Една шала и на сопствена сметка. Ова за нас разведените важи, што има полошо од тоа да детето личи на татко му? Да личи на бившата ни свекрва.. Втор ден по ред како не успевам да го заспијам поручекта. Заспива во 20 ч. во 21 е буден. Пробувам да презаспие ама џабе. Најаден, плус млекце испиено и почнува: ми се мочка, ми се кака( а какал пред да заспие), запали љамбата ме боли стомак ми се ручке. И мајка му е снаодлива ама не до толку. Дојде пријател на посета, но видување не е дозволено. Само пратил играчкитее по сестрите. Се прерадува. Не му ги дадов сите за да има утре пак изненадување. Уште не спие. Од мал беше таков и уште е. За да спие со него мора да има некој и тој задолжително да спие. Добра ноќ на сите. Ке пробаме ние 325873 пат за да заспиеме.
Дојдов да си се испожалам тука и да легнам да спијам,ако успеам да заспијам. Негде потфрливме како родители тоа е сигурно,само каде???? Се трудиш трудиш и на крај пак е џабе. Детето ми се роди плачливо,ама вистина плачливо.Од толку плачење го однесовме на милион прегледи и секој преглед завршуваше со муабет се е во ред со вашето дете ништо не го боли си напредува ама ете такво си е плачливо. Ајде се тешиш викаш такво е ќе помине,не се сите исти.Па си викаш ајде грчеви се па ајде заби се па ајде скок во развој па ајде проодувало...и така натака во недоглед.Факт е и дека е стварно инаетливо дете.Како и секој родител сакаш да си го спремиш детето во количка ајде на шетање.Не не и не.Плаче.Ајде не сакало количка мкни во раце...дете од два три месеци. Седни кафе да испиеш во кафич,не седи плаче стани си оди си.Ајде пак се тешиш ќе потпорасне ќе се смени.Ти отишла година дена ама дете не се менува станува бетер.Како прооде не застана.Сите можни работи низ куќа скршени,сегде се испентари се качи.Добро ајде такво било детето поживо.И како растеше уствари се помалку се осудувавме да излегуваме со него.Се затворивме дома во некој круг,станав асоцијална и дете со мене. Денес ме исклучи...и мм исто.Ни снемува самоконтрола на двајцата.Да незнаеш и неможеш да се справиш со сопственото дете,е тоа е мака.И ме боли што неможам да го шетам како другите дечиња да трчка контролирано да не фати за раче.Отидовме во парк се беше супер се пушта на тобоган си игра,и наеднаш му текна кај лулашките,ама лулашките зафатени.Стои пред нив плаче се дери а децата се лулаат ќе го мавнат.Виде мм опасност го зема во раце да го тргне.И тука почнува таа агресија гризање штипење мавање.Се воздржуваш пробуваш да одвлечеш внимание не иде.Објаснуваме со смирен тон,ни тоа не пали,воопшто не не ни слуша.Ајде ќе одиме во сити мол таму да прошетаме.Неможе да дочека да дојде лифтот мора со ескалатор,а со нас количка со бебе значи неможе по ескалатор.Таман излеговме од лифт он правец трчање од рафт земање фломастери не ги пушта.Нас непријатно ги купивме собираме со продавачката извини извини,пропаднав во земја. Ок помина ајде ќе одиме во игротеката да се истрча да си поигра.Е таму не ги испушта фломастерите од рака.Со нив трча со нив се пушта по тобоган се со нив.Се до моментот дур не му текна да ги отвара и да бои по масичките.И тука не пали смирен тон објаснување како не смее него хистерично мавање лежење на под.Го собрав во раце маж плати на каса си отидовме.До кола урлање тегнење. И колку да се воздржувам да не викам да не го мавнам неможам.Стварно повеќе неможам.Решив во петок закажувам на психолог.И незнам ни што толку чекав. Ама знам дека сум истоштена веќе.Сакам да се дружи со дечиња да седнеме раат кај пријатели без да се пентари насекаде,да шетаме низ зоо,да уживаме на кафе. Откако ќе помине ова урлање после тоа срцето ме боли.Дојдов дома и се изнаплакав раат. Каде ли згрешив,што погрешно правам???? Се надевам тој психолог ќе помогне зошто уште долго вака нема да тераме.Дете ќе збесне,а јас дупло од него. Извинете на глупиов и долг пост ама негде морав да исфрлам се од себе.
Станати од 5 саатот и јас се навикнав станувам пред алармот. Ништо ново кај нас. Секој ден сличен на претходните.Уште малку ќе ни дојдат гости свекрвата,деверот и децата.Ќе биде полна куќа,убаво. Синко беснее со 300 на саат,знае да го фати тоа инатот ако не е по негово ќе се треска од земја и се дере колку што го држи глас. Последен пат направи таков спектакал во сред трговски за коњчето клацкалица,што мислеле дека е некое киднапирано детенце.Дека мм црн,ова бело како мене ама дека вика како да е крај на светот и доаѓале луѓе да го прашуваат мм што е се детето.Една дури сомнително го гледала цело време,што вика мм мислам дека се мислеше полиција да ми викне. Инаку синко личи на мене повеќе и исто вкече некоја линија на мајка ми.Има гестови на кои цел ме потсеќа на неа. Колку само ми недостигаат родителите.Барем да имаш на ја кој да си ја отвориш душата за некои работи и доволно е да те посоветуваат.Ама и двајцата си отидоа прерано од овој свет. Јас сум некако периодов под некој притисок,нервозна,се ми смета.Не е од работата еве 2 месец како седам дома дали една работна недела месечно ми се собира се на се.Дека одмор и ми намалуваат од прекувремените. Инаку дали ви кажав ништо не направив со возачката.Паднав на практичниот испит.Се вртам уште во круг. Мислам дека и тоа ми влиае на состојбата,оти многу скапо почна да излегува, а јас никако да завршам. Одморот од претходниот месец помина воглавно ок.Така викам оти прв пат да не се погоди време во Септември.Беше врнежливо 3 дена остатокот сончево,ама се смени клима и не беше баш морето за бањање.Се прошлапавме малку.Цело лето не врнело дожд и баш таа недела се разврна. Туку детето од одмор ми дојде со црвено на рачето.Мислев комарец и еден ден го земам од градинка и постарата воспитачка вика аааа ова личи од убод на крлеж.Викам кај крлеж на море,ама го однесов на доктор и профилактички примаше антибиотик цела недела,денеска се спремавме крвна слика треба да се направи. После си викам можеби подобро што прима,хотелот беше цел со паркови и зелен убаво среден,ама во толку трева можеби и да имало некој.Ни покажаа слика од убод,стварно личеше на такво. Ајде да одиме да се доспремаме,терминот од 8 саатот.
Добро утро мајки Ураганот заврши, деца се во градинка . Маж стана во 04,30 за да оди на работа, па дојде пред пола час да ги носи и после ќе се врати назад. Е арно ама во 04.30 му текна да го бара мојот новчаник, а новчаникот во ташна, ташна во плакар а креветче на дете залепено до плакар. Не разбуди и двете и еве, уште е ококорена Средно трагичо додека бев во кујна, де сецкам и мијам де нејзе ја анимирам и вади стави правам во хранилката. Едно време, во 07, се ококори и средново, па ај и нејзе да ја средам. ЈА соблеков, ја седнав на нокшир, и додека е свртев накај малово да му пикнам цуцла во уста да не пее сирени, слушам ОХ НАЈН. Средново се мести се мести на нокшир, и протекло до нокширот, ај трчаница убаво да ја седнам, па назад кај малово. Стандард, на нокшир седи само со банана . ЈА слушам нанане нанане. ПА ај и ја дадаов и назад во кујна. Следуваше второ ОХ НАЈН. Делче од бананана паднало во мочката во нокширот, и нели, зијан да не оди, она брца да си ја зеде и во уста да си ја пикне . Ај трчај назад. И така, истовремено малото се искака и големата стана. Па едно вришти сака да го пресоблечам, друга вришти не сака да ја пресоблечам, трето упорно бега по собите. Живи останаа, па и појадокот успеав да го доспремам со двете обесени на мене во кујна. Е за право најмалово беше прокиснато оти го ставив на чекање, ама ништо страшно. Патешествија. Сето тоа за 30-45 минути Кафе да испијам, да подотворам очи, па да се мислам што ќе се прави денес, освен стандардното алишта и ручек. Па и фрижидеров празен. Нема ниту месо нити зеленчук и овошје на крај. И гајбите вода и пијалоци се на крај. Ми се стежува од помислата на торби и гајби. Мм шлепа јас распределувам а деца скакаат околу нас . Убав ден
Добро утро мамички. @danichap јака ти душа.Секое твое пишување е толку реално и толку возбудливо како филм или добра книга што навистина се чита и гледа во еден здив напнато до самиот крај.Еден голем респект до тебе ти спуштам мапа и секогаш со задоволство те читам ама не само тебе сите мамички исто така. Морам да кажам навистина со секоја возраст на децата си има свои предности и мани свои проблеми и решенија.Кога се мали викаме ајде побрзо нека пораснат полесно ќе е, ама кога ќе пораснат викаме како не се мали јас да им кажувам и да се до мене да ги гледам.Ах само добри нерви и трпение. Јас утре полагам за живеењето во Германија а немам книга фатено немам ни интерес некако а и време слабо.Сабота со Господ напред планираме да тргнуваме за Македонија.Овие денови поминаа со ова за овој да земиме ова за оној, а убаво ми викат сопругот ние само за комбе сме автомобил нас не не собира.А тек за назад кога ќе си идаме Возбудена сум ама децава уште повеќе.Прават планови, пишат списоци спремаат куфери = позитивна лудница. Ви посакувам убав ден мајки.
Добро утро Кафенце за секој има Солено нема Со малата кога ја спремам од сабајле мислам гола може да излезамОдам ја носам на градинка и осеќам градите некако многу лабави ми се оно да сум заборавила прслук да облечамДа се вреќам нема шанси каснам и онака.Среќа блузата ми е широка и не се познава После одам во градинката и го читам листот "ми треба пелени "и ми текнува дека ги заборавив дома.А спремни од вчера ги ставив во ќесе и остана на комодата Од градинката гледам саатот вика 7:57 нареден автобус ми е 59 и одам и викам не брзам секако нема да го фатам.Си одам полека и пред станицата го гледам мине и трчај да поминам улица и го стигнав и шоферот ми вика "ова е последен бус друг нема да дојде".Прво викам "да" оти нели мора да реагирам оти сум разбрала и после човекот се смее и ми текнува дека ме зеза и му викам може и нема па се смееме заедно А автобуси на 7 минути има Ама кога го видов зошто да чекам Малата толку ми е уморна од градинка што вчера убаво време и викам ајде да шетаме вика не Па си лежеше и се галеше не сака да спие од импресии од мама и тато се дома. Па тате да ни повиши расположение ни пушти песни и игравме со гзињата и се фрлавме на креветот.Ама без мама не.Мама мора да игра обавезно @Lorins фала што ме мислиш за тебе пишав пост инаку паузирам да не сум досадна.Поздрав мила @fairy88 ме насмеа за син ти и мт @galapce ти се дивам како постигнуваш се сама Поздрав и убав ден
Кафето испиено во кујна тапкајки на нозе додека спремам доручек и ручек две во едно. Кога може така зошто да не сркнам и кафе... Мајкиниот спие уште уморен е многу вчера урлаше до 00 часот нр ова не она па му текна ќе пали гаси светло и така едвај го убедив да спие. Бевме на контрола како и што кажав ништо не му е хахха... нек е жив и здрав и нека јаде манџичка другото ќе помине. Сега ме удри у флава спанаќ брикет со ориз и рендан морков да правам во рерна арно ама немам такви калапчиња па ајде во обична тепсија го плеснав ќе биде вајда убаво претходно убаво ги потпржив сега нека се потпече. За ручек има зајачко со леќа и сушен разноврсен домашен зеленчук. Да се свари и тоа и мали да стане и се мислам каде да фаќаме патот сонце ѕирка од прозор .
Јас и моето разгалено дете. Среде ноќ сака татко и да ја нишка а јас да стојам. Па смена. Не пукна. Ако нешто не и е погодено одма се плаче со солзи крокодилски. Се осеќам ко роб. Не дава да јадам. Мора да е у раце. Значи толку се разгали со болеста што ми иде да и плеснам по газ. Пијам кафе маж спие а дете диктира.
Не си згрешила никаде. Мислиш само твоето ова го прави???? Мајка во голема заблуда си. Еве темава е полна со мајки. Нека кажат ако едно дете барем еднаш ова не го направило. Моето? Моето едно 50 пати сигурно. Посебно кога беше колку твоето. Завчера се шетавме низ цело маало за раче. Е вчера сакаше количката да ја бута и кај што не може. Сакаше по тобоган за мали деца да ја пушти. И дека не може се растури од плачење. И не е ни прв а ни последен пат. Во фаза е кога се сака да качи горе. дома се е наредено на високо. Така сака. Ок така нека реди. Добро е што се воздржуваш да не го удриш знаеш зашто? Зашто и да го удриш е џабе. Само бетер ќе плаче. Со ќотек не се добива апсолутно ништо освен грижа на совест потоа, каење и бетер расплачено дете. И психолог нема да ти помогне. Фаза е. До 3 год се ќе видиш. Ви превод дур свесноста не му се развие. Така да опреми се со трпеливост и зборење многу и тоа е тоа. Чекај бољи дани. п.с. отидовме на рингишпил и сакаше да се качи дур веќе беше пуштен. 3 мин се одра од плачење
Добро утро. Посабајле маж дома. Дете поспа до 8. Стана прилично весела. Уште не ми е јасно како бебе од 2 месеци издржува без спиење дење. 3-4 пати по 20тина минути. Па ја неам сила толку. Имаше два - три дена си фати 'ред' со спиење по 2 часа после пладне, ама кратко траеше таа среќа. Сепак мислам дека уште ја мачи стомакот и тоа не и дава да спие. Како ги чекам тие фамозни три месеци кога наводно престануваат грчевите, небаре одма точно ќе ги снема. А и да ги снема, нешто друго ќе дојде... Скокови, заби. За личење - личи на мене. Шо би рекле некои - сама ли го правеше. Јас пронаоѓам црти и гримаси од маж ми во нејзе. Спијат исто. Истата фаца ја имаат. Така да, ќе менува допрва. Сакав уште нешто да кажам, ама кога 2ч се пишува еден пост, се заборавив. Имајте убав ден.
Добар ден мајки Да ден ми е веќе, станати од 5:30, цела ноќ не спиевме. Мрсули течат, кашла ко некој дедо, преку ноќ. Аман сега најде пред роденденот. Среќа денес дома сум па ќе го чувам јас. Заспа пред пола сат ама шо ако, на секои 5 мин се буди со вриштење и само во раце спие. Не го спуштам сега само да не вришти. И аман нека помине со полесно, до роденденот да е како шо треба. Кафе испив дупла доза, џабе. Ништо не помага сега. Вчера ќе барав фустан. Абе или јас сум чурук или ништо нема по продавнициве. Фустани од пред 3 години, абе ајде. Се изнервирав и не купвам. Ќе си сошијам по мој вкус. Ако е мирен бебе ќе одиме и по патичиња, ако не ќе одложам за утре. Ама така се утре ништо немам средено. Ме потсети @emkaemka за криење играчки под комода. Цел ден тоа го прави. Фрла топче или количе, па го бара пау пау(тепачето за муви), ѕирка кај е играчето и се труди да го извади. Е под кревет ако скрие нешто не може да го извади и вика. Сега се научи како прави кравата па вика муу. Кај ти е главата, се тепа по глава. Како се смееш, па се смее. Секој ден нешто ново, како брзо учи то чудо. Па после си викам па добро не е мал, мора да знае вакви работи. Мене се ми е ново и чудно дека прво. @danichap се уморив кај шо те читав. Можам само да те замислам на 3 места истовремено и се смејам, ама вервам тебе не ти е секогаш смешно. И мене нема да ми е за некоја година ко ќе се сетам на твоиве дешавки. Машина пуштив од бебе, ќе пробам сега и ноктите да му ги исечам, за срамота колкави му се. Ама освен во спиење поинаку не можам да му ги исечам, а ко ќе дојдам во 4 веќе е разбуден. И така, само во викенд успевам. Тато не знаел како, му било страв, за баба му веќе не се ни трудам да и велам, знам дека не може таа. То е, секојдневие. Убав ден, па и продолжен викенд, кој си има споено.
Фала ти мајка за секој збор за секоја утеха.Мене ме плаши тоа што кај нас не е еднаш неделно еднаш дневно него од 7 сабајле до сега имаше минимум 4 вакви испади до сега.Зошто татко му спие морал да стане а он си легна во осум човекот беше на работа во 11 пак ќе оди.Значи мора да одмори.Зборував убедував донесов фломастери блокчиња ма ништо не пали.И тука следат тие трескања со главата,па легнување на земја па гризање и мене и мм.Ако ти се верува тоа се така страшни угризи отечена и модра шетам.После плачеше зошто папагалот несакал да му слета на глава.Епа несакани,несака,нели не е возможно се да добие.Кај нас од 7 дена 5 се вакви ама константно.Страв ме фаќа како ќе помине денот со него веќе.Агресијата се јави откако престана да цица некаде на 1 и 7 месеци,па онда сестра ми доби дете а јас трудна.Претпоставувам дека и од тоа му е собрано.Незнам што е најпаметно ама и најблиските што го гледаат сфаќаат дека сме немоќни и викаат да бараме совет од психолог.За месец дена треба да се породам е тогаш мислам ќе биде и бетер кога ќе се јави љубомора.
Еве сме и ние @galapce Малава со тт од вчера, мислев заби да не се ама дигна и 39. Други симптоми ништо нема, па може да е оној вирусот што дава осип трети ден, па ке видиме. Цела ноќ не спиеше, дадов сируп и спушти ама си качи пак за брзо... па дежурав ноќеска, а сабајле мн рано си станавме. Роденден и крштевка спремаме, па турбо периодов, трчај ваму таму... Нема одмор и слободно време, па искрена да сум сега во вц киднав за да ви пишам Да заспие малава и да влезам да се избањам, косава ми е ептен мачна, долга, густа и преку глава ми е миењето и сушењето зашто бара едно саат ипол тинтрање, ама па ич не сакам да ја ишишам И така... мм слободен, сите слободни ми се денес, па денов ке го користиме да подкупиме нешто за роденденот, да разгледаме поклон за кумовите. Отидов, убав ден мајки
Мајче јас мислам дека е правилно што сакате да се советувате со психолог. Сите три деца ми минуваат низ тантруми, сите три деца прават работи типични за возраста, но на крај краишта пак не се сите три исти. Колку и да се пентари секаде, колку и да се траска, колку и да плаче, колку и да се инаети....и се останато типично за возраст и тантрум, средново не е ниту приближно напорно како што беше сестра и. Јас имам побарано помош од психолог за најголемата ќерка, советите и те како ми беа корисни. Кога ќе пристигне новиот член мислам дека ќе биде полошо, барем кај нас така беше. Во прав момент сте го пишале градинка. Тргна ли? Добро е фазата на адаптиарње да е додека не е стасано братчето, за да не се чуствува лошо дека ете ново дете сега а он мора на страна.
Ете и тоа ме мачи.Во градинка требаше да тргне крај на септември инаку чекаме да се отвори во нашето место воопшто до сега не е отворена.И тоа се одолговлекува.Сега испадна крај на октомври ама абер немаат да се јават.И ако тргне кога веќе ќе се роди бебето како ќе реагира што ако си помисли ете бебето се роди а мене ме отфрлија,бетер ќе биде.Ништо не губиме ќе морам на психолог.
Разговорот со психолог е повеќе совети за мајката, како да реагира и како да се справува во некои ситуации. Штета нема. А за детето е игра. ЌЕ вози колички, ќе рани кукли, ќе бои.... Пробајте на старт како реагира со тебе а како со татко му, евентуално баба, при периодот на адаптација. ЧЕсто се поплачливи кога се со мајките, некако со татковците се поопуштени. Имаш ли кој бебчето да чува на 1-2 часа? Отом потом, ама ќе се снаоѓате. Најважно е тогаш многу време да мине со тебе. Кај нас за третово се радуваат, го гушкаат, сакаат да го ранат...ама за средното беше страшно. Пустото нон стоп беше во креветче, никако земање во раце. Беше љубоморна најголемата.
Кога денот ќе почне така-цел ден ќе е таков. Те разбирам скроз. Кај нас оваа фаза почна од 15+ и траеше некои 4-5 месеци. Срам ми било да излезам на улица искрено. Сега чат пат ќе направи така (ко примерот на рингишпилот ) ама толерирам и веќе не ми е срам. Зашто откако застана и го качив дојде мајка со 7-8 месеци бебе и тоа исто реагираше. Си се погледнавме со сочуство буквално. За тоа дека ќе се породиш никогаш не се знае како ќе реагира. Може заштитнички ќе е настроен а може и ќе е исто. Само зборење многу. Види што совет ќе ти даде психологот но поентата ми е-твоето дете е сосема нормално. не е исклучок, не му фали ништо и никаде немаш згрешено. Едноставно такви се децата. Барем повеќето.
Супер е што си решила да побараш совет од психолог, браво за чекорот. Има родители само го кршат од ќотек детето додека не се повлече толку во себе од страв и не бекнува повеќе, а тие среќни дека ете, ќотекот делува и од рајот е излезен. Да одиш, да си поразговараш, ќе те упати и ќе ти даде совети. Се надевам дека ќе добиеш убави совети и ќе се олесни ситуацијата. Малата отиде со татко и на шетање, јас средив по дома, пак е чисто. И сега ќе се бањам и една епизода ќе изгледам. Леле кога ќе ми текне на периодите кога не се одлепуваше од мене, аууу... Сега ми е супер, имам време за се. Попладне заедно си шетаме, одиме на лулашки, или пазариме од маркет. Јас уште од мала и зборев дека се што се купува се купува со парички, паричките се заработуваат, ама некогаш дека немаме доволно за нешто. Кога сака нешто прво ми вика мама, имаш парички? Ако и речам немам, океј, или и викам утре ќе земеме, или сум заборавила и нема гајле. Еднаш излезени, мене новчаникот дома, не знам како, ама тука во маало бевме. И бараше сокче, јас немам пари, и викам, немам пари душо, останал новчаникот дома. Ме слушна еден чичко се заврте, ми вика јас ќе ви дадам госпоѓо,срам ме изеде. Ама му реков нема потреба, ќе одиме дома има дома сокче и никому ништо. За такви работи многу е разбрана. Е сега ако не е спиена... Нормално дека се смета тогаш. Ако упорно нешто прави што не треба првиот пат и викам не треба така зашто ќе се повредиш/ќе се искрши... Океј. Некогаш продолжува со оној погледот што сите го знаете. И викам уште еднаш така и ќе ти го земам. Продолжува трет пат и го земам нештото и го тргам без двоумење. Ако плаче ја гушкам и и викам, знае мама дека сакаш да си играш, ама така не смееш зашто ќе се повредиш. И и давам нешто друго, за среќа лесно и се скренува внимание. Кога одиме негде прво и зборувам од дома како треба да се однесува. Ако плаче на лулашки за лулашките и зашто друго дете се лулало и објаснувам по милионити пат зашто не се плаче за тие лулашки и дека има ред. Ако е упорна и викам дека ќе си одиме дома зашто нема поента вака да седиме. И на крај ја носам дома, ако е со плачки тогаш со плачки. Ама ако речам нешто го исполнувам секогаш. Затоа сега знае дека сум сериозна и дека ќе го направам тоа што сум го рекла. Којзнае каде грешам, грешки секогаш правиме, ќе видиме и времето ќе покаже. Ама сите знаеме колку си ги сакаме децата и можеме само да се надеваме дека таа огромна љубов ќе им биде доволна за да ни простат понатаму. Отидов да направам едно кафе и да си поуживам со серија.
@simona_baby И јас некаде имам напишано ист пост како твојот. Моето дете се смени на 14+ или 15+ (ама ич немам ориентација со време) и сега си имам умислено дека ми завидуваат од што е мирно и послушно. Првиот пат кога седна во количка мислам беше 14+, јас радосна гурам количка и се смеам. После три дена кога поверував дека моето дете навистина сака да седи во количка се пофалив тука. Не знам дали променивме нешто, ама мислам дека не. Кога ќе погледнам наназад сфаќам дека единствена и најголема грешка како родител ми е што не му дадов време на времето! Три вечери заспало во 20.00 вечер, а четвртата пак во 01.00 и јас се откажувам, разочарана. За се треба време. Би напишала цел реферат, но најбитно да ти кажам. Кога плаче, се треска, вдиши, издиши и не зборувај ништо. Кога ќе се смири зборувај. Ако ве удри, тргни се да не може да те удри и не зборувај, не се нервирај. Ако скрши нешто, тоа е само дете. И ние сме биле такви некогаш. На кафе ќе одиш сама со мт, детето нека го причува некој. Денес не ми беше толку тешко како вчера кога ја оставив малата тој еден саат. Убаво е ова заедничко одење, па постепено одделување. Повеќе за мајката изгледа. Јас и викам чао на малата таа не реагира и пружа раце накај тагесмутерот да ја земе. Кога ја зедов не разбрав дали едното дете ја удрило по глава со нешто или заедно се удриле по глава. Кога влегов одма видов дека плачела. Ама многу сака да оди таму. Сабајле ја будам и зема патики, чорапи, дуксерка и седнува да ја облечам. Уште многу сакав да кажам ама доста е да ми остане време за нешто друго. Убав ден!
Добар ден. Јас имам исто потфрлено на многу места. Оправдување и изговори не сакам да користам. Крива сум, сакам да исправам она кај што потфрлив а има последици но и свесна сум дека идеален родител неможам да бидам. А сите мислевме дека можеме нели? И јас гледам позитивно на она што членката решила да одат на психолог. Требаше и ние . Се изгубив во просторот од тековните проблеми и обврски, а не требаше. Не,не се сите деца вака како што опиша членката. Сите плачат, сите сакат невозможни работи ПОНЕКОГАШ, сите минуваат низ тантруми но не се вака толку често. Моето во количка нека даде да го извозам три пати се на се. ДО МЕНЕ Е. Зошто? Дома дека постојано бевме сами, постојано буквално, се ми беше во количка. Дур перам, дир готвам се бањам...Ваљда му створив одбивност. Не мрдев од кај него дур спие. Пак моја грешка одкако е роден. Сакав да слушам дали дише, дали е добар.. Е после сакав да спие во креветче, е нема ни тоа. Сакам да се заигрува само, е и тоа нема. На минута да одат до др соба или вц со мене го носев. Еве 3 ипол години јас кафе немам пиено а да не си одам пол а со нервоза и загриженост дома. На гости на прсти бројам колку пати сум била. Играчки неискршени се бројат на прсти. Да, до мене е. Давав миксер, лебопекач, нутри булет, соковник... Да си игра само да јаде Очајна бев за со јадењето,некои од вас и знаат. Остана здраво нешто од наведените погоре. Се чувствувам како да сум во темата предизвици што ги носи мајчинството, дур пишувам. Често станува од сон налутен. Прееска со бормашината мавна оо докторот и медицинскиот брат. На почеток ми се чудеа кога после што и да направи ако влези медицински брат, сестра, доктор.. Го терав да ги гушне. За да им се навикне побрзо и да не биде агресивен кон нив. Ете неисправно сум мислела, пак знае да биде мада не секогааш . Но! Кога се гушкаме се ми поминува. Се. Кога пробува да ме надитри, примњр ке ме удри, гледа дека останувам смирена не му викам, почнува да плаче и ми вели дека ме удрил оти многу ме сака. Објаснувам дека не е убаво да на таков нсчин се оправдува ама мислам иште е мал да сфати, но не губам ништо ако објаднам. Само добро би било да имам секогаш трпение. А признавам дека немам. Затоа велам потфрлив. Се ми поминува кога ке кажам дека нешто ме боли а тој оди и ме бацува на тоа место. Одма мора да направам бурна реакција колку сум изненадена оти демек стварно ми поминало а за тоа е заслужен тој. Имам уште многу да пишувам за ова ама ке продолжам друг пат. Трето кафе при крај. Денес недобри резултати ме скршија плус. Побарав на документот да ми напишат или македонски или англиски превод па да прогуглам плус. Неможам да се ослонам на болнички искази, ова се резултатите, сега за сега не е проблем ама за понатаму не знаеме. Или кога ни ја кажаа дијагнозата. - е добро де има и пострашно ова не е страшно. Не признавам вакви одговори. Наседни ме и кажи ми се за болеста. Од гугл дознав дека жовеењето е ограничено со оваа болест и скоро се за неа. Па после сама прњпрашував доктори за да ми потврдуваат.