Добар ден мајки. Ние понеделник на контрола. Антибиотик ни даде демек малку да помогни да не се искомплицира.Знам дека на вирус не делува. Пиштими по цел ден за сируп,капки,чистење носе. Најмногу ми е грев оти неможи да цица. Се што можам направив. Темп.повеќе нема па поспивам по малку. И мојава сака гласна музика,раце горе и игра. Почна да се исправа по кревети неможам да ја оставам на под. Лази до камин и сака да фаќа. Затворени по цел ден ќе збесни дете.Јас веќе пукам од досада. Ама за неа се ќе издржам. Убав ден мајки!
Добар ден мајки. Седам во дневна и не мрдам. Ми се гади и депресија ме фаќа од времево. Не ми пречи толку што е заладено, колку што ми фали сонцето. Синко спие, па затоа користам да одморам малку. Вчера имав женска вечер. И мора да кажам убаво ми дојде. Уште поубаво ќе беше синко да не правеше проблеми. Попладнето со мм саат време се обидувал да го успие, ама не и не. А рикаше од што му се плачеше кога си дојдов, ама не се предаваше. Дали се вознемирил зошто ми се јавија на работа па ме гледаше на камера, а не сум до него или пак некој заб ќе е стварно незнам. Кога си дојдов од работа едвај 15 минути имав да си поиграме и морав да се спремам за театар. Срце ми се кинеше и бев на раб да им откажам на другарките. Ама сепак решив да одам зошто и онака се немаме видено асално долго време. Обично со деца и мажи сме, па трчај по деца и два реда муабет не сме направиле. Инаку бев на Вардарски Пастуви. Претставата одлична. Одамна се немам изнасмеано така. Значи една минута немаше досадна во неа. Дечките добро си ја завршија работата. Ама театарот катастрофа. Столчиња неудобни и прастари. Набиени едно до друго. Жално е што воопшто мора да работат во такви услови. После тоа шема пијачка. Ама јас застанав после првиот коктел. Уствари на пола почна да ми се заматува, па почнав да се долевам со вода. Толку е, не ми држи газот повеќе. Битно се видовме, помуабетивме, се промешавме со луѓе и веќе во 12 бев дома. Гладна како волк, ама немав сила и дирекно се инсталирав во кревет. Сега чекаме синко да стане па да се качиме на Водно. Ми се оди, ама кога ќе ми текне дека после тоа уморна, а ќе треба на синко ручек, па да играме ми се откажува. Ама па дете сакам да го фати чист воздух па ќе стиснам заби. Ако имам среќа после да се умори и заспие, со него ќе се инсталирам. Се гледа дека времево лошо ми влијае на расположение. Ама ај ќе огрее сонце повторно, па пак ќе се вратам во добрите. Или ќе се навикнам на тмурново едно од овие две ќе е. Одам да се приспремам, за кога ќе стане синко да ужина и да фатиме пат под нозе. Ние пат, синко во ранец. Ќе ужива како на коњче да јава Имајте убав викенд.
И да нема, само вие оздравете, ќе најдеш друг повод да го прошеташ фустанот и штиклите Топла бања мајче, направи пареа во купатило и со топол туш полевај по главче и грбче, ќе се одзатне одма ќе видиш и сами ќе се слеваат мрсулите, па ни пумпа ни бутур ќе ти треба. Ако не дува, облечи бебе и надвор, во двор, на тераса, па и едно кругче свртете, мора да ја фати воздух. Со помин
Свеж воздух смешно или не помага многу Ние излезени Маж натерав да оди во турски маркет а јас чувам деца вкола Ако не се разбудат ќе седниме по едно кафе да пиеме ако не ништо Еве го стигна Довиџења
Бањата ни е голема треба цел бољер за пареа да ги потрошам незнам колку ќе успеам,после ќе пробам. Цела недела дува ветер не е за надвор. Фала мајка за советите,ми значи.
Кој црн свеж воздух кај нас. Почна препознатливата загушлива миризба да се шири надвор. Го мразам загадениов воздух. Со помин да е кај сите дечиња, ние двајцата затнати со малиот, измрзнав поштено неделава. Денес кај мајка ми, помагаме за ајвар наводно, повеќе гужва и направивме. Во се гибна. Па сега го заспав со приказни за мачињата, имаат во зграда мачка со 5 мали маченца, ги изнагледа. Легнати едно преку друго во неа, се топлат, цицаат, душички. За денес во план пазарење, ама ми е тажно ко ќе го гледам времето надвор. Пред да станам мајка ја обожавав есента, септември уште ми е омилен месец, за малово ми е жал од цел ден надвор дома што седи. Ќе прашав во друга група, се извинувам што е овде ама повеќе мислења ќе добијам. Како се справувате со деца што не можат да патуваат, има нешто ефикасно за да не му се лоши и рајат да одиме на подолг пат?
Добар ден женчиња Муабетот околку болни дечиња е правен милион пати.Значи нешто потешко. Од јули до сега значи точно 3 месеци се болни моиве деца.Носот на малото не престанал да тече никако.Ту зелени ту бели мрсоли.Брисеви правевме.Ништо нема.Само инхалации и пробиотик и витамин ц.Секој ден.Цела недела оди во градинка за прв пат.Се плашам дали низ нос ќе ми излезе тоа. Кашла.Сега носот не тече нон стоп. И големиот е ист.Тешко е.Нон стоп болни.Колку пари се дава во аптеките мама миа.И носот синоќа му се затна па му прснав спрејче и заспа. Може и имунитет колку толку веќе ќе почнат да градат.Ама не се откажувам. Од сабајле си игравме во дворот па се спремивме и со една пријателка до градот отидовме.Малото во точакот големиот оди.Па далеку ни е 40 мин а може и 1 саат да се влечеме. Во паркот имаше манифестација "Денови на Кочанскиот ориз" ама дека деца ќе ти дозволат да гледаш и одмореш. Се прошетавме малку.Испивме кафе од рака. Извадив слика од тел и купив рамка за мајка ми за роденден.Утре жената полни 48г. Имаше од оние балоните со хелиум со ликови од цртани.Замислите 200 ден??!!! Деца сакаа ама 200 ден не давам за балон.Па повеќето 300 ден дневница зимат.Кој може да си дозволи балон од 200 ден. Претеризам.Стварно се изнервирав. Имав пари ама прескапо е. Се разбра големиот.Купивме пуканки.Сокчиња. Си поиграа и патот назад. Големиот вртеше на точакот сам а братчето трчаше. И си дојдовме. Заспаа и двајцата. Јас си направив капучино.Ајде кој е за. Убав ден. Тука е сончево и топло. @mal.ecka колкаво е заборавив? Јас земам ставам корито во када.Па ставам сол многу.И потопла вода и уседнувам деца.И нон стоп тече вода од тушот затварам врати и прозори.и се излегува.Убаво ги стоплам и се напарат.Пола саат или колку имаш вода топла во болјерот.И да е големо купатилото затвори.и пак ќе се угуши.пробај
Добар ден. Дете спие,мм на работа ке си дојди најкасно до кај 6.Ручек готов копанчиња печени со зеленчук во рерна за сите.Ке ги правев ковтињата од витамина но сум немала мелено месо,ветувам сред недела ке ги направам. Откако дете заспа ручекот го привршував и зедов да ги прередувам алиштата од мм и моите.Летните алишта тргнати на страна,есенско/зимските ставени на полици. Да на страна на кревет оставени. Чекам дете да стани и да ги ставам во вакум кеси и ке одат под кревет. Да таму. Пошто немам место на полици и плус мало ни е собчето. Додека пишував стигнаа и пиперките за ајвар.Значи престојат два работни денови со полна пареа. Побрзо оздравување на сите болни дечиња. Знам дека во пп нема асолен педијатар,Синко го носев секоја вечер на детско одд. И трите докторки различно ми кажуваа. Ние родителите сме поголеми доктори од вистинските. Си ги знаеме децата буквално како селски буквак. Знам за мое дете ако почнеме без антибиотик по три дена на гради слегува.Еве во овие две години 6 пати го кркавме здраво. Затоа мајки ако имате финансии носете ги децата во приватните амбулантни. Пред некој ден бевме кај комшивката со понада.Не беше добра па да ја видиме на 5 мин толку дрте дозволи. Стара женичка со притисок 230/130 си заминала од болница.Вели таму ако останев ке умрев за еден ден. Имајте убав викенд.
@kristina.k од све што сме пробале лижалчиња,шурупи,таблети немаа ефект после 15 мин возење почнува да се жали,плаче,тегне ,па почнува со повраќање,па не сака назад во кола....хорорррр Последно и барав на матичната нешто ефикасно ми ги даде антиметил таблети. Незз дали направи лепотанот твој 3 год. На таблетите пишува 3+ Ама на природна база се на ѓумбир. Верувала или не 4 сати се возеше без пауза и без плачење,жалење и викање. Позз женски. Ќе ви пишам вечер или утре.На раб сум моментално.
За сите мајки што се со дечиња болни и почетна фаза бронхит. Прашајте го матичниот за пулмикорт дали да ставате при инхалации, тој не дозволува да се накалемат бактерии.
Kade da gi najdam vo sk, dali se vo slobodna prodazba ili na recepta samo, mislam dali ke moze da gi kupam? Bezbedni se za deca od godina ipol ili? Trgnuva drugarka utre za navaka pa ako moze da trkne da gi zeme... Edit, gi ima i ovde nad 6 god se... Tenks enivej
@Mari-Ja пулмикорт без рецепт се . Кога беше моето болно на 11 месеци му правев инахалација со физиолошки и пулмикорт ,сабајле и вечер . Го даваат и на помали бебиња ,така да безбедно е .
Дали се на рецепт не се сеќавам, јас ги ставав во инхалатор лани кога беше 5-6 месеци. Само треба да си прашаш за дозирање колку. Колку што се сеќавам јас ставав по 2 мг.
Пулмикорт му даваа на мојот на 5 месеци, ама во болница, дозирано од доктор. Јас не би на своја рака.
Се подобри ситуацијата со инхалации? И синко моментално има ларингитис, освен инхалации педијатарот ми даде и антибиотик но да почнам да го давам само ако дете има тт и после 3 дена од прегледот Дете нема тт, кашлицата стана повлажна ама интензивна. Два дена повраќа најмалку по 2 пати во денот и не сум паметна што да правам. Антибиотикот вака без претходно направена крвна слика не ми се дава, и сега што да правам? Овде крвна слика е невозможна мисија Некој што лечел ларингит да сподели искуство!? Јас исвен инхалации давам сладолед и му правам топли бањи, бањите ги бара сам, се гледа дека така му олеснува малку. Друго се исто. Времето да не знаеш како да се облечеш, важно комарците немаат намера да ни откажат љубов оваа година Одам да спремам нешто за вечера, ме чека и купатило за чистење, тоа успат кога ќе влезам да се туширам. И така откачи закачи навезав еден пост