Добро утро Да шкртнам неколку збора додека малото гуга, средното се заиграло со татко и а најголемата спие. И она кога ќе стане ќе нема ескивирање од родителските обврски. Тогаш падар ќе треба да изигравам. Иако, да признаам, повеќе се заогруваат со средново, ама не е чудно од бреме на време да се плеснат, па едната да рика а другата АУА да и вика и да ја гали каде што ја плеснала . Денес сме суте туто комплето дома, чудо. Уствари он испадна во 04, мораше до аеродром, и веќе се врати во 08. Вчера на пулмолог. Најздрави бевме таму. Кажав дека така е кога 4 месеци се чека за еден термин. Се пожалив за начинот на кој функционира цело здравство и буквално им реков дека како родител на мали деца сум оставена сама на себе без никаква навремена здравствена заштита. Деца беа 6 месеци во континуитет болни. Едвај едвај упут ни дадоа, а прв слободен термин од цела околина беше после 4 месеци. Нормално дека се сега здрави бидејќи измеѓу беа икс пати болни/здрави. Направија неколку тестови, не се ниту алергии, рекоа не е астма, едноставно од есен до пролет ќе си кашлале. Кко ќе растат ќе се намалувало. Со исклучок на деновите кога некој вади заби или е болен, кај нас деца рано стануваат и рано ги легнуваме. Големата не преспива, средното еднаш еден час, малото два пати по еден час. Градинката усцрпува, тракатанците во градина и на балкон, често се на игралишта...па капнати се. Навечер деца се успиваат и семпикаме во кујната и се спремаат закуски, салати и даски . Линијата трпи, ама дебели и среќни. Дел ден сме толку исцедени и уморни, па ни треба едноставно тој час два да си седиме, мезиме, муабетиме. Некаде мора да се полнат батериите. Ние го правиме тоа навечер со мезе, муабети, еднаш 1-2 неделно и со една чаша вино или едно пиво...исто како да сме во бар. Иако снага и очи не не држат, секако сме уморни со или без тој час, барем сме и среќни вака. Врската, бракот, мора да се негува. И не мислам само на сексуалниот дел, туку онаа емотивна поврзаност и самата љубов. Не е романтичен. Ми има купено долен веш, по некое поклонче... но се зависи од обврските. Он ги има и премногу... За големи настани или родендени најчесто се плаши да не утне па го слушам она дека има доволно на картица или дека готовината во новчаникот е надополнета. Но искрена да бидам и без да ми е роденден си се почастувам кога нешто ми се допаѓа, па најголемо задоволство ми е заедничкиот ручек или вечера. Денес одиме кај коњите. И средната ќе ја носам, малку да им се порадува и она. Еве ги на подот со најмалата. Ја гали, имја става цуцлата во уста, ја кара со прстето. Кафето стаса. Ручек на брзина нешто ќе биде, појадок јуфки. Ќе одиме една рунда по ливадите после појадокот, убаво, свежо е, да не здрма малку. После ручекот на јавањ, бекое игралиште можеби да се доистрчаат, приквечер би када к во кревет. А ние со мезе и доза љубов. Спокоен ден на сите
Добро утро и од мене, одвај ве прочитав сите. Живнало тука. Пораснав во богата фамилија, ама за да биде богата ги немаше мајка ми и татко ми. Они бркаа бизниси и кариери, они беа нон стоп по патишта а јас растев со баба ми. Кога тргнав во школо ме земаа, и живеев со странци. Не дека не ме сакале или слично, ама едноставно нежност не знаеа да ми дадат ниту пак јас да побарам. Имаше пари за дома, ама не беа дозволени луксузи од типот на марки облека и слични глупости, ама дома имаше се', школување, курсеви, спортови, се' што ни' беше потребно. Како и да е, пораснавме во нормални личности кои знаат да ценат и јас и брат ми. Фала им за тоа. Ние сме од пелени заедно со мм, ама тоа не значи дека треба да престанеме да се изненадуваме на овој или оној начин. Посебно овој период кога месец и кусур дома доаѓам само за спиење, наоѓам (пот)среден стан, подмирени деца и куп насмеани фаци. Повеќе не ми ни треба, иако е внимателен на таа тема со ситни изненадувања. Кекс, после сезона. Сега душа немам инаку добро стоиме по тоа прашање. Ми најавија дека утре ќе сум слободна, и не ми се верува. Ќе ми биде прв слободен ден после месец и кусур, нема да знам дали да чистам, дали да готвам, дали да си играме, дали да се шетаме, дали да се гушкаме или да спијам цел ден. Од се' по малку ќе биде, и на крај пак преуморна. @Mariangel за шефот и за тебе, силни сте значи бескрајно. Бог нека дава само здравје, другото се' само доаѓа ако има здравје.
Здраво. Маж на работа, дете стана во 6, бојкотираше да презаспие, дури сега заспа. Се чудам што да правам, следните 2 саати ќе спие, а нели чисто ми е и немам работа Перев ќебиња , а јакните ги носам на хемиско кога ќе заврши сезоната и сега не ги мислам Оооо, јас па нејќам романтики Не дека немало нешто и маж пробувал, ама нејќам такви работи За подароци , купува, ама дури погоди, мака мачи Сите телефони ми ги купува он , а и парфеми. Знае кој парфем го сакам и нема утка Во последно време, све цвеќиња купуваше, во саксија А и тоа нејќам. такви некои ситни, па ми пораснаа големи и уфффф ќе признаам зошто и на него му признав, дека намерно не им ставав вода за да овенат и да имам причина да ги фрлам Сега жив цвет немам добиено, добро има по некое свежо ама па не се жалам Ама стварно лани дури бев на породилно за секоја пригода цвеќиња носеше Да стане дете да вртиме кругови... нешто да каснам , ама незнам што . Вчера малото како ни се израдува кога не виде од работа. Незнаеше што попрво почна да скока, да лази, да се смее , да вика браво, да брмчи, и долазе до мене се исправи на моите нозе и пружа рачиња да го земам Ама тоа траееше 5 мин, по галење он не е, дифтарче е (мајка ми вика нема љутиш, ист како тебе е) . Нњ сакам галење ни јас Се читаме
@Mari-Ja ме збуни со снимката, во градинка се случува ова или за друга снимка зборуваш? Јас мислев комшивката ја имаш снимано кај што си го тепа детето. Добро утро од мене. Тостови за доручек, за мене од тонус за малиот од меко пресно лепче што го сонувам. Секоја вечер по некоја глупост прави, некни ќе се задавеше со бомбонче. А вчера ми се плеткаше околу мене како што се сушев со фен, сто пати го пуштив кај татко му и ко за белја ко се затрча, а жицата ја ставил на врат, па не му текнува да се врати назад, ќе се задавеше среќа падна наназад. Еве го сега има дебела црвена линија на вратот, а секунда работа беше немаше време да реагирам. Цела ноќ кошмари имам. Да се спремиме и излегуваме, убаво времето ми се гледа. Убав ден!
Фала ви мамички за честитките. Родендено беше супер. Малце напорно и гужва, хаос ама убаво. Слики ќе ве почастам тоа што имам во телефон од дома, од игротека кога ќе ни ги даде фотографот. Инаку само пофални зборови за Киндер парк.
Здраво мајки . Само што се вратив од депилацијаСега сум пиц пец Па и исфенирана Сабајле станавме уште рано , напраив ручек , ги пуштив мм и синко да шетаат а јас на разубавување Што се тиче тема кекс, порано имавме почесто , но и сега е ок . Задоволна Искрено некогаш бирам да си полежам во тишина и да си гледам серија отколку кекс Но за се се има време За тема изненадувања, повеќе сакам да правам изненадувања отколку да сум изненадена . Маж ми никогаш не бил екстра со изненадувања . Знае нешто симболично , мало , од време на време да ми подари . И тоа е она што ми грее срце и душа. Многу сакам цвеќиња , букети .. А долен веш никогаш не ми било изненадување.. Некако многу ми е безвезе Ми излета мислата а баш сакав нешто да пишам . Ај покасно ако ми текне Ми се пријаде,идам да каснам нешто Убав ден
Добар ден! Дете спие, јас со какаото во рака и лап топот во скут. Малку рекалсација не е на одмет. Нешто се изнаплака пред спиење, како нешто да ја мачеше, а пред тоа имаше столица налик на течна, се молам да не е пак некој вирус или нешто слично, туку нешто моментално. Цело сабајле се играме и веќе немам идеи со што да ја анимирам, надвор и не е баш времето за шетање, а детево уште во шест и пол стана епа ноќ уште надвор, мене ми се спие таа вели мама зади веќица, да ја извадам од вреќичката. Сакал не сакал ќе стануваш. Во меѓувреме ручек направив месо и боранија, и една машина испра и сушарата ги исуши. Само уште да има кој да ги здипли и нареди по фиоки. Татко и ќе си дојде попладнево, издржавме четири дена сами, не ми беше нешто напорно, како големее подобра е за чување. Кога е тој тука како помалку време да имам за темава, сега овие денови повеќе ме има, тоа е одговорот на прашањето за кекс, значи гледаме да поминеме време заедно, е сега не дека секој ден се случува тоа, доста помалку откако е детево родено, ама пак е добро. Тој е секогаш за, јас сум малку мрза ама се смилувам де. Тема романтика, боже колку ме нервираше првите години кога бевме во врска, само ми идеше со некои ружи, со некои поклончиња, а ми има и писма и песни пишувано. Тогаш ги читав и ми значеа и си ги чувам и ден денес. Е сега нема веќе ништо од таа романтика, како друг човек да е, знае да каже дека не знае да ми погоди подарок и затоа ретко ме изненадува. Ама секогаш ми кажува те сакам, по неколку пати на ден, ме гушка кога е тука, јас сум по дибек за тие работи. Лани за роденденот дојде од работа со торта, букет и вино и моите омилени чоколадни бонбони. Имаше и картичка со посвета на која пишуваше Среќен Роденден те сакаме и неговото име и името на ќеркичката. Тоа беше и последното изненадување и воедно многу се израдував и ми значеше повеќе од часовникот кој претходно сама ме натера да си го изберам оти незнаел што да ми купи. Јас пак кога можам сакам да го изненадувам, едноставно сакам да спремам и да смислувам интересна атмосфера, вечера со свеќи, домашно кино со еден куп перници на под и кебиња,се гледа дека сум гледала многу романтични филмови, е сега поретко откако сме родители, ама се снаоѓаме. Туку има една група на фб за наши што се доселени овде, се расправаат за името, ги читам ама не сум тип што коментира во такви групи, сакав само да кажам значи толку прост народ сме и толку злобен тоа чудо едно, ние и на месечината да се качиме пак нема да не биде @Цвет88 нека ви е среќен роденденот со задоцнување, незнам како сум пропуштила. Многу убави слики. Убав ден.
Еве легнав и јас, пмс ме тресе ама ме тресе стварно више 2 недели што се вели, денес и ми се затнаа уши ми се слоши и ме боли глава а и врела пот ме облива од сабајле турбо де ручек прави де дете средувај де купатило чисти де смукање а вечито не средено - мајчински домаќински муабети. И капнав удпав дете станав се напив појачан магнезиум и в кревет да искоростам бар еден час мир да се смирам од треските па после пак јово на ново се од почеток плус со маж дома. Тука облачно и ,спарно аман да заврнеше да оладеше малку, ама сепак и вака се живее подруго е. @emkaemka Те читав со играчкиве и фазава, па се насмеав онака од срце, јас мислам дека сите малечки буквално сите ја почнуваат фазата од пред година и инаму додека не направат барем 3 годинки таа е фазата, мојот исти е, уствари одамна, ќе видиш сега како никад ништо нема да е средено по дома, де мачканици плус од храна ќе има, мојот има ритуал уште од помал од креветче буквално се што му се најде при рака да фрла и да се смее, па излава и тоа сам од креветче па пак ги собира ги фрла у креветче и пак фрла и се така у круг а многу често плаче јас да му ги фрлам па он да ги џитка и е најсреќен кога трескаат и се кршат Јас се чудев како во англија се ми беше пиц пец дека беше мал а сега таман ќе наредиш за 5 минути се е расфрлано и размачкано, оти столицата негова морала да е сред соба, смукалката исто, бибето е качено на спална горе, мечињата исто се на спална горе, цуцлите и шишињата мора да се под кревет и така Ако дигнам нешто на свое место плаче и се треска не смеам. Не ретко кога го виде шампонот некаде го граба и трча со него у спална и кроте молчи, и шмука демек ќе пие ама не може оти е затворен, не 4 очи туку 10 да имаш малку се за фазава. Некогаш глава ми се мати и очи од фунционирање и пазење. Чекам маж да дојде, му рендав моркови правев ѓевреци ќе одмориме со него и ќе фаќаме патот Убав ден
Добар ден и од мене. Дете спие јас не се научив да спијам додека тоа спие, многу ретко легнувам и тогаш се нешто ми текнува па си велам да станам подобро. Си легнавме синоќа рано синко убаво спиеше ама затоа кај мене проработи марфи, па 20 пати станав за вц, носот чешма само станував да се бришам, киселини гратис и јас пак жива ненаспана. Од 7 ипол сабајле не крена дете од кревет, јас сум полошо и од вчера не попушта настинкава, волја ни за чистење ни за шетање, времето лето чиниш на среде Август сме, ќе истеравме плажа ама кога не ме бива тоа е, мм зеде хамбургери поминавме за ручек, за дете ќе биде нешто на брзина кога ќе стане да руча и ќе излеземе да се растрча и мене ќе ми годи свеж воздух. Ете и сега наместо да си легнам одам кафе да си правам. Кој е за повелете
Добар ден Ама ич не ми е добар.Испив капучиното.Се ме живо боли десна плешка не можам да мрдам ни со рака ни со глава.Грло ме гребе.Кашлам и глава ме м'ска. Големиот од четврток до сега е нон стоп со тт.Испод 37.9 не се симнува.Синоќа немаше ни 4 часа од како му ставив чепче неофен и замислите сум заспала 20 мин и во 00.10 мин рипа наеднаш и фаќам дете врие седнало до мене гори.Леле кога измерив имаше 39.6 се збркав земам дете соблекувам и во купатило туширам со млака вода и во главата ми доаѓа од фемина вашите совети глава да не се мокри.После спадна до кај 38.4 па сируп му дадов и до 4 не сум око склопила.Со топломерот у рака бев до сега.Почна да ми се жали и на грлото ама и кашла многу бре.Товарам децата и право на брзата.Крајници.Мора антибиотик.Ништо купивме што требаше и дома.Сега има точно 37.Заспа.И малото заспа. Колку се плашам од висока тт.Чичо ми кога е бил мал не го однеле на време и му изгореле нерви нешто незнам човекот не може да зборува и слуша.Баба ми цело време ние кога бевме мали викаше брзо на болница не си играјте со тт.А исто сведок сум кога братучед ми имаше околу 2 год од висока тт доби грчеви.Уште ми стои сликата пред очи. Значи овие мои деца од 1 јули до сега се нон стоп болни.Од тогаш тргнаа во градинка и на малото носот не престана да тече 3 месеци.А големиот постојано со тт и кашлање и крајници. Не да полудам стварно не можам веќе.Сакам да пораснат да не се разболуваат толку често.Само се молам господи чувај ги и со лесно да поминуваме. Дури исправ тепихот на две на три оти по него имаше истурано се живо од вода до сок пиво и што уште не.Стои на сред соба и деца си играат да не им е голо оздоле.Ќе се исуши до утре и ќе постелам.И некои ќебиња да исперам.И спалната исчистив од сабајле.Јадење ништо.Нешто на брзина ќе им направам кога ќе станат. Одкако маж оди на пат заминува ние одма сме болни.Како да се лути животот што ги остава.Лани малото нон стоп така.Сега пак. Да си полегнам малку и така свекор ми е кај ќерка му и помага печат пипер,па немам обврска да правам ручек. Убав ден жени....
Еве не и нас. Добар ден , правам втора тура кафе , кој е за нека повели . Ние само што ручавме , бебе ми заспа на хранилка и еве ги сега со мм спијат . Јас се фатив за книгата , значи не ми се верува цел факултет без проблем , за сега на крајов една старка од професорка да ме бутка 5 пати. Да да убаво напишав 5 пати , значи веќе усвет ми се фаќа . Сега во понеделник пак да видам што ќе биде. Гледам многу теми сте почнале па ај со ред. Имав убаво детство , да не претерам ама моите како принцеза ме гледаа , бабите и дедо( пошо другиот не го запознав) цело време беа по мене. Јас еден ден во градинка немам одено. Сакам да кажам и мама и тато работеа и секогаш ни удоволуваа дома мене и на брат ми. Секогаш беа сложни и до ден денес се такви ( иако мајка ми вика дека штом за мојата свадба не се оставиле не е страшно ) Мм има работа што е добро платена и можам да си приуштам неколку посети на депилација , фризер итн , иако читам дека по скопје се многу поскапи тие работи , во мојот град и не се баш. Со кредит стамбен сме и ние , на почетокот живеевме со неговите , ама сега фала му на бога е подобро , се надевам кога ќе се вработам и јас уште подобро. Мм почна нешо за странство да ми зборува ама гледам брзо прекина. За романтика мм порано беше поромантичен , сега не толку , може и пошо јас не сум , а и искрено тоа цвеќиња ме нервираат, не сум обожавател на истите , ама затоа убава чоколада не одбивам па и 100 кила да се направам ( а како сум тргната ...). За кекс , не сум задоволна од сегашната ситуација , два до три пати неделно , ама сега иде ладничко па повеќе ќе се гушкаме. Се распишував јас , а книгата ме вика , убав ден женски.
Добар ден. Мажинава мои спијат и јас лежам покрај нив да испружам нозе малку.Го слушам дете како добро хрчи со носот,се надевам на тоа ке остане.Сакам во понеделник да го носам на систем. и вакцина треба на примни таа на 18 месеци што е.Требаше пред роденденот да го носам но откажав ми бзше страв да ни имаме реакција. Вчера бевме излезени сами со дете да му купам нешто за носење со парите што ги собра од роденденот.Во една продавница дете се лом направи,од закачалките до диплените алишта се што дофати се свлечка долу на под.Продавачката вели ако дете е нека растура,Млада брше и сигурно имаше усто дома па затоа така рече.но мене незгодно ми беше. Мене заби ме болат или непцата ми се воспалени,неможам дури ни да зборувам.На синко му растат петките,почна и храна да ми одбива, имаме течна столица,се лигави ,пика се во уста и многу каса не силно но каса.Уште овие да излезат и да одмориме малку. Мм подобар е од сношти го боли ама можи да се свитка.Сношти имав две бебиња на двете му облекував пижами,но што да правам се нервирам мм се инаети не оди на доктор.Не си го гледа здравјето.Сите домашниве гледаат да го искористат.Свекор ми го прака да работи кај некои пријатели негови нека оди тој ист занает имаат,што го прака мм.Нас ни требале пари затоа го пракал мм а него не му треба ако не е мм ке умрат за јадење.Ние и сметки плакаме и купуваме за јадење.Никој не ти верува дека не можиш нека те боли нешто.Има упте за пишуваее но доста е,претерав веке постов излезе од оваа тема. Ручек за нас денес ништо ке ги собереме остатоците од вчера.За дете направив сарма од лист од лоза,ммм и јас ке јадам од нејзе. Одам да пуштам една машина..почнала ефтината.
Добар ден. Денес пократка ќе сум. Убаво поминато претпладне. Прошетавме до парк со мои многу драги особи. Синко отспа таму една тура, а еве го сега за чудо тера втора. Ќе видам колку ќе потрае. Сакав да си легнам до него, ама ми се најавија гости, а не знам кога ќе дојдат, па си чмаам. За кекс и јас не сум задоволна после пораѓај. За жал најчесто јас расипувам, зошто додека намириме дете навечер, додека средам по дома, јас сум капната. се надевам ќе следи подобар период. Вчера успешна прва ноќ без цице. Се надевам ќе продолжине и денес така. Па ако ова успее, порасположена ќе сум за кекс. Па и ќе одам фризура да направам(да се шатирам), ианку фризер одам еднаш во месец или на два, ама дека кратка коса па мора да одржувам инаку на ништо нема да личи. Туку кога завлеговме во тема финансии, дали дома финансиите ви се на куп. Имам пријателка која со две деца, а со маж и уште имаат нејзини и негови пари. Мене ова ми е несфатливо. Имајте убаво попладне.
Добар ден мајкички Маж замина до Кавадарци грозје да купува решиле вино да ставаат со свекорот годинава ,синко заспа а и јас некако мрзливо се излежавам покрај него ,денес така некако ништо не ми се пипка по дома се чуствувам преморена некако ,а изгледа и ќе настинувам .Од сабајле бевме шетавме бевме пред Веро имаше некој хепенинг за деца ,неколку штандови делеа подароци за дечиња ,неможам да се изначудам колку мизерен и прост народ сме ,значи на штандовите даваа подароци за дечињава ама македонче кај му даваат малку му е едно ,па дај и за братчето и за сестричето па и за комшичето на крај Прошетавме со синко ,малку таму па испазаривме во веро и си дојдовме дома .Па ручек за синко спремав ,ние јадевме тоа што остана од вчера плус свекрвата пита правеше од сабајле па се помина ручекот денес. Утре ќе се шета со старосватовите ама уште не договоривме каде ,ќе смислиме до вечер На синко мој омилена играчка му е пластично шише и капаче може да седи мирен сигурно едно 15мин да се унесе со отврти заврти ,иначу и он многу сака се од повисоко да фрли и да тресне што посилно и дури и потрепнува ама упорно фрла на земја се .Емка и Ано и моево се смее на глас кога некој му мрда со стапалата Јас имав убаво детство неможам да се пожалам ,имавме за пристоен скромен живот . Мажот ми воопшто не е романтичен ,еднаш напочетокот кога бевме во врска дојде дома кај мене на врата со ружа и се секавам мајка ми ја отвори вратата и он целиот усрамен и вика мораше баш овој пат ти да отвориш Ми има купено лаптоп за роденден уште кога бевме дечко и девојка и ми купи кола кога се земавме па често знае да се нашали и да каже дека со тоа ми се одолжил за следните 10 родендени за кексот што се однесува до маж он би секој ден ,јас малце сум турни ме да кинисам ама гледам колку можам да не забушавам Јас мислам дека во брак во заедница нема мој и твој пари заеднички се се знае ,ние конкретно функционираме пример вадиме месечно некоја сума која ни е за трошење за тековниот месец,другото се штеди на картичка . @Цвет88 најсреќен роденден на принзецата @blessed.an до малата со помин да е што побрзо . Убава саботна вечер
Браво, супер, храбро дете Неколку страни наназад читав па прочитав дека имате и мака со курето ептен жал ме фати, и сега кога прочитав дека си одите се израдував Јас немав проблем со синко, од бебче по малку го отварав за да го мијам на бањање и без проблем му се отвори ама знам дека има многу што имаат мака. Не знам зошто не почнат да го решаваат тоа кај машките деца уште на раѓање. Сте свртеле бааѓи тешки теми, детство имав ок, после некои многу неубави случки може да се рече дека имавме среќа у несреќа, имало ама и немало многу но не се живееше лошо. Баш кога бев во тинњјџерски години можеби најлошо стоевме финансиски ама во ѕоа време и со 100д сме си поминувало убаво, со другарките сме знаеле и без динар во џеб да се шеѕаме од кафиќ во кафиќ само дома да не се седи и не но беше лошо. После почнав и да подработувам по нешто колку за џепарац. Сега сме релативно ок финансиски, јас не сум трошаџика ич, посебно не за мене. Мислам дека најмногу пари ни одат по супермаркети. Одмори тераме стандард лето пролет и зима, чат пат по некој викенд а да се прашува мм и секој би оделе некаде. Јас како стареам се повеќе дома ми се седи @muchacha_a ако ти е за утеха и кај нас е слично, ова малово многу ми се разболува и ептен сум загрижена поради тоа, а уште ни во градинка не сум ја пуштила, демек ќе ја праќав ама како кога дома е болна. Некогаш си мислам јас да не грешам некаде со детево немам памет веќе, со големиов немав проблем волку, он сега си има хроничен проблем поради алергии ама некако полесно го поднесува. Малово во неделата заврши со антибиотик поради гнојна ангина, во средата бевме на контрола се беше супер и крвна слика и физички преглед се, во четвртокот полна да подкашлува . Има малку и мрсулчиња се надевам дека со течности спрејче за нос ќе помине. И купив спреј прополис не дава да и прскам па и најдов решение на малку шеќер ќе и напрскам и така го сака. Па и една тешка што е за соработка да пукнеш од мака. @Mari* не наев дека си Германска снашка , мислев дека сте двајцата наши од тука сте заминале натака. И за @danichap така покасно сконтав од овде, споро сфаќам нешто . Кој каде и со кого си ја нашол среќата, важно да му е убаво , нека збори кој што сака Се распишував многу ама одамна тука не сум пишувала. Зверка заспа, денес не ми преспа на пладне едвај издржа, одам да го инхалирам големион па ќе гледам филмче. Добра ноќ
И давав мед со млеч, сокови природни со аронија ама сега почнав дефендил и планирам неколку месеци да и давам да видам дал ќе има ефект
@M&M не сум бе Германска снашка ама се погерманчивме Деца болни мали со тт и растечено носе Могли цела за никаде ама без тт Сабајле мора да одиме на пат Како ли ќе не биде