Добра вечер Ај да ви се придружам во друштво Легнати сме од 10, бебе дур сеа заспа. Ме пукна, јас ќутам и чекам да заспие, она “ а гу, а гу гу” Ѕвер. Џабе станата од 9 сабајле, пак во 12 ми заспива. Глуми тинејџер Вчера и правевме крштевка, се одлично ама.. Ми настина бебе Од бањање во црква директ во кафана на отворено, јес да беше облечена, ама дувкаше ветер, а и татко и настинат, па толку и фалеше. Спиеме сабајле, ја слушам хрчи ли хрчи, цела затната. Ја разбудив, ставам капки и влечам мрсули, она плаче дека нерасонета Почна и да поткашлува. Правец кај докторката. Се изначекавме два саати таму, и и даде антибиотик.. Брзо може да спушти рече, дај со време да ја спречиме И мм строго во друга соба го држиме, не смее да има контакт со нас да не ме разболи и мене, после за кај сме ?! Жал ми е на толку мало бебче што мора да давам сирупи, ама тоа е. Ме вади од памет денес на два-три пати, цица и и залетнува млекце и се дави, неколку секунди и требаат дури да земе воздух, додека почне да дише или заплаче мислам срцево не ми чука Ааахх мајчински маки Дури до допишам ѕверов 3 пати очи отвара и ме гледа, време е да гасам телефон и да си ја гушнам, може па и ќе заспие цврсто конечно Добра ноќ од нас
Еве сум Реин, убаво што ме помисли, сакам да пишувам, ми недостига темава, ама ептен сум турбо периодов. А имав и една вест да споделам со вас, ама никако да стигнам... Бремена сум со второ, веќе полни 17 недели, уште малку влегувам во 5ти. Оваа бременост ми минува многу бргу, како вчера да видов 2 цртки, а и мешето многу побргу ми расте отколку со првото. Сега во 4ти имам меше како во 6ти со синко. Полот уште не е потврден официјално, ама изгледа овојпат ќе е моме. Криво ми е што немам многу време да размислувам за оваа бременост, со синко цело време бев во тек што се случува во одреден период, броев недели, месеци, броев колку пати ќе мрдне, внимавав што јадам и внимавав на тежината, мачкав меше по 3 пати на ден за да не ми се појават стрии.... додека овојпат е многу поразлично, заборавам дека сум бремена, јадам што стигнам, меше мачкам едвај 2-3 пати неделно, а не знам ни која недела сум, еве сега сметав за да напишам овде. Синко си бара внимание, на работа турбо период, дома реновирање, зимници и сл... се надевав пред да се роди второто барем синко ќе се адаптира во градинка, ама местото што го чекавме цела година го изгубивме поради бактерија во носот. Така што ќе си ги чувам заедно до нареден септември, уште сега се плашам дека е ми биде многу напорно. Викендов бевме на тим билдинг од работа, па бев отсутна 3 дена од дома и искористив прилика да го одбијам синко од цицање. Планот ми беше да цица барем до 2 години, кога останав бремена матичната ми кажа дека не е убаво да дојам и да прекинам што побрзо, ама не ми даваше срце да биде тоа порано, но сегашнава шанса не смеев да ја пропуштам, оти инаку ќе продолжев да дојам во тандем. Да не ја ширам овде, ќе пишам како поминавме во соодветната тема. И така мамички, бидете ми поздравени, па се надевам ќе имам време да пишувам почесто, ако не сега па кога ќе останам на породилно.
Добра вечер... Добро утро(рано рано). Сум преспала еден час. Инфузијара заврши, апарат се раститка и толку од сонот. Подраскренав, дете препотено па го пресоблеков. И по боди само го заспивам и пак е мокро незнам зошто? Мислев дека е до косата, но денеска му ја ишишаа скрос не било до тоа. Не дека не очекував, не дека нема пак да порасне, но се откина дел од мене чинам. Лесно поминавме додуша но после тоа цел ден или со некој предмет поминува низ глава како сам да се шиша, или се брише по главатА. Ми побара да го земам чешелот и да го чешлам. Голтни пак голтни, зошто плачеш мамо, оти ме ишишаа ли? - Не мамино, оти и мене не ме ишишаа. Па тебе нели те шишаа пред да дојдеме? Мозочето му работи триста на саат И стварно, после добри 25 год ако не и повеке, од многу долга коса, сега ја ишишав дури неможам да ја соберам. Размислував да ја ишишам баш како него денес, но се премислив. Се плашев како ке се прифати, па затоа викав двсјцата, но ете помина. Не, не поминува но мора така да се тешиме. Живот, дади чекор па сопни се, пак сопни се па пак чекор и се така Мајка ми имаше наумено а и редно беше, фатила мајстори ке ми го искрече станот. Мајка ми ми е столб без кој Неможам. Таа ми е и најголем критичар, вечно незадоволна од мене, сосема сме различни, но да не беше таа? Сигурно при здрав разум ке трпев одредени работи и ке го растев детето во дисфункционално семејство. Ве читам и ви се радувам на секоја прочитана реченица од типот, Маж ми го успива малото, го извадил дур спијам... Од се срце се радувам и се разнежнувам тогаш. Одсекогаш се разнежнував кога ке видев татко со мало дете, ваљда има влијание и моето детство. Ама ете и тоа помина. Не дека не ми е потребна машка рака и поткрепа но пиарно цака отколку да оставев да биде како што беше. Да си најдам некој Брколија и да си останам овде Да ме гледа како Кралица, сосе другите пет ... Султанка де. Нели синоним е дека си имат по повеќе жени. Уствари веќе сегде светот е толку узвитоперен па не се знае кој што има. Да прилегнам оти синко три четири дена по ред како швајцарски саат е во осум. И вие убаво да спиете. Која ќе е прва сабајле, кафе за сите . За мене без млеко. Ако имате време де Оти нели се, сме во трк и летечи.
@galapce ме потсети на еден момент, на едни минути кои ми се чинеа дека траат година.. Не, не е ,,само коса,, Не знаеш колку знам, чувствувам што сакаш да кажеш. Едвај се воздржував да не вриснам кога гледав како му паѓаат прамени, плачев потоа во кола, плачев дури спиеше и не не беше и не остана ,,само коса,,.. Плачев кога му паднаа и трепките и бебе мое по тато има големи трепки и Алек има големи трепки и тие.. тресни ме те молам за муабетов Но знај дека ќе пораснат пак, само нека е добро, само тоа.. Можев многу паметни нешта да пишам, ама ете не пишав.. @Lolipop23 зошто знаев бе мајче?! Во некој твој пост за јадење, храна што ли беше насетив. Колку убаво, секогаш е убаво кога чекаш, се раѓа нов живот, баткото ќе е ,,голем батко,, а ти дупла мама Најубаво и најлесно до крај. Ме скорна бебе во 3ч јас заспивај тој мижи и кенка, па отвори и ширум очи и готово разбрав, какачки момент стигнал. Па не еднаш, два пати ме почасти со газ миење, па и со вриштење оти му го мијам, па му се вцрвенил, па ај крема да ставам, па таа ладна, па кога викна и за тоа.. Муабетов ми е боли глава. Битно јас јадев макарони, останата вечера, два чоко бисквити и какао си се напив. Така да не ме мислете се намирив. Бебе ќе сака да спие до 10 а најверојатно и повеќе, нека спие, па ќе одиме риба за ручек да испазариме, ако не ме мрзи и до Капитол ќе се шетаме едно елече што само таму го има да му го купам, јер нели жимити тоа нема, а многу му треба. Убав ден, јас сакам да ми е убав!
Добро утро Дете во градинка аја бркам некоја работа,решив да си дадам сега малку време за себе или трудна или дојам последниве 4 години, не сум имала време ни една крвна слика да направам,е затоа овој месец термини ,еден завршив ,брисеви пап , контрола на гради оти престанав со доење без лекови само со чај па многу ми беше страв од грутки да не ми останат па ајде и тоа откачив вчера. Денес да земам упат за желудна бактерија и комплетна крвна слика и уште уролог ми остана оти и со бубрези имам проблеми. Истп за деца систематски и вакцини ќере и остана уште ММР ,следниот месец полни 3 па мислам редно е веќе да ја ставам. Многу редови испишани а ништо паметно кажано. Викендов турбо цело време со гости, ми помина само во спремање јадење и чистење,неделата малку прошетавме во парк деца се истрчаа и конечно заспиваат до 9 успевам да изгледам некој филм уз . Леле луѓе децава се тепаат , се удараат, почна период на теглење за играчки мало кубе за коса и апе кога ќе се налути како бикче е....ама пак кпга се гушкаат и заиграѕ е тпгаш полно срце си велам и сега уште едно бебе да си спие на креветот комплет ,е нешто ми се мота низ глава трето ама знам дека после ќе кукам ми е страв оти пак ќе е царски,некако набрзина ќе биде маже вели не се глупирај,маж што може паметно да каже. убав ден на сите
Добро ви утро. Ние пак без сон, сега и дење не спие. Пак е затната и хрчи. Заби пак ја мачат и е знам веќе уште колку ќе трае. На сета мака ја по забари, сите заби преку ноќ лом. Па и ка со мрсули шлајм. Ќе пукнам. Детево само трча и паѓа и се е на лице утепана, памет не и доаѓа. Паѓа, зајдува, се смирува и продолжува да трча. Вчера се плесна надвор. Со јадење намали, па и од тоа се нервирам. За ручек јаде скоро се(освен деновиве) а за доручек и вечера нон стоп вртам неколку работи. Уште е мала за некои мачканици. А и не сака така. Ај ваљда ќе научи у градинка. Се со градинка си се тешам. Јас па сум запнала бизнис да почнам. Уште од кога го мислам тоа. Ама со ѕверов нема шанси. Мислев дур спие, ама Марфи ни е гостин стално. Па после си викам дал ме бива, дал ќе им се свиѓа на луѓето. Што све да понудам. Али ај ќе смислам нешто. Мора нешто од нешто да се заработува.
Добро утро Денес некако порелаксирано н работа од вчера па кога имам слободно време да пишам си реков. Најпрво @galapce  многу добро те разбирам низ што поминуваш само позитивно и храбро мајче, нели старите викаат какви ти се мислите таков ти е животот, ќе огрее сонцето и кај вас верувам во тоа. @Lolipop23 со лесно да си ја износиш бременоста до крај Кога ве читам вака бремени со второ, трето имам огромна желба и јас дури и со мм еднаш онака си муабетевме ама он вика прво да се наспиеме убаво бар некој месец па после. Досадна сум сама на себе ама ме исцрпува неспиењето на синко искрено д ви кажам се препишувам на забите па си викам ќе изникнат па ќе се смени дете. На работа секој ден ми викаат дека сум ослабена ми фали уште де ама ми се јаде што да правам неможам глад да трпам. Дете мое златно секој ден се повеќе и повеќе разбира многу е интересен сака и да збори ама ништо не се разбира што викам јас кинеско јапонски збори добро додуша полека почнува да кажува по некој збор што се разбира . Одам мајки посао зоне, убав ден
Мајки кој период гледат деца на ехо мислам од колку часот Знам имаше кое време но не се секавам точно кое
Добро утро.. Осум се исправи . Мамооооо, се расонкаааав, ај и ти расонкисееее. Оти ако каже, станав ке му кажам ај полежи си да се расонкиме . Бре итри деца бре.. Преку ден Душ, и преврска на катетар.Го извлекол малку од многу мрдење. Му држам раце нозе, фаци правам а он им вика, чекајтееее, на мама и е лошооо оди па не насмеј се. Со други зборови, он беше детето или јас? Едвај го налегнав а капаци му пагаат дур го прима овој лек. Мамоооо, треба ли да се лутуме ми вика? Не треба. Па зошто ми се лутиш мамо што мрдам? Неможам да се наместам, имам црвак {црв} во газенцето. @emkaemka овде не чекаат да почне да паѓа, може и подобро. Убав ден и од мене на сите. Мислите ми се позитивни, можеби не знам да ги доловам низ постот.
Добро утро и од мене. Сакам кога има сонце надвор, таман е за лофтирање Вчера останав скоро до 2 вечерта на компјутер со работа, денеска чекам резултати па се надевам на убави вести. Мали веќе станува голем, се сам сака, малку од малку се заигрува сам па одвај ја чекам фамозната трета година. Кога се смирувале ама па ќе дојде второто па пак ќе почне истото и се така. Се мислам кои витамини да ги купам следни, ми треба нешто да ми даде повеќе сила, а од претходниве освен што косата ми сјае не осетив некое подобрување....ама па и не ги пиев редовно Имајте убав ден, одам јас да раскревам низ дома.
Здраво! Бебе спие, а јас кафе и чоколадо до мене. Уште сум по пижами. Како се вративме дома константно сум уморна. Прво носето затнато и на синко, а и мојот богами. Па забче едно проби другото се гледа отечено па ке биде неделава. Се буди ноќе 100 пати. А и што убаво ми беше помош од мајка и татко, а сега сама и мм кога не е на работа а секогаш од октомври до божиќ и саботи работат па воглавно сама. До вчера го средував хаосот од алишта од кога дојдовме, машини па пеглај па плакари прередувај. И прозори избришав уште кујната да ја средам ми остана друго мм средил он предходно се врати. Ве читав ама време да пишам слабо. Синко е златен секој ден нови работи не изненадува и е многу интересен. Толку пд мене одам да исецкам зеленчук за ручек додека на станало бебе.
Добар ден, не баш добар за мене, жива ненаспана и нервозна сум два дена. Дали пак заби се овој пат, ама дете ме полуде! Пред ова па три дена температура без прекин имаше, па осип по телото, вирусче некое. Два дена сега само да се плачело, цела ноќ на 10мин вриштеше... Од сабајле како стана, така плаче, стоечки сум јадела во кујна туна конзерва, како најбрзата опција, а на синко јајце му спржив и него тука качен на кујна го наранив. И сега за да здивнам од плачење, ги ставив во када да се бањаат, ни пуштија парно, па дома е топло, па да здивнам 10мин од плачки. За роденденот и крштевката сме скоро готови, никој на ништо т.е. не мисли, јас се спремам и организирам и малку сум поулавена и преморена. Плус стана и бебе што не јаде овие денови, па се шетам со неа во раце низ дома и ја ранам... од се и доаѓа нагони за повраќање, зашто така? А лапач невиден е, јаде се без проблем. @Chanell* колкаво е бебчето? Мн мало? Антибиотик на растечено носе само? Нас нашата матична прво со инхалации не лечи, па ептен ако не бива и спушти малку, тогаш антибиотик, инаку ако дава антибиотик на секои мрсули... ке пиеме пречесто. Ке пишев уште нешто, ама бебе и тука плаче и бара надвор Ај убав ден... се надевам дека остатокот од денов нема да ми е ваков, инаку ке скренам. За алишта за перење, пеглање и бомбата дома поарно да не зборам... Аиии сега прочитав @Lolipop23 честитки и со лесно!!
@mariz Три месеци е, не и е растечено носето, затната е цела и хрчи, и кашла суво. За чудо стана во 9 за прв пат. Полека се извлеков од кревет да не ме осети, демек да раскренам нешто по дома, она тогаш стана Ќе почека чистењето Свеки ме чека со кафенце надвор. Имајте убав ден, отидов да се расонам.
Добро утро и од мене. Кафе за мене дупло молам, море тродупло Бебе беше будно од 1.30-4 ноќеска, се исправаше во кревет, гугаше и се смееше, што и стана не знам. Никогаш не се будела навечер, спанка си е, ама еве изненади синоќа. Со мм 5 пати пробавме да ја заспиеме, те он, те јас. Ќе заспие, спушти ја во креветче одма се ококорува и се пентари на оградичката На крај јас бев таа што ја заспа Горните заби ли се, што ли е, не знам. Оф колку сум гроги, едвај гледам. Си легнав околу 11, и во најслаткиот сон кога се ококори, ми се стемни Ајде помина тоа, туку и мм ме нанервира, ќе го убиев сабајле Вчера ја оставил колата на редовен сервис, па ми вика синоќа - сабајле со тебе ќе дојдам (со мојата кола), да ме однесеш да ја земам од сервис. Кога ќе станеш ти, ќе станам и јас. Викам ок. Сабајле бебе стана во 7, кога станав јас, па додека се спремав он млеко и даваше. Помина пола саат, гледам не мрда ни маж ни бебе, кога влегувам во спална, гледам и двајцата комирани спијат. Ја успал и си легнал и он. Ај викам уморен е дека пола ноќ дежуравме, сигурно решил да спие и ќе оди по колата со такси покасно. Се спремив и отидов на работа. Стигнувам и гледам на вибер: Фала што ме остави да се успијам. Молиммм??? Ќе го убиев, да ми беше тука ќе го нокаутирав. Викам гравчињата не ги фрлив сабајле да видам дал сам ќе стануваш или да те будам Ако знаеш дека треба да станеш и да се спремаш, што си легнал откако си успал бебе? Абе жици ми се споија. Уште јас крива што не сум го разбудила, Ванѓа ли сум?? До сега ми се извинуваше што ме изнервирал. Е не! За казна, после има задача да чува бебе, јас се договорив со другарка на ручек и шопинг за бебиња. Што знае нека прави дома, но ме интереса нада Следниов викенд не чекаат крштевки, родендени еден куп, па да одам да купам нешто подароци, а и кумови сме на едната крштевка, па морам да го дотерам кумашинчето од глава до пети Бајаги трошоци, ама ајде, само нека е за убаво. И има и јас да си купам нешто, за инат Ручек нема дома, нека се снаоѓа и за јадење. Така ме нанервира сабајле, па другаркава ко порачана ми пиша да се видиме и без да размислам прифатив Ќе се снајде, нека јаде што има. Ќе ми ѕвони да му купам нешто кога ќе одам накај дома, знам Бебе жолчка пробува денес првпат, свеки ја нема да се јави, што значи добро прошле. И реков ѕвони ако нешто приметиш одма. Инаку и јас сама се фарбам и шишам, според туторијал на Youtube, со години веќе. И откако сама се шишам, стално добивам комплименти за косата и бојата, додека претходно дур одев на фризер никој жив ништо ми немаше кажано Ретка коса имам, што да давам пари, се шишам буквално за 10 минути дома (кратам врвови де). За подрастична промена секако дека би отишла на фризер. А се фарбам 10+ години, така да тоа и во сон можам Тоа е, ај да се враќам на работните обврски. Нека помине денов побрзо, аман!
Здраво мајки Колку сум разочарана од овој наш глуп град и по глупа Македонија.На 100 места прашав за работа.Нигде ништо. Врски. Немало потреба. Остави податоци ако има потреба ќе се јавеме. И така си дојдов и се фатив со метлата мојата најдобра пријателка. Прво се обидов по банки,штедилници пошти ама ништо. Послем и по други фирми. И така ништо,ќе си седам дома додека излезе нешто.Ќе се најде еден ден нели?! Децата се во градинка. Големиот откако си дојдеме дома не излегува и само на тел.или на тв гледа анаконди. И синоќа во сон викаше думаше нее апее .. Не ме слуша не се разбира тоа дете.Инат голем. Вчера воспитачката вика,има едно девојче доаѓа и го гушка и му вика дека го сака,поголемо е 5 год.А мојов викал матеј тебе не сака и таман ќе излегувавме трчка тоа девојчето и вика добар ден целото насмеано разиграно и го штипка овој мојот,а тој се крие зад мене се насмеавме со учителката... Деца. Исчистив изџогирав и собрав алишта.Уште за јадење да смислам што и денот отишол. @Lolipop23 со лесно.се радувам Убав ден мајки
@Lolipop23 cestitki majce! Radost golema! So ubavo, bas mi e milo Od germankite kafe ke ponudi li nekoja? Dete od 6 budno, crna temnica nadvor edvaj go prezaspav, pa do 9h sme se komirale. Glavata me bolese mnogu, dali od umor ili od 3 ta klima a i kapak dobiv sabajlevo. Soncule nekoe zirka nadvor, iskoristivme prosetka mala do kaj konjite napravivme, malku na lulaski i nazad. Da ruca mali pa da go legnam i da iskoristam da odmoram i jas. Ubav den imajte!
Фала ви девојки на сите, кај сите со убаво да се враќа! @muchacha_a дојди кај нас во фирма, секогаш бараат работници, условите се супер, ама се оди во смени, знаеш.
Добар ден! Еве од германките јас да почестам кафица и воедно торта во име на роденденот што го прославивме. Девојченцето на мама сега има две годинки и веќе не е бебе, туку мало детенце што многу разбира. Роденденот супер го прославивме, со дечиња и некои блиски, дете највеќе се радуваше на децата и на тортата, со денови зборуваше како и е роденден и како дувала свеќичка. Важно ми беше да е насмеана, иако не бев баш во состојба да се замарам, за неа сторив се колку што можев за да има убав роденден и иако е мала да се чувствува посебно. И купив преубаво фустанче за роденденот, и се комплет, ја дотерав како права госпоѓица. Друго ново е што тргнавме во градинка, неколку дена, не се многу, но сега за сега добро ни оди, излегува од занималната и оди си игра на други места по ходникот каде што има занимации и не ме бара. Утре веќе малку подолго ќе останеме, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ја гледам дека и годи тоа што се меша со децата и учителките веднаш ги прифати, им дава раче, им вели чус, им зборува нешто. Брзо расте,не ми се верува. Друго немам многу што да кажам, ќе одам да ставам нешто брзински за ручек, нема желба денес да висам во кујна многу. Ми треба одмор, да лежам со денови и да мислам само на убави нешта, да избегам од реалноста и да одморам и душа и тело. Ама нема, да сме живи и здрави само ќе дојде и време за одмор. Сега едвај чекам да дојде Нова Година и сите тие празници, китење елка и уживанции на топличко по дома. Убав ден.
И јас сакам да почне новагодишна еуфорија. Тука знаци има помалку гледам ама сепак рано е.. Дете ќе ми разбира многу повеќе од лани па да така... Сакам да си вклучам парно да се стуткам да погледнам снегче малку да осетам свеж воздух ладен чизма и капут да натнам.. аман више од летово овде ми се чини 6 месеци трае од кога сум дојдена не било ладно далеку од ладно... Ја сакам многу таа еуфорија со елка па руска па кафлички па снегче.. Којзнае кај ќе одиме тогаш .. Убаво ни беше лани дете оваа година уште повеќе ќе разбира.. Во најава до крај на неделата да кажат кога ќе има мм слободна недела за да тркнеме до доле, едвај чекам да се подновиме и да си земам се плус имам толку многу нешта во главата да си купам од доле да си средам по мое.. Плус и мк храна да си довлечкам од маркет свашта ќе си изназимам и ќе си качам некое килце знам. Ах да, и пастрмајлија сакам!!!! Бурек... Ми одат в глава фикс идеи маж да разговара со шеф и газда да ме протнат некаде на работа здравје... има време ќе биде и тоа, не се жалам фала на господ за се само живи и здрави друго што треба ќе се трудиме!! Чекам маж да си дојде па да си гледаме сите тројца некоја серија филм итн, да си играме со малово Убав ден..
Добар ден Ден година. Јас малото и свекор со листа на обврски и места за посета. Од сабајле, од 08, па до 13.00 Маж замина ниедно време на работа сама ги спремов сите три, јас се спремив, ранец за најмалото и со свекор гимоднесовме до градинка. Па јас на заболекар, па до банка да плаќам на палтер една сметка бо странство, во долари. Сама дома сл онлајн банкинг не се осмелив. На крај еден нов телефон за мм. Он ич не е по техниката, со неговите нокии си е најсреќен, ама со самсунг малку од малку може да чкрапне нешто без да направи беља. Ама и тој си копче во средина да е, не најновиве целосно на тач оти он и тачот два различни поими, па ај најдов еден ок што е. Уз пат и таква блутут слушалка за на уши за да ку се слободни рацете оти телефонира додека вози. После до општина еден формулари подигав, па до кај детскиот упути... И капнав. Малку тесто имаше, вчера поца правев на децава, сплескав една мала, чекам да стаса, па да раскренам хаосов што остави ме сабајле и да чекам да стасаат индијанците од градинка. Убав ден