќе ги исплатам кога ќерка ми ќе биде 31 година. Добро читаш, 31 година. Државата не ми е крива, сама потпишав.

    Сфати дека сама треба да најдеш начин и можност. Од тебе потекнува волјата и желбата и сите промени. Државата не седи тебе да те чека да се одлучиш. И ние работиме 2 работи, ноќе не спиеме, душа неаме, ама ниеден од нас не рекол државата. Викаме ние. Оти не чуваме дете. Да требаше државата да ни го чува, ќе го остаевме некаде. Затоа, стегни се и дај си рок и начин како ќе се извадиш од ситуација која не е лоша ама ич.
    Имаш своја куќа. две примања, две деца, и само еден кредит н 5 години. Тоа е вицотека за мене, затоа не плачи и не се жали. Имаш многу, треба да го сфатиш тоа.

    Груба сум се извинувам.
     
    На Chantal, karmenka21, AngelOfArh и 16 други им се допаѓа ова.
  8. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Во право си.Се согласувам.И мм истото го кажува.Не секој од убавини оди во странство и обратно.Од мака луѓе од маки.Крај со крај едвај се сврзува.Тука човек се утепува од работа и не се плаќа и се скапнува а платите стојат во место.ќе разберат тие што поминале низ тешки финансиски ситуации.
    Живот тоа ти е.
    Само да бидеме живи и здрави се друго може да се среде поправе или купе.
     
    На orhideea, Vennera.aa, elcezelce и 5 други им се допаѓа ова.
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    22.781
    Пол:
    Женски
    здраво женски,дете заспа ја покрај него легната душа немам.Бевме на љуљшки еден час,све покрај него да не стави каменче во уста,па клекни стани..Некои мајки ги остваат децата сами да трчат,они на клупа седат.Мене ми е страв така,све покрај него сум.Па после скапана,никакво вежбање не ми треба сум ослабела уште.
    Маж ми знае дека ве читам и пишувам ама не е баш заинтересиран што кажувам..Премногу му се женски муабетите валда,мисли за облеки и шминки збориме:)
    За штедење,штедлива чичност сум.И сум имала,и сум немала дур бев девојка.Сум ги видела двете страни од паричката.А и се водам по онаа изрека,штеди кога имаш,троши кога немаш.
     
    На Coco31, Chantal, muchacha_a и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добар ден!

    Дете спие, јас ставив ручекот и направив едно нес кафе. Прибрав и некои грцки и наполитанки, немој да ми прифали нешто па да мора да станувам.

    Што да кажам на тема штедење, навистина не сум компетентна:$ оти незнам да штедам за жал. Во последно време сепак има напредок, дали од што немам време покрај детево и не ги отварам како порано веб продавниците.

    Сум кажала дека јас најчесто онлајн пазарувам, во трговски кога одам се губам, ако не најдам тоа што сакам па дури и да најдам секогаш мислам дека на друго место има поубаво, па пак тепам пат до друг бутик и се така во круг додека нозе не ме заболат и не ме облие пот, не дехидрирам и во секундата изговарам си одиме дома, многу често и со празни раце. Мислам да ме гледа некој како во делириум сум кога шетам низ бутици посебно кога барам нешто и затоа избегавам ама пустото онјалн шопингот ме дотепува.

    Моментално паметот ми е на други работи и шопинг ми е последно нешто на кое трошам време.

    Растев во делумно среќно семејство, ми беше пружено доста, ама ми беше и земано доста. Земано ми е тоа што сега се одразува на мојот карактер и моите борби во животот. Најсреќни според мене се оние кои макар корка леб делеле, родителот секогаш е тука и има добар збор, се враќа од работа на време и се посветува на сите дома, а не после работа кој знае каде не, па ако има ред и дома ќе наминам. И секако како што кажа Дани ако во семејството нема зависности колку и да се големи проблемите се решаваат, замисли да треба да решаваш проблеми со некој кој не е свесен за себе а камо ли за другите. Што ако имаш што да јадеш цел ден и по три сладоледи дневно кога душата ти се тресе како ќе ја поминеш вечерта, дали некој ќе одлучи да ти пружи спокој или немир.

    Сечиј живот е приказна за себе, не треба ние да завидуваме или посакуваме некому зло, оти секој си знае како му е, може од надвор изгледа се совршено но не е и сите сме свесни дека во ова денешно време нема некој што нема проблеми и наместо да си подаваме рака ние си вртиме грб. Во последно време постојано се прашувам зошто е ова така и не наоѓам одговор.

    Да кажам и за темава оти јас тука што сум активна на другите слабо или речиси воопшто, сопругот знае оти постојано му кажувам таа феминка така кажа, на таа тоа и се случило или кажала нешто што сметам дека и него ќе го интересира и го гледам во последно време сака да ми ѕирка кога пишувам, не дека ќе прочита нешто што не знае ама ете љубопитен станал.

    Уште нешто јас и овде одам на забар и во Македонија, и овде одам на лекар и во мк, кога имам потреба нема сигурно да седам и да чекам цела година за да ме види доктор. На фризер исто, сум давала пари за фризура и тука, ама мерак ми е таму да одам, се шишав овде пред да тргнам оти незнаев дека ќе одиме воопшто, седев таму и пред поаѓање и таму пак се шишав оти така сакав. Депилација кога како се зависи од моментот кога ми е потребна и дали можам сама или имам време да организирам сопруг да причува дете оти нема кој друг. Во мк обавезно одам ако имам потреба, барем таму има кој да ја чува.Така да ако видите некој од странство оди на забар или на фризер смејте му се дека дошол ете од странство само за тоа.

    Ајде да видиме како ќе поминеме попладне со малата на термин ако воопшто стане да јас премам да одиме, ако не ќе се јавувам да одалагам.

    Убав ден.
     
    На Coco31, Chantal, muchacha_a и 16 други им се допаѓа ова.
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    112.716
    Пол:
    Женски
    Ама тешки теми по рано сабајле сте разврзале, еве и пладне стигна вие уште :(
    Баш ми е жал за сите оние кои имале лошо детство, гушка до сите :hug:

    Јас сум од оние среќните, двајцата родители со постојана државна работа на добри места. Стабилни, цврсти во карактер, полни со љубов, грижа, совети, мака од курташак како пиење, љубовници, иживување сме немале.

    Јас имав многу убаво детство, детство полно со љубов, шетања, одмори, нови фустанчиња, Левис фармерки и чизми, Адидас патики, стандард кофа крем за доручек, и макарони со сирење за вечера, банани за ужинка, нови ранци секое полугодие, оригинал барбики со долги коси и џиџани фустанчиња, мобилен имав во 1ва или 2ра средно, компјутер ни купија кога бев второ одделение, интернет ни ставија во средно е не знам која година сум била :D

    Е сега пак сум немала 'се ама сум имала доволно и сум била задоволна и среќна, од сите кои се дружевме околу нас ние имавме најмногу, па можда и затоа ни било тоа доволно :$

    Живеев во огромна куќа, средена, ништо никогаш не фалело, машина за садови имавме од мои 10г а може и 8г да беа. Своја соба комплет средена добив на некои 12год или 14г може и беа. Никогаш не се стискавме дали ќе е топло насекаде, се греевме на парно на струја, освен малку се ,,помачивме,, дури бевме заедно со сестра ми на факс, двете во приватна квота, ама па сва среќа јас со некои потврди издејствував да плаќам како во државна.

    Мајка знае да каже дека она немала, ама никогаш не дозволила ние да немаме :l:

    Мене ми боди очи муабетот ,,најбитно е да има љубов,,!
    Е тикви |(
    Ни љубов не цвета без пари, од љубов не се живее, некогаш ниту здравје со пари се купува, ама не ретко и се купува.

    Човечево до мене немаше да спие ако немавме пари, да немаше и го тврдам тоа!

    Вчера кажав мм не знае да штеди, јас за нијанса сум поарна ама ни јас не знам баш да штедам :smirk:
    Мајка ми вика не сум била ваква, мм ме ,,расипал,, :wasntme:

    Јас нема да лажам и да се правам скромна, се си сакам, ама не да биде и тоа било што и од било каде. Ниту на јадење штедам и купувам од каде е најевтино и со попуст, ниту облека купувам од поевтини продавници и дека мора да е на попуст. Купувам кога ми треба од каде и да било и што и да ми се свиѓа.
    Растурикуќа (lalala)

    Значи и сега живеам пристојно и убаво, пак немам се што сакам, ама од тоа што имам сум задоволна.
    Куќава е огромна внатре тип топ средена, надвор плаче за фасада ама ќе почека подобри денови.
    До сега ниту се замаравме да инвестираме само си средивме внатре да ни е убаво, реално што може и се да се изнесе, освен плочки :D
    Е така ама веќе е на мм куќава, па може да се средува. Имаше душегрижници кои прашуваа зашто до сега не, па не ми паѓало на памет да инвестирам во нешто што бе е мое/наше :nod:

    Оваа година одлучивме да идеме на поскромни одмори, можеше и на еден ,,полуксузен,, ама сакавме два пати ради бебе, па со ,,заштедата,, средувавме двор. Еден дел го средивме и душегрижниците не престанаа да прашуваат оти не сме го средиле и другиот дел :^)

    Еве на вас да ви кажам. Не сакам да се заглавувам за двор и да цедам сметки, таман до пролет ќе прибереме некој динар и ќе биде и другиот дел.
    Имаме куќичка за рушење која е прираспадната, па некој мисли дека треба само да се сруши и да се расчисти. Епа не е така, ќе се бутне таа лесно, ќе се изнесе и шутот ама треба да се донесе земја, треба ѕид да се прави некои 10м долг и 3м висок кој градел знае колку ќе кошта :)

    И така..

    Инаку вчера си доручкував, 5.30ч беше па таман за доручек, намачкав две кришки со паштета со брзина на светлината и си јадев во кревет :o
    Слушаш ли @gjoker4e (highfive)
    Епа не биваше гладна да спијам :smirk:

    И да не не мислите во 10ч станавме :o
    И замислете бебе беше толку расположен што дозволи да јадам, сокче да се напијам и какао :inlove:
    1537433323960.jpg

    И во 12ч побара да спие :^)
    Во 12.20ч веќе беше кома, еве спие уште, ручек му се крчка, а што ние да јадеме прашање е сега, ништо месо не сум одмрзнала :doh:
    Може мусака, ќе се одмрзне месото во пржење :angel:

    Утре може ипак нема да се шета ако комбе денес не е готово :doh:
    На светко колата цркнала, па и редно беше, таа канта и се чудев како се влече по улици :D
    Мм вика не се правела, мотор рикнал, ама јас сум скоро сигурна дека светко не мисли така :rofl:

    Туку ми се золвите ајвар прават со свеки, па да стане бебе и ќе им подосаѓаме, море и тегле ајвар ќе барам, лажам не го упржуваат и киселини ми идат од тој нивниот леле леле :puke:
    ^не е ова дека они го прават, па се жалам и мм не им го јаде 8)

    Туку убаво ми текна да ја прашам мајка кој ден наредна недела да купам пипер да го среди за бебе и лут ајвар да замеша. Море и праски сакам да ми стави. Ќе има жена работа :smirk:
    Еј уште ова да кажам, моите цело лето секој ден по некоја зимница прават, ама баш секој, не знам веќе што се не ставија. Мислев во пензија ќе отидат ќе се одмараат и бавчата чепкаат, они се поуморни него ли кога идеа на работа (facepalm)

    Ајде чао :hai:
     
    На Coco31, Chantal, Sanja1105 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ,

    Јас киднав од работа :) Ја собрав мајка ми и дојдовме на нокти . Една од малкуте убави работи на приватњаците е слободно да излезеш од раб кога сакаш.Па да искористам :).
    Кога не нема во темава ,не нема. Ама кога ке се собереме одма кавги .
    Треба да разбереме дека ова е форум и секој има право за свое мислење.
    Не се карајте друшки:clap: . Да не ја правиме темава како и другите на форумов.
    Дај малку поведри теми ..

    За штедење , оооо јас не сум од тие:sweat:Затоа маж ми е профи кога станува збор за штедење. Мора некој баланс. :?:Избегнувам да излегувам со многу пари ,пошто потоп ги правам одма !
    Кога станува збор за трошење се ми е слабост.(facepalm) Знам често да излезам да си купам нешто и да се вратам со џемпер за маж ми , блуза за брат ми , ташна за снаа ми . Па нешто ситно што ми се видело дека ќе и се свиѓа на мајка ми или свекрва ми :rofl:
    Маж ми само дува :angel:
    За дете да не зборам .(facepalm)
    Трошаџика прва класа ! (lalala)

    Маж ми знае дека пишувам на фемина, ама мислам дека ич не му е гајле .:lol:
    Не го интересира .Знае да каже како на Орхидеа маж и ,кога синко е болен"ајде сега пиши таму прашај што е работава" или " од кај ја знаеш мајкава од форум" итн..Се тоа на шала нормално .:rofl:

    @vitamina делот со татко ти ;( Душава ме заболе !
    Јас ја имав таа среќа да живеам убав живот и како девојка , а фала богу и сега.За тоа сум им благодарна на моите .Посебно на татко ми :l: Не дека е мој ,ама таков човек еднаш се раѓа.Цел живот работи, цел живот по патишта беше.Се што има заработено сам со свои раце.Борец .И секој ден само посакувам господ здравје да му дава . Ништо друго . Затоа ме допре муабетот на Витамина , знам како е да татко оди на пат и не го гледаш со денови,месеци.. Се уште кога ќе ми текне ми е мака.
    Затоа имав се што ќе сум посакала .
    Затоа сега заедно работиме, се караме , се нервираме :rofl::rofl: И најважно учам да бидам умешна во бизнисот кој го почна многу оддамна, барем пола од тоа што е тој . :l:

    Сакав да ве прашам едно прашање .Како се справувате со луѓе од фамилијата со кои не сте во добри односи т.е не сакате повеќе да живеете со нив а ги среќавате почесто ? Не сум личност која се кара , но кога некој ке ме налути и повреди без карање го елиминирам од мојот живот .А оваа личност не само што ме повреди него и мати вода во фамилија . Ми иде за коса да ја грабнам да ја треснам од земја :rofl:

    Се гледа дека сум слободна по должинава на постов :rofl:

    Убав ден :f:
     
    На Coco31, Chantal, Sanja1105 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.429
    Допаѓања:
    37.651
    Пол:
    Женски
    Маж ми зема плата за нормален живот (да не мора да се гладува), но еве веќе три месеци не го ставаат точма класа па некој месец зема 200 евра помалку, некој месец 400 евра помалку. Тие пари нема да пропаднат ги враќа државата или нареден месец или на крај на година ама уште ни ги немаат вратено.
    За детскиот додаток носам апликација, документи, таа ми вика се е во ред и секогаш стига писмо ова не е ок, овде фали печат, овде потпис и ајде пак. Па ќе земеме за четири месеци одеднаш. Е тогаш @TheSecret ќе купиме креветче, душек, постелнина за малата да не не мислиш. Во Мк од душек на под ќе спиеше ако останевме да живееме. Ќе мораше и душекот да го продадеме за леб да имаме. Жал ми паѓа кога го гледам доле ама не сум го легнала на игли на спие. :)

    Отсекогаш сум штедела ама не знам како ќе биде доколку би имала многу пари. Воглавно сакам станот да ми е што попразен мразам натрупано. :handshake:

    Во детството и јас трпев за леб и секогаш лажев дека сум јадела или не ми се јаде за да има за другите. Детство. Колку брзо помина. :l:

    Да, за детето, а и за секој човек, најбитно е двајца родители и љубов, мир, хармонија, браќа, сестри. :hug::hug::hug:

    Мм знае дека пишувам, а често ако почнам некој муабет со него ми вика на фемина ли прочита и често кога ќе дојдеше од работа ме прашуваше како ти се феминките. ^_^

    Често почнав кога ќе заспие дете да избирам да седнам да одморам наместо да сработам нешто. (hollest)

    Секогаш ми текнува на еден момент. Плачев, се жалев на "една личност" како мајка ми и татко ми нон стоп се караат, како немам пари да пријавам испити, а се сум научила... "Личноста" ми рече сабајле на другар ми жената се пораѓала и он брзајќи со колата да стигне направи сообраќајка и погина... Е тоа е мака џокерче, не твоето. ;(;(;(

    Најбитно е да сме живи и здрави! :!:

    Нормално тука ќе си противречиме една друга, ќе се поткараме, ама се е тоа дел од животот кој е многу краток и минува додека да трепнеме. Сите имаме слични или различни мислења и ставови и тоа е нормално. 8-|

    Вчера се смеев со една што пишала во групите на фб дека цело време била 4та класа, а мажена и само таа работела, дека некој и кажал дека 4та класа е најдобра и се контра во групата. А цело време, со години, земала 100-200 евра помалку. Таа слушнала нешто, ама не дослушала и ај оди докажи и. :x

    Ние што не сме мажени за германци ќе фаќаме по еден швалер. Јас веќе имам еден симпатија и му го покажав на мм. И испадна жена му на мм му била симпатија, заедно се враќале со бус од работа. :rofl:

    Нашиот план е: странство, мм работа, дете градинка, јас работа, стан во Охрид, стан во Германија или Австрија ама накај швајцарска граница да е, три деца. :inlove:
     
    На Coco31, Chantal, Sanja1105 и 20 други им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    Сега на се ќе ти одговорам а навредена воопшто не се осетив.
    Да почнеме од господ,знаев тоа ќе го спомне некој.И те како ти е потребна некоја верба во нешто јас ја наоѓам во Господ во тешките моменти.Во бракот се инвестира постојано треба да се има време за партнерот за моменти на само,време да седнеш да си направиш муабет со мажот,а ние тоа често го немаме зошто мм оди на работа постојано.Сами не сме излегле зошто детето нема кој да го чува.Во моменти на нервози околу дете финансии ти доаѓа да се испоутепаш со маж ама ти остануваш присебен и потребно е љубов и разбирање од двете страни.Господ и тебе и на сите нека ни е на помош да сте сите живи и здрави зошто едниот партнер падне болен незнам како би исплаќале кредит.Околу тоа што не сум факултетски образована не значи дека јас не треба да земам плата да не ме пријавуваат или незнам што.Ако беше нормална државата секој ќе си работеше што учел ама нели не е така.Да чекав Господ да ни даде немаше мм да работи две работи ниту да земам кредит него ќе чекав магично од негде да ни ја даде средена.Околу куќата,куќата ни ја даде татко ми и кажав вечно ќе бидам благодарна за тоа и не беше до пола средена како ти ја замислуваш само внатре да инвестирам туку ај да кажам една третина.Околу свадбата ни ја правеле родителите ама и голем дел од парите за неа беше наш.И тоа небитно значи не ни даде државата него родителите.Куќата се наоѓа на 20 км од центарот па и најблиската градинка беше доста далеку и решивме да седам дома да не го мкнам детето во 6 сабајле со автобуси на негови 8 месеци.Во странство имаат и регистрации и кредити ама на просечна плата од 250/300 е не е ок регистрација да е 200 е.Родениот брат што не заебал и те како е крива државата,зошто само во нашата држава е нормално да имаш вработени а да не им плаќаш придонеси.Него државата треба да го контролира и казнува за тоа што не плаќа.Не зборуваме за неговата етика и морал тоа е јасно како бел ден каков човек е ама како работодавец он си игра на прљави карти и сеуште му успева.И да знам колку е на приватно затоа и ме мавна таму дамла.

    Него сега ти да ми кажеш со 30 годишниот кредит....Дали е нормално ти и маж ти да одите на работа и да исплаќате 30 години???Ете ти не си виновна се убиваш од работа ама не постигнуваш,т.е постигнуваш ама душата ти знае како. Сакашда кажеш дека ти треба да си казнета зошто родителите немале да ви обезбедат повеќе?Која е таа нормална држава што мава толкави камати,даноци,која е таа држава што има најевтина работна сила.Си се запрашала зошто толку познати брендови тука имаат шивари???Што на таа жена од Мк помалку и вредат рацете,времето,животот,па ајде 10 саати дневно ќе шие за 10000????Ќе одиш до 60 години да работиш за на детето да му оставиш еден стан од 60 квадрати?
    Се супер ама кога го уживаш ти тој стан кога од јутра до сутра работиш???Нели сега имаме 30 години сега човек треба да отиде на зимување и летовање да се изнакупува што му душа сака не козметики не гардероба не коли.Кога ќе ми отиде пола живот во кредити џабе ми е после се.Само ќе звучам исто ко пола нација ајде добро створивме нешто за децата да имаат.А ја што имав???Нели сакаш да имаш повеќе време со детето дома да го гледаш да го шеташ воспитуваш.
    Ако ја сум без факултет нека ќе работам во бутици во кладилници,ете сопругот нека ми го вработат по струка.И он се бори има милион дипломи ги исполнува сите услови ама нема си келнерисува по цел ден и ноќ.
    Еве нека кажат членките од странство дали имаат вакви проблеми да не им стига до крајот на месецот???Не зборувам за луксуз туку за основни работи,потреби.Прашај ги дали не одат еднаш двапати месечно на викенди.
    А јас знам дека мојата состојба не е толку страшна,дека има и пострашни.Мојата моментална состојба е лоша и тоа бајаги.
    А кога ќе направи малото година ќе оди во градинка и јас ќе работам па нема да преживуваме него ќе имаме за сите сметки да си ги платиме :) може и одмор да истераме до Грција.
    Па не да плукам немам зборови за државата.
    И јас несакам да те навредам само ти ја кажав реалноста ете од моја гледна точка која според тебе е погрешна.
     
    На Chantal, muchacha_a, orhideea и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    14.592
    Пол:
    Женски
    Добар ден друшки, од сабајле ве читам со паузи. Ред работа, ред фемина. Не знам шо ми е со овој телефонов цел ден во рака зависна станав. :worried:
    Имам уште многу работа до 4 ама имам и многу документи за средување па денес ми се приоритет, а и ќе забушавам малку, ако еднаш и јас :D
    Многу сум нервозна периодов, само си барам кавги, дома не можам да ги поднесам, дури и со мм се карам за глупости и после ми е криво. Тој уште ме зеза па не си подмачкана зато си ваква. :rofl: Па како бе еве цела недела уште не ми заврши, се по некоја капка да ме нервира. :punch:
    Прво ќе кажам за странство. Маж одамна е спремен за одење, само чека јас да се согласам. Ама никако да се решам, пак сега до дете уште потешко. Ми е страв од непознато, од немање покрив над глава, немаме ни кој да ни помогне иако сите роднини ни се Австралија, Канада, Америка. Ама не сакам да им барам ништо и да се наметнувам, no way. Вујна ми години не вика да одиме, ама шо само на шетање, ќе ги дадеме сите пари шо едвај ги заштедивме и пак да се вратиме назад. Не знам, не сум јас за то, да дадам се што имам и ко ќе се вратиме да се чудиме како понатаму. :worried: Шо знам, можда ќе се смени нешто во мислењево ама засега е вака. Барем имаме сигурна работа, плата колку-толку, не доволно за станбен кредит, ама додека ни тргне работава со бизнисов мора да се стрпиме уште некое време. Па уште кога ќе спомне мм странство, мајка ми одма скока, како не, за кого го прајме ние ова? Па и таа ме фаќа на сентименталност и нешто не ми дава да ги оставам во најтешкото и да одам. Здравје, ќе видиме понатаму како ќе е. :?:

    На детството се сеќавам како на многу убав период. Со сестра ми скоро секогаш имавме се шо сакаме, ама да не претеруваме. Татко ми е таков шо секогаш ни купуваше нешто кога немаше пари. :rofl: Се сеќавам бев 1 одд. отиде и ни купи компјутер среде зима кога сметките се најголеми, па ни стави и интернет, dial-up со саати да го чекаш да се уклучи. :rofl:Уште е таков и уште му се чудам како успева, јас сум тотално спротивна од него и многу штедам, од секогаш сум била таква.
    Одморот ни беше луксуз искрено ама секогаш одевме кај баба на село и тоа секогаш ми буди убави спомени, многу убаво си поминувавме. Тогаш се жалевме ама сега не ми е криво шо сум одела таму наместо на море. Па и не сум некој плажарски чоек. :rofl:
    А за штедење кажав секогаш сум чувала и сум имала пари, од 15 год почнав да работам за да си имам мои. За среќа и мм е ист, сакаме да си имаме на страна за црни денови шо се вели, ама па и никогаш не сме си скратиле од одмор, излегување или облека, купуваме тоа што ни треба без стискање. Се во граници на нормала, не се луксузираме. Инаку знае дека читам на фемина ама не и дека пишам, не се ни интересира да ѕирка, а и шо ќе види, женски муабети. :D
    Ууу ама се распишав, пола сат еден пост. :lol:
    Ајде одам, ако не ги средам документиве сега ќе треба специјално да идам, а ќе ме мрзи после. ;)
    Убав ден :hug:
     
    На Coco31, Chantal, muchacha_a и 17 други им се допаѓа ова.
  16. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.893
    Допаѓања:
    34.333
    Пол:
    Женски
    Знам како е да се има пари но исто така знам и како е да се нема ова ми е многу по позмато немањето.


    Кога бевме мали со сестра ми ништо не ни фалеше имавме скромен живот без многу пари средна класа но се до еден момент кога татко ми го наместија со уште многу други луѓе за прекривање и перење на пари. Сестра на факс 1год беше а јас основно срам ми беше од мојте соученици деца на познати личности-буџелари да отидам во училиште после тој ден кога се случи тоа. Ми фалеше татко ми ужасно ми фалеше додека мајка секој ден едвај свржуваше крај со крај и секој ден јадевме компири и јајца а секој нареден гравче манџа е тоа е што ни остана само. Додека пак сестра си тераше луксузи низ Скопјето...јас бев само жртва што слушав низ дома кога ќе го пуштат татко ми и дали ќе излезе од тие соби огромни...
    Но сепак вистината победи и излезе за жал по неколку години. Јас веќе бев матурант. Имавме многу повеќе за живот тогаш кога се се среди.
    Сега имам многу повеќе од тогаш но пак нешто ми фали тоа е маШ и наша сопствена куќа.... но се надевам и тоа дека ќе се среди....кога тогаш.
    За трошење трошиме со маШ подеднакво но најмногу инвестираме во синко и кога сме заедно секогаш сме некаде отидени.. бидејќи ниту тој како дете шетал ниту пак јас имав отидено некаде подалеко од Охрид. Ама затоа па сега шетаме и уживаме каде и да сме.
     
    На Coco31, Chantal, Sanja1105 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    112.716
    Пол:
    Женски
    @simona_baby ти кога ќе ми дојдеш на гости?!
    Нели за брзо :envy:

    И лажга си, Центар ти е точно 13-14км, баш пред гтц да се истовариш, прва градинка 8 или 9км беа, да измерам и ќе кажам точно, со автобус ќе си за 15мин таму со се бебе и не мора со тој во 6ч да идеш, со тој во 7 и 10 таман ќе сте.
    Ова да си кажам само :D

    Ама од октомври градинката ќе ти биде на 1.5км ако има и толку, ама мислам има, па можеш тоа и пеш. Таман ќе шеташ едно во количка, друго во кенгур :D

    Ти направив јас план и не не сте ни бетер, ни лошо @Cka е во таа категорија :(
    30години ;(
    Епа и јас мислам дека е до државата, пример да беше во Германија за 10г најмногу ќе си купеше стан, ама вика 4ри плати носат дома, две регулар и две од ,,некаде,, абе за 2години куќа без кредити ќе изградеа (така е зборот, ама може и вистина ќе е :|).
     
    На Chantal, muchacha_a, elcezelce и 9 други им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    Прво јавно да ти се извинам пред феминките само километар имам до тебе а не сме се виделе.Најголем проблем ми е како со мојов индијанец да се видиме постојано е во трчање скокање па немаше да бидеме раат.За кај тебе дома ми е непријатно да не ви реметам мир зошто малиот е стварно немирен а вие сте помали па да не го збесна баткото твој.
    Добро км ставив плус ама тоа пошто се ми е измешано маж до работа до соборна има 16/17 км.За градинката ајде вистина е и тоа има некои 10 км, можеби паднавме на сентименталност дека толку мал и не тргна.Сега се запишавме чекаме да се јават за оваа нашава на километар таму ќе одиме со сигурност само да се отвори.
    И не пишав за да кукам за состојбата не сум баш особа што цимолам темата беше странство вс Мк па споредив некои работи.Човек што е со кредити доволно е да не добие една плата па цел биоритам начин на живот ни измешаа.Е на тој начин дојдовме до тешкото.
    Ќе си пишеме наскоро и видиме се надевам.
    Имајте убав ден.
     
    На Chantal, muchacha_a, elcezelce и 5 други им се допаѓа ова.
  19. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Живнала темава..Секогаш кога ја отворам темава има толку многу постови успевам само ги читнам набрзинка.
    Еве дојде време и да пишам....

    Јас сум порасната со еден родител,татко ми починал кога сум имала 11 месеци.Најголема болка како мала ми беше кога ги слушав другите деца како се фалат со своите татковци,кога некој ке ме прашаше кај работи татко ти?Се поврзано со зборот татко,мене ми создаваше една голема болка во градите.
    Секоја вечер кога ке легнев скришно плачев и го молев дедо боже да ме однесе кај татко ми барем еднаш силно да го гушнам
    Ова го пишувам и солзи сами течат...

    Мајка ми се трудеше да не бидеме оделени од дргите деца.Не пракаше по екскурзии,неколку пати заедно одевме на одмор,Алишта ни купуваше кога мораше.Немав како некои други девојчиња од малото што имаа по 10 пара фармерки,секогаш сум имала две.Едните додека се перат се сужат другите ги носев.Памтам дека носев и алишта дадени од брадучетки,комшивки...

    Мајка ми со триста сили брат ми го натера да се запиши на фак.да заврши да си ја има димломата
    Да зврши,ја има дипломата за дома прашина да фака.

    Секогаш делев се,ако имамвме една банана мајка ми мене ке ми ја дадеше како помала. А јас ја земав и ја делев на три дела за нејзе за брат ми и за мене.
    За еден родител најважно е своето дете да го изнеси на здрав правилен пат.

    Мм знае дека читам на фемина,знае дека и пишувам на оваа тема.Дозна додека еден ден пишував пост и го оставив тел на маса.Па од љубопитност читнал два-три реда и ми рече глупости се ова немате што да прајте.

    Кога сме кај штедењето штедиме колку што можеме.Еве пример:на фризер немам појдено година и пол и вчера си ја скратив сама.Депилирање јок.Најбрзо и најбезбедно ми е со бикче иако знам некогаш да се пресечам во брзањето.

    Дете се разбуди и бара да јаде.

    Со вас ми останаа алиштата не спружени,а ке се исушеа.
    Гости си идат цела недела за роденденот од дете.Како Ивкова слава направивме...Денес се најави друга комшивка да дојде на торта.Имам уште 5 парчиња.
    Додека дете спиеше ја викнав комшивката(таа што многу живеам )да оретрчам до маркет да купам нешто за мезе.

    Свеки и свекор заминаа на гости на село.Така да со душа го чекам мм да си дојде да правиме вечер забава.
     
    На Coco31, Chantal, muchacha_a и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:

    Време за ручек дошло , а уште не ми текна да го правам.Ми се прејаде сиренце лебче , младо кромидче , красравичка и патлиџан .Па седнав и ручав|(А патлиџан не ни јадам:lol:

    Малата земала бројки реди и брои 1, 2 ,4,5,7, очо место8 ,ова шпански и е:D, 10.
    Пред 1 недела недела мм ми стави батерија на вагата и кога видов три 5ки:o.Колку сум ослабнала како скачка сум(facepalm)
    Ама ако па пак си трчав со малата вчера.Опасна е за гледање точакот го вози и на удолница ги дига нозите , а јас трчам и се стегам и мижам не можам да ја гледам:tmi: Си се прошетавме убаво 3 часа вчера и кога требаше да си одиме почна да плака и да се треска од земјата(lalala) и кажав ајде ќе одиме да го гушкаме тато и некако попушти:whew:
    Малку и попушти кашлицата ама и фатив една финта ,штом почне да кашла и давам вода.Ова најмногу ми делува ефикасно:$ За навечер не прашувајте:tmi:

    Мм знае дека читам фемина уште кога бев трудна , ја шпионирав братучетка ми:$ За жал не пишува веќе .А обожавав да си ја читам , неа и Дани.Инаку муабети со него за фемина не правам си имаме друг муабет.

    Јас сум од среќлиите со убаво детство.Со живи и здрави родители.За јадење секогаш сме имале дури сме ранеле и некој роднини што немале.ќесињата на мајка секогаш и беа пуни што дури од мкнење доби кила(facepalm)
    Татко ми имаше убава плата, па работеше и 2 работа, мајка ми имаше своја фирма исто добро и одеше никогаш за ништо не штедевме.за облека јас бев скромна и не барав многу.Исто и сестра ми.Јас одма се вработив после факс со убава плата.Живеевме во стан што го реновиравме неколку пати.
    Кола нова во готово си купивме итн.Сега се пензионери и фала богу не им треба пари од мене .Ниту јас им барам да пратат не ми требаат. Имав перфектни родители.Кога бев на студии картичката на тато беше моја.Требаше јас да си планирам партиципација , смештај , храна итн.
    За компјутер имаме од 1990 и тоа со колор монитор.Интернет имам од оној со телефонскиот кабел дајл ап,што пола од вас нема ни да ме разберат оти се премлади.70 денари беше минута.Епа видете.Од телеком првиот интернт ми беше 500 МБ за 600 денари.Мобилен имам од 4 година оти сум постара малку;) на претплата.Итн да не се фалам.

    Сега за мм ситуацијата е скрос друга и тој е причината зошто сме странство.Има и тој куќа нова , дури вториот спрат до пола изграден.Ама немаме намера да инвестирам во неа. Може да си купеме стан за кога ќе си идеме во мк да не се теснавиме и караме со старците.А и на мм не му се свиѓа положбата иако е во центарот на градот.
    Ама и неговите до сега не ни барале пари ниту ни дале.
    Освен на малата нормално.Јас бев најголемиот подржувач и навивач за странство оти ме нервираше некултурата во мк.Да чекас во банка и ти зимаат ред е тоа ме вадеше од такт.За се врски ти треба , партиски исто.

    За заболекар мене ми е бесплатно тука, а во мк плаќам 600 денари.Ама мк др ми е многу фин и познат.Овде пломборав заб во 9ти месец.Забот 2 години ме болеше.Мм исто вели како некој градежници стави малтер ајд доста ви е|(За протези мостови тоа е поскапо и треба дополнително осигурување од некои 10 евра.
    За земање крв овде ништо не плаќам, во мк 250 ден.На гиниколог ми е бесплатно.Пап и ултразвик исто.една другарка бремена е па ми кажа како кај нас матичните гиниколози наплаќале по 300 денари за преглед.
    Јас од здраството сум презадоволна.Секогаш сум услужена како треба и :!: без врски да фатам.За пораѓај со епидурал се породив , со ручек по мени и доручек и вечера шведска маса неплатив ништо.За прегледи во бременоста плаќав ама тоа се даунов синдром и други некој генетски.
    Фризер не знам да објаснам баш.А не ми е проблем да дадам и 100 евра.Во мк секако ме олупија и ми зедоа 4500 денари.
    Депилација си имам апаратче и си се депилирам.Нокти се прават овде за 10евра.Исто е како и во мк.Ама многу ми се оштетија од гелот и не сакам баш.
    Кола немаме зошто сакаме нова кола и во готово да ја платиме , а плус збирав пари за една обука што е 10000 евра и плус возачки.Ама сега наште ги признаа па полесно ќе биде.Имам дозвола од 2002 жално е да не ја искористам:)

    Вакво натегачки муабет правам со мајка ми и сестра ми.Во мк се е поубаво.Мајка не може да се помири и по 5 години.
    Затоа на кој каде му е убаво таму нека си седи.Јас овде сум си дома , а во мк на гости.Повеќе од 2 недели ми е премногу .

    Нова игра со малата ни е карате.Се дерам како Брус ли и ја скокоткам , а таа толку се радува само пак пак вика:inlove:

    Ајде поздрав:toivo:

    ЕдИт. @24.07 и @TutiFuti двете сваќи:hug::hug::hug:
     
    На Coco31, Chantal, Sanja1105 и 22 други им се допаѓа ова.