Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш кога ќе видам близнаци;( ;( дали на тв и во живо секогаш плачам дали некогаш ќе преболам што не остана близначето ако беше мало како дел од мене стана одма кога ми кажа дека се две не можев да издржам извинете мораше да се олеснам ;( си се изнаплакав среќа што сум сама мм замина на преврска синко долу кај старите јас да здивнам малку
     
    На TutiFuti, Seline, Monella и 22 други им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.214
    Допаѓања:
    124.928
    @galapce ме расплаче и мене ... еве дремам во кујна и бришам солзи и пред очи ми е милото твое со сите тие прашања.... :( ... еден ден татко му ќе се кае, ќе го моли и срце ќе му се кине, ќе биде предоцна да, ама верувај секогаш така изглегува... Гад:envy:

    Поздрав мајки.... Си мислам недела е:^) А колку работа ме чека неделава ;(
    Со нетрпение чекам викенд ама ми текна на две слави сме и прослава :envy: Уф не ми се оди :(
    Со малото низ сити бевме во Зара заспа , саат и пол спиеше, ама кога стана т.е кога дојде редот на мене за пазарување толкава уста:envy: Грабнав два џемпера без проба и толку |(
    Имајте убава вечер :d:
     
    На Lolipop23, TutiFuti, Ano и 29 други им се допаѓа ова.
  3. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:

    Доста беше од гости, си се прибравме дома конечно.
    Денов лудница, а месецов уште поголема.
    Стигнавме рано сабајле, јас и мм неспиени уморни буквално да влезеш дома, фрлиш куфери и директ у кревет, Ама, имаме дете и тоа не обично дете него наспано, полно со енергија, батерија на 100% зелено трешти, па тоа секако дека не беше возможно.
    Доручек за дете, ние уморни ни апетит, ни кафе ни се пие. Машини пуштив да вртат, ручек за дете спремив, па расчистував јас додека си играше мали со татко му. Едвај се влечев низ стан, ама стварно беше хаос дома, кеси и торби на сите страни.
    Нема полошо од патување со кола, колку собира и не собира толку полниш. Машала Германијата е поефтина за некои работи речиси дупло, па залихи правев на козметика за нас и дете, пелени, прашаци и секако се подновивме сите со по нешто, човек не може да одолее на попустите.
    Е сега проблемот е каде се тоа да го складирам па го слушам мм цел ден како мрчи дека немам осет. Кога би знаел колку сме заштедиле, ама како ке знае кога освен леб млеко и јогурт не оди др да пазари, па него исто му е...

    Попладне штом заспа дете, ние до него се паркиравме да искористиме. 2 ипол саати штама, а после тоа едвај станав. Уште потешко ми беше. Ама со две кафиња се освестив некако.

    Еве третото го пијам додека пишувам па да си легнам.

    Извинете што не успеав да пишам, среќни родендените на славениците изминативе денови, здравје и среќа никогаш да не прифали!

    @galapce многу правилно си постапила и на време според мене. Во блиска фамилија имам пример каде мајката остави децата да проценат, па на крај нејзе ја избркаа од дома и останаа да живеат со татко им пијаницата кој психички ги малтретираше. Децата мислеа така треба, мајката премирна и предобра глас не повиши, па ја згази волот. Поминаа веќе 10 години, жената едвај преживеа од тага, а децата се околу 20 год и тек сега се на мисла прошка да бараат.
    Се жалиме од баби и дедовци кои не посветуваат внимание, а тек родител... Тешко, тешко, еден ден од глава се ќе му се одбие.
    А ти, ти си мајка, лавица, која како и секоја од нас ќе се бориш да го направиш и невозможното, ќе се чудиш од каде таа снага и енергија, ќе мислиш, стискаш, даваш, туфкаш, ќе плачеш и ќе си лута, среќна и задоволна, само ти ќе знаеш колку чувства и товар носиш и пак ќе се насмееш на Алекче кога ќе те погледне, дури и тогаш кога најмногу ќе ти се вришти. Мајка :l: Нека е Бог со вас, нека ве чува и да ве врати дома здрави и посреќни од било кога.
    Следново баш вчера го прочитав некаде и на тебе се сетив,
    "Кога поминуваш покрај болница
    три пати прекрсти се.
    Еднаш за болните кои лежат во болницата.
    Еднаш за нивните придружници, кои се со нив во болницата.
    И еднаш за себе , што си здрав, а не си во болница."
    Св. Пајсиј
    Светогорец

    За месецов ќе речев, не спотераа ептен некои безвезни работи, удрија на новчаник, баш кога јас не работам. Ама нека оди по тоа.

    Следната недела имаме два неработни денови, среда и четврток, а петок само една дежурна градинка ќе работи, па мали автоматски дома ќе биде пак речиси цела недела.
    Утре ќе оди во градинка, мм на работа- цел ден се разбира, па јас се радувам ќе исчистам се на раат. Ќе имам 6 часа, којзнае колку ќе стигнам се да завршам.


    Мило ми е што имаме нови пријателки во темава, добредојдовте :)

    @fairy88 Бог да ја прости, тешко за девојчињата... Ама од пишано никој не избегал...

    @girl-miri време ти е да превземеш нешто... Следен пат кога ќе ти се најават не прави ништо, ни ручек ни благо ништо. Ако е срамота, нека си засука мт ракавите. А и пиците што ги купува, на шала сметката на свеки дај и ја, речи изволте јас пица не јадам. Какви се не има...

    Доста од мене, реферат пишав и ништо не кажав.
    Убава и мирна вечер на сите :l:
     
    На Lolipop23, TutiFuti, Ano и 34 други им се допаѓа ова.
  4. mumy

    mumy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    185
    Денес денов година. Мм на раб стандард , јас сама со двајцава по кој попрво. Машина, ручеци чуда врагови. Па малово не знае да си лежи само мора да е со цице во уста и ме уби плус што и по цели ноќи е со цице во уста и не сум спиена веќе месец дена и немам енергија веќе ме исцрпија максимално. Оффф се изнажалив позз до сите ❤❤❤
     
    На TutiFuti, Ano, Seline и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Офффф секоја планина своја тежина...
    @galapce како не си до мене да те гушнам...Верувај во себе колку и да е тешко секоја бура завршвит и огреват сонце...Ако не ти се случеше то немаше да знајш колку вредиш и колку заслужуваш!!!
    Јас денес преседав со беба дома еднаш до продавница само ја зедов воздух да ја фатит.
    Вчера прими втора доза вакцина од шестовалентнине ексик..и фала Богу супер поминавме... Сеа за сеа ни тт ни оток кј шо ја боцнаа...Ваљда утре ќе можит да шеткаме...
    Сеа чекам машинава да доперит и легвам...
    Утре напорен ден, требит забов да го оперирам сум имала циста..Беба ќе ратоват со татко и...
     
    На TutiFuti, Ano, Seline и 22 други им се допаѓа ова.
  6. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.731
    Пол:
    Женски
    И јас си плачам некогаш, сама кога сум, не можам против тоа, сите викаат со време поминува, ама кога ќе го видам малиот како се смее, игра, па и мрчи, често ми доаѓа мисла како ќе беше и помалото да преживееше, а не само ден ипол да живее. Ќе си се гушкаа, чепкаа, плачеа, смееја двајцата, џивџи на мене повеќе е, ангелчето цел на татко му беше, веѓи, нос, уста...се. Живот ебаго. Само да се здрави и прави бебушките.
     
    На Lolipop23, TutiFuti, Ano и 30 други им се допаѓа ова.
  7. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    29.164
    Пол:
    Женски
    Добро вечер млади дами
    Само да ве поздравам, чст пат ќе влетам на форумов ,некое брзинско сликче ќе ставам и толку..немам време да куцкам по телефон...денес неработен..мене недела ..перам сушам..си велам од каде се најдоа алишта за две машини кога во неделата пупти да вртат две..маж ми една точка да е извалкан фрла за перење..тиа оти друг му пери и пегла..:devil:да го видам тој да пофати..децава помалку валкаат...вкјуна влези излези..појадок,ужина,ручек..па хаос од садови спремај..па пак ужина..вечера..па пак средувај хаос..да ти се смачи..собирам се во машина и пуштам на ефтина после 22:Dикономист што би рекле .дури готвам ручек за нареден ден че заврши и таман ќе легнам со чиста кујна..после вториов беблак се гледам да е брзински..порано пеглав се..сега имаме селекција..само тоа што мора..јбг и јас имам душа..генералки еднаш неделно..порано лудача на 2-3дена се...роб на куќа нема да бидам..и експрес лонец почнав да користам :) што инаку ми беше страв ..само да кратам време..и секој слободен момент со децава надвор..бар дури беше убавовремето..му велам на сопругов јас куќава ќе ја чистам ко ќе врни надвор:) ме гледа бледо и вели оти??па му велам тогаш ќе мора да седиме дома и ќе фатам ..сега правец во некој парк :)
    Едниот вградинка, беблаков дома со женичката..раат сум што знам дека двајцата се ок..на работа многу напорно,често заглавувам,концетрација паѓа и некогаш дури мислам дека белја ке направам што седам отколку корист..еднс нула една кула..ама никој не те прашува..далдисани се по пусти таргети и само ко бројла те гледаат..од преголем притисок имав и стегање во градиве..закажав на интернист наредна недела..и ветив деќа ичи се менувам во поглед на работата јас или барам друга работа..чудно,но како што сега има огласи никогаш немало..не плаќавте плати..младежот замина во странство ,сега и да преплаќате немате квслитетен кадар ..тоа направија "газдите" во нашава држава..ќе видиме како ќе биде понатаму...
    Со поголемиот правевме каса од шише пластично за да собираме железни парички..лани така собиравме,велевме за на море и сам знаеше и ставаше со кеф..годинава пак исто..а на смеа на шала за 9 месеци и нешто имаше бо касичката околу 250 евра..:) од мали нозе да учи навика за штедење..истот го правиме и со купување играчки..одбира некоја ,му велам сега трева да собираш за да ја купиме..почекува стварно недела две..ќе му текне ќе праша мамо уште колку ми требаат и ќе земеме..повеќе се раува така и повеќе цени ...малово го гледа и копира во се..јадење,облекување,миење заби..дури смешен е..ама изгледа тоа им е интересо на вторите деца..
    На сите славеници ви честитам родендени,слави,имендени ,на болните да оздрават побргу..ве поздравувам сите, а @galapce посебен поздрав како поддршка..главата горе, немој никогаш да се сомневаш дали грешиш..мајката најдобро знае..патот е трнлив,знае да боли,стегни заби,ти си силна..во твоите очи ,синот ќе го види целиот свет:l:да ја победи оваа битка и да ставите крај на војната како победници.
    Добра ноќ,
     
    На TutiFuti, Ano, Seline и 29 други им се допаѓа ова.
  8. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug: :hug:
     
    На Vennera.aa, VedaG10, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добра вечер :bandit:

    За овде не ми се пишуваат одредени работи.
    Алек е последните два часа малку подобар. Они за се вечат дека е нормално. Очекувано. Ќе биде добро. :worried:

    Изненадена сум од турците. Од Турција воопшто.
    Сим била пред 25 години и незнам зошто се чудам. Ваљда не очекував дека и кај нив времето застанало како как нас.

    Дете слабо ми јадеше денеска, а пред спиење може и сакаше да јаде, не го ни прашав од причина што цел ден имаше дијареа.
    Го боли газето иако го мијам после секое. Ваљда ради јаката терапија. Најавија таков проблем и проблем во уста. :worried:
    Како ке биде ке видиме.

    Очекувам чуда да се десат најискрено. Позитивни чуда.
    Да организмот прифати се што побозболно.
    Редно е за позитивни чуда. За овој период ги чувсвме.

    Вчера спомнав околу еден сегмент што се колебам дали згрешив, мада тоа е 80-20 нркаде процентуално. 80 е дека не згрешив.
    Второто е дали згрешив што прифатив Турција. Не успеав да се изборам за Италија.
    Знам ќе речете Турците се напреднати. Знам, увидов.
    Но таа болница беше специјслизирсна само за овса болест, тоа доволно кажува, мада имаше причини плус.
    Не успеав. На состснок и со Ден Дончев бев. На состанокот јс повика и директорката на детската клиника Катерина Стошиќ. Ги праша и докторите која клиника ја препоралуваат, рекоа истста што и јас.
    Ги повика и сите од самиот фонд, што тврдеа дека побарале понуда од Торвергата во Италија. Им бараше доказ, не најде доказ. Не ни побарале.
    Имсв и друго барање до нив џа кое и во соодветната тема пишував. И одговорот беше баш како во медиумите. Фондот не е желботека.
    И зошто ми прифатија состснок, кога он веќе си имал спремено одговор?
    Сурово испадна што се што укажав беше така и наместо да прифатат барем компромис, одговорот беше дека не се желботрка .

    Не смеев да се понадевам дека 150000 евра ке можам да соберам. Размислував, добро два месеци како мува брз глава одев, очекував некаков знак за дали да прифатам за овде Немаше знак.
    Едино што ме бутна беше тос што и ова можев да го изгубам.

    Еве тука сме, и очекувам живи здрави кога ке дојде време да си одиме.

    Да прилегнам оти и онака малку спијам.
    Фала ви од се срце на подршката. :l:
    Добра ноќ. (fingers)
     
    На Lolipop23, Milobebence, TutiFuti и 55 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.582
    Добро утро мајки.

    Имаше една книга од Максим Горки, Мајка. Мајка, колку гордо тоа звучи.или - Мајка, колку горко тоа звучи. Една буква колку менува, а колку е вистина и едното и другото.

    Треба да сме секој ден среќни што Богни ја дал можноста да сме мајки. Дали на едно, две, три... ние сме мајки. Ние го посакувавме тоа дете, сонувавме за него пред да го има, го носевме во себе, сменивме се,, станавме други тела и други луѓе, секој ден се смееме и плачеме со нив и за нив.

    Научивме дека не боли сршена нога, дека не боли забар, дека не боли пораѓај, дека се е ситница, кога ќе видиме изгребано колено на дете, кога ќе има температура, кога ќе рече мамо ме боли мешето. Станавме поладни или поеосетли кон светот, ама секако поинакви.

    Бог ни даде шанса да го видиме светот со други очи. Доздадовме нов живот, но и нашиот нов живот започна.

    Планината е прелесна да се премести кога си мајка.
    Е така, исфилозофирав.

    Е сеа, ние збеснати по дома, радосни, купивме нови чизмички за во вода да шлапкаме, од градинка побараа :) Ми рекоа од градинка дека е паметна, се си јаде :) Ѕверка моја. Сега се сама јаде, ние да не и даваме, сама сака да се соблекува, се сама :) Се по тато плаче, по мене ретко :) Вика тато љубов моја :))) Јас некогаш сум му рекла така, и сега она имитира. Вчера легнуваме да спиеме, и маж ми ја става ногата врз мојата нога, и она станува и вика, тато тргни ногата мама боли. Аууу викам види дете ме брани :) мака имае со облекување, само она то сака, тоа се носи. Има алишта за дома и за надвор, и за двор и за продавничка, и сите се различни и нас е ни дава да облечеме непто за надвор додека сме дома. Облеков еден џемпер вчера врз пижама и ми вика, тоа за шетање, соблечи го. Викам ми студи. НЕ! И така, си мрзнев :)

    Ноќеска сме спиеле, не сме мрднале сите тројца. Станував да проверам дали дишат, до толку не мрдаа.

    Јас хрчев, па маж ми ме гаѓаше со перница за да станам, или па сонував :) Ајде убав ден!
     
    На Lolipop23, 24.07, Верче4 и 33 други им се допаѓа ова.
  11. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Принцезата моја нанка јас да шкртнам два три.збора колку душава да си ја олеснам.
    Вчера нека оди во неповрат и никогаш таков ден да не се повтори.
    Знам јас бебе да плаче ама ова синоќа беше страшно. Наеднаш се налути нит песни нит нишкање нкт цице нит милион други финти нњ упалија. Се изгуби детето. Папса од плачење. Снемуваше глас зајдуваше, се витка плаче рацете во уста и џвака шмука вреска солзи, мрсули ко река. Не ни знам во која тема прашував за помош кф да ја носам. Заспа кај татко и во раце целото свиткано уморно . Цвили како кутре, што ја боли толку. Главава ми е тапан.
    Како ли ќе биде денес, што ако се повтори.?
    Си мислам и на лекар да ја носам што ќе и дадат, кога ќе ги види непознати повеќе ќе се исплаши. .. што да правам?
    Што да и дадам?
    Ах бе сонце мило...:(
     
    На 24.07, Ano, Ava.84 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Колкаво е ?
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    Кафе за сите повелете :coffee:
    Одма е подруго кога е дете во градинка. Со количка го однесов и не си земав капа, па ушите дури ме болат од ладното, премрзнав. Дете во вреќа волнена гајле нема. На тел ми пишува 4 степени, јас како - 4 да осетив.
    Дете пресреќно, ја гледа градинката покажува со прстето и се смее. Душа моја :l: Сретнавме една мајка во ходникот со три дечиња, сите три во градинка одат, сигурно се мала разлика како на дани.
    Колку би сакала и јас да се спремам сега за второ. Ептен ми е желба, ептен сакам, си викам на моменти греота за дете се воздржуваме ама не е само роди го... Секој пат истото прашање си го поставувам, прво каде ќе спие, спалната ни е креветчето споено со креветот наш, толку. За друго не се грижам, имаме и опрема и облека, пелени таман ќе ги откажеме од едното, другото ќе дојде па ќе ги купуваме пак само друга бројка :D Сепак подобро е уште малку да почекаме, така ќе биде најдобро... Се тешам, друго не ми преостанува. Здравје.

    Испадна маШ денес подоцна ќе оди на работа, вика да одморам таман :rofl:Не знае дека во 10 го будам и правосмукалка одма му предавам :rofl: Се радувам на плус две раце помош денес, знам дека ќе помогне оти ќе спискам на време:makeup: Или ќе го почастам за добро завршена работа :lol: Или двете да биде поефикасно. Ќе видиме :lol:

    Да допијам кафето, да се симнам до маркет, фрижидерот да го поднаполнам па да будам маж и да се фаќаме за работа. Доручек кога ќе завршиме гладна чистам секогаш, ако доручкувам ќе си легнам само, ништо од чистење :D

    Убав ден имајте:f::sun:
     
    На 24.07, Верче4, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Да не ја боли увце? Види стисни ја за ушињата да видиш дали ќе изреагира,ако е помало од три месеци може и грчеви да се.
     
    На Vennera.aa и VedaG10 им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Дури заспивав дете ве прочитав :whew: се чувствува зимата и овде :hug:

    Добро утро,или Добар ден дури завршам

    Скоро една недела да не напишам нешто овде,никогаш не се случило
    Лош период ете
    Јас не сум воопшто подобра :( Скоро секој ден по доктори :tmi:
    Најверојатно имам оштетен нерв за рамнотежа и ми задава потешкотии
    Во петок имам термин кај орориноларинголог па да видиме дали е тоа или ќе продолжиме со испитувања :|
    Сакам само побрзо да ми помине,едвај ги чувам децата
    Добивам и некоја терапија од која дополнително сум уморна и све ми е рамно :D

    Дечиња добри фала му на бога

    Мали почна да се пушта се повеќе,неможе да се исправи од седечка позиција него бара да се исправи на маса или врата па да продолежи да трчка :inlove:
    Смешно е дури колку е мал ама ете и тој оди по малку :lol:
    Не е воопшто напорен,само да е најаден и чист и си се занимава сам
    Главна занимација му е кујната,џо пече нешто отвора релна затвара
    За разлика од сестра му е далеку по разбран

    Могли.....
    Од каде да почнам незнам :|
    Овие два дена немам нерви да ја слушам каде вришти и се дере
    На моменти ме загрижува нејзино то однесување :envy:
    Дива и нескротлива,дали е таква или грешиме некаде :wasntme:
    Оваа недела ќе одиме кај матичен И ќе бараме упат за кај психолог :tmi: Тој најдобро ќе ни укаже до кој е
    Да не остане на ова
    Го црта ликот на тато :x морам да ви покажам :D
    20181019_175836.jpg
    Секаде...врати,комоди,под,секаде е тата :inlove:
    Црта и сонце :inlove:
    Играме со пластелин,сечиме фигури,лепиме
    Креативна е многу ама само под надзор
    Кога е сама и инспирирана цел стан ми е ремек дело :D

    Друго што да ви кажам,треба да станам и да перам :| ама некако денес не ми се работи многу
    Ме има фатено новогодушна еуфорија па само дремам онлајн и нарачки правам :tmi:
    Вчера го спремавме и мали за роденден,најдовме панталони и кошула :angel: Уште сако да му купиме и готово
    Кондурчиња пред една недела купивме
    Јакне му фали ама тоа пред нова година,"старата" уште му чини

    @Marmarin
    @SofiMar_
    @Nikita7
    Среќни родендените :f::f::f: цел живот весели и насмеани :l:

    @galapce сигурно дека си во право
    Кој се соочува со таков проблем знае најдобро што е правилно да се изнесе и да постапи
    Имаш и право да се изјасниш така,се бориш како мајка пред се а приморана си да бидеш и татко :nod:
    :hug: за Алек

    Ќе се одјавам сега,да зачистам нешто дури е Могли во градинка и дури мали спие

    Довиџења :hai:
     
    На Lolipop23, TutiFuti, 24.07 и 29 други им се допаѓа ова.
  16. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Ау колку е ладно.
    Деца однесов во градинка.Големиот првпат малку плачеше и сам си влезе внатре без да се влече и тегне и за мене и да се треска од земја.
    Малото оно само си знае душичка колку е послушно.
    Друга добра работа е што нели големиов батко уште цуцаше цуцла е сега веќе 2 дена не спие преку ден и вечерта до касно боботи и ќе ја фрли цуцлата и го носам на спална го гушкам до мене блиску и го галам по глава а тоа уште отпор дава а 23ч веќе минало.И така 5 10 мин и заспива.
    Вчера цел ден дома на топличко.
    Приквечерта бевме до кај братучед ми и жена му.се уште немаат деца.Вика на братучед ти се чека.А што ќе чека па не се толку млади.Ок нивна работа е.
    Ау уште сум со затнат нос и кашлање.
    После кога ќе ги земам од градинка,ќе одиме да купам палто на малото.Има од лани од полани од батко му мало е веќе.А оној ден купив на големиот.
    И за работа ми се јавија вчера ама уште ништо бре како се нервирам.Не верував дека ќе биде толку тешко.
    И да се јавам до матичната гинеколог да си закажам за преглед.Немам одено одамна.
    Да пофатам нешто низ дома.Секој ден тоа па тоа.
    Убав ден...
     
    На TutiFuti, 24.07, galapce и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    4 ипол месеци
    Фала мила.ќе пробам ќе видам
     
  18. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    @Independiente да може од ушиња да плаче.Многу болат.знам по моево малото.така плаче.или па може и од мешето ако не можело да се искака.си имало мака малечкото па толку плачело.
     
    На elcezelce и Independiente им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене од работа. Периодов нешто турбо ќе биде на работа во најава. Односно јас си земам премногу обврски па потоа ми е криво некогаш ама таква сум што да правам.
    Вчера пратив дете кај баба на неколку саати за да можам да работам дома (не домаќински работи туку баш работни). Се мислам кога да земам да прередувам летни/зимски не дошло ред за тоа. Треба да си најдам викенд. Овој не е моќжно заради слави, наредниот не сме тука. Ќе биде еден убав сончев ден.
    Детево е сеуште со кашлица, а нема вака нешто многу секрте од нос. Само што се држиме со капки за нос, прополис и слично. Се надевам ќе издржиме вака што е можно подолго.

    @galapce само да ви пратам големи бакнежи. Да си излезете вие од болница живи и здрави, а биолошкиот татко отпосле ќе се кае. Правиш тоа што според тебе е најдобро за детето не се премислувај. Тешко е, ама за подобро утре на твоето дете го правиш тоа. За гледање на таблет пробај да му пуштат Пожарникарот Сем (Fireman Sam), Истражувачката Дора (Dora the explorer), Thomas and friends, Cars, Paw Patrol, Super wings. Може нешто од ова ќе засака.
     
    На azelea, Ano, 24.07 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене...денес денов турбо..станавме..спремав беба...татко и едвај се расона па му ја спремав да ја шета јас на шишање..па да поткасниме после нешо набрзинка па во 15 ч. сум на забар на операција...ексик...беба црл ден ќе де дружит со татко и...јас колку толки на сета мака ќе одморам :D
    Среќа што имаме сонце па ќе ужива беба надвор
     
    На 24.07, VedaG10, TeddyGrey и 10 други им се допаѓа ова.