Ај добро ви утро, се надевам на прекрасен ден. Кафенце и чајче од.мене денес. Гроги сум ми се спие ми се плаче. Вчера шетавме.бебка уморна во 20ч кома беше ама затоа ми наплати цела вечер. Абе како.може да станува на секој саат со плачки, пукнав. Буквално на секој саат.дури и кога спиеше ми се присторува дека плаче па рипам од кревет ќе се мрднам. Туку да се надоврзам на муабетов за второ дете. Маж ми е заљубен во ќерка ни. и вика греота било да била.сама а на крај краева штета да не сме имале поише зошто многу убави ќе биле ме убедува види ја принцеза каква е греота е за светов да не го.обогатиме со.вакви лепоти Немам.друго.што да кажам освен да се потрудиме да шириме љубов и добрина. Едно добро дело денес ќе е доволно за успешен ден. Кафе шмркам во кревет, бебка се врти треба да станам, гладно бебе нели појадокот најбитен е..си знае прцулка.
Добро утро и од мене! Време за кафе, јако, црно, турско и горко... да раздрма силно од сабајле за да расони убаво! Ете во тој момент сум сега, со кафето до мене и чепкам по лаптопот. Во 7 ми стана беба за цицкање, па продолжи да спие најверојатно до 10, а јас меѓувремено си ставив кафе и пружив алишта. Насабајле ми е студено, се плашам да не настинат децата... вклучив клима нек се затопли. Големата за некоја минута ќе ја будам за во градинка. Утрата исти секогаш, деновите воопшто ми се толку идентични што заборавам кој ден што беше... Уствари ете денес е нешто поинакво, успевам раатски да си испјам кафето , оти тоа е луксиз за мене. Ама решив да станам порано за да имам повеќе време. Убав ви ден!
Жалче ми е секое оставање у градинка Кога ќе ми текне, јас понекогаш се жалам за умор, ама мајка ми бе 3 деца во градинка. Сите 3 не носеше, кое во раце, кое за рака, пешки, па ќе фати автобус за на работа. Па ќе не земе на враќање, па чистење, готвење, сите мали, луди... За едно дете па планирам што ќе носи утре, дали е чисто, дали е исушено, дали имам пелени доволно... а не па три. Па готвење за сите, па миење садови, па перење пелени (немаше памперси), па пеглање, спружуваше надвор со смрзнати раце на минус температури. Едно болно, сите ги фаќа. Еднаш двајца бевме у болница. Третото дома. Не знае дали со нас или со него да биде. Од работа не можат смена да и најдат, па не и даваат боледување. Па ќе бега од работа, да оди дома да спреми се, па ноќеска ке дојде у болница да спие со нас. И сега сфаќам што се правела. Пред да имам дете, поим немав. Храброст треба за трето дете, сила ко бог и срце ко планина. И сакам второ, и трето и четврто... ама не знам дали можам.
добро утро @snegulkata баш такво кафе пијам,наутро за децата млеко и веднаш кафе се вари. Маже однесе дете во градинка а јас во лабораторија, он втора смена е ама слабо се видовме оваа недела,јас обврски, па он околу колата навечер касно доаѓа неможам да го дочекам,ама ич му ја нејќам оваа смена,ќере го често го траже и фали ајде за викенд ќе се видеме,уште сега е испланиран во шетање,додека има сонце од понеделник ќе залади. Синко утрово тт 37,7 а денес требаше вакцина да прими од кај сега ова,ама ете тоа е,додека да стекне имунитет така ќе биде. Убав ден
Хелло. Да чкртнам збор два па да се пуштиме во погон. Дрвата стигнаа, ама касно сношти, денес да се средат, ако мм стигне порано. Ладно наутро е, ама навечер касно ложиме и успеваме до пладне да одржуваме некоја топлина во соба. Секогаш помислувам на вакви случаеви како на @Cka мајката, и знаете до каков заклучок доаѓам? Дека ние сме себични, лакоми за слава и финансиски средства,нарциси и длабоко во нас, плашливи. Целосно сме посветени на едното дете што го имаме, и мислиме дека време за друго нема да се најде, па љубов, па пари.... А токму ваквите примери покажуваат и докажуваат дека во животот богатството се децата, дека се се стигнува( со повеќе труд) ама на крајот, по години ќе сфатиме кога масата во викенд ќе биде полна со луѓе, смеа и радост. Денес доручекот супа, синко сакал, ручек ќе биде некоја брза посна манџичка, па побара варени ѓевречиња, големиот сакал сутлијаш, ако стигнеме ќе останеме во кујна Убав ден.
Добро утро,ладничко многу сабајлево.Го испратив големиот,ќе ги шетаат денес низ околинава на гградот,мали спие,јас кафето и чекам мм да ми донесе ѓевреци.Ајде му велам истрпи ме уште нецел месец,иако не бев досадна трудница,сега бар на крај да се разгалам. Го прочитав и јас постов на @Cka . И за мене е храброст третово дете.Никогаш не верував дека ќе имам три,особено па по првото породување.И да,се се дуплира, се триплира,грижата,баш така секој ден се мислам што да му облечам за на школо,за ужинка што ќе носи,па за малиот,па ова,она.Можам да замислам што ме чека кога сите три ќе тргнат на училиште. Само здравје на не служи да може да работиме,да им овозможиме се што треба,да ги изведеме на прав пат,здрави да се само,друго ништо не ми е битно.Кога останав бремена со третово, секако се подумав,но никогаш не би го абортирала.И од секогаш сум сакала ќерка да имам,па овој пат изгледа ќе ме благослови Бог..Зашто веројатно некои желби се остваруваат кога ти не ги планираш.Знам што ме чека,но секој ден си замислувам,баш така како што пиша членката погоре,маса полна со луѓе,весела куќа,полуматури,матури,свадби,внучиња и таа слика ми дава сила.
Dobro utro I tri kafinja da ispijam od kafeto na snegulka mislam deka nema sansi da se osvestam Sto da vi kazam nokta katastrofa bebe izgore od temperatura Vcera mi se javija od gradinka deka e kenkav, deka ne saka da jade i deka najverojatno ima temperatura ama nemale toplomer d mu izmerat, so brzina na svetlinata izlegov od rabota zemav dete i pravo na lekar dete kasla rastura kutroto, merat temperatura 38 od tamu ne ispratija vo labaratorija krvna slika, crp rezultatite kazaa virus deka e tecnosti i paracetamol po potreba rece doktorot ,a antibiotikot go zavrsivme vo sabotata ako vi se veruva Nokeska cela nok ne spadna temperatura pod 37.5 so mm dezuravme do sabajle. Samo da bide podobro se izmaci deteto tolku malecko e, a kutroto veke ima uplav od lekari, bockanja krvni sliki mi ide da se izedam od nervoza ako vi se veruva Zima od nikogas sum nekela ama sega so virusive, nastinkive na dete ja mrazam mislam, ahh zlatno leto kamo celo vreme da ni bese leto Odam majki ubav den na site.
Мајки хероини и со 1 и со 5 деца секако се хероини. Ај добро утро. Ммм кафенце Кога веќе пишувате за ненаспани мајки мене не ме бришете од списокот вечно сум ненеспана.Си имам проблеми со спиењето.Лесно и често се будам дали ќе ме разбиди или не малата.И да се заврти ме буди, а кога ќе ме шутне со тоа малитe нозеАма вчера и завчера ме разбуди со кашлицата .Па почна хистерично да плаче Имав еден сируп купен па и дадов.А тој да ти бил горчлив леле кога се расплака ама за брзу ја смирив Сега ја однесов на градинка .Спремањето и носењето ми е најстресен дел од цел ден.Денес кога ја дадов пак почна да плака. Денес имаат жолт петок требаше да однесеме жолто овошје или зеленчук.Ние однесовме дуња. Леле какво утро.Прво си заборавив картичката за јавниот превоз, па трчав од градинката до дома.Гледам ташната ми е лесна оно и вода сум заборавила.Ама ќе пијљм од чешма.Некако се качив конечно во бус во 8:30.Со метрото беше се воред.Ама со сбанот е хаос.Има некој проблем и стигнав на една станица и вика до тука возам , па одам назад одите со другиот воз.Одам чекам 10 мин и тој вика одам од кај што поминав.Луѓето се чудат не знаат каде.Викам ќе фанам бус.Го нема тој што го барам Па пак се вратив кај возот.Уште чекаа.Чепнав на апликацијата ама не се снајдов .Му пишав на мм и тој одма ме оправиТака денес во 10 на работа ќе стигнам наместо 9 Најинтересно кога кажат заради тој и тој проблем каснат возовите ве молам извинете-разгласот.Не ви извинува и што Ама шефот е срце.Од вчера ми дојде колешка која имала мозочен.Едвај се движи и работи ама си кажа јас сум шеф тука. Ќе видеме .Ако оди оди ако не има многу фирми не се нервирам со прости луѓе. Ај убав ден и убав викенд
Добро утро мајки . Ве исчитав сите , многу постови се собрале. Деновиве немав баш многу време за тука.Се во брзање и трчање. Родендени еден куп ,ама само за такви убави работи да трчаме. Сега читам и размислувам, колку ни се разликуваат деновите на сите до една. Сите исто правиме: работа, дома,деца ,куќа.. ама секоја различна на свој начин Покасно од дома ќе се распишам малку подолго . Ова прекратко беше Документ еден куп до мене, одам да ги решам @galapce мајка, остани така храбра. Се бројат деновите ќе дојде крај на се Детето ти е мило, премило @Nikita7 не сум многу запознаена со твојата ситуација само знам дека не си со девојчето твое. Пиши како била средбата Убав ден
Здраво живо Погодете кој пие кафе ПАК на раат? Бебе заспа, јас подраскренав по дома и си направив едно јако нес кафе. Исчистено од вчера, цакум пакум, перална нема за закачување, нема за пеглање.. Пак немам што да правам, пак чекам бебе да стане пошо досадно ми е Кога не спие зошто не спие, кога спие па чекам да стане Кашла уште, не делува очигледно антибиотикот а пет дена го пие веќе. Да изгураме до понеделник и да ја носам на контрола.. Уште сега по доктори, а ќе речеш вчерашно детенце Додека пишувам ја гледам она расонета, гледа во тв Мирна е не трепка, ова ќе да е какање time Многу сака да е пред тв, и кога и пуштам програма со песни цело време вика “ау ау” мислиш се разбира, па пее Интересно ми е многу со неа Ми се оди некаде на викенд, да прошетам малку. Да видам дали и маж е расположен за шетња, ама ќе го убедам и ако не е Имајте убав викенд
Здраво мајки Ау како ме боли грло крајници веќе 3та недела како ме болат отекуваат.Мразам кога ми е вака.Се мислам дали да идам до мат.Мн ме болат. Деца во градинка. Цела недела. Сега се плашам што ќе се случи за викендот.Големиот почна пак да кашла.Малово си буфта нон стоп. Цела ноќ квичеше рикаше се превртуваше па го земав во раце и го ставив на перница до мене на спална сите тројца.Може му фалам оти се само си спие.Незнам. Ама почна многу да се лути да се инати и да легнува на земја.Сепак не е тоа како што ми правеше и се уште праве големкиот. Вчера бевме на панаѓурот наш,имаше лулашки се возеа купивме костени,играчка балони и си дојдовме. Ново ништо. Секој ден тоа па тоа. Јадење има од вчера.Нема само да фрлам. Денес ќе си одмарам. И така. А,сакав да кажам и јас чистам секој ден и не можам да гледам такво.Па исто како @Mari* давам правосмукалка на големиот на малото крпа или она за пајажини и така чистиме сите. Ем весело ем интересно .Некогаш си играт некогаш гледат на тв додека чистам.Битно да е чисто секако нон стоп се по земја се влечат си играат. Убав ден..
Нешто што најтешко ми паѓало уште од дете, па еве и до ден денешен е кога мајка ми ми е лута. Си се утепав од плачење. Ми олесна. Тешка сум на извини, а и нејзе и е се собрано. Тежок ден денеска. Ми се навратија некои тешки мигови од пред 2 години, ме потсети животот и на таа епизода. Еее а сега ја сум мајка. Јас сум му се на ова детенце. Пак ми потекоа солзи. Не можам да допишам што се ми легна на душата од вчера синоќа ... Имајте убав ден, а јас ќе се вратам кога ќе бидам попозитивна.
Е алал да ти е, ти стварно си ги презела работите во свои раце! Ептен ти завидувам! По оваа мојава само одам и собирам дрангулии, а да ми помогне во моите обврски ма нема шанси! @snegulkata и мене тешко ми оди чистењево со бебево, дури ни садовите неможам да ги замијам, обично остануваат да чекаат маж ми да се врати, па да можам да ги измијам. Правосмукалка и џогер е негова обврска. Пеглањето најтешко ми паѓа бидејќи иде најспоро, еднаш кога пеглав три пати ја исклучував/уклучував за да отидам да средам деца. Од тогаш навака пеглам исклучиво кога имам помош да ги гледа децата. @mariz во врска со ќеифот очигледно не е ист ќеифот со второ дете, а камо ли со трето! Третото, нели, не е ни пожелно Еве и јас си приметив никој не се замара за второво, никој ниту баби дедовци не купуваат од ќеиф како за големата, свекор ми минатиот пат кога требаше да оди за странство ме праша-што да и купам на големата? Јас му реков- скафандер за малата Исто и за повојница, нешто не се испотепаа луѓево да дојдат да ја видат, детево 5 месеци ќе напраи а пример кумовите уште не ни дошле. Ти за роденденот спреми си сѐ како што сакаш, направи си ќеиф, батали ги домашните и не им зимај за зло што не се замараат, баш периодов им е таков каков што им е. Ги разбирам и нив, а и тебе. п.с. Трето дете дефинитивно неможам да раѓам и гледам. Иако имам многу примери околу мене со трето па и четврто дете на речиси 40 години, но јас ги немам нервите за тоа. Пред една недела правев тест со страв да не биде позитивен (ради тие мутните симптоми што ви пишав и во темава) и со маж ми бевме децидни дека не би го раѓале.
Мојата исто чисти се со мене, ама не смеам играчките нејзини да ги факам и кревам! Мора да стојат она кај што ги ставила. АКо треба со правосмукалката околу неа ќе вртиме, ама не ја преместуваме. Она реди чинии и си враќа чиниче назад у мијалник откако ќе јаде. Брише маса, за жал еднаш и џамови бришеше ама рацете лом од земјата у двор, па морав да пребришувам. Не не смеам да речам, помага детето. Сепак ретко е кога е расположена, оти ако и се спие, ништо не може да ја натера да биде фина.
Малата шета со татко и, јас средив по дома, си направив кафе и пуштив серија. Си држам сега средено, полесно е вака отколку чистење одеднаш неколку саати. Секој ден по малку е неосетно, а цело време чисто. Ми дојде паметот конечно. И јас ја вклучувам кога средувам по дома, знае дека играчките треба да си ги собере, интересно и е заедно кога собираме, па како низ игра поминува. Сабајле стана во осум, јадеше крушка, јаболче и оревчиња, па извадивме инструментите да правиме концерт, јас на тапани, она на синтисајзер и ги пеевме големите хитови како five little monkeys, incy wincy spider... Забавно. Црткавме малку и стана татко и да ја прошета и ќе каснат некое ѓеврече со јогуртче. Вчера купивме камиончиња сет, багер, онакво за мешање малтер, па со песок надвор се изнаигра. Дење некако се послабо спие. Мислев дека докај четири барем ќе спие дење, ама еве... Ништо од тоа, ми отиде и едната дремка рано, рано. За ручек денес кај мајка ми гравче има, па ќе ручаме сите. Обожава грав малата, цела на дедо и. @Lolipop23 за убаво сум те помислила, нека ти е со лесно бременоста.
@Kitten колкава беше твојата беба? Јас до кај 4 месеци полесно се справував со домашните обврски оти бебето беше спанка. Ама потоа, па особено сега многу ми е зорт. Се држам до тоа ручек да ставам , каши да направам, облека да пружам и садови да средам. Се друго чека ММ да е дома за да чува деца а јас работам. Па и тоа со прекини, де да ја дојам , де каша да и спремам... тоа е! Ќе пораснат и тогаш полесно ќе се завршуват домашните обврски. За трето дете... нит сакам, нит имам сили за уште едно. И сигурна сум дека трето нема да родам, па дури и би абортирала ако ни се згреши ( иако не мисла дека се грешат такви работи) . Себична или не, тој ми е умот. ММ кога слушна дека ќе имаме уште една ќерка беше спомнал дека третото ќе било машко. Ама од мене не наида на интерес. Сега и он вели дека доволно ни се тие две и сме среќни што ги имаме, и желба за трето се нема. А да ви пишам ли кое сожалување го гледам во луѓето кога ќе кажам дека имам две ќерки. Па одма сите советуваат - одма на трето одете! Без син не се оставајте. Често возвраќам - нејќам да сум свекрва иначе ќе одев до крај за син.
Така е, исто како за бременоста, сите во првата ти се тресат, те пазат, те галат... за втората, ништо, како да не си трудна исто... можам за третата да замислам За трето дете сум за, ама понатака, ама останат живци секако и снага, сила, здравје... Морам некои работи да завршам, да поработам, па може накај 30 би си родила уште едно, тоа е за 5 години Јас па дека проблем имам и ми доцнело едно 3,4 пати од кога родив по многу (јас одма добив, не ме поштеди ич), само се потресувам... Инаку и мене синко ми помага доста, сите играчки си имаат свое место, мали коли во една кутија, големи во друга, коцки во трета, плишани во 4та, сликовници во неговата соба на полици, некои музички и во другата, се распоредено. Но имам соба празна без мебел (таа е наменета за дада му), па таму ни е сега игрална, сите играчки се таму. Играчките многу често ги миеме и бањаме... Прашина не брише, но не бришам ни јас, тоа жена ми чисти еднаш неделно, поштедена сум од вц, прозори, подови, полици, генералки. Но пак знам да фатам и плус да си исчистам. Кујната секој ден се чисти, брише... Ама затоа колку перам, не е нормално ова веќе Ке ми цркне машината еден ден... Еве од сабајле како божем немаше ништо за перење и се израдував... Ама малава едно опасно повраќање, лом и хранилка и се ми направи, па една машина со алишта пуштив пере, наредна ке биде навлаката од хранилката... Што му стана на ова дете што нагони има од се. Таман се најаде, како на филм повраќаше, глава и држев.. како црево од неа излегуваше, толку не изеде колку што поврати Ова е трет пат неделава што повраќа и почнав да се плашам...
@snegulkata 4 и пол месеци. Мојата не е спијач, по цел ден тормози. Ни нас не ни се случува да згрешиме но симптомиве беа прејаки а уште ми е тазе сеќавањето од минатата бременост... ќе полудев од грижи. Среќа од поблиските никој не спомнува машко дете, ваљда пошто знаат каков табиет сме и не смеат ни да помислат да зуцнат. Арно ама кога соопштивме дека и второто ќе е девојче, приметив на фацата на прадедото дека не му е сеедно, нема кој да го носи во наследство името од син му Затоа ова дете нема добиено НИШТО од прадедото
Ние денес рано рано станати дете спие а и јас одмарам покрај него може и ќе дремам пола час Јас порано сум замуслувала дека жените раѓаат седат дома 9 месеци и после се сведува животот на работа - дома - деца ама од тука уствари почнав да воочувам дека не е баш така лесно да работиш со мали деца дома, јас не ни помислував на настинки и вируси си мислев така секој ден си одат сите среќни уствари ништо не мислев се шалам ама мислев дека се води животот со работа дома деца Денес гледам дека жена и да е на работа мора да ја толерираат ако сакаат они нормално па у тек на месец да зема слободни деништа да зема неочекувани саати итн заради вируси и настинки Не било така лесно да работиш А искрено и малку се оние на кои им следуваат такви деништа или пак шефовите им се разбирливи за со мали деца Гледам овде дека не сакаат ни да те примаат на работа со мали деца лога слушнат дека имаш не пак слободни денови да ти дадат Викаат еднаш не ажа втори пат кога нема да отидеш на работа толку ќе е од работна кариера ако ја најдеш секако со деца Затоа е многу битна препораката и луѓето Среќни сте сите вие што имате шефови кои ве толерираат или пак ве следуваат такви исклучоци да знаете Мене ми дојде на памет да менувам стан и ќе го мењам кога тогаш спасение трпение нели ама чекаме договор па ќе видиме деновиве што како Искрено станот ми е реновиран целиот АМА дневната не е добра распоред никаков џамови има многу па и врата што ми сметаат ми кршат приватност плус фураат плус се осекќам ко у забарна ординација, не не и не Не сакам јас така Па си размислував да не купувам џабе мебел плус немам ни тераса а сакам многу да си менам стан Ај ќе биде и тоа Убав ден на сите Јас маж ќе чекам
Како си знаев...што ако е петок,на лево почна денот..Со маж на нож сме одсабајле...Нема да е тука викендов,ама бар тој саат сабајле коа ќе станеше да ни е ок,ама не...краток е животот ,место да уживаме,ние се караме.Многу ми е криво... Последни сончеви денови се ,баш би било убаво да се искористат.Нели сама,па нема баш некоја агенда.Со кола и дете сама да возам страв ми е.Значи останува само игралиштево у близина Може че направам и некој колач.... Поздрав,имајте добар петок со многу гушки и насмевки <3