Кога почнав да ти го читам постот ме врати назад 8г. Син ми беше многу напорно бебе, сум пишувала доста за тоа. Плачлив, кенкав, израснат во раце, непреспиени ноќи докај 1.5г. После уште беше доста напорен, мислев нема никогаш да се социјализира, не се заигрувашр со деца воопшто, само со нас. Не сме можеле на раат со пријатели со деца да седнеме. Веќе не ни сакав затоа што ми беше преку глава од коментари дека е лигле, дека сме го распрделе, дека само он кенка, мислам се одалечив од некои луѓе поради ова. Само не беше многу темпераментен, не кршеше не растураше, не бегаше од нас по улици, не беснееше. Верувај јас што сум ептен противник на бајачки на моменти ми доаѓаше на бајачка да го носам . Помина уште некоја година се смени доста, си се здружи со комшичиња, не сака без другари да мрдне сега, можам да кажам слободно дека е меѓу попослушните деца кога сме надвор, е по дома малку е друга песна, се инати се расправа, избувнува лесно ама тоа е карактер тешко дека ќе го смени. Ама и јас се сложувам да одите на психолог, зошто да не, не сме ние родителите психолози и педагози родени, ако ништо друго ќе добиете совети како да се однесувате со него со оглед на карактерот, ќе ве смири вас ако ништо друго. Лабав денов денес сакам да потрае. И си поспавме сабајле, станав јас додуше накај 7 ама маловп ме осети ме гушна за рака и си спиеше така мушната во мене, многу ми беше убаво па уште цел саат си лежев со неа. Вчера вечерта се утепа од плачење по брат и, он сака вака во слободни денови да си спие со татко му во дневна а и јас да искористам малку да се раширам на спална. Абе липташе до заспивање. И него му падна жал и сабајле дојде во спална и ја разбуди со гушкање, па се тркалаа гушнати пола саат по кревет абе мерак да ти е да ги гледаш . Не дека не ја откачи брзо после тоа . Денес е пресреќна дека сме сите дома, не може да ни се изнарадува, лигушка е ептен. Мене посебно ми се залепи, не ме пушта да мрднам, ништо не сум пипнала денес ама и не се потресувам ич. Некако многу ми фалат децава, толку ми очаен периодов на работа да само дома меѓу нив си наоѓам мир на душава. Се најадов ме фати дремка, ама решив денес да не ја легнувам малава. Ем спиеше до покасно ем дека се преспива на пладне па после многу тешко заспива навечер. Си гледаме филм, моментално е во диносауруси заљубена, по стоти пат го гледаме филмов и само со диносауруси не тера да играме. Шетавме преска и планирам после само да купиме нешто и да се скрасиме рано. Утре пак на работа, среќа па у сабота не сум
@simona_baby сега ќе ти одговорам преска заборавив , а и време немав.Како за ќерка ми да си пишала.Имам пишувано дека ид дома не излегував првите 7 месеца сама.Толку беше напорно и плачливо бебе еднаш со количката огромна и во на мм рацете од трговскиот 2 км пешки сме оделе оти урлаше и плакаше, да не вознемируваме цел автобус.Мала беше 3 месеца некои.Сега секој ден ми е предизвик да се справам со нејзините пискотници.Утрово и облеков тенки хулахопки за во градинка и требаше уште тенки хеланки.Толку и се бендисаа хулахопките што едвај по 15 минути ми дозволи да ја облечам. А колку е плашливка Мора да сум нон стоп до неа ако не ја послушам следи плакање.Па јас не реагирам е тогаш следи вриштење.Ако ја оставам уште да плака без да реагирам.После тешко мене.Нема шанси да ја смирам заборава зошто плака и си плака додека не се премори. Мојата фала богу не удира и не апе.Знае дека тоа боли и не смее. Мене мм нон стоп ми вика дека не знам дете да смирам и само мене ми прави вака.Се додека и нему истото во сред маркет не му го направил.Ама тој извадил тел и ја снимал да се видела каква била Имам уште многу да пишувам ама ќе станам досадна. @Cka од градинката и е не од болеста
@simona_baby издрижи мајка такво е детето, а и тој им е периодот сега, со нервоза и ќотек е џабе. За психолог да си одиш ќе добиеш корисни совети како ти да се справиш во тие моменти. Друго сега се во период кога стануваат свесни за себе и за своите емоции ама незнаат да ги искажат. Многу зборување и гушкање. Мојов беше мирно бебе плачеше месец дена од грчеви и додека прооде јас немав гајле. Од мрзливо јади спиј бебе, се претвори во љубопитно хиперактивно дете кое се сака да проба, да види се смена преку ноќ. Период на почести тантруми имавме некои 2 3 месеци откако го одбив од доење на 19месеци па до околу вториот роденден кога се пушти со зборување па почна да ги искажува емоциите и да се рабираме. Сеуште знае да има испади и го оставам некое време да се подсмири, па со зборување и гушкање се разбираме. Знам дека во таков момент ти доаѓа буквално да го топнеш од земја, па од срам го тегнеш гледаш да го замолчиш и тоа го сфаќа тоа како да не ти е гјле за неговите чуства и станува и агресивно. Во таков момент остави го минута, две, пет колку што му е потребно да се потсмири, стој до него само да не се повреди или да направи штета околу, кога ќе се потсмири со мирен тон прашај го што сака да ти каже, покаже за да може да го разбереш. Кај мене пали овој начин, може ќе опали може не, како и да колку повеќе расте повеќе ќе се разбирате. Една виртуелна гушка за поддршка Постов од сабајле почнат му дојде ред за да се заврши, а може и не Каков убав ден поминат буквално во шума, со преубаво друштво деца растрчани, разиграни, па кога се разаспаа од на нога околу пладне по една дремка, па второ полувреме трчање, шутирање топка, брканица, криенка, среќа беа. Мажите со ракивче направија скара ние по деца ама си извртевме чил муабетчиња, наполнивме батерии, а богами и стомаци мх мх Пред околу саат се прибравме искапивме прво дете, мм се истушира, јас сум следна само отчет да дадам Мислам дете ако издржи да не заспие до осум ќе е чудо станат е пред 6 со нецел час дремка. Ако се има сила ќе има време малку да се погушкаме со маже, секако ако не заспијам јас пред сите Утре сме кај моите на ручек меѓудругото и гомлезе ќе ми прават, а мајка и овошна торта со вишни ми направила па уште од сега стрв ме фати само да се јадело бре Одам под туш набрзинка да се средам, па вечера за дете и да се паркираме вкревет, гушкање, сумирање впечатоци сега во последно пред спиење цел ден го прераскажуваме, каде сме биле што сме правеле, по сто пати повторува и препрашува едно те исто додека очи не затвори од умор, па така и вечерва. Ве поздравувам
Убав ден мајки.. Од кај да почнам да пишувам за моево бебе,немам време ни живци. На гости прекинавме да одиме вришти на цел глас о премира. Гостин ако дојди исто. На кафе ако седниме едниот пие другиот стои со неа простум и ја шета,прекинавме да одиме. Во количка вришти на цел глас. ПочнА стегачината да ги вади од на коса и ги џвака. Имам дубак стабилен,седиштето е длабоко,нема шанса да падне. Ја ставив во него и ме немаше цела минута. Кога се вратив лазеше покрај камин. Излегла...крвта ми се здрви. Мм вика ја немаш ставено нема шанса да излези.Да Ноќе не спие....дење не спие. Ако продолжам да пишувам ќе плачам Само да е здрава и жива. .Мирна ноќ мајки.
Добро вечер. Јас се пријавувам од крај езерето. Добро во моментов сум испружена на спална, ама географската одредница ми е тука од вчера. Сонцето денес не служеше, а се надевам ќе потрае и до недела. Дете сабајле се успа до 8:30. И ние наспани со него. Ама затоа цел ден меревме улици и еве јас веќе се спремам за спиење. Мм "боледуваше" до понеделникот, ама затоа кога му спискав во вторникот заборави дека боледувал. Да не се разбереме погрешно. Ангажиран е стварно околу дете, ама има моменти кога вака себично сака да си приодмори. Демек јас не сакам. Што би дала бар еден ден да можам да посветам само на себе. Па макар и цел ден во кревет да гледам серии. Ама нема, а и нема да има во догледно време. Прво ми е себично према детето. Честитки @tincemajmunce па и на ваша глава во поскоро време. Инаку и мене издувен вентил ми е шопинг. Па макар тоа било трошење пари и во маркет. Сега дека лута на мм и во маркет и за себе шопинг удрив. Порано знаев да се исклучам и со серии, сега за жал немам толку време, иако последнава недела почна пред спиење да си гледам по една епизода на грејс анатоми( тоа најдов снимено на макс тв). Па здравје ќе си практикувам и понатаму, нормално ако синко го задржи темпото со преспивање цела ноќ. Туку моево дете на никој не личи. Во почетокот беше како келјав дедо без заби и со плави очи. Сега има златно смеѓа коса и зелено/ кафени очи(жити боиве на мене што се). А вака не личи на никој. Ќе се најде некој паметен што ќе каже дека личи на мене, ама може само по малку наликува. Знаете како викаат, нека личи на таткото, мајката демек сигурна била дека е нејзино. Е ова кај нас е чие е детево. И двајцата не може да сме сигурни дека е наше, а згора на се не личи многу на никого. Чие и да е ќе си го сакаме. Јас си го родив @emkaemka јас викам убав и паметен да е на мене, снаодлив на татко му. Само оваа комбинација ја признавам. Туку и јас како маж ти знам некогаш ако претерам со шопинг, кога ќе праша мм од кај ова да кажам, ехехе од кога е . Знам дек знае дека подлажнувам, ама малку да не ме искар. Он па по 100% ќе праша пред да купи, а богами и ќе изанализита цел пазар пред да купи нешто. Јас па влагам и импулсивно купувам. Кога сме кај собраќајната култура, секој ден си пцујам кога возам (во принцип не сум човек што пцуе). Од "писмените" учесници во сообраќај имам уплав од точак. Уствари од нив имав уплави заради тоа се претепав пред неколку години со точак и од тогаш нема шанси да се качам. А толку сакам да сум од совесниот свет, ама точак веќе, а за до работа 8км ми се многу за пешки. Се гледа дека имам време на претек. Туку одам паметно да го користам, во превод да си поспијам и да се спремам за утре за да правам Охридска шема. Кафе и прошетка низ чаршија де, исто како и денес. Бендисав едни чизми, па валјда ќе ги купам утре. А и ф'стан еден бендисав. И фармерки какви што ми требаат најдов тука во ваикики (во ск никогаш не се снаоѓам) па веројатно и мал шопинг ќе истерам. Ова ако не почне мм да ме препрашува по сто пати дали сигурно ми треба се. Ама ако почне, ќе се скараме. Имајте убава ноќ.
Сабајле сум почнала еден пост, сега видов дури дека имам напишано 2 реченици, па ги избришав. Ние 3 пат по ред се успиваме еве.. Првиот пат беше во 8 ипол, демек јаден беше го избањав и заспа, после пола час почна да мрда и се разбуди па и дојде во вц по мене искрено ме преплаши, не го очекував дека спиеше нели, втор пат пак го нишкав и пак заспа демек појдов у кујна да јадам ми се пријаде кога ете го иде он ваде цуцла и седнува да јаде се осетив као дека не му давам да јаде многу лошо се осетив искрено и така седнавме и јадевме и двајцата па станавме и он почна да си брца у уста за да повраќа му ја тргнав раката и му реков не така и почна да плаче ко не знам што му реков Ајде вода цуцла и еве пак се успиваме ама мрда прета не знам што му е вечерта капак на се кога се јави сега татко му почна и по него да плаче ... Од сабајле му спремав убав доручек таман ставив на маса да дојде да јаде он најде киндер.. го зема и се качи на маса условот му беше "ќе јадам од доручекот ако јадам и киндер измегу" и така јадеше и тоа и тоа а мене за следен пат памет дека треба да ги ставам на високо. Друго, цел ден го поминавме в кревет, што не е нешто впечатливо за нас.. ама јас денес рака решив некоја мрза ме има фатено, раскренавме заклучивме дневна и на спална он редеше коцки и кругови и си заигра едно 15 минути па може и пола саат додека јас ѕиркав со око една серија, и така минавме попладнето а утре уште посабајле ќе удрам една чистка по дома, ќе пребришам да замириса дека викенд иде па стандарт пред викенд и после викенд забришувам. Принципиелно ми е детето, инаетливо, разгалено итн како и сите деца како што прочитав односно таман си е за возраста а јас ко што вика џокерче многу пати се смеам на неговите згоди и незгоди отколку да викам ми се чини дека отрпнав и така. Лаже оној кој ќе рече дека детето му е по книга ама па и има деца и деца, некои се стварно напорни.. Се сеќавам дека на мој братучед керка му и препишаа бедоксин кога се роди оти била нервозна она од 24 часа плачеше 20 и тоа рикаше па ја лулаа у кебе едно 15 часа у ден. Аууу Јас моево кога се роди дека баапана и наплашена од бебиња и нивни вриштења абе не знаете колку се плашев ама моето дете како бебе беше океј, односно јас му фатив ред му открив цаки и си се организиравме се ни беше под саат што се вели па уживав простум е сега како расте односно како ојдовме доле на 3 месеци се смени на хиперактивен ама па многу јасно ми е дека дете не може да седне и да седи да така нормално ми е да трчи и вришти низ дома дете е сите сме биле и така сме растеле, односно паднј стани поплакај не спиј спиј и така. Е сега некое ќе излезе помирно, некое потемпераментно, некое ќе игра, некое нема да игра, некое ќе трчи некое нема, некое ќе се плаши некое ќе нема итн итн.. Постов у бескрај ојде ама поентата ми е дека сите како мајки се преиспитуваме на крајот од денот, сите се себеобвинуваме, сите некогаш плачеме некогаш се смееме, доживуваме и трауми невидени и тешкотии и болки и солзи и радости и смеа и се впрочем како и се во животот е и оваа етапа мајчинство односно една етапа од етапата за навек. Велат поголеми деца поголеми проблеми па ќе видиме Мене од сегашна гледна точка кога се присеќам како само се мислев кога се роди малиов како се преиспитував си викав леле зарем јас нема да спијам леле зарем јас нема да одморам итн леле зарем 24 часа треба да внимавам сега ми смешно а тогаш ми се плачеше Чудна работа. Секоја мајка има прелив и излив на емоции, на радост исто како на тага на нервоза на пренатрупаност на меланхолија итн.. Се е нормално луѓе и се е за луѓе Од оваа преспектива гледам дека и после 2 години ќе се смеам пак за ова што сега се мислам исто како што пред две години плачев па сега се смејам
@vitamina И на малава и препишаа бедоксин ама кај на бебе да дадам такво нешто. Нема шанси. Па ми текна дека и мене ми препишале како мала ама добро се сеќавам како се преправам дека пијам, а не испив ниту едно апче, никогаш. Еве ме сега кашлам, гради ме болат, како да ми се корне нешто од градите ама глумам некое лудило изгледа не се лечам. Не ми се оди на лекар, а не знам како да си помогнам. Ме мрзи да прогуглам. Можеби утре. Преку ноќ сум хрчела маж само ме буди да сум се свртела на стомак да не хрчам па ненаспан е како новороденче да имаме дома. Мојата плачеше 21/7. Не плачеше само, а воедно и спиеше тогаш, од 07.00 до 10.00. И јас имам помислено на бајачка во моменти на очај. Па сега си велам можеби плачело дека се родило во Македонија. Откако се преселивме се и е погодено. Мислев на кратко да пишам ама пак претерав. Вечерва на маж му напишав Те сакам на лист и го ставив меѓу шорцевите и маицата за спиење. И му спремив тегови и протеинска вечера. Као демек романтика. Малата се уште ме удира ама молчам и ја тргам раката, а таа гледа надоле како усрамена и виновна, знае дека не треба така. Денеска направивме генералка со малата и еден момент ми беше најсмешен. Јас од лева страна диплам алишта во фиока, а таа од десно јас како ставам таа вади и ги фрла доле, ама јас упорна си продолжувам и сите ги наредив, а таа ги фрли, па не да ми падна смешно се згазив од смеење. И после само ги фрлив во фиока нездиплени. Среќно дете, среќна мајка. Денес во парк едно девојче го гураше моето, а бабата не реагира. Па јас го гурнав девојчето и кажав не треба така детето е мало и го расплакав. Се чувствувам како да погрешив ама зарем да дозволам да ја гура. Па девојчето отиде кај бабата во скут и бабата брка со раката во цицката. Леле си велам само да не му даде цицка (од фемински пост уплав имам дека свекрвата давала цицка на внучето, а може и измислено е не знам). Среќа во несреќа извади цуцла од нејзините стари цицки и му ја тупна на детето. Цуцла без капаче. Ми се згади. Добра ноќ
Добро утро Прогласете ме за немајка, јас уклучив тв на децата и седнав кафе да испијам. Не го уклучувам секој ден, и тоа е обично касно пладне, приквечер, ама вака од сабајле прв пат. Будни се од 02.30, сите три. Ова се дешава прв пат, сите три да не им е погодено истовремено. Се надевам нема да се разболат. Додека беше тука татко им, до 04.30 некако се водеа. Леле одкако замина, како на дрога се децава. Се справував некако со вриштењата, драмите, плачките... до 06. После веќе беше опасно по живот. Додека се свртев, средново го гледам нозе на столчето, од тие детските хранилки, а рацете на маса. А столчето и масата оддалечени скоро метро. Колку што е она долга де. Во хоризонтала воздушно истегната и оклештена од уво до уво. Синоќа како падна од столчето(не сакам да знам каков зафат изведувала ), па кои плачки беше. Како ќе ја довардиме не знам. Не паѓаше волку големата, ова се сили што ја гледа сестра и и вечито е испентарена некаде. Првен рикаа во кујна пред фружидер за сладолед, па ајде се убедивме и рековме ќе мијам јагоди. Првото чиниче го грабна сестра и и ете, навреда од прв степен. Па драми и плачки. Го нејќе другото чиниче, па ајде ги сменив. Е не, сега и другото го сакаше, двете да бидат нејзини. Рикаше, се тегнеше, и го зеде на големата. Кога виде дека големава незаинтересирано и го сврте грбот, кога се наапа, двете чиничиња ги фрли. Па рикна да плаче оти се празни чиничињарата, нови јагоди сакаше. Кога виде не и давам почна да ги гази јагодите на земја. Денеска термин во болница. Ми се јавија вчера дека се ослободил еден термин, дали ќе го зедам. Сомоглед на тоа дека чекав 4-5 месеци да ми се јават, секако одма реков да. Па се јавив кај другиот специјалист од таа област што и е, да ни ги соопшти резултатите од последните испитувања. Ама не, не давале усно. Па се намоливме директ да ги пратат во болница, па таму да ни ги прочитаат. Глуп термин, пладне, ќе треба со сите три да одиме. Алармот титка. Што убаво ќе беше да спиев до сега Малово да го ранам додека се мирни, без на рамења да ми се бесат. Убав ден
Добро утро. Малата спие од 7 вчера. Ја избањавме и се налути оти глава миеме, се изнаплака и заспа невечерана. Јас идам на работа а она спие уште. Којзнае колку гладна ќе биде кога ќе стане. Можно е да е градинката причина што се разгали толку детево ама и ние многу попуштавме. Сеа на глава ни се качува. Ама па кога ве читам што прават вашиве, си викам секое дете со своите инати. Мојата па не се качува некаде, не прави такви бељи. Неколку пати има паднато и сега е многу внимателна. Ама па да биде у раце или ќе плаче.... Не пукна. Вчера возев пак кола за возачка имам закажано да се сликам и ќе почнам и низ град. Малата па сака јас да возам оти така се гушка со татко и напред. Секако низ село само возам. Ако излезам у град и кога ќе ја врзам позади и по мене ќе вреска : брзо возиш. Убав ден мајки. Без нервози
Добро утро! Која е за какао денес Мм и синко слегоа долу, јас излажив дека ќе проветрувам постелнина, да чкртнам и видам нешто рааат. И слушам од долу викаат.: ,, Детево сака млекоооо! Што му ставаш внатре? А го топлишшшш?,, Ете до толку мм е ангажиран околу обврските за дете Уште не слегувам, сега чекам да викнат за облекување Денес на дневен ред ништо во план, дома да средиме, ручек и тоа. Сите сте се треселе од ненаспани бебиња, ние ненормалните стоевме по цели ноќи над нашето и се мислевме зошто цело време спие. Велевме нешто му е. И сега кога пишувам срам ме фаќа. Точно до 10 месеци моето бебе само лежеше, глас не му се слушаше. Утре сме поканети на дипломска и роденден кај машко. Кажете ми идеи што да купам, освен што ќе имам печатено вино со посвета? Ете, викаат се потуриле, одам да видам.
Добро утрооо!!! Ќе се жалев колку сум ненаспиена оти беба се разбуди во 6 и ми го раскрша сонот, до 7 бев будна, па ММ ја презеде за јас да спијам од 7 до 9... ама ај стига везам, гледам кај Дани синоќа поинтересо било. Ќе преминам на убавиот дел, ММ ја заспал легната кај него на гради, па така спиеле од 7 до 9. Он се разбуди вкочанет, ама среќен. Вели најубавото спиење му било ова, беба припиена до него, си преде како маче... искрено, слатки беа кога ги видов , ме стопи глетката. Знам, лигавешки звучам, ама стварно убави беа. И денес цел ден на работа, со една пауза од 1 час колку да надојам дете. Се развлече ова, беба е мала за да бидеме 3 дена разделени по цел ден. Фала и на свеки што се нафати да ја чува, дури и не ја прашавме, само и кажавме дека ќе се дружат со беба целодневно. Ако некогаш се пожалам од свеки на ова да ме потсетите, дека дете ми чувала на 9 месеци без збор да пререче. Ок де, мрмна вчера малку, ама... и така... Одам на работа! Поздрав!
Добро утро Кафето испиено ,работата започната ама денес дека петочки полабаво нешто ми изгледа дека ќе биде ( до 3 ќе видиме може ќе се смени никогаш не се знае ) .Дете не е во градинка цела недела ,не го пуштив он вака е добар фала богу нема ништо нит кашла нит нос тече ама за секој случај пошто многу ме испалши температурата во саботата .Вчерашниот празничен ден го поминавме дома ,синко се успа спиеше од 1 на пладне до 5 ,па после ручавме и заминавме на гости ,многу убаво поминавме синко весел наспан се изнаигра. Многу е смешен се разбира ,најсмешно ми е научи да дава пољубче и прво кажува чао после ја става раката до уста и почнува да си ја лиже циркузи е па како игра да го видите смешки е .Некако ме фаќа страв мајки синко другата недела ќе прави 15месеци ,а уште не е прооден многу се плаши незнам како ќе го победи стравот. Напорно е периодов сака сегде да оди се да фати многу е радознал се само ќе го видиш исправен негде стои пред некој ден кога го видов се качил на една играчка од нејзе на клуб масата леле коса ми се крена, само господ д го чува да не се повреди се молам. Инаку синко мој е копија на маж ми а он е копија на мајка му, додуша само во тенот се разликуваат синко е белчо а маже е малце потемен па така синко е копија на свеки поише пошо она е бела. Јас се тешам ај второто здравје на мене ќе личи Викендов маж е слободен па може да се шета негде ма да сум му малце лута вчера вика се расправа немал што да облече како жена некоја па јас не сум му крива нека оди нека си купи нешто, море крива сум што сум го научила се на готово да му биде. Се распишав ај одам да поработам убав ден на сите
@elcezelce ич да не се секираш мајче ке се пушти, мојов на 16 се пушти ама додека заоде како што треба може и 17 наполни. Е од кога заоде само викам седни синко една минута барем и мм се смее до вчера плачеше дете не оди сега му велиш седи. Само нека се здрави и живи. Да ве поздравам јас од парк, синко е по лизгалките со мм, јас ве исчитав како што е ред @danichap Сонце пече чиниш Мај е Бебе во стомак салта прави 24/7 далеку поактивна е од синко барем во стомак, а се ми се чини кога ќе се роди и за него ќе наплати Вика маж заминав, се читаме подоцна
Ајт петочки денес, добро утро Ова детево мое кај и да е ќе се преврти од креветче По цел ден се фаќа кај стигне и се дига да стои на нозе, а особено сака тоа во креветче да го прави, најлесно и е за решетките да се фати и застане. Сабајле ја слушам гуга, отварам очи, таа стои во креветче исправена, едната нога префрлена преку оградата и оклештена од уво до уво Боже кога ја видов, кога срипав. Многу е темпераментна и жива, уште сега ме фаќа страв ко ќе прооди А оградата дигната е, душекот е на најдолно ниво спуштен. Не знам како успева уште и нога да префрли, не знам како ќе ја заштитам од превртување Се има и удрено многу пати, не ни плаче. Само ќе смурти фаца ко за плачење, ќе постои така и продолжува со пентарење Инаку мм за годишнината ме однесе на вечера, ама да ви кажам ми преседна додека да отидеме. За се е тој виновен, зошто го чекав да се спреми два саати. Точно два! Имаше горе една членка пишано како нејзиниот маж немал што да облече. Епа пријавувам дека и јас имам таков, бетер од жена значи! За таа кошула немал кондури, за тие кондури немал кошула, за оние немал панталони... На крај му се развикав да оди да си купи се што нема и да не ме замара, зошто прегладнета сум и сакам да одам да јадам, никој нема да го гледа што носи побогу. Леле каква пицајзла е значи, многу се нервирам. Ќе земе ќе се бања цел саат, па ќе се туфка, па чекај гаќи, па да си поседи со тел така по гаќи, па да смисли што ќе носи, па ќе пробува комбинации пред огледало, па пак ќе се туфка дека ништо немал... Како старее, бетер станува И на крај добив одговор дека за мене сакал да е убав. Пак јас крива! Ај отидовме, си каснавме, си наздравивме и си се прибравме дома. Сами бевме, дете оставивме претходно кај баба на ноќевање, па му простив што ме изнервира и си се помазивме. Не му се посреќи зошто тетката ми е на гости Ќе надокнадиме викендов Ќе се шета некаде сигурно и двата дена, а сакаме и во кино да одиме, па ќе испланираме што како. Сакам и бебка да ја носиме во зоолошка, многу сака животни. Кога гледа цртан со животни, не трепнува. Обожава, мислам дека ќе и биде забавно во зоолошка. Нека не послужи времето само Инаку нареден викенд сме кумови на крштевка, и вчера неочекувано добив подарок од кумашините. Преубави обетки Се заљубив колку ми се допаѓаат. Се потрошиле безвезе, не требало стварно, ама I'm in love На мм не му купиле ништо, не знаеле што, па ќе одат со кумот да му купи нешто, да си одберел мојов. Му реков само на кумашинот, со среќа нека ти е шопингот со мм, два саата ќе се мисли за најпроста ситница И така. Ај да одам на пауза, денес среќа скратено работно време. Јас и така сум со скратено, нели дека бебе имам, па и на скратеното имам скратено, до 2 ќе сум Убав ден на сите, убав викенд
@simona_baby Истиот проблем го имаме со Могли Не можеме да ја скротиме,во маркети најдолго пазарење ни е 5 минути Мм вози 100 на саат со количка а јас пикам што ќе достигнам и на каса За тие 5 минути таа отворила 5 јогурти,јаде со раце исто и ние само плаќаме не потребни работи по продавници Последните неколку одења и даваме мала количка да турка и е малку подобро ама не за пофалба За лулашките иста приказна Не знае да почека,вришти,се треска... Со деца знае да се заигра,единствено така е мирна и присебна Си игра со кујната,па касиерка,па готви ама само со некое дете сама не Пред две недели лом го направив мм кога ми спомна психолог му изнареков свашта Сега како го прочитав твоето мислење и останатите почнав да мењам мислење и да размислувам да појдеме и ние Можеби ние грешиме и не знаеме правилно да постапиме со децата или децата си се такви...незнам Јас се контролирам некако и игнорирам кога се глупира Помага и тоа ние одиме а ти остани овде и разгледувај,земај што и да прави (незнам колку е правилно ама помага секогаш) Башка мојата многу го малтретира брат и,се иживува буквално Го клоца,го турка по главчето и слично Прашав во градинка како се однесува со дечињата и одговорот беше дека таа е нај милото и нај дружељубиво дете во групата Значи љубомора До душа мм еднаш го праша матичниот и тој му одговори дека скоро сите деца се исти во таа возраст Ама не,ќе појдеме и ние да прашаме Да ве поздравам Уште малку ќе одам по дете во градинка а мали зсамо што заспа Јас средив коса,се нашминкав и во надеж да прошетаме денес Мм иде порано од работа денес за да одиме да пазариме за престојната недела Тој утре заминува и се враќа дури другата сабота или недела Ми се плаче кога ќе помислам колку долго ќе сме сами ама мора да оди Друго и немам што да кажам освен дека сум уморна и не наспана Од умор стално Вртоглавици и главоболки па апчиња како бомбони почнав да ги пијам @danichap мајче Затоа мислам дека се откажувам од трето дете сигурно ти е многу тешко Толку од мене,да облечам нешто и да одам,толку е времето Довиџења
Те читам а во глава ми се сликите од моето дете.Значи исто вакво.Од бебе 5 месеци не спиеше по цел ден.Вечер касно заспиваше.Ништо не јадеше и уште е такво со мало подобрување. Знаеш кога ќе сака само да те држи за рака?Епа дури кога ќе почне да подразбира,на едно 3ипол годинки. Какво кафе во кафич?!Го пиевме за 5 мин и си одеме.Во парк исто вака правеше ако си играше ок ако не го земам и правец дома. Не сакам на тоа столе.Сакам на другото.Не во таа чинија.Не мала вилушка сакам голема.Не во таа чаша во таа со линии...и ете вака прави нон стоп.Значи нон стоп секој ден.За се.Немам ни сила ни живци веќе и само игнорирам.Ќе потпорасне уште малку и толку ќе е .А па сабајле што праве.Не таа блуза па траже од старите за во градинка.Не тие тренерки јас ќе си најдам....Не да пукнам мислам ќе експлодирам. Не си сама. Не има многу такви.И мене нигде не ми се одеше.И затоа дома си седев повеќе. Тоа е. Ќе помине...
Здраво мајки. Не се случува ама ете седнав сама на доручек. И мразам сама да седам ама некако покасно излегов. И тоа што нарачав тост со кечап и мајонез , со све можно. Убаво ми дојде Сега тегнам кафе па да ве прочитам. Петок па полабаво ми е. А и така и се облеков @elcezelce моево 14 мес е и страв му е да се пушта. Јас не се замарам оти да го форсирам нема! Е други ми се прават паметни, мајка ми вчера како лази го крева од земја , ние не сме го паткале како сме очекувале да прооди без помош Смешка. После читала статија дека децата што имале проодувалка потешко проодувале па имаше обид и-баба сега ќе и каже на мама да ја спакува проодувалката оти од неа ти неможеш да ми проодиш Пак ќе се насмеам Некако не си ставам при срце, може оти не е свеки па онака на смешка ми беше се што кажа. Додуша свеки не го ни видела така да ..... Баткото е ист јас Уште на скринигот Димчев рече и стварно. Само насмевката ја има на маж ми Ама сигурно ќе менува Имајте убав викенд
Добар ден и од мене. Пишувам нешто па изгледа се изцедив и ај да видам што има тука петочки. Вчера по дома ама на дете не му беше денот. Ептен си беше напорен, не ни преспа дури вечерта се смири. Гледам си пишувате за однесување на децата тука. Јас не можам да се пожалам од моето дете, ама па не е ни цвеќе за мирисање. Зависи со кое дете го споредувам. АКо го споредам со детето на едни пријатели тогаш моево е ѕвер, а тоа бубаче мило. Ако го споредам со детето на другите пријатели аман си е. Ако го споредам со тоа на комшиите тогаш моево е супер. За пиење кафе, шопинг и слично јас се си мислам дека е нормално штом ќе добиеш дете да не можеш тие обврски да ги извршиш на раат ако е детето со тебе. Ние многу често сега функционираме на принцип јас правам список, маж купува. Секогаш кога одиме заедно се купуваат уште милион работи што ги зел и скоро секогаш има плачки. Ах да и секогаш има бркање помеѓу рафтови. Исто и во продваница за облека има бркање и криење во последно време (среќа не бара да се купува таму нешто плус). Ако сме во Мол не дај боже да се влезе во продавница за играчки или да се помине покрај некоја. тогаш скоро сигурно ќе има трескање од земја. Ама не е до детето до продавниците е. Се е шарено, се е примамливо, има луѓе наоколу големо е. За децата тоа се премногу сензорни информации, плус е љупобитни и сакаат се да пипнат, да испитаат и слично. Кафиќи и ресторани се друга приказна. Таму па нема доволно стимулација за дете и плус треба да се седи мирно и тивко. За некој што сеуште функционира на принцип сакам се сега и веднаш и сакам стимулација нормално е да не сакаат кафиња, ручеци и шопинг. Е сега за по дома е друга приказна. Моето има жута минута од време на време ама генерално е послушно дете. За жута минута сега по најново си имаме место за тајм аут. Таму се седи додека се смири или расплаче па потоа се објаснуваме зошто нешто не треба да се прави. Има 2 години и 9 месеци. Некогаш успева некогаш не, ама барем од време на време кажува што не треба да се прави (како на пример не се плука храна или не се замавнува кон мама/тато). Сега е во фаза каде што постојано тестира граници па е малку напорно ама генерално сме ок. Со спиење од бебе имаме проблем со успивање и генерално не е спанко. Ама таков е што да правам и јас и брат ми сме биле такви. Викендов пак немаме нешто конкретно во план. Ќе се одмараме по дома и ќе шеткаме по паркови и игралишта.
Фала на сите мајки за поддршката.Виртуелна гушка на сите до една. На пример јас не мислам дека моето дете е многу поразлично од другите.Ама ете можеби ние како родители некаде грешиме во однесувањето во воспитувањето. Маж ми не е за одење на психолог ама рече ете за твој кејф ќе одам.И ќе оди зошто најчесто јас сум таа што по цел ден се справува со него.И на нас нигде не ни се оди,одмилено ни е,ама и детето да седи само дома е погрешно.Ќе стане асоцијално.Он и незнае како треба да се однесува надвор баш од причина што нон стоп сме дома. Ете денес пробавме да одиме во ЗОО.Влеговме внатре детенце пресреќно најде тобогани си скока си се лизга.Му направивме ќејф се полизга 15/20 минути.Му викаме ајде ќе одиме кај мајмуните,ги обожава.До таму со тегнење а таму сака да се качува горе на ѕидчињата кај слоновите.Значи не сфаќа дека е опасно дека ќе падне.Се откажавме тргнавме пак накај тобоганите.Е сега поголем проблем несака таму сака во езерцето кај патките.Пробувај смирено објаснувај џабе.И мм ми вика те молам да си одиме значи неможам да го додржам.Сирот човек цел е модрици и гребаници од борбата со синко хаххаха. И така нашата прошетка заврши за 30 минути. Да е жив и здрав ќе смени знам.Ама дури смени бар да имам насоки како да се однесувам зошто и на нас ни снемува трпение. Не сметам дека психологот е срамно нешто,баш напротив мислам ќе извлече што е погрешно во сето ова а ние не приметуваме. А на мм му ја полнеле главата дека докторот само ќе закажува термини за да зема пари.Денес ќе закажам а нареден пат ќе ве известам како сме поминале. Имајте убав ден жени гушкајте ги детулињата,сега правиме муабет за тантруми а кога ќе стигне пубертетот ќе биде повесело