@tincemajmunce ноември ќе прави три, баш тогаш треба да патуваме , и тоа два пати. Ќе може значи, хорор и кај нас е плус се омалаксува, ми се губи наеднаш после повраќање и блед, испотен жива вода, страшно е за гледање. Нигде не ми се оди од тоа повраќање. Фала ти за предлогот, секое мислење е добредојдено, се надевам ќе имаат ефект и кај нас.
Сабота како и секој друг ден. Само мм што е дома. Не го држи место ич. А со мало бебе и зима што претстои ... Тешко ќе му биде. Виде не виде после ручек отиде до кај неговите... Можам само да му заблагодарам што не ме викна да одиме. Знае дека не сакам да одам многу таму, посебно не за само на кратко да ги види. И знае дека од таму се враќам нервозна. Па ете имавме мирно попладне од кога дое. На бебе му пројде 'мој термин' за плачење од 6 до 8,па прогугавме малце, се посмеавме и еве уште се заспиваме. Ептен е неспијач. Се гледа дека многу и се спие, а дава отпор не сака да заспие како да мисли дека нешто ќе пропушти. Преку ден сфатив дека сака да спие во галама. Па ја оставам кај ќе заспие - таму. Како ќе пее, така ќе играм. Само да и пројдат грчевите и мислам дека ќе биде бебе што само се смее. И ќе спие помирно. Се надевам дека ќе е така. Прашање до оние што памтат - кога престануваат да се гребат по лице бебињата? Кога си ги осознаваат рацете? Не сакам ракавички да ставам.
Добра ви вечер мајки, кај нас денес прилично топол ден, па како што е ред го искористивме максимално Бевме на кафе, во парк, на лизгалки, ручек кај моите, па маже отиде да се види со некои луѓе ние останавме на гости до кај 8 им останавме квалитетно ама синко се расположи, се заигра, сите растрчани по него па се мазеше Само што си дојдовме го истуширав, го средив, се гушкаме на тросед па готов е да се предаде, па да се погушкам и со маже, рече сме му фалеле денес Туку да прашам дали знаете за сигурно, ќе се менува ли саатот вечерва #прашањакоимемачат
Ме збуни бабами ми вика требаше вечерва да се менува саатот ама од Европа одлучиле дека нема веќе да се менува
Да да со консултации од доктор треба. Нас дозата ни е 2 пати дневно по 1мл.(ова за пулмикорт пишувам) Одамна не сум пишала а ве читам. Време слободно ич! Се ближи термин за пораѓај, половина боли, од обврски заборавам витамини да пијам Малиот месец ипол со кашлица, фала богу не е како што беше, дете се гушеше од кашлање, страшно беше за гледање. Прв пат ни се случува вакво нешто и се исплашивме искрена да бидам.
Инхалации само со вентолин правиме на 6 часа по 3 прскања, со апаратот не сме почнале. Сестрата ми рече дека домашниот инхалатор може мн проблем да направи на плуќа ако не се дезинфицира убаво цевката/цревото. Со што правите дезинфекција? Јас до сега само со вода го перев после инхалација... Малиот денес ко да спушта на гради, му хрчат откако ќе се искашла, осеќам на рака. Ќе видиме во понеделник што ќе рече матичната... Е да ви раскажам со пареата моја... До сега пареа во бања правев со апаратот, ама пошто не ни е уште пуштен у функција и е под кревет, ајде пуштај чешми. Ние централно греење на вода имаме па има колку сакаш да се киснеш,среќа. Оставив тушот да тече вода, ама малку појак млаз, и искочив палента за мали да правам. Тоа да си се сврти тушот, па од ѕидот до подот се мокро. Ајде бриши чисти... Седнувам дете во корито, се шлапа 10 мин, го станувам да го измијам убаво, газот жар црвен. Кадата вжештена од што течеше топла вода, тој гајле нема. Па мачкај креми со невен, дуваме да помине црвенилото... Не сум ја за таа работа. Пареа строго со апарат за пареа! Се облековме, вечераше и ете го спие. Мм кафе ми направи и си пушти фудбал да ѕирнел само додека сум јас на фемина, па после ќе сме се сакале Бевме искочени цел ден. Сметам дека подобро да е дете надвор него дома. Башка и парно ни пуштија па иако исклучивме радијаторите е топло и потешко му е на дете... Сабајле со мали пешки цели 4 км сме истерале, 2 ипол часа одење. Он во количка секако сакав надвор и да отспие ама се го интересира па нема шанси да задреме. Како папагал е, се повторува, повеќе како му чини него како треба, ама како сака така. Повторувам по неколку пати како е правилно за секој случај па некогаш ќе погоди, некогаш не. Попладнево пак искочивме. Кажав за колку деца имам за дарување, па вчера уште едно машко бебуле ни се роди Ајде денес и за него. Да не му ја мислам после да трчам по подарок, искористив мм да е со мали, а јас да видам на раат. Го благословувам кик секој пат кога треба нешто да купувам за деците, увек се наоѓа нешто убаво и квалитетно за мали пари. Неделава ќе биде напорна. Мали ќе видиме дали ќе оди во градинка, ако речат нема градинка, дома со мм ќе се чуваат па попладне со мене. Вака да го видиш нема шанси да речеш дека му е нешто. Докторката вика ова дете настинато? Активен, весел, апетит има, пие течности, абе мислиш ништо не му е. Фала Богу нема температура, ќе биде добро. Одам сега, да не биде толку од сакањето Убава вечер!
Времево од гадно погадно ама ич не го сакам.Преку ден ќе рече човек ајде добро е колку толку сонце ама чим зајде оппп доаѓа ладното.Јас сум сахарски човек можам да живеам на плус 50 и гајле си немам,ама затоа зима есен ич несакам. Деновите си одат бременоста моја скоро при крај а ја не сум ни свесна дека ќе раѓам.Ма ништо не сум свесна хаххаа дури не ни помислувам како ќе излезам на крај со две мали деца сама.Ама затоа после тука ќе ви раскажувам....Кога ќе се освестам. Инаку како одам така ми крцка карлицата до декември сигурно ќе се раштрафам.А и да е живо здраво ама ова дете во мешето е екстремно баш.Прави салта и чуда,гарант уште сега учи од брат му. Незнам дали сум спомнала некогаш ама во куќава се што е живо и подвижно е машко.Маж еден син втор на пат,куче мажјак.папагал мажјак.Абе риба да земеме и таа ќе биде машки род.Да бидам искрена за второво многу сакав да е ќерка ама да ми се живи и здрави и мажињава највеќе си ги сакам.Сега за сега се задоволувам со внука ми таа ми е единственото розево во овој син машки свет.И така му викам на маж ми(кога размислувам за подалечна иднина)има да ве истренирам како војска да бидете,да си местите кревети валкани алишта да носите во вц да знаете јајца да си спржите.А после си правам обратно пропорционално во главата и гледам како животот ми поминува во слушање за фудбал коли мотори жени.Па кога ќе почнам да им купувам на синковци кондоми,па кога ќе дојде време и ќе ми речат ај излези малку од дома ќе ми дојде девојката и слично.Знам дека е далечна иднина ама отприлика ќе биде така хахаха. Кога веќе го спомнав кучето и тоа е збеснато ист темперамент како син ми.Цогирам денес и си ги гледам гаќите како ми ги влече низ двор,тој си ги извадил од сушара и бега си игра со нив,па си викам ај попаметниот попушта и така и вака ќе одат во канта остај го нека си игра. Инаку син спие големото дете спие пред работа јас во фаза Несоница сум па си дремам. Имајте убава ноќ
Ajde zhenskiii povelete na torta dodeka ima Denes mi e rodenden (potochno sega posle 12 ) pa da ve pochestam..
Среќен нека е и само убавини да гледаш од сега па натака (како сте почнале до сабајле ништо ќе нема од тортата)
https://forum.femina.mk/threads/Инхалатор.15656/page-2#post-4001250 Ве молам за одговор во соодветната тема.
@Mariangel најсреќен, сите желби стварност Добро утро, кафето денес од мене послужете се. Синко од 6 ипол не дигна на нозе, па го средив него маже кафе свари, па кроиме планови за денес. Времево не ми е многу оптимистично ама може ќе се отвори. Дете пак нешто се мрсулави, а и јас се осеќам малаксано аман само на тоа да остане. Имајте убав ден
Топла бања на ларингит никако. Често сме имале ларингит, сите доктори па и на нет прочитај, само ладен воздух. На сред зима сме ја мотале во ќебиња и сме седеле на тераса по пола час. Ларингит е оток на гласни жици. На оток што се става, мраз така? Е па тука не може да ставиш мраз затоа терапија е сладолед и ладен воздух. А за антибиотик, почекај штом нема тт. Ако е расположена, јаде немој да даваш. После ларингит мора да има исфрла секрет. Јас ни супи, топли напитоци, топла храна ништо не давам дур не се смири ларингитот. Со лесно и со помин на сите болни дечиња па и мајки. Читам полно болни дечиња Иде зима и загаден воздух. Тоа си го прави своето..
Здраво мајчички Бебе нана, мама бутка количката. Не смеам да запрам ни секунда. Ама бар вагата е задоволна и новчаникот имав куп ствари изнакупено пред бременост и тоа со етикета и ете се најдоа мислев да ги поклонам, ама ете за мене биле На работа ко на работа. Изгинав. Дома ко ќе дојдам и бебе ме чека за играње, шетање. Мајка ми едвај чека да си отиде Еден куп планови за денес. Гарант ни пола нема да се остварат. Битно попладне дома ќе си седиме. Ем да одмориме, ем да пофатам по дома. Бебе ми е златно. Лази, патка, зборува нешто и со сите се "комуницира" уште е главна викачка Со мм само се напињаме деновиве. Најчесто за неговите. Ќе им текне дека постоиме само кога пари им требаат во последбо време. Едната бара демек за утре да врати, а утре не доаѓа. Другата на одмор планира цело лето да оди, а пари немала, па пари за аранжманот исто од денес за утре бараше. На страна фактот што детето во школо не го пратија цела недела (прваче). За детево не паметам кога нешто купиле, ама затоа да му земат први се. Да, од мене кога бараат, значи и од неа земаат. Уствари, гледа бабата по нешто и ќе каже "гледав едни тренњрчиња, ама не знаев дали ќе и се точни". Па купи де. Ако е мало/големо ќе се смени. Битно е да се каже. Се разбуди бебе. Ќе бара да шетка
Добар ден! Имавме мирна ноќ... беба нанаше, дадата нанаше... па и јас и ММ се разбудивме наспиени. Помина доручекот па сега беба тера прва дремка а дадата надвор на прошетка. Дадата појадуваше, малку ама сепак сум задоволна. Многу е болна, затоа секој залак ставен во устата нејзина ми значи. За пулмикортот и јас ставам на децата во инхалации... се става и на бебиња ама помала доза од 0,5 , на поголемата ќерка 1мг. ставам. За одржување на инхалаторот многу се мислам како е правилно, мијам со топла вода ама дали е доволно чисто не знам и тоа ме плаши. Сега дадата е со бактерија па го чистев инхалаторот и на бебе правам ихалации а на дадата не. И пак сум со страв дали преку инхалаторот ќе пренесеме на бебе, макар го чистевме. Оф, мир да се нема. Ме паметам кога последно сум била спокојна и безгрижна! Одам да чистам... поздрав!
Добар ден ,убав ден на сите да ве почастам денес ми е роденден Синко тера попладневна дремка ,маже надвор околу колата јас си направив едно кафе и одмарам да ви кажам искрено .Приквечер ќе имаме гости ама се ми е спремно така да само пред да дојдат ќе поставам на маса ,а до тогаш во план ми е денес ништо друго да не работам нели роденден ми е па да се поштедам Вчера ни беше друштвото на гости супер поминавме дома мислиш детска градинка имавме ,5 дечиња сите горе доле од 9месеци до година ипол многу беа слатки секое во свој филм си беше ама битно сите среќни беа Вчера си помислив како ли ќе биде за година,две,три кога ќе се собереме на некој нареден роденден и кога ќе имаме плус уште по едно дете сите здравје боже гарант ќе биде преубаво, малку лудо и бучно ама нема ништо поубаво од полна куќа деца @Mariangel најсреќна да си ,една керќа годинава
@Mariangel Среќен роденден, да ти се множат годините @elcezelce Среќен и на тебе, само убави работи да споделувате Ај сега добар ден Бебе нана, кај и да е ќе се разбуди за ручек, за то време да одморам. Цела ноќ не спиевме, на крај во 4 се разбуди весел за играње, ми се плачеше. До тогаш на секои 5 мин пискаше, само шо ќе ја ставев главата на перница. На крај го зедов меѓу нас и така спиевме до 7, здрвени скроз, особено јас во едно ќоше се стиснав, од страв да не се разбуди. Зато недела ми е заморен ден, ем ненаспана, па и од цела недела шо си собирам тогаш го сработувам. 3 машини испрани, ставени да се сушат. Правосмукалката на турбо, прашина темелно избришав. Е ручек свеки си направи. Еден куп патичиња собрав мали, ниеднаш облечени, шо ќе прам со детево мое не знам. Дебело тупалесто ноџе, ништо не го собира, се му е мало, ако во должина му се точни. Собрав во џамбо кеса и еден куп алишта за внучето па ќе одиме да му ги однесиме. Пак за нашите не ми остана време. Поканите за роденден напишани, торта порачав, уште да си најдам фустан и ќе сме комплет. Ама не ми се свиѓа ништо, да сошијам немам ни идеја ни материјал. На тешка мака сум, знајте. Еве го моево стана, да му дадам ручек и да си излезиме, секако маж е на работа, ќе шетаме до вечер иако не се погоди времево облачно, само да не сме дома. Убав ден мајчиња
Среќен Роденден на славеничките @Mariangel и @elcezelce. Догодина со принова (по можност девојчиња) Како ви тргна со честитките, од толку желби за девојче може близначиња да излезат Ние како за недела, никако Синко конечно заспа, јас дремам под кебе и се мислам што попрво да фатам. Купот садови ме чека, купатило пак е лом. Откако почна ѕверот сам да оди во вц се' е прљаво. Обавезно раце мие со сапун, па додека ги избрише прво ги тресе и се живо и диво прска Туку, не издржав почнав да давам антибиотик. Може и порано требаше, се измачи дете буфта по цела вечер, ништо не јаде и само повраќаше. Ова му е втор антибиотик во овие 4год. не се сеќавав дека му било така првиот пат, почна да се жали на стомакот дури не сакаше да се движи и го тераше да оди во вц. Ми дадов пробиотик му се смири болката, апна малку и еве заспа. Маж и денес на работа приватно. Јас и дете ќе се забавуваме дома, ќе чистиме, ќе се инхалираме. Како за недела убаво звучи Ептен ја развлечив. Тоа дека е последен ден од септември па со тоа и последен пост за овој месец