Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Јас и грипот се дружиме веќе две недели цели :envy:
    Таман дете заврши со антибиотикот, можам да речам добар е, јас никако да се излекувам, страв ми е да не му пренесам пак на синко и се така во круг... аман :worried:
    Не знам што не се напив од лекови, инхалации и по два пати на ден, два дена стојам и над пареа со врела вода и сода и нема ништо ефект.
    Зелени мрсули за продажба :puke:

    Туку, само моето дете ли има срам да к*ка во градинка?
    Си има ставено во глава дека таму само се мочка а другото исклучиво дома :x тоа дека му е срам од воспитувачката да го бриша.
    Во градинка е почнат од септември, до петокот ги немаше никогаш завршено своите потреби таму, арно ама, во петокот изгледа ептен му се одело а плус и воспитувачка негова не била таму, ги оставила со друга и тој си завршил работа во гаќи без да каже.
    Така седел најмалку 2 часа :fubar:
    Не ми е јасно како не го имаат забележано, плус и мирисаше :wasntme:

    Не знам како да постапам.
    Дома пробавме на секаков начин да му објасниме дека нема ништо срамно и дека сите деца одат и во градинката, тој не и не.
    Треба да разговарам и со воспитувачката, може таа со разговор ќе го опушти малку.

    Најинтересно е што надвор и дома не се однесува исто.
    Ајде може и нормално е, ние возрасните некогаш глумиме не пак децата ама до толку па.
    Каде не го познаваат се крие зад мене или мм, а дома (wtf)(wtf)(wtf)(wtf)
    Озбилно тоа, до толку што на моменти глава ме заболува :D
    И кога збори ако му речам аха, ми вели не така кажи убаво со устата :rofl:
     
    На girl-miri, M&M, Mari* и 27 други им се допаѓа ова.
  2. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки .

    Истеравме кафе со кумовите. Дете се истрча со малите кумчиња и дојдовме кај моите на ручек . Скоро секоја недела ни е за тука резервирана. Ем моите да си играат и шетаат со внучко ем јас да јадам од мајка и да одморам :)
    На паркинг имавме нежно рикање и трескање од земја на син ми зошто не му дадов да се качува со количка (пластична што се бутка со нозе)по скали:drunk: Не ни знам како планираше да се качува со нејзе .(facepalm) Таа му е фаворит играчка периодов и сегде ја носиме :D
    И дома кај моите се трескаше , па се галеше со дедо му и еве само што го заспав . Едвај :whew:
    Се по негово мора да е ...:worried:
    Јас сега ќе си пуштам серија и ќе уживам 2 саати . :clap:

    Убав ден мајки :f:
     
    На Mari*, *Лорена*, Ava.84 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Мислев наместо телефонот да одморам со весниците што стигаат секоја недела во сандаче ама дете отвора очи на секоја завртена страна па не ми се ризикуваше да се разбуди ненаспано и си зедов телефон еве да ве прочитам.

    Дремката од саат и пол е скратена на само еден саат.

    Ја исправ тоа што беше за перење и седнав.

    Не знам зошто вака чувствувам како да каснам за второ дете, а ете немаме ни пари ни услови. Некој вели со детето се доаѓа само по себе ама има многу примери со сиромашни семејства каде што буквално мали деца гладуваат и немаат основни услови за живот така да не е вистина тоа. Па си велам некој на 30+ раѓа прво така да имам јас уште време ама се нешто ме брза од внатре не знам што ќе беше ова чувство од кај се појави.

    Си бев емотивна ама сега сум поемотивна од емотивна. Трета недела по ред не ни ставаат весници во сандачето и првата тагував цел ден. Па најдов кај стојат на улица во куп и сега си земам од таму. Кога ги видов се радував како дете на киндер јајце.

    Малава почна скроз сама да се пушта на лизгалка па радости до бескрај. Само качи се по скали па симни се од лизгалка, се смее и си вика браво. А мене срцето во петици.

    Само ми покажува да ставам слушалките во телефон за да пуштам радио и да играме. Првиот пат беше комедии. Јас играв по мое и таа во обид да ме имитира неколку пати падна ама толку смешно како во воздух да летна и бам доле па сега играм посмирено.

    Разнесува кондури од едно до друго место.

    Два дена се запна да и мачкам паста на четката заби да четка.

    Ете толку беше спиење, ниту еден час. Се развикаа по скали и се разбуди.

    Имајте убав ден. Ја ич не ја сакам недела мртва тишина оф. Немам време за смајлина овој пат.
     
    На girl-miri, Mari*, minneymouse82 и 27 други им се допаѓа ова.
  4. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Сношти мамичка беше на моминска малку да се позабавува.Од последната дремка во 16ч ја држев будна до 21. Инаку знае да си дремне од кај 19ч до 20 па после оди заспиј ја до 00.На свекорот му ја оставив.Нема проблем снашке само ти забавувај се јас ќе ја чувам,работава :?: Немаше на кого да ја оставам мм и тој на ергенска. Се беше по планот бебка заспа точно пред излегување.Ми фалел ноќниот живот,додека бевме дечко и девојка нон-стоп излегуваме по кафичи.Сега турни ме да кинисам не можам да го кандисам. Убаво ми дојде да ви кажам,па бебка си поспа до кај 10,знае дека мама е мамурна и уморна :wasntme: душа мајкина...цела прокисната се разбуди..а и како да не биде 11 часа не сменета пелена. Не ми се мрднува денес,а еден куп работа имам.Само машини ќе пуштам,другото утре.Ајде заминав да ручам сега.Готов е ручекот што го приготви свекорот.Таман на раат дури спие бебе.
     
    На Mari*, *Лорена*, elcezelce и 24 други им се допаѓа ова.
  5. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Здраво дете и мм спијат...Јас седам со тел во рака да искористам додека спијат.

    Дете пола ден го помина со тато.Беа излезени со количката до парк и секако до кладилница како таму мм добил една воспитна од дете.Не сакал да седи во количка,не сакал да оди сакал да трча.Еее да види како ми е мене по цели денови сама со дете.

    Јас за тоа време бев во комшии правев кифли.Жената секогаш за се ми се најдува и не можев да одбијам.А и дома немав некоја работа.Така времето ми помина и ич не се уморив.
    Кога сме дома само тројцата верувајте почисто ми е...


    Вечер сме да роденден дете само кажува како ке ја дувале свеќата заедно со дада.Се наевам ќе го потроши вишокот на енегија и вечер без драми ќе заспие.

    Сношти немавме гости,едни биле на работа,други на викенд на третите сами не му се идело.Дури помислувам дека луѓево не одбегнуваат дека не сме на исто ниво.
    А мм испазари и пиење и мезе и на крај се изнервира и пици направи и си ги изедовме.
    Му се јавив на брат ми да дојдат ама тој бил настинат и си бевме сами тројцата си поминавме преубаво.

    На мм конечно одмор му дадоа,две недели дома....
    Добро нема по цели денови да биде дома ќе оди да работи приватно ако има работа,но сепак подруго ќе биде.
    Поголем дел од денот ќе биде со нас.Заедно сите ќе се будиме ќе се галиме,ке се гушкаме.

    Да одам да дувна едно цигарче.
     
    На Mari*, minneymouse82, elcezelce и 25 други им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Дајте почастете едно турско, уф како би го испила со една цигара.

    Добар ден.
    Ненаспана левел 127652
    И секој ден си велсм утре он спие? И јас ке спијам. И не .
    Носам и книги за читање, една страна не прочитана.
    Прееска го донесов до прозорот, да погледа надвор, врати ме во креветот ми вика. ;(

    Ако дојде ден и подзаборавам на благодетите од обичното секојдневие, да ме потсетите .
    И дефинитивно, точно да дека работата е нужна за да повеке му овизможам, но нема шснси веке толку да се посветувам на работата. Што сака нека биде.
    Градиш кариера, немаш многу но имаш доволно, и секогаш сакаш и за повеќе.
    На децата им требаме сега.
    Повеќе и од здрава исхрана, повеќе и од најубавата играчка.
    До него сум и постојано е насмеан на толкуте маки, но само кога не мрдам од кај него.
    Синоќа од полу сон ми вика, кај одиш. До веце му велам.
    Не оди. Гушни ме.
    Неразумно ама не му проривречев. Ме гушна силно, стуткан во мене, мислев заспал и го слишам. Мамооо, оди во веце ама пак да се вратиш да се гушкаме.

    Не замерувајте, пред да дојдеме инску рсзмислував, и знам дека нема правило што е поисправно ама што вика една пријателка, гледај на позитивната страна, тешко ви е ама бар поминувате време заедно а јас би додала плус, башка сме дојдени да го оставиме лошото и да си одиме дома без него.

    :l::hug:
     
    На elena.mak, Leo_29, girl-miri и 46 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @galapce јас варам кафе, повели :coffee: Ќе чурнеме и едно :smoke:, да не се секираш :hug:
    Може сум досадна, ама јас стварно ти се дивам колку си храбра и позитивна, а можам само да замислам колку е тешко. Ќе ве награди Бог, овојпат нема да ги излажеш тие цреши две дека се ќе биде добро :l: Уште колку ќе го знаете исходот? Посакувам што побрзо да минува времето и што побрзо да ја затворите вратата зад вас на заминување и да ја заборавите собата и болницата :hug:

    Денес маж чува бебе, шетаат, а јас чистам. Од сабајле правосмукалка, па прашина, па џогер, па садови измив, трета машина врти, постелнини менував и така. Уште една машина имам за пуштање и доста е за денес. Утре после работа купатилата и толку.
    Е ручек нема, само за бебе направив. Ние ќе купиме нешто за нас со мм. Ќебапчиња ми се јадат некако :wasntme:

    После планирам да се фарбам, да средам веѓи, и да си наполнам када. Страшно ме боли грбот и рамото, морам малку да се опуштам. Мм ме тера да одам на масажа, ама си размислувам, не сум депилирана (чекам да пораснат да одам), па позгодно ми е дома да се опуштам :D Никогаш не сум била на масажа уствари. Многу пропуштам, знам.

    Титка машината, испрала. Одам да бутнам алишта во сушара и да ја пуштам последната за денес, ама прво ќе дувнам една :smoke: на раат со кафето.

    Убав остаток од денот и мирна вечер на сите :hug:
     
    На M&M, Ano, Mari* и 29 други им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 абе сликнете бар да го видам како изгледа. :D
    Е вака ке мислиш на глупости за да избегнуваш тршките мисли и ке изгледаш позитивен.
    Исходот кон крајот на месецот, а целосен исход наводно требало цела година да мине Нормално ке било ако и по излегувањето од тукс има пак потреба од еритроцити, тромбоцити...
    Прсшувам друга мајка кои се маж и жена овде веке со двете ќеркички повеке од пет месеци, во друва болница се само, за се низ што минеме. Скоро идентично. Само нам уште коса не ни паднала.
    Таткото со другата керкичка, три годишна, значи на 2,5 годишна возрст се нафатил да седи овде, сам со дете, само да се заедно. Тој готвел и им носел домашно пошто децава нема да смеат да јадат ништо сем готвено.
    Е тоа е татко, родител.
    Спорњдби многу не сакам, далеку сум од мајка идеална, но на ова неможам а да не се дивам.
     
    На elena.mak, M.B., M&M и 37 други им се допаѓа ова.
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.717
    Пол:
    Женски
    Дете дур спие, јас да покулирам, оти штом светна ламба, мене не ми се работи :D
    Денес и покасно се пробудивме, дете цел ден надвор, во песок, со точак. Се мислам што ли ќе прави кога ќе си отидеме во другата дома, двор ни метар немаме.
    И ручек денес само едни јајца спржнавме, додуша мм замина да му помогне нешто на еден другар, па еве го уште не е прибран.
    Сношти и ние синко го носевме на свадба, и воопшто не ми е криво, уште при само тргнување презадоволен беше од својот изглед, фризура, а за таму, пола свадба беше на оро, па се качи по столици, се изнаигра. Си мислам, која радост беше за нас, на нивна па и поголема возраст кога ќе ни речеа дека одиме на свадба.
    Колку само времињава се изменети, почна се да станува вештачко, па и овие веселби.
    Машина пуштена со завеси, чекам да доработи па да ги закачам.
    Ве поздравувам!
     
    На Mari*, elcezelce, 24.07 и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки....сите спијат а ние сме будни...
    Јас конечно си напрајФ една шолја кафе раат со нозеве проугоре да си испијам...
    Малава заспа, а и другово дете (читај-сопругот)...се думам дал да читам книга ил да си пуштам неки филм пошо телевизијава за нишо не ја биват...
    Викендов турбо сме удриле на шетња...сонце пукаше греота да не се искористит...
    Вчера сум пишала ама не се пуштило ваљда нешо нетов ме имаше зезнато...
    Многу сакам и си замислувам шо би се десило сиве од форумов да се сретниме да пијаме кафе...мислам дека ќе не пишит по весници:D
    Беба денес душа ме чекаше да станам од 10.30 ко утче мало опулено до мене лежело ама глас не и слушнав, сопругот чекал на готовс реакција ако заплачит да ја земит...а јас труп во 12 станав :$ Си играло со прстињата...ко го видов сатот мми се стемна...Добро сопругов ми е разбран дек одмор и мене ми требит инаку ќе беше големата...
    Имајте убава вечер
     
    На Mari*, minneymouse82, elcezelce и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Да не ти влијае форумов? :D

    Јас прво на 31, и ич не осеќав потреба да брзам за второ. Второто на 35 го родив. Бев и сеуште сум со девиза "потомство се планира" а не "кога ќе даде дедо Боже" :nod:
     
    На M&M, Mari*, *Лорена* и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро вечер!

    Успав дете пред 20 часот, никогаш откако се родила нема заспиено толку рано, ама така е кога цел ден не заспа. Леле луѓе се мрднав. Јас се жалам со едно а вие со две или три немам зборови освен алал нека ви е:bow:.

    Пред се на психа ме мава :worried: додека го прифатам самиот факт дека детево решило да не спие овој ден и ми ги пореметило моите големи планови во кои спаѓа правење ручек на тенане, пиење кафе и малку заедничко време со сопругот сами. Јаките планови ама ви велам додека прифатив дека мојот протокол пропаѓа во вода за денес тешко беше.

    Во целина викендот ми беше без врска и вчера прво пазарувањето кое е страшно напорно со дете како што и самите знаете кулминираше до тој степен што за малку ќе се вратевме дома со празни кеси. Тоа беше трчање по маркети, грабање што се стигне, ако пробаш да ја седнеш во количка како да ја колеш, мислам сите во нас гледаа.

    Ајде барем спиеше на сред ден, па кога стана отидовме до соседното градче со намера нешто да пазарувам за гардероба и се покајав. Нема што да објаснувам јасно ви е се. Ништо не купив освен една тава да си ја треснам по глава:@. И решив веќе не одам никаде со дете кај што не морам, додека одрасне само на активности што вклучуваат работи за дете.

    За таа цел денес се мислевме меѓу игротека, детски театар или прошетка покрај река и ајде се одлучивме за третото со надеж дека ќе се изоди и ќе ја фати воздухот и ќе спие. Два саати одевме, сопругот со зарипнат глас на ладното, изморени уште од вчерашниот ден и пак не спиеше. Ајде се тешам еден ден од утре по старо.

    Вчера дури ме чекаа во една продавница сопругот купил пица парче па и таа пробала, денес цел ден бараше пица:worried: Па играла на тие уличните свирачи и сопругот и дал да остави паричка, вели народ се собра да ја гледа неа како игра па и некоја бабичка играла со неа:rofl: За тоа време јас купив тава:headbang:

    Ќе си се вратам на старата навика онлајн шопинг ем ми е порелаксирачки ем си купам се што ми треба.

    Одам да се истуширам и во кревет оти малава очекувам да стане во рани мугри.

    Лека ноќ.
     
    На elcezelce, VedaG10, Mari* и 27 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Што убаво си врнуцка, преска таман излеговме пешки до маркет не зароси па се вративме и земавме колата.
    На пат така за кај дома многу често кога шетаме така со количка си зборуваме со маж содржајни работи :)
    И тој ми вика, леле кога си замислам утре одам на пат се враќам еце го вторник и пак одам и се враќам и толку од неделата, а почнала а завршила со брзина на светлината, тук там и некој пичку матер нели и така и ми вика која е поентата на живеење, станеш работиш легнеш викенд и се у круг и така поминал животот
    Му викам имаш право ама моментите се убави на пример
    Да излезеш да прошеташ да видиш нешто ново, да научиш да животот ти помине едноставно во уживање на нови места на пример, на прошетки со саканите, на моменти, на љубов, на емоции, на уживање на нешто што би те правело среќен да си го приуштиш итн... еден ни е животот, да така му велам да го користиме на убави нешта што не прават среќни.. и така
    Ме замисли маж ми со муабетов.

    Втор дел е дека ми влегуваат глуфци дома и дека утре ќе ѕвонам у агенција и ќе правам муабет за конечно да почнам од некаде да барам друг стан, ова ми ја прели чашата плус нозе ми се сечат повеќе од језа отколку од страв а ќе речеш нов е реновиран
    Уффф.

    Трет дел дека детето за време на викенд ретко да е така помирен, цели два дена сме повуци потегни со него, у маркет трча па паѓа итн.. да не редам
    Тоа е ќе помине, дел од детството е.

    Четврто сакам да менувам стан :D
    Ќе частам тука кога тоа ќе се деси оти ова ми ја прели чашата буквално..

    Денес си дадовме конечно со маж одишка за нас од пола час дете заспа прошетано и така убаво ми дојде. Сега спијат а од утре јово на ново се до петок. Сабота ќе се пакуваме и ќе одиме, песни наснимани денес дури 2 цедиња (fingers) уште колава да ја зачистиме и така неделава да прикупам уште нешто.

    Убава ноќ.
     
    На elcezelce, M&M, VedaG10 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Два дена викенд истеравме кај моите наполнив батерии колку толку ако ништо друго одморив од обврски по дома и трчање по дете, па се прибравме вечерва искапивме дете ама еве уште абер си нема од спиење, возбуден е неможе да се донаигра со играчкиве и да се изнагушка со татко му. :inlove:
    Утре планирам да го носам за крвна слика и мокрача, па со резултатите на преглед кај матичен и ако е се во ред да ја ставиме фамозната ммр. Искрено коски ми се тресат и потајно е надевам дека ќе ја одложиме ама па еднаш ќе ја прими па само да е со лесно и да му е наздравје. Откако останав бремена цело време читам за тие пусти вакцини и повеќе сум против отколку за ама па маж ептен ми напнува и компромисно решение е тоа да ги прима ама со одложување. Сите за право та моите та неговите кога им изнесувам став против вакцини ме гледаат налудничаво као ти топла вода ли ќе измислуваш, а тек кога стигнуват покани со таков осудувачки поглед ми ги подаваат(facepalm)
    35та недела од денес петок одам за брисеви, а веќе од наредната да одам на цтг и да си ја побарам докторката да видам отприлика да договорам со неа зошто несакам друг освен неа да ме породува, само во неа од целите два доктори на нашата ни гинекологија имам доверба и се надевам ќе ми излезе во пресрет како и за првиот пат. Многу се плашам и само тоа го мислам :worried:
    И така ден по ден се нови стравови, нови предизвици потешки и полесни, живот.
    Одам да стуткам дете ја претера веќе, добра ви ноќ:hai:
     
    На elcezelce, Coco31, VedaG10 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.981
    Допаѓања:
    112.699
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки :yawn:

    Деновиве се пишувам по нешто, морам на рати бидејќи не се постига се во еден момент :wasntme: пишав фалби па ги избришав, се изжалив и тоа избришав..
    Ќе налетам на пост на Галапче и сите мои жалби, примедби и фалби паѓаат во вода, ниту фалењата ми се значајни, ниту жалењата реални.
    Да, не знаеме да си го цениме животот и она што го имаме, ретко ја живееме сегашноста, или сме се заглавиле со спомените или мечтаеме за некоја подобра иднина, а сегашноста само врви..

    Фино би било да го живееме секој ден како да е последен, секој ден да им кажуваме на сите битни личности колку ги сакаме, секој ден да пиштаме барем по едно пораче со содржина дека ни недостигаат..

    Од ,,последните случувања,, јас сакам и се трудам ова да ми е секојдневие. Така е кога нема да заборавам, па ќе ми текне доцна навечер и си ја лупам главата :smirk: ама ќе ми стане навика, мора!

    Решив од утре да се потрудам да бидам среќна за она што го имам, за она што остана, не дека сега не сум, но изминатиов период покрај толку несреќа што спопадна заборавив да сум среќна за себеси, уствари душава не ми дозволи..

    Но ,,тоа,, и не е ,,мој проблем,, и не треба да го внесувам во моето секојдневие, во мојата дома, тажна сум, скршена, разочарана, но можам само да помогнам да се прават чекори напред, со живите се живее..

    Признавам неколку години наназад ја заборавав мојата стара мајче, мојата втора сестра, заборавав колку ми значи, но си викав среќна е, таму некаде се смее, ќе ја чуев од време на време, ќе ја видев повремено и секојпат насмевката и беше се поширока, секојпат изгледаше се поубаво и позадоволно, ме грееше со нејзиното задоволно лице :inlove:
    И се беше така до тој ден..
    Сега ми е криво што требаше и среќата да ја споделуваме многу повеќе, но во тагата не ја оставам сама, не ја оставам без мене, не требаше ова да се случи па повторно да се слушаме секој ден, но ете така бидна и нејзина вина, но и моја и јас многу се одалечив од се по оној проклет ден :( ама отсега се ќе е поинаку.
    Поради бебе, не дека он е пречка, но ипак е бебе, барем еднаш неделно ќе одам да ја гушкам, за повеќе кога ќе ми биде поблиску :hug:

    Сега се сетив дека и една другарка од детството малтене ја избришав од кругот на пријатели :|
    Каква е, таква е, ја познавам, па мислев мм да го праќам покана да носи за бдеј, но ветувам утре јас ќе ја барам и на гости ќе и појдам, па и покана врачам :wasntme:

    Можеби дел од постов треба да стои во темата ,,на срце ми лежи,, но ете тука пишав, тука нека остане.

    Деновиве ми минуваат околу и за бебе, се се врти околу него :inlove:
    Секој ден веќе ни е предизвик, секој ден гледам дека научил по нешто ново.
    Вчера дознав дека веќе успева да се качи сам на кревет (highfive) за да денес почне да пробува да се качи на комода, па не се изненадувам кога за некое време ќе го најдам одозгора :|
    Само поткрева нога бебево мое за да се качи на нешто и мора на нешто да стои, на некое пластиче од играчка, столче било што, он мора да стои на нешто и да се пентари :smirk:

    ТВ- то веќе е на ѕид, мораше, иначе ќе требаше за скоро нов да купиме, ептен му се погоди на бебе дека низок и на дофат :D
    Само мм го закачил на сред соба, ама буквално, па сега треба да креваш глава за да гледаш телевизор (facepalm)
    Ова ни на времето не ги пентареа толку високо :D

    Да го пофалам вечерата ја изеде во еден здив, ниту се побуни, ниту церемонии имаше, ама затоа како протекоа доручекот и ручекот ич да не зворам (facepalm)
    Леле прееска во маркет го држам во раце и појдов леб да земам, аууу кога се озари, плукна цуцето и тргна да го гриза лебот, па јаде, шматка како да не видел :D
    Вчера се изнајаде кифли, на крај ми текна дека имаат белка, па и сусам одозгора, па ај наздравје му ги воведов :angel:
    Лебарче ќе е бебево, абе цело е на мм сум кажала веќе :envy:

    Вчера битен ден беше, конечно торта нарачав :whew:
    Ама на Виберо, да се живи и здрави социјалниве мрежи, не успеав да отидам, се ова, она, ќе заборавам, а деновите идат, па си реков на Виберо.
    Не ми е ни прв пат уствари така да нарачувам торта :^)

    Сум им пишала еден реферат, пропратен со седум слики и детално објаснето од која слика што сакам и што сакам да земат, уствари јас мислам дека детално објаснив ќе видиме на бдејот колку сме се разбрале (fingers)

    Ама на крај откако се исподоговоривме ми текна дека требаше и колачиња да порачам :doh:
    Ама па сега ми се уврте од една друга слаткара да ги порачам, абе да не видам ништо на нет сум станала, па и они намерно ставаат такви убави, наццкани слики :smirk:

    Ај од утре ќе им пишам и на нив :angel:

    Горе - доле се набавив од декорација за слатката маса, ми фалат уште некои ствари за масите што ќе китам и да се фрлам на работа да средам.
    Балони план е да има околу 150, уствари толку сум купила е сега колку ќе успееме да надуваме и колку ќе пукнат е друго :D
    Мм купи и една направија од Џамбо, ама џабе парите, сепак со мало компресорче ќе си ги дува, не ќе успее со уста посекако :D
    Е да и да му спомнувам секој ден да ми направи обрач, ако не му трубам ќе нема :talk:

    И мм уште нема панталони..
    И јас уште не ја пробав сукњата..
    На бебе не му омалеле стварите :whew:

    Погоре пишувате и си ги фалите мажите, јас не знам во која категорија да идам |(
    Никогаш не му сменил пелена, ниту го облекол, ниту го наранил, не дај боже оброк да му спреми, тој ни каша знае да одбере, два/три пати само го успал кога беше ептен маецок.
    Само го бања редовно, од прв ден си ја прифати таа обврска, може да го изнесе до надвор ама на некои 10-15минути, знае да го заигра ама ако ,,мора,, и јас да му речам и секогаш е со она ,,а што ќе правиш,, (facepalm) ако му се здосади, уствари бебе е захтевно идат по мене, знаат и на врата да ми тропаат од вц и светло да ми палат/гасат, ако се облакам, коса местам ќе дојдат во спална и демек си играат на кревет, а бебе упорно иде накај мене, па повремено морам да го припазувам..
    И да не редам, не се жалам јас, што вика мајка како си се приспособила и се снаоѓаш со бебе алал да ти е, но реално мм може и треба да се потруди многу повеќе околу бебе.
    Знам многу работи, физичка работа, но сепак, уствари ај да не зборам многу, еве денес ми вика, еве како не учествувам, еве ти шетај во Мол и разгледувај јас ќе буткам количка 8) и вистина буткаше, а јас како Џокерче не знаев рацете каде да си ги пикнам, па и како да ги држам и што да правам со нив, просто вишак ми беа, освен кога не пофаќав нешто по продавниците :D

    А на бебе фејворит персона сум му јас :inlove:
    Кога ќе го види мм му се смее, вика, се радува, ама на мене трипати повеќе :l:
    Ама и не дава ни два чекори да тргнам од него, одма вика и лази накај мене, речиси секаде сме заедно :angel: лепенче :inlove:

    На баби, жаби, дедовци, тетки знае да им се насмевне, ако го анимираат и ќе им се смее на глас, но не сака да иде кај нив, ако го земат кенка за да го земам јас, треба нешто ептен да го занима и тие натака да го носат, уствари да го подлажат, па да поседи, ама и тоа за кратко.
    Море ни кај мм не седи долго :?:
    Мама е мама, една е мама :l:

    Утре ќе е ден ко ден..
    Уствари ако убаво спие бебе ноќва ќе е супер ден, ако не ќе е хаварија :yawn:

    Ваљда во некој скок е, само молам побрзо да го прерипа :whew:
    Заби не се, не гледам набабрено никаде, таму каде беше искочија :?:

    Вторник ако имам кола ќе шетам до Џамбо по тоа што ми фали за бдеј, па до Рамстор на бебе бодиња да му купам, сите му се мали, гревче е и на крај кај една другачка на седенка :)

    Ама ако немам кола ќе си седиме дома, може евентуално ако потрае пролетта во ноември улици да мериме :D

    Е да јас уште никаква јакна не сум облекла, ни мантил, ни чизми, еднаш получизми натнав и ми зовре ногата, ниту џемперче сум облекла..
    Сега ми текна дека сакам фустан да носам, видов во Молот убави кои ги сакам во мој плакар ама ниту едни не се за доилка (зборов ми е убитачен) и тажна сум поради тоа, скиснав во фармерки, а не сум по сукњи :envy:
    Море сукња јас да си купам :?:

    Ај најарно ми е да си легнам, бебе ми се здрви на нозе..
    Убава ноќ, гушкајте саканите и сонувајте убави нешта :hug: |-)
     
    На Emma2, elcezelce, M&M и 41 други им се допаѓа ова.
  16. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Хахаха почнав постов да го вртам обратно, од крај накај почеток (без да читам за да почнам од почеток) и веќе на средина знаев дека е од тебе... Книга да напишеш. Точка. 8)
     
    На elcezelce, M&M, Mari* и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Јас и без да погледнам ник, ако видам долг пост знам дека е на @emkaemka :D
    А јас па обожавам да читам такви долги,детални постови:angel:
    Дури и стилот на пишување е ептен препознатлив.

    Добра вечер мајки:)
    Бебе избањато, задрема во 9 и нешто и еве ја уште не е станата. Нема шанса она во 9 да заспие бе:^)
    Мислам, навикната сум на нејзините безвезални дремки, па и сега ја очекувам во секој момент да стане.
    Синоќа ја заспав во 10, за помалку од половина час она беше станата и расположена за гугање:|
    Пак си легнавме во 12...
    Чудо ќе биде да продолжи сега без станување.

    Да ви се пожалам малку.
    Се качив вчера на вага.. жСе скршив мислам од тоа што го видов. Јес да приметив оти сум поправена после пораѓај, ама не се мерев.
    Епа жени, се наближувам накај 90:drunk:
    И си решив, мора да почнам диета оти ќе затерам накај 100:worried:
    Се одлучив за протеинска, односно Кетогена диета. Се приклучив на Американски групи за Кето при доење, и досега не прочитав негативни коментри во смисла намалување на млеко, само да се внимава и да се пие мнооооогу вода.
    Уште утре стартувам, ептен сум изгубила контрола врз себе, олку никогаш не сум тежела.
    И маж е за диета, па заедно ќе држиме. Мора еден на друг поддршка да си даваме.
    Лани ја практикувавме,ослабнавме многу и двајцата.
    Диета+шетање со бебе, си давам рок 3 месеца да намалам 20кг оти отидов од раце:|
    Инаку ќе се депремирам. Ништо не ми е точно од стара облека, не ни купувам ново оти сум огромна, цела растресена.
    Самодовербата ми е на минимум, не се сакам ваква.;(
    Со мм уште сме “на постење”, бебуш не дозволува поинаку,со нас си спие:D
    Ама ич не сакам да ме види без облека во вакво издание. :$

    Ќе се средам,ослабам,п*цнам ептен, и ќе ви лупнам едно сликче во Модни критики на гз да паднете:P

    И тоВа.
    Страв ми е да станам по вода да не го расонам срцлето до мене.
    А и нешто не ми се спие, ќе ги листам темиве до доцна изгледа.
     
    На elcezelce, karibian, M&M и 34 други им се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ај добро вечер...
    Турбо деновиве, ама на најјако.
    Од вчера постот до денес дешавки како за цел месец, а не 1 ден.
    Слушнав ПРЕПРЕПРЕЕЕнајубави вести. Од сама себе се изненадив колку бев среќна. Мислам помило за никого не ми било. Цел ден бев окезена. Од радост и правење филмови (позитивни) касно заспав, а еве и денес ме држи уште.
    Бебче заспа, мала драма имавме прееска - колку јако спиште дури зајде... Се стресов. Ја надоив и заспа. Ништо не и било, за спиење плаче. Ама ова беше појако изгледа ептен и се спиеше.
    И нели за да не е се идеално, за добра ноќ ја спукав со мм...
    И така...
    Во принцип ништо ново.
    Више не се ни жалам.
    Вчера не зачистив, нели. Ама денес е пиц пец. Стакло чисто. Дури и плакари средив.
    @Chanell* алал да ви е, долг пост ве фатил. Не знам како ви е по дома, ама за гледање ме гледа и од бањање кога искачам на посветло, а не па за мафе...
    А и бебе спие со нас, ама се снаоѓаме. :D
    Имајте убава ноќ.
    Од утре нова недела... За нови почетоци.
    Здравје за сите, а се друго после лесно си доаѓа... :hug:
     
    На karibian, Coco31, VedaG10 и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey Точно пет месеци:tmi:
    Многу не фати,не се трпи веќе:rofl:
    За гледање ме гледа, кога се облекувам стандард иде едно “шлаап” и коментар “ тато,види колку згодна мајка имаш”:D

    Ама јас мислам лаже.
    И он ме гледа оти сум дебела.
    Јер,жени:emo:
     
    На elcezelce, Coco31, VedaG10 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    22.780
    Пол:
    Женски
    почнал понеделникот..пред мене многу трчања и испитувања не чекаат со синко..Едното е малку комплицирано и страв ми е како ке го истера.Страв ми е и од резултатите...Ќе беше добро да спијам ама сон не ми доаѓа..Па одозгора и некој сукоб со фамилијава од маж ми...Кај никад не биле подршка,бар да не ми одмагаат. Уфф...
    Де надевам мекоја мајка после мене ќе пише малку поведар подт,а не вака утре коа ќе ме читате безвезе со првото кафе...Жал ми е..
     
    На elcezelce, karibian, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.