Те разбирам како ти е. И јас се селев повеќе пати во животот мој и тоа едно 3 4 пати.. Тешко е ама ако не пробаш нема да знаеш, сепак трудот секаде е неминовен и борбата ама и среќата е многу важен фактор каде ќе те пречека со отворени раце Знам како е сам почеток ..катастрофа е.. Ама па со тек на време иде најубавото. Со среќа нека ви е.
Фала на поддршката. Верувам дека ќе биде добро, во крајна линија затоа и преземаме вакви храбри чекори, надвор од конфорна зона. Само трпение, се ќе дојде на свое место
Здраво женски Ми е страв да кажам дека сношти и ноќта пред тоа многу убо поминавме Еве ја бебка и сега спие, се нацица и потона во сон. Јас сум во очекување на патронажната, вчера не помина па се надевам дека денес ќе дојди @TeddyGrey Во постот од збор до збор си ме опишала мене ама ајде ќе биди подобро, зато сме сите тука. Мене најмногу ќе ми требате од 5 до 16 во месецот, мајка нема да биди тука и јас веќе отсега сум тажна, се навикнав секој ден со неа Па бидете спремни дека ќе ве трујам тука Бебка денес прави 3 недели...некако брзо ми летна времето Имајте најубав ден чупиња
Утро во контекс на претходните коментари и ја се селев од кога дојдов едно 5 пати ама во ист град иако е напорно , сепак менење на држава е нов стрес, нов почеток нешто не е познато @Capricorn Taurus Кај нас денес 20 че мислам степени А јас у зимно палто.Се накитив ко елка новогодишна,како во мк кога одев на работа , штикли, обечки,ланче, испеглана ,нашминкана ,уште гел на ноктите ми фали и сите вака ме гледат Тоа оти мм ја однесе ќерче на градинка или до сонцето ќе да е Инаку јас болна носот ми тече ама нема да седам дома си чувам денови за малата кога ќе треба да останам.А вртоглавицата уште не ми е 100%поминара ја осеќам.Малата прифати од мене па и таа нос и тече ама навнатре и затоа буфта Мм е најздрав ама на боловање е, го боли грб Утре халувин купив едни бомбони други , чоколадни бонбони, украси за врата деца ќе доаѓаат и мора да е све во ред.Немаме Коледе па ова ми е замена На работа ќе дојде денес старата колешка и немам ни еден од практикантитеДвете женски имат само школо овој месец и чак во декември ќе дојдат.А другиот практикант доаѓа пон и четврток.Минатиот четврток ме напна колшката ептен и таа зеде да си оди и му викам на практикантот во четврток ти ќе седиш овде или ќе полудам. Па вчера ме зезаше.Вика Ава јас ли таму седам во четврток?Викам да.Добро.А бива ли кој дојде прв ?Викам Учко дали ти ќе седиш таму сеедно она пак кај мене ќе дојде Друго требаше да пишам ама заборавив Сваќите да си ги поздравам само @24.07 и @TutiFuti Немам дијазапам да си гтнам пред да одам на раб со колешката. Ама затоа ви посакувам на сите убав ден без болести и дијазапами.Со повеќе насмевки и гушки од саканите
Здравејтее!!! Одмарам... на работа сум! Мислете што ќе мислете ама овде ми е најрелаксирено, опуштено и тивко! Овде пијам топло кафе , а таков луксуз јас ретко имам дома. Дома пак... далеку потурбулентно! Кај нас од сабајле е општ хаос, војно време... се си блиску до моментото да ја фатиш вратата и да бегаш ама ете баш у тој момент сфаќаш дека нешто си заборавил... дали каша, дали некој џемпер на големата, или мобилниот, наочарите... И утрово беше исто ... врева чиниш се селиме... а само се спремаме за почетокот на денот. Вака некако иде - ајдеее, ќе касниш на градинка , оди мочкај, ја облече ли, мамооо дај млеко, псст ќе ја разбудите беба (и секој ден ја будиме) , кај се клучевите од кола... тука некаде и свеки ќе се зашутка меѓу нас оти она и е другарка на беба кога јас сум на работа. И наеднаш стивнува... бебе со баба, дада оставена во градинка, јас и ММ сами скоро 10мин. Се возиме и гледам околу раздвижени луѓе, брзат некаде. И они ли така излегуваат од дома? Најчесто смуртени фаци, претпоставувам нерасонети... Едвај два реда муабет ќе врзиме со ММ, нафрлени реченици, погледи кои значат - помина најтешкиот дел од денот ( а се лажеме, исто е и ноќе пред да легнеме), на крај еден краток бакнеж ... Е малце подруго е кога сум втора смена. Ја нема таа напнатост и брзање од сабајле. Шмрк...голтка топло кафе! Си правам планови што ми треба за зимскиот период... се ми фали! Јакна, чизми, фармерки, панталони, блузи, ташна... Ми мириса на шопинг... и одма ме мава во глава - кој ќе чува бебе?!?! Ауу ова излезе долго... крај, престанувам да везам Убав ви ден
Здраво женски, ве читам ама не стигнувам да пишам, иако таб-ов по цели денови стои отворен па од време на време ѕиркам Периодов како и кај сите секогаш- растрчани со милион обврски. Кои од нив многу важни, кои помалку, кои банални ама се мора да се заврши. Не знам дали е до саатот или што е, ама во 9 и пол сум како исцеден лимон. Главава ми паѓа, очиве едвај ги држам а дете сака колички да возиме или доктори да бидеме . Не можам а да не мислам како ќе успееме да жонглираме со се + мало бебе. Веројатно како сите така и ние, ама како расте стомаков така растат и грижите. Се сеќавам на првите месеци кога се породив Убаво рече една членка- ако не се разведовме тогаш, нема никогаш . Сега гледано наназад не можам да си поверувам дека тоа сум била јас. Се надевам дека нема пак да се претворам во страшната вештерка зошто ни јас не се трпам таква. Се молам хормониве овој пат толку многу да не се дисбалансираат. Бар да не цмиздрам толку овој пат Викаат за второто се си знаеш па.......јас знам дека кој ќе ме издржи месеците после породување треба медал да добие. Капак на сите мислачки и малиов ми ја бојкотира градинката. Се нешто не му е погодено, само нешто измислува зошто да не оди. Абе како им работи мозочето еееј, се знаат. Веќе заборавив што сакав да пишам (фала за baby brain) а и мисливе и изразувањево не ми се баш концизни во последно време Барем сме здрави, сега за сега. Не знам како би преживеала една настика во моментов(било чија). Да го шмркнам кафево и се фрлам на работа. Побрзо оздравување на болните дечиња.
@Capricorn Taurus ,се надевам имаш добар прв работен ден,среќно и честито за новиот почеток.Само храбро и ако не пробаш,нема да знаеш.А тука сме на форумов,коа ти е мака пиши испразни си се... Добар ден...пола ден прошол а се осеќам ко воз да ме прегазил.Малово заспа,јас кафе да испијам раат и кичма да одморам.Нешто почна да ме зеза,па и надоле ногата ми се кочи.Уште тоа фали. Малово ко да почна у форма да се враќа со ихрана Сам сабајле си побара лепче...За доручек му дадов млеко+7дејс кифлички.,junk food. Мн пазев што ќе му дадам да јаде,ама ова немањево апетит ги помести границите.Ке пробам пак да воведам ред,ајде полека... Иначе креветчево у спална си стои празно,откако наполни синко 4м..Се мислам дали да го склопувам..Ама па ако решиме второ у скоро време,да не испадне само склопи-расклопи Поздрав мајко,се читаме
Здраво и од мене Станати од 6 ипол. Дете однесено во градинка, средено низ дома и направен ручек. Дури нешто и по плакарите потсредив.И мене тој пола саат додека го спремам за во градинка ми е трчи ваму трчи таму, па ако не е наспан плаче цело време . Сега ќе си направам кафенце, па може и едно да си дувнам. Време само за мене. Малиот две недели иде во градинка, а веќе седи до 4 ипол. Ама што да правам кога нема кој порано да го земе. Воспитувачките ми викаат вака планирате секој ден ? Како јас да сакам да го оставам толку, ама нема друго решение. Ајде кој е за кафе на раат па уште малце да се спремам за работа. Оваа втора смена ме убива .
Добар ден Со среќа @Capricorn Taurus , се надевам дека сега е она вистинското. Зграпчете ги со полн здив овие моменти. Неповторливи се. Толку многу нови почетоци, се прашувам од каде сум ја наоѓала таа енергија да кренам глава и да продолжам. Повторно од нула, се на ново. Некогаш и завидувам на онаа стара јас. На енергијата, на упорноста, на оној внатрешен движечки мотор кој ме водел низ сите патешествија. Мислам дека е за ремонт. Дијагноза премногу поминати километри. Еден од оние денови кога буквално немам сила да станам од кревет а се движам ко на батерии. Претпоставувам дека делувам како мува без глава, де одам де се зашантрувам па се прашувам кае одам и што сум сакала да направам... Главава на рамења за лепота ми е само во последно време(не сум многу убава, не се фалам, само кукам). Вчера имав термин во градинка кај големата, па со малото продолживме на прошетка и да купам играчки од лидл. После тоа влегов во еден друг дуќан да зедам пластелив и боја за раце. Барам барам картица...нема. НА каса во лидл останала. А на таа картичка има една поголема заштеда. Нозе ми се пресекоа од помислата некој да ја злоупотреби. Со маж одма отидовме и касиерката веднаш ме препозна и ми ја даде. Иако не очекував мм да ми држи лекција, некако почуствував топлина кога ми рече дека сум уморна и под голем стрес и притисок. Дека сфаќа, дека секому можело да се деси. Ме удрија хормони, си го гушнав. Деца во градинка, малово штотуку заспа. Цел ден ржи. Ај што ржи па и прета мава со рачињата и двете каши ми ги истури. Еден брзински ручек, запрчив риба и зеленчук како гарнир. Сеуште во исчекување нешто убаво да ни се случи. Мора Убав ден на сите
Добар ден еве сега си пијам второ кафе синко спие сега сам си заспива што да прави детето кога гледа мајка му е зафатена со чистење исчистив дневна преместив масата некако ми се здосадува па мора нешто да се направи да ни биде интересно. Ручек направен мм дојде апче да се напиел а не му се јадело а јас се скапав од брзање да направам Некако во последно време сме дома мм до 7 работи а мене денски никаде не ми се излегува ако излезам ќе потрошам еден куп пари затоа дома си седам не е до парите сама не ми се шета ми се чини дека сите во мене гледат а овде нема мол за да ти помине време . Навечер си играме со малиот со к коцките така ги вика и ме имитира јас викам каде се и тој по мене каде душа мајкина многу се приврза за мене сега само ме гушка ме бацува и само мама вика мене срцето ми се полни . Ова година елката ќе треба на таванот да ја обесиме како што фаќа на секаде ајде да одморам додека спие have a nice day my friend
Како би пиела кафе со мајкиве од тука... Уфф, мерачки. Дури мислам и би ве гушнала (ич не сум гушкало, не знам да се гушкам). Денес ја заспав беба и ја остаив на баба и. И излегов да трошам пари. Во ДМ и во Зегин, не дека е некој опасен шопинг ама летнаа 3000ки. Витамини, парацетамоли, креми за бебе, Софи, пасти, четки нови за мене и мм. Па купив 4. Кад је бал, нек је маскембал. Бебе и баба се чувале. Ја изнесов во двор, не дува само врне. Заспа за 10 секунди надвор. И си изнесов кафе си седиме под стреа, она спава, а ја патам за едно цигарче во моментов.
Мамички, не сум јас воопшто за тука, ама се загледав во едно видео на Youtube, па сакав да ви пишам дека ви се восхитувам на живците што ги имате за одгледување деца по дома. Од гледање на клипов се уморив, а камоли да треба да чувам бебе кое ќе ме остави без спиење. Искрено, не се замислувам со деца, премногу грижа е, а јас почнав да губам нерви, па не сакам додатни нервози. Како и да е, само да ве поздравам и едно големо браво за сите храбри и издржливи мајки на форумот . Нека ви се живи и здрави дечињата
Здраво мајки Лудница е по дома.Рано се стемнува и што да прават деца толку време.Измислувај игри ама им здосадува.Па тука редат перници и рипаат па нешто зборуваат или ќе почнат да се тепаат па да квичат и рикат. Јас од сабајле пак бев на болница.Кај специјалист за уво,нос и грло.Десното уво е страшно воспалено.Ми препиша спреј специјален за синуси едни убави 400 ден.е и апчиња за воспаление на ушната туба,и сите што ги пијам се многу јаки.Па почна и желудник да ме боли. Се исплашив дека ќе однеможам да слуша замислете да останам глува на 26год.и така си се нервирам.Многу боли.Вчера дури си се изнаплакав.Па и ова големово ич не ме слуша. Само драми прави. Сабајле стана весел.Го облеков и грабна помадата и се наклефта по цело лице еден тон,и почна да бега по улицата не дава да го размачкам. И најубавото е што си влезе убаво со насмевка и се гушна со учителката. Е после откако си дојде дома пак почна да се лути нешто рита мава се тепа со мене.И го оставив на игнор.И после 15 мин се качи дома сам весел. Малово само плаче од батко му мн го закачка тепа и не му дава играчки. И мн мн мн ми недостига мм.Кога е тука сите сме среќни и здрави.Само што тргнува од дома одма мора едно дете да се разболи.И јас нон стоп сум болна.Како некое мало дете сум. Се заборавив како бев полна со енергија и желба за се. Ново ништо. Имајте убава вечер позз...
Хелоууу мајки.... Уф јас уште нз на нозе како стојам...вчера заб оперирав рано рано...беба за малер абе цел ден нејќеше да спие...Ваљда осеќаше дека имам бо Ама барем мирна беше само ме гушкаше...дури вечерта едвај ми заспа во 11...ексик.. Сабајлево во 7 ко ми отвори очи полна со енергија ми се стемна, ама еден нејзин осмех одма ме расонвит...она си гугаше јас кафенце...па после мм го разбудивме да не сме сами двете Излеговме малце на прошетка и да напрајме шопинг. Па стандард ручек па малце дремка и опет на шетња до кј дедо да го видиме Еден тон работи имам за средвење нз од кај да почнам...сеа беба да заспијат уш малце и почвам со плакарите прво да прередвам летно со зимско... Сеа за сеа пријатно
Вечер мајки Првин читав, па ми текна дека не шлапнав лајкови и се повратив ко божем некој минус ќе ми пише, а може и да кој ве знае Денес денов штом почна едвај чекав да заврши Се преморив од возење, се преморив од анимирање бебе, се преморив од слушање детски песнички, па капак на се се преморив и од гости Чашите и тањирите сеуште седат пред мене, не намеравам да ги поместам, на мм ако му се раздига нек изволи, ако не има ден и утре, па ако најдам сходно ќе ги присоберам Капната сум, бебе уште ми спие на нозе, да зацврсни убаво сон, уствари се мислам дека е таман, значи да дотипкам тука и идеме да се паркираме на кауч Искрено, најискрено се надевам нема да ме зеза у пола ноќ да го думкам, а не дај боже да го играм И ќе го оставам да спие се додека сака, па и јас да се изнаспијам Ме совлада уморот, ме совлада неспиењето, мисли, мисли уште се мотаат низ глава, но од истоштеност веќе се исклучувам и се комирам Вчера бебе се разбудил, си седнал и ме чепка, кој знае колку време си седел, првин мислев дека сонував нешто, ама откако ми залепи 2-3ри шамари и ме испокуба разбрав дека багабонт се издигал. Ми се плачеше, но не смогнав сили да станам, го оставив да се препелка низ кревет, па се врти, трти, бута во перници, гуга, вика, си збори нешто, вади/става цуцката, па ќе пододмори и се така кој знае колку време, може и 2ч да беа и во еден момент ми текна да го понудам да цица, за 2мин се комираше, криво ми беше што не ми текна и порано, но толку памет ми останал Периодов имам куп дешавки и термини, се надевам ништо нема да заборавам.. Полугладна сум, но не ми се ризикува да ми се ококори бебе, а и не знам дали имам сила да џвакам. Вчера онака убаво се погледав на огледало, после укажувањето на неколкумина дека многу сум ослабела и заклучив дека сум малтене костур, па изгледам и болежливо Ама душава не ми сака Мм среди тањирите, присобра и играчки Идам да спијам, ако убаво се одморам може и убаво ќе јадам утре Убава ноќ
Добра вечер Што да пишам, некако претепано се чуствувам преуморно Кај нас вонредна состојба од поплави а ние шетаме со дете со опрема за дожд Денес маж дома па си се посветивме на нас утре пак на терен ќе остане и ете помина неделата другата ќе се спремаме и ќе поаѓаме надоле Убава вечер..
Прво една голема гушка до @Capricorn Taurus Баш скоро ве помислив и ќе те барав ако не пишеше Ете оправдано, ти посакувам успеси и да го најдете она што го барате таму @AnoЛесни чекорчиња И баткото мој прооде Исто како твојот со рачиња е горе и гласот на најјако е пуштен кога оди , мислам му се зарипна од викање , од радости Е, интересното е како прооди Јас тргнав накај тоалетот а тој ме виде Беше со татко му и почна да плаче, зошто ме снема, се пуштил накај тоалетот и си плаче Маж ми свика , излегов , гледам човечето оди А баш дента пробуваше чизмички во Енци и продавачката го гледа колку лесно се движи за раче фатен и искоментира дека е спремен уште да се пушти. И одеднаш го шпарта цел стан. Не ситни чекорчиња, оди без застанување Т.е трча Маж во кафана, го викнав за глупост да дојде да го носиме дете демек на дежурен, испаничив па и мајка ми долеа оган, се испокаравме и си отиде... и признав дека испаничив без веза на маж ми и му реков марш во кафана назад .Дете си легнав до мене и осеќам дека долга ноќ ќе биде на размислување, глупости, на долго и широко .... Добра ноќ.
Добра ви вечер, додека се решам да си легнам да шкртнам некој ред.. Деновиве до пладне како минута ми поминуваат, ама затоа откако ќе стане дете од дремка до легнување навечер време не поминува, што ли не смислувам само да му задржам внимание. Синко сака цело време да се играме заедно и искрено да ви кажам гледам максимално да му угодам, да искористиме уште малку што целото мое внимание е за него, љубов ми е Време час пролет, час зима и расположението исто такво, натежнати мисли и стравови испреплетени со спокој и среќа. Цел свет е мој кога се смее и за миг сум толку беспомошна кога ќе се пожали на болка, а последнава недела дена е раздразнет, разлигавен и често ми се жали на болка во меше, но незнам дали е сериозен или привлекува внимание зошто после неколку минути скока, трча, се смее За десетина дена влегувам во деветти, а неспремна како психички така и физички. Се некако далеку ми се гледа и искрено ме плаши моментот на породување и уште од сега кошмар ми се деновите во болница Душата ми изгоре како ќе оставам дете, ќе ми фали до бескрај а и уште не сум се решила дали воопшто да ми го носат во болница, несакам ни да замислам како ќе се разделиме кога ќе треба да си оди Долга ќе ми биде ноќва мислите ми се рашетани, многу сакав да пишам, а испадна да филозофирам. Едно ми спие на срце, а друго прета под срце, ете нека застане сега времето да украдам моменти Имајте мирна вечер
Добро утро Дете спие,кома е спие по 11 часа ноке и имам една дремека од 2 часа.Спанко на тато е. Вчера бевме до чаршија купувавме подарок за на роденден,во недела сме со дете. Дете не сакаше да седи во колкичка,но срека мајка ми ја сретнамвме.На рајат разгледував и на крај го зедов помалото бројче,сега ке треба да излегувам за да го сменам. Мајка не викна на гости и така гости истеравме,мм дојде и тој од работа ручавме и си дојдовме дома сношти кај 8.Се спремавме за кревет дете не сакаше да заспие, Правеа колук наорет скокаа со мм....Зеде мм да го заспие без успешно и јас потоа го нишав 40 мин. конечно се предаде. Денеска во план одмарање дома,сакам мм да си дојде порано да играме сите тројца да се бориме да се смееме.... само ручеци ке правам за дете и за нас но се мислам што да биде.Но има време ке смислам нешто. Не е еднаш и ова јадењево, Мм кога ке го прашам што сакаш ми вели незнам,епа и јас незнам....И некогаш на тоа незмам остануваме,јадеме остатови кд фриждер. @Ano,@eli25 лесни чекорчиња на маженвата Дете се разбуди Убав ден на сите.