@Kitten Не,напротив, никој од нас нема клемпави уши. Нормални ни се Едното стално и е превиткано. Кога можам ја поткревам и и го исправам, ама навечер .. со саати си спие изгледа со свиткано уво. И се приметува дека и е такво, горниот крај и е свиткан,надолу е нормално. И за фластер дури добив “совет”, да и ги лепам Нема шанса, мислев со стегач ќе биде нешто, ама и така знае да и се свитка, или па да се расплаче пошто не ги сака воопшто.
Тука сум јас чат пат пишувам колку ќе стигнам , фала што ме спомна. Немам секогаш време да исчитам и пишам. Малово е станато страшно посесивна и кога ќе дојдам од работа мора цело внимание да е на нејзе, би граба телефон од раце, ми затвара уста ако пробам со татко и брат и да направам муабет. Знам дека и фалам ама претерува некогаш, не ме остава ни маса од ручек да раскренам. @mariz среќен роденден и крштевка на куклата, да е здрава жива весела и само радости да ви носи
Баба ми има страшно клемпави уши, си ги мрази и замразува секој ако и спомне такво нешто башка и се гледаат од мека и ретка коса и мене како бебе од комлекси и стравови не стегачи и ми ги лепела додека мајка ми била на работа уствари не знам се што не направила за да не ми се искриват мајка вика те малтретираше буквално ама што да правиш она се плашела дека како нејзините ќе бидат и страшно се лути ако некој и спомне за ушите Од оваа гледна точка фала и ме исправила на прав пат И јас пазев на моето дете многу за ова, па и ластици му ставав се со цел да не дај боже му се искриват он ќе го свитка јас тргај Ден денес маж ме зафркава со ова а јас се лутам па дури и за неговите Дојдов овда да пишам де, се сврткав до кујна па алишта простри па натаму па наваму ојде времето а сабајле рано сме станати ќе одам да спијам да наполнам батерии.. Кога беше викенд кога ете го од утре почнува Убава вечер на сите т.е добра ноќ..
Отсекогаш не сум ги сакала неработните денови бидејќи на мм таква му е работата да секогаш работи кога е неработен ден. Веќе неколку месеци не ја сакам ни недела бидејќи мм и тогаш работи. И не сакам тишина односно ја мразам. Можеби дека тишината најгласно зборува и само тогаш можам да ја слушнам внатрешноста на мојата душа и срце. Упорно барајќи галама можеби премногу нешта се потиснале внатре и веќе нема место, се гушат. Не знам како да се ослободам од се натрупано во мене освен преку солзи, разговор со психолог или оној балонон со оган што се пушта нагоре за да ми ја однесе тежината. Едно време имав приметено, а деновиве пак приметив дека пред скоро секое какање малата е така понапорна, понервозна, но после се враќа во нормала. На првата прошетка смрзнавме, на втората и по блуза беше жешко, на третата ладнично, но подносливо. А што убаво ладно си беше, од кај се појави ова топлово денес, ме потсеќа на летово што измина и мака ми е. Ми се пријаде пица со многу пармезан. Добра ноќ Дали ќе научиме да се радуваме на моменталната состојба пред да биде доцна? Дали често ги гушкате саканите и им кажувате колку многу ги сакате? Откако станав мајка животот ме научи да имам трпение. До душа уште ме учи, ме тренира и ме става на проба. Трпение- спасение. Смиреност. И на времето му треба време. Љубов. Љубов. Љубов.
Добро утро Еден бокал кафе дали и тоа ќе ме освести,почнаа пак болештините,прво ќере кашла тт, па сега синко неможе са спие се гуши од кашлање и шлајм, на гради чист се од грлото а може и заби се во прашање ,тројките се следни, жлебина набабрена не дава но да го пипнам за гелче. Веќе цела недела дефинитивно ос болно дете нема полошо, а за лигавењето е друга приказна на глава се качија. Синоќе право на дежурен очекував од ова германциве само свеж воздух како терапија да добие ама си доби и чепче кортико ,па веднаш утрово е подобар дури и две добивме во резерва чудно у нормално носете дете на свеж воздух. тоа е кај нас,убав ден на сите бар битно кафе послужив за расонување.
Добро утро Тука на кај добар ден, часот не го врати Ердоган. Да пробам да склопам некој ред, покасно ке ве прочитам. Мариз среќен роденден и лесни чекорчиња на малата. Лесни чекорчиња на малото на Ели И ете толку ми е меморијата а заборавив многу, имаше уште за честитање знам. Но не паметам уште никови Кај нас секое утро почнува со плачки. Го будиме за туширање и менување лепенка на катетарот од кај што ги прима инфузиите. Жива рана му е направена кожата од одлепи залепи. Така доби и фобија од бањање. А кој не би? После шак преспива час два, од вчијание на лековите. Утрово пск прими тромбоцити, вчера пак норнално било.. Го болат ноџињата, се масираме, поодуваме колку може, колку сме во можност но мкнеме сталак по нас. 24 часа низ две места нон стоп капе нешто. Трмперстура веќе два дена не крева над 38.дијареата и треските спласнуваат. На секој час влегива сестра, мери притисок, пулд, температуре. ОБАВЕЗНО. Во 3 саат наутро се зима крв за анализи и измегу плус ако има потреба. Исто обавезно мерење килажа после зимање крв. Пак нервозен затоа што го будиме. Толку за неубавите работи. Овде гушкањето ни е со две раце, дома не сакаше гушкање ИЧ. Овде сам кажува многу те сакам мама, плус на секое мое ксжување враќа, и јас тебе те сакам многу. Ај уште по плус е и кога го фати некоја нервоза, па ме удри, и по тепањето следува дека ме истепал ото многу ме сакал. Гледа веќе цртани, си играме, боиме, се гушкаме, се надмудруваме, гледаме стари слики, ту се караме до сестрите ту ги гушкаме.. Желби милион.. Понекогаш кажува дека сака да излеземе веќе од тука а понекогаш вели да седиме дур не ја извадиме болеста од нас, која се разбира, полека полека излегувс и оди во шољата. Тој е со желби милион а јас полна со идеи и елан за кога ке излеземе како да ги оствариме. Така да... Ние сме добри,да не не мислите, нема плачење немојте ни вие, истото го кажувам и на моите дома. Е сега, понекогаш морс човек да се издуши но после бришиме очите и им се радуваме на моментите. Има многу моменти полни среќа ама не ретко не ги приметуваме . А не треба така. Но за жал, когс човек ле доживее полошо, тогаш ни станува јасно. Убав ден другачки
@galapce душо, многу сакам да ве гушнам во живо, но за жал ќе морам виртуелно Солзи ми потекоа, ама од радост, знам дека ќе бидете добро. Најтешкото го поминавте, сега само да закрепне малку и за последен пат да си заминете оттаму и да не се вратите никогаш веќе! Храбра мајка, за поклон си, навистина Гушки до малиот херој и до тебе, да ве огрее сонце што поскоро Фала Богу, бебка е подобра. Грлото е чисто, гради чисти, само носе затнато и без темп. Ќе биде добро. Весела си е, си јаде, си игра, си гуга, па се надевам за брзо ќе се исчисти и носето. Синоќа Септоназал и прснав, по препорака на докторката, бебе спиеше како во кома. Ни претна ни мрдна цела ноќ. Душиче, преуморно сиротото од што не можеше да спие од носето И јас и мм се наспавме синоќа конечно. Сабајле се издигавме сите во исто време, кој од кој повесел Бебе одма почна да пее песни, се разгуга, се изнавика, се изнакикоти И на крај морав да се шмугнам за на раб да не ме види зошто ќе беа плачки Почнува да се закачува по мене особено. Со мене сака да заспива, сака да сум јас до неа додека спие, сака се со мене. Штом ме види, ма тоа е кикотење на цел глас. Не дај боже до тоалет да отидам. Вреска, се кине. Вчера отидов да мочам и вресна на цел глас, па ете ја свеки се качи, се испаничила дека ја чула колку пишти. Викам па по мајка ако не пишти, по кого сакаш? Си мислам, по тебе сигурно не Леле морам да ви кажам. Вчера мм иде да ме земе со бебка за да ја носиме на лекар, и кога гледам и свеки во кола. Ај нема врска, нека дојде жената, не ми е проблем воопшто. Леле жени, кога влеговме кај докторката, кога почна да се фали како она и праела јадење, па што и давала (ко божем сама решила тоа да и даде, а не и е кажано од мене), па како јадело детето од неа све (она инаку јаде од сите све, ама ај ), па како ете она веќе стара била, ама сепак се „нафатила“ да ја чува (демек можела и да одбие, ама ете ради своја добра волја решила да се „нафати“). Ја гледам докторкава ја слуша како се пува и се фали, па се труди да биде културна и да не се насмее, а оваа у облаци, раскажува ли раскажува како она за детето ова, па како она... Не се ни налутив воопшто, мене ми е смешно што се поставува посупериорно од мајка во однос на детето Па леле кога почна како она тројца мажи толкави изгледала, па немала свекрва да и ги чува нејзините, сама морала све да праи... До есен ќе издржам, нека ја чува, после здравје, во градинка. Едвај чекам искрено Тоа е, друго не знам што да пишам. Петок денес, се молам да не излезе од негде некоја фрка ко што знае петочки често Имам еден настан денес, среќа во нашите простории ќе биде, па не мора да акам низ град. Убав ден и убав викенд на сите, отидов јас да си купам јадење
Здраво мајки Нека им се среќни родендените на вашите дечиња.И сите што славевте нешто.Ви честитам. Јас пак бев кај док.ми препиша други капки плус,сега лежам си капнав 3. Уште ме боли десното уво.И уште не слушам со него.Хаос. Деца се во градинка. Вчера бев за бугарија се сликав за пасош.Кога си дојдов деца трчат мама мама и ме гушкаат. Па ајде јадевме.Ги бањав и на спиење. Малото цела ноќ нешто збореше во сон.Дали оти батко му нон стоп го закачка тепа и бутка.Кој знае. Имам куп работа. Ај да станувам. Убав ден @galapce
Добар ден мајки Додека не сум заборавила честитки за малите на @mariz @eli25 @Ano. @Sexybaby86 ме потпали со убавото искуство од карибите.На еден од островите ќе одиме, Курасау. Мало и прекрасно место. Под Холандија е, не треба виза, па плус е. За Гренада, соседниот остров, ни бараа на пример. Наредиве месеци ќе се полнам со позитивна енергија од помислата на бескрајниот хоризонтсо вода и песочните плажи. Синоќа средново се разбуди околу полноќ и полна со енергија неколку саати беснееше. Во такви моменти татко и си зема перницата и јорганчето и се сели во детска, на креветчето. Сабајле се прејавив во градинката кај големата, дали се отворени. Се изненадив кога рекоа да. Во градинката кај средното си ги поврзале деновите, вчерашниот празник со престојниот викенд, и денес не работат. Ај, јас сум дома, не е страшно. Ама има родители кои работат. Како може вака не знам, а не им е прв пат. А јас мислев и денес е празник, па затоа. Арно свекрва ми ми кажа да се јавам да прашам во другата градинка, дека не е празник денес, дека може се отворени. Кое олеснување ми е само со двете. Море како деца да нема . Било која во комбинација со најмалово се прифатливи, само големиве две сами да не ги остави човек, очи ќе си извадат. Сега спие малово, кај да е ќе стане, па ќе дојде дремката на средново. Море и за второ кафе ќе имам време. После имаме еден термин, во 15.00. Се надевам дека конечно ќе бидне и втората работа која долго ја чекавме. Ај што кашлам и полна сум мрсули, па и десново уво ми се затна. Убав ден мајки
@galapce на плачка неможеш да и речиш да не плачи и да и ги запреш солзите.....среќа малава заспа па се изнаплачив. Од срце ве гушкам
Сакав нешто да пишам но што да пишам после постот на @galapce.. Да се фалам не можам, да се жалам грев ќе е.. @galapce мајка читајки те сваќам колку уствари една жена може да биде силна. Толку тешкотии има на твоите рамња а толку си смирена, позитивна. Секогаш си велам дека господ не дава тежина која што не можеме да ја издржиме ние луѓето. Да го гледаш твоето најмило во таква состојба, не можам ни да замислам колку е болно. Господ никому да не даде. Искрено посакувам да ви заврши овој лош период и веќе никогаш да не се повтори. Сакам да и честитам на @mariz , @Ano i @eli25 и сите друго што ги пропуштив а што имаат за честитање.
Како се одвива едно бањање на мајка. Си бираш алишта од шкаф. Дете закачено зад тебе, ти како си вадиш гаќи од фиока, и оно вади и фрла на земја и се смее. Ги враќаш 3 пара назад, и бараш маица и дете пак истите гаќи надвор ги фрла. Подвикнуваш и ги враќаш, а дете вреснало да плаче. Смируваш 15 минути, и одиш по горни алишта. Додека бараш у шкаф, дете се напикало у шкаф, го вадиш, затвораш врата и сфаќаш дека таму му биле прстите и му ги фаќаш. Нова тура плачење, смируваш, малце со преинфаркна состојба да не си ми ги скршила прстите на детето. Сфаќаш дека е океј, се смирува по 15 минути. Одиш у веце, сака со тебе, нејќе пред врата. Океј, си викаш, поарно да го гледам. Пушташ вода и додека ја направиш топла ладна, се вртиш и нема дете. Оставаш се и тргаш, го враќаш назад со играчки. Трчаш, водата тече. Се соблекуваш гола и влегуваш, ти вика, а што е тоа? Викаш меше. Не тоа погоре. Викаш раце. Плаче ко блесаво, знае што е рака, што меше, тоа што праша не е. Плаче плаче и викаш, добро, цицки се. И почнува да се дере на цел глас, цицкиииииии цицкииииии и бам да го нема надвор до веце. Одиш гола по собите, со пена на главата, го вракаш назад. Игра со играчки на земја, и додека да се исплакнеш, решава дека сите играчки треба да ти ги плесне у када. Додека те гаѓа, викаш не така, полека, и иде поблиску и прави шлаааасссссс, и оно е жива вода. Излегуваш, пола бањата пола не. зимаш крпата, и трчаш да пресоблечеш дете. Таман си му облекол суви алишта и тргаш по крпа за главата вика мамооооо јас какав. Ајде се враќаш и мењаш пелена. Тргаш по крпа пак, и вика мамоооо мене ми се јадеееее. Викаш сега, да зеам крпа. Нееееееееееееееееееееееееееееееееее! И се враќаш, миеш јаболко, ги даваш, нејќе, сака банана, лупиш, даваш, одиш по алишта, сфаќаш дека главата почнала да се суши, и ај викаш не мора крпа, со фен ќе се исушам. Се облекуваш, зимаш фенот и почнува да вреска од страв од фенот. Гасиш, го зимаш у раце, смируваш, и вика,мама мене нана. Успиваш пола саат. Заспало дете на твојата рака и не можеш да ја извадиш, ако мрднеш сеќава. Заспиваш до него со водена глава. Стануваш со гавоболка и прст у око. Сакаш да расчешлаш коса ама пуцвал е. Ја врзуваш со стегач. Постов го пишувм за сите оние што викаат, ако си родила не значи дека треба несредена да одиш. И муабетот, види ја косата врзана, еднаш не ја испгла откоа се породи, Или, роди дете и за никаде стана. Мисли се омажи и треба да е за никаде. Жени што немате деца, вашето туширање е влегуваш у вода, се бањаш, се облекуваш и сушиш и готова си. У една реченица.
Добро што е твоја свеки заинтересирана и што збори , а не ко мојава, чудно створење, намќор, не ја видела малата неколку недели, нема ни абер. А пред други луѓе глуми лудило.
@Black girl не се жалам јас од свеки, ми се наоѓа жената и тоа многу. Ама пусто да се фалело ко она да му е мајка на детето ми е смешно На кој стигне се фали, ама не замерувам. Арна е и со толку, што викаш има и полошо. Жал ми е што е кај тебе таква ситуацијата Не можам да замислам баба (без оглед дали свекрва или мајка) да не дојде да си види внуче, ни да праша како е што е. Тоа е, милион луѓе, милион табиети.
Добар ден Како сте?! Воопшто не верувам дека периодот мк следната недела ќе ни се погоди. Али што е тука е, ке одиме до некој кафич на кафе, до манастир се надевам, ќе се видиме со најблиските и толку ќе е , уствари се размислувам максимум да се 5 дена и тука. Многу сакам да патувам со кола, непроценливо ми било од секогаш кога во 6, 7 сабајле сум пиела кафе пред белград на бензинска па и со едно цигарче убавини. Додека сум бњуела во мртва точка. Со авион не ми е таа среќата кога сум патувала, не можеш музика, не можеш цигара, не можеш пауза итн.. Едвај чекам а и маж многу сака да патуваме, се надевам и дете ќе ужива. Штом пројдов 3000 и кусур км со бебе ќе поминам на пола до дете И така.. Он почна да игра се повеќе, ентузијаста сум па купувам нон стоп играчки, полна да реди, моторика да развива и добро му оди. Сега планирам од мк да изназемам сваштарии од играчки дека имам еден детски бутик што е ефтин за разлика од тука. Па ќе се награбаме и така. Денот ни е сведен на пуштање тв у позадина пиу пиу а он не ги ни гледа уопште ама нели да брмчи нешто дека цел ден сами и така.. Понекогаш ми се смачува од јадењето прави прави и фрли си на крај ама тоа е. Еве преска се изнервирав некогаш преку глава ми доаѓа од домаќинлк искрено а и на кој не нели? Ама период е па се тешиме и така Во секое нешто си има свои арноки и лошотилци баба ми што вика. Тука врне, од сабајле чекам маж и или ќе излегачиме сите или ќе прошетаме или или ќе видиме тек тоа. И вчера рано си дојде сабајле па имавме цел ден он се наспа јас филм гледав па излегувавме. Викенд утре.. Како поминуваат деновите тоа чудо. Среќни да сте живи и здрави, честитки на сите за сите поводи. Поздрав.
Добар ви ден Дете спие компири се варат за пире, стек се пече во рерна јас седнав со литар минерална вода до мене и ја густирам, ме реже и ми смирува киселини, се надевам го најдов лекот Што дека дете ја отспа цела вечер и тоа без воопшто да дојде до нас кога јас си дежурав, што од мака, што од мисли и во 5 си ги скратив маките станав во дневна си испив кафе врело, па си затоплив лепче со буковец и маргарин, убаво ми дојде, па и филм си изгледав, каков луксуз само за мене цели три сати. Стана синко бараше мекици, кај му текна, земав му изпржив лепче со јајце, јаде дете јас среќна го прелажав кога ми вика убо пепче мама не метици После ручек ќе шетнеме само да не заврне, ми се пријадоа печени костени, сабајлево имаше сонце ама сега се мурти, премногу ми влијае времето на расположение и тоа последниве неколку години претходно и да врне и да вее гајле си немав што си имав замислено ќе си истерав валда детево ме промени. Да станам да си направам кафе, да не останам на едно само, ајде кој е за нека повели.. Имајте убаво попладне
Значи ќе пукнам некој ден таман реков малиот оздрави завчера појдовме да пазариме вечерта и до чаршија некој круг убаво беше времето вчера сабајле станувам малиот кашла буфта без престан додека го спремив за на доктор три пати поврати коса ми се крена од дома до на доктор не престана да кашла многу се исплашив нз како возев а таа матичната врска нема нема вика ништо инхалаци и цефаклор сируп ни даде и капак на се мм вика настинал од внука ми од пред две недели кога бев охрид се испокаравме секогаш моите не му чинат и не му правам муабет сега само ако ми треба за малиот само синоќа пробав со шприц и физолошки низ нос му излегоа мрсулите па рат спиеше гледав на интернет ај реков да пробам дали делува па седеше мирен после пак ќе пробам секако со пумпица не сака да му ги чистам ете го сега спие и кашла буфта кажете што да пробам друго нз што да правам
Мајки здраво и од мене Која се сеќава на мене од труднички пред 3 и кусур години како пекав по работа, сега еве ме на работа и пекам по дечињата и "досадните" денови низ дома по цел ден во пиџами Секогаш ми е непогодено... Да има денот бар 5 саати повеќе па да стасам за се да имам време. Читав една статија по порталиве која вели на мајките со три деца дека им било најстресно. Плус кај мене ситуацијата што сум сама со трите... Вчера ги носевме со татко им на настан под маски во игротека и искрена да бидам ми фали онаа фамилијарна атмосфера и сите петмина на купче. И покрај се, добро е што и двајцата сме со сфаќања од 21 век,а не ко некои затуцани кои коментираат дека бивши сопружници не доликувало да комуницираат а камо ли низ град со децата да шетаат Друго што би кажала, се чувствувам преморено, ненаспано, со огромни подочњаци. Две недели како сум на новава работа, од една страна ми е супер, ги обожавам утрата во кои имам агенда за денот, причина за да се дотерам и нашминкам, а од друга страна па болка ми е кога ги оставам во градинка и плачи малото по мене. Мамички кои имате дечиња ученичиња, какви оброци им спремате за на училиште? Давајте идеи, добредојдени се За крај, честитки за сите кои сте имале поводи за славење. Особено голема виртуелна прегратка до @galapce и нејзиното јуначе
@Cka од збор до збор така е! И ноќеска легнав со мокра коса и еве денес главоболка. Единствена можност ми беше да ја исушам кога заспа ама не знаев дали и кога ќе спие до толку цврсто да не го слушне фенот. Освен ако не одам во комшии да сушам коса. Ауу сега ми текна дека кога беше помало сушев коса во двор (се чувствував како најретардирана во населба) и замислете струја снема тогаш! Како Марфи никој не е. Да ја искористам приликава да се пофалам и фен дека купив иако ретко имам прилика да го искористам. Ништо важно да пишам. Имајте убав ден!