Излези надвор со бебче , макар и во двор , низ улица само да е , сонце има облечете се убаvo и во количка покриенко , нема мака , ќе го фати воздух , ќе нани поубаво , и ти ќе се олабавиш , дома не се доседува
Добро ви ладно петочно утро. Кај мене не менува ништо дали е петок или сабота. Сабота ми е работна Мислев ќе.одиме утре после работа до кај моите на викенд,ама ништо. Ми се породи колешката па поканети сме во недела на мекици.Така да викендов ќе помине во кратка дружба и чистење. Мислам секој ден ми поминува во движење.Работа,дома работа,ручек,садови,алишта,прашини....и така до недоглед. Мислам немам време да му посветам на синко.Гледам колку можам го вклучувам заедно работиме.Мм цела недела е трета смена,заминува тој,се дружиме малку со синко,го заспивам и се пуштам во работа,ручек за утредента,садови,подзачистувам по нешто,и легнувам ама сон никако не ми иде.Па си дремам до 2-3 после полноќ. Уште еден месец и роденден ќе.славиме,ми порасна детето ќе полни 4 години.Сакам да остане мал и безгрижен.Правам второ бебе со грижа на совест дека нема да имам доволно љубов за двете. Ама кога ве читам овде со по 2-3 деца,си викам можам и јас. Уште да се фати Одам јас. Позз и убав викенд.
Баш од тогаш се очекува да залади многу и да сакаш нема да може да излезеш, искористи ги последните топли денови од есента.
Уште една долга непроспиена ноќ помина ,таман се оправи дете од вирус со температура ,кашлица и мрсули ,од вчера вечер е со стомачен вирус се утепа од повраќање кутрото сабајле веќе почна и пролив да има ...офф ќе има крај на вирусиве ,ноќеска си го нишкам во раце пробувам да му помогнам на секој можен начин и си мислам некој да кивне во др град моево одма ќе го префати ете толку му е имунитетот нажалост тоа е се маните на градинката Таман мм слободен викенд имаше планиравме да прошетаме негде на планина ништо ќе помине и овој викенд дома ,здравје нека оздрави синко па има викенди за шетање .Надвор сабајле смрзнувачка леле ич несакам зима ,си сакам топло сонце .Во врска со новогодишната елка и јас веќе некое време размислувам како ќе ја спасам елката од мојов мал индијанец ,огромна е немам како да ја бутнам во некој ќош ,а сакам да ја накитам нова година без елка не е тоа тоа .Од лани новогодишниот период ми има посебна убавина со дете покрај нас дома Одам да си направам едно кафе мајки Убав ден.
Јас сум за помала елка која би била на дофат на дете украсена со предмети безбедни за деца од 0-3 години. Би ја накитила со безбедни лампиони и по некоја играчка, киндер јајца и киндер чоколатца. Дете нека ја бута и нека си игра, нека се радува. Јас сум фарбана и шишана. Туторијалот за шишање благодарение на @Sexybaby86 одличен. Дете до мене и за неколку минути нова фризура. Имам одено и на курс и пракса за фризерка, може се немам пофалено. Малата сабајле рипа од кревет и едвај чека да стигне кај тагесмутерот. Јас демек немаше да мрднам од кревет со нескафе во рака нели така викав ама уште не стигнав до тоа, сабајле со мокра коса трчав да ја земам. Од понеделник ќе е по 4 часа па можеби ќе успеам да најдам еден час за сите четири у вис. Обврски еден куп мислиш фирма на мое име имам, од кај се појавуваат не ми е јасно. Добив со каснење од околу десетина дена. Ако ни беше се подредено за што ќе живеевме? Ама нека остане кај сите на некоја неплатена сметка, опомена од банка, скршена вазна. Дечињата нека останат здрави, родителите нека дочекаат старост. Дали и порано било вака со донации за најразлични болести или дознав кога станав родител? Дали се вакцините тие што ги полнат специјализираните болници или најразличните лекови? Измутираниве вируси со страшни имиња кај се создаваат? Среќа, тага и купишта спротивности, а животот минува за миг. Секој ден е борба, одмор на другиот свет. Добредојде на новите мајки во темава.
А зошто да си седиш дома до 17 Ноември. Ако сега не искористиш сонце да прошеташ бебе надвор кога ќе го шеташ по магли и загадено ли? Не гледај многу тоа 40 дена. Јас сумз а тоа во тие 40 дена да не доаѓа многу во контакт со луѓе (непознати, во затворени простории и слично) ама шетање надвор на чист воздух може само да му годи на бебето. Моето се роди во сред зима со многу магла и загаден воздух. Првиот момент кога се крена маглата и кога на МојВоздух видов дека не е загадено се спремивме во количка и шетавме саат време. Потоа секој ден беше надвор. Пред да излеземе официјално надвор неколку пати го извадив на балкон, а јас одев до продавница сама по нешто да купам (на пример ќе заврши со цицање и ќе го оставам на пола саат некој да го причува), инаку ќе се побудалев. Јас се поболев. Некој мутиран вирус ли е, што ли е ама ем ме боли грло/уши еме имам нагон за повраќање. И имам чувство дека ме прегазил воз. Малиот ми поврати во Вторник и не ајде нешто многу деновиве, а носот му е затнат и кашла, ќе да е истиот вирус. Сега ми е жал што деновиве со сила му бутам јадење во уста. Сирото дете тоа имало мака јас го карам да јаде. Денес ќе му се извинам, ептен е лошо чувството во стомак. Ај само побрзо и со лесно да ни помине и мене и нему па бар малку да уживаме во викендов. Викендов имаме слава па и таму ќе треба да се оди. Ако не сум добра ќе биде весело. За китење елка ние од првата година откако е роден китиме елка. Првата година имаше точно година дена. На елката ставивме само пластични лампиони плус неколку скроз некрњливи од дебела пластилка и дрвени кои му кажавме дека се за него (скроз не одеа со остатокот ама беа ептен светкави за да му привлечат внимание) и тие му ги дававме да си игра со нив. Втората година ендаш за малку ќе ја собореше елката ама фала богу ништо не се случи. Годинава очекувам само да се радува. Имајте убав викенд сите.
@mimiiiii Изгледа јас не сакам, па се вадам со бебе Синоќа ја легнав во креветче и спиеше 3 часа сама, се до првото будење за доење, ама погодете кој не спиеше во тие 3часа? Се вртев цело време, ама празно до мене.. Око не склопов Едно грдо чуство ми дојде, си ја легнав до мене, си ја гушнав и сме затерале до 8 Исто и она, цело време се вртеше и испушташе некои крици .. Кога ќе закенкаше и ја ставав раката на образ и продолжуваше. Ама ќе се научиМЕ Синоќа реши дека ќе биде лошо бебе. Несакаше да заспие до 12, плачки цела вечер, ме пукна. Гладна не беше, неќе да ја шетам, неќе да лежи, неќе исправена да ја држам. Ау,хорор дур заспие Сабајлево па не можев да ја разбудам.. Не можам да се расонам, да шмркнам едно каВенце, можда и подочњациве ќе ги снема
Добар ден мајки...беба нејќе да спие па дојдовме кј една комшивка раат кафе да се напијам... Треба беба да ја носам на мерење кј матичната и упат за колкчињата..Ваљда ќе даде зелено светло да почнеме со немлечна исхрана...Едвај чекам Имајте убав ден
Добар ден. Малата заспа, некои денови спие, некои не. Полесно испадна да ми е кога не спие зашто си заспива ептен лесно во осум вечер. А ако преспие заспива во девет со поголеми церемонии. И јас едвај чекам да дојдат празниците само тие се светла точка во грдата зима. Ќе одиме и на коледе, малата веќе ја знае песната и се радува дека бонбончиња ќе и давале. срцка ми е. Елка ќе китиме заедно, китиме секоја година, ќе ја подзаградиме со нешто да не и падне врз неа само, ќе украсиме со сијалички, сите салтанати, зашто има кој да се радува. Со мм сами нит китевме нит ништо. Убави времиња се празниците, прават зимата да помине побрзо и полесно. @danichap мислев на постарите генерации што се многу лицемерни, демек они сѐ совршено направиле, па сега еве ние ги уништуваме новиве генерации кои за ништо не чинат, размазени, вакви-такви, ние сме само со телефоните во рака. А они имаа други пороци, ама заборавиле што и како правеле. Требаше само да не им сметаме и супер. И сега ние лоши родители сме биле. Ми пречи што те гледаат во дадена ситуација и одма негодување, праќаат убиствени погледи, а не ретко и знаат да преречат. А не знаат зашто или како се случила таа дадена ситуација. Ама тоа е, времето ги искривува работите и најдобро се паметат само убави нешта. Дури и да не биле убави со тек на време добиваат таква димензија. За денес ништо планирано посебно, ручек гравче, па може до некоја игротека или дома ќе се занимаваме со концерти, ќе бидеме готвачи, маркетот ќе работи со полна пареа и така.
Излези си со детенцето еден круг околу населба. Не мора да се меша со луѓе.Додека е потопло и има сонце. После кога ќе фати зима и да сакаш нема да можеш.Сонцето ќе ви прија и на тебе и на бебето . Стокми го во топло и во количка на шетање
Баш нормално е да плачеш во овој период, тоа е подт породилна депресија што влиае на хормони, па не си при себе неколку недели зависи кај кој како. Плачев и јас и тоа викав на глас и не знаев зошто плачам и после се смеев оти не знаев зошто плачам и така у круг. Не сакав маж ми да ме остава сама до бебе навечер се плашев Сега се ми е смешно ама тогаш ми беше ужасно плус сал сама. Ќе се смееш и ти за некој месец.. Не знам кој ти увртел у глава дека мораш дома да седиш ама не мораш да знаеш. Ако имаш потреба од одишка излавај и не чекај.. Добар ден. Јас сум во ужасна состојба исто како времево надвор. Главата ми е во ужасно стање. Нит спиев вчера нит од сабајле не можам да фунционирам Жими една риба што испржив и сок направив од овошје и се е распарталено а сифонот затнат. И сега седам со малото он спие кај да е ќе легнам и јас маж нека доаѓа нека јаде нека се бања јас немам сили ич Дефинитивно за мене не е обчност и тмурност оти сум тежок метеопат и ми влијае на здравје и пијам шака апчиња да се кренам во денот Не знам како преживував вака у англија цело време Така.. Поздрав
Те сфатив @RainBow. Синоќа почнав да пишувам и планирав да се надоврзам и на тој момент, но мм успал детето и кога дојде во дневна оставив телефонот. Што споменав на кратко делот со цигарите. Во наше време не се сеќавам некој од родителите да пушеле надвор. Во глава ми се слики сите на купче, димавици, деца со се стари во собата. Ние не сме пушачи, не би можела да кажам за себе, но не би ме чудело лицемерие кога на некоја од мајките која пуши да и се труби од страна на нејзините родители колку е штетно и лошо а истите тие порано биле оние кои на сите гости им велеле нема проблем, слободно палете во соба. Како амнезија да ги фатило. Ај остај со дискутабилноста на податоците кога деца прозбореле, прооделе, па на нокшир седнувале а ние демек треба малку гас да дадеме...туку и општо за се. Како масовна хипноза да беа тоа сериските филмови. Елката беше кај нас прицврстена. На таванот ставувме една кука и со две тенки ја врзавме и прицврстивме. Неколку пати спасија ситуација. Се двоумам дали воопшто да ја китиме годинава. Знам нема да преживеат ламбионите. Меракот е голем а знам дека само проблем ќе си направам. Ние со најмалото истегнати на спална. Да искористиме додека не дошле дадите. Љубов ми е
Добар ден! Денес петок било, не ми се верува како лети времето, оваа недела не видов кај ми помина. Ставив ручекот кај и да е ќе биде, си направив какао и седнав. Досадна сум си самата себе со монотоново секојдневие. Некогаш си велам ми треба промена, некогаш си велам арно си е вака. Животот си тече, важно да сме живи и здрави сите па како е така е. Сум настинала, целата сум размрсулавена, кашлам, ме тресе, ќе биде интересен викенд. Уште синоќа ме тресеше ама мерев температура немам. Кога ме фаќа настинка не практикувам да лежам туку напротив гледам да сум повеќе активна некако верувам дека така побргу ми поминува. Само детево да не го префати. Така да здравје утре на пазарување и ако се има време до еден поголем град на прошетка, а во недела кај нас е се отворено па сигурно ќе шетаме низ продавници и низ центарот. За елка да кажам, лани ја купив најголемата елка што ја видов и мислам дека дури овде пишував како се радувам и како ја направив преубава како од списание. Детево беше тогаш 14 месеци и ја научивме дека ако пипне таму ќе ја боли рачето па немаше гајле само и се радуваше и трчкаше околку неа ама не и се доближуваше многу. Е оваа година оти е непослушка тешко дека ќе се разбереме ама нема шанси да не китам, ако треба ќе ја оградам. Убав ден!
Ве читам, сакам да пишам ама ништо асално не ми доаѓа. Тапа период, никаков. Се испоразболев како куче, дома бев една недела со 40 температура. Сите мрсулави и кашлавме, одвај се оправивме. Не сакам да сум негативна обично, па си молчам во таквите периоди наместо да си кажам па да ми олесни. Мм е болен поприлично многу, еве веќе 8-ми месец фаќа. Де викаат подобро е, де викаат ќе видиме. Не е мала и лесна болест, иако он сега добро се осеќа ама... Ме изеде страв и стрес за иднината, што ќе правам сама со децата ако му се случи нешто. Нема, оди на подобро ама стравот ме јаде. Денес и добив на врв на се', со три дена каснење. Џабе се зарадував и овој месец. Бидете живи и здрави сите, ќе пишам кога ќе искочам од темниов облак што сама си го предизвикувам.
Здраво мајки Секојдевието ми е исполнето со син ми ( 15месеци ) па наместо во 40+ , каде пишувам одвреме навреме, да си направам по некој муабет и тука со вас. @elcezelce што направивте мајка, се му се насобрало на другарчето наше.Гледајте се , гушкајте се и внимавај да не дехидрира.Душа мила. Гледам за новогодишна елка зборувате.Елка ко елка баш нема да имаме оваа година , оти тоа би значело тегнење на лампиони , ма на целата елка , а и,верувам ќе се обиде да скока во неа И на мене од лани посебна маѓија ми имаат новогодишните празници поради малото.И така најубав период од секогаш ми е , а сега го сакам уште повеќе. А елка , сакам да нарачам од Али Експрес од тие што се стават на врата или на ѕид.Ем елка , ем ќе си стое на место.Веќе нарачав и други украси. Туку сега баш се мислев , дали да фатам диета од сега за на раат да јадеме од пакетчињата за Нова Година , или до тогаш да оставам вака , па со тие новогодишни килограми плус од јануари да тераме Се шалам , ама сериозна е работата.Од 6-7 вишок се плашам дека само угоре одат. Имајте убав сончев ден
Elka kje ima, dete ne smee da pipne Samo paketcinjata za nego. Dodeka go cekam mm da dojde so mali od gradinka da pisam. Rucekot gotov, site obvrski za denes zavrseni megu koi i terminot za vakcina protiv pneumokokni zaboluvanja, popravete me ako gresam okolu imeto na istata. Da rucame pa da prosetame dodeka ne zavrnalo. Maz ke odi na rab samo nekolku saati, pa ke se druzime denes Epten maka me fati za vtoro detence, preračunav deka ako cekam se da se sredi, tek posle 3 god moze da se fatime za rabota, a stvarno nekam decata da mi bidat 5 - 6 god razlika Sakam uste dve da imam za toj period Boze zdravje Rucavme i eve cica mali, da se osvezi posle rucek Pred i posle jadenje obavezno cica,kasa popara mu e vo mesheto. Da se spremime i izleguvame. Ladnicko e denes ama nisto strashno, i taka ke trckame. Epten se raduva na listovite, na cvetcinja, na zivotinki, pa sekoe izleguvanje nadvor ni e novo dozivuvanje. Jas ja sakam esenta i dozdlivoto vreme bidejki poveke sum doma, mislam deka sum popasivna vo esen/ zima, sto ne e taka, ama nekako kako posmirena se osekam. Letoto mi e burno i vozbudlivo, a proletta ja dozivuvam kako da moram da izleguvam i setam sekoj den na prvoto sonce. Odam sega. Ubav den!
Не знам дали е соодветна темава, ама ја најдов анкетава која се однесува на Родителско отсуство за таткото. Анонимна е. АНКЕТА ЗА РОДИТЕЛСКО ОТСУСТВО
Добро вечер мајки Бевме на матичен све супер напредвиме, се должиме ко боранија ...Беба мн хиперактивна ќе паднеше од вагата....едвај ја измерија...Со дохрана здравје за пола месец нема потреба уште сеа пошо мајчиново и е таман.. Тато ни е нешто вирусан со повраќање па ние на викенд сме кај дедо раат ќе сме и малце да одморам од домашни обврски... Утре да се погоди сонце па да шеткаме со пајтонов (читај-количка) и така... Беба си заспа од 8 сатот јас да се видам со комшикиве бивши да скршиме некој трач муабет и в кревет. Убава ноќ имајте и мирно сонче