Денес тагесмутерот ме праша дали да ја легне да спие малата во 11:00. Јас се насмеав (не можев да се објаснувам дека заспива само со цицање па и си викам дан ми се чуди, друг менталитет си е она) и и реков добро, пробај. А и мм рече ај нека проба може ќе ја научи без цицање да заспива. Искрено ама ич не ми се веруваше дека ќе заспие кога одам да ја земам малава спие. Како ли ја заспала не ми е јасно, а и вчудоневидена не прашав ќе прашам утре. Секое сабајле со тешко срце ја будам ама штом речам "да одиме кај децата" отвора очи, се симнува од кревет, оди во дневна зема јакна и патики и пред врата. Срцка моја. Па сабајле се замислив што ако не сакаше да оди, како ли би ја спремила сабајле со плачки, ете среќа што многу сака, се надевам нема да се смени. Година и пол помина, а мене уште ми тежат првите пеколни 40 дена и првите 3-4 месеци. Тешко ми е што немав доволно храброст да се изборам и сите да ги отерам у . Знаете колку сакав да сме сами тројцата во странство (уствари може и да не знаете да не сум пишала). Желбата ми се исполни. Сакавме швајцарско село ама во некоја си германска населба сме. Со надеж за австриско село, @Mari-Ja и ние доаѓаме, @orhideea ќе вари по едно кафе за почеток. Сакам и да работам и да забременам. Ај не мора породилно да земам ама во исто време да терам и работа и бременост. Ама прво мора на човек да заличам. Може и да не мора ама мора за да имам самодоверба. Сакам фармерки да облечам после 100 години. Сакам нови патики и јакна. Еее де па и не барам којзнае што. Ај и кармин може да ми го освежи изнемоштеново и без волја лице. Сабајле се исфорсирав мислејќи дека дете ќе спие кога ќе дојде ама се зафркнав па цел ден како мува без глава сум ама супер го истеравме денот. Уште ова да кажам. Многу го сакам ова мое дете што 13-14 месеци на работ од нервен слом ме доведуваше. Цел ден бликам од радост и среќа. После година и пол веќе може да се каже уживајте додека е мало. Мајка ми секогаш велеше како не останавте цел живот мали да знаев дека вакви ќе станете немаше да ве раѓам. Сега ја разбирам совршено. Ја сакам малава, ја сакам, ја сакам. А и мм многу го сакам. И сите вас ве сакам! Понекогаш се "карам" со некој дека мразам неправди. Ама пак и нив ги сакам!
Мојот спие на перница од кај годината односно и пред годината не знам точно колку беше ама малечка и ниска бебешка. После му купив како нашата и си спие на перница веќе долго време Дека иста возраст ни се дечињата. Штом ти бара перница стави му големи се веќе за без перница..
Офф таман решив да пишам лелеее дете кога почна да вриштиии аииии со двочекор од дневна во спална ојдов...срце ми застана...дали ради запче дали има сонвето нешо...Душа мајкина.. Едвај се смири...Сеа жал ми е во креветче да ја вратам, нека подремит на мом рамену... Денес некако тапа денов излегов да прошетаме со беба едно кафе набрзина со другарка шо се вика в заб ми влезе. Беба и се здосади в место па станавме да видиме шо има по дуќани... После тоа ручек набрзина и дремевме пред тв...дали од времево или нз ко чукната со чорап се осеќам... Вечерва решив да ги средам алиштата зимски и да спаковам летни... Имајте убава вечер
Пак јас....беба ококорена испушта звуци, се понаша ко 2 дена да има спијано...полна енергија, а јас ко идуван балон Отворив гугл барам wonder weeks читам за 26 недела во несвест ќе паднев...офф само со лесно да ја поминиме и оваа фаза од скоков...ексик ... Спијајте и за мене
Добро утро. Дете фатило страв од бањање и јадење, со сила држи затворени очи и не станува. Докторката го пофали за напредок на визитата но уште е рано. Јас сум оптимист ама некој страв обвиен како змија околу мене. Вчера рекоа дури наредна недела може да размислувсме за да поодиме низ ходник, денес рекоа четврток здравје. Во една болница на друго детенце по трансплантација не давале ништо дс јаде и го ставиле на вештсчка храна , во трета давале ама многу работи не смее, овде вчера дозволија чипс да дадам. Касна две три ама дадоа. Незнам што да мислам. На др места држат со месеци, овде бргу пуштаат штом видат декс е успешно. Кафе испиено, соба подсредена, уште дете да стане, незнам иначе што сама со себе. Херојот на мама си ти му викам синоќа дур се гушкавме пред да заспиеме. Строго тој мене со две раце и јас него со две. Мамо а ти си Херојкавица.. Почнав да се смеам и солзи ми течат по лицето. Е што се смееш мамо, како се вика за мајка херој? Не ми текна во моментот од сплет на емоции и му велам исто Херој. Епа мамо поубаво е Херојкавица Ајде смогнете сили мајки Херојкавици и направете си го денот сами на себе многу убав . Оставете прсвосмукалки, јадете нешто што има денес, или згответе нешто полесно и гушкајте се со малите палафковци. Погоре прочитав и за рипање од лустер врз мажите. За ова па најдете сили и време, што почесто.
Умен тој на тетка, убаво си знае он, Херојкавица <3 Ве обожавам и двајцата, да си знаеш Наминав за поздрав само, приемен ден, мада јас уште немам странки иако работава е старо нова, осеќам тензии, напнатост, па и јас се пазам. Поздрав и дрмнете кафенце од мене
Добро утро од работа. Со кафето пред мене си читам фемина . Леле денеска сум многу изгубена. Сабајле станавме со синко се спремивме, го облеков и си излеговме. Дури пред градинка ми текна дека сме го заборавиле ранчето . Ааа вилам со тебе во раце не се враќам до 5ти. Оставив дете во градинка и мазад по ранчето, па пак во градинка. Тоа е кој нема во глава има во нозе. Си се изнасетав рано по сабајле. Иначе више неможам да издржам на работава. Многу ми е досадно. 6 саати си седам така како утка, нема ни муабет со кого да направиш. Ќе се мрднам. Мора да се бара чаре. Тоа е од мене сеа за сеа
Поздрав мамички.Испраќам многу сила на сите.Интересно е што кафето го пијам без шеќер, а обавезно нешто благо да се јаде.На дневен ред е слатко од смокви. И ај ослаби да те видам.Се надевам во следниот живот.Кај нас сега се родителските на потег.Вчера бев кај поголемиот син трето одделение имавме на располагање 20 мин. Двете учителки беа присутни и јас.Ме решија за 10 мин. Ми кажаа да бидам горда на моето дете за дете дојдено пред 2 год. има постигнато премногу дури повеќе од многу деца германци во неговиот клас.Тој е еден од подобрите ученици по сите предмети САМО нормално малку германскиот и германската граматика ни се послаби, Но секој ден е се подобар и подобар.И нормално плачката во мене се јави почнав да плачам ме прашаа зошто плачам треба да се радувам а јас навистина плачев од СРЕЌА. И ми кажаа дека не за џабе го избрале за претседател во одделението затоа што ќе било многу добро и другите да се огледаат на него и дека е вистински пример за добро дете.Јас паун навистина се израдував и одма расположение до плафон. И ај не плачи после. Денес сум кај вториот син на родителска,па ќе видиме како ќе поминам.Најважно е сите да се здрави и живи,а се останато ќе си дојде на свое место. Доста се пофалив.Ви посакувам убав ден на сите.
Добар ден мајки. Ние денес во седум станавме, само што отвора очи вика ајде да одиме во дневна да си играме. И ајде, уште не можам да се освестам со неа доле ја заиграв малку, па и направив чајче, носето уште ја мачи. Направивме јадење за бебиња, мечиња и мачиња, ги наранивме, па направив за неа и за мене палента. Стана и мм, додека си играа они земав да направам посен колач, никогаш не сум правела, ама имав мастраф, и си реков може ќе испадне нешто. Не ми се веруваше кога супер испадна, проста работа за правење, ама и јас доста сум си неспретна во кујна. Малото се изнајаде и ме избаци што торта сум и направила. Срцка ми е најголема, ептен е благодарна, само не бацува и не гушка, од нигде никаде ќе и текне и вика мама те сакам наааааааајмногу во светот и ги шири рачињата. Топење еј. Кога си шетаме обавезно раче ми дава, ајде мама за раче да одиме, ептен ми е мерак така заедно кога си шетаме. Кога ќе ми текне бебе кога беше како едвај чекав да прозбори, да оди, да се дружиме и еве сега, прекрасен период. Не знам што сум разнежнета толку од сабајле, ама навистина ми е убаво на душата. Од тортичката што ми испадна може. Давајте им ја цела љубов, бидете трпеливи со нив, гушкајте ги, сто пати кажувајте им колку ги сакате, дури и кога се бебиња и мислите дека не ве разбираат, ама чувствуваат, сè што правиме ги гледаме резултатите подоцна, сè се враќа на подолг рок. Имајте убав ден сите, јас малку да потсредам уште ми остана и ќе си направам кафе мерачки да си го испијам со една серија. Спојлер: Кафе :)
Една не сликна турско кафе домашно еј ааааа. Станавме ама сем за гушкање желба за друго се нема. Не пеј мамо не знаеш да пееш. А да играм? И да играш не знаеш. Ај си викам мрзоволен е. Па да си проверам си потпрашувам уште. А да си играм со играчки со тебе знам? Не знаеш. А да се гушкам? Се смилува, знаеш мамо. Многу е тивок денеска, не ме дружи па одма кај вас се паркирам за утеха.
Повели @galapce од мене денес кафето, ве гушкам и ви пуштам позитива. И ние не сме секој ден расположени, а тек дете. Верувам дека овие денови ќе поминат па во сеќавање ќе ви останат само убавите мигови на бескрајна љубов, гушкање и поддршка. Мене ноќ ко година кога ме фатија болки менстрални од памет се извадив, цела вечер дежурав и шетав по куќа, место не ме додржа додека не отидов на гинеколог, рече не ме чепкал вагинално да не испровоцирал. Кандидата и зголемен исцедок ми правеле мака па ми даде вагиналети и ми кажа наредна недела да одам на цтг. Ми зеде брисеви се поздравивме и така, се надевам бебе ќе поседи во стомак додека се доспремам а и да фатам породилно, да не ме зезне за некој ден Да шмркнам кафе и да уклучам машина, денес за ручек тава со ориз, месо сварив па за брзо и ручекот ќе е готов, не за друго ми се јаде Поздрав мајки одам да прочепкам по теми за новороденче и да правам список, да спремам торба и се со ред, аларм за бебе се уклучи
@Vennera.aa Ај и за мене едно кафе,молим лепо Како ми треба едно јако турско,горчливо ко душата на бившиот Да ме освежи и расони малку.. Беба утрово во 7:30 не разбуди, и еве уште не знам кај терам Ако,барем рано почна да заспива. Ја спремив и однесов на вакцина, среќа добро поминавме. Му се смешкаше на докторот цело време, малку си викна и да плаче, ама ја смирив за брзо.. Сега весело си гуга и смешка по дома, се надевам нема да качи тт. Ја подновив пак со нешто, и така нешто по нешто и немам веќе место каде да ставам облека. Вчера и порачав фиокар, средив облеката и едвај го затворив. А како ми е мерак да заглавам во некој бутик и свашта да и изнакупам, ама џабе.. Ги ставам на закачалка во нашиот плакар и и ги заборавам дека се таму Мм вика, абе добро не ли е доволно? Туку се вадам “ги надраснува брзо”, a нема врска Свеки ја занимава, јас се испружив и мислам ќе задремам веќе. Немам ич сила денес, не сум спиена повеќе од 6 часа. Машините нека почекаат за вечер, ништо не правам денес. Ма и кафе немам сили да си направам. Е до толку е работата дојдена.
Ајде @Chanell* баш такво и јас го пијам силно и горко, нека се пријави уште некоја ако има за па да си направиме феминска седенка, од мене кафето
И јас сакам кафе, кога веќе се нуди @Vennera.aa @galapce и вчера сабајле, а и утринава сакав да сликам и тоа специјално за тебе, си испланирав уште кога пиша дека сакаш слика. Арно ама, кога во исто време се обидуваш да пиеш кафе, па бебка завршила работа во меѓувреме, одиш да менуваш пелена и успат добиваш ноџе у фаца и кикотење, тешко дека ќе успееш да сликнеш нешто Кафето на екс на крај и низ врата, така завршуваат моите утра Ние арни, фала богу. Бебка уште има по некое мрсулче, ама ништо страшно. Си дише убаво, си јаде, си пие, си спие, така што мирна сум сега. Почна и по татко и да вика тататата, овој па се покака од радост Галамџика голема е, ко ќе отвори уста да пее, не се затнува. По цел ден само мамама, нанана, дадада, бабаба, тататата... Главава тупан ми е некогаш Многу ми е слатка браво кога прави со рачињата и се радува И само мавта по сите, чао кажува, и на познати и на непознати Јас само на кратко наминав да ве поздравам, турбо сум на работа и немам многу време. Едвај чекам да заврши денов и да си одам, гладна сум. Го прашувам мм што сакаш за ручек, ми вика кајгана со урда Кај му текна, свашта значи. Јас па повеќе за манџичка бев, ама ќе ми олесни, кајгана за 2 мин готова е Отидов мајки, тропаат на врата, телефонов се откина и мејлови стигаат од сите страни Убав ден на сите
Добар ден. Само што ручав, може да се послужам и јас од турското кафе на Венера, таман и цигара ќе си запалам Утрово синко пак отежнато голташе а само 4 дена како сме го завршиле антибиотикот. По пат накај градинка се пожали на главоболка, кога стигнавме таму го прашав не рече ништо. Значи одкако е тргнат не може да истера една недела од почеток до крај Бев да пазарам работи што ми фалат за тортата. На раат, без маж што се' се брза, без дете што квичи и на крај пак сум заборавила некои ситници. Не знам дали ви кажав, тортата што избрав да ја правам се вика ,,Швалер торта,, Требаше може за мојот роденден да ја правам Шала на страна, ми се допаѓа ептен вкусот. Името не мора да го кажам Кај и да е маж ќе си дојде од работа, да се фатам и јас за работа оти ако ме виде слободна може и ќе ми понуди нешто Сами дома знаете како е. Е сега, за од лустер да скокам стара сум веќе плус и лустерот во спалната не е нешто стабилен, не ми се ризикува Подобро да се фатам за чиниите јас
Ај добар ден... Нешто и немам што да ви кажам, освен дека го зграпчувам секој ден дур е сонце. Летаат денови, летаат месеци, ма и години... Не брзам веќе нигде. Се ќе дојде и пројде, после сум носталгична. Имајте убав ден жени... Кафе турско и од мене за сите. И јас највеќе го сакам горко. Горко кафе, сладок живот... Bittersweet
Добар ден мајки Дур да пишам вечер ќе фатит...беба едвај заспа синоќа во 3...сабајле во 10 стана... Одма ја спремив да го фатиме сонцето...Седнавме на кафе со сопругот, дојде другарка ја зеде да ја шета со количката од мерак за да испијам раат кафе. После земавме пешачење по кеј шубо ми дојде...поминав и од Рамстор земав од тие ефтините пешкири за беба ваљда ќе се погодат ако не за нас ќе се најдет...Ручек тортелини тоа најбрзо ми е... Беба тера втора дремка јас да испружам нозе пошо вечер ќе ратоваме опет галиба.... Само да и поминит побрзо периодов...ко баба се осеќам во лицево,па уште земав едно чудо козметики да се пролепшавам. Јас немам време во вц да одам сеа за сеа не па третмани да си терам. Беба денес проба јаболко и морков и добро поминавме. Имајте пријатно попладне
Здраво женски . Дома дремеме.Син ми од нигде никаде вчера вечерта крена темп 39.1 Не знам од што и не знам зошто Попладнето шетаа со мм, па игравме со коли,на песнички денсавме,се смеевме и одеднаш седна клапна и почна да зева . Го избањав и заспа. Го слушам нешто тешко дише ,го факам топол . Мерам темп 39.1 Па ајде сируп,плачење ,тегнење Мака кога си има ... Денес е ок,ама мнг нервозен . Плус проливче има цел ден Се надевам дека нема да крене температура пак Малку сум и нервозна ради х причино со небитни луѓе ама ок ќе помине ... Сега кафе ќе си стаам , да се освестам малку . И нешто благо ќе правам за да каснеме . Син ми мнг сака да гледа кога готвам ,па му давам да става нешто од состојките Ептен се радува . Ем нема плачки и тегнења по мама ,ем си готвиме вкусно Имајте убава вечер мајки
Кога и да почнам да читам во групава,прво ми се припива кафе,а второ почнува да ми се чисти,тоа е добро Јас како тазе мажена,и во заедница,сеуште ги немам почувствувано благодетите на домаќинлукот Откако влегов во фамилијава како во некое стаклено ѕвоно сум.Кога и да посегнам по нешто,свекрвица не остај Јас,не остај јас.Од неодамна замина во странство на некое време...па сега ептен сум во филм на семејна жена,научив да пуштам машина,и цел ден прашувам,барам што има за перење,како некое дете сум,што му купиле играчка,додека не му здосади.Па така и мене некогаш ми ску*чува и си ја барам свеки назад Додека можам да си ја искористам нели Добри си се луѓето не се жалам.Ама стари ко стари знаат некогаш да ти пукнат филм.Ајде до година здравје сами.Иако и од тоа ме фаќа страв,ќе стасувам ли јас се на време.Дете ручек чистење работа хаос. Некогаш ќе се деси цела недела да сме сами,па си велам не сум бре јас за ова.Не за самотијата ами за обврските низ дома. Луѓе да се земаа пари за мрза ќе бев најбогата. Не знам на кого се метнав ваква.Родителите сироти покапани се од работа од кога знам за нив,доста е сега за тоа.Денес мм направи специјалитет по рецепт на некој си таму Гордон Ремзи. со триста си чуда таму некој.Еве час помина пак ми кркорат цревата.Абе најадисисе лебче ко човек Кога бебе спие ми е празник,она спие јас лежам не се мрдам.Ќе ми треба сила за до после,мм фудбал ќе гледал. Ајде мајки поздрав да мигнам малце.