Капсулата веќе се растопила во меше, не се грижи. Желатинска е, и предвидени се вакви ситуации како твојата. Ако сакаш кога ќе и ја дадеш следната стави ја празната капсула во чаша со вода и ќе видиш дека ќе ја снема Кога веќе се убацив вака ко падобранец среќни слави, имендени и родендени на сите. Гушки за @galapce . Убав ден на сите.
Здраво женски . Среќна слава и именден на сите кои славаат . Убав ден Моите ја слават оваа слава па денес ќе јадам сарми Со денови ги мислам и ги зборам едвај чекам после работа да одам и да јадам . Па мајка ми и слики ми пракаше вчера. И ми пишува: кога не доаѓаш лигави се на сликиве На диета сум ама денес ќе се омрсам за сите посни денови од Февруари Многу го сакам денов, и ми буди убави денови од детството. Порано ја славевме славава два дена ама од пред неколку години моите се одлучија само на еден ден.За јадење да не коментирам што се ќе има Повелете сите Една работа не сакам , кога ќе ги видам некои луѓе седнати на софра , а не заслужиле вода да им се даде ! Ама толку многу насобрана лошотија во некои луѓе не ми е јасна !!! Едно ќе кажам , има господ за такви луѓе! Толку на таа тема, не е заслужна за муабет и дискусија ! Син ми минатат година беше бебе и не разбирање многу , ама оваа година ќе биде интересен Сега ново му е кога ќе направи нешто што не треба вика О о БЕЈА ! Вчера истури јогурт на кревет, и таман да го искарам ми вика: оо беја и се фака за глава ! Со гласчето Секој ден се повеќе разбира, се повеќе почнува да збори . Повторува цело време Нареден месец му е роденден . Многу сум возбудена. Ептен се радувам. 2 години ќе ми полни детето Закажавме игротека, за тема се одлучив. Слатка маса и декорации поучена од минатат година ќе нарачам друг да ми направи .Темата уникатна како и минатиот пат. Овие што организираат родендени, каде и да гледав никој нема до сега направено таква тема Ќе споделам фотографии здравје во соодветна тема Минатат година место да уживав со бебе , јас растрчана местев ,ццкав, праев а бебе ко за беља тогаш кенкаше ,плачеше. И реков веќе вака НЕ ! А за пари, исто ми се фати . Сакам да нарачам торта на 5 спрата ама маж ми рече дека сум била ненормална , па ке биде на 2 До душа за се ме прави луда,ама јас сум таква секогаш сакам се Јас до пред некоја година моите родендени ги правев со се и сешто а не сеа за син ми ! пфффф не праам муабет За гости пак многу и тоа ќе бидат само млади Моите и на маж ми родителите ќе бидат само постари . Тетки , метки, стрини ,комшики не каниме ! Праша некој погоре кога ќитиме елка. Секоја година ја китам првиот викенд од Декемри . И за тоа праам фестивали , ама ќе пишам некој друг ден за тоа . Мојата традиција ќе ја пишам детално Иначе не знам дали сум спомнала многу сакам да сликам. Обожавам домашни видеа , развивам слики ... Се ми е наредено во албуми со дати Поготово сега откако имам дете . Секој момет овековечен ! а видеата ми се хит ! Како порано што не снимаа со камери е така и јас снимам. Со камера, апарат и мобилен ! На почеток само со мобилен сликав и снимав, па сфатив дека квалитетот на слики не е убав кога ќе се развијат па го активирав фотоапаратот. Има еден полупрофесионален Детето озрачено @kristina.k Среќен роденден на малиот. Голем да расте @emkaemka Син ми не паткаше, не ни сакаше да се фати за раче и да патка. Кога ќе го наместев да патка он ги креваше нозете и како мајмун висеше Ама затоа лазеше како бубашваба.Мнг беше интересен . Не сакаше дубак.Само факаше прашина.Мислев дека нема за брзо да прооди . Прооде на 13 месеци,сам од нигде никаде ! Нема правило кај децава кога станува збор кој,кога и како проодел и прозборел( за понатака) . И така мајки,се распишав за сите пари. Ама денес на работа лабаво па имам простор за филозофирање.Би пишувала уште многу ама доста е ,ќе ве здомрзи да ме читате Убав ден
Здраво мајки. Честито име/слава на сите. Повелете на благо на мм му е име Деновиве ми е забавно , мм по цели денови на раб. јас сама со двајцава ама влегувам во шема веќе. Заспи едно, бањај друго, ручек, чистење, перење лудница. Од сабајле испратив дете во градинка со комшииве, бебе спиеше , мама доручкуваше, па цицање, средување и одма надвор. Бебе во количка и се изнашетавме , плус и бебе преспа . Ајде сега да се фатам за тенџерињата доста беше одмор и шетање. Убав ден мамички
Добар ден мајки. Среќен роденден на баткото на @kristina.k со задоцнување И јас го чувам вака мм. Ама не од што толку го сакам, туку ако се разболи ќе треба да го депортирам, а и без помош ќе останам Тенерифе е убаво, ама ако не одите јужо кај што има прилагодени плажи, тешко дека малата ќе може да се бања. Инаку за се друго викам лајк. Особено со паркови со животни и занимации за деца е прекрасно. Кога бевме таму најдовме едно мини паркче каде те пуштаат внатре со животните (добро претежно од групата на мајмуни беа животните). Јас најдобра другарка со лемурите станав. Незнам колку саати останавме. како мили плишани мечиња се, а и ептен друштвени Ете убави работи кажав, а многу тежина имам на срце овие денови. Се повеќе се помислувам да сменам одно кон луѓето. Колку повеќе се обидуваш да им излезеш во пресрет, толку повеќе злоупотребуваат. Имам проблем и со “шефиците“ на работа, па на ум сум а одам дирекно кај тој погоре, зошто ова не се трпи. Едната незаинтересирана, другата пати од комплекси. Ај што не ми помагаат, ама во последно време и ми одмагаат Ако не на крај ќе барам трансфер во друга дирекција и ич очи да не им гледам повеќе. Утре планирам мали да го носам на вакција, па и од тоа срце ми се стега. Се опремив со лепенки, ациди борици, сируп за температура. Ама најмногу ми е страв од реакцијата дека поголем е. Душа на мајка. Се надевам ќе биде јуначе а мама. Од понеделник почнува и да се чува со жената, па и тоа ми е на мисла како ќе биде Друго паметно и немам да кажам. ако продолжам уште некоја црнотија ќе излезе, така да само ќе ви посакам убав ден и гушкајте се со најмилите
@kristina.k Среќен роденден на убавиот дечко,да е здрав и жив. @emkaemka И мојава појма нема за одење,ко пијана кокошка е Само гледа како да падни,се врти,превртува,лази,изведува акробации и сл.чуда. Ќе им стаса и тоа
Незнам како ви е вас,ама мене одсабајле ми иде да паднам..некако матно во главата-нит боли,нит неболи...Валда од што психички сум оптеретена..Стигнаа рез од двете места-контрадикторни.Вртам по тел одсабајле по куќни пријатели педијатри,комшии ,матични,што да се прави...Важно ми е што и покрај рез. педијатриве имаат горе доле ист став,па ќе најдеме нзс. Дете важно нема тт. Е нејќе да јаде.Тоа било ради што е пун со токсини.А јас се утепувам од купување свежо,па да не е пржена храна ,па зелен оброк...дете се напуни со токсини..Блед,ослабнат. Побрзо оздравување до прехладените дечиња,а за нас мајките дупло кафе и некое тоблероне
Здраво живо... Одамна немам пишано збор два, три. Многу напорен преиод со неспиење. Па вакцина со тт, изгоре дете. Сега неколку ноќи е добро. Колку толку одморени. Уште денското спиење да се среди. Еве заспа, поспа пола саат, закенка, па ај у раце, па пак ја спуштив, па пак еве ја у раце. Не знам што и е, ноќе си спие у креветче. Среќа измив коса, испив кафе и ставив ручек, ете го се вари, ако не се испече у меѓу време дур ја држам. Ама сакам да поспие повише зошто не верувам дека ќе има уште една дремка, а на гости ќе одиме... Иначе ни препорачаа и б6 покрај калма б, зошто и они не знаат детево од каде црпе толкава енергија. Докторката вика златно бебе беше, си спие, си цица сега е ѓаволче станата. Трча, фрла, отвара, се лизга по паркет, стои на глава, вреди за 2-3 момчиња. Да се заигра никако, освен што ги храни куклите додека јаде. Храни и се останато околу неа, па мајка се окозува од чистење. Среди ја куќата навечер и откако ќе станеш пак у круг, садови, храна, трошки.... Кога ли ќе ми биде цакум пакум се... Ете толку беше... Стана. Скоро 2 саати, ок е мислам
Честит празник на сите што го слават! Денот- пролет, такво сонце не грее ни во април, еве од каде се сите болештини. И времето не е тоа што беше Во маало ни отворија нов маркет, да не останам покусо бев да направам еден круг. Освен што дадоа гратис корпа за пазарење и жетон за во количката друго ништо посебно, цени до плафон. Чекам маж да дојде од работа, тој ќе оди по дете јас ќе сецкам ореви за тортата, денес завршив се низ дома, утре само тортата. @emkaemka и јас го имам истиот проблем со големото дете (маж ми). И тој е љубител на мотори, има 2, неговите се со по 2 тркала Среќа што се во МК и ги вози еднаш годишно, ама и тие неколку пати коса ми се крева и стално се расправаме. Исто и тој ги вози низ планини и додека не се врати цело време го мислам. Опремата само ја подновува Му реков ќе ги сокршам, почна и дете да сака да се пентери. Може и ќе си го одржам ветувањето, ќе видиме летото
Здраво мајки Бевме на здраво со бебка, супер си напредва 4580г умна беше и воопшто не плачеше. Прашав и во темата за вакцини ама никој не ми одговори...докторката ми кажа дека на местото каде е ставена БСЖ вакцината е готово да пукни и дека има оток кој јас го немав заприметено Е сега прашањето ми е дали нешто ја боли бебка од вакцината оти од ко се прибравме никако неможам да ја смирам, не престана,да плачи, пробав се и ништо Еве ја веќе еден сат спие на мене, не ми дава душата во креветче да ја спуштам... Тешко ми е...многу...ми фали мајка ми..плачам..тажна сум.... Извинете на негативниот пост мајки. Ве сите до една.
@Mari-Ja вие сега скоро тргнавте у градинка нели? Мора да се разболуваат.На почетокот е така.И ние бевме.Беше тешко претешко.И двајцата нон стоп болни.Прво едното со загноено грло после 2 дена па другото.3 дена се ок.пак се разболува едното со тт по 40 3 дена па после 2 дена другото.И така во круг.Цели 4 месеци. Еве сега дури се малку подобри. Не се откажувај. Јас секое сабајле на гладно давам витамин ц и пробиотик и сируп или мед од борови иглички. Па ги носам у градинка. Искрено незнам како издржав.Нон стоп болни. Ќе помине само време треба.
Ne muchacha, vo gradinka sme od sredina na mart pocnati, ama si nastinuvame od vreme na vreme. Bese vo april i maj nastinat, pa avgust pred odmor, pa oktomvri so sirup, pa noemvri sega pak sirup... Juni juli sme odmarale... Ne znam sto da kazam. Pocna da jade makar, toa se tesam. Kupiv waya probiotik da davam, davam imunoglukan i mollers ribino ulje so vitamini. Cveklo morkov limon cedev i vcera i denes saka neke pie. Med so maticen mlec isto davam na nekolku dena. Deca... Ke pomine. Da banjam dete i da vecera pa ke pisam. Ako ne zaspijam so nego. Kako pretepana macka sum.
Да се пријавиме и ние со дијагноза ,грип кој поминувал за два- три дена,. Нека си ! Дете заспа во 19.00 (ниедно време) па сварив јако турско. @galapce Само што го сварив дете заплака и еве го цица, го презаспивам. Прашање е дали ќе ми го ослободи цицето на кратко. Ако не слика во нареден пост. Да си тагесмутер е најдобра професија. Чуваш 5 деца кои се болни 300 дена во годината, а плата ти легнува секој месец. Што да пишам друго кога детето не ми е добро. Не е нешто страшно само што мн шлајм има се закашлува, задавува. Еве во раце го зедов да цица. Нема пуштање цице. А три ноќи по ред цела ноќ на цице висеше, претпоставував пак нешто има, или заби и вакви глупави грипови. Имајте убава вечер!
Мајки ! Не ми се верува кој слабич од мајка сум јас Денес бевме на бебка да и ги дупнеме ушенцата.Чунки на празник требало. Ајде јас храбра да гледам,а храбра не сум.Само што видов како ја прободе машинката кога врисна...толку ми се стемни,готова бев да колабирам.Веднаш излегов на воздух.Мм ја смируваше.Ептен си ја мразам таа фобија.Патем денес ние годишнина со мм од кога ме запроси.Многу ми фали блискоста со него,како кога бевме во врска.Откако ја добивме ќерката се некако се смени.Цела љубов и внимание што ми го посветуваше мене сега ја замени со неа.Нормално ли е,не е,појма си немам.Полесно ми е да си мислам дека е нормално.Се радувам што гледам колку многу се грижи за неа,ја бацува не можам да ви опишам колку многу.Како Маги е во се'се меша.Зошто толку сум ја покрила да не и жежело,зошто не сум и сменила лигушка водена и била и други мал милион работи.Не верував во фразата дека мажите се менувале во бракот за 360 степени. Ни на крај памет не ми паѓаше дека тој може да се смени.А тој на тоа одговара дека и јас сум била сменета.А јас уствари од самиот старт си бев лоша Свекрвица ми посака да сме остареле заедно.А јас и велам тој веќе е остарен.(мала шала за неговите скоро 34 во споредба со моите 24) И така ви велам бебка прави дремка пред главно спиење.Ептен е срцка со обетчина доста веќе ја правеа батко.
Не знам од кај да почнам со секирациите. Наплашена сум некако во смисол сум наплашена дека додека спиеме, јадеме, шетаме ..живееме ни се препелкаат по стан доста бубашваби гуштери глуфци.. Ќе речеш у 21 век живееме во стан реновиран, се сменето убав ама ете.. Генерално земјава е полна со мали суштества дали и климава придонесува не знам. Некна малиот го искаса нешто на двете ноџиња позади навидум личеше на комарец кога почна да се чеша ама после 2 дена имаше живи рани по нозете крв гној.. Не го болеше ама од се издрпа така сочно што се искасапи Му дадоа некоја крема му помина иако има белези и од тогаш се чудам со што не дај боже пак ќе се соочеме. Немам памет веќе. Се штрекнувам од мали ѓубренца. Демек се се чисти а ништо не е чисто е работава. Стан не менувам не можам барем до мај а после не се мислам ич. Се си мислам да фатам спреј да купам па да напрскам се живо и диво од надвор превентивно може ќе се намалат демек дупки баравме и тоа не најдовме навидум се ново чисто убаво ама не е баш така И се нервирам и сум растревожена Преска видов нешто што влезе под кревет ама маж кога дигна кревет немаше ништо Не ми се верува дека ми се причинило и полнав ужасна фобија да си набивам од све ова периодот на некој може ќе му е смешно ама на мене ми е тажно и нервозно дека дете чувам дома и така Денов лудница, до сега чистев дел од што треба да исчистам утре другиот дел па ќе барам некој сретства спрејови не бива више вака па ќе чекам маж и тоа А сабота ќе се пакувам и ќе одиме на надоле конечно Се радувам за тоа што треба да купиме и средиме и тоа што малку ќе разбиеме монотонија што вивна периодот Претепана се довлечкав до кревт битбо замириса играчки средив избришав наместив и така Утре да пробам да сушам некои веќе испрани алишта и да се спремаме.
Фала ви уште еднаш на честитките. Ве гушкам сите. Денес напорен ден на работа, едвај завршив навреме па и на две места на именден бевме. Малово се изнаигра и се изнајде се што виде по масите. Уште не е заспан, сигурно ќе му е тешко од што измеша се. Ама што да му правам, стрвен си е се да проба. Туку да прашам тие што работите пред компјутер, дали има корист од наочари со заштитно стакло? Скоро секој ден со главоболка сум, на крај на работно време ми се заматува екранот веќе. @vitamina да побараш од оние апарати што се ставаат во штекер, и ги бркаат животинките, не знам како се викаат ама знам рекламираат од топ шоп нешто такво. И не е штетно за деца најбитно. Добра ноќ!
Апаратот што е за во штекер го има и овде гледам го рекламираат, ако не се лажам кошташе околу 50€ Гледам планираш да одиш за МК, може да си го набавиш од таму. Ние го земавме пред 4 год. околу 1000 ден. ама искрено не сум ги прашала свекорот и свекрвата за ефектот. Ние овде си викаме фирма за дезинфекција, да ти кажам задоволна сум, го правиме обично на пролет и слободни сме од секакви инсекти. Инаку имав забележано и јас мравки, лебарки, пајаци ама глувци никогаш.
@vitamina апаратот за штекер нема врска. Не е за парите ама ич не му се надевај.Поарно пробај од сретството од земјоделските аптеки, штом догате земетњ си. Ако е толку страшно само селење му е мајката. Добра вечер ! Тука добро утро. Кафе си направив. Малото де мачи и тој да заспие. Утре играчки во најава. Има попусти по маркети и постојано некои штосни играчки. Во наше село нема така. Почнаа сите коски да ме болат. Се дебелеам. Како ли му е на дете? Си молчи си лежи, желби и захтеви нема. Ах да помине веќе се и да почне да му се враќа силата. Таман ќе помислиш се стабилизира, нешто ќе испадне. Носи ме вели дома и испржи ми пишиијчка. И ти се кршиш на милион парчиња, поготово кога залак во уста не става. Секундарно си ги прибираш парчињата, оти нели мораш да најдеш начин да излезеш од муабетот и да ја подзаборави желбата. Брда и планини ветувам во вакви ситуации. Ќе имам бајаги за исполнување. Една ја ветив ама за таа не сум сигурна. Да ми најдеш мамо добар татко. Добра ноќ
@galapce Бидејќи ти е утро - од мене едно јако турско @kristina.k ја ги земав тие наочари со заштитно стакло. Мене ми ги намалија главоболките, посебно ми одговараат за возење навечер кога ми идат светла од карши. Околу 50 евра беше само стаклото + рамките, пред 3 години.
@vitamina земи кога ќе доаѓате у мк од неопетроид напрскај по краевите на прзорци и врати и да видиш како нема да има инсекти. Јас со тоа фатив бува која ја мавав 3 ноќи и никако да ја фатам а синко беше изрешетен скроз.
Добро утро мајки Пијам капучино Ајде кој е за дружење Однесов деца во градинка.Ама какви церемонии се прават од сабајле цел саат од големиов син.Не сакам тие алишта па бара други ќе грабне некоја стара блуза за по дома.Па не сака патики сака топлинки.Па сам сака да се облекува па се замотубжва во блузата и се нервира па ја фрла.Ај викам јас ќе ти помогнам.Не сам сам. Па чекај да рипам малку по кревет.Па се степаат со братчето. После не сакам со кола сакам пешки да одеме.Му викам ладно е.Излеговме на терасата да види дека е студено.Не е вика.Добро не е.Малото тамн го облеков се покака во чист памперс.Пак пресоблекувај. И додека облечеме палтињата капите и патиките.едно мора да се расоблекло. Па малото стана од точакот на сред пат и сака пеш да оди уствари сака да трчка.Ајде го симнав.И стигнавме некако. Битно си одат со смешки и не плачат веќе. @vitamina кај нас од надвор многу влегуваат такви животинчиња.Чкрапли,пајаци,стоногалки и што уште не.Јас купувам од земјоделска аптека едно средство за инсекти.И го растворам во 2 кила вода а не во 10.И во шише со пумпичка прскам и по зидови и по ќошови значи насекаде во цела куќа.И цела година нема ништо.Пробај со некој спреј пипс било што.Ќе помогне. Вчера со мајка ми бевме малку низ градот се прошетавме.Пиевме кафе.Жената не е добра.Изгледаше ептен омалаксано и без сила.Ама отиде 2ра смена на работа.И таму ептен и се слошило па со брза помош ја однеле.Сега си е дома подобра е. Периодов има премногу стрес и тоа се од брат ми.Само глупости праве.25 год а уште се понаша како некое мало дете.Многу ме нервира.А мајка ми таква мирна си е и се си трае и трпи и затоа сега ќе страда.Многу се нервирам. Друго ништо нема.Од мојата работа ни трага ни глас.Уште барам ама нема ете.Незнам веќе кај да отидам. И тоа е .Еден ден ќе си дојде што е мое.Нели Ви посакувам убав ден