Мајка ми кога го родила брат ми плачела оти бил многу црн. Баба ми ја тешела дека ќе го избањаат, ќе подобеле . Она е плава, со плави очи и плава коса, а брат ми така темничок. Големата се роди смеѓа со зеленк очи, сега некогаш зелени но најчесто кафени. Е затоа средното беше најцрни бебе во болницата(не плачев како мајка ми, жими се). Седиме јас мм и детево во бифе, до нас една црнкиња со мажот и, исто, црнец и малото. Го гледам моево го гледам нивново. Не бре, моево поцрно Сега е посветла и од големата, има баш златна коса, плус локни позади, и очи некогаш зелени некогаш кафени. Се чудам кафеново од каде, кога јас зелени мм плави, ама ете, генот. Е најмалово ни е германче. Бела коса и плави очи. Ништо посебно не кажав. Дете отспа дури 15 минути. Ја думкам. Ништо не можам низ куќа да си пофанам. Едвај едвај запеглав некое парталче и спружив една машина.
Мојот беше така потемен кога се роди, сега што расне повеќе тоа повеќе "обелува" има златна косичка .. Од сабајле запекло некое сонце гледам и приквечерина не е нешто свежо аман, или подобро дека сеуште не сме се опремиле со зимските докулатки. Ама глава ми пукна од жештиноте искрено, преска излегов по долги оно пече ми се сврте свест Демек се кандисав да средам некои административни проблеми, дел почнав да ги средувам другиот дел не пошо госпоџа попладне ќе дошла и така Што се вели пола од октомври летна и тој, кога беше недела вечер кога среда луѓе.. денови летаат Лека полека ќе треба да се спремам и пазарам по нешто А датата не ја знам кога ќе е Заспа дете а јас на пола копје, ми се плаче од болки и укоченост од грб врат плешки и не знам уште што не денес ко на лева нога да сум станата Си легнав наместо да средувам иако е хаос Маж ко ќе дојде уште по хаос ќе биде Вчера успеав едно филмче да изгледам сакам денес да го догледам Убав ден кафе пиени сте и јас сум пиена цели две. Стига.
@vitamina кога бев бремена со Могли ми влезе глушец вспална живи циркуси Го затворив вспална дури не ми дојде сегашна јатрва да го убие Леле што теми сте фатиле не може човек да ве исчита Моите деца се многу различни Мали е смеѓ со зелени очи (мислам дека ќе му се сменат во кафени а се надевам дека ќе му останат зелени) Тој е мини јас биквално исти само во машка верзија А Могли копија на татко и таа е црномањеста,не како мм ама нешто измеѓу мене и него Локните ги има од него,снага,карактер се освен очите и боја на коса,тие се од мама Ајде кој е за кафе Уште не е сварено,да завршам пост и ќе правам Мали веќе заспан па ќе уживам со оваа негова дремка Од сабајле исчистив и испеглав и пак неред ми се направи Покасно ќе средам и ќе одиме да го искористиме сонцево Дури и чудно за овде во октомври 20 степени Лани веќе во септември почнавме со интезивно греење Могли денес се врати од градинка со страшна кашлица Имам останато сирупче од пред една недела па ќе и дадам да се смири малку Дури пишев и кафе си направив и две палачинки смачкав На дете пушив програма со цртани дека и почнува омилениот цртан Ги знае сите цртани а ликовите со име и презиме реклами исто,сите до една ги пее И ручекот ми е готов за деца,телешко и компири денес Порано завршив за да му пратам на маШ да има на работа Друго што?Ааа добив последниве 3 месеци ми иде и по 10 дена порано Нормално е? Толку од мене Довиџења
Кути!! Да не беше маж дома ќе го затворев и јас у вц и не идев никако ќе се стискав се дур не дојде маж. Имав голема среќа инаку да земам да бркам и убива глушец не можам никако ми е страв да не ми рипне а и како ќе го утепам Сега дека препаничена само пазам и гледаж глуфци наоколу Ако влезе пак не знам што ќе биде
Дете спие денес го задоцнив со спиење од 9 излезени пред еден час се прибравме, па незнам ни сама како се довлечкавме до дома де сака во количка де неќе, де му се моча па кака, де му се јаде де пие ако не ме породи ова дете нема кој, пазам да не го молкнам 16кг е ама денес може сто пати го прекренав. Време сончево, ветре дувка колку да се осети октомври, а 19 степени е јас би и на плажа. Денес сум недомаќинка за нас порачав пастрмајлија, за дете има телешка чорба синоќа ја варев. Па да стане дете да руча пак ќе не нема низ врата. Кога не сме дома и посредено ми е. Вчера од лабараторија заминавме за Битола, мм требаше документи нешто да зема па искористивме кафе на широк сокак и мал шопинг низ џамбо. Па од новогодишните украси паднав во депресија дека оваа година нема да можам толку внимание да посветам на украсување а синко баш ова е прва година да разбира како што треба и да се радува. Мм 4 дена ќе е сосема слободен и на располагање максимално па да не послужи времево вака има да не се прибереме дома. Јас веќе со две другачки поддоговорив нешто за утре за скара во природа, да изврбуваме уште мажи и убав ден на повидок Се придружувам на попладневните кафеџивки
Пука од секоја страна денес едвај чекав мали да стане од спиење и правац на доктор отидовме малку шлајмови но ништо не ни даде како и што кажав мој лекар е германска школа... сонце свеж воздух и ќе помине.... по можност домашен чај од игличка(јаглика). Фала му и на толку . Синко кога се роди беше исти татко му . А сега се повеќе и повеќе личи на мене ама негова фамилија никако да се помири со тоа. Ми е гајле. Кога сум лута чистам не 100 туку 300 на саат ... и само кукам на маШ да не ми се обраќа со срцка.. Тоа е мали спава а и јас сум за спиење но немаа куќава ќе прооди уште малку.
Ај добар ден. Само што прочитав за градинката во Н.Лисиче, се изнервирав и потресов за девојчето, кутрото се истрауматизирало Па уште ја удриле по глава еј! Утре не дај Боже да дигнат рака врз моето дете, ма личен опис ќе им сменам! Стварно се осетив беспомошно читајќи го ова, како утре детето ќе си го пратам во градинка? Не треба да е тоа со страв! https://skopjeinfo.mk/deca-vo-gradi...-da-gi-jadat-bubachkite-raskazhuva-zagrizhena Ај на повесели теми. Денес ни е годишнина со мм, цели 15 години заедно, од кои 2,5 во брак. Од средно школо сме заедно, пораснавме заедно. Бевме деца, а сега имаме дете Чудно е си мислам колку се менува животот, колку ние се менуваме низ животот. Добиваме нови улоги, ги напуштаме старите и сите се носиме со тоа најдобро што можеме. До пред некоја година безгрижно го шетавме светот, прошетавме многу, проживеавме многу, видовме многу, а потоа решивме да почнеме нова етапа и сега еве сме во неа. Истите ние, со многу нови обврски и одговорности, со плус еден член на нашата фамилија. Не би го менувала за ништо мојот живот, совршен е таков каков што е, со него и неа во него Единствено што ми фали во животов е татко ми, прерано и пребрзо си замина Да беше и тој тука, ќе бев најбогатата личност на светот, но за жал божјата волја била поинаква. Многу научив од него за животот, премногу. Тој ме обликуваше во ова што сум денес, и сум му бескрајно благодарна за тоа. За мене тој беше најпаметниот, наједуцираниот, најневиниот и најнеискварениот човек на светот. Имаше толку благородна душа, што дури и нереално беше колку беше неискварен. Не сум била одамна да го посетам во вечниот дом, чувствувам потреба да одам наскоро и ќе отидам. Демек весели теми ќе терав, ама ми тежеше на душава. Ај пак ќе свртам на весело. Утре не се работи, што значи, ќе се шета Скроивме план со мм, ќе се дружиме со друг пар со деца (многу нормално ), ручече негде надвор и така. Сте почнале муабет на кого личат децата. Мојата е копија на татко и На мене само коса има плава, и трепки големи Луѓево мешано кажуваат, некои викаат иста мм, некои дека на двајцата личела. Ама врска нема, на мм е, нема зошто да се лутам ни нервирам, баш сум горда. Мм си е убав, нека е на него Сакам и карактерно да е на него, смирена и сталожена, не како мене со краток фитиљ Ако е на мене, тешко на мм Кога се роди имаше зелени очи, а сега и се зелено-кафени, повеќе на зелено. Јас и мм сме апла со кафени очи, а мајка ми и татко ми и двајцата имаат зелени. На бебка и се исти како на мајка, мајка се дуе како паун Татко ми имаше апла зелени светли, мајка ми зелено-кафени. Е тоа е, на сите има детево по нешто, освен на мене Се распишав јас. Ај да поработам уште малку, па да си одам. Едвај чекам да ја видам бебка Убав ден на сите, одморете утре, петок одма ќе помине и те го викендот
@Sexybaby86 Честито машсла годишнина Добар ден. @mariz чкртни нешто. Вчера си ветив дека денес не смеам да се налутам на дете а нр пак тон да појачам. Вчера се каравме многу. Тој е дете ами јас? Си играме цел ден, сам не сска да си игра. Повеќе од минута ако ме нема вика по мене. Бањање една минута па вие замислете сега. Заспивам пред него.. Издуван вентил? Ваљда работата. Посчедните две години е тоа, претходно знаев и поинаку, море четири како две Косата му е многу порасната, намерно не го стрижев, деновиве ке го стрижат целосно. Се слуша сирена од кола надвор, му велам спиј доаѓа полиција. Не е полиција, Помош е ми вика ( брза помош колата демек). Оди па прелажи го нешто. Убав ден на сите.
Ден мајки Лежиме на спална со бебе, уствари он нана, јас еве типкам. Дојдовме од шетање, требаше уште некои ситници да испазарам, но здиве, му се приспа, пробав да го успијам јок, а обично без проблем заспива во количка, но сега не само што не сакаше да спие, туку ни да седи, па бебе во раце и буткав количката Заспа во кола, па дури и го зедов во раце и качив дома на кревет и не се разбуди Нешто е многу кенкав од вчера, па вчера како и топличок ми се виде, мерев и Т као беше покачена, но го облеков во кратки, потсимна, го истуширав 36.5 рече топломерот Кој знае може и топло му беше, може и не, ноќта како топ спиеше, едвај во 9ч го расонив Заби изгледа ќе да се Се препишуваме на заби нели Го дотерав за бдеј Веќе ги бендисав, но сега само ги купив, па и му ги пробував стварите, освен фармерките не му ги натнав Нели Солун, Софија ќе се идеше, ама со ситуацијава со светко на мм не му е до ништо, па не го гњавам, плус ќе треба да се организира пошто светко кола нема, комбе страв му е да го вози, а некој на плац мора да иде.. Сепак најубав ќе е @wannaBeMomma Зара бдејско бебе ќе е Уствари сега ми текна и на крштевката Зара бебе беше, ама не купив од нашава @Mari* сега разбрав оти ич не ти личат дечињата Бебе уште во сала приметив дека е цел на мм, а на мене демек требаше да личи Копија, ама како потпорасна, заличи на човече, повеќе личи на свеки Мм личи на неа, па бебе личи и на тато, ама повеќе на баба! Е ако де свеки е убава жена Само на неа не и признавам Викам на мм си личи и крај Бебе кога се роди беше потемен, темно кафено косиче и сиви очиња, боја на кожа што знам светол беше. Сега е смеѓушко, на слики има и црвенкаста нијанса косичето и плави очиња, беличок е сирење Епа по се изгледа жимити по косата е на мене, друго ништо, да застане убаво, да прооди па може и во тело, став ќе е на мене, вака не можам да оценам Мајка вика убав бил на тато, а на мама нека е висок Карактер цел на мм, со тапија исти се А мм ми вика сум почнала на свеки да заличувам у карактер, се сум му дозволувала и купувала ама па и некој мора жена да ја замени, мм дај - она на Со мм оддамна не сме ја спукале Што знам со тек на време функционираме без караници, од е многу избувлив, вика, се закарува, или дреме како намќор, ама со мене не можеш да се караш, он не може, така да ќе му фрлам еден поглед и ќе мине Не се карам, туку кога нешто ми пречи, нешто греши му укажувам со време, не молчам и пикам под тепих! Туку имам една другачка и давам моја облека која не ја носам , прифаќа и носи, ама сега дознав, ме тера и мене да лажам ако ме праша маж и, кога си купува нешто кое ,,го претерува,, ваљда, се правда дека Емка и го купила, дала Мене ми е глупо и немам таков однос со мм, што зимам кажувам и цени и се, од додуше ,, крие,, некои алати, ама за воља на вистината јас само чистам шпаиз па му ги наоѓам и кога ќе најдам нешто и прашам кога, одговор е секогаш ,,ехехеее уште од кога сум го купил,, Прашувам и за цени, кажува, само претходно предупредува дека глава ќе ме боли Ајде де алат е тоа, железарија, барем не ги пие, коцка што ти не Прееска повторно ми се потврди ставот дека немаме никаква сообраќајна култура! Возам и голем камион, шлепер веќе навлегол за вртење и сече 2ленти од спротивен правец, сака да се приклучи на другите, е ама никој не го пушта, едно 10тина коли и повеќр го одминаа и нормално направи гужва од другата страна. Зошто бе, кај толку се брзаш за 2мин, нека се и 5 Јас го пуштив, застанав, сочекав, сврте, голема работа, ништо не се деси што 2минути стигнав покасно.. Не ми е ни мене многу погодено зад камион да возам, ама тоа е и тој мора да стигне некаде.. истиве дешавки и со автобус ги среќавам.. Срамота! Во принцип ако некој ми сече пат гледам дали има коли зад мене, ако нема не го пуштам, или е гужва па стојам, на така-така зависи и од расположење Е ама највеќе мразам кога ми се бутаат, па и без жмигавец е такви не пуштам, нека ме удри слободно Гладна сум, ама со бебе кое дури пишував стана, е невозможно да јадам на раат, па ќе го сочекам мм. Купив порции пилешки прсти, компирчиња, сосови Бебе начека лути бомбони и ги лиже, преку омот де, не дава да му ја земам, пишти, заоѓа, со солзи со се, па нека лиже а Сакав уште да пишувам ама треба да си поиграм со топки Убав ден
Добар ден. Со дете играме во двор сп камчиња а со една рака пишувам. Вчера бевме излезени до чаршија ни се јавија дека ке се собираме кај еден другар и заминавме,но овој пат со се дете. Дете беше мирен играше со дечињата,со поглед не бараше и мене и мм дали сме тука.После кога го фати криза за спијање залепен за мм беше,но дете со музика се расони.Пееја и играа со мм,потоа со една огромна мечка се заигра ја бореше мечката,ја гушкаше,галеше.... Издувен вентил... Ми е кога ке се собереме друштво,секогаш си поминуваме супер кажување вицови,смеење,со еден збор полниме батерии. Туку сношти мм ме уплаши многу.Си дојдовме кај 10:30,дете јас го заспивав,а мм правеше вечера.Само што вечеравме кога рече главата ме боли многу исто како тогаш кога имав алергиска реакција.Му викам за на итна не сака,па ич не ми текна да побарам од комшии апарат за притисок.Ме нервира се однесува како некое дете од 15год.Цека нок око немавме склопено и утрово за накај работа застанал во некоја аптека да го мери притисокот и увис 180/130 е сега мз велам замисли колку сношти ти бил.Не сакам да помислам што можело да се случи. И уште се инаети не сака ниту на матичен да појдиме.... Денеска ке си седиме дома не одиме на огномет и секако дете ке почне да плачи,се секавам дека и голема има плачено. Одам мајки да се туширам додека дете е во комшии со баба му.
Морам прво да се пофалам дека куќата ми е цела светната, генералка направена, алишта средени. Обично секогаш е троа растурено, ама еве сега уживам. Си реков дека поредовна ќе бидам во средување, да не оставам куќата да прооди, па ќе видам до кога ќе се држам до тоа. До утре сигурно. Со маж ми добро се подбравме деновиве. Он е премногу грижлив, секогаш сум му на прво место (сега јас и малата исто) и да не речам малку сум разгалена од него и имам прилично големи очекувања. Ама периодов некако се оддалечивме. Јас порано чував во себе, ама научив дека многу е подобро кога веднаш расчистуваме со нешто и продолжуваме понатаму. Нема чување на лутина, страницата е секогаш чиста. Ама овој пат пак така нешто се заташка, немање време, јас како котле, па си пукнав, па му се расплакав, тој сиромашкиот не знаеше што била работата... Секогаш кога немаме комуникација имаме проблем. Па си поразговаравме, дојдовме до точка на разбирање и се смиривме. Душа е човекот, откако сум на форумот имам пишувано дека јас сум лошата и некогаш знам да претерам. Ете, некогаш и он, ама битно се наоѓаме пак еден со друг. Љубов. Малата моја е... Па, едно страшно тврдоглаво детуле. Што ќе намисли тоа е. Се расправа бетер од свекрва. И кажувам нешто, она ме гледа со еден поглед кој вели, нема шанси тоа да биде, има да биде јас како што ќе намислам. Морам само тактики да смислувам за да се разбереме некако. Викам некогаш од такт кога ќе ме извади, ама џабе е, тоа нај нема ефект, само уште повеќе и се разработува инатчето. И затоа смирено со зборување успеваме некако на крај да излеземе. Не знам три кога ќе наполни како ќе биде, ама... Од друга страна мило ми е што ја гледам дека е таква одлучна. Сакам да е цврста и борбена во животот. Со спиењето сме уште така-така, се тртка ноќе, ама почна да легнува сама, па и раскажувам приказни, пејам по некоја песничка и така заспива. Пеењето уште ни е главно, одиме и пееме, пееме за заспивање, толку е научена што сама си смислува песни, сите веќе ги знае што ги пееме редовно. Мислам дека и од тоа и е толку развиен говорот. За издувен вентил си ги имам сериите и книгите. Седнувам да читам и се заборавам кај сум, што сум или што ме изнервирало. Тоа е мајки, не сум пишала одамна, сакав уште нешто да пишам, да реплицирам на некои постови, ама еве сега кога седнав сè ми испари од глава што имав на ум. Ајде во следниот пост.
Здраво жени Резултатите ок.Дете јаде,ама овие 3 дена не спие преку ден и е многу напорен.Додека по болница и си дојдовме сабајле,беше 10ч па кога почна да плаче ајде да го земеме пепе од гигинка (градинка) и јас му викам рано е му покажувам на саатот во колку треба,не бре не се разбира.Седнал и рика ли рика. И измив садовите и фрлив ѓубре.Пак рика уште. Пак објаснувам оно не ме ни слуша само вика ајде земи го земи го. И така го оставив и си рикаше саат ипол.И уште ќе.рикаше ако не му сржев. Епа стварно не можам да се справам веќе со ова мое дете. Не сака ни надвор да излезе нема што не му реков и понудив да си играме. И после земавме точакот на малото надолу оти е удолничаво вртеше на педалите а јас одев брзо а негде и трчав.Е тука се расположи дете. Земавме малото од градинка.Јадеше банана. И си дојдовме. Па надвор во двор си играа со едно поголемко детенце од комшии. И запалив огинот. Направив компирчиња кога гледам заспал.И ништо го пресоблеков и однесов во спална. Ние јадевме со малото и свекор ми. И спржив јајциња на око од нашите кокошки.Многу се убави.Колку се разликуваат домашни од купечки. Ау колку ме болат нозе. Моиве кога се родија не беа ни црни ни бели,туку црвени. Е после како почнаа да растат така големиов има потемен тен како татко му е ист целосно. А малово како бебе исто како мене беше.И слика најдов.Имав доказ.Им покажав на сите. Ама сега како расте во мало детенце си личи на братчето.Како близначиња се.Малку е по бело во кожата.А двајцата се со кафеави очи. Секогаш викав ќе родам ако треба и 3то само да личи на мене. Аха да.Можеби.За неколку години.Или па не. Не се знае. Утре празник. Мислам секој ден ми е исти. Тоа е мајки. Позз
Еве ме пак.. Мм прави вечера кофтина од зеленчук,дете е со баба и дедо кај кумовите на гости.Одамна се излезени кај е да е ке стигнат,а јас за тоа време да пишам. Небидна одма туширањето,свекор ми влегов пред време.Па откако заминаа влегов рајат,наполнив када и легнав да кулирам.Мм ми тропна на врата да не сум заспала.. И мојов се роди црвен со тек на време белееше има очи плаво-зеленкасти. Очите на тато. Е сега на кого личи незнам. Мешан е. Свекор ми вели на мм кога бил бебе.Од сите слики само на две ми личеше. А на многу други луге му личи на брат ми,кога бил бебе/дете па дури и сега личат. Значи мојов личи на вујко Само да се здрави и живи па на кого сакаат нека личат. Дете си дојде,а и мм е готов. Одам да кркам. Имај убава и мирна нок
Да одев на работа, ќе требаше да земам слободен ден за да ја доисчитам @emkaemka  Шала во позитивна смисла мжна зборот. Секоја чест на концентрација. Јас ве читам и а почнам да пишувам заборавам пола шо сакав да кажам. Малиот ви се личи на татјо му. Дури оди како него. Бар карактерот да не бил на него.. Кога ми е со подолга коса удира малку на мене, и затоа му ја чувам, така бар се тешам.
Мајки извинете вака што се убацувам Не се знаеме,се знаеме,јас од кај постарите сум +-40ама со мал ѕвер како вашите Ако може некоја од Германкиве да ми се обрати во инбокс,ама под услов да живее од Келн надоле значи може и попатно АвстријаЌе ми треба совет,инфо,препорака... Извинете што ометам,отидов Пупче да го спремам за спаванац,веќе доцниме
Мојата личи на свекрва ми. Копија е. Како расте се повеќе. Убава жена е она, мило ми е само сакав барем зелени очи да има на мене, ама вака е како срничка.
добро вечер мами Деца заспани уште пред еден саат,маж ми во комшии на пиво а јас се покрив со ќебе си отворив еден радлер и си најдов тиин филм па уживам во тишинаправа есенска идила ,пуштив машина за садови ,незнам маже кога ќе дојде, може ќе ме разбуди за имаме таков обичак сред ноќ се разбудиме за кекс , Ви се случиува и на вас? вентил за празнење ми е чистењето,музика до даска,туширање, скоро секогаш доволно ми е само да излезам во друга соба и готово се враќам без неа ,ретко ме држи цела ноќ треба баш Добра ноќ да фаќам креветот,синко зеза со спиење плаче сред ноќ вади четворки,може веќе пишав, имаме сега вкупно 11 забчиња...пола пат минавме. Добра и мирна вечер
Добра вечер лесна нека ни е на сите Кај нас денес топло маж вика 29 степени било гледам дека и сега не е нешто поарно, денес бев на кимоно цел ден Почнав да мислам дека сум у сахара стварно Не дека имам нешто да пишам ама рутина да обавам, демек ќе правев палачинки бевме пеш до еден маркет да се прошетаме повеќе по крем ама на крај не правев палачинки дека касно беше па сматкав на дете се најде и го заспав Маж комиран пред него Мисла ми е утре што со денов, петок па викенд а само некни беше понеделник Ми фали некое пиво, јаткасти и пршута и некоја музика јас и маж седнати евоцираме спомени Тоа ни беше долго на мени ама треба да се обнови и обави Лека ноќ
Zaspivav dete pa i jas sum zaspala so nego, eve do sega. Stanav da veceram pa se vrakjam u prethodna polozba haha. Maliot koga go rodiv bese potpolno ist tatko mu. Ist ist ist. Posle 3-4 mes kako pocna da se menuva, majkin bidna. Sega na godina ipol e cel na mene, plava kosa, svetli oci, bel bel mislis slovence e haha. Denov odlicno pomina, bevme vo edno etno selo so park za deca kako sto nemam videno do sega. Sekoja im cest. Takvi ljuljaski i napravi imase dete se iznaigra i iznatrca. Na se mozno se kaci, duri na trampolina skokavme zaedno... On se premori a i nie iskrena da bidam. Otide mm po moite omileni club sendvici, da stanam da ksnam pa da produzam do mali. Nemam sila za nisto. Dobra i mirna nok!