Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Оф добар ден
    Само офкам.Ама мн се изморив.
    Се симнав долу кај свекор ми,изчистив измив средив џогирав.
    Па се на'кацав у гаражата и подрумчето и таму средував и изчистив.
    Па апнав едно залче.И дома исчистив и џамовите светнав.
    Па почнав во кујната имаше по вратичките лепаци што сум лепела да не отвараат децата,едвај сум ги одлепила и измила.И ноктите сите ми се скршија па си гинисеков до доле.
    Ставив гравче.Ми се јаде нешто манџичка.Се на суво сме.
    Па седнав да испијам едно капучино.И уште малку ќе одам по децата.Сабајле беше пак исто.
    Оставам малото само си влегува.А големиот пак се дереше и викаше и ќе бегаше за малку.
    Ама го оставив и брзо излегов.
    Некако како да имам грижа на совест.Глупаво чудно и незнам како ми е...
    Тешко.
    Ветар дува ладно е.Па есен е шо сакам цц...
    И така да земам да направам список што треба да купеме.Заедно со дечките ќе испазареме.
    Ви посакувам убав ден....
     
    На Coco31, karibian, ma4e1311 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Џокерче ма :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: урлам од смеење !
     
    На Среќичка, 24.07, sanja.burgundy и 9 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Добар ден,
    Иако секој ден може да ми е петок, пак некако му се радувам што е петок.
    Ми се трошеа пари, а не знаев што да си купам. Па пак купив за бебе.
    Купив и лименка нескафе. Колку демек да се почастам.
    Лета времето... Како од шала ми лета. 3 месеци како сум на породилно ...
    Уште само 6...
    А колку многу звучеа 9.
    Се спремам за промени.
    Коса, тело, заби, гардероба... Се тоа планирано до Април...
    Да пукну душмани...
    Шо елан имам петочки... Дома сум, а на петок пак се радувам... И како после да не ми е омилен ден...
    После со ручек ќе си пивнам и пивце... Безалкохолното. Шта чеш... Живот. :) FB_IMG_1539330756215.jpg
     
    На Coco31, muchacha_a, happygirl и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey мене ми летна породилното. Јас не знам кај отидоа 9 месеци стварно :( Уживај со бебе максимално, иако е напорно повеќето од времето. Непроспани ноќи и денови, се тоа ми се чинеше толку тешко, а сега ми фали :)
    Јас еве влегувам дома, одам да си ја видам бебка :l: И да јадам, прегладнев :D
    Убав ден! :hug:
     
    На Kitten, duffi, kikin и 18 други им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Јас со илустрсција ке ви подакам добар ден денес.
    Ме опфати негативна енерѓија па покасно ке чкртнам збор два. FB_IMG_1539350912246.jpg
     
    На chocolade, ma4e1311, Kitten и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    :hai::hai:
    Едвај ве прочитав мајки, многу сте се размуабетиле.
    Ќе почнам со ред.
    Син ми личи (физички) на мене.
    Уште кога се роди беше цел на мене и до ден денес не се смени.
    Маж ми понекогаш знае сам да се теши како во косата е на него.
    Има една работа што ме нервира а ја има наследено од баба му (свекрвата)претерана хигиена.
    Дете е уште мало да се замара дали е извалкано или не ама ете во крвта му е по се изгледа.
    Се трудам да му укажам дека не е толку страшно ако се извалка додека јаде дека ќе се измие, не и не. Дури некој ако е прљав кажува :x
    Друга работа, и кога некаде е расфрлано кажува а мене тоа ме нервира зошто јас не сум ваква.
    Се надевам со тек на време ќе се смени или ќе научи да си чува во себе како баба му :lol:

    Сообраќајната (не)култура е присутна на секаде.
    Овде баби и дедовци од 80год. се најзастапени во сообраќајот.
    Нели нема што да прават па да тепат време и пари, тие бела мечка не гледат пред нив не пак тебе.
    На кружен тек не да те пуштат, одозгора ќе ти се качат :worried:

    Денес ден за плакари редење :puke:

    Маж отиде по сендвичи, пмс во најава :devil:
     
    На Coco31, karibian, snegulkata и 20 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.434
    Допаѓања:
    37.668
    Пол:
    Женски
    За прв пат го погледнав убаво стомаков во огледало и над папокот, лево и десно, имам како испапчено две топки па тие ми го прават стомакот како 6ти месец. Прво што ми текна е на брух (кила, хернија). Читнав на гугл ама мора доктор да ме види, да каже што е со сигурност. Ми се смачи од стомаков веќе како компир на две чачкалици сум. (poolparty)

    Малку ме изнервира малата вечерва ама цицна и одма заспа. Веројатно многу и се спиело. Денес само еден час дремна, а инаку по час и пол спие. :)

    Бабата пак ја видов како ја става цуцлата во цицки и тоа баш на левата цицка од лева страна таман и од мишка да поприми некоја арома. Дали знае мајката? Ептен нехигиенски и одвратно. :puke:

    Дали да си дремам или да се фатам за работа? Не ме мрзи и имам енергија ама помислата дека утре ова време пак исто ќе биде или полошо не ми дава волја да средам. Треба коса да мијам, алишта да перам, садови да мијам и да раскренам, исчистам. Или да седнам со нескафе, телефон и весник. Ќе размислам што е подобро и поубаво. :$

    Мислам дека ми касни веќе (појма немам кога сум добила ама од 1ви до 10ти тука некаде беше) па се нешто мислам, размислувам, се растажувам, хормони ваљда... (facepalm)

    Малата спие како да ќе е будна неколку часа ноќеска. Ама ај се навикнавме ќе преживееме не е страшно. :D

    Малата е цела мм и физички и карактерно. Тешко мене со нив. Јас сум мирна и повлечена, а тие дрдорковци и брзо се нервираат. На малата и викам кажи 'мама' таа упорно 'тата' вика и се гази од смеење. По цел ден само тата, тато и кога ќе го види трча по него го влече за панталони. Преку ноќ станува, се смее, легнува на перницата од тато и заспива. До душа цела ноќ до него спие јас повеќе простор имам. Кај мене иде за да цица и пак накај тато се враќа. :inlove:

    Еве сега ја презаспивав. Не знам зошто така плаче во сон, вришти и станува. Или јас на заби да препишам? Ама чудно плачење е. Секоја ноќ во различно време ама најчесто саат-два после заспивање најјако плаче.
     
    На Coco31, karibian, Seline и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    Денес дете стана во 7:30. Се скаравме за јадењето, многу малку со молење касна. Ама тоа е кога тројца околу него керифекии му прават, и дете збесна. После за ручек во друга соба ќе го ранам и никој не смее да влезе. И друг пат сме се молеле, ама ова беше претерано. Се изнервирав ептен. Ти им викаш оставете ако треба нешто јас ќе му дадам, а тие еве баба сега ќе ти даде ова, еве дедо сега ќе ти даде друго:^). По уморна сум отколку сами кога си се чуваме.
    Сега тера дремка и после ќе се фрлиме на шетање по сонцево. Таман нека потстопли уште малку.

    Ова од утрово почнат пост. Сега дојде време да го завршам. И што да кажам. Детево денес беше како никогаш во овие 14 месеци. И со јадење и со спиење. Нели излеговме на прошетка. Е арно ама на враќање заспа. Си реков ок ќе јаде кога ќе стане. Дремката траеше едвај 40 минути, а со јадењето што да кажам - касна пет залчиња и кога затвори уста, оди па дај му. Го "ранеа" свекрвица и свекор, ама три залка и затна. Го превземав јас, ама од сите страни муабет му прават и на крај се изнервирав и го оставив. 5 лажички дали апна. После му се приспа, ама не не се даде, а се трескаше од што му се спиеше. Ај го изнесовме повторно да прошетаме и да јаде надвор за промена, па да го прибереме и да легне порано. Стигнавме до кеј, со молење едвај касна, а на враќање се трескаше од земја. Нит во количка, нит во раце сакаше. Дури и задремуваше неколку пати кога ќе се смиреше. И стигнавме дома, а тука друга приказна. Се разигра дете. Па го оставив, таман да се доумори за да спие убаво. Тргнав да го спремам за спиење ( јас млекото, а мм и свекрвица дете спремаа). Ми викаат свежо во спална дали да појачаме греење, им реков да не пипаат. Дојдов со млекото, што да видам, соба сауна. Дете ми се препоти од топло. Ми се споија жички.
    Ама и денот таков ми беше. Не сум во пмс за ваква напнатост, а мене ми одеше да си излезам од кожа. На неколку пати ми се приплака. И мм нешто ме нервира последно време, а сега па тука и со свекор и свекрва ептен не ми беше денот. Дојдовме да одмориме, а јас изгледа поуморна ќе си се вратам. Уствари и што да очекувам од луѓе што го гледаат дете еднаш во два месеци. Нит ред му знаат нит бутур. Они ќе го ранеле|(. Он лази, свекрвица по него да станел да оди, не требало да лази (@eli25 ова да знаеш дека не си сама. Иста приказна и кај нас:D). Он се лигави, она со марамицата да го избришела. Им викам остајте го детето да дише, ама ќе се намокрел. Е добро де ќе го преслечам, и онака цел плакар носам за него.

    Се гледа дека сум наапана денес. Ај може ќе ми помине до утре:D.

    Имајте убав викенд, а јас се надевам на подобро утре.
    Отидов да спијам.
     
    На Coco31, karibian, Seline и 25 други им се допаѓа ова.
  9. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки
    Додека децава спијат и е мирно да ве поздравам
    Периодов ми е многу напнат во исчекување што ке биде со керка ми
    Во среда одиме за Скопје да видиме што ке кажат веке скоро еден месец не и се поддуло местото некаде длабоко во себе се молам да се повлекла килата и да нема ништо но сепак ке каже докторот
    Деновите ми изгледаат како година искрено по цел ден дома само викање пискање па по некоја караница па и ке се степаат па солзи па гушкање смирување
    Јадење па изигравање кловн да јадат играј пеј само да стават некој залак во уста
    Со керка ми немам проблем и си заигрува сама си гледа цртани но со малиот навистина незнам што да правам
    Премногу е лош и инаетлив
    Само гледа беља да направи некаде да се качи да падне
    Денес падна по скали среќа добро помина кога го подигнав само видов крв на скалите и помислив каков ли е сега го погледнав уста расцепена и носе слуштено
    Устата му е отечена цел ден му се полни како бело топче и му се кине, носето е подобро
    Незнам како да го смирам каде и да одиме никако не седи цело време трча за рака не дава да го водам
    Јаде и плука кај најде и со убаво сум му објаснувала и сум го подчукнувала но не кога ке рече еднаш пукам и готово негово ке биде и се смее
    Нешто ако најде чипс смоки по дома истура и ги гази
    Играчки не го интересираат, цртани никако не сака незнам како да му го задржувам вниманието подолго време
    Од ден до ден нервите мислам се повеке ми попуштаат
    Одсекогаш бев смирена но сега се почесто се наогам во ситуации кога викам и повишувам тон што и баш не сакам да имам такви ситуации
    Мислам дека некоја мајка имаше кажувано за апчиња за смирување но искрено ми треба нешто појако и кое навистина би ме смирило
    Имајте убава вечер мајки
     
    На Coco31, karibian, Seline и 24 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Добра вечер
    Да си кажам јас за себе, не ми е грев или нешто страшно ако пуштам тв со песнички пиличи џони и тие сличните дете некогаш погледува по некоја минута, некогаш игра по некоја минута а понекогаш му свират у позадина а он игра со бибето се качува симнува вози, цртани не го интересираат него воопшто ама песнички знае да гледа, не гледам никаков грев во тоа или немајчинство или не знам што едноставно во тоа гледам дете да промени нешто во секојдневие да поигра да погледа да научи нешто ете..
    Не знам секој со свое мислење и тоа во ред ми е
    Има мајки што не мислат така ама јас не спаѓам во тие мајки и јавно си кажувам ама тоа не значи дека некому судам или скраја да е оговарам позади грб напротив тоа го сваќам како различни начини и карактери и ставови
    Сите не смееме и не можеме да сме исти
    Тоа си е мое мислење :)

    Друго што да кажам, да се надоврзам со @Monella дека и јас и маж ми не сваќаме како им даваат кола на 80 плус луѓе кои не гледаат скоро ништо пред себе и најчесто зауставуваат сообраќај со возење 30 а јас како што учев овде во сообраќајникот и тоа се смета за казна односно не смееш да реметиш сообраќај со возење 20. Ама ете..
    Е те тие постари ликови најчесто не даваат нити предност а се бутаат до судир.
    Само и само во англија сум видела љубезност и водпитание кај луѓето, застануваат на пешачки поздравуваат со рака, даваат предност секогаш овде сообраќајот ми наликува како во мк односно луѓе без манири и култура
    Маж сеуште што вели он навика ми е да се однесувам љубезно дава предност и застанува секаде.

    Вака кога резонирам пољубезен подемократски покултурен и мирен народ во права смисла на збор не сум видела никаде освен во англија
    Таму луѓето се сите исти.
    Не смееш да навредуваш и испеценуваш друг во спротивно има тешки казни па дури и затвор
    Така треба секаде да фунционира светот ама за жал не фунционира.
    Уште првиот ден кога отидов маж ми рече дека треба са внимавам на речникот и на понашањето таму односно дека ако некој те слушне дека покажуваш кон црнец или го навредуваш за неговата расна припадност ќе одиш во затвор 2 3 години.

    Секаде каде што овде имам контакт зборувам и потенцирам за ова.

    Не велам дека и овде нема љубезност, со куп луѓе сум се снашла максимално, муабет, почит и љубезност.

    Овде ми се допаѓа што во ниту едно друго место немало каде што сум била е дека народот премногу внимава како се носи односно на мода, 90 % од луѓето се скоцкани од глава до пети, кога ги гледам бабаите просто се восхитувам на фустаните што ги носат, ѓерданите итн.. како во некој друг свет. Малку е незгодно да излезеш како исфрлен од поплава тогаш тоа за нив не е нормално па те набљудуваат :^)
    Навистина се среден народ, дотеран и негуван.

    @gjoker4e стомакот на мајка ми по втора бременост остана така. Еве и после 15 години.
    Причините сеуште не ги дознавме.
    Апропо муабетот за керка ти ист е и син ми просто го обажава татко му, го чека нон стоп пред џам или возбудено вреска по него кога доаѓа, се лепи за него и крај е тука.
    Многу го сака:inlove:
    Се топам кога ги гледам заедно колку љубов си даваат еден на друг.
    Прав таткар е.
    Мм од човек што никогаш не земал или опулил дете се претвори во нешто сосема трето односно по цел ден кога е дома е со детето.
    На мене не ми се веруваше дека ќе се до толку.
    Ама мм убаво кажа еднаш не е исто друго дете и твое дете.
    Само кога ќе се сетам дека 2 месеци не спиеше по цела ноќ туку го набљудуваше за не дај боже и немаше жива сила што ќе го убеди да спие..
    Па само колку пати нокеска му даваше млеко стануваше па пелени па го преслакаше и ден денес го бања :inlove:
    Многу многу се приврзани

    Сега гледам да го оставам и малку да одмара оти работата максимално го исцрпува па и го разгалувам по дома бидејки заслужил од срце :inlove::l:

    Јас денес стандарт се опнав да чистам скоро цел ден сакам и завеси да перам ама чекам маж ма арните да е да ги откачи. Се изначистив како што бев нервозна и во пмс и ми помина се :D:!:

    Сега лека полека да одмараме
    Мирна ноќ на сите!!!!
     
    На Coco31, karibian, TheSecret и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам за муабетов за културата.
    Мене толку ми беше чудно дека навикната во мк со таков менталитет дека газдарицава ми вика те молам напрај ова и од кога ќе направам ми вика фала значи така едно 20пати во текот на работата.
    На пешачки нема шанси да не ти застане.
    Кај нас абе со количка со дете стојам пола саат не ти застануваат треба да ризикувам живот да преминам за да застане.
    Две коли кога се разминуваат обавезно се заблагодаруваат и двајцата со кревање рака а кај нас со пцуење.
    Има уште многу работи да не набројувам
    Јас се трудам да бидам љубезна како нив сега на секој збор не можам фала да викам ама се трудам.
     
    На azelea, Mari-Ja, elcezelce и 22 други им се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Ај да послужам викендашко кафе:coffee::coffee:.
    HealthierCoffee.jpg
    Има за сите.
    Кога сме веќе кај културата за возење почитувам пешаци на пршачки и оние кои веќе пошле на сред улица.
    Но не ги пуштам и оние што се мислат дали да појдат ги предупресувам:!: свирам ... може некого да пропцујам ако не го почитува правилото:lol:.
    Но најчесто сум дисциплинирана:angel:.
    Вчера во маркет со мали бевме и скоро на каса значи еден дедо пред нас па ние и сега не бевме со количка на туркање туку со оние корпи што се за влечење и малиот се запна тој ќе возел пред каса и ова и она да стави и ја накај каса тој накај среде маркет. Ме претече една жена океј ајде.... меѓувреме доаѓа уште една друга наџиџана намажана :makeup: абе како мислиш невеста е не баба старка во години и која што работи во некоја канцеларија. И јас веќе додека ме претекува си ги редам производите на каса а таа упорно се бутка и само кога и спискав
    -ИЗВИНЕТЕ ГОСПОЃО НО НИЕ СМЕ НА РЕД :devil:. Таа ме гледа и се чуди и ништо ни извини ни повели упорно се бутка.
    Врв на се тоа малиот и тој по мене повторува.
    -Лоше тете не! Ацеј прави куц куц:lol:.
    Оваа жена се дури тогаш досети дека оди преку ред и се засрами.
    Колку ме нервираат такви уф! Мислат светот се врти околу нив.
    И така возам со колата кај мене на влез паркиран таксист неможам кола да внесам в двор па свири барај го таксистот и типот ми вика паркирај на др место а јас отварам прзор и фино лепо му кажав ти ќе ми кажуваш каде да паркирам ? И тој се тргна.:fubar:
    Мали стана сега се мислам што да правиме со денот а и воедно јадење мислам што да му правам. Оф нешто бојкотира со јадење не сака да касне ништо.:envy:
     
    На Coco31, azelea, Marmarin и 20 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.901
    Допаѓања:
    77.429
    Пол:
    Женски
    И јас имам, ама не ми е цел подуен... над папокот имам подуено и папокот ми е изместен малку, од горе како навален. Кога ке легнам на грб, дури језиво е меко и ми мрда местото.. Се чудев пред да ми кажат дека е кила зашто така ми мрда сам стомакот, тоа цревата мрдале :worried: Ама као рекоа мала кила е, само да пазам... а дали може сама да се повлече незнам :?: А почнав да вежбам месец дена, на часови аеробик, пилатес и страшно ме заболуваше во текот на вежбањето и се отпишав.. Оди нека те ѕирнат, побарај и совет ако ти кажат дека е тоа, сподели го.. Ако има и некоја друга мајка, нека каже што како и рекле.
     
    На elcezelce, Mari*, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Денес ми е 8ма годишница на фемина.
    Бреее...
    Што се пројде тука...
    Една голема љубов оплакав.
    Со години пишував за него.
    Ве читав сите што сте редовни, соживував со секоја, плачев на многу приказни, се смеев на некои, се радував и тагував заедно со сите.
    Па правев свадба, па бременост и станав мајка ...
    Еее фемино, што се издржа од мене.
    Една цела животна приказна... И плус уште следува...
    Од дете до жена ...
     
    На elena.mak, Coco31, karibian и 37 други им се допаѓа ова.
  15. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене, збор, два пред излегување, нешто се мрштеше сабајле времево ама сега се отвора, сонцето мами јас милион работи по дома ама ќе ме почекаат до понеделник. Недомаќинка уште и алишта освен за дете што прередив како што треба, нашите се сите на куп летни зимски, ама па и времево е уште топло јас по кратки ракави и памучни наметки шетам, маж исто е на кратки, тој па уште и по шорц знае да се рашетува.
    Поздрав од мене имајте убав ден
     
    На Coco31, Seline, VedaG10 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене!!!
    Послужете се има за сите
    Coffee-GettyImages-e1508760159861.jpg

    Јас само што испив две па се ставив на месење тесто за перничиња :)

    Ми се шета на денов!!!
    Многу!!!

    Убав ден.
     
    На karibian, azelea, Seline и 21 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добро утро и од мене.

    Ние сите сме со растечени носеви и кашламе. Се прашувам дали е вирус илк бактерија..
    Тешко дека ќе дознаеме.

    Вчера на доктор лошо. Ниту другата докторка резултатите ги препратила ниту он имаше престава што понатаму.
    Ќе се консултирал.
    Година снимања, анализи, нема што не е испитано...ни рече дека тоа било само 0.18 %. Од кај го извади процентов не знам. Ама се прашувам што уште ако тоа е ништо.
    Не се знае болест, не се знае причина а не е убаво. Може требаше во што ви лежи на срце бидејќи не ни имам сили да дискутирам на таа тема.

    Тоа е.
    Нов ден, нови сили, насмевка на лице бидејќи ги имам нив.
    Денес јавање на дневем ред. Ќемодиме со сите три, па после ќе продолжиме до некој парк. Можеби и шопинг центар, ме глочка еден ваучер од 130 евра. Имам кажувано кога пазарувам собирам поени, редовно уклучувам купини за дуплирање на истите, и неколку пати годишно ми се собираат вакви суми. Еден куп убави работи сум си купила. Зависи од расположењето на момите.
    @TeddyGrey се чуствувам идентично како тебе, иако јас сум постара. Започнав како девојка, лудо вљубена, со соништа и амбиции. Делот со соништа и амбиции го исполнив но голема болка и разделба после кога следуваше запознавање со мм и раѓање на момите.
    Карактерно не ја препознавам старата јас. Ја чуствувам толку ладна, далечна, арогантна...
    Толку многу зборови во сите овие години сум испишала тука.
    Нека ни се множат убавите работи. Лошите што побрзо да минат.
     
    На buba4e89, elena.mak, Coco31 и 34 други им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Станати рано.
    Кафе испиено, второто се пие.
    Дете јадеше овошје, и некој залак леб, не ни се свигаа два појадока. Чекаме ручек кај и да е ке стигне.
    Од вчера почна дополнителна терапија, со неа оди и лек за спиење. Ми спиеше скоро 5 часа. Денес го пуштија порано. Белки нема да држурам и вечерва. Сакам веќе некој ред да да се фати ако е возможно. :sweat:

    Кажете што да гледаме, веќе ништо не ни е интересно.
    Ни пепа, ни бејби панда, ни маша, ни бушава азбука... Ништо. :(
    Што гледат вашите дечиња?
    Читам правите рестрикции на тв, јас не. Ним секако не им е интетесно да гледат цело време.
     
    На Coco31, Belabelinakinder, Seline и 21 други им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.756
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Како ни тргна неделава, сите се успиваме. Дете радости дека и татко му спиел( инаку се буди порано)
    Во однос на дисциплина и култура, попуштам повеќе од потребно, а не ми е возвратено. Во нашиот град, со сообраќајот малку е посредено, на пешачки скоро секогаш предност има пршакот,коли застануваат, ама па и ние ја претеруваме, му даваш предност, го чекаш, он се влече како полжав, зборува на моб и рецка не удира дека некој му дал предност.
    Секога, ама секогаш, на претпостставен, постаро лице или лице со кое прв пат комуницирам, се обраќам во трето лице множина. Од такт ме вади обраќањето на непознати со ТИ!
    Со постари се знае, ако треба помош, се помага, се отстапува ред, место итн.
    Единствено ме нервира кога по болници, админострации и сл се влегува преку ред, е тогаш знам да реагирам и да се скарам.
    Детево, иако е мало, од сега се тридам да стекне такви навики на бонтон и културно однесување. Фала богу не е на татко му :D

    Утрински, а долг пост. Фала за кафето, денес ние низ двор секако е топличко надвор.
    Вечер сме на дипломско- роденденска забава, се разбира со дете :) Спремам и изненадување за славеникот, знам дека ќе му се допадне.

    ...Постов во 8 сум го почнала. Еве сега на гости кај мајка, понеделник заминува на операција, па да не мисли со децава и поминува време.
    Нека мине и тој понеделник, цела година се намачи женава.
    Ве поздравувам сите!
     
    На Coco31, azelea, Seline и 23 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Галапче, мојот гледа строго песнички како пиличи џони фингер фемили..
    Пробај да му го пуштеш цртанот на пиличи може ќе го гледа пиличи имаат и цртани и песни.
    Или овие цртаните од дизни или црвенкапа :)

    @danichap :hug:

    Сакам и @Ava.84 да ја поздравам и @Lorins :hug:

    Ние по дома појадувавме па сега маж одмара а јас ќе гледам една серија на нетфликс дете може ќе спие може ќе гледа со мене може ќе е околу мене и така па ќе се спремаме за шетанции
     
    На Coco31, Belabelinakinder, Lorins и 18 други им се допаѓа ова.