Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Дете спие а јас да пишам со првото кафе во рака за денеска.

    Два дена главата ме боли ми се лоши и имам вртоглавици, утрово не можам да ја поткренам главата од перница.Се напив апче за болка,едно магнезиумче и витаминче ц и подобро ми.

    Дете се разбуди пред 7 но за срека призаспа до 8.А јас станав да се соземам малку и да потсредам малку,машина пуштив и ставив ручек да се прави уште во 7 .

    Дете се разбуди го преслеков и заминавне да испазариме од малскиот маркет.Назад дома на доручек и излеговме надвор да поигра во двор,додека собирав и спружирав алиша на жица.

    Влеговме дома....Имав една вртоглавица,се ми е вртеше како пијана бев.Седнав на под,главата потпрена на кревет и игравме со дете со коцки.
    Душа моја,знае дека не ми е добро иди ме гушка и ме бакнува.

    А свеки си спие во друга соба.Стана сега пред да го заспијам дете да го носела до маркет.А кај беше додека седев на под со дете.....

    Се надевам мм ке си дојде во пристојно време од работа малку да ме замени.
    Одам ако можам да дремнам малку додека дете спие.
    Имајте убав ден.
     
    На Coco31, eli25, elcezelce и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @Belabelinakinder и мојов е од ист материјал кроен, не е проблем дете по ветар и по дожд да се шета, ниту тоа кога ќе се прибереме дома дете испотено од трчање па се молкне по ходници, зошто тогаш љубовта е најголема иако три дена пред тоа глава не поддале од врата да го ѕирнат, а во иста куќа живееме. Ама затоа кога дете ќе се разболи одма е ти текнува пред месец дена мајка ти сладолед кога му купи или сестра ти сигурно болна дојде а не кажа а по глас настинка и се осекаше. Викендов доаѓа сестра ми од Скопје па му велам вчера ќе одам Сабота цел ден таму со дете, ми вика еее сега наредна недела треба вакцина да прими, ќе настине, му реков ако настине нема да прими и готово, јас секако ќе одам, а тој ако сака и на глава нека застане.
    Инаку за кашлица јас на синко му варам јаболко кромид и тоа што се преградите меѓу јатките од орев, откако ќе зоврие пола сат на тивок оган. Исклучувам рингла уште 20тина минути оставам покриено со капак, процедувам и давам на пола саат по лажица две или со шприц, ако ти го пие можеш и на едно пиење по 20-30мл, на синко му помага е сега ако ти е шубе од оревот прави го само јаболко и кромид ама со лушпа кромидот и пожелно да е црвен.
    IMG_20181102_142126.png
     
    Последна измена: 2 ноември 2018
    На eli25, 24.07, karibian и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Колку е само реален постот на Ска.
    Сега кога читам се смеам, во тие моменти сигурно ми се плачело.
    Армо ама, време минува, децата растат и нема се да биде така.
    Еве мојот веќе не прави (секогаш) така, сега му го давам тел. и не се замара со мене, може да се бањам со часови :D
    Друга работа што функционира со сигурност е да им дадете на децата да перат на рака додека вие миете коса или се туширате.
    Тоа за децата на возраст околи 2,3 год. @gjoker4e пробај, дај и едно крпче или пак чорапите нејзини нека си ги пере, ќе видиш колку ќе биде среќна :D
    На кој не му се допаѓа да се шлапа во вода а?
    Е сега за помалите бебиња, освен во хранилка и пред мене во купатило на друг начин лично јас не сум пробала :wasntme:


    Овде дожд како и обично.
    Дете и денес во градинка, за среќа не го поврзаа празникот со викендот па така можам да завршам и некоја работа низ дома.
    Треба да почнам и торти да разгледувам, наредниот викенд синко роденден има па планирам јас да ја правам.

    Вчера по незнам колку време отидовме на една МК забава.
    За наша среќа организација-катастрофа, за малку не се степаа (facepalm) а и дете не навикнато на гласна музика па си тргнавме.
    Да беше се како што треба може и ќе извртев некое оро :dance:(poolparty)
    Ај во наредна прилика.

    @muchacha_a беше ли на ушно?
    Син ми го имаше истиот проблем, од премногу секрет ти се има запушено ушниот канал.
    Тој освен болката имаше и тт, одкако му го прочистиа увото се се врати во нормала.
    Може и тебе треба да ти ги прочистат ушите па раат да си.

    Поздрав жени :*
     
    На Coco31, chocolade, eli25 и 28 други им се допаѓа ова.
  4. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    @Monella да бев.кај мене не е секретот проблем.внатре е отечено и врвена ушна туба така некако.пијам лекови капки и спреј ставам.ќе се оправам за неколку дена.
     
    На Belabelinakinder, TutiFuti, Monella и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    @Cka и не делуваш на некоја дека се замара што рекле луѓето.Постот ти е точен и знаат сите мамички.На крај после бањањето ќе си речеш оф добро е се избањав:lol:
    Јас ќе додадам само дека и за се останато е исто лудило.Еве јас немам кој да ми ја причува па правам термини на др со неа и одам со неа кога морам.Бев на дијабетолог и уво нос со малата.Како изгледаше чекаш да те викнат , а таа плака мисли неа ќе ја гледат.Па дај една играчка дај некој кекс и се смирува за момет.Па ми текна и пуштив цртан на тел.Гледа и е мирна па и текнува пак и пак плаче.Ме викаат кај уво нос,а јас ја држам во раце, отвори уста таа се дере прета|(, ајде завршивме.На дијабетологот ми мерат притисок таа не вика и го бута мерачот.Крв кога ми зедоа вика ауа ауа.Ни телефон ни ништо не помага.За накарај кај др исто плакаше и др ја позна наредниот пат и вели таа плакаше многу минатиот пат сега помалку плака со телефонот:worried: На крај зборат др јас стојам и ја клатам да не плака за на крај да прашам пак што рекле оти не слушнав пола:wasntme:
    И ајде сега како да идам на гиниколог со нејзе ?:^)

    Така за халовин татко и ја спремаше оти јас сечев и сервирав кашкавал за градинка.Па не сакаше палто да облече оти беше маскирана па плакаше па се трескаше итн.На крај излегоа и за 2 мин мм ми ѕвони абе чизми не и облеков на малата ќе ги симнеш ли:rofl:Па јас трчај по влезот во пиџами па ајде трчај спремај се за работа.Секој ден ми е така.Па бори се во градинка да ја разубедиш да не плака :worried:

    Ајде доста е да не ги исплашиме жените што чекаат принова:)

    Јас се возам накај дома во преголема гужва.Ама еден дечко ми пее над главата што убав глас има:)
    Малата пак настина па не ја пративме вчера и денес на градинка со татко и се чуват.

    @24.07 сваќе да е за убаво само;)

    Поздрав мајки :toivo:
     
    На Coco31, eli25, Mari* и 29 други им се допаѓа ова.
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Да се почастиме, бебка извади 2 заба од еднаш. Троа покасно али better late than never :rofl:
    20181102_160429.jpg
     
    На kikin, Coco31, chocolade и 46 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Добар ден мајки!

    Кога мајка ми е дома мене празник ми е . На раат бев на фризер, после излеговме со малиша и она со нас. Ручавме на сонцето.
    И сега ги пратив со мајка ми на гости. Инситираше да го земе. Па ајде нека оди.:D

    Малото малку седеше мирен, повеќе се пентереше. Сака да ја вози количката. Довикува по сите улични кучиња. А колку многу ги има кај нас. Цика од радост по нив и се тегне да ги фати. Ама ми е страв бре. Куче е. Јас ни домашното не давам да го пипне. :doh:
    Не знам дали го сака или љубоморно е на бебето.

    Едно време најсигурен ми беше на под. Оти седеше на едно место или се тркалаше по земја. Сега ни таму не е . Веднаш се пушта во поход, гледа се дофати некаде и да се исправи.
    Или лазе најчесто до релаксаторот кој е склопен. Како бебе не сакаше да го види, сега им се има узвиено на играчките кои висат над него.
    Очигледно ќе треба да го дигам.:D


    Ја читам Секси колку и се радува куклата. И си мислам моето само мене не ми се радува. :(
    Досадна сум му изгледа цел ден заедно.
    Викендот беше на спиење кај баба му и во неделата кога отидовме по него прво влезе татко му, по него ќе летне од радост. Не знае што да направи. Го тегне, гушка, се закачува.
    Мене кога ќе ме виде ништо. Мртов ладен.|(
    Кога се буди прво татко му го бара дали е на неговата страна. Ако е веќе станат и сум ставила перница до мене , ѕирка преку перницата да го види дали е таму.
    За мене детево ништо вакво не прави.:rofl:

    Затоа од септември на градинка. :D Се шалам . Секако е планирана градинка . Не планирам да го чувам дома. Макар бабите ме убедуваат спротивното. (wtf)

    Од двете баба ми, свекрва ми ме слуша многу повеќе. Не дека мајка ми не слуша. Ама пак си има она идеи некои. :D Некогаш излегува дека сепак е во право. :tmi:
    Ама јас ако не си го истерам своето не сум јас. :D

    @wannaBeMomma нека се редат како бисерчиња.
    Кај мојот ништо на повидок!:D

    @galapce браво на целата таа позитивност која ја носиш со себе. Продолжи така.
    Наскоро ќе излезете од таму како победници!:hug:
     
    На Coco31, chocolade, eli25 и 35 други им се допаѓа ова.
  8. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Добр'вечер мајки....
    Денес конечно наспана станав во 10.30 со беба...Се средивме и со кејф ја носевме на контрола за колкчињата како тера 5 месец..кај нас мн е тешко за мој тремин па преку врски моравме да ја носиме...Жално кога гледав можда 50 души пред врата сите пензионери...се буткаа кој попрв да влезе....
    Неблагодарно можда од наша страна ама преку ред влеговме...ама па сеа не сум јас крива шо ни е здравствово хаос...
    Напрајвме ехо супер колкчињата слободно да си седи само без форсирање...и повој да тргниме :Dнема појќе пеглање...со кејф сум ја возела во количка седната ама и беба уживаше нов поглед од висина...и неа и беше смачено од лежење и кенгур :)
    Башка мн ми се лигавеше последен период и случајно кога ја земав од креветче гледам долу на вилицата ко побелено малце..ваљда забче ќе вадит....
    пуфка мајкина...
    Имајте пријатна вечер
     
    На Coco31, eli25, muchacha_a и 26 други им се допаѓа ова.
  9. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Долго време ве читав па решив да ви се придружам.
    Малку да ви се претставам :D
    Имам 24 години,и сум мајка на 5 месечна ќерка.
    Заклучно откако останав трудна сум и во брак.
    Вчера го имавме првото запче.Не очекував толку рано.
    Од кеф цел ден и брцкам во муцето и'и го фаќам. :D
    Порачав слатки во форма на запчиња,се изненадив колку биле скапички 25 денари едно-минијатурно.:?:
    Утре ќе и направам убава фотографија,патем во последно време тоа ми стана хоби.
    Вечерва сме кај мајка ми,ќе останеме до утре.Во план бев таа да ја чува јас да учам...ама така си се опуштив,што книга не ми се фаќа.
     
    На kikin, Coco31, chocolade и 32 други им се допаѓа ова.
  10. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки.

    Бебе има “дремка” пред главно спиење, па да ве ѕирнам малкуцка :)
    Колку и да се трудам да ја заспивам порано,несака и несака. Во 11 заспива и сабајле во 9 најкасно е будна. Барем ја одвикнав од спиењето до 12-1 на пладне :D
    Сега да ја легнам на кревет одма ќе ги отвори очите и нема шанса да продолжи со спие, што дете ќе беше :D

    Многу нешто почнав да се притресувам кога треба да излезам од дома,а неа да ја оставам со свекрва ми. Предходно,ќе ја оставев, ако заплаче ќе и направеа млеко и мирна е.
    Сега со цел страв излегувам, ако почне да плаче нема да можам да се вратам да ја надојам, а ад не доаѓа во предвид.
    Па со сите маки успеав 30мл да измолзам прееска за секој случај ако писне да плаче, морав на 1час да излезам по памперс,влажни..
    Се на минимум беше дојдено :)
    Џабе пумпана што ја купив, си ги жалам парите пошо не знам да ја користам :(
    Ама,ќе си седи, не ја продавам. Ваљда ќе научам да ја користам,што знам.

    И,што ми беше муабетот уствари.
    Дека бебушов многу брзо ми расте! Не е веќе спиење-цицање, ами смеење и играње!
    Носталгија ме фаќа.
    Ја оставив и уживала дома, па без плачки си дремнала дур се вратам
    На моменти не знам од каде оваа љубов извира, на можам ниту еден час без неа да издржам.
    Ја сакам од ден на ден се повеќе, се осеќам ко мајка конечно, а мислев никогаш нема да се разбуди тој инсинкт во мене.
    Со цимерката кога се породивме се тешевме, која од која по ладна со бебето, ништо не чуствувавме :tmi:
    Ама,затоа па сега не сакам да се одвојам од неа :l:

    Аха,еве ја стана. И помина дремката :D
    Да ја спремам со пижами, и да нишкам да заспие пак, да удрам еден туш и да фаќам хоризонтала.
     
    На Coco31, chocolade, Ano и 32 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Ние демек се успивавме, не и не, ај му извадив вреќата не и не. Во вакви случаи го оставам со маж ми у спална и за 5 мин готов е, се врти рита прета збори се мести и заспива сам!!
    Некна маж не беше дома па фатив јас си легнав до него и под мустаќ му се смеам додека трае заспиванката негова смешна :D.

    Море у план ми е и јас да спијам. Надвор врне цел ден, уствари врне 1 недела и кусур ако и утре врне не знам што со себе ќе си правиме т.е детево де ние ај така така :) ама време ќе е да шетнеме некаде.

    Преска спиеше повеќе кога стана 1 час не можеше да се расони па плачеше за се нешто, кога стана од глава капки пот му течеа а на мене ми беше студено :| дефинитивно детето ми е цел на татко му ич не трпи кебиња и вреќи и тракатанци он би и само на пижами :nod: ама јас кога заспивам ставам вреќа на мене пак ми студи.

    Од цел куп играчки он еве со чизмите си игра веќе 3 дена, 3 4 пара чизми и ги преместува од оваму до онаму (facepalm)
    Испрани се затоа му ги дадов ама голема атракција се му периодов чевлите (facepalm):D

    @gjoker4e цигла по цигла куќа се гради ;)

    Сакав и нешто друго да пишам...

    Сакам да сме си вака сите 3 јца на купче, да шетаме, да играме на кревет, да јадеме, да си играме да се смееме тој дел најмногу ме исполнува во срце :l:
    Нешто што нема цена а е бесценето :l:

    Убав викенд мајки и дечиња
     
    На Coco31, chocolade, Ano и 29 други им се допаѓа ова.
  12. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене во кревет. Дете заспано исто и маж :). Цел ден бев сама со синко, па да ви кажам право убаво ме измори. Мислев кога ќе прооди полесно ќе е ама уште потешко е. Цело време да трчаш по него една секунда неможам да го оствам.

    Се надевав мм ќе се врати од работа па малце ќе одморам ама ништо. Се врати мртов болен. И знаете како е маж кога е болен. Како уште едно дете да имам.

    И така си се пожалив јас а сеа да спијам.

    Добра ноќ на сите :*
     
    На Coco31, eli25, elcezelce и 23 други им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добро утро :yawn:

    Сабајлево немавме бањање, му биле ниски тромбоцитите, немаме во моментот да му дадат па да не одиме на ризик нешто да се повреди. :envy: Цела сум во паники, разочарана, незнам што да мислам?
    Ваква болница да немаат резерви? Да не е др нешто во прашање? Примаше дури на полноќ.
    Денес сирото само еднаш стана од кревет. Ништо не касна, и тоа што дтави во уста покасно го поврати.
    Пред легнување поминувам се со алкохол па после кревет. Ке мора и дома така најветојатно.
    Од др болници овде низ Турција, ги држат по хотели, платени, и доаѓаат на две недели на контрола. Во оваа рано пракаат дома а контрола платена имаш само една. Секоја наредна 2500 евра. :worried:
    И пак на крај од мислите си велиш, ако, само нека биде успешна трансплантацијата, после ке надминуваме едно по едно.

    Сакам турско кафе, утте ке побарам може ке добијам, сакам цигара една ЦЕЛА да ја испушам, до филтер. :D:tmi:
    Сакам салата, било каква, верувам сака и детето, ама не спимнувам. :worried:

    Денрс купивме нови играчки, а утре го чекаме пакетот што ни го пратија дедо и баба. :inlove:
    Да кажам и за баба. :sweat:
    И направиле фб, фрнчат коментари од типот, мајкина лепотица :inlove: :o:bandit:
    Она напиши јас избриши :sweat: :D
    Ај јас ке избришам, стаса до пост од 2012 да ми го лајкне :D, а што со другите?
    Ај од друга страна пак знаејки ја дека мн работи и не седнува, фб ке ја далдиса па бар ке одмори.

    Убав сон на малите па и на нас. :inlove:
    Сакам нешто убаво да сонувам вечерва. Сонував и пред некој ден. Па ме болеше уште повеќе реалноста кога се разбудив.
     
    На Leo_29, Abeja, Coco31 и 44 други им се допаѓа ова.
  14. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Кафеее за цел форум. Очајно ми треба!
    На чекање сум седма, за интернетот ѕвонам цело сабајле. Ми викаат госпоѓо не ни е јасно како може оптички кабел да не ви работи, па само ми префрлаат повик од еден на др оддел, а јас немам др работа па ќе си чекам нели.
    Кога би знаеле дека дете скоро па се обеси на каблите кои мм еве 6 месеци ги лепи, не би ни правеле муабет со мене хах. Мм па љут дека нема нет, викам сам си си крив. :D Не ме слушаш и ете што бива :)
    Дете цртани гледа, цали ен д нумбес :D Charli and the numbers.
    Абе преслатко збори ќе го изедам ми се чини. Сабајле ме буди и ми прави гили гили под брада :D
    Не знам дали сум споделила дека откако е дете родено, 3 пати дали сум станала пред него сабајле, освен за на работа. Се он ме буди а јас вечито у кома сум. Од др страна како да не сум, кога од 8 кога ќе заспие па до 1 ноќе јас се нешто правам. Од толку што сум опседната со завршување на обврски, не можам да се опуштам и сконцентрирам еден филм да изгледам.
    Се некои фикс идеи у глава ми се мотаат, па барам на нет што како зашто. Нели, не сме родени сметки да плаќаме и да си заминеме од овој свет.

    ^
    Тоа од вчера сабајле напишано :| Ете до толку време немам.

    Добро утро!
    Кафе пијам, настината ептен, мали е подобар ама кашла мн лошо. Нема зелени мрсули, вода од носе му тече се уште и кашлица една како дедо некој буфта.
    Гледа цртани па ке се спремиме и одиме надвор. Сакав до лидл да одам играчки да му купам, ама мм рече ќе ме исели од дома со се играчките. Моментално цела куќа расфрлана со играчки а он гледа цртани и денса. Ако седнам долу ќе игра ако не тешко.
    Вчера имав разговор за работа, добив и прашање дали во следните 2-3 год мислам да раѓам второ. Не знам дали ќе беше покултурно да го отерам у три лепе него што излажав и реков Не!
    Знам и знае дека не смее да праша, можев и да не одговорам. Сега ми се врти во глава, што човеќ е и што се би можела да очекувам од него. Инаку директор на фирмата со 22 години постоење, старо магаре, не да речеш некој млад неискусен. Нуди напредок, интересна работа, ама толку сум исплашена за односот од претходно, како страв од варање во врска од минатото ми стои. :D
    Ќе видиме, имам уште неколку интервјуа од понеделник сакам правилно да изберам и одлучам... Се надевам нема да погрешам.

    Мали се влече, помина интересот за цртани, одам.

    Мариз среќна и весела да е и лесни чекорчиња!
    Вбмама, бели бисери да реди малата!

    Убав ден мајчиња и добредојде на новата членка со 5 месечната лепотица. :hug:


    Едит : интернетот вчера сама го направив, не прашувајте како... Инаку ќе немавме до среда најмалку. :)
     
    На Coco31, Seline, Belabelinakinder и 25 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добро утро мајки
    Сега дури влегов во веце да се средам а од 06.30 будни.
    Страшно. Ми се плаче. Море ми се рика.

    Веќе се плашам како ќе ги довардам децава од бељи, стравувам дека не сум способна да се справам со сите предизвици.
    Викендиве, посебно предпладне, кога сум сама со сите три, ми се страшни. Како може волку да се тепаат, апат, маваат, буткаат...не знам. Раздели ги па рикаат една за друга, обид да делиш правдина пак рикаат, да не правиш ништо секако рикаат. Се исцедив а денов штотуку почнал.

    Бебено гладно го легнав. За чудо, душиче, заспало.
    Поча час пробував да и дадам флаша и секој пат, само што ќе седнев, се пентареа на трпезариската маса и скакаа. Немам душа веќе во мене.
    Икс пати со солзи го оставав во креветчето за да зедам да ги симнувам.
    Уште полоша варијанта една на маса а друга на столот кој го одвлекла до вратата од кујна испентарена и се обидува тоа катанчето горе да го отвори. По кој попрво, во делче од секундата да проценам каде е опасноста поголема.
    А они оклештени од уши до уши:worried:.

    Еднаш и големата ја снема:tmi::x.
    Ја барав 15 минути.

    Значи не смее човек пелена да смени на некого и да тргне погледот од другите. Отклучила оставата и се пикнала внатре и седнала потпрана на врата. Првиот пат кога се обидов да отворам вратата не се отвараше мислев дека е заклучена, уствари со едно во раце а друго обесено на мене може и толку ми биле силите, па не сум ни бутнала асално.
    Сите соби проверив, секое ќоше, паника ме фати веќе.
    Се издишав длабоко, па ој старт на ново. Подбутнав посилно, кога гледам не е затворено. Она внатре, скрстена на подот, осмех до уши.(facepalm).

    Средново после последнитите фестивали со тресење на монтажното креветле и обид да го преврти го леднав. Цела во солзи, ама не попуштив. Најмалото секако заспа, а големава сама кога е е какод руго дете. Бубалка споредено со пред еден час.

    НЕ знам што со себе овој час додека спие детено. Уствари 15 минути веќе ми минат во кукање, тука. Кога ќе размислам немам многу време за кафето, боље ручек да ставам нешто.

    Пладнетето резервирано за јавање. Ако на се онесвестам(facepalm).
    Убав ден мајки.
     
    На *Лорена*, Coco31, Seline и 40 други им се допаѓа ова.
  16. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво .
    Успав дете па пред да дремнам и јас да пишам некој ред .
    Денес одмараме по дома . Т.е дете со тато шета а мама средува по дома. Од сабајле пуштено машини,ручек направен. После дремкава да одиме да испазариме да напуниме фрижидер .:)
    Син ми е во фаза на фрлање работи . Од нигде никаде летаат колички,коцки и се што ќе му дојде при рака:@ . И тоа ме нервира и ми е стресно . Поготово кога одиме негде на гости. Ми е страв дека негде ќе скрши тв . (facepalm) Некое чаре ,воспитна мерка ? Сега за сега ништо не ми успеало . Ни со зборење,ни со викање ниту пак со плескање по раче(facepalm)
    Прееска фрли далинско накај мене ,и му свикав малку појако и се налутив.Сфати дека е крив па после ми се пикаше ,ме бацуваше .Го зимаше далинското и викаше Неее Неее( демек не смее така ) Ама не знам дали ќе му текне после спиење дека сме збореле дека не треба така :rofl:
    Многу ретко плескам дете, почесто може да му викнам ,ама најчесто му зборам и објаснувам.Му викам погледни ме и додека ме гледам објаснувам . Но некогаш :@ не до 100 со 10000 бројам ...

    И тоа мајки .

    Да фатам малку сон ,нешто ме тиштат јајнициве . Дали е настинка дали ќе добивам или нешто трето кој знае :whew:

    Убав ден :f:
     
    На *Лорена*, Coco31, Seline и 28 други им се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ме нема деновиве.
    Додуше, ве читам ама не стасав да напишам ништо.
    А толку имам на душава...
    Ме побудалеа гости од средата навака. Секој ден. Кои со усул, кои без. Мање више. Пројдоа. Викенд за релакс остана... Ама неее, маж мораше да го викнат на работа... А сакав да чистам, тој да ја чува. Куќата луѓе ми е хаос. Среќа што бебе не лази ... Што ли ќе правиме тогаш??? Не можам сама без надзор да ја оставам за да чистам.
    Веќе два пати ми се сврте на страна, од грб на лево. Мирна во релаксатор не седи повеќе од 20мин. За тоа време ништо не можам да завршам. Будна и мирна легната во гнездо исто 15 тина минути. Сака да ја играм. А и куќава сака да ја чистам, само среќа не плаче уште таа ми фали...
    Нервози си имам уште такви неосновани... Некогаш и се основани.
    Со маж ако овој период не се разведеме ќе праиме и златна свадба, да сме живи и здрави само...
    И така, се ми е стресно, ама се ...
    Ќе пројде... Ваљда.

    Убав викенд да имате ...
     
    На *Лорена*, Coco31, Seline и 31 други им се допаѓа ова.
  18. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Дете спие,мм на работа па како што е ред да пишам.

    Денеска вредни со дете кука светна,изметивме изџогиравме и избришавме прашина.Во четвртокот чистев ама за ден и пол се прави лом.Не сме малку дома со се дете шест души.Па кога ке јадат како на земја да јадат а не на маса.

    Поголемиот дел од чистењето помина со викање по дете се качува на маса и стои залепен до тв.Ке ме види дека не го гледам и пак се качува,јас незнам кплку пати се симна и се качи. Од каде ја имаат оваа енергија децава...

    Денес стариве ке одат на гости во село така да кај нас е редот да се собериме друштвото и да направиме еден џумбус.
    Ако бидат дома стариве свеки си оди во некоја од собите и си седи ама свекор ми седи со нас да неможиш да зборниш да се насмејш.

    Вчера за време на рукек само што легнав мм се јави и ми вели дете кога ке се разбуди јадете и слезете чаршија ќе ве чекам да шетниме.Му велам не ми е добро не идам,но се предомислив и слеговме.Одма подобро ми беше на воздух..
    Кога станува збор за шетање ништо не ми е.

    @Ava.84 Потајно сакам бебе ми фали бебешкиот мирис.
     
    На Coco31, Seline, emkaemka и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.578
    Ич. Ама кога бев мома , ми беше чудно што се мажат и одма се несредени или здебелени или ослабени... Не знаев што носи едно бебче со себе.

    Денеска некако сите ме напнуваат. Среќа маж кај нормален Иначе ќе убиев некој.

    Дани, оти не си земеш жена да ти помага?
     
    На Nine25, elcezelce, danichap и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey На 2-3 пати по 15-20мин да ти седи мирна е доволно за да зачистиш. Не мора да свети, да е пицнато, само да е чисто.
    И мојава повеќе од 15 мин не седи во релаксатор, па гледам до секунда да искористам време.
    Од прилика вака ни изгледа денот:
    Кога станува, е највесела, 20мин лежи на кревет без плачки. Станувам, собирам алишта,диплам и редам, вадам садови од машина, уклучувам правосмукалка и поминувам брзински, пребришувам прашина. Кога ќе заспие џогирам,пуштам машина да пере и пеглам алишта, ако нејзини за пеглање,нашите ќе чекаат :)
    По станување, пак во релаксатор на 15-20мин, дали постелнина ќе менувам или тоалет ќе чистам,небитно, битно постигам. Предходно со саати чистев, сега научив многу брзо да ги правам работите :D
    И така преку еден ден, не чистам секојдневно. Се случува некогаш,ама ретко.
    Кога беше помала и ја оставав на свекрва ми за да потфатам нешто, ама сега не. Можам и со неа.
    Приметив дека кога уклучувам правосмукалка спие ко бајче, не мрда :) Така да и тој е погоден момент ете.

    Од сабајле 4 машини за алишта пуштив. До вечер кој знае колку ќе бидат.Многу ме нервира кога се собираат многу алишта па крај им нема за спружање. Затоа,почнав и по 5-6парталчиња да пуштам, ич не чекам да се присоберат. Само арч на прашок правам :rofl:

    Бебушов заспа, па јас се истегнав на кауч и вртам по социјалниве мрежи.
    А како би и јас да се оптегнам до неа, да дремнам барем пола саат...
    Се убедив,ќе отспијам :D

    Убав ден имајте.
     
    На Coco31, Seline, emkaemka и 24 други им се допаѓа ова.