Добро утро мајки Среќни родендени на малите на @Marmarin @SofiMar_ @Nikita7 Цел живот среќни и на купче. Го шкртнавме и викендот, едвај. Дома турбо со сите три додека ги намириме, турбо додекa се спремиме да испаднеме, надвор трчај по нив беља да не направат...ама важно деца среќни и уморни. Навечер лесно да заспијат. Веќе заборавив каде бевме што правевме. Саботата коњите, па прошетка околу шталата, на ручек и дома кома. Вчера маж предпладне мораше до кај колагата, па донесе нешто за апнување бидејќи кога сум сама со сите три ми е опасно по нечиј живот да влезам во кујна . Низ маало шетавме во точачињата, малку кај животните, малку боеја по улица и на крај спонтано до центар на сладолед. Маж замина во 02.30. Берлин ли рече Минхен ли рече, не знам ни јас . За на работа некои машини ќе гледале да купуваат, па со рано, долг пат има. Првен мислеше да замине вчера кај 16, да ноќева таму, па денес на раат да стане и да врши работа. Ама тоа значи немаше да има шетање со децава и сама ќе требаше да ги успивам, па рече ќе стегне заби. ПА и свекор ми накапал, заедно отидоа. Сабајле свекрва ми ги однесе во градинка, она ќе треба и да ги донесе. За вакви ситуации го чуваме џокерот, кога стварно итно ни требаат, па се трудиме на редовна база да не ги бараме. Поради далечината на другата градинка не е веќе изводливо сама, со дупла количка, мора преку автопат. Друго ништо ново. Имунитетов на нула ми е. Кашлицава ми е страшна, сите вируси и бактерии од градинка и јас ги прележувам. Најмалово никако запче да пробие, а страшно е, само гризе, рже, апе, се лигави...а и се буди навечер. Денес имало некоја дешафка во градинка кај средново, во 12.00 ќе требало да ги земеме, кузнее ручек дали ќе им дадат. Мислев да запржам нешто за мм и свекор ми кога ќе дојдат, топло ем да биде, за детево нешто ќе терба да смислам. Колку работа ме чека низ куќа, викенд само се растура. ОД сабајле стандард, само малоно го намирив и успеав околу алиштата на децата. Сега спие, таман да испијам кафе. Се надевам ќе успеам да усисам, да сменам постелнини и да пуштам машина за нас кога ќе биде будна. Убав ден на сите
Пак јас се гледам со последен и прв пост за денот Како сте понеделнички? Време е за вакво нешто Надвор сонце Се слушаат дечињата од школото надвор на одмор Школото еден чекор ни е се гледа Јас кафе пијам дете де пиличи де до мене Да му спремам едно доручече и да шетнеме некаде Малку еуфорија ме фати за скорото спремање и така Здравје само Да сме живи и здрави сите
Добро утро мајки , Денес станав пред син ми .Беше заспан ептен убаво.Јас се спремив за работа , му направив доручек и го чекав да стане.Маж уште во 7 30 беше заминат на раб. Како да не спие , вчера се шетавме долго. Го изморив ептен .Жива радоста беше со гумените чизми и вирчињара. Нема вирче низ маало кое го пропушти . Рипаше,скокаше, се смееше.Јас со него. Ептен му беше убавко. Па ги шутираше листовите и за тоа се смееше . И на крај завршивме кај една другарка на гости . Она има 3 деца, па таму се изнаигра со нејзините. И накај дома пак пешки. Нема поубаво од изиграно и изморено дете . Јадеше , бањање и кревет. После мајка, бањање, кревет ,серија , журка на мој начин Додека шетавме го гледам , се смее среќен , мојава душа исполнетаСи мислев што правев пред да го имам, каква промена и среќа ми е во животов. Момент кога го гледаш своето дете и имаш спокој во душата и ништо не ти фали! Е тоа е најбитно во животот Многу филозофирање за од сабајле во понеделник Си направив ладно нес , се заледив уште толку . Време е за топлата варијантa Убав ден мајки
Добро утро мајки Додека керка ми уште спие а малиот расфрла со играчки да ве поздравам Срекни родендени на тие што славеле и само убавини да следуваат Ви благодарам на сите на подршката, но како што некој кажа нема потешко нешто од дете кога ти го вадат од операциона сала само Господ нека е со нејзе По цели вечери неможам да заспијам неможам незнам зошто толку лоши мисли ми доагаат па си плачам па се молам Свесна сум дека не треба да потклекнувам да бидам силна и преку ден да тоа никој не го чуствува но навечер кога ке настане тишината и почнувам да размислувам солзите сами потекуваат Маж на терен оваа недела, ама добро е бар во Скопје е ке доага и тој почесто Мали ми е сеуште затнат целиот мислам дека го пофтори пак, керка ми вчера поткашлуваше онака како суво малко но синојка немавме проблем никаков и по цела вечер само слушав дали дише добро да не и хрчат градите па да знам на што сум, но добра е само да не закачи нешто и таа пред операција Инаку @vitamina малиот станува по 5-6пати 2-3пати го презаспивам а наредните морам да давам млеко да презаспие Синоќа извадивме тепих па денес ке го исперам и стазите од спална,прекривачи на гарнитура, пердиња перење и една генералка за, да биде се чисто кога ке се вратиме Еве стана и керка да ја пресоблечам и да доручкуваме Имајте убав ден мајки
Добро утро Почна темницата сабајлечки кога стануваме, готово веќе Ми идеше да се самозапалам кога ми заѕвоне алармот. Ролетна спуштена, мртва темница. Дигам ролетна, пак е темница. Едвај се нашминкав, да не палам светло да разбудам бебе, пошто само точка ако и светне се ококорува. Џабе, таман се нашминкав, се јави со наполнета пелена Инаку, синоќа журка ни правеше од 12.30 до 02.30. Се разбуди и нејќеше да презаспие за жива глава. Полудев, преуморна бев од вчерашниот ден. Марфи Ме фати таков бес од што не можев да ја успијам, се развикав и отерав све во ниедно време, па маж ми списка и се спукавме така во полусон Се смиривме и гушнавме откако конечно се предаде бебе де Ми се споија жици, некогаш толку ме стасува уморот што немам сила ни да ја успијам малата, е до толку сум. Вчера на крштевка цел ден, се вратив дома, спремив и наранив бебе на трчање, па ја бањав (и јас се избањав со неа, лом ме направи, па влегов во када и јас). Маж беше фудбал да гледа Уште тогаш се изнервирав, дека после цел напорен ден ме остава сама со бебе, ама ај, преќутев. Е ноќта кога стана бебка веќе полудев и сешто му изнакажав. После криво ми беше, ама ми се смири. Знае дека сум со краток фитиљ кога не ми се сите овци на број. Па и ми се извини што ме оставил сама да се справувам со дете. На крај веќе синоќа и он се напна. Дете во раце спие, па и подхрчува, ја спуштаме во креветче, очи пет банки Не знам што и беше, ококорена, цуцлата во уста, она се смее сосе неа и гуга во исто време. Што му бидна на детево, ова и е вторпат вака да прави, спијач невиден е, особено па навечер. Се плашам да не продолжи истово, не знам и не сум научена да се справувам со дете будно пола ноќ Баш па сега кога тргнав на работа најде да изведува чуда. Можеби себично звучам, ама детето никогаш не ми се будело навечер. Мора ли сега да почне? На работа денес пола фирма ја нема. Се мислев сабајле да си останам дома, ама и да останев пак немаше да спијам. Со мало дете тоа е тешка мисија. Па ајде дојдов, требаше и жена да ми дојде за чистење дома, па ќе требаше со неа да се маткам. Поарно ќе си работам отколку да чистам Сакав сабајле машината да ја пуштам и заборавив Алиштана се прелеваат веќе од корпите, не можам да постасам секој ден со тоа перење, аман Ми треба кафе, иако веќе две испив. Ништо живо не ме расонува, 3 саати сон исто ко да не биле Отидов по Убав ден на сите, како петок да е се осеќам, а тек понеделник
Добар ден! Си сварив какао и се замотав во омиленото кебе. Малку релаксација пред да почне другата фаза од денот. Од сабајле не застанав речиси, синоќа касно ме фати дури се избањав и дури се средив, па загледавме некоја серија и ајде уште една, уште една и се така, утрово едвај очи отворив. Машина врти, дете спие, маж на работа. После доручекот заминавме во градинка останува сега за сега по неколку саати па ја земам таква ни е групата. Можам и напладне да ја носам ама кога веќе спие тешко изводливо е а и тазе сме така да не ја форсирам. Вака ќе тераме некое време па ќе смениме кога ќе осетам дека е спремна да поднесе повеќе. Ја гледам се изморува кога дојде дома веднаш и се спие и без проблем заспива. За викендот ништо посебно едниот ден пазаревме и чистевме по дома, вчера пак на два пати излегувавме, еднаш во парк, другиот пак се качивме во блиската шума кај што има огромен терен за деца и возрасни со справи за вежбање и слично, дете се истрча, а богами и ние со неа. Потоа се спуштивме во центар на по еден сладолед, во меѓувреме нарачавме кинеска, среќа за детето што имав спремно ручек од утрото. Така кога претпоставувам дека ќе одиме некаде ручекот го спремам штом отворам очи, а кога има месо некогаш и од вечер само месото го сварам па утрото доварувам со зеленчуци и заштедувам доста време. За нас ручек пилешко со сос и некој компир како гарнир. Туку рано ли е за сарми некако ми се пријадоа а знам дека има зелка да се купи, се думам да си направам мерак некој ден. Па и да е рано што има врска ќе си направам. За крај среќен роденден на сите дечиња кои изминатите денови славеа. Убав ден.
Седнав да соберам душа со една Решив денес да ја чистам кујната ама така убаво, страв ме фаќа од самата помисла ама мора. Секојпат фаќам неопходното или одозгора, од немање време ја оставам за последна и се така си останува за нареден ден Решив, денес е денот Дете во градинка. Во меѓувреме средив низ дома. Ручекот е готов, чекам маж да дојде да јаде и да почнам на раат, тој и така има други обврски па нема да ми се плетка низ дома. Викендот како и обично го поминавме во шетање. Го користиме сонцето до максимум, се надевам ќе потрае. Среќни родендени на сите дечиња што славеа деновиве! Долго време ја нема @girl-miri, ако не читаш чкртни нешто мајка.
Конечно да седнам денес турбо а и цела недела одморот кај мајка низ нос ми излезе малиот настинат носот затнат капки не помагаат на гради нема ништо ни на грло инхалаци примаме,со мм секој втор ден на превски бевме на болница за раката му ја отворија немаше делче само загноено па ја оставија отворена со дрен па после на вакцини замислете на докторката и беше мрза да го види па ајде моли за да го види а капак пред да одиме и викам на свекрвата кога ќе се вратиш ќе излегуваше да го чуваш малиот ќе одиме на болница и ми вика ќе ја чувам малата на јатрвами таа ќе одела на часови по германски да сум и кажела порано ништо не и реков и му вика на свекорот тука ќе бидеш да го чуваш малиот. Тој поубаво ми го чува од неа ама трба да се пресече да се нахрани, па го нахранив и заминавме останавме 3 сати . Денес турбо од сабајле оган запалив па инхалаци ,па ручекот за мм за синко па за мене од денес сум на диета холестеролот ми е многу висок мора да се пазам . За фалење нема ништо само за жалење во среда трба да одам за пап ако не добијам ама стомак ме наболува за малер ќе ми дојди ајде убав ден да испијам уште едно кафе од сабајле ми стои со филтер кафево се преродив а така ми стоеше машината една година не пуштена
мајки Понеделнички да се пријавам,некако како само во понеделник да имам време да напишам некој збор. Бебе спие,ручекот се готви,јас пијам кафе.Тоа е стандарт скоро секој ден. Сабајле поспав,скоро до 9.30 ,така да сум одморена,ама и не толку. Детенцево мое вади заби и цела вечер беше закачено на цице. Како ќе се одвикне,немам поима,ептен е приврзан. А и мене некако ми е жал,јас изгледа ќе бидам од тие мајки што ќе ронат солзи кога ќе одбивам Викендот стандарт работен , нема време за шетање, за жал. Таква ми е работата,ретко имам слободни викенди. Затоа преку недела е порелаксирано,па надокнадуваме некако Отсабајле прошетавме,успеав да испазарам овошје и зеленчук, сакав на пазар на раат,ама сепак испадна од локалното пиљарче. Инаку многу сакам на пазар да си испазарам,порано секоја недела одев,ама сега некако поретко. Вчера исправ јакни зимски,нешто имам и за на хемиско,денес уште 2 машини што се собрало од викендов. Машината е нон стоп активна,јас незнам што ќе беше ова перење за тројца За нас ручек незнам што ќе биде,изгледа ќе частам пица Имајте убав ден
Здраво Заспав бебе, а јас трето кафе пијам, да испијам едно на раат. Сабајле среќа аларм навив, синко све во 7 ипол станува ама сабајле едвај го пробудивме во 8 ипол. Направив каша мм го хранеше додека се туширав и доручек брзински, па на забар, ќе морам уште еден термин имам уште еден заб за правење. Од таму во дм и на крај јас на гинеколог, а мм и синко шетаа низ град. Нешто бев многу исплашена ама фала богу излезе дека све е во ред. Утре договорена сум со една другарка на доручек па ќе излезам без синко, мм е втора и ќе се чуваат. А од задутре пак термини. Се надевам ќе средам неделава све. Тука залади сабајле се враќав да си земам јакна. Во план сум врати да пребришам,ама нешто ме мрзи да станам и кујната да ја прередам и пребришам. Треба да фрлам еден куп работи што не се користат. Кога се вселивме во станов реков колкава е кујнава треба ќебиња да чувам тука за да е полна, ама не веќе немам место преполни фиоки и полици. Толку одам да прошетам по online продавници па ако поспие бебе може ќе бришам врати, кујната утре. Убав ден на сите
Добар ден, Бебе го прошетав надвор кога малце проби сонцето, па се успа цврсто. Испазарив на враќање, ја внесов дома, пиев кафе и го почнав постов од телефон, па викам ај дур спие ќе отворам лап-топ. Да не се оќоравувам на телефонот, да одмори и тој малце од мене(да се напуни де) Денес ручек спрема мајка, манџичка. Јас испазарив по нешто за цела недела, што за нив, што за нас. Обожавам да трошам пари по маркети. И да купувам нешто што е на акција или што иде гратис, а не дека ми треба. Ама има подарок нели... или ептен е снижено. И така едвај се донесов. Маж доаѓа од работа во 5. Прегладнувам некако до 5, па почнав и да си ужинкам околу 3. Мислам дека ваков апетит никогаш во животот не сум имала. Доењево ме исуши, се симнав под 70кг после 3 години. А јадам како за 3ца. Надокнадувам што во бременост не можев да јадам од што имав премногу киселини. Кај и да е ќе воведам и две ужинки. Мм се чуди колку можам да изедам, јадам повеќе од него, а он е машала крупен. Вчера исто се храневме цел ден, исто изедовме и вечерта во исто време он кажува дека претерал денес, а ја кажувам гладна дека сум. Крв да ми се стори, немам што да додадам. Осеќам дека ќе си се поправам пак, кога ќе престанам да дојам. Се надевам не. Привршува и Октомври, надвор кај и да е ќе почне да се замаглува. Бебе ќе го вадам надвор макар и на 5 минути, кога ќе нема магла, како денес кога изгреа сонце. Ужива надвор. Само да не е минус 20 со ветер. Којзнае каква зима не чека. Ме ежи помислата на седење дома. Мало ми е бебе за во мол. Кога почнавте да ги носите вие? Ми се трошат пари, не за друго. Убав ден мајки. Сонце за сите
Јас ако нр се ижалам нема кој. Уствари јас само се жалам. Ќере е неподнослива, се повеќе и повеќе. Само плаче, дење ноќе, од ништо. Неќе играчки, неќе цртани, неќе да јаде. Не спие ни ден ни ноќ, додуше ноќеска прв пат после скоро 3 месеци поспа поубаво, но шо дека кога на саат закенкуваше. Денов лудница, цел ден спиена само 40 минути. Еве ја рика, ништо не ја смирува. Нон стоп бара во раце. Пази ја да не фати шпорет да не се изгори, пази да не изеде од храната на мачорот, пази да не падне, полудев. Ми се тегне по пантолони, вришти. Да заспие никако. Па и мм касни од работа, ко по обичај стално кога е критично. На сета мака се залепив два прста на тава штотуку извадена од рерна. Чаре??? Игнорирам се, зошто не знам инаку што ќе биде. После ќе идеме на доктор пошо мрсули пак куп. Одам, се треска од земја... Сила неам.
Жени здраво. Еве ме и мене за дружба Мајка на двајца курчовци - еден скоро 5 год и еден црв од месец дена. Деновиве ми е лудило , малиот не спие и јас со него нормално, мм си хрчи ужива, плус е нон стоп на раб и сум сама со двајцата и лудило ми е. Згора на се и перење, чистење, готвење и се по ред. Ете така се изнажалив Позз до сите
Да чкртнам некој збор не дека имам нешто да пишам ама ете.. Понеделнички убаво.. маж си дојде па шетнавме до едни лулашки па се разодевме до едни паркчиња па патеки за пешаци шуми, дрвја.. баш убаво Пријатно време пријатни пејсажи за милина Додека се шетавме само куќи забележувавме наоколу од убави поубави.. дворчиња Си мечтаев по нешто такво.. Периодот пак се опседнав со барање станови ама тешко одат тука со тие работи со давање плус збор дека ќе излезеш однапред 6 месеци Ај здравје само трпение спасение Седнав да одморам малку и ќе легнувам .. до сега средував по дома и чистев Го оставвив малото до татко му и време е и јас да се тутнам под кревет Убава ноќ на сите
Добро вечер на сите Фала Витамина што ме мислиш. Ние арни,еве сега се повлеков во спалната.Гости си имам и така.Девер,свекрва и близначките се тука.Полна куќа убаво е вака малку тесно ама исполнета. Инаку не знам дали пишав,ама јатрва веќе немам,Бог да ја прости.Моја генерација,почина млада и остави две мали дечиња сираци. Дека и јас растевме сираци со сестра ми можам да кажам дека нема полошо од тоа. Инаку не ми се пишува и немам многу време. Планираме нешто да бараме поголем стан,не се брзаме ама сепак ме фаќа страв.Да смениш стан во голем град е исто како да се селиш од еден во друг помал град.Треба како од почеток работа ,градинка се јово на ново. И иако од една страна се радувам од друга имам некој внатрешен немир. Инаку јас на одмор ама дека сме со гости поуморна не сум била.Мали деца на куп многу тешко.Искрено јака и душа на Дани со три моми на мала разлика. Денеска тркнавме до Природнонаучниот музеј.Видовме диносауруси,камења од лава и разни препарирани животни. Ама синко дека 2.5 години нема толку сила и кога рече да ме носиш.Си го влечев речиси цел пат во раци,па во друг не сака само кај мене да бил.Не е многу тежок,ама 13 кг не е ни за потценување.Раци ми паднаа.Важно седнавме во трговскиот и ручавме таму и со нови сили се вративме некако назад. Денес не отиде во градинка ама утре кога ќе стане право спремање и правец градинка. Лека ноќ,јас да си легнам...
Здраво мајки Пијам чај со многу лимон и мед. Ау не можам да дишам.Нос се затнал.Ту тече ту не.Па и кашлам. Уста ми распукала.Ме жеже.Утре да си купам ново лабело. Деца заспаа. Денес малото во градинка.А големиот малку кај мајка ми беше.После дома пресадував цвеќињата од дворот во саксии па ги внесував во гаражата. И земав развадив железата од тромболината.Па сама се мачев и ја качив до дома.И ја наместив во детската. И наоколу има место за играчки и разминуваее.Вака деца ќе имаат занимација.И онака требаше или на таванот да ја качуваме или да ја собираме. Па кога се стопли собата ги избањав.И заспаа. Очи ми се затвараат ама не можам да дишам. Точно цел месец сум болна.Крајници крајници и сега пак настинав ли што ми е.Се прележувам од децата од градинка.Два пати во август конјуктивит на очите.Леле тоа колку боли. И така во круг сме цело време е некој болен. И тоа мајки. Ај убава и мирна ноќ...
Добра вечер Ама ви се испофалив дека ќе го убедам маж ми да одиме некаде на викенд, а, а? Ау каков викенд.. од една,во другата соба Се он нешто зафатен, се он работа има, и само работа работа и работа, не знае да ужива и живее на овие златни годинки! Милијарда пати сум му кажала дека ми фали и мене и на бебево, значи луѓе, бебе плаче од него-е до толку не поминува време со нас Не е со во парите .. Новчаниците полни, креветов и куќава празна. Не се омажив и не родив дете за да уживам во материјалното.. Никогаш не сум, па ни сега не уживам. Наместо да ме праша кафе да не сакам, или да ме изненади со некое излегување,вечера,или ете викенд некаде ние тројца, он ме прашува само дали ми требаат пари. Ќе си пукнам. Избањавме бебе и влегов јас да се туширам. Цели три минути! Бебе вришти ли вришти, он нервозен ... Мора на цуцла да ја учиш вика, да заспива полесно. Му ја грабнав од раце и си легнав со неа, еве ја цица и заспива. Ништо не може без мене. Не се ни труди да помогне околу бебе, а се чука во гради оти лесно ми било по цел ден сме лежеле и одмарале дома.. Мхм,важи. Виде и сам колку е лесно. Некогаш ми иде да си соберам парталите и да си одам кај мајка, да осети како е да имаш жена и дете-а да ги немаш! Извинете на негативнота,морам да се олеснам. Ми тежи на душичкава.
Хеј Прво добродојде на @mumy во клубот на мајки, фали се, жали се, се што ти лежи на душа, за тоа е темава И јас да се пожалам, малава ме полуде, не спие уште... односно спиеше, па стана и сега си кенка... Уште сме на едно забче само, а за неколку дена полни 1год Си полудувам и незнам што со себе веќе и кај да фатам од тоа нејзино кенкање, а ептен ми е жал па ... зашто сигурно и е многу тешко со забите.. зашто беше премирно, златно бебе, а периодов е ѓаволче Прееска ручек правам, а неа морав во џампер да ја ставам, па вриска, се дере... незнам колку работи и дадов, кутлачи, дрвени лажици, кутии, тракатанци и дадов, се по пола минута и фрлаше... Жени кај да најдам тул, ама онаа убава бебешка розе боја? Се што најдов до сега ми мава на лила Земав тул од другарка како божем тој да го ставам на слатката маса, арно ми текна да го извадам од кеса да го видам, кога видов сосема друга нијанса од се што имам... и сега во потрага сум по тул. Многу жално за јатрва ти @fairy88 Бог да ја прости Треба да сме среќни што сме здрави и прави, заедно со нашите дечиња, без разлика колку ни е тежок денот, никогаш на нив да не се истураме. Толку од мојов пост, не може ни мм да се снајде со малава, отидов да си ја гушнам.. иако ни тоа не сака периодов, живче мало.. Добра ноќ
Ме фаќаат пренегативни моменти и само ве читам тогаш. Да се среќни и здрави сите роденденци Никита добре дојде дома. До мене е и гледам како расте кога едниот родител му недостига. Но сега сте заедно, уживајте и надохнадете. И ден денес после се, некој ке се дрзне и прашува, дали татко му прашал за детето. И после следи, ц ц ц ц... И не ми е јасна целта на прашањето. Радозналост? Подршка сугурно не е. Можеби грешам и револтот притаено работи во мене длабоко сеуште. Отворено му кажувам дека татко му е тој што не чини и да пробаме да не го спомнуваме. Може и овде грешам. Но... Еден ден ми вика, мамо тато не доаѓа да ме земе да шеткаме оти јас сум лош.. Крај, тогаш пресеков. Престанав и да се борам во социјалното дека треба да го зема почесто а не еднаш месечно или на три месеци. Престанав да му објаснувам дека татко му го сака ама е зафатен. Не пробувам веќе ни кај татко му да влијаам дека треба да се посвети на детето, да ги разграничи нашите конфликти со детето.. Од тогаш објаснив на дете дека да, тој е понекогаш немирен, не сака да јаде, ги тепа другарчињата и тоа не чини но мајките и татковците пак си ги сакаат своите деца до НЕБЕТО.Така он вика, дека ме сака до небето. Му објаснив дека и мајките и татковците се понекогаш лоши ама децата пак си ги сакаат. Поточно му посочив момент кога јас сум го карала него а со тоа сум била лоша нели? - Е ти мамино ме сакаш ли пак и покрај тоа што јас бев лоша? Ме гледаше со занесен поглед, свесна бев дека ништо не му е јасно, но повторуваме кога има потреба и му се разјаснува. Знам може и тука грешам. Може го боли вистината оти уште е мал за да може да изџвака вистини. Но нема да дозволам сам да се обвинува за нешто што нема ни најмала вина. Зошто се запрашувам дали можеби грешам? Знае да го спомне. Знае да побара на слика да го види. Не се опишува срамежливата насмевка полна со разочарување кога му отварам слика. Како да си мисли дека и другата страна го гледа. Очиња полни копнеж. Кога низ игра некому се јавува демек на телефон, обавезно и нему му се јавува, и ѕирка дали го гледам и како ке реагирам . Не е ова секој ден но се случува. Знае да спомне случки од пред година, или да ми посочи кога сме некаде дека и татко му таму го носел. Тато ми купува се. Камион ми купи, клучеви ми купи, ми купи, ми купи.... Што ти купи друго мамино татко ти? Се ми купува дополнува налутено . Тоа Се е толку.. А тој е свесен дека е малку, но навистина за него тоа е Се и е со големо значение. Дали погрешив што одбрав да му ја кажувам вистината? Можеби погрешив. Но морав да пресечам да некого од татко со сила се трудам да го натерам да буде родител. Морав да пресечам дека меѓу нас е готово, да не дозволам јас да му се предавам да за возврат тој го земе еднаш два пати. Пресеков и испадна така. За дете нема интерес. До кога ке ги влечев работите со сила? Од каде мене сила за да се соочам со се, да обезбедам за дете се ако јас ја губам некого терајки го сосила да дава лажна надеж на детето? Кога ќе беше соодветно време за вистината? Е многу мал, ке дојде период школо, пубертет... Нема правилно време. Пробав, дадов шанси и пресеков. Што да му кажев кога глумев дека татко му го сака а никаде го нема а тој бара бар да го слушне? Ете зазвонував, ајде ке пуштевме камери, тој од друга страна плаче.. Зборат десет минути тој плаче од таму уште. Затвараме тел и пак го нема еден месец ни да се јави да праша ни да побара да го земе. Зошто плаче, си ја пере совеста низ солзите? Може звучам сурово , но таква сум. Не сакам лаѓи, не сакам дете да залажувам. Немав едноставно сила за таа битка. Да се борам да е колку толку до детето за да не страда. Имав побитна битка. Може си користам и изговор но сметав и сметам дека вака е подобро.за да ние можеме да бидеме нормално семејство. Јас и тој и сите тие околу нас од кои имаме подршка. Простете, може треваше во друга тема, може требаше и да се воздржам.. Од оваа битка овде тој да излезе победник, па после нека се испостави ако треба дека јас секаде сум згрешила. Мирна ниќ на сите. Сладок сон на дечињата за да можат да поспијат и родителите.
@galapce ме остави во солзи жено, никаде не грешиш се бориш и гребеш со нокти за тоа дете. Дај боже што побрзо да ги поминете овие денови и да останат зад вас, а дете како расте само ќе увиди колку голем човек е неговата мајка