Добро утро жени Однесов деца во градинка.Малово воопшто не плаче си влегува сам си ги траже другарчињата а големиов е страшна работа.Кога почна да вика да урла да се дере исто како оној пат.А од дома сакам да одам да убаво е и после тамо почнуваат драмите.Устата пена ми фати.разбира се и знае и пак кога отидеме рика. Постојав надвор малку па слушав како воспитачката му викаше дојди да те гушнам не прави така не лежи на земја.а оно рита мава мислеш ќе го колеш.оф оф Сега ќе местеме шпоретот и буриите и час ќе си запалам огинот.Многу е ладно. Синоќа бевме на роденден.Убаво си поминавме.Деца се изнаиграа и цело време братчињата си играа заедно.А другите дечиња беа лепенки за мајка им.Па рикаа за џабе.Деца. И тоа. Ајде убав ден...
Добро утро мајки Не можам да се освестам, шмркам кафево, ама ни тоа не помага. Една кока кола ќе треба да испијам. Малово уклучи сирената во 02 и толку беше од спиењето. Аман нека испаѓаат тие кецови. Де кенка, де кака, де гладна... во 06 дури заспа. Легнав божем да се доспијам до 06.45, ама средното стана во 06.20 и толку беше. Некогаш и пола саат ми треба насабајле во кујна. До мене ли е, успорена снимка ли сум сабајле не знам. Додека извадам сите тракатанци од фиоки и фрижидер, додека измијам, исецкам, наредам во кутиите и назад во ранци... ми лета време. А време насабајле кнап. Среќа најчесто најголемава се доспива, па нејзе на крај ја средувам, ама вечито најмалово вика и што попрво. Дали кај него, дали кај средново да го стокмам дали во кујна. Да можам да се растргнам на неколку делови за секаде да бидам. Кога гледам некои слики со ланч пакетите за во градинка, па де фигури од храна, па не знам какви форми, се прашувам лолку време им одзело сето тоа. Може кај нив алармот е уште порано наместен. Од една страна убаво, им спремам јас што сакам, баланс на здрава и омилена храна... ама мора секој ден да мислам и за појадок и за две ужинки, за две деца. Маж вика некои дечиња ги праќале со кифличка и јаболкце, ама нивните мајки може одат на работа, временски не престасуваат. Жал ми е дома кога седам да не им спремам. А овошјево колку бргу се расипува чудо. Мора човек 2-3 дена да купуваме, не може човек резерва за цела недела да купи. Сепак сум на ставот дека е подобро таму да им даваат сите оброци(не дека некој ме праша) и. од финансиски аспект дека е далеку поефтино, туку и дека е пособро сите истл да јадат. Вака се гледаат деца кое што има во кутиите, а некое може нема па тажно е... Муабетов од кај до кај го отерав. Денес ништо посебно на дневен ред. Да усисам, да запеглам и ручекот. Телешка чорба ќе биде. Имам зеленчук и мвце, ќе ставам после да се крчка. Убав ден
Добро утро, добар ден. Ме немаше доста , ми фалевте ама време за фемина немаше ич. Не знам сега од каде да почнам, еден куп работи сакав да кажам Прво од убавото ќе почнам. Си истеравме една недела во септември одмор сами тројцата и ми беше најубавиот одмор до сега, сериозно. Дете големко, разбрано, договарање за се...милина. Мене ме тинтраа и двајцата, не ми даваа да носам торба за на плажа, тешка била, не сум требала да кревам па син ми ја влечеше до плажа. Ја искина цела ама тоа не е битно. Абе се стопив Па ми носат кафе и сладолед јас да не сум стенувала од лежалка Сакам пак. Друго уште побитно, мешко расте, веке знаат сите. Ги изненадивме на роденденот на свекор ми, таман бевме сите на куп. Радости, радости...ќе помагале сите. Не се ни сомневав зошто до сега помагале и повеќе од што треба ,ама навистана сум им благодарна. На располагање за било што во било кое време. Бабиве и дедовциве ми се измислени, да се живи и здрави само. Е сега неубавите работи за кои сама сум си крива (делумно). На одмор ме швркна идеја дека дома ни е за кречење и бебе мора да дојде во чисто. Си знае маж ми дека со бремена жена играчка нема, па кутриот уште од одмор бараше мајстори за да почнат штом се вратиме. Така и бидна. Утре дента од враќањето со расфрлани торби на сите страни ние ќе кречиме зошто тоа е единствениот слободен термин на мајсториве. Како и сите други мајстори и тие одат за Германија нели, па работава очеш- нечеш. Последниот ден кога завршуваа јас прокрварев малку Трк на лекар, боцки и строго мирување. Бебка добра, мама да не се мрда Станот не ни проодел туку отшол веќе и тој во Германија. Ме сместија во кревет, мајсториве привршија набрзински, и бабиве се дадоа во акција. Една средува, друга готви и дете чува за 2 дена дома се цакум пакум. Нема никогаш да им го заборавам ова. Е после два дена, мене киселини ме убиваат и ми се лоши. Станувам за во тоалет ама полека нели, без нагли потези. На пола пат веќе не додржав и почнав да си повраќам во ходник. Трчам и правам лом на сите страни. Резултат- два ѕида тазе кречени полу повратени Му се јавувам на маж ми на телефон и плачам, тој се извади од памет мислел повторно крварам. За 5 мин се нацрта дома , ми вика влегувај во кола одиме на лекар. А јас бришам и плачам. Му викам јас добра сум, него ѕидовиве Ах хормони, хормони... Сега ми е смешно ама тогаш не ми беше. Плачам за ѕидовите и мајсторите што ќе си одат. Кој ќе ни кречи пак Среќа луѓево се смилуваа и ден пред пат дојдоа да средат, зошто мораше баш они нели. Ги почастивме екстра, им посакаме среќен пат, они ми се изнасмеаа зошто сум плачела за ѕид и си отидоа. Претпоставувам дека немаат деца сеуште Се испаркирав пак во кревет и се закотвив. Маж ми и лап топот ми го собра, да не случајно сум подработувала од дома, да не сум се нервирала и замарала со ништо. Ми донесоа една библиотека и две недели ни телевизор ни телефон видов. Така убаво ми дојде, сум се изначитала за 4 години се што сум пропуштила. Ми беше малку криво кога маж ми го шеташе мали во парк ама не смеев да помислам да станам, а многу пати сакав. Не ми се верува дека детево порасна за он мене да ме гледа и пази Сега сум добра и цело време гладна -а морам да пазам, мајке ми. Со вишок си почнав, што ли ќе се направам до крај. Си гледам сега слики од свадба па се распекмезив, што од љубов, што од жал за фигурата што отиде во неповрат Тука ќе завршам зошто никој нема постов да го чита Ќе се активирам пак и ќе пробам да ве исчитам сите. Знам дека имало мнооогу родендени на мајки и дечиња. Да сте сите живи и здрави и цел живот среќни заедно. Поздрав и гушкајте си дечиња.
@*Лорена* ме изнасмеа со ѕидот. Мајките со 2-3 помали деца ги замислувам како . Овие два дена дали ми се причинува или стварно ме слуша малата. Кога ќе кажам не или и објаснувам нешто зошто не треба така, зошто не смее како да ме слуша сконцентрирано, се мисли и ме послушува. Пак и облеков чорапи кога заспа и ја покривав и останавме ненаспани. Ама ладно е грч. Дремката на време па добар ден не очекува. и и по некој за шопинг за сите мами.
Спас за деца што се откриваат е вреќичка. Моите од раѓање се во вреќи и не мрдаат, презадоволна сум. Имаме и зимски и летни, односно летните се како чаршавчиња. Ние спиеме со отворени прозори и некако како да има потреба од нив. Башка научени си се и не ни знаат дека може да кажат не. Штом видат пижами си бараат сами вреќичка. Пробајте, нема да зажалите. Јас начисто измрзнав синоќа на работа и сега тресам клинци. Претерано ми е ладно, наоблечена сум со волнен џемпер и што не. Џабе, пак се тресам, Одвај чекам да одам дома да се завиткам во волнено ќебе и да си траам. денес и мм ќе се прибере во пристојно време па може и ќе падне некое филмче со грицки вечер. Планиран шопинг денес исто така, може тоа ќе ме стопли малку повеќе од ќебенцето. Донеле бројчиња од кошулките што ги меркам одамна, а и јакна ми треба. Чевли секако, зарем е можно да имам некогаш доволно... Убав ден девојчиња!
Попладневните дремки на синко се намалија премногу, едвај час до час и 20 мин, едвај, плус во мене е пола час стуткан. А спиеше по 2 ипол 3 часа. Голем е веќе сигурно за повеќе. Јас лежам до него а он де ќе се буди де нема, ама кај да е ќе се разбуди. Од сабајле демек ќе шетавме, требав до банка да идам па одложив, фанав чистев малку, перев некои пердиња и џамови забришав, па дури 2 ручеци за бебе а јас не јадена .. Сега ми се јаде ама ќе чекам дете да стане и у поход по нешто замрзнато за у релна па ќе излеземе малку ќе шетаме. Времево сон, попладне поготово е топличко и пријатно па да користиме дури можеме. Уствари овде може и зима да се шета не е ладно толку ама лето не може сакал не сакал дома у темно. Екстремно е, без граница и контрола. И дури чудно ми е како заврши печењево не можам да се одвикнам оти 5 месеци поминавме у жега. Синоќе ми се откачи корнизот ќе треба да барат такви самолепливи да ставам пак да залепам корнизот, сакав и пердиња у спална и дел од дневна да перам ама не можам да ги откачам станот е превисок нема шанси па ќе чекам некој дек расположен маж за тоа. Некако се осеќам многу убаво и мирно ..дај мили боже да потрае
Здраво лепотици, се надевам ова ќе е среден пост, а не само пост реда ради. На работа сум, си направив капучино, со мерак си го пијам, додека го правев капучиното во кујната, дојде еден дечко од друга канцеларија, на нив им требале чаши, гости им дошле, и гледа едни и вика ех таман толку ми требаа и ги зема, на заминување кога земаа тоа чашите да паѓаат, да летаат срчи на сите страни, шта да вам причам, ем ти се смее ем не е пристојно да се смееш, па колку можев му помогнав, на детето кој знае колку му беше непријатно, ама ај го утешив не се секирај на сите може да ни се случи. Ако ништо друго на работа барем малку се релаксирам, кога дома не се може. Малата златна ми е, вчера и купив една книга и синоќа во сон ја бараше, дај ми ја мамо , сакам нова кига, ептен ме радува што сака книга, не значи дека и голема ќе сака ама нели некои навики се уште од мали нозе, и јас и татко и сме по книгите па тоа ептен ми прави задоволство, дури и кога кажувам на пријателки дека сака книга имам чувство како да се перчам, ама тоа е тоа мајка бе, се нејзиното нај нај Времето ептен залади, јас вчера си ја пуштив печката на полнење, ладно е навечер, а малата како и сите др мајки кои пишале се открива цело време и не сака да е покриена, неззз како не и ладно јас се смрзнувам синоќа може и срам сум ама си земав две ќебиња ладно ми е луѓе. Ми почнува сезонава за родендени ќе имам може 10 до нова година, ама си реков почнувам со селекција кој како со мене така и јас со него. Него за муабетот за фемина мм има видено дека отварам фемина а дека пишувам неззз дасли знае, не би сакала да ми чита, хихихи малку доцна ова го пишувам за фемина ама сега имав време. Браво за @Mariangel секоја ти чест за издржливоста, ама мајка си а мајките се појаки и од камен. @danichap срце не се прекорувај што не си спремила форми и ликови од храната, ти си ми една од мајките за пример за тебе поклон до земја, во туѓина сама, условно сама но без голема помош. Тоа е друшки ме фатила некоја желба за шопинг за трошење пари, ама изгледа ќе купувам тавчиња, садопер, чаши маши и такви ствари и тоа дојде на ред. Ајде доста е со постот кој ќе ме дочита со толкав пост. АААА да саму уште тука да се пожалам од алергииве преку глава ми е, а синоќа останав и без капки па си мислев до тука било ама не било така еве денес со дозата до мене. Пусааааа
Isto i moevo, jas do gusha pokriena so frotirka i kebe, duri i taka mi bese ladnicko, ona gola, za sekunda trga se od sebe. Na kraj ja piknav vo vreka ama cela nok nemirno spie
Надвор есен јас чувство на зима. Дома со малава со темп.3дена.Вирус,антибиотик,дома строго,мрсули кои не ме пушта да ги чистам,оа неможи да цица се мачи,пишти. Секој совет е добредојден. Докторката вели можи да дојде до пневмонија...јас во депресија паднав. Уморна сум... Мојава не да прета,не да се отскрива,ништо да неа да нема. Е синоќа прв пат ја ставив во вреќичка,неможеше кутрата салта да прави низ спална па така мирни спиеше. Значи вреќичка топло препорачувам. Мразам да пиш.од моб.па толку од мене. Поздрав мајки!!!
Денеска се гледа дека ми е досадно,па со уште еден пост. Дете спие јас на рапорт... Ги собрав играчките во две кутиии,поголем дел на таван,дел во канта кои беа скршени. Дете откако наполни две години почна да си пушта да зборува и многу да повторува.Зборува нежно и слатко ми иди да го згмечам од љубов ,Кажува некои зборчиња кои се погрешни,а нас ни се смешни И синко се отцкрива но овие два дена подобар е само неколку пати во текот на нокта го покриваме со мм,инаку ние ке го покријаме за неполна минута се отцкриваше мнигу се нервирав.... А мене утрово ми студеше со едно кебе и на мм му реков да ме покрија со уште едно. Дете памперсите ги полни за два сати тежат 5 кила.Не пија могу течности денеска,можи му има достудено. И му облеков хулахопки. Стари како велат -Дете од нозе се настинува Пред да заспијам бевме во двор играше со камчиња,косеше камчиња.Поигра малку додека собрав алишта од жица и сецкав карфиол,крастајчиња....за салата. Остајте салати,туку кажете дете го мачкам со онаа црвената маст за изгорено.Дали ке му се познава лузна на носето Одам дете вика
@mal.ecka Има вирус страшен во пп, завчера 35 дечиња чекале за инфузија во детско. Синко лесно помина само еден ден, го ставив малку и на диета, ама кога ме фати мене, убаво ме здрма. Форсирај течности, цедете овошје, и нека цица повеќе, да не дехидрира. Ако гледаш не сака ништо, дај и електорлити. Не знам зошто ви дале атб кога ви кажале дека е вирус. На вирус атб не делува. Ние добри, да стане синко па ќе шетнеме до кај моите малку. Времево залади и не знае што да прави дома од досада. Оган немаме сеуште, оџакот немаме време да го исчистиме ама греалката во текот на денот си ја уклучуваме. Ако е до мене, цел ден ќе си грее, зиморлива сум многу. Маж си дојде со добри вести, па денес сите сме расположени. Имам слободно време, читам по групите на фб, некои жени навистина немаат што да прават со себе и своето време, значи Да ве поздравам и да подлегнам и јас.
Оваа година есен ќе нема, директно на зима ќе се префрлиме Јас сум како маж и на @TheSecret заледена сум и во лето а не пак сега Дете ми се разболе, дали од градинка, дали од времето не знам. Два дена беше со тт, синоќа почна да кашла (кучешки), вакво кашлање прв пат слушнав кај него. Вечерта ни беше хорор стануваше и плачеше, на два пати и поврати од шлајмовите што му се гадеше. Многу ми беше жал кога се давеше, ме гледаше директно во очите како да бара помош Невини суштевства, толку мали и немоќни. Од нас ја црпат целата сила и љубов Сабајлето поминавме од кај педијатарот, го прегледа и дијагноза ларингит Ни препорача инхалации и толку, во случај да крене тт и да има 3 дена пак, тогаш антибиотик. За саат време треба да идам на состанок во градинката, така сме си стуткани убаво со синко под кебето, не ми се мрднува. Кога ќе испробате некои од горенаведените рецепти за девојче правење (успешен) споделете со другачките
Здраво живо Бебе лази и гуга, јас спружена на кауч како немајка ама па се преморив денес. Средував дома, ова куќиштево смачено ми е значи колкаво е Златно станче, да можеш да зачистиш во еден ден, не ова бре, не можам да стигнам, на рати чистам, и таман едно сум исчистила, одам на друго, а првото веќе пак стигнало за чистење Туку утре одам за бебе вреќичка да купам и јас, жива ненаспана сум, само се будам да ја покривам. Мене ми студи, жива смрзната сум, јас не знам како може малава откриена да спие. Штом и фрлам ќебенце одма кенка и прета и за две секунди пак е отскриена. Аман веќе. И цела недела спие немирно некако, потплакува во сон и мора цуцла да има во уста, инаку пишти. А спие. Мора забите да се, горе и се набабрени непцата. Утре вечер ќе излегуваме со мм, едвај чекам, баш ми се оди. Си ветивме дека ќе имаме барем една вечер во неделата само за нас и успешно се држиме до тоа Туку ај да не забегувам, треба да бањам и легнувам бебе, а и немам ништо паметно да кажам. Добра и мирна ноќ на сите
Добра ви вечер, ние се прибравме предмалку од по визити, синко само го облеков во пижами и за секунд заспа. Расположен беше се изнатрча, изнаигра, со сите се чепкаше па се мазеше, да ти е мерак кога ќе е во такво расположение. Спротивно од тоа му е кај мене во скут и разлигавен. Деца и тие си имаат моменти. Туку блазеси на тие мајки што ви трпат вреќа децата, мојов само што ќе го ставам во неа вреска, се откупува, се тркала и на секој начин пробува да се ослободи и како бебе кога го ставав во неа и заспан само што ќе ја осетеше се будеше. Може дека е летно бебе па не почнав веднаш да му ставам па не се научи. Денес денот ми помина во средување по дома, зготви, јади, собери. Бевме и по маркети пеш ама овој ветер не попушта, да го нема е баш пријатно вака очи насолзени, размрсулавени, ладни раце и образи, па на одење дирекно во лице ни дуваше, дете плаче се врти лево десно, хаос. Направив смеса за ќофтиња, утре само да пржам, се мислам само дали со помфрит или со пире. Цел ден ми поминува во мисла за јадење и само за се нешто стрв ме фаќа. Обично вака навечер ми текнува на нешто па неможам да дочекам до нареден ден. Мм вика полека жено ако продолжиш вака за два месеци и мене може да ме изедеш. Што да правам нели за двајца јадам Се надевам период е да ми помине Се распишав а ништо битно не кажав, повеќе ми беше да ве поздравам, да не ме мислите. Имајте убава вечер
Вечер мајки Ниту ми е ладно, ниту ми студи, а знаете ли зошто?! Па цел ден не грее ќумбенцево Леле каква ноќ Ладно многу, смрзнувачка, а јас пред спиење се мислев дали да спиеме со отворен прозор, ОК ролетна скроз спуштена, ама ипак Среќа го затворив, таман се стоплив и сум си заспала убаво, епа на бебе му пристудело, се бута во мене, кенка, прета, па ај го зедов, нишкај и таман си заспа убаво јас кивнав Ама јас си кивам толку гласно што преку три куќи се слуша, ми избега тоа е И бебе се разбуди, па од 3ч до пред 5ч сме биле будни. Ме мрзеше да барам греалче, па измрзнав начисто, него го завиткав во ќебе и си седеше така, некој цртан погледа, ѕвезди гледаше и си заспа. Јас 10пати станав да мочам, абе измрзнав Сабајле до 10.30ч сме спиеле Гушнати, уствари бебе пола на мене, пола на кревет, се стуткал и така спиевме, љубовче ми е Таман мм дојде 15мин пред да станеме па ќумбе запали, иначи викаше у дневна 17степени На пладне 4ри саати спиевме, уствари он 4ри, јас 2.5ч, милина и не не се преспавме, еве он нана, а јас да пишам па ќе потонам и јас во сон Ама пак ако има церемонии во 3ч имаме греалка во соба, барем нема да сум измрзната Сум кажала дека не сакам зима?! Епа да кажам ич нејќум Плакари треба да се прередуваат, ништо не знам каде ми е А кога, што попрво Треба и на бебе некои ствари на таван да поспремам, треба и малата гардероба да ја средам.. Се викам утре и никако тоа утре да дојде Па и на бебе дел алишта од пролетта му ги оставив, демек да ги проноси, добри ќе му биле, аха се му е кусо, кратко и тесно А тоа што сум му купила и што доби му е или кнап, да не речам примало или големо, па прееска си носеше еден голем и широк блузон. Мм рече бил како ,,драпер,, Па и капче му ставив, елече, дечко цел, пак да си поплачам дека брзо ми расте бебето Ама не купувам ништо, што има ќе вртиме, ќе чекам да му мине бдејот па нешто ќе му донесат и тоа што фали ќе докупам, да не трупам само. Ама бодиња морам да купам, тоа за жал никој не носи Инаку прееска бевме на ,,лижење,, на тенџера ајвар кај мајка Секако мислевме да им поминеме, малку воздух да не фати и кога татко ми му ѕвони на мм да дојдел на тенџера, знае дека тоа му омилено, па ајде елечињата на нас и низ врата. Јас бев примерна изедов една кришка леб, а мм пола леб го мавна Море јадев што јадев, прееска беше тоа, сега пак сум гладна, ми прати мајка тегле да не ме мислите па ќе мачкам пред сонот Утре имам 10тина обврски Дел божем денес ќе се завршуваа ама мм ми собра кола Беше во УЈП бара поврат на ддв па да прочешлаат фирма ај да видиме што ќе не огрее и од таа страна На светко му се јавија од станица да им го донесе пасошот, ама он има и бугарски па му запнал на мм да идат за Бугарија кола да си купел. Абе не можеш да му објасниш дека не смее да минува граница, кривично дело е, не одма ќе се врател, само кола да си земел, немал намера он да бега И на мм не му е лесно Дата се ближи за во Шутка Он си е кул, уште мисли дека ѕвезда самовила ќе слета и нема да мора да иде А може и така личи, еве не знам Оф па свеки кога ќе почне со церемонии лелееее кој ќе ја слуша, јас сигурно не, парталите и кај мајка можам да си отидам И сега уште не знам како утре да се организирам и се да завршам за 2ч, договарам и средба со една другачка ама тешко да ќе успеам, а сакам да се видиме Па вчера се договараме и план правиме и четврток и петок да се видиме, мислејќи дека вчера вторник беше, еден ден сме го голтнале Ај да идам да каснам и кревет, утре нема спиење до 10.30ч Убава ноќ ^^не сум го пратила постов, изгубена, завеана сум си скрос тоа е.. па да дадам апдејт, јадев, пиев една чаше сок и идам сега навистина да си спијам
Направив денес торта и 500 ручеци што за нас што за бебе. Маж ми е гурман па си бара, така е научен од мене од времето де ова де она, јас има моменти кога ќе ми скисне од миење и мрснотии па попуштам и така. Порано многу повеќе правев не дека и сега не правам, ставам дете на кујна и ајт. Де матиме де јаја кршиме де ова де она.. Маж преска вика дека остави така се и легни му велам се да оставам така нема шанси утре в кујна нема да се влага, се беше намирисано и распраталено. Доправив тортето, измив се, излувтирав и средив. Туку у вц мијалникот ми се затна се мислам дали утре со кока кола да го средам или?? Со киселина не биде ништо. Нозеве ме болат, преска колапсав стварно, легнав па маж облачаше дете и така, виде дека стварно се трудам уствари по цел ден не седнувам за да на ним им е погодено. Му велам, кога би тргнала на работа ќе плачеш за ручеци и торти он ќути. Гурман си е. Ми рече сабота ќе ме водел каде сакам јас покуса да не сум му кажав во аутлетот кај венеција имало 70 % попуст па да ме води така фино културно рече ок ќе одиме каде сакаш И сега се мислам дал у аутлет да идам дал да идам да шетам аутлетот ми е подобра идеа сепак. Почнав и музика да си пуштам низ домана дете де денса де колата вози де камионот и он не знае што поправо ама почна да држи внимание сам врз некои играчки по едно 5 минути доста е сега за сега Кога ќе осетам дека ќе има воља за игра ќе купам се што треба да почнеме да боиме составуваме играме местиме итн.. Се надевам зимата Ќе одам да спијам, денес се преморив од се, некогаш на крај на ден не додржувам од темпото па главата му пука како сега. Сакам само да се гушнам до нив и сонувајки да заспијам
Здраво! Јас на гости кај мајка да не ме мислите. Затерав долго, истеравме и некој ден одмор во Грција. Не пишувам телефонот ми откажува ако е прилично нов, маж ми рече вечер ке нарача нов. Ве исчитав ама веќе не ги ни памтам темите. Среќни родендени, годишнини... Бебе расте, секој ден учи нови работи. Почна да прави по некое чекорче држејки се за кревет, игра на музика(тропа со рачето, бугњар ке биде), денес гледам и топче си подаваа со татко ми. Ми смени многу во спиењето од неможам да го заспијам до полесно никогаш не заспивал, ама ноќе уште немирно спие. Тоа воглавно дадов абдејт за бебе, ке бидам поактивна кога ке се вратам дома. Добра ноќ
Добри утро Одамна немам послужено утринско кафе па повелете... Мм ме разбуди со неговото тропкање и не неможев да призаспијам,станав си направив кафе и алишта спружив на жица.Надвор како да ми е затоплено не е како вчера утро,но дома мора да се седи со греалка. Мм вчера си дојде во пристојно време(дека празник) ручавме и ги оставив со дете да играа. Конечно го испеглав купот од алишта од дете и маж.И спанак чистев.Ливче по ливче раце ми смрзнаа,но толку многу го сакам што вреди да мрзнам за него. А и дете го сакам,отвора уста широко... Вчера мм ме израдува со 2,5кг.спанак.Јас му порачав само за дете,но тој купи за цела војска. Така да за денес за ручек за сите спанак. Денеска на дневен ред мини генералка зардно со дете ке чистиме,ке ни биде забавно. Се читкаме подоцна. Имајте убав ден.
Вчера апликацијата за пешачење на телефонот ми збесна. Рекорд у одење. Прв ден на работа после боледување, па на педијатар, па на предавање, па пешки до Борис трајковски, па дома у 8 стасав вечер. Куќата хаос. Чистев и готвев за сите, и у 9 и пол маж ми зема дете да успие и јас заспав полуседната у дневна од премор. 15 саати на нога у штикли 10ка. Денеска пак така. Ми фали детенце, 5 дена разгушкани и вчера лута ми беше оти ме нема. Полута беше за антибиотик, ама лоша мајка, морам да и го бутна у уста и да го испие. Одам на работа, поздрав мајки
УТРО! Будни уште со петлите и тоа со првите петли. Вчера акав од сабајле по Скопјето успеав се да завршам во најкраток можен рок значи со брзина на светлината се вратив дома. На мали му ги купив тие негови лејдибаг од анаконда во автокоманда благодарение на @Kitten значи никаде нрможев да ги најдам на бит пазар од толку продавници и магацини посабајлечки па тркнав до Чаир и до факс и до автокоманда и во 12 бев назад дома јер мали пискал по меене одбивал се и сешто. Сега правам крем супа од брокула и моркови за мали а остатокот за мене ќе е. Што друго да ви кажам киваме со мали како навиени де еден де друг и така се во круг нека остане само на ова повеќе не ми треба. Да се редактирам вчера поминувајќи низ автокоманда бев и во црква толку многу спомени ми наврати ова место тоа е чудо колку сум спокојна сега бидејќи вчера си запалив свеќа исто како и пред година две.