Добар ден и од нас. И јас сум утепана, како би си дремнала... Рано си станавме, се најадовме, па ги шетав надвор двајцата зашто синко некое лудило дома го фаќа, а надвор е срцкаст. Шетавме, па решив и другарка му од комшии да ја земам, зашто ја бараше од сабајле неа... си игра и со сестра му, ама сепак со комшичево се слична возраст па си имаат некоја заедничка интересна игра, ептен се смешни... како навиени зборуваат, доктори се, па со кукли, кученца си разговараат... Многу ми се интересни, па земав ги снимав Они зборуваат, малово седнато до нив пее ааааа, ваааа, бааааа, и од време на време мамааа маамаа ме вика Јас земав даската за пеглање си ја ставив во ходник, па испеглав тон алишта ѕиркајки ги од време на време. Уште една машина пуштив, имам уште 2,3 сигурно... веќе едни се сушат на жица, едни во сушара... ке има крај некогаш со алиштава? Ке ми цркне машината еден ден Еден ден да не пуштам, нареден имам 4+ за перење. Па после малово почна да кенка и ја ставив во љуљашка и заспа во љуљашката, ја префрлив во соба... па им текна на двајцава да цртаат, па им дадов фломастери и блок и сега цртаат. А јас си се пикнав во кујна манџа спанаќ си правам и ви пишувам стоечки. Како станам, така не седнувам... и нз како издржувам, да тргне синко во градинка ке незнам што со себе од што сум турбо, досадно ке ми биде После сите што си ослабела волку? Јадам стварно, ама ете од толку активности си согорувам се што внесувам Станувам во 7, легнувам во 1,2 И ептен сум за тепање што не пијам вода, ке се осетам тешко, пресушено, дехидрирано веќе... и тогаш ке ми текне да се напијам, ич ич не пијам... симнав како божем една апликација да ме потсетува, како не И така... отидов да си подсредам во кујна што готвев, па да ги делам синко и комшичево, почнаа да си здосадуваат, да им се спие Ама за синко нема спиење, ако не ми преспие во 12,1 после не го заспивам, а се почесто не му се спие, ама битно после 9 во кревет е Убав ден мајки @TeddyGrey до хормончињата е, вдиши, издиши, може да се постигне се. Да не те плашам, ама бар кај мене е така... како растат, така е многу потешко и потешко. Мојов дома трча лудува, бебе лази од 8м, сега е 1год и веќе и оди, замисли мојава куќа што е. Да сликам сега да видиш ке ти олесни... со плус комшичево на гости... ама се навикнав на хаосот, па полека ке исчистам де. А тек замисли ја куќата на Дани Организирај се поубаво, размисли што ке правиш денес, а што ке оставиш за утре, зашто секако се одеднаш не можеме... А сум се жалела и јас тука, нормално е да имаме и такви денови кога ни е преку глава од се...
Убав ден и од нас. Јас реков еден саат да спружам нозе,страшно ми потекуваат и болат,вечер сме на свадба,мислам вака ќе спадне отокот,ама џабе си се надевам. Сите околу блискиве прашуваат што ќе сум носела,се чудат зошто пантолони.Не ми се облекува здолниште кога прво не си се допаѓам сама,второ имам вени кои грозно изгледаат,и трето коленициве ми се мноооогу отечени.Ајде,ќе помине и така Денес рано рано и роденден истеравме со синко. Поканети сме и кај пријателите со кои сме секој ден заедно,роденден му е на другарот од мм. Турбо викенд. Славата и таа на праг, два дена ми се потребни за чистење, еден за јадењето,па нешто слатко и нема одмор. Како и сите,што е и нормално,сакам чисто,моето дете е и поголемко додуша, си игра сам додека средувам, ама пак не се потресувам и хаос да е дома.Никогаш не би го ставила хаосот и нередот на место од детето.Секогаш неговите потреби ми се број1,никогаш не би го затворила дома да се досадува,јас да чистам. Е толку од одморот,дете претка,се буди изгледа. Време и за коси средување. Убав викенд.
Да пишам брзо дур не дошол каубоецот ( со татко му пазарува , се јави нервозен дека не седи мирен, изгубиле патика во "борбите" ) Откако прооде количката толку Јас спремам за гости. Купи ова купи она, викам поарно во кафана да ојдев колку потрошив Стално си викам дека нема да спремам толку и маж ми ќе ме предомисли Убав денот денес, ама мене ми е тажен Имав закажан фризер ама не појдов па не ни откажав, 15 мин пред терминот се вратив дома си викам шо правиш Ели, рикверц дома со твоите Бојата и должината ќе чекаат Звонат, идат!
Еве срцли на фб ми излезе па да не е некоја од вас се извинувам однапред ако може Модераторите нека префрлат кај треба тука некако сме сите.на куп затоа.тука.споделив
@danichap i jas ko cka ke recev zosto ne si zemes zena, makar 2 casa preku vikend da gi zeme, proseta, animira kako i da e. Postignuvas se, ama od sebe svie zdravje i zadovolstvo kratis. Pod zadovolstvo mislam na odenje vo wc i jadenje sednata na masa bez da skokas 15 min samo. Dete moe zdiveno e. Ama premnogu. Nisto ni slusa ni poslusuva. Vaka ako prodolzi ke poludam nacisto. Sedna vo lift, so racinjata go izbrisa podot, stana i gi stavi prstite vo usta. Jas natovarena so kesi samo da vikam mozam. Druga situacija, frla se sto najde isto kako na @VedaG10. Ke rasturi se i so nisto ne igra. Niti da redime kocki, niti da citame, niti da lepime, boime. Nisto. Ne znam koja faza e ovaa ama bi sakala da pomine sto pobrzo. A tek za jadenje. Sakas palacinki? Daaaa! Ke napravam, usta ne otvara nikako. Besotija. Dzabe zboram se pravi deka ne me slusa. Duri na momenti se zaprasuvam dali slusa skraja bilo! Odam vecera da pravam i da go legnyvam. Da pozemam dusa i jas. Ubava vecer!
Добро вечер мамички. Најпрвин лесни чекорчиња на дечињата на @eli25 @Ano @mariz На малата на @wannaBeMomma да и се редат како бисерчиња запчињата На @galapce goleeemi goleemi а за нејзиното јуначе најголеми . Ние шетаме играме во слободно време. Го користиме максимално. Со бабите после како го користат времето само они знаат . Со мајка ми немам гајле, ама со свекрвата немам коментар. Се враќам завчера од работа во 5 веќе е потемно. Наместо да пушти светло седат со детето во темница ја земала во скут, на тв пуштила Гранд и гледаат . Колку бев бесна во моментот неможе со збор да се опише. Па кога и се пуштив лом ја направив. Не да играат со играчите го тутнала пред тв бе. Едвај чекам да порасне и да се спасам и од едната и од другата баба. Ми фали периодот сами со мм дома.. Многу ми е стресен периодов, најмногу што неможам да си воспоставам ред со дете зашо секоја свој начин тера. Нешто слушаат, нешто пак како они мислат, а тоа ме вади од кожа. Почнав да пијам лунерба ваљда ќе ми помогне малку. @eli25 и јас кога ќе и викнам на малата мм одма е тука за кавга. Ама некогаш стварно ме нервира. Тоа што уште не зборат не значи и дека не разбираат. Мора да се научи на ред што е правилно а што не. И кога ќе викнам после ми е криво. Мајкаа Ни поставија лулашки, лизгалки во паркот. Па сабајлево окапавме таму. И така . Денес така денов никаков ми е. Многу ми недостига татко ми и не само на ваков ден туку секој ден. . Колку ми се потребни неговите совети, подршка. Живот тоа е. Имајте убава вечер.
Баш стресен ден. Еве го пак не спие го успивав од 8 часот. Демек со маж ќе сме седнале на пиво музика и лав муабет ахаааа шипки!! Он у сабота е ко друго дете. Јас дури една голтка пинав и се откажав више маж две пива и толку беше еве го спие јас станав и ќе легнувам а осеќам дете сите не заспа. Преска у маркет тантруми почна на земја да се вала у гадното го земав почна да ме скуби ужасно црка!!! Жими шопингот жими маркетот грабнав и избегав да не нема Количката пустата секогаш ја забораваме и то. Демек вечер за нас ама ништо а се спремав имав многу да му кажувам убави нешта Ништо бидна на крај сите в кревет се излежававме па ај сеа да спиеме тоВа е!! Се тешам само ќе дојдат подобри денови, ми фали малку мир мајки, едно испиено кафе така на раат со маж у некој бар една цигара да чурнам така додека сонце ме пече или шопинг да направам да разгледам ама ништо од тоа Цел ден не сум седната на нозе Преска излеговме мислев ќе се опуштам малку, аха. Ај да одам да спијам ионака ич не ми е до муабет ни до ништо. Лека ноќ.
Здраво жени Денес сабота а деца во 6 се издигнаа.Па ајде пола саат лежеа некаде после станаа и почнаа да боботат и да се тепаат. Шетавме по надвор.Во дворот во.тревата собиравме жолти лисја па деца со мали лопатки собираа и во кофа ги фрлаа. И во 12ч и двајцата заспаа за секунда. И јас си легнав отспав 2 саати. Пак јадење,пресоблекување,играње во двор па ги раневме зајчињата и кокошките. После ги однесов 1 саат до.една игротека.Си поиграа.Немаше никој. Па цртаа со фломастери.Боеја мачкаа со водени боици.Им испеков костени.Јадевме и имаше тон ѓубре и што фрлале по земја исчистивме со правосмукалка. Пижамите и читавме росиците на баткото од градинка. За нова година ќе имале претстава и учат секој ден песнички и син ми ја научил кажува нешто поврзано ама оти уште убаво не зборува јас го разбирам а друг нема да го разбере мн мн. Носовите пак со зелени мрсоли. А јас уште сум затната.Не попушта ова.Не ми се верува до каде стигнав.Ништо не слушам.Многу е мачно.Се молам побрзо да мине. И така. Сега лежиме им пуштив некој цртан нешто интернет однемува. Ај убава и мирна вечер.
Добро вечер. Чекам да зацврсти убаво бебе, па ќе пуштам серија да гледам на нетфликс. Дај шта даш Мм е болен. Леле да можам од некаде да го снимам како болува да го видите. Ај стварно е настинат овој пат, ама ептен е драматичен во болувањето. Ко секој маж додуше. Седи и се клати ко "неарен". Го смирувало Се пикна во детска и таму спие. Пиел лекови и желудник го јаде. Под лекови брои Далерон, вит Ц, цинк и пробиотик На живци ми оди, ама ќе го истрпам. @TeddyGrey ко јас да се читам. Јас ептен се напињав со мм на почеток. Ќе се прилагодите на новата состојба. Секој почеток е тежок. @galapce, држ те се Добра ноќ мајкички.
Тежок ден и за мене денес. Не отидов да го посетам татко ми во вечниот дом, не можев. Мм на пат, а јас со дете дома сама, морав да ја чувам бебка. Сакам утре да отидам, ако стигнам. Бебка прееска пред очи ми летна од гарнитура, преку моите нозе, директ на глава плесна Леле се изгубив за момент, не знам ни кога ни како се случи. Едвај ја смирив, зајде. И џумка има на главчето Не знам како падна, фатив чаша вода да се напијам, она си играше со далечинското и одеднаш се подаде да ѕирне ваљда надоле од гарнитура и летна Некогаш си мислам стварно сум неспособна мајка, дали јас заслужувам да имам такво златно дете, а да не можам да го дочувам од беља. Ќе си пукнам, си се изнаплакав. Ја смирив нејзе, па почнав јас Она па ми се кикотеше у фаца, а јас липам, едвај се соземав. Исто така, се удрив во вратата од кујна со лице, се расцветав. Ми помодре окото Како да не беше доволно горенаведеното. Тежок ден. Фала богу помина. И бебе успав малку порано, зошто ако продолжеше уште малку денот, не знам дали ќе преживеев Дојде маж, да одам да му отклучам, забарикадирана сум Добра ноќ
https://www.mother.ly/work/surveys-...weekand-its-probably-a-shock-to-anyone-but-us Да споделам со вас. Мм на ова рече, да бе ние татковците ко ништо да не праиме седиме цел ден со скрстени раце Ќотекот од рајот е искочен
Добро утро, ден или вечер не знам што е ... Периодов катастрофа, несоница некоја, а затворам очи соништа немирни па ќе станам па шетам низ соба па таман ќе ми дојде дремка ќофтево станало и се така.во круг. Колку може тело да издржи без сон? Маж стана во 06ч за на работа јас сварив едно кафе исцедив лимон се надевам главава барем да престане да боли зошто не знам како би го издржала денов.. И тој кутриот ме гушка ме успива навечер а мртов уморен е по12 саати на ден па.и за него ми е жал што се буди од моето вртење, тртење, претање на сите страни.. што бидна вака тежок период , уф ќе пукнам од мака. Ми се собра некако на куп се.. Нз кај вас како али преку ден накај 11ч ја заспивам и си викам супер ќе зачистам малку и само што ќе ја.оставам во релаксатор очите 5 банки јас не знам како може да не и се спие а на мене би спиела и еден час ако ја оставам.. ама не се откажувам ќе бидам упорна да научи преку ден да си седи во релаксатор па и да си поспие. периодов ми фали некоја издишка, некаква промена. Не се препознавам . Огледалото ме лаже, очи испиени, ликот блед, грб свиткан.. се згрбавев некако маж ми на свадба вечер од работа.. му викам јас би на некоја свадба, па у диско или на журче па сабајлето некој афтер да затерам и се така до онесвестување. хаххаха Ми вика не се сили не ја оставаш ни 5 мин ќерка ти а не цела вечер Ми иде да си купам една лименка пивце да.си пуштам вечер еден филм и еден голееееееем чипс да измелам.. Ама сепак ќе почекам уште некој месец , сепак ќофтево е намбр 1 Убав ден. Среќни чекорчиња, Убави бисер запчиња, Побрзо оздравување, За мамите големи гушки.
Д.утро ме фаќа усште дега мрзата дека недела ден за леганчење кога маш не е тука. Па вака го започнав денот како за почеток. Туку не знам што да правам со малиот ужасно е непослушен јас кога му се обраќам со смирен тон и на убав начин не реагира занесен во игра е и ако му го изговоран името со малку повисок тон почнува да плаче да рика оди па го смри и плаче за ништо работа..... немам живци веќе во план сум во градинка да оди но не знам дали ќе го убедам. Не се плашам од настинки болести колку што се плашам дека нема да сакаа да оди... На триста ума сум .. .....
Здраво чупиња Ме нема два дена, ве читам редовно ама немам шо да кажам онака ко без врска ми е се дека ќе ми замини мајка на шетање утре и се враќа дури на 16. Таква сум жаловита, мајка си е мајка. Ама па ќе ве дружам тука нон стоп, вие ќе ми сте најголемата поддршка. Во петок бебка прави 1 месец па смислувам некоја тематика за да ја сликам Нешто ќе биди есенско, со лисја, со јаболки и имам една тиква дома и таа ќе ја ставам на слика И веќе нареден викенд на 17 земаме молитва и бебка тој ден ќе биди по гости кај прабабите Ама има време дотогаш, да ја протуркаме прво оваа недела. Денес во план шетање со количката, па читање книга дури спие бебка попладне и тоа е. Убав ден мамички, вие од утре ќе ми бидите поткрепа
Здраво мајки. Сабајле станав наспана во 6, гледам бебе спие ,маж спие, радосна отварам книгата . Помина една минута и слушам е,е,е ... нормално дете стана. Нема неделно уживање ... само за тебе Дали ме осеќа незнам, но само што ќе се разбудам и он одма по мене ! Денес ќе фатам на пластичарка ми фалат некои работи, некако ми се седи дома ама убаво времето жал ми е за дете дома да седи. Синоќа не коментирам како пројдов со гостите, ај со жената не сме се виделе оддамна убаво ми дојде имавме што да си кажеме, ама дечињата од радост за дете мое , го измалтретираа Како кукла го носеа , го креваа.... ај ќе го земам во раце да го "спасам" ама он сака да оди , па одма се спушта и пак отпочеток... Сабајле гледам го изгребале на лиценцето и тоа на две места И си викам аман од луѓе! Станав асоцијална Ни муабет не ми се прави со мајки Колкаво е, запчиња има ли, прооде ли, леле ама касноооо, моево на 10 мес прооди, а јаде ли се, леле не му давај блендирано! И цртани никако! И во градинка само! Никако со баба. Ништо нема да знае И секако веќе се оперирав од вакви паметници , па само аха да и по можнодт да ме нема најбрзо Ама изгледа неизбежно е Светот на мајчинството Двајцата спијат , печам јаболки за дете , да јаде, па ќе се дувне некаде
Добро утро. Бебе тера прва дремка, па јас сварив второ кафе и се испружив пред тв. Ајде малку и да помрчам. Деновиве спиев во дневна, да не му дишам на мали во спална дека неарна. Абе ако верувате еден ден да ме оставеше мм повеќе да полегачам. Во четвртокот во 6:10 го слушам рашетува со мали. Морал да оди во тоалет, кафе да пие, да се спрем на работа. Викам рано е пробај да заспиеш дете па после. Е не можел. Па ставив маска земав дете и презаспав. До 8 си отспа. Вчера и денес во 7 ете ти ги во дневна. Пак морал он неговите утрински ритуали да ги истера (кафе и тоалет) па ај јас пак со маската и играм дете. Денес капак на се дете уште не јадено он да доручкувал. И нормало дете во чинија ќе му влезеше, а он тост јаде. Па ај набрзина смучкав доручекот, ама дете се тегне по неговото јадење. Па ај наместо каша, извадив леб, кремсир, домат. Ама он пак по на татко му јадењето. Ептен се изнервирав па му пуштив цртан и го наранив, а на маж сум му лута. Добро што излезе и нека се моли да ми помине до после. Значи не можам да се пожалам дека не се грижи, ама ме нервира некогаш што е себичен (прво неговите потреби па сите останати). Да се отспие дете ќе го дотерам и во количка на скитање. А он ако се јави не му кажувам каде сум. Сами ќе си шетаме. Уште немам план, ама ќе смислам. Ми е криво што не можам да одам да се видам со братучерка. Ама дека неарна не ми се оди кај мало бебе. Инаку ќе се спакував и на целодневна ќе си отидев. Од утре назад во реалноста. Што убаво ми дојдоа 4 дена дома. Уште да бев фит да ги искориатев. Со жената се договоривме и дефинитивно од 12 почнува. И кажав на мајка, а таа плаче. Е аман викам, па нели не можеш. Па да ама криво и било. А мене не ми е криво што ќе оставам дете не непознат нели. Битно жена млада, витална. Не се побуни дека имаме камера, а јас пораат дека ќе внимава што прави. Се согласи на нашите услови за чување, па со господ напред за една недела. Туку сакав синко конечно на вакцина да го носама. Ама се нешто се одлага. Он беше размрсулавен. Па татко му болен. Па јас болна. Е сега планирам оваа недела да одиме до кај матичната, па крвна слика и на боцкање . Многу ми е страв како ќе помине дека поголем и повеќе разбира. Ама што да правам, се нешто се одложуваше. Туку прашање. Како се организирате кога носите дете на боцкање. Земате ден од работа, боледување? Зошто нели додека се истрча се - контрола, крвна слика, боцкање, гушкање- ќе поминат минимум неколку часа и бе можам да отсуствувам толку. Имајте убав ден мајки. Искористете сонце надвор
Утро мајки!! И мојот малиша тера дремка. Јас се мислам што да му правам за доручек. Ќе почнам месецот со нови намирници да видам дали ќе се случи чудо со јадењето. Маж ми и денес замина на работа, па двајцата ќе се организираме некако. Ќе се прошетаме некаде. Може тета да ја носиме на ручек и кафе. Луд е по тета му. Толку многу го лигави , што после јас неможам во ред да го донесам. Може затоа мене најмалку ме сака. @TeddyGrey и @kukla21 и јас бев иста на почетокот. Хормоните на макс ми беа мислам вклучени. Маж ми толку гледаше да ми погоди, а во мои очи секогаш беше виновен. Сега кога ќе се сетам ми доаѓа да си мавнам една воспитна. Фала му што ме трпел и разбирал, згора на се не ми кажуваше ништо. Среќа што не ме оставил. Вчера бебуш ми тресна со главата во ѕид. Сме го доближиле монтажното на ѕидот, незнам ни кој ни зошто, а имаше растојание. Па бебе одејќи по него , падна и дирекно во ѕид. Едвај се созема од плачење, го здоболи. После си велам така растат децата и белее косата. Од вакви причина што спомна Ели погоре ич не сакам собири само со мајки кои зборуваат само за децата. Па кога ќе почнат да се надмудруваат која е по мајка... крај да се нема. Нормално е секоја мајка детето најубаво да го гледа и се нај нај. Ама секој за своето. Зад затворени врати никој не знае што се случува. И мојот има вакцини. Одлагав да пркне. Па со растечено носе и не дошло на ред. Се спремам неделава да го носам ама кој знае. Се буди малиша, одам во дружба со блендерот.
Утро мајки ,мене веќе ден јас од 6 станата синко вчера заспа во 8 па сабајле уште рано рано се издига Ве читам се галат вашите кога ќе се разбудат моево се буди се бутка во нас и не штипе и гребе и се смее на глас незнам дали така љубов искажува Станавме пиевме кафе и ние како Ано тостови доручкувавме па дете плаче и тоа по тост па земав две мали парчиња леб ставив кашкавал стиснав на тостер и му дадов дете пресреќно јаде и он со нас најново му е сака сам да јаде се незнаете што е после тоа лом тешко на мене Се најаде баба му го зема излегоа малку надвор ,а јас земав правосмукалката да исчистам ама за жал не успеав се само дневната ја средив се врати свеки синко заспал ,па го легнав а јас си направив второ кафе и си седнав . Вчера цел ден бев сама со синко ќе пукнев ако ми верувате дете цел ден само нешто плачеше само нешто кенкаше многу го мачат забите ништо не му беше погодено па земав пред спиење му дадов малку блок макс се смири и отспа убаво фала богу .Денес ќе прошетаме малце да се искористи денов сакав до золошка да појдеме па ќе видиме дали ќе реализираме кога ќе стане синко . Убав ден
Добро утро. Ние сега стануваме. Бевме на свадба синоќа. Може видовте во другата тема се мислев дали да го земам малово и среќа што дојде. Се изнаигра. Какви циркуси правеше. Ќе ми беше криво да не го земев. Денес планирав да чистам, ама од кревет не ми се станува. Не знам како ќе се организирам, викаат и за на ручек кај свекрва ми. Ќе видам како ќе бидиме расположени. Инаку, многу ми се интересни долгите постови ваши, ги читам и ве замислувам. Јас не можам да опишам така сликовито и долго, па обично ништо не кажувам во пишаното како сега. @galapce како сте? Убав ден на сите!
Ден испланиран. Одиме на ручек у природа. Последната 5ка испаѓа и мрсули прави. Гревче. Се гризе на образот од внатрешна страна и ја боли. У 6 стана и вика ајде одиме кафе и шпагетиииии. Станиииии. И ајде сите тројца доле а маж ми се за витка на троседот и заспа до кај 8. Да изминал глава и тргаме.