Многу ретко пишувам тука, си се вртат деновите исти, стани во 7, кафе, дете станало, вежбај го, рани, пресоблечи, прошетај низ дворче, дур спие да се зачисти/среди нешто, ручек за него, за нас... Уште му се секирам дека малку јаде, у денот ~650мл млеко и ~ 100гр. каша, ама гледам полни пелени, расположен, ќе видиме вагата што ќе покаже за 2 недели. Имав интересна случка денес, прв комшија, 60тина години, пројде на сеир стариве цепеа дрва, ги зеза младиве седат, стари работат, ама всушност човекот сака да го понудиш ракииче да цмокне, жена му не му му дава. Ние со малиот, свекрвата и свекорот седнавме да пиеме кафе и ми вика ај идната година близнаци, јас без око да ми трепне викам имав близнаци, ова што останало да ми е живо и здраво, здравје за друго, а свекрва ми мења бои мислиш у земја ќе пропадне. После на само ми се извинува комшијата, не знаел, свеки зборела цело време сум се породила едно машко, во болница во инкубатор е. Другото еден ден живееше, па ко да не постоело работава. А стариве комшии знаат што број гаќи носиш, ако еден дознае сите дознаваат, па женава им свртела некој филм. А зошто лажење не знам, и трудна кога бев во муабет со една кошмшика за боледувања кажав дека сум на патолошка зошто со Инвитро, таа мења бои, па ми вика зошто кажуваш. Зошто па да не кажувам, ни прва ни последна, ако тебе ти е табу тема, твој проблем, мене не ми е. Некад во муабет на кого личи малиов (ми се сере на тие муабети извинете на простотилаци), мм вика на мене, јас викам да голем дел овој е на мене (освен долниот што го немам ), а другото беше на мм, таа остај поминало. И ми пукна филм еднаш, и викам а за твоето бебе, на секој погреб по роднини на список името и го ставаш попот да ја спомне, ајде и ти остај поминало пред 30години. Друго било моево само 1 ден живеело, нејзиното неколку месеци. WTF?! Стварно некад ми иде да ја здавам жими се. Нејсе, за убаво има па да се пофалам јатрва ќе бидам. Девер ми си ја побара девојката, веридба ќе биде на денот на нашата годишнина со мм, така што јебига. Јас дома останувам со малиот, а деверчо, мм и тајфа одат во друг град официјално да ја бараат од нејзините, па вечерта веридба. Малиов како ќе спие, под него ќе ечи музика. Немам ни идеја што да им купам на младиве за веридба. Уф море, ова од што ретко пишувам, еден пост како за 5. Што побргу и со лесно да оздрават болните дечиња. Лека ноќ.
Добро утро Да пишам и јас и мене ретко ме има. Работа дома, надвор со децава и дур си трепнал време за спиење дошло. Ама да се искористи времево додека може после ионака ќе се затвориме дима. Малово обожава да шеткаме и да играме брканица, ме тера да ја бркам па ми се крие демек па паѓа во несвест од смеење кога ќе ја најдам, срцка е ептен . За гушкање и бацување е прва, ептен е лигле, само не гушка сите тројца и не бацува и ни кажува дека многу не сака. Брат и се нервира кога му збори така дека е дифтар ептен башка се мисли дека е голем дечко па срам му е да не ја чуе некој. Тој си е своја приказна, не не дружи многу за шетање седи со другарите пред зграда си играат, може само да дојде да се гребне некој сладолед и пак фаќа шртафта кај негово друштво. Ама ако детето сака да си се дружи, дома си играат ама обично навечер пред спиење ги фаќаат будалите и оди па прибери ги Мојава пак обожава пица и обавезно еднаш неделно правиме, мислам дека најмногу јаде количински кога има пица. И маслинки сака многу, сум приметила дека многу деца ги сакаат што ме чуди бидејќи некои нормално вкусови тешко прифаќаат а горчливи маслинки таманат. Деца, оди па разбери ги Зоште се разбудив не знам, сите уште спијат, се будалеа докај 11. Додуше на работа сум малку и денес па не ќе е лошо да станам кафе да се напијам додека спијат Убав викенд девојчиња
Добро утро Ајде кој е за кафенце сега си направив капучино. Деца станаа точно во 8.Ги пресоблеков сега играат во детската соба.Само гласот на големиот се слуша. Сега ми вика мама оти тата још неќе дои.Му викам дојди да ти покажам.И го носам до календарот и му покажувам сега сме тука,уште овој и наредниот и пола од последниот да помине и кога надвор ќе има снег тогаш.Аааа ми рече.Добро. После ќе ни дојдат една мајка и детенце на гости.Ама големово не дава играчки.А вчера во градинка боле есенски лисја па ми покажа како боел.Воспитачката вика се смирува за 10 мин срце убавко и го гушка И така мајки имајте убав ден овие почнаа очи да си вадат
Добро утро Бебе денес се успа па таман мама има време на раат да испие кафе посабајлечки ,да ви кажам ми фали ова сабајле пиење кафе дома сама ,вака се немам напиено кафе уште од кога бев на трудничко .Инаку синко вчера си легна во 9 ама кутриот од што беше преморен заспа дури во 10 ,и во 5 сабајле стана наспан господинот па фино лепо си се изнаигра во креветче на спална до 6ипол ,јас подмижував со едно око со едно го гледав ,а мм лут не сме го оставале да спие сабајле бил на работа големо чудо порано синко кога стануваше на секој саат и јас бев на работа па на никој не му беше гајле за мене .Инаку кога сме за спиењето на синко почна да преспива по цела ноќ ,до душа еден ден преспива еден ден еднаш станува само ама тоа е за славење веќе пошто стануваше на секој саат Во последно време имаме проблем неможеме нигде со мм да излеземе сами на раат ,синко не сака да заспие без нас ,он значи си седи со баба и дедо не прави никаков проблем само не сака да заспие ноќе без нас .Незнам како ќе го научам да заспива без нас . На Работа полуделе да ви се пожалам бараат да пишеме зимски одмори уште од сега разговаравме со нашата шефица и она ни рече да не ги пишуваме дека стои позади нас па ќе видиме како ќе поминеме.Инаку завчера пак го шишавме синко и пак ми се плачеше ама многу брзо му расте косата на детево за една година три пати е шишан до сега незнаете башка колку плачеше леле душа ме здоболе го носев на шишање со свеки и дури јас најдов паркинг место го имаа седнато веќе да го шишаат па свеки дома пиеше апче за смирување ептен се вознемирила што толку плачел затоа она нејзините деца поточно мм кој исто многу плачел на шишање го шишала на спиење затоа таква петарда фризура имал кутриот додека бил мал Денес ќе одиме на ручек кај моите ќе дојдат некој роднини нивни што го немале видено синко до сега и така .Се распишав посабајлечки ама денес најдов време преку недела некако се на трчање ми е ,редовно ве читам ама баш не стигнувам да пишам. Одам да погледам нова епизода на Вовед во анатомија дур спие синко . Убав ден на сите
Добар ден. Кафето испиено,фала на сите што понудивте. Јас работно,мм и синко дома се вардат. Синојка маж трета,синко заспа па јас си отворив чипс и едно пивце и се фрлив на раб. 2 машини испрани,пружени,ручек за денес спремен,средено измиено и прашина пребришано. И денес одиме после раб со синко до кај моите на викенд. Не дека ќе одморам таму,им нарачав ми купиле пиперки ќе правам нешто зимница. Незз за вас ама јас уште си го чуствувам за свое катче,и собата пред,да се мажам е сеуште иста како што ја оставив,сите спомени,украси,плишани мечиња.....се е на свое место. Кога одиме се тепаме со синко чија соба била,дали моја или негова. Вчера ме насмеал со солзи се,смеев. Иде до мене и ми вика мама јас најдов нешто. Што е ова? Јас гледам и му викам ИИИии врати ги назад,тие се безопасни игли. И мртов ладен ми вика мх мх како да не биле опасни игри. Ми дојде пред очи ликот од баба ми кога ние едно и кажуваме а таа сосема друго слуша,и прснав да се смеам а тој сиротиот се чуди што ми е. Ајде одам јас да подработам нешто. Се читкаме покасно.
Бебе нани во количка, јас со една рака ја нишкам. Обично ја возам, ама сега немав сила. Се надевам нема да ми се разбуди. На распоред зоолошка денес. Ќе земам и внучињата и ќе скитнеме малку. Ручек на бебе се крчка веќе, во блендер и метак низ врата чим стане На работа турбо. Излудев од работа. Дома ни минут нема одмор. Арно пратив алишта кај свеки да пегла вчера. Друг пат нема да праша Бебе ми е цело девојче веќе. Следниот месец роденден како лета времето. Лани ова време не можев ни да замислам како ќе изгледа, а сега те ја "голема девојка". Едвај чекам да прославиме. Еден куп работи низ глава ми се вртат. Па и ф'станче какво треба да купам сум замислила. сабајле се будам пред неа и си ја гледам како нани. Можно ли е вакво совршено човече да имам до мене. Вредеше секоја битка за неа Одам да повозам количката малку. Фино е за линијата. Поздрав мајчички. Имајте убав викенд
Добар ден и од мене, ве исчитав, па да пишам некој ред. Бебе спие, нормално , мм го пратив да купи бурек, ми се пријаде Доручеков ручек ќе ни стане, ама додека средиме дете сабајлечки, отиде утрото. Сабајле во 6 стана за млеко, обично е тоа после 7 и не презаспива одма. Ама дека денес порано стана (се покака ), презаспа одма после млекото и стана во 09.30. Па ајде играње, доручек, едно друго и еве ја сега пак спие. Спанка е отсекогаш, еве ја 8 ипол месеци, денски има 3, некогаш и 4 дремки, а и цела ноќ ја спие, од 9 па до кај 8 сабајле. Будна повеќе од 2,5-3 часа не може да издржи. Демек нели како растат треба да намалуваат со дремки, мојава ми се чини зголемува Др вика остај дете нека спие, биди среќна што е така. Се притресувам само безвезе и јас, ама ај. И јас си се наспав, си продолжив со бебе до 09.30, сеа ми е супер Кафе пиев, свртев низ нет, сега да каснам бурече (не знам овој мм да не го меси што го нема ). Мртва гладна сум. Уште синоќа бев, ама не јадев дека касно беше. Денес ќе правам потпечени макарони, некако тоа ми се пријаде. Мм не обожава тестенини, ама со жена во пмс не се расправа, си знае он Чекам да добијам секој момент, темпирана бомба сум. Јасно е мислам од каде желбата за бурек и макарони После ручек може и да шетнеме на кафе со бебе, убаво е времево денес. Инаку да се пофалам бебе ми врати пред некој ден ма ма ма И викам кажи мама, и она ма ма мааааа Сонце мамино. Вика и ба ба ба, га га, да да, ама та та не, а мм упорен тата да кажела Е многу ми е убаво денес, така некако мило на душичката ми е. И сонцето ми влијае Нема ни маж уште, ни бебе мрда, па да одам да го наранам кучето, не е доручкувано ни тоа Убав ден на сите, искористете го
@kukla21 еднаш ти имам кажано, сега по втор пат. многу ми е мило за тебе се читавме уште од поодамна, многу се радувам кога читам вакви стории ме топлат Поздрав до твое дунде . Добар ден, иапив 2 кафиња од сабајле, па се слушнав со другарката, се омажи и она па од сабајле како станав и видов баш се нарадував оти искрено другарка ми заслужуваше заслужува и многу повеќе! Па и се јавив.. У меѓувреме маж најави дека си иде па сплескав некој доручек, сега го успивам малото у комплет со маж па ќе си правам доручек на мене и мафини ќе сплескам да искористам јајцата и нутелата. После ќе се шетне некаде. Надвор облачно, убаво и спокојно. Да одам да поуживам со цигарче и какао малку, машина пуштена да врти средување немам па ќе се одмара додека се може после ќе е поход. Убав ден и викенд.
Letot kasni 30 min tocno. Drememe u avion i cekame, se nadevam denes ke stigneme. Se napnav mnogu sto dojdovme na aerodrom i moravme da doplatime eden kufer 35 evra. Idioti se ovie nasive, kupuvav karta preku telefon i kazav ja agentkata sto mi treba i eve si dobiv plus da plakam. Koga ke se vratime ke se objasnam, duzna ne i ostanuvam. Dete vo 6 ipol stana, pa veke spie, samo sto vlegovme vo avion klapna. Slavime 5 ta voznja so avion, odnosno 9ta Edvaj cekam da stigneme iako znam deka ne ceka burna nedela. Za denes samo kolku gosti se najaveni... Baska na rodenden sme vecer. Mu kazav na mm, sto dozvoluva dete toa ke pravime, niti ke go silam niti ke go macam spored toa kako im odgovara na drugite. Poveke ke sme doma i redot ke si go zapazime za spienje i jadenje, se nadevam mali brzo ke se prilagodi. Eve trgame konecno. Ubav vikend imajte majcinja!
Добар ден. Да ве почестам кафе,дупло за сите пошто вчера сабајле во збрка бев. Дете го нишам,мм чека да му се јават да замини да работи. Бидна и ручекот кофтиња со сос,а за дете до прва ке варам тестенини(спирали) со сос од домати. Вчера додека бевме кај баба ми реков да претрчаме со дете до маркет да испазариме(да излезиме од дома де) Ви кажувам мајки последем пат беше вчера да одам сама во маркет со дете. Не сакаше во количка да седи,ногата ја префли надвор за да слези од неа.Го слегов долу почна да се лизга по плочките,да се тегне,факаше секаде по рафтовите.Врв беше во делот кај бебешката козметика... На првиот рафт имаше детергенти,омекнувачи...како можеше дете да ги истурка скоро сите во една минута и да си легне на под.Леле кога го видов незнаев како да реагирам.Дали да викам по него дали да го плеснам ,но се воздржав и само се насмеав.Ги наместивме со дете сите на своите места,добро е што никој од вработените не не видоа инаку ке пропаднев во земја од страм. Криво ми е што не го зедов тел. за да го сликам инаку беше како за на реклама. Мајка ми неколку пати го прашуваше дете -од кого била мама , синко озбилен вели од тата.Се отепавме од смеење. Одам мајки дете заспа Да доработам дома па се читкаме. Имајте убав ден.
Таман почнав да ве читам и пишувсм се прибравме дома и повторно дефицит на време. Почнав да си мислам веќе и дека почнувам да се понашам како да сум татко на детето, не мајка. Мајка ми го чува, јас трчам на сите страни, доаѓсв капната дома, немав сила ни психичкс ни физичка да си играм со детето . Имам дури грижа на совест, иако знам дека се од времето користам за се што треба за него да обезбедам . Шминките дотраени, гардероба доносена, но некако воопшто и не ми смета тоа. Гледам дека он е среќен, силен, а и онака без него никаде и не ми се оди. Свесна сум дека не чини до толку, ама периодот беше таков. Башка работата ми е со луѓе, понекогаш пдев и ноќно време, и не ми недостига излегувањето. Ми фалеа еве вакви моменти, тој да заспие преку ден а јас да не сум преморена да морам да спијам до него, туку со кафенце да го зиркам од страна во мир и тишина. Започна лекувањето, мслку ке ви досагам со нашето монотоно секојдневие, но ако земам да пишувам Дешавки поодминати од надвор ке надохнадам оти има за цел еден филм со измешани жанрови.
Добар ден мајки , Јас на кратко само да почастам . За денес само пијачки имам . Од утре пак со кафе ќе се частиме Денес годишнина со мм си славиме . Добри 6 години . Се надевам дека ќе бидат уште поубави ако не како до сега супер ќе е . Денес се испадна по план , син ми го шетавме па го оставивме кај свекрва ми да спие а ние на ручек . Бевме во Пелистер, омиленото место .Таму само јадам зеленчук на скара со сос од маслинки ништо друго.Маж ми јадеше некое месо појма немам што беше . Си наздравивме со желба за едно девојче оваа година После тоа на мал шопинг и дома . Вечер сме на роденден кај што сме кумови . И еве сега дома , син ми растрчан го преврти станов наопачки .Сега на ред е да фрли некија играчка од тераса Ги слушам се борат со мм на тераса Комшиката од приземје секој ден ни ги собира играчките Еве го кенка идам да видам што е работата . Убав ден
Добра вечер конечно да седнам ја завршив и капата на синко денес се изнашетавме нозе ме болат од шетајне си дојдовме и турбо пак алишта да соберам па пеглав спремав куферите за утре одиме кај мајка само да не се расипе времево да го искористиме . Го чекам мм да дојде замина колата да ја измие и да вечеравме синко е кај дедо му баба му не ја гледаме многу принцезата ја чува секој ден јатрвами се спрема за германијата ама ќе ми падни во раце е тогаш ќе видиме дали јас ќе трчам со вика мајката нејсе . И мм виде колку го сака и поштова мајка му а и син му како да не постои ама има господ о така утре да станиме и правец кај мајка таму ќе бидат сите на ручек па ќе си ги полнам батериите зошто овдека нема со кој да излезиш денски тоа е исто како странција сум дај ако има некоја мајка од прилеп нека пише ако е за дружење и еве слика од капата направена со многу љубов за моето јагне
Добра вечер Се прашувам дали има ковче што не ме боли . Викенд демек, ден за одмор и за уживање. Душа ни излезе. Аман нека иде понеделник . Маж замина во 04 на работа. Поради термините мираше да биде предпладне дома, па пустиот многу рано замина за порано да се врати. Се јавив во брзата помош надлежна за овој регион, каде да го носам детево на преврска. 40 минути оддлеченост. Животот на село е добар за децата, без сомнеж, ама ние го кркаме стапот по стоти пат. Во цело село и блиските градчиња да нема кој еден завој да смени. Дежурни дури ви болницата. И така цели фестивали додека сите јадеа, какаа(со извинење за муабетов), па додека сите ги облеков еден почнал да се соблекува, па ташни спремавме... јас и мм како од поплава избацени. Ок, повеќе он како од поплава избацен, јас имав 30 секунди време на располагање пред плакар. Јавањето на големата е од 14.00, а ако трае како во другата болница 5-6 саати преврскава нема да се има време да се врати назад па да оди со постарата, па сите тутомкомплето. За ако е кнап со времњ да продолжиме. Марфи, траеше само час. Па сите назад дома, на ново соблекување, пелени, ручек... и туто комплето на јавање по некој час. Големата јаваше, средното се врткаше околу коњите најмалото во количка. Успеавме и на игралиште и да испазаруваме со сите три. И ред ни пуштија, не испожалија сите бабички како сме се справувале со сите три. Еден дедо не праша на машко дали ќе сме оделе, четврто. Пу пу пу. Скраја да е. Уште таа беља ни фали Удривме мини мезе, ама викендашки со момата до нас. Татко и отиде да ја успива и рече ќе дремнелмпола час час за да збере сили и ќе дојде да ме дружи. Ама жал ми е. Нека спие, нека одмори. Утре пак ќе не издигаат од 06 и ќе биде турбо цел ден. Пријатна и спокојна вечер на сите.
Помина уште еден ден. Сеуште ни се интетесни колку толку играчките што ги донесов па ги вртиме во круг. Не будат обично медицинските лица оти овде си имс ред како што треба. Доручек носат уште во шест но е секој ден ист и обично прескокнуваме. Ручек во 12 и вечера 5. Комбинираме некако Не е лошо јадењето но немс салата и овојше. Кога ке почне хемотерапии нема ни да смее. Обично сите децс на спратот примат па затоа ваљда нема. Си купувам преку нивен човек овде приватно. Појачани до телефони, лап топ и таблетот од тета @danichap која го доби од Фемина, пополнуваме досада. Незнам дали и се имам јавно заблагодарено, ако не, јс користам приликата . Сите да имаме на пола од срцето кое го носиш во себе, светот ке е поубаво место за живеење. Ти благодарам. Еве ни дел од ихрите денеска. Добра ноќ Он го продолжи оџакот, за да неможел дс влезе волкот.
Како сте? Здраво на сите. Некако пак се нема време за да ве читам и да споделам секојдневни дешавки. Покрај работата наоѓам време и еден час да одам и на пилатес или аеробик, ама не жалам, многу ми е погодено. И психички и физички ми фалеше нешто за мене да правам. Инаку овој период со анксиозноста ми беше најтежок. Уште точно еден месец и роденденот на малово. Треба да се организирам совреме, лани едвај термин за игротека најдовме. Годинава супер херои сакал на тортата. Утре планираме генералка дома, ако не излезе нешто друго. Дури пишувам го читам постот на @galapce. И тука да ви посакам лесен пат, се ќе биде како што треба, а за @danichap браво, знаев дека во прави раце го подари таблетот. Имајте убава и мирна вечер сите!
Еве ме и мене Мм кај другар на пиво а јас со торте пред мене уживам во тишина Деца денес без попладнева дремка ми се качија на глава Нема ништо понапорно од уморно и не наспано дете Никако да им угодиш,никој не бара тато него мама Се стокмивме да одиме во еден маркет оддалечен 30км за да земам стоби флипс Кога гледам таму кај рафтовите нема ииии ќе се шлогирав Колку очајно прашував и барав ама повеќе немало од нив А шо филм си направив за вечерва и ништо Ма скоро сите планови за денес ми пропаднаа поголемиот дел од денот го поминавме дома За утре исто не би да планирам многу,освен прошетка со деца низ село @galapce ви ја пуштам целата среќа на светот од здравје да не куртулите Гушки за најдоброто детенце Незнам ни што да ти пишам колку ми е жал Животот е многу неправеден некогаш ама ќе се избори јуначето Овде ќе го завршам постот,ќе пробам да заспијам Довиџења
Да ве почастам кој остана гладен денеска, славам втора годишнина со фемина. Па ми текна како пред две години дознав дека сум четврти месец бремена и ве реметев 24/7 со прашања за тоа која недела сум. Два три месеци ми каснеше, а јас убедена дека ќе добијам. Ми фалело даска по глава да се освестам. Јас пет дена по ред имам главоболка ама веќе две години имам. Првата од бременост, втората си велев дека многу е загадено Скопје, а сега третава година изгледа вели под хитно на лекар. Малата е се помирна и поинтересна. Колку е послушна мислам сите ми завидуваат. Во еден парк одиме секој ден и кога ќе дојде време за дома ги собира играчките во торбата и оди накај стан, а јас позади неа и се смешкам само, многу ми е убаво. Сакам три, а можеби и четири вакви со портокалова коса. Ги имам спомнато во зградава тие со четири деца. (не се едни, сите имаат по 3-4 деца, освен ние, а буквално во секој стан има деца). Денес беа во паркот. Три женски отприлика на 7-8-9 години и четвртото машко има 16 месеци сега. Го чуваат како принц. Дадите го шетаат, пазат и многу ми е убава глетката. Некако ништо не ми се прави од што ме боли глава. А треба да средам (ама кога ќе помислам дека до утревечер пак исто ќе биде?), да исперам цело корито алишта, да измијам садови, да се избањам. Ќе пробам барем нешто да не е без ич. Добра ноќ на сите
Добра вечер. Немам збор ни коментар што ќе ја доловам емоцијата во мене кога читам вакви постови од @galapce , женче сме се читале и многу одамна ич не сакам вака да ве читам со Алек од се срце му посакувам да се избори и да излезе победник од овој кошмар. Немам збор а да кажам колку си силна и храбра. @danichap .... Е жена која што има огромно срце и душа, немам збор да ја опишам за да доловам каде се не помогнала и не дала подршка и помош. Господ нека и врати дупло Специјална е она и незаменлива Знам и зошто многу добро. Дани како е средната керќичка добра ли е сега?? Ние бевме на панаѓур малку, дете остана под импресии од магарето бајчињата кокошките и зајачињата ги галеше и чудно викаше "њања" оти за него животните се њања. Штета што веќе беше касно за са останеме плус ме бевме ни ручани ама утре пак ќе појдеме да ги видеме животните дете да се радува. Се туширав.. пред тоа вечера правев и ќе одам да спијам. Надвор цел ден е облачно и врне а мене главава тупан ми е од дождот. Убава ноќ.