Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Тетки ние не ви дојдовме во темата за да подголтнувате и да ве правиме тажни.
    Јас сум оптимист а Алек голем борец, така да ич да не се секирате ниту пак да ви е незгодно :hug:
    Секоја ноќ заспуваме со држење бар за едната рака, ем за да не сум паднела ем да ми дал силичка. :muscle:
     
    На karibian, duffi, emkaemka и 46 други им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Значи колку се силни децата немам зборови. Од нив треба да учиме. :l: И Алекче, и шефот на @Mariangel, а морам да го спомнам и јунакот на @mariz силно дете убаво. :hug: Ги гушкам сите и сите останати дечиња, само тие да ни се добри и се со добро да поминува, да израснат во исто така силни луѓе како сега! :l:
     
    На Ava.84, tincemajmunce, Monella и 16 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.091
    Допаѓања:
    154.734
    Пол:
    Женски
    Ангел најпаметен :hug: , да помине и ова се надевам веќе болници да не гледате.
    Една најголема подршка од сите тука имате и сигурни сме дека е силен дечко и ќе ја чува мама вака секогаш :muscle::hug:
     
    На azelea, tincemajmunce, Monella и 12 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    77.436
    Пол:
    Женски
    @kristina.k Тука сум и ве читкам, само време немам да напишам нешто, да цитирам, па да не биде како сама муабет да си правам :lol: Арно кај нас нема, т.е. има малку подобра крвна слика, ама проблемот е тука сеуште, нема дијагноза, нема скроз подобрување, сеуште не е нешто во ред, а незнам веќе што е тоа, побудалена сум и не сакам да пишувам за тоа, зашто кога почнувам да пишувам уште толку нерви ме фаќаат. Затоа ме нема тука да знаете... не ни имам нешто интересно да пишам. Дома со двајцата, страв ми е да го пуштам во градинка, па се чуваме сите 3ца, преживувам некако :) Остана уште тука една голема поддршка да дадеме на врсничето Алек @galapce :hug: Дај боже да биде се како што треба! :l:
     
    На JuLleE, karibian, emkaemka и 31 други им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.

    Ај и јас да шкртнам и да се одјавам.

    @danichap само ќе :bow:
    @galapce не си тука за да подголтнеме, ама сите сочувствуваме. А за тоа дека ќе излезе како победник не се ни сомневам. Огромни :hug::hug::hug: до јуначето.

    Денес денот турбо. Поголемово дете (читај мм) денес цел ден боледува. Знаете од оние болести мала температура па на постела. А он нема ни тт ни ништо. Имал малку диареја и цел ден само кенка:@ За казна го пратив во дневна да спие. Прееска отидов да го прошетам синко и цел соисок ми направи. Да сум му купела банани, црно чокочадо, електролити(facepalm) па и пробиотик:drunk:. Нека поболедува денес, ама утре има да игра оро.
    Детево како за инает на се лепенка за него, па ставил и маска, ама нека му е :devil:.

    Така да денес исто како сама да бев. Станавме во 7 и имавме пола часовна сеанса на гушање. Само наутро сака детево да се гушка, па користам максимално:inlove:. Доручкувавме поигравме и фати прва дремка. Таман дојде за да се спремам и да го спремам за роденден. Нормално сами бевме, зошто мм боледува. И таму нормално едвај едно кафе шмркнав и после морав да анимирам дете. А тој како моторче во газот. Две минути не седи мирен. Се прибравме, му спремив ручек и жива среќа првата дремка беше кратка па почести втора. На вторава решив да земам одмор за себе. Си сварив кафе и си пуштив една епизода грејс анатоми:o. После незнам колку време седнувам да изгледам нешто. Од човек што имаше изгледано мал милион серии, откако се продив ништо не гледам.
    Е кога пуштив втора се огласи синко, ама изгледа му застудело, па го пилнав во вреќа и го гушнав на спална. Демек само да се зацврсти и ќе станев, ама сум се комирала и јас. Станавме во 19:10:o. Одма спремив вечера и на улица да не фати воздух. Направивме убава прошетка и шопинг за тато:doh: и се прибравме.
    А да по пат си купив вечера од силбо па кога дојдов вечерав и успав синко. За после тоа си имав оставено и блашко, па и тоа го каснав и еве сега испружена на спална.

    За утре се надевам на уште поисполнет ден а треба и три- четири машини да пуштам. Две само на синко и минимум една наша. Извадив јакни и што да видам. Синко има 7 јакни:o. Барем топло ќе му е зимово:rofl: уште да се погоди за шетање како лани.

    Ај доста е за денес.

    Имајте убава и мирн ноќ.
     
    На karibian, duffi, emkaemka и 26 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    77.436
    Пол:
    Женски
    За муабетот за мт една слика :D
    43134796_10156652038621704_2837482406234030080_n.jpg
     
    На duffi, emkaemka, kikin и 30 други им се допаѓа ова.
  7. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    Добро.утро срцли
    Ве читам редовно па ај и јас да пишам два три реда.
    Вчера цел ден надвор со ластовичево, па се провозевме, па на мини шопингче да се спремиме за зимо бррр. Сфатив дека не е страшно да ја прошетам и.да плаче во кола ќе си ја надојам и ќе си продужиме. Претходно имам пишувано како ми беше непријатно и страв да излезам од дома зш цело време цице бараше ама се одлучив да одам со крената глава и да се соочам со тој мој ако.може страв да се нарече.. и ете за среќа вчера убаво прошетавме, си кенкаше малку, кркавме надвор, продолживме со шетња и дојдовме дури во 18ч дома. Не се случило никогаш до сега затоа сум толку хепи :) бебе среќно,тато и.мама во.облаци хахха
    Дома си заспа докај 19ч станавме игравме , гугавме, се избањавме и бебе кома.прв пат да не се преразбуди.. како заспа душиче..а јас будна очекувам да стане, ја чекам спремна да тргнам у поход на доење а оно спие и преде како.маче... сфатив дека мајка му.било шеткањето.. си ветив дека.од.денес ќе биде поразлично. И ќе биде!
    Ве гушкам, праќам позитивни мисли до сите. Најубав ден да си.имате.
     
    На duffi, emkaemka, azelea и 25 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    124.929
    Добар ден ми е веќе|(
    Во 5:00 , станат ,свеж се смешка да го земеш. Џабе го држев до 22:30 ноќеска толку му е терминот. Едино вчера ме почасти до 7:30:party: Еве го сега спие а маж ми вика по мене да оставам телефонот да спијам, во спротивно да не се жалам :talk:

    ...И сабајле темница , запаливме клима, светла, направив млеко со малку банана и какао. Нејќе и не. Се лигавеше ми ја буткаше раката, намерно истури се и се направи лом од глава до пети. Му свикав малкууу повеќе :worried: па се симна маж ми и лом ме направи.И во право е. Кога неможам да се контролирам :( и го расплакав. па фати он да го рани и на него му го доистури останатото млеко, ама тој е посмирен па уште и браво да му речеше :^)

    ....трета машина врти, правосмукалка брмчеше а по неа и малото брм брм .... машина за садови, сега и бурек ќе правам 8-|
    Да стане па сакаме порано до сити и после незнам каде.

    Имајте убав неделен ден.
    Јас испив и какао и кафе веќе.И смути правев:D
     
    На karibian, duffi, emkaemka и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @galapce @mariz само сила и здравје ви посакувам, се ќе помине ќе дојдат убави денови, гушкајте ги јуначињата :hug:
    @danichap браво, јас и без ова имам преубав впечаток за тебе како мајка а пред се како личност :*
    Ајде добро утро кафето од мене денес :coffee: :coffee: :coffee: има и дупло за тие што се станати рано рано или воопшто не спиеле, јас сум во првите. Дете стана пред 6 го средив се по ред, за него чај, за нас кафе ама така ризично ја крева шољата предосеќам хаварија, а сам сакал да пие. Времево е тмурно може дека е сеуште рано ама повеќе ко за дожд ми личи:nod: ако не испадне нешто друго во план после ручек ќе одам до кај моите секако мм има работа па ќе не префрли со синко ако врне, ако не секако со количка на 15 минути сме. Да се видиме а и да пуштам малку мозок на пасење :lol: Убав неделен ден :inlove:
     
    На duffi, emkaemka, Mariangel и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.866
    Допаѓања:
    142.600
    Добро утро.
    Малата подобра, качува на 8 саати сега температура, не на саат после лек. Над 40 ми качуваше после 1 саат од лекот и 3 саати ладев за да одржувам барем 39 8 :( сега па почна некако како ларингит да кашла.

    А тамам почна да спие во градинка, маж ми фати добри договори, викам јас на работа, он ќе работи, дете у градинка... Ама не може се по план.
     
    На duffi, emkaemka, Mariangel и 20 други им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Никој не понудил кафе па еве јас нудам :coffee:.
    Утро спиена сум само 7часа но сум во фит форма. Мали вчера касно ми стана па во 12 едвај се убедивме да спие.
    Мене премногу ми се спиеше што мислам дека дури еден момент и дремнав додека се успивавме(facepalm)....
    Недела ден од секогаш сум го мразела секој некаде е отиден :nod: да беше маш тука сигурно и ние ќе застраневме на некаде но ете дома ќе си седам сега и со мали ќе смислуване лудории.
    Носот му е затнат па му правам инхалација инаку сеуште нема тт така да нема да го носа на контрола сеуште и што и да го однесам утре матичниот ќе рече ништо му не е:@.
     
    На duffi, emkaemka, azelea и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Е баш вака:^)
    Станувам сабајле и го нема ни во дневна. Имал диареја па за наше добро отишол во комшии. Си зел лап топ и мобилни. Да поужива човекот.:@

    Ние станати од 7. До 7:30 се гушкавме на спална:inlove:. Па доручек спремавме и двајцата во кујна. Синко во леген со играчките додека да спремам. Се налапа, па се скатавме зошто ги фрла играчките, па пак се смиривме. Еве сега го почастив со малку цртан за да го шмркнам бар кафево.

    Да поиграме па после прва дремка планитам да трошам пари од инает не за друго:D. Ќе одам миксер да си купам, па и нешто за облакање.

    Отидов мајки. Се читаме.
     
    На karibian, duffi, emkaemka и 27 други им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.215
    Допаѓања:
    124.929
    Зошто од инает :rofl:
    И јас ќе одам може ќе се сретнеме (ама не во капитол :))

    Уште тера дремка, 2 часа... Доручекот му е спремен да стане ,јаде и низ врата :sun:
     
    На duffi, Верче4, Mari-Ja и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Така е муабетот. Ме чешка џепчето. И јас незнам на кај да фатам. Капитол ми е здосаден, ама па сити мол додека стане ќе е ептен гужва. Ќе видам по расположение на кадр ќе тргнам:D
     
    На duffi, Sexybaby86, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Сто луѓе се проврвеа од сабајле и помислив кујзнае колку е саат и станав од незгодно. :?:
    Хигиената јс држат на завидно ниво. На два саати мерат температура, притисок, пулс, нема забушавање.
    Не ми се верува од каде каде дојдовме. Дури се чудам како може на ова да се радувам?
    Од една стрсна се радува човек надевајќи се дека е дојден да си го спаси детето па дури се радувам што нема на секои 25 дена да треба да ја посеруваме детската клиника во Скопје. Темава ме е место за да ги направам споредбите ама ке тркнам во соодветната обавезно.
    Многу ми е битно и понашањето на овдешниот персонал. Таму не пречекуваа како омрзнати личности дојдени непоканети на свадба, а овде те третираат како најдрагиот гост. Не верувам дека е парата во прашање.
    Се надзира човечноста овде во луѓето.
    Кај нас дали системот дозволивме да не сомеле, незнам.
    Кафето испиено, малиот уште спие. Јас дадов алишта да ми исперат и се нервирам си ја заборавив малата пегла а специјално за овде ја купив. Друго е кога ке помине пегла врз гардероба.
    Надвор денот сончев од она што гледам а за друго осет немаме овде.
    Убав ден мајки.
     
    На RainBow, karibian, duffi и 36 други им се допаѓа ова.
  16. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    14.597
    Пол:
    Женски
    Хелоу мами
    Да пишам дур спие бебе и дур заврши машината.
    Ама го погодив времево за перење дебели работи (facepalm) Ама шо да прам денес сум слободна, ќе се исушат некако.
    Вчера бевме кај најдобра другарка и ме израдува дека е повторно бремена. Па се сетивме на периодот кога заедно бевме бремени, па породувањето, па после тоа... преубаво ни беше. Па си се тешевме дека јас сега ќе и помагам, па после таа мене. :rofl: Ние некако со резерва сме, ни е страв си викаме мало ни е детево 1 година. Па после се премислуваме. :D Ама сега другаркава не замисли, па си викам таман ќе се 2 години разлика. Абе смешки, на 100 ума сум ама здравје, како сака Господ така нека биде, не се плашам. ^_^
    План за денес нема, можда до ксј мајка ќе шетниме покасно, му купила нови топки па да поигра. Значи многу ги сака. Има преку 10 различни големини. Секое сабајле го носам во дневна и вика гол гол, ги бара, знае кај стојат и таму се пика. Секој ден е постабилен на ноџињата, сака да стои сам, убаво патка не се влече. :lol: На роденден бевме, го седнавме меѓу топчињата и се прерадува. Вика, мафта, ги шутира па се смее од срце, душа ми е. :inlove: Секое сабајле станува во 6-6:30 и ме вика да го земам до нас. Ама си се гушкаат со тато, јас морам на работа. :( Затоа во викенд го гњавам за цела недела. :lol:
    Машината заврши, ручек има, уште да исмукам и прашина, ама нека стане прво бебе, па ќе шетниме. Вечер здравје да однесиме покани, се ближи роденденот. :party:
    Убав ден :hug:
     
    На karibian, duffi, emkaemka и 25 други им се допаѓа ова.
  17. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Абе душа ми се пара кога читам за децата очи полни ми се со солзи да не бев со мм во кола ќе се изнаплачев знам како е си осетлив и јас на моја кожа имам пишувано за тоа само моето немаше ни месец ама јагнето на мама испадна вистински борец и не дозволи да оди под нож така и вие маjkа galapce ќе се изборите до крај и јунакот ќе оздрави ви пуштаме гушки и бакнежи :* :hug:
     
    На karibian, duffi, emkaemka и 18 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добар ден мајки
    Гравот се вари кај нас. Маж отиде домкај колегата за да се договорат за распоредот за тековната недела, едно спие, едно скака, едно си лежи во креветче, јас со нескафето бо рака.
    Кога ќе стане средново ќе продолжи борбата и драмите.
    Колку паѓа и се удира средново во последниов период тоа страшно. Па капак да биде и сестра и ја задева. Душа, ептен ми е жал.

    Вчера де исцедивме, немаме сили за шетање и денес. Како што се по трењерчиња(па и со по некоја флека бидејќи по два пати ги пресоблекувам само од сабајле и никако чисти да останат) ќе шетнеме по ливадиве.

    Ништо посебно не кажав. Да шмркам кафево додека е тишина.
    Убав и спокоен неделен ден на сите.
     
    На duffi, emkaemka, azelea и 31 други им се допаѓа ова.
  19. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Здраво и од нас.

    Сношти дете го останивме со баба и дедо и тргавме во бољи живот.
    Исто друуштво со смее до сози и до подмо*ување.Но јас седев на трње дека дете оставив дома незнам колку пати се јавив да прашам што прават.(facepalm)

    Си дојдовме пред полнок,дете го заспале кај нив во соба и несакавме да го земаме оти ке се разбуди.
    Вечеравме со мм на полнок и си легнавме гушнати како некогаш:inlove:
    Кај 4 сатот дете се разбудило и не барало нас и низ врата кај нас соба.А јас сонувам дете плачи а никаде не можам да го видам.Кога дете ја отвири вратата јас рипнав од кревт,уф си реков кизнеј што се случило:whew:
    Дете одма заспа како кофте во лепче мегу нас и не почести со спиење до 9:15:party::party:

    Бидна кафе за нас,а за дете доручек.Се исуширавме со мм и низ врата да искористме сонце:sun:
    Бев во парк дете се изнатрца,а богами и ние со мм.
    Прошетавме низ чаршија и дојдовме кај брат ми на ручек и мајка си дојде од кај баба ми.
    Дете уморно еве го одма заспа,а јас порачав кафе да ми направат одам на рајат да го испијам.:coffee::coffee:

    Имајте убав ден
     
    На karibian, eli25, duffi и 28 други им се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.756
    Пол:
    Женски
    Кај нас недела е најубав ден, ден за фудбал( тоа ако го прашувате мм :) )
    не можам да разберам кој мерак му се прави со тој фудбал веќе.
    Ние со синко да преспиеме, па попладне ќе шетнеме негде.
    Ручек денес крап печен со сос, секогаш кога овој рецепт е на мени, мм го вика на ручек и другарот чија мајка ми го кажа рецептот, па така денес и гостин за ручек имавме.
    Не дека уз пат на кафе не помина никој, пријатели од сабајле за кафе муабет,после се најави и снаата ќе ги донесела децата да поиграат во двор, ама ако, завчера баш прочитав една изрека дека таа куќа каде одат луѓе е со благодет :) нашава има на претек ако е така :)

    И маката да си ја кажам, мајка сеуште не може да се оперира, се искомплицира работа, благодарение на државното ни наше здравсто, па сега здравје од утре најскоро бараме приватна клиника за операција. Оваа година мислам дека само од мисли за неа се разболев, заби ми се ронат, цело време под стрес сме.

    Нема да ве означувам посебно, само ќе ви кажам мајки херои со јунаци деца, споделена тага е помала тага, споделена расост е уште поголема радост! Затоа сме сите овде, тука.
    Неделен поздрав за сите, ѕверов мој не се предава изгледа денес :)
     
    На karibian, eli25, duffi и 28 други им се допаѓа ова.