Добро утро мајки Почнав да пишувам уште сабајле па се фатив за работа. Ве читам.Ама не ми се пишувавше деновиве.Некако многу лоши бра. Неделата особено.Имав лоша караница или дискусија со едни луѓе.Не би сакала да пишувам за тоа оти многу се нервирам. Вчера деца беа во градинка.Малото си оди само.Неѓа гајле.Тропа на врата и влегува. Ама затоа големиот наплаќа и за брат му.Опишав детално во соодветната тема дури и совети барав. Вчера бевме на 2 родендени во ист сат беа.1 таму после кај другото детенце.Од градинка на малото и од нашето маало се. Убаво си поминавме.Ги дотерав во кошулки.Абе како што гледам па моите две машки деца се многу помирни од други женски деца.Малото си играше и повремено доаѓаше до мене пиеше сокче и пица му давав и пак сновеше натаму наваму и само се смешкаше. А големиот си играше и одвреме навреме викаше мама и ми маваше со рачето. А други девојчиња имаше малечки ама рикат бе не се делат од мајката.Или фрлаа трееска играчки од земја.Па тоа девојчето што беше таму во игротеката што ги пазеше само одеше по нив и пазеше некој да не треснат по глава. Сабајле големиов душава ми ја извади. Зема комплет на кратки со спајдермен и тие да сум му ги облекла.Јас му викам надвор е ладно сите на долги одат.И излеговме да види но не бре тие.Па земав ги облеков и одозгора тренерки со кој ќе.се разбереш.Магаренце. И новите патики не сака да ги носи во градинка.Туку оди во едни топлинки со гума одоздоле а еве веќе се одлепиле од тоа што ги носи по асфалтот. Стигнавме и пак почна да плаче.Ама сега до вратата и влезе и ко рикна јас зад врата се сокрив.Мамаааа мамииии оооо лелле ууу вика ли вика.Мислиш ќе го колат.Чекам и стојам слушам. Се смири за 10 мин. И воспитачката вчера ми вика после е како друго.И си игра и бои врта јаде.Од понеделникот почнал да ручка.Се полна чинија. И си спие. Уште од сабајле да не плаче толку мн.и ќе биде добро. Трпение... Исчистив.Измив. И дворот надвор измив и цвеќињата и дрвцата навадив со вода. И треба да одам до градот.Имам некоја работа.А ме мрзи.Некако сум изморена.Уствари очи ме болат.Жар црвени се.Ставам капки мачкам маст.И грло ме гребе. Па и буфтам. Што да кажам друго.... Имајте убав ден
Добро утро и од мене. Се тутнав во кревет до синко, сабајле се помочка во кревет па така во 6:30 стана и сега порано преспива. Ама ако, тоа значи и вечер порано ќе легне. Мене ме боли кај препони, бебе мрда, стомак расте па се трудам колку што можам да одмарам. На моменти ме фаќа паника како ќе се снајдам со двајцата ама сигурно нема да е страшно Сакам да направам супа од тиква, ама прво да одморам па после за јадење ќе мислам. Имајте убав ден
Да се пријавам во пладневна дремка дете заспа, до 12 мм беше слободен па искористив маже златен ми е морам да го фалам без него ништо за се ми помага, од сабајле исправме теписи од дневна, кујна, спални, ходник, извадивме завеси летни наполнив машина, извадив зимски со драпери и триста чуда, па да одморам кратко ќе се дружиме со пеглата па кога ќе си дојде мм ќе смукаме, исто ми е во план да пребришам прозори и паркет и плочки, да ги ставам на чисто завесите и теписите. Ама несакам многу да се форсирам ми е страв да не направам белја. А си дадов и време денес и утре ќе се заврши се. Мора од големото да исчистам а после само тековно, околу 11ти ноември влегувам во деветти месец, ми се гледа далеку ама па и времето ми лета, а ништо не сум спремна. Незнам како ќе се организираме јас навистина имам заборавено како со бебе. Доста беше одмор да се фатам со пеглање. Поздравчињааа
Со кафето во рака и пред компјутер, второ за денес, Да се пријавам и јас во болните со тт и антибиотик,дијагноза,загноени крајници и воспалени ушиња, дада си доби терапија, а синко затнато носе и црвено грло, а ако и он качи тт да почнам веднаш со антибиотик добивме рецепта за секој случај да земам, но денес и двајцата се видно подобри,и со јадење се ок, а за спиења не питај четири ноќи по ред не сме спиени, но синоќе добро поминавме. Ќе пишам на кратко за претходните теми. Имав убаво детство,моите колку можеа ми пружаа материјално а дупло повеќе љубов, не сум била одвоена од ништо ни со купување а ниту пак со шетање, и сега колку можат помагаат,Имат среќен и сложен брак в,јас во моите години не сум ги слушнала да се караат, е тоа ми најкриво што ние со мм неможеме да се воздржиме па многу често се караме пред децава,што веќе големката разбира и почне да плаче кога се караме. Бракот како институација и за каков ќе биде мојот маж имав друга замисла е сега реализацијата не е баш таква,секогаш се замилсував дека ќе бидам многу сталожена и смирена мајка, и ќе ги играам моите деца,многу пати се фаќам себеси како избувнувам, или пак кога имам обврски во домаот а они ми с евлечат за нози,, зарем е грев да посакуваш барем на кратко да се одмориш од сопственото дете ? Но едно знам дека они двајцата ми се најдоброто нешто во животот, најдоброто одлука ја имам направено што толку брзо посакав братче за ќере. За фемина мм знае ,но што пишувам не ниту пак никот ми го знае, или јас си мислам. Ручек за денес од вчера,што остана, времето де па де ,да станат па ќе ги прошетам еден круг околу зграда,маже рече порано ќе дојде од работа,...се распишав одам да се подружам со мајка
Тука сум и јас, во хаотичен период. Викам нека мине само. Зимница вчера доправен, горда на себе, а богами и мм се му се допадна. Тел некое време тешко се полни, сега откажа овој кругов од кој сите функции зависат, вечер ќе го носам на сервис, а утре ќе се ,, пожалАм,, кај свекорот па да порачам нешто ново свеки не дава Вчера, пружејќи алишта, ме касна некој инсект на рака, толку лошо, што завршив со декстазони, синопени, лоратадини. Среќа мм е дома денес, синко со него се врти, јас решив да користам болка и маж, нека го почува еден час. Мајка ми замина ск, уште мислењето од анестезиолог и операција. Колку само ја мислам.... се плаши премногу. Дете вечер на англиски, пријатели од странција најавени за кафе, ние се најавивме за на гости, како ќе стогнеме.... Ај да дремнам малку, зашто,, дадилката,, ќе мк тропне на врата Убав ден.
Добар ден! Испиено второ кафенце надвор со комшивките,постари жени се ,но ни оди муабетот,а и се наоѓаат за се.Едната зимници правеше,цепкана салата како ајвар што е,па ми даде да пробам,нели трудна,се прејадов сега со сиренце,убаво ми дојде.Бато на школо го испративме,поигра мали во двор лом се направи,го истуширав и заспа. Ќе му направам супа со кнедли сега таман дур спие,за нас нема ништо,после сме на роденден па таму ќе јадиме. Викендов во план ми е варосување,чистење,има да ги испотам бабите,па да перам и пеглам алиштата бебешки ме фаќа паника,сакам се да спремам.Уште мм да се убеди да се заврти дома,да средиме.Ако не,има да му раскренам утре се па нека му ја дума. @Vennera.aa ние блиску сме биле,мене крај на ноември ми е краен термин,ќе се дружиме со бебушкит епосле,ќе има жалби и поплаки. Ај одам да сушам коса,смрзнав. Убав ден мајки
Ден мајки Топло денес, ама и убаво, само поубаво ќе беше да искочев со кратки, а не со 3/4ти и полуролка, не е дебела блузава ама кратки се кратки и со кимоно ќе ми беше поубаво. Плус фармерки и патики, барем и балетанки да натнев де Сега ми текна дека ниту еднаш не сум облекла балетанки а не ни купив некои Сабајле дојде женчето прозори и врати да светнува, па јас наранив бебе со каша од портокал (му се бендиса ) и низ врата и се тупнавме на една другачка. Она дека бебе и иде уклучила клима на 30степени Внатре бара! Па ти и викаш гаси и отвори врата, она се убедува со мене дека на бебе ќе му е ладно Зоврев, се убедивме да исклучи клима и подотвори врата ама џабе, дури се изветрее ние фативме пат накај дома Бебе се успа уште по пат накај кола, го префрлив во седиште си продолжи и дојдов кај мајка, он уште спие во кола, ако го земам ќе се разбуди, па он спие во кола под сенка, а јас седам у двор Мајка отиде ручек да смеша Скоро исто во град и ми заспа во кола, а јас имав неодложна работа во банка, да идам до дома и да се враќаме беше касно, да чекам да стане ќе окапам, а да го будам ми е жал. Па фино лепо се паркирав одма пред банка (имав таква можност), ѕирнав низ стакла празно е, па подотворив прозор, заклучив врата, му реков на обезнеџењето да го причува и влегов да обавам обврска Брза бев, ништо не се деси. Но кога му кажав на мм ме направи немајка, се изначуди на мојата постапка Што знам, едвај 5мин го оставив, го гледав, прозор отворив и чувар најдов да го варди Море да не лажам, еден момент си помислив чуваров да не викне социјално Еднаш на ист начин и кокошка купував, ама добро тогаш 2минути работа беше и кола на улица, со 4ри жмигавци јас купував преку тротоар, на Џон Кенеди де, во Сити чикен или ,,градска кокошка,, во превод Бебе ко да мрда и се буни, идам да ѕирнам, па ќе идеме горе кај мајка да и поровариме малку Убав ден
Добар ви ден, доправам ручек и чекам маж од работа. Бебе спие. Каква ноќ сме имале.... Имавме море среќа... Со кој памет бре палат кола во катна гаража???? Оган, пламени, експлозии, арно детево спиеше. Па и нашата кола у близина, па мм се симна да провери. За 20 мин пепел се. А да фатеше уште некоја кола? Ќе го фатеше цел паркинг и отиде пола маало. Среќа, среќа што некој видел на сам старт па пријавил. Бевме на контрола, добри генерално, уште 3 дена антибиотик. Се извишила 6цм за 3 месеци. Расте мајкина... И така денес роденден на баба(мајка), па и некој заб да поправиме. Едвај чекам да си легнам. Нозе не ме држат. Еве презаспивам дете, уште 2 четворки останаа за вадење, а гледам горе и 3те ко да ќе тргаат. Забарон вика се е можно. Аман веќе аман...
Ova e idelalno nesto, go gledam na youtube majkite u amerika go imaat. Sediste kolicka, so se trkalca se sobira i direkt u kola kako sediste i se vadi se stiska kopce izlagaat trkalata se pravi kolicka. Nit bebe da vadis od sediste da go lremestuvas u kolicka nit nisto. Steta sto kaj nas nema ne sum videla, a moze u sosedstvovo da ima neznam. Ja vtoro zdravje boze bi sakala da si kupam ako najdam.
Добар ден мајчички Јас се прибрав прееска, па да пишам додека спие бебе. Сама сум, мм е на пат од вчера, па си ја земав бебка од кај свеки, ја наранив и заспа одма. И синоќа спиевме сами, првпат ние две. Уствари не е првпат, лажам. Првпат беше кога мм заврши итно на операција ама ајде, пројде. Не сум навикната без него, и синоќа шубе ми беше, со едно око спиев, со друго на штрек. Не може никој да ми влезе, забарикадирани сме ама сепак, не ми е сеедно. Само заради тоа мало невино човече што мирно си нанкаше. Вечерва со душа го чекам да си дојде. Не можам без мажето, многу си го сакам, што да правам Мајка дошла кај сваќата сабајле (кај свеки де), да ја види бебка и направила ручек па да земам да каснам, уште не сум јадела. Ми врти втора машина, се пуштив на turbo mode откако дојдов од раб, не знам што ми е Да стане бебе, па да сменам постелнина за неа и за нас, и да ја пуштам старата да се пере и толку од мене за денес Ама прво, едно кафе мерачко, во мојата омилена шолја, и едно на раат во дворче, па после се друго. Имам бебефон, да не ме мислите, не оставам бебе без надзор Убав ден/ убава вечер на сите Едит: ја гледам количкава над мојот пост и викам, зар у тема Колички пишав? Оф, очајно ми треба кафе
Ова ептен практично личи, штета, јас кај нас не сум сретнала ништо слично, треба да се почачка каде би го имало, Америка далеку ми е. А кога го шетав во транспортер ми беше ептен погодено, вадам и местам на количка
ПМС до даска, секој месец ме потсетува дека доаѓа тетката кога ќе почнам да сум незадоволна за се што имам во животот. А реалноста е дека треба да бидам среќна се ова што го имам и за денешниот ден и секој момент со најмилите. Ама тоа е, пусти хормони како низ искривена призма да ги гледам работите овие ден/два. Постојано се преиспитувам дали можеби треба да направиме поголеми напори финансиски и малата да ја запишеме во приватна градинка, и покрај тоа што во оваа веќе година дена супер се вклопи. Задоволна сум од учителките, активностите, хараната, ама не добиваат сите деца доволно внимание бидејќи им се зголеми групата. Почнуваат да ме нервираат условите што спијат по две деца во креветче, што бројот може да достигне 30 и кусур деца во групата, што нема услови... јас само сакам моето дете да добие внимание и грижа во градинката. Воспитачките ми викаат секаде е така не можеме ништо... па смачено ми е од тоа да сме немоќни и да креваме раменици и да се помируваме.
Многу едноставно ја направив сега, тиква, компир и лук сварив. Изблендирав се, додадов зачини, малку двопек да згусне и на крај кисело млеко. Многу е убава и со праз и плус целер, пашканат ама немав во моментот. Нареден пат. Јас лежам и неможам да станам од што ме боли доле ќе земам сега магнезиум дупла доза па се надевам ќе пушти малку.
Мм се јави дрка дома е за еден сатсат,па додека го чекам да пишам време да помине. Дете ми ја зел ташната и вади се од неа и става негови играчка во неа.Го нашол несесерот отворен.... Најлошо досега ми има поминато камената пудра сол ја направи.Исто така и сенките но ретко ги користам.Откако останав бремена па до сега едно 5-6 пати имам ставено. Денеска топол ден,со девер ми излеговме да го искористиме времево и да го шетниме дете.Појдиме до пазар да изпазариме зеленчук и овошје.И седнавме на по едно "капе" дете како што вели.Само што го донесоа кафето дете сака од количка да стане да шета.Го залажавме некако со телефонот,го испивме брзински кафето и тргнавм накај дома. Стигнавме дете го заспав и одма се фатив за работа.За дете правев ручек манџичка со телешко и грашак..Додека ручекот се крчкаше зедов да правам паштета или пире од зеленчук како сака нека се вика. Дете мегу време се разбуди,зедов го наранив ,па го вакумиравме пирето во тегли.Тркнавме до маркет да купиме намирници за ручек-вечера за нас.Денеска на мени топеница со вкус на пица. Дете збесна....
@emkaemka не си единствена .... Хахах и јас често го применувам тоа.... последно беше сега за референдумот оставив дете у кола и до аптека влегов и кога завршив работа на влагање видов скршен ретеовизор.
Добра вечер мајки Да шкртнам неколку реда и да ја гушнам перницата. Денес беше празник тука, неработен, па максимално го искористивме. Во природа, на едни вештачки езерца, на риба, и во слаткара на блашко. Среќа не беше најсјајно времето па немаше народ. Инаку некогаш и со саати се чека за нарачката. А со децава тешко изводливо толку да доседиме. Важно одличномпоминавме. Додека тргнавме драми, се изцедивме. Средното му пробила тројка, тоа објаснува “журката” од 00-02. Најмалото се ококори 06, плус едно бидење во 04 за млекце, и толку од празникот и спиењето. Ги облековме, сменивме пелени, па појадок, па спремај ташна за големите, ташна за малото, па пак пелени , па облека за надвор, па ние да се спремаме, па во меѓувреме едно јакна соблекло, друго чизмите и чорапите, трето се искакало...и пак од почеток. Како цедени лимони бевме. Важно со текила став, не се предаваме. Дома дојдовме капнати а деца во топ форма. Во моменти на очај, само големиве очи да не си извадат, го пратив средново со татко и до бензиска и да се повозат. Малку мир со двете само. Утре со детево до болница да одам, раната да и ја видат. Кузнее колку саати ќе окапеме. Мирна ноќ на сите и побрзо оздравување на сите дечиња
Добро утро лејдис, кафе и торта од мене денес Од нигде никаде, завчера добив унапредување кое не ни насетив дека воопшто се спрема, уште помалку дека би можело да е за мене... Носи многу одговорности, ама па некако не им се плашам. Знам дека сум добра во тоа што го работам, знам дека можам да се носам со функцијата. Секако дека ќе можам да се носам и со платата, за тоа махер сум. Затоа вчера само што потпишав договор, отидов маме да и' расплачам на картицата. Не знам и не сакам да знам колку потрошив, само знам дека се изнакупував за сите по многу и ич не ми е гајле. Ретко си дозволуваме екскурзии од тој тип, а на сите ни требаше по нешто и некако ми тербаше тој шопинг за да им малку од малку надокнадам што не ме видоа месец и пол со сезоната. Мм се изнатуфка на сите вчера да се испофали, јас па тумрук на никој не кажав. Дури и на мајка ми он и' се јави. За мебел гледам сте збореле, кај мене се' е преместено според потребите на децата. Клуб маса имаме голема и тешка од масивно дрво, на неа свашта прават да не речам дека ја присвоија. Имаме креветчиња монтажни во сред дневна таму си спијат, имаме и во спална. Ич не ми е гајле, мене не ми смета. Кога ќе пораснат ќе ги барам играчките од кои сега се сопнувам, прекратко се малечки. Тротинет и огромна кола на која се возат двајцата исто така е составен дел од мебелот. Затоа сите деца сакаат кај нас да доаѓаат, се' е за нив адаптирано. Имајте убав ден девојчиња!