Тоа е проверка на пх вредноста чинам, ако е променета има бактерија ако не нема, инаку да се види која бактерија е мора да се засадат и да се чека 48 часа. Јас на вакви во мк за дете не сум наишла, за мене гинеколошки ми била проверувана пх вредноста.
Овој брис кај матичнава беше само за една бактерија (не памтам која валјда најчестата што се јавува) А може и да е пх индикатор не сум сигурна, ама и тоа не е лоша опција прво да видиш дали има и да си мирен ако нема....
@TheSecret @Igle ima pravo. 100 pati i ja sum go pisala, brziot test e za streptokoka. Kako test za bremenost e, rez posle 5 min. I na ist princip e dali ke se pojavi plus ili minus na testot bukvalno. Ovamu toj go pravat ako ima dete angina. @gjoker4e ne prasuvaj. Zatoa otkako ke zaspijam dete sedam na krevet i u edna tocka gledam pola h, da si dojdam pri sebe
Дете спие,јас да пишам... Ке чекаме да се затопли и ке одиме на платиме сметки и кај баба ми да ја видиме.Мм ке дојди вечер да не земи.. Вчера мм не изненади си дојде од работа во 9:30 кога појде кога си дојде.Се почесто олку кратко нека му трае работното време,нас ни фалеше ваков убав ден да поминиме заедно. Пиевме едно кафе заедно и си го презеде дете. Колку е убаво кога мм е дома 90% ги презема обврските околу дете. Јас наместо да одморам се пуштив во работна акција.Чистев купатило,правев ручеци ,чистев шпорет,го мијав купот вагани што сама си го направив,пуштив две машини,спружив. Мм го заспа дете ,а јас се истуширав и му се придружив.Направивме сите заедно една дремка од два часа.Што убаво одморив... После ручекот заминавме чаршија да му купиме на дете патики,старите веке долго време му се мали и го носев по едни топлинки. Кога излегувавме од сите дукани,дете викаше фала и чао.Колку беше интересно,сите продавачки му се смешкаа и го задеваа. Купивме патики и седнавме на мезе и пивце.Дете не доседе во количка,шеташе по другите маси и му викаше здраво на сите што седеа.Не фати страм со мм што му причеше на другите луге....Ние земи го ,тој пак тргнат во акција. Видовме не бидува седењето и го фативме патот накај дома. Кога стигнавме зедов дете да го успивам, а мм правеше вечера и направивме уште по едно пивце со мм откако дете заспа.... Сакам кога е мм дома има ред за оброците за нас.Јадиме по три пати,а кога е на работа по цел ден јадам само еднаш во денот.Мм само вика по мене дека не јадам. Дете се разбуди....
Добро утро мајки @24.07 сваќе кам кафеАј сваќата со зетко се мавта па јас ќе сварам . Повелете. Не знам уште ме држи некој вирус нит ме фаќа нит ме пушта.Уше помалку ме боли, грло исто .Шмукам таблети за грло и капки си ставам на ушето.Сигурно е од малата или малата фатила од мене.Насабајле сум супер ништо не ми е.Ама после работа сум крш. Си доаѓам вчера дома и куќа да не ви кажувам Секоја играчка извадена од детска во дневна.Малата само во раци сака.Не ме остава да ручам.Ручав некако.Велам да одморам , а дете скока на кревето де врз мене де врз татко и.Ја скарав еднаш и му велам на мм одите шетајте глава ме боли.Не и јас да одам со нив Велам не.Седеа дома мала се раскинка од досада.Па станав и лепевме во боенката форми. Мм му текна дека нема леб и отиде да бара леб во 20часотНормално нема.А јас полудев од хаосот.Полека смирено со пиленцето ги собравме сите играчки.Таа вечераше , ја бањав и татко и си дојде после 1час. Значи јас до дека чувам дете го шетам, ранам, успивам, ручек не сакакам да направам и стан исчистен плус пазарувам.Кујна секогаш средена , а детето ми е лепенка.А што прави мм стварно незнам по цел ден тв гледа детето, а дете од 2 години не смее тв да гледа.Од 5 години натаму по 30мин смее.Ама ајде некогаш и пуштам кога не се трпи имам важна работа .Ама не повеќе од 30мин. Му реков тражи игри креативни за малата на интернет , сака дете игри.Не На крајот гладна си легнав.Нема лаб празен фрижидер.Маж.Само еден маж да си на овај свет. Ова негативен пост испадна @Monella што се буди детето е од што е болно или од адаптацијата во градинката.Кога ќе оздрави пак ќе си преспива.Абе поголемо е мажето твое треба полесно да мине.Многу ми е жал знам како е .Ќе помине првите месеци е најтешко.Со лесно и брзо да поминува Лани и ние со мм покрај малата цело време бевме болни.Оваа година и ние стекнавме имунитет изгледа.Тој учителот по спорт на родителското кажа секој вирус бил битен за детето не за сега за во иднина Стигнав на работа си пуштив радио си варам кафе, ќе јадам . Дојдов 20мин порано, а шефот во 12 доаѓа денес на предавање е Убав ден на сите .Викенд
Добро утро, ајде Едвај стигнав на работа, гужви низ градов, тргни застани. Се напнав, леле ако има нешто што ме нервира, тоа е сообраќајниот метеж. Сум заборавила како е, на породилно дека, ама леле многу се нервирам. Работата ми е на 10 мин од дома со кола, ни толку нема, а јас возам минимум 30-40 Ајде петок денес, ќе почнам пак на викендите да се радувам Досега секој ден ист ми беше, дали било петок, понеделник небитно. Сега веќе викенд си е викенд Вчера со бебка и мм отидовме до Веро да испазариме. Дете пресреќно, само да го возиш во количка, да гледа како стринка некоја лево-десно Па и им се смее на луѓето, уште па ако ја закачне некој, права шмекерка е. Една жена на каса почна да и прави муабет, оваа се изнагуга, се изнакикоти, се изнатропа со тоа играчките, све фрли на земја Живи радости. Само со луѓе да е, да има да гледа, да слуша. Права стринка Транспортерот и е мал, нозете цели и се излезени и нема што да им прави, ги качува цели на седиштето нагоре, или си ги јаде Мора после да одиме да купиме детско седиште. Ми порасна бебка А па во кола кога ќе ја седнеме колку се радува, и викаме одиме па па и се смее како недоквакано Скитниче на мама Вчера мм ја чуваше, свеки имаше некоја работа. Кога дојдов дома ме стрефи шлог. Кујната затрупана со садови, блендерот залепен, неизмиен, 5 тањири, цуцли, лажички, шишенце за вода, за млеко... Башка што ми се јави 35 пати за ручекот да ме праша што како. Тоа е маж кога ќе оставиш сам Ајде земав средив, пуштив една машина, па отидовме да пазариме. Мм ми вика јас не знам како успеваш и дете да гледаш и да средуваш. А не знаееееш... Добро, барем призна, ми олесни Ја почува еден ден и се истрауматизирал. Ама шетале низ маало, биле на кафе , си играле со кучето, се ранеле и така. Бебка пресреќна, маж не толку Ајде да се фаќам за работа, доста муабетам. Убав ден и убав викенд на сите
Хело женски Жива среќна сум. Конечно одам дома, чекам авион во Виена Ако стигнам на време ќе ја земам малата од градника , едвај чекам да ја изгушкам Од 5 сум станата, првиот лет ми беше во 7.30, а ветив дека ќе ја носам на градинка навечер од 19.00 сме. Како ќе издржам неспиена не знам, али мора некако нема да ми даде да спијам сигурно Отидов.. Едвај чекам да се напијам турско, дупло и горко
Утрооо . Будни уште од 06. А легнавме вчера во 00. Цело сабајле го молам да излеземе да се истрча надвор а тој се запнал дома и со лепак се игра развлекува го по соба. Каде е 13 часот... па да почнам да го молам за спиење денот година ми се виде уште од сабајле. Сонце надвор убаво време е кај нас ама јас само желба за во спална имам ми се спие! Кафиња две сум пиена инаку. Денес и јас имав желба за тиква чорба да направам па ајдр ќе баталам друг ден ќе направам. Да се разликувам од фемина. Инаку никаде во здравството не цветаат рози каде сакаш биди секаде има дупки.. Освен оние што глумат дека од еднаш животот им станува розов а до вчера им бил скрз црн. Нели на форум најдобро е да се лаже народот како на некого му е совршено и таму каде што е совршено пак има некоја дупка што употно велиме дека не е дупка.
Јас испив две кафиња од сабајле, трето ми се пие ама немам намера да го пијам. Една чиска моментално удирам по дома додека чекам маж да си дојде, сонце надвор пркнало може да се прошетаме малку сите 3 јца убаво ќе ни дојде, може и на сладолед да тркнеме некаде и така. Јуфки ќе правам немам намера па и кујна пак да чистам. Многу ми се допаѓа ова сонце кога пече а е свежо и ладничко па често знам да приседнам до прозор чат пат на малку во тек на денот. Дете се забавља низ дома со играчки и слуша музика Јас со крпата играм наоколу и така го минуваме сабајлето Убав ден
Денес е смрз, не можам да се стоплам! Со цел памет (читај без памет) сум со едно тенко блузиче на преклоп само со топс одоздола, а немам ниедно палто оставено на работа. Седам нагрната со јакна, одвај куцам од што ми се смрзнаа прстите! Нека ми е за памет, само да не се изпоразболам пак. Прв викенд цел ќе ми биде после скоро два месеци овој, одвај чекам да се прибереме сите дома. Има да ги изгњавам сите до миле воље. Конечно и да дојде време да се посветиме и на третото да го поднаправиме ако даде Господ. Постот ми е почнат од сабајле, влези-излези не стасав да го пратам... Убав петок девојчиња, упте поубав викенд ви сакам!
Ме нема ме нема па ќе се изгубам Некако немам навика да пишувам овде, зошто ни јас не знам. "Големото" дете во градинка, малото со мдне домче. Цела недела е болна, по скоро цел ден спие и е само на млеко. Ми ослабна девојчето пола кило. Од вчера со брат и се на антибиотик. За два дена црп и скокнало од 1 на 28. Педијатарот вика за двајцата дека почнало со вирус па прешло на бактдрија. Е сега он подобро го издржа тоа па од вторникот си е во градинка, 4 дена беше домче. Многу е раздразлив и прикачен за нас, ама препишувам на болеста. Вчера имавме родителска во градинка, јас важна важна како бог знае што да ми се случува, ама не ми се верува дека стигнав да одам на родителска за моето бебуле. Тој па е толку умиљат и толку ми го топи срцево не можам да опшишам (и малата де исто, ама он на друг начин). Вчера додека лежевме кај него на кревет за да заспие ми се врти ми вика мами тинче и почна да ме гали со рачето па и ме баци. Ќе умрев луѓе, нема нешто поубаво! И јас како емка, која патем обожавам да ја читам јер интересен стил на пишување има, си пишав две три ретчиња. Една планина од алишта ме чека за диплење ама ништо не можам да пофатам од малата неделава..ај може сами ќе се здиплат,м? Диета иде споро но успешно па и тоа ми дава мотив за понатака. Денес ќе носам деца кај мајка за да можам да се посветам на оној кого сум му потребна во мкжоментот. Две болни деца истовремено е еднакво на Убав ден посакувам!
Добар ден мајки Две во градинка, јас со малово дома. Во очаен обид да пофатам нешто, да сработам. Запеглав божем малце, ама ридон алишта не е многу намален. Изгледа пак ќе користам тактика на две на три и наши сами ќе диплам. Денеска конечно прекрасно време, измрзнавме деновиве. Маж се јави ќе си дојде порано, па ќе одиме на ручек. Домаќинкава не е со ниет да готви. Таман, само со најмалово, да поуживаме во последните зраци од сонцето на некоја летна бавча. После ќе си ги прибереме другите две од градинка. Утре средново мора на преврска пак а големава на јавање. Се надевам ќе успееме и некој парк да вметнеме измеѓу. @wannaBeMomma побрзо оздравување на малечките. @gjoker4e и момата да закрепне побрзо. Мило ми е што бидна работата со детскиот. @elena.mak максимално да го искористите викендот @Monella големата во фазата на адаптација во градинка, околу 2-2.5 беше тогаш, почна навечер да се буди во сон. Од дете штомод 6 месеци спиеше само во соба, наеднаш почна да се плаши и да се буди од сон. Можебини и кај вас е исто. Кај поголемките е стварно потешко. Нека му мине на малиот побрзо. Се лажам на попустите на хм страната, па не дај божеми ваучери кога имам. Да зирнам да не има нешто , па да продолжам низ куќа. Убав ден на сите
Добар ви ден, редовно читам да не ми ставите минус ама вчера не се наканив да пишам По дома се исправме, се исчистивме се средивме, уште по нешто ситно ама тековно ќе си средувам Денес времево не послужи за уживање, дете ме дигна од кревет уште во 6 па доручек го спремив и во 8 веќе бевме низ врата. За право беше малку свежо ама па пријатно, а и брзо се затопли. Отидовме најпрво покрај каналот и за среќа ги најдовме лебедите зошто од дома цел бајат леб по мене го носев, па синко е жива радост додека ги храни Оттука покрај езеро по кејот до лизгалките тука ни е втора постојка може сат време останавме Конечно му здосади на дете па побара токче, па отидовме на сокче, а за мама кафе. Се измори синко па немаше желба да трча околу маси па на место ми легна кафето иако како навиен повторуваше пак да одиме кај лизгалките ама да дојделе и лебедите Дома бевме во 12 несакаше воопшто да влезе во количка па ај тој што се премори и јас цел пат ем количка туркај и по дете трчај. Само стави глава на перница и за секунд заспа, па и јас се испружив на тросед и не мрдам додека не стане, мака ми е и кафе да си ставам Ручек за маже и синко грав петочно, јас ќе си стегнам некое тосте зошто многу мака ми прави гравот со стомакот одсекогаш, а сега трудна не се ни осудувам да јадам Да се прибере мм, ручек и во план ми е да појдеме на игралиште со топка да се дотрча дете, смешки е ја шутира и трча по неа, па ако неможе да ја стигне седнува и плаче и и вика дојди топта, ама ќе види не ќе види станува и оди да ја земе Оваа година не ми е во план правење ајвар, ме бендиса на випро ајварот, а гледам на флаер во рамстор 190денари тегла од 720мл и плус 60поени повратно, па во план ми е да одам 10-15 тегли да земам таман ќе се за нас. За право се понуди мајка ми да ми прави ама не би да ја мачам жената секако разликата во цена е минимална и не вреди за маката. Се гледа кој е без работа, се распишав одам да си ставам кафе да ми е целосно уживањето, кој е за пладнeвно повелете
Ајде и јас да пишам иако немам баш што ама барем да ве поздравам и послужам со . Отсекогаш ми било се под конец дома ама откако прооде малата просто невозможно е. Значи хаос е. Па комбинација проодено дете и болно што викате вие ќе ми прооди куќата. Заспа па средив дневна и кујна и седнав со кафе. Доколку успеам до вечер купатило, ходник, спална супер ако не здравје утре, задутре. Битно детето да оздрави. Сабајле во 09:40 се јавив да закажам термин за мене на доктор ми рекоа во 10.00. Со дете и низ врата и на гугл мапс барам кај се наоѓа не знаев, па го помешав со едно друго па трчај назад и не ми се верува дека стигнав точно во 10. Ме изнервираа ми рекоа да носам и преведувач ама ете и без него завршивме работа. Малата си доби телефон играчка гратис. И тука е ладничко, а сонце топли, мераци, фала ти животе за времево, да стане дете и одма надвор излегуваме. Вчера ми се јавија за работа ама на крај ми рекоа нема да може дека не зборам убаво. Па малку се растажив ама битно добив повик и тоа е некој напредок. Сакав да ја тагнам @Seline изумив вчера. Што и да е ќе помине. Остани силна и позитивна. Малава кога ќе ја налутам нешто легнува на душекот и се треска со главата. Не знам дали е тоа тој тантрум ама среќа на душекот што го изведува. Да пратам CV на едно место додека спие малата па се читаме. Убав ден на сите! @elena.mak Кога мене или на некој му е ладно мене ми се плаче. Не знам дали некогаш имам измрзнато па до толку тешко и жал ми е ако му е ладно на човек. Ти праќам топлина и нашево сонце.
Цка ќе помине. Така е на почетокот со градинка.. Јас најдов па да те тешам мојот сеуште не е почнат но по блислите што им одат така е секој петок се со тт... битно стварат имунитет.
Топол чај и фемина... чепкам низ темите, убивам досада. Да се фатам да сработам нешто низ дома би ми бил подобар денот, ама јас немам сили на гз да седам а не на нозе да станам. Болна сум, од синоќа упорна тт, болка во коските, во главата, во грлото... не можам да подголтнам... Како ли им е на децата кога се вака болни, колку многу се мачат, дури мислам подобро се носат со настинките и вирусите од нас возрасните. Моите се во фаза на оздравување. Беба полесно мина, ете ја уште поткашлува ама се помалку. Дадата уште е на антибиотик, мада супер се држи, апетитот и е повратен, па имаенергија и да се игра и да не нервира и да збори 200 на саат. На градинка не ја пратив, нека ја дома, цела недела си е домче за да оздрави подобро. Па и со бактерија на грло секако не и е местото меѓу 40 други деца. Да бе, 40 деца се во групата, ќе си прат на ти дај ми на стрептококата. ЕЈ бебе стана, ами сега од кај сили да ја чувам?! Ќеисцрпам некој атом енергија, морам си! Убав ден!
Добар ден и од мене денес се успавме со синко во 10 и 30 станавме па си лежевме 11 не фати и турбо и денес скоро секој ден чистам се збудалив го чистев камионот и сето со прашини па ајде завесите ги перев па прозори чистев а ова година не ми бега правосмукалка за пепел мора да ја купам не може вака. Го нахранив синко и заспа пред 1 сат а и да се пофалам му сплетев капа со мики вчера ја почнав сега е готова уште некој ситници . Утре планирам да шетниме до град ќе се отвара некој маркет и да ни помине време не планирам ништо да работам освен да спаковам куферот за кај мајка во недела сабајле кога ќе станиме да тргнеме,утревечер ќе биде касно се надевам дека таму ќе одмарам убав ден да сварам уште едно кафе додека спие синко
@Belabelinakinder и јас лани ја земав таа фамозната за пепел ама ако немаш компресорче за да го чистиш филтерот, тресејќи го ај што ќе се направиш лом туку со чист филтер имаш само едно смукање
Исто и кај нас. Не да ми се плаче, ми се рика Пак го носев кај педијатарот, рече овој бил најнов вирус а и, требало да седи дома извесен период (1,2 недели)убаво да заздрави, сега бил истоштен, заслабен имунитет и одма го фаќало. Како да не е доволна тт, воспалено уво, повраќање обавезно еднаш до два пати дневно. Туширање за симнување на тем. и за исплескано од повратеното, куќата не да ми прооди, ќе затрча и ќе избега прљави алишта, постелнини, бањарки, садови, сирупи.... се е на изволте. А тоа што не сме спиени цела вечер Ако не друго си ја олеснив душата. Не можам да си го гледам детето вакво, мора да го оставам овој пат дома убаво да заздрави па потоа во градинка, знам дека пак ќе закачи нешто ама барем поретко да биде, вака е неподносливо. Еве синко се предаде, барем тој да одмори малку. Јас да фатам нешто низ дома, осеќам ќе биде долга и оваа ноќ. Со помин на сите болни дечиња.