Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.088
    Допаѓања:
    154.723
    Пол:
    Женски
    Абе што ме буните вака, убаво сум си мислела јас :)
    И заборавив преска @Mari-Ja да кажеш што се случи со комшиите, греота детулето, страшно за слушање а тек како му е него :(, прва реакција на сите е пријави ама пак од друга страна ти го разбирам стравот потполно, не можеш да знаеш што се може да повлече тоа понатака. Во секој случај превземете нешто, пробај прво со писменце па ако и тоа не оди нешто треба да се смисли
     
    На gjoker4e, Mari-Ja, elcezelce и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Да напишам некој ред, како што е ред и да се одјавам за денес:)
    Синко конечно се предаде, да се спие или не прашање е сега, а ми се гледа некое филмче така опуштено некоја лимонатка, комедија..
    Носот ми е сеуште чешма па и да легнам знам дека ништо нема да биде од спиење:shake:
    Утре сме сами со дете неможам ништо посебно да испланирам на подолга релација, зошто ми го нема превозот. Ете во вакви моменти се нервирам што немам му.а да полагам ама едноставно јас и возење не неее(lalala) некогаш може и ќе се решам да седнам зад волан ако осетам дека ми е неизбежно. Вака се ми е пеш од 2 до 20 минути..
    Да станеме ќе се средиме и ако сум подобро ќе го носам на лизгалки, може и кафе и сладолед ќе апнеме покрај езеро и неизбежно да ги храниме бебедите(лебедите):nod:
    Мм вика по мене, ве поздравувам. Добра ви ноќ:*
     
    На Coco31, emkaemka, Seline и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Добро вечер:yawn:

    Обично спијам ова време ама сега уживам во тишина.Пијам зелен чај што ми остана од вечерата.Не ми е вкусен требаше црн да си сварам|(
    Преморена сум денес како 3 дена да ми поминаа.Од сабајле станав и средив стан за 2-3 часа до дека малата и татко и се возеа со точаците.Требаше да одам да пазарувам и од тие кутиите за играчки од лидл да си купам , ама кога го видов хаосот :oрешив да чистам:nod:
    Имавме договорено со мм да одиме денес на фестивалот на змејовите ама не отидовме .Толку дува ветер ладен што ушите ми паднаа чекајќи автобус:emo: Ама затоа отидовме на ручек во мензата (така си го викаж ресторантот) се наоѓа во еден тргивски,ручавме и фативме автобус за да одиме на фестивалот за на крај да завршиме во друг трговски.Ја подновивме малата со јакна и други ситници по еден број поголем. Гледам зимното палто ракавите и се 3 прста пократки.Трчавме таму оти така со дете се пазари и на крај заборавив ваучари за воспитачките(facepalm)Од 2 трговски што бевме , а талија има секаде:envy:
    После вртевме и отидовме до еден фест што ни е во наша близина.Имаше рингишпил, колбаси, пиво и благи бадеми што ги обажаваме со мм.
    Малата луѓе цел ден беше толку мирна како без дете да бевме.Не сакаше ништо , а и ништо не јадеше.Кога си отидовме дома имше проливче.Може и затоа беше мирна:( Се надевам дека ќе и мине брзу. Ја заспав заедно со мм и правец лидл.Немаме ни леб ни ништо.Како се натоварив едвај дојдов, стварно сум будала:punch:
    Си вечерав и сега да пишам и ќе легнам.

    За романтика мм не е романтичен имам пишувано.За сите поводи цвеќиња ми купува т.е за него ги купува.Му реков не ми купувај веќе еве го пред некој ден пак ми носи без повод:f:Ама толку убаво цвеќе луѓе многу се израдував.Сега ќе видиме во вторник што ќе ми даде за роденден:sun: А јас сум многу романтична-вага. Му имам направено неколку изненадувања за роденден.Еднаш бев трета средно отидов во Ск на неговиот факс и го чекав од предавање и го изненадив.Толку беше среќен.Одма отидовме во Стив таму живееше , и имавме 2 пати кекс:inlove:
    А за кексот тој секогаш е за, иако е преморен во текот на неделата па за викенд си надокнадуваме.
    Што вика мм кога бевме без дете имавме 2 пати на ден со 2 свршување, а сега два пати со едно свршување:rofl: Често имаме среќа малата да не прекине па после си продолжуваме.Море сега е опасна станува и отвара врата и ме бара:$ Туку што ќе правиме кога ќе разбира?Ајде искусни мајки кажувајте како да не не фатат децата:D

    @Цвет88 среќен роденден на малата , жива и здрава да си расити.Многу е слатка машала :inlove:
    @Mari* со среќа утре се да биде како што треба децата да бидат фит(fingers)
    @Mari-Ja јас не би се мешала зш не знам добро германски.Кога ќе ми се опнат која си ти да ми кажуваш(lalala) А имам и јас едни лудаци спроти нас на 5ти.кога се преселија беше хорор комшии од 3ти спрат слушаа и одеа да ги опоменат.Мислам не го тепаат детето ама мислам некој ќе летне од тараса некој ден.Сега се подсмирија фала богу.

    Како би на пастрамалијадата ама не јадам пастрамајлија.Добра ноќ:*:
     
    Последна измена: 22 септември 2018
    На Coco31, emkaemka, Seline и 21 други им се допаѓа ова.
  4. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Добро вечер
    Се вратив од работа успав дете, душа мамина не заспива без мене, маж пратив на пиво у парк а јас седнав да ве исчитам на раат. Доста теми отворени, различни мисли и искуства. Најпрвин среќен роденден на малите на @forumce и @Цвет88 живи здрави и весели. На @Mariangel огромни :hug:. Баш ми е мило што се враќате домче.
    Честитки за годишнина на @24.07
    Ако испуштив некој да не ми замери.
    Во врска со темиве
    СТРАНСТВО не сакам а ни мм. Ако сме принудени ( финансиски) ќе одиме.
    Детство добро. Мноогу љубов и разбирање. Финансиски така така. Татко ми, бог да го прости, работеше по цели денови за да ни овозможи на мене и сестра ми шкплување и се друго. Пет дена пред свадба почина од возбуда. Удар. ;(;(;(
    Тој ми е симбол за борба до последен здив. Ми недостига и во среќни и тажни моменти сакам да е со мене.
    Се земавме со мм и се во животот сами правиме. Немаме помош од никој и сме горди што се сами си правиме. Имаме доволно за нормален живот. За повеќе со господ напред. Радоста е ние двајца и ќерка ми заедно. Мм работи по цели денови ама во денешно време скоро кај сите е така. Јас продавачка во молот иако со факултет ама тоа е.
    Мм и романтика два различни поими. И многу се лутам на тоа. Еве ти пари купи си подарок. Е несакам. И една чоколада нека е ама ти сам да ја купиш.
    Секс. Он би во секое време ама јас со обврски еден тон многу забушавам. Ама знам некогаш добро да го изненадам:D
    За форумов знае ама не чита. Коментар како повеќето " и што викаат феминките, они така ти кажаа" :)
    И така.
    Ни фалат @BirMelek @Capricorn Taurus
    Имајте убава вечер гушкајте се и живејте го секој момент. Уживајте во мали нешта.
     
    На Coco31, emkaemka, VedaG10 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас овде, денес 2 пати дури. Средив се што требаше да средам и на спиење. Шетавме малку ама планот од едно на друго се претвори а мене ме мрзеше да одам низ центар да шетам без количка па знаев ќе треба да трчам а не се осеќав баш нај па се вративме и в кревет сите. Маж го масирав оти е преморен и ми рече дека го печат очите за спиење па заспа а јас кај да е ке се паркирам меѓу нив ..
    Утре недела, убав ден за сите заедно, ќе доручкуваме и правецот ќе го фатиме сабајлечки сакам, да поуживам и одморам од домата де.
    Убава ноќ на сите.
    @Mariangel :hug:
     
    На Coco31, emkaemka, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  6. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.868
    Пол:
    Женски
    Добровечер од мене мајки,

    мм и малата спијат, јас седнав филм да гледам демек, ама во меѓувреме се заиграв на нет порачував облека за малата, страв ми е да проверам колку потрошив. :?: И изнакупив спремна е за зима џемперчиња, фустанчиња, ке се пофалам во темата кога ке стигнат деновиве. :inlove:
    Ептен го сакам овој период, есен, свежо време, да си се дотераш со палтенце, џемперче, убавина.
    Комшивката спроти мене го спремила дворот за Halloween, ке ја дотерам ќерка некој ден ке ја однесам да ја сликнам, цел двор и е со огромни духови, чудовишта, зомби.. :D
    За Божиќ уште повеќе украсува, со мерак си гледам низ џам. Јас само дома си украсувам, под кирија толку се може. :D

    Утре ке се шетне негде. Мм ме задолжува јас да најдам дестинација, а јас па појма немам кај да се оди, што да се прави, пак ке е во некој парк за да се истрча малата, евентуално негде набрзина да каснеме, дека за седење ич не сме, ке не избркаат од ресторан. :shake:
    Во план ми беше вечерва да се налакирам и да си средам веѓите ама ништо од тоа. Арна сум си. 8)

    Да си догледам филмот.

    :hai:
     
    На Coco31, emkaemka, M&M и 21 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.214
    Допаѓања:
    124.928
    Да се пријавам неделно :)
    Ми се чини пола ден ми мина:sweat:
    Мали стан во 5 (facepalm) Сто пати му кажав дека е недела и дека треба да поспие (барем до 6 :lol:). Се научил да си ги соблекува пижамите(долниот дел) па така играше во креветчето до 7.30. Јас со едно око го гледав со друго дремев. Пробав да го презаспијам,нејќе. Али успешно испи дури 40 мл млеко(fingers) од шише. Му ставив мед па изгледа затоа. Потоа едно лажиче маџун , тоа ни стана ритуал. Мене маџунот ми е гаден и не го можам, али малово го обожава. Кога ќе го види теглето отвара толкаво усте:lol:

    Сварив какао, испружив нозе. Се туширав,две машини извртеа, сварив турско на маж, наредив испрани алишта и постелнини на нас и на синко.
    Најверојатно во парк ќе се шета.
    Попладне е резервирано за дедо ми, секоја недела доаѓа биле или не биле тука:D Еднаш се подналути зошто не сме биле дома :^) А и вчера му викам дедо пред да дојдеш јави се, дали ќе сме дома! Аха да. И на крај ајде утре ќе си играме со внучко :rofl:(значи бидете дома:!:).

    Не викаа на Марков манастир, не викаа и на торта, ама откажавме првото а баш ми се одеше. Али кога разбрав дека доаѓа еден пар :wasntme: откажав. За тортата ќе размислам,децата им беа болни до завчера валјда се оправиле:)

    @Ano за парите ,хмммм , јас сум му рекла на маж ми дај ќе вадиме од плати и ставаме на едно купче тој нејќе. Сега нормално трошиме заеднички, ама знаеме да речеме-јас ќе платам,ти плати... Ова се рачуна како делење ? :angel:
    За штедење, тој е штедачот. Плати и одмор и роденден на малото(lalala) Пораѓајот тој го плати (waiting) Мене ме боцка нешто ако имам пари непотрошени:bandit:

    Вчера почнав да пишувам за детсвото, па избришав.Ве исчитав сите. Па кратко ќе кажам(а вчера беше долг пост), имав преубаво детство :l: Како што опиша Емка, само се замислував дали детската комјутерот и интернетот ни биле ставени исто време :rofl: Од 2 год на море во Грција одиме. Татко ми цел живот директор беше, мајка ми си дала отказ за да не чува нас 8) зошто не фалело. Се вработи во школо дури кога бев 1ва гимназија :) Другарките стално ми викаа дека сум разлигавена оти мајка ми ме чува дома и ми оди по газот. Напротив де. Ама беа љубоморни, па често криев колку пари пример сум ги купила фармерките:whew: И фирма приватна отвори 2,3 год пред да почине, мајка ми управител беше(само запотпис де). Ееее кога почина , се смени. Фирмата прво мораше да се затвори. Да се насмем, ама џабе директор кога незнаел да краде ;) Само го збореа дека ќе немаме гајле оти нели цел живот крадел... народ... А тој една добричина што беше, му се лутев што е таков. И нејќев да сум на него , ама за жал сум :) Настрана што беше директор, си купи 2,3 ниви и си работеше сам, секој викњнд релаксација му беше... ептен беше вреден за тоа.
    Шала на страна, ама се што имал вложил валјда во фирмата, а и еден не закрпи 10.000 евра , и ден денес не ги врати:( Ние на факултет во приватна квота. Така да баш имаше денови кога се имаше само за леб:( Да не беше дедо ми, којзнае како ќе беше... среќа имотен е па помагал цел живот.
    Сега сум задоволна од примањата. Се не може да си дозволиме ама живееме убав живот:) А и колку и да имаш , ќе сакаш уште нели?

    Уф се распишав!
    Маж пак вика. пак си на тоа фемината:bandit:
     
    Последна измена: 23 септември 2018
    На Coco31, emkaemka, Seline и 28 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добро утро мајки
    Ден година, така е кога од 05 ќе започне :devil:.
    Средново вади заби, нервозно и страшно напорно е. Најмалово се мачи да пробијат кецовите, и тоа разлигавено и раскенкано. Големата да ја пофалам, жими она е стварно златна периодов.

    Вчера максимално го искористивме денот. Дефинитивно момата продолжува со јавање, ептен беше среќна. Средново и оно беше со нас, стандард, сака се што и големата сестра, ама малецко е за тие чуда.

    Денес стемнето, врне, мрачно...
    А сакав да одиме во некој забавен парк. Некако ми достуде во базентот во кој бевме редовни изминатите месеци, не ми се оди, а и последен ден ми е од менструација.

    Но ќе биде изгледа домче. На жалост. А како би во некој шопинг центар:bandit:.
    Маж се израдува дека дома ќе се седи. Отиде до кај колегата да се догововорат за обврските во тековната недела.
    Кога веќе дома сум сама со сите три, реков не чекај ручек:tmi:. Рече ќе купи готово:wasntme:.
    Мана не наоѓам, даш шта даш.
    Утрото поиграа два часа. Односно големата играше со пластелин и кинетички, боеше, а средното галами правеше (facepalm):rofl:.
    Важно и она скрстена на маса, пробува што прави големата сестра да имитира, па се што држи другата во рака нели поинтересно, а таа не го дава, па ќе се наапи средново, па се ќе фрли, па во очи гледа и се заканува дека ќе стави во уста, и врвот. На маса ќе се качи и обид на масата да скака врз “уметничкото дело” на големата:x:worried:.
    Мир да биде и дадов краставица да јаде.:tmi:
    Средното спие, најмалото потерува... големава си скака на трамболината. И кафе дури ќе успеам да испијам.
    Пријатно неделно попладне.:coffee:
     
    На Coco31, Leo_29, emkaemka и 30 други им се допаѓа ова.
  9. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Добар ден :sun:
    Да почастам и јас по едно кафе за сите :)
    Денес денов рано почнат . Дома средив нешто , колку да не е без ич . Пуштив една машина . Свекрва ми зема да ги испегла алиштата на син ми .Немала што да прави па да се занимавала :)
    Син и маж пуштив на шетанција јас одмарам и јадам ајвар:rofl: . Да можам цел леб би изела, толку многу ми е слатко
    Син ми е во период кога само мама вика и бара :l:Ноќно време се буди и вика по мене ,ме гушка ,ме стиска :inlove:
    Убавко ми е :l:Син на мајка :hug:
    Се разнежнив :)

    Сега ќе си направам едно убаво кафе и ќе поуживам . Па да се спремам ќе одиме до кај моите на ручек .
    @Ano околу финансиите ,јас носам секогаш помалку пари од мм . Сите пари ни се на купче. Т.е јас кога имам потреба од повеќе пари си зимам , кажувам.Сметам дека тоа не е ниту срамно ниту глупо . Кај нас дома за пари маж ми води евиденција . Јас не сум по таа работа . Ако остави на мене нема ни да има пари за да ги водам :rofl::rofl: Вака секогаш си имам пари и не се замарам . Кога сме излезени од исти пари трошиме Кај нас нема мои твои.Имаме и една картица која си ја носам јас, има некоја сума на пари.За секој случај си стои кај мене :)

    Убав неделен ден женски :f:
     
    На Coco31, emkaemka, ma4e1311 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Среќен нека и е најсреќен роденденот душа мала колку е среќна исто како синко мој да го гледам :hug: :*
     
    На TeddyGrey, gjoker4e, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.

    Се истуширав,си направив едно кафенце и седнав да пишам,додека ѕверчево и мажево си нанкаат.

    Вчера приквечерина појдов до комшии малку на помош за лупење пиперки(да одморам малку од ѕверот мој)Него го оставив со мм играле,ср бркале и пиеле сок,а знај дека јогурт пие пред спиење немало гајле дете ке мочкало повеке.

    Кога си дојдов дете не сака да спие,пишти сакал де со мама да спие де со тато па со никој само со макс и меме(мечките).И така си заспа со плачење дури во 22:15.Утрово одвај го разбудив во 8,ние со мм веке имавме кафе испиено и тој веке беше излезен за да работи.

    Трета машина врти а уште една чека на ред.Една спремна за пеглање,се мислам дали да почнам додека дете спие или да одморам и да ги оставам за утре.

    Ручек готов човте јанија за сите,за синко тргнав на страна да се излади пошто одма баеа јадење.А колку ке изеди не се знае,се надевам ке касне повеке од утрово..Одамна немаме излезено сите заедно,ич не ми е важно каде ке одиме само сакам заедно да сме тројцата.

    Кафето го испив сега отворив едно чоколадо од дете па повелете облажетесе...
     
    На Coco31, emkaemka, VedaG10 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :)
    Денес на куп сме, па имам време да пишам, додека бебе и мм спијат :D Обавезно мора и он со неа да си дремне, значи ко две бебиња да имам се осеќам :D
    Се мислам да станам кафе да си направам, некако денес уште од сабајле сум во бунило. Бебе стана за млеко во 8, па мм ја однесе во дневна и ме остави да поспијам. Се разбудив кај 10, гледам нема маж, нема бебе, па кога рипнав (facepalm) Ми се сврте дури. Заборавив дека ми кажа дека ќе ја земе за да ме остави да поспијам. Па леле кога ми текна треба доручек да и спремам (facepalm) Се потепав во кујна. Завршив све, наранив бебе, ама така хаотично ми се одвиваше утрото што цел ден сум како мутава. Ни кафе немам пиено, лице си измив пред пола саат дури :x
    Мајка бе. Многу се потценува значењето на овој збор, некогаш така си мислам. Не ради утринава, онака општо гледам луѓево генерално мислат дека мајките глумат жртви, дека денес све има на готово, па ко ќе слушнам како порано переле пелени, а ние денес сме имале вакви ко што имаме... па зошто некогаш готова кашичка јадело бебе, не било тоа здраво... Сакам да им кажам на сите да одјебат (со извинение), каква ли јас тоа немајка сум за разлика од нив, ама преќутувам. Вчера мајка ми ми даде еден таков коментар, за кашичка готова, ми идеше да вриснам од нервоза. Преќутев. Обично не коментира и ме поддржува за се, ама така ме пецнаа зборовите за кашичката. А сведок е дека секојдневно јаде бебе само домашно приготвено, што и текна така да ми префрли се чудам. Не се лутам, немала мајка сигурно намера да ме навреди, ама аман бе, стариве осет немаат некогаш. Свеки па да не кажам кај ми се качи више со тоа дека три сина сама изгледала и била дома со нив, не работела, ама па затоа децата со мајка си пораснале. Демек ќерка ми без мајка ќе расте ко ќе тргнам сега на работа. Сите најмајки, а младиве мајки најНЕмајки. Преку таквото више.
    Морав да се испразнам, ми тежеше. Ќе ми извините :D
    За пари дома, се е заедничко, нема мои и на мм. Дете има штедна, таа само ја полниме и не ја чепкаме. Мм раководи со финансиите во смисла сметки и сл, јас не сум пари да ми дадеш :D Ме чешка секој денар :D Ама подобра сум од порано во смисла трошење. Сега трошам за бебе многу, сакам се да има најубаво и најдобро, јас сум мање битна. Пред бебе знаев да си се почастам сама (не дека и сега не, ама мн поретко), да си купам некое брендирано парче повремено и сл. Мм никогаш не ми пререкол, фала богу добри примања имаме и двајцата, па се има за се основно, па и понекој луксуз. Одиме и на одмор, на зимување, не се стискаме, ама секако не можеме се да си дозволиме, нормално.
    Отидов кафе да направам, се заборавив пишувајќи :D поздрав :hai:
     
    На Coco31, Leo_29, emkaemka и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    Станатати пристојно во 7:30(со епизода од пола часовно вриштење во 5). Се изгушкавме со синко. Спремив доручек за него па се ранеа со татко му, а јас се спремав за на трчање. Замислете со цел памет се пријавив на бизнис ран, а 100 м не сум истрчала од пред бременост8-|.
    И замислете ги истрчав и тоа полесно од пред две години. Дали фатив добро темпо или незнам што беше, ама горда сум на себе:lol:.
    Ме пречекаа маж и дете пред цел. Уште повеќе сила ми дадоа.

    Се прошетавме после заедно низ парк, се прибравме па дури и сила за ручек да спремам смогнав. Поточно два, еден за синко и за нас печени ребра со компири и марула салата. Си туривме и по мачку пивце.
    Е сега завршивме со јадење и јас кома сум. Одам да легнам со синко и се надевам ќе не почасти со подолго спиење со оглед на тоа дека првата дремка му била само пола саат.

    @eli25 не е муабетот за вадење на купче. Држиме се по сметки каде ни легнуваат. Зборувам за ситуација со сметки мерење кој колку потрошил од своите за дома, па и за деца. Ама секој си знае за своја куќа. Мене само ми е чудно како функционираат.

    Имајте убаво поладне.:f::sun::f:
     
    На Coco31, emkaemka, VedaG10 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки!
    Секој ден ве читам и се си велам да пишам, па ќе заспијам :) Еве денес атер на @karibian ќе си сфатам озбилно работата :D
    Не е оправдување и не е за верување, ама навистина немам време. Од дете очи не смеам да тргнам, многу, ама многу е активна, сама отвора врати и веднаш бега по скали. Многу пати ја имам начекано качена скроз горе на спрат. Ако не е по скали, тогаш е качена простум на столици :sweat: За влакно 100 пати избегнува тешки удари. Обелев!
    Инаку добра е, разбира, секој ден се повеќе зборува, убаво спие, сите заби ги изваде, освен горната десна петка, ја чекам свечено!
    На актуелниве теми да почнам на тема секс. Мм е понекогаш настојчив дури, ќе ми седи по гаќи додека не се смилувам:lol: Не ме одбил никогаш, јас ретко одбивам:$ А и кога немаме секс, ми ги раскажува сексуалните фантазии, као, наводно, за мене биле сите:wasntme:
    На тема детство, пораснав во многу среќно семејство, со родители заљубени до гуша. Татко ми и ден денес е мојот пример за тоа како еден маж треба да ја третира својата жена, сопруга и мајка на неговите деца. Ми постави високи стандарди кои мм уште не ги достигнува, за жал. Пари доволно за одмор, нова кола и нова куќа. Убаво ме облекуваа. Жал жи е што сестра ми која е 10 години помала од мене, ја немаше мојата среќа. За жал, татко ми го изгубивме кога таа имаше 11 години, а јас 21. Благодарение на мајка ми која многу работи, останавме стабилни финансиски.
    На тема странство, не можеме никако. Професиите ни се само за оваа држава. Каква и да е платата, позициите ни се убави овде, во странство не би можеле да ги стигнеме, посебно онаа на мм. А и јас моите не ги оставам, никогаш!
    Да не папарам многу да замарам|(
    Малата спие, јас наместо работа да фатам еве си дремам. Куќа кој ќе ми изџогира не знам. Среќа мм сабајле помина со правосмукалка, да не е доволно за денес бе?:D
    Не знам дали сум се пофалила дека кола конечно си купив? Конечно :nod:
    Поздрав ќе се дружиме почесто :hai:
     
    На Coco31, Leo_29, emkaemka и 32 други им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Ние преживеавме
    Со брзина на светлината заминавме,завршивме работа и се вративме :smirk:
    Мали настинат и за никаде,Могли подобра е
    Ни излегување ни ништо не ми се виде денес
    Еден час да спиев сношти ќе бев радосна :(

    Стигнав и да зготвам ручек :tmi:
    Шпагети со доматело и колбасички,колбасите атер дека ми е роденден па се почастивме :rofl: Иначе само на шпагети ќе останевме :$

    Ајде повелете на кој што сака :^: :beer: :coffee: :pizza: :d::smoke: :rock:
    Тета Мари 27 полни денес :angel:
     
    На Coco31, Leo_29, emkaemka и 33 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добар ден мајки.
    @Mari* најсреќен нека е :d:
    Пратив две деца со мм по ливадите. Врнеше, истураше, грмеше....и таман се посмири малку, ом облеков чизмите и облеката за дожд и ги пратив.
    Деца пресреќни, маж....не баш воодушевен од мојата идеа |(:rofl:.
    Кога ги земаме од градинка се буквално лом, од глава до петици со песок, кал, бои...а јас пресреќна. Бербатни деца значи среќни деца, односно играле и се забавувале.

    Малово тера втора дремка а јас прередував шкафови.
    Исто како да сум била на шопинг. Еден куп работи си најдов :tmi::D.
    Во шкафот за обувки извадив летни работи и ги наредив зимските. Крца сега :x.
    Нема место ни во тој за облека (facepalm).
    Дел од постарите зачувани работи ќе поклонам...
    А баш синоќа го пратив пакетот. Едвај чекам внуците да ги пробаат ранотите.
    Здравје, за наредна тура.
    Стасаа. Лом цели. Бањање, во кревет и тишина конечно.
     
    На Coco31, Leo_29, emkaemka и 32 други им се допаѓа ова.
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    34.335
    Пол:
    Женски
    Дур мали вози Џип.
    Да пушам два реда муабет.:D


    Ако стасам де .. .

    Вози џип ама се дере по мене мамоо неќе па неќе а он да ти заборавил да вклучи далинското.. и на секое негово возење ми напомнува дека татко му му го купил.:)

    Јас си правам журка со балканика во позадина пуштена и мали од момент на момент ми баца поглед8-|.
    Туку денес скапав од работа пуштив дури 3 машини,вклучив правосмукалка, поминав со крпа и политурата,џогерот играше и тој денес. За прозор немав време:tmi:.
    Кога сме кај машините ми текна на @gjoker4e дека се жалеше за перење на рака па ми текна дека мм се пере во градска перална за 5-6€. Можеш да пробаш таму каде што си да се распрашаш па да отидеш да се снајдеш да се испереш.:mm:
    Се возевме преска со малиша за 10мин го поминавме цел град од што немаше живо куче на улица празно значо празно....:(....
    Ме вика мали да се играме каде е 22 часот за заспивање . Навечер ми е некогаш страшно напорен се сака ама и тој не знае што.:D
    Добра ноќ:l:.:f:
     
    На Coco31, emkaemka, karibian и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    @Mari* сваќе среќен роденден!
    Ај што си убава (тоа од модни критики) ама и млада си била :o
    Да си здрава и жива и да си слушаш сватот :D па догодина со уште еден член во фамилијата :angel:

    Викендот го поминанавме средно жалосно ;)
    Вчера направивме еден круг низ молови, купивме и потребно и непотребно, тоа дека имаше некоја акција се' од 1€ па ајде да искористиме.
    Поарно да не кажам колку сапунчиња за вц шољата земал маж :D домаќин бе :^):x

    Денес јас дома, додека пеглав маж прошета дете до парк.
    Биле да земат и месо, мојот нели домаќин кога се распосла во кујната да среди месото се лом ми направил :envy:
    Од кај му дошла идеја и да меле со машинката па истовремено и да пече на тостерот(facepalm)
    За нередот подобро да не зборувам :talk::drunk: ама ај барем вечера имавме.
    Претпоставете кој го среди буклукот :rock:

    Утре нов почеток на неделните обврски.
    Синко прв ден ќе остане до 4 во градинка а јас уште не сум испланирала како да го поминам денот :D
    Се гледа дека сум штедлива 8)
    Мм па и после 7 год. брак мисли дека имам и друга сметка што ја чувам за стари години :lol:

    Добра ноќ :*
     
    На Coco31, emkaemka, karibian и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    На VedaG10, gjoker4e, muchacha_a и 10 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Се испружив јас на долго и широко, задоволна дека маж намирив со сите салтанати по ред како што е редот, па идев количка да си земам од колата и тоа со страв низ темното па кога почнаа да ме маваат паники да се присекам на оние од филмовите нели, жена отвара кола у сред ноќ а некој доаѓа ја киднапира или и вперува пиштол па уџум со количка да ме нема :D битно ја земав и сва среќа што брцнав у шпајзот и видов дека ја нема за да можам утре да шетам нели оти времево олади па не е страшно да акаме низ маала и низ продавници8)
    Спастрив алишта и легнав да се стоплам.

    Денес демек ние поднаоблечени оти залади леле кога ојдовме до тој другиот град кога запече викам на маж јас се испотив пали климата он гаси јас палам оти жешко а на него ладно као оти носеше шорц :o

    И така, бевме да се дотеруваме по дома покуќнини, теписи.. па одма си направив филмови у глава што ќе докупувам и средувам (facepalm) и така у круг

    Лека полека дома па уз пат по едно гиро и одмаравме, демек торта ќе правев плачаинки маж изразуваше желби, му реков немам намера цел живот да го пројдам на шпорет со миксер или тави и релни, недела ми е па ќе користам со тројцава нкзе у вис наместо да плескам и вечито да мијам ]:)(fingers)

    Недомаќинка.

    И така викендот помина, утре нови сили нов почеток за нов понеделник, нека ни е на арно на сите со арно со убо се до следен викенд и следна дестинација и оомалку секирација :angel:
     
    На emkaemka, karibian, VedaG10 и 18 други им се допаѓа ова.