Добар ден(мрчаторски пост) Не дека е добар ама ајде.Чекам на др ,конечно си најдов матичен.Грип левл 100.Тт 38,4 болки во глава , вртоглавица, мускули ме болат.Вчера како си дојдов дома само јас си знам.На секоја станица излегував од метрото и седев на клупата да ми мине гадењето.За после 4 пат едвај се воздржав да не се истурам во метрото.А гужва Излегов на една станица отворена надвор и едвај стигнав до клупа.Соблеков јакната и легнав на клупата.Цела се тресев ми се вртеше и едвај дишев Станицата за малер немаше 1 човек.Си вела тука ќе умрам нема да ме најде никој Се јавив на мм и кога рече ќе дошол со малата.му реков не подобро ми е ќе дојдам полека. Се најдовме кај нашата станца , а малата плака по мене да ја земам.Цело време плакаше не разбра дека не можам.Дремнав малку тт не ми се симнуваше и по апче.Ама пред спиење малата беше врв плакање мислиш ја дерат и само мама мама.Успеав да ја заспијам и си легнав во др соба да не ги разболувам.Малата на 15 минути плакаше и се будеше.Му реков на мм мери тт сигурно е со тт.Не ми вели ладна е.Мериме 38.1 Мм се секна како сега и двете болни.Па останав јас да лежам со неа тој се пресели во др соба.Па малата стануваше често си плакаше и јас станував со болки и ја нишав. Ете за ова го мразам странството немам помош Ех мајка да е тука Убав ден на сите извинете за негативниот пост
Добро утро! Еднаш и јас рано да пишам, детево го оставив во градинка, па седнав оти ми се приврте свест и не ми се станува. Ненаспиена сум до бескрај, цела ноќ кашлаше и носето и тече, се гуши во шлајмови, па згора на се изведува, во сред ноќ и текна јаболко да бара, па сок, па чоколатце, па ај не тоа ќе се играла со играчките. Дали 3 саати имаме спиено. На доктор не ја однесов оти мојот„ доктор" дома, односоно сопругот смета дека немало потреба и така сируп сме и давале Сама да ја носам неможам оти далеку е , нити возам, нити има дирекно автобус или воз до таму. Се налутив и реков само за вакви работи сакам да се вратам во Мк, да не можеш дете кога има потреба да однесеш на лекар, значи заникаде. А знам дека и нему не му е лесно, баш денес има клиент и неможе така лесно да отсуствува од работа. Се мислев да ја носам ли во градинка ама оди разбери се и велам денес дома седиме, тоа граба јакната и патиките и размрсулавено ќе одело во киндергартен (градинка). Им реков таму ако има нешто нека се јават. Велат па пола деца се вакви, ако почне да се уморува или има температура тогаш е друго, се додека е весела е ок. Саде доктори се сите На @vitamina сакав да и пишам дека сочуствувам со тебе и те како. Ако нешто мразам и имам фобија тоа се инсекти и такви мали животинки и тоа од секогаш. Меѓутоа верувале или не и јас кога дојдов овде мојата фобија стана уште појака, откако во претходниот стан извесен период ми се појавија некои чудни како стоногалки ама тенки, језиви и многу брзи. Такви немав видено порано. По цели ноќи не спиев, што не купивме и ништо не помогна. Станот ни се наоѓаше близу до река, а тоа да ти биле животинки кои сакаат влага иако не биле опасни и јаделе пајаци. Сакав да кажам кога бираш стан гледај и местоположба, јас не би бирала стан блиску до вода и во центар со оптеретена канализација. Фала богу никогаш не сум имала глувци и слични јези, да било така инфаркт не ми гинел. Во овој стан сега освен ситно пајаче немам видено ништо и сум сигурна дека нема да видам. На толку пари уште и за стресот да плаќаме. На некој може му е смешно но кој нема фобија незнае како е. Денес сум на план да не се замарам многу со ручеци,нешто брзински и лесно ќе биде за сите. Очекувам напорен викенд повторно. Со помин нека е на сите болни и деца и мајки. Убав ден.
Добро утро накај добар ден, немам време да читам многу треба да апнам нешто на брзина и на работа.Кај нас монгу стресно беше вчера.Останав демек втора смена до 1 часот по полноќ.Имаше многу работа и пациент за кој тебаше човек за чување,ама дека не можеа да најдат и цела смена се шекнав.На моменти се прашував дали сум на интерно оделение или на психијатрија.Такви пациенти дојдоа што психијатрија можеше вода да ни носи. Ајде доста мрчам.Тука тмурен ден,ама на мене сонце ми грее во душата.Конечно положив и имам возачка дозволаОва ми беше 4 испит практичноАма конечно имам гајле помалку. Извозив без ниедна грешка.На моменти губев воздух што не дишев,па инструкторот ме потсетуваше на секој семафор да издишам. На крај се паркиравме на ново место каде што е за полагање на мотори,прв пат одам таму и ме праша уште некое прашање и зошто сум паднала на претходниот испит.Па изгубив воздух и почнав да си плакам, а инструкторот објаснуваше.Знаев дека кога стасав до таму сум положила. Да частам како што е ред: Синко имаат денеска прослава со фенери.Како за инат беше плачлив од сабајлето,а мене ме болеше глава од што бев дали со 5 саати сон.Ние направивме дома фенер,а после со татко му ке слават во градинка. Инаку тре сме на роденден имаме и нешто термини и така,пак турбо,ама ако биде се во ред ќе кажам уште една убава работа. Ајде поздрав и убав ден
Леее браво мајче, богами едно гајле помалку, мн значи да си имаш возачка и да си возиш, со децава особено ептен е потребно. Честитки за возачката И јас од кога се канам... ама страв имам некој, се надевам во пролет ке се ангажирам и јас за тоа Јас не би да пишувам периодов тука, многу сум негативна, многу неубав период имаме сите дома, тежок. За некој месец два можеби ке ви пишам...
Фала мами побрзо да ти се враќа Инаку јас изгубив желба веќе на крајот.Колата што ја зедовме на рати е толку ме фати возачката.Ме исцеди финансиски и психички.Од една старана не сакав да фрлам толку пари во ѓубре,од друга страна си реков ако сега не полажам, ќе прежалам се што сум дала и ќе пробам да полагам во Македонија барем ќе биде далеку поефтино. Среќа овој пат излезе се во ред
Јас полагав еднаш тука тоа пред некои си 7 години не знам точно колку беа теорија веднаш положив од прва ама на пракса ме бутнаа иако знаев дека мора еднаш да ме бутнат. По лоши случки и сплет на околности одев да полагам последниот ден а тука ти даваат еден лист и ако не положиш и пракса за 6 месеци директно ново почнуваш се Е тоа е зафркнато овде И така ме бутнаа иако знам да возам и возам во мк кога одам обавезно Возев и десен волан во мк штом успеав значи ме бива Многу имам желба да возам искрено иако се плашам и имам страв Сега баш периодот правевме со маж муабет за доле сега да разговара со една фирма ако можат да ме бутнат да не чекам многу туку директ да полагам па да ја сменам во бугарска баш ќе ви кажам дали бива или не Решена сум ако дојдеме до комромис да одам и да земам возачка Глуп ден.. поглуп здравје Од сабајле со нервози со на маж работа Од една страна му викам абе кој нема лоши денови на работа?! Сите имаат Од друга од е спизден и решен да се кара Нека се кара.. Ионака се труди премногу заслужува И така Вчера чистев у кујна се гланц направив сабајле станував на комода и меѓу портокалите пак имаше каки од глуфци Фатив одидов до маркет и испазарив за 50 евра отрови и спрејови и замки и уште што не за бубашваби и глуфци сега успивам дете и ќе се ставам у поход да чистам затнувам прскам местам па ќе видиме Ве исчитав сите и мн ви блаодарам за советите повеќе од добредојдени ми беа па се што кажавте се купив и така Еден колега на маж ми за 10 дена чекал одговор од банка да му одобрат кредит за да купува куќа и му рекол да идеме да го видиме станот ако не бендисува да го земеме а тука да дадеме отказ и да видиме некако да направиме да се совпаднат работите па ќе видиме ако не тој друг битно барам се надевам за рок од пола година дека ќе најдам и ќе излезам од овде @Monella ѕвонев у агенција викат ѕвони на газдата ѕвонам на газдата мува не го лазе вика купи трапола и толку не се замара ама му викам трапола не е решение мора да се затне тоа чудо од кај излагаат да се најде чаре од молчи не се замара а еден газ за пари на колку преговараше епа нече мочи така. И сега ако му ѕвонам ќе се скрам Не знам какви агенции се тие ама не планирам тука да останувам да така нема што пари да давам ќе издржам уште некој месец Мислам дека почетокот на сите е таков дур се докопаш до нешто подобро тоа јасно ми е па ќе биде ќе видиме мора да најдеме решение. @Seline иста сум. Наапана добив страшна фобија и само ѕиркам дупките и се тресам раат не сум у психа ми улезе ептен гадно е Би сакала да не се плашам уствари да не ми е шубе по дома ама ми е и тоа како не можам да се контролирам Лошо многу лошо До сега јас ваков проблем не сум имала Налет.. Фала ви на сите навистина
Добар ви ден мајки, честитки на сите за убавите поводи, на болните мајки и деца побрзо оздравување. @muchacha_a ти ја разбирам нервозата и кај нас сестра ми најмалата ако не ги умре моите нема кој друг, не дека јас и другата сме совршени, ама таа освен на себе на никој друг не мисли, толку себично и саможивно однесување да не ти се верува Како и да се осеќам петок како ден ми буди убава емоција, за татко ми не се знаело од никогаш празник или викенд, ама петоците посебно во есен ги обожавам, ме потсеќаат на завршената работна недела за мама мирис на компот од суви сливи и дуњи, нешто месено за вечера, палачинки, печени костени и топлината на мајчината љубов која сега откако сум мајка уште повеќе ја ценам, мирисот на цимет, вкусот на путер и ванила, чај од нане и уште мал милион дразби знаат за момент да ме вратат дома, во детството. Се надевам и јас на моите деца ќе им оставам спомени, мириси и вкусови кои ќе им будат чуство на топлина и семејство каде и да се Сонцето од сабајле го искористивме излеговме покрај езеро се изнатрча синко па веќе тера дремка, за ручек мм не е дома а за нас ставив зелечук да се вари ќе му дојде како чорба со телешко, само да е расположен да јаде и да не завршиме на леб и кисело млеко многу ме нервира на секое јадење почна да се гади, последно и почнав пак да блендирам си реков се гади од парчиња никаква промена, од дете кое што ќе направев јадеше без проблем сега не јаде ништо и на крај на денот пресреќна сум и ако каснал и сув леб Ме чекаат алишта за пеглање и две машини за перење ама се си мислам дека до утре ќе ме почекаат. Го бараше мама синко гостин да им бил утре па ако го оставам кај нив ќе го искористам денот за работа по дома, а за попладне имам план за некаде кафе со друштво ако маж не промрчи дека е уморен. Околу возењето имам кажано мислам страв имам премногу ама и потреба се поголема и мислам се повеќе е прашање на време кога ќе се решам да полагам. Имајте убав ден и викенд
Добар ден мајки Ај и јас да шкртнам некој збор, додека е лабаво на работа. За возачка, возам од 18 години, тогаш положив, а часовите уште малолетна бев кога ги почнав Тогаш моите ме натераа, а јас давав голем отпор и не сакав за жива глава да полагам, ама немаше сакам-нејќам. Тогаш се бунтував, а сега гледам дека тоа била најдобрата одлука што ја направиле за мене. Кога положив, долги години ја возев колата на татко ми, потоа ми купи друга на старо, и сега си возам трета што сама си ја купив пред неколку години и многу си ја сакам и сум си горда што успеав да ја имам Купивме пред неколку месеци нова кола, мм ја продаде неговата, ама новата он си ја вози, јас мојата не ја давам, ни па сакам друга Убава е новата, многу, аутоматик, појака класа и се тоа, ама јас моето кутивче не го менувам за ништо. И бебе си возам во неа и на пат сум одела, и секаде сум ја возела и никогаш мака не сум имала. Нека ми потрае само. Еве регистрација имам месецов, сега се сетив ама тоа е, што се мора се мора. Без кола сум како парализирана, не можам да замислам да зависам од мм или од друг за превоз. Така сум навикната, не дека се правам од големото добро утро, ама си ја сакам таа независност што дозволата ми ја пружа. Да полагате сите што немате положено, многу ќе ви се олесни животот, да знаете Денес свеки пак на пат, шета со пензионери Два дена чува дете, три ја нема , па мм остана дома да ја чува. Ми прати слика од парк, отишол да шета бебе, а претходно во кладилница биле да земел билтен Ќе го утепам. Ај да беше машко дете, ќе разберев некако, ама девојче нејќам да ми носи таму. Му реков, ова прв и последен пат Мене ми се јаде риба и пекарски компир, па му реков на мм да нарача после од една локална рибарница, да ги земам на враќање од работа. Ќе испече он компир во меѓувреме, па само салатка некоја да направам и ќе ручаме. Едвај чекам, ја мислам рибава со денови. Ретко јадам, ама ете иштав ме фати. Го мислам со ручеков на бебе што направи, му спремив вчера се, само да го свари и испасира. Му реков да ми слика, да се уверам дека е ок, оти и месо има. Да не не го довари Абе маж, колку и да се труди, не можам да му верувам 100% за јадење за бебе (ама не можам да му го кажам тоа оти ќе треба да се разведувам после) Сабајле му дадов инструкции што и како да направи, иако знае од порано, и ми се налути дека сум го сметала за неспособен, не бил он дете, па да не разбира и да не знае еден ручек да направи Ај го остаив, едвај го убедив само слика да ми прати, да видам јас, оти ако не видам, исто ко да не било Малце сум контрол фрик, знам Ништо паметно немам да кажам, па ај да не пишувам реферати безвезе, ќе ви се смачи да ме читате. Отидов уште малку да поработам, па домче. Убав ден и убав викенд на сите
Вари го месото од вечерта, после само да го додаде во варениот зеленчук на крај, колку да се згрее и да го блендира. Ручек јас вчера направив, ама имав од пред тоа една супа па ја јадевме неа а ручекот за денес ни остана. Ме копка новчаникот да идам да испазарам нешто у КАМ. Замислете после 3 години си имам своја заштеда еј, па не се малце, убава пара, си ја тргнав на страна и чекам уште нешто да ми стигне да тргнам и да имам за секој случај. Што убаво така. Сум подзаборавила како е. Башка што накупив и доста работи за себе и пак имам. Мераци. А замислете имам уште и од платата на мм а мојата не е ни стигната, абе овој месец ќе бидеме богати, еј, може и од таму да остане нешто па да стане заштедата баш убава. Никому не му посакувам да ги поминува овие маки кои ги миневме ние 3 години, никому. Многу е лошо кога не можеш да се опуштиш еден ручек асален да направиш, луѓе да поканиш кои редовно те канат тебе, абе за себе не можеш, налет другите. Ми олесна баш, мислам дека и мм е позадоволен од животот сега , за мене да не збориме. Дете почна секое идење од градинка да бара да Имеме кеј баба? Денес ќе ја оставам она да го земе, да се подружат малце, јас го зимав неделава, нека е она сега, нека поиграат, јас да купам гуми за точко и да се одам дома натенане, да се преслечам па да го земам. И сепак не ме докопка новчаникот, ќе идам да смуфтам некој денар у КАМ
Си варам јас месо и го смрзнувам варено во ќесички, по едно парче во ќесичка за едно јадење @AngelOfArh , ама ми се потроши смрзнатото и вчера купив свежо, ама немав време да го сварам. Денес, здравје Абе ајде, што ќе му биде на маж ако го свари сосе зеленчукот, нема круната да му падне Еве го, прати слика, сварено е се Дадов зелено светло, бебе веќе јаде #многусуммрднатазнамамапосилноеодмене
Добар ден мајки Секој ден започнувам да пишувам овде и се нешто се случува на работа... Ај ваљда денес ќе успеам да испратам Дечките арни, растат, големата на школо во смени, па се чува со дедо и само за викенди се гледа со нас Јас на работа само прва сум, до 16/17, дур се приберам се стемнало. Средниот е завршна група во градинка и завчера имаа настап за патронатот, си поплакав поштено таму Па секое утро борби водиме, нејќе во градинка, ми вика да не сум одела на работа да сум го чувала, му викам па како ако не работам ќе ти купувам облеки, вели ќе си носел стари од сестра му, како ќе му купувам играчки, вели ќе си бои и црта голем бил, а како орео вели не сакам орео тебе те сакам Откако му замина омилената учителка во пензија со плачење оди... Најмалото па после будење од преспивање дур го земам неутешно плачело секој ден, по 2 и кусур саати , порано секогаш чим се разбуди знаеше дека го земам, сега остануваат последни.. Верувајте, тешко ми е што ги оставам во градинка и грижа на совест имам. Постов од сабалје го пишувам на раати... Влегов во зегин по пиковит и начекав акција на фрутдеп, им зедов на децава. Што давате за имунитет? Од што сте задоволни? Убав ден мајки. Жал ми е што не сум во континуитет со темава и не сум во тек ама баш со ништо и со никоја од вас, а баш сакам да честитам каде има повод или да исптарам прегратка и да дадам совет или нешто.. Ајде се надевам ќе бидам поактивна Убав ден жени
Ве читав сите, ама од премногу обврски не пишував. Имено, спремав пред слава, па дојдоа гостите, два дена со гости, па денес раскревање. Поминаа доста луѓе, она што ни беше спремно за јадење и пиење, маф се направи. Добро е што нема да ставам ништо во замрзнувач, па после вадам и кучето јаде Синко е во некоја бош фаза, самостоен демек, непослушен, се тепа со други деца, води инает. Знам дека му е период, ама со збор не не се разбира, и додуша јас сум потрпелива, ама мм си го потчукнува по газе и тоа убаво. И не се бунам, на толкава непослушност, кога и при ќотек продолжува да се инаети, нека му. Ова го пишав само да и кажам на @mariz дека залудно ќе биде ако се одалечиш и затвориш во себе. И кај нас периодов е хаотичен, нервозен, ама викам само да сме здрави, се друго се поправа и решава. Е тоа да можам да му објаснам уште на мм, ќе биде супер. Ве поздравувам!
Хелооо и од мене. Не сум пишала,ама па нема ни нешто ново. Си зедов еден ден слободен вчера.И од завчера се спакувавме со синко,автобусот и кај моите,па до кај сестра ми на слава,вечерта бевме. Вчера се дружевме со тетка ми,бевме до село кај неа на целодневна.Вечерта го заспав синко и заминав да и помогнам на сестра за миење и суредување. Сабајле бусот и си дојдов назад. Син ми изрази желба да останел кај баба му,па го оставив. Ми рече додека седи нека седи,ќе го донесеме ние. Така да ќе се дружиме со маже Да си посветиме време малку на нас. За трудна не сум Уште ме матка само кафеаво неколку дена колку со влошка,да одам.Ни пробива ни не. Тестовите негативни. На гин.закажав дури во вторник има термин. Моментално на раб сум,па ќе шетнеме со мм некаде ќе видиме после раб. Сакав да им пратам на @mariz @galapce @Mari* Среќни слави и имендени на сите што славеа вчера. За возачка имам положено веќе 11 години,ама не возам Моите колата му ја дадоа на зет ми,бидејќи не им требаше,а јас тогаш немав положено не ни знаеа дека ќе изразам желба да полагам. Мм нема кола,така да возам чат пат мн ретко,колку да не заборавам. Му реков на мм ќе тргаме пари на страна,наредна инвестиција ќе ни биде некое количе на старо,да не се тормозам више со такси,автобуси,возови..... Мада тешко оди тргањето на страна,мали плати,големи трошоци...ама не се предавам опримистична сум. Толку од мене. Одам да поработам нешто.
@tincemajmunce колку за утеха ни јас не сум сеуште трудно...а колку би само да сум.... Добра ви вечер. Помина слава едно друго се во добар ред и оп денес јас паметница со колата си го свиткав прагот на колата како успеав и јас не знам самата не сум свесна. Возачка имам од Февруари оваа година а почнав од Мај да возам имав упла сама да возам . А сега оди па земи ми ја колата. Друго нема ништо ново кај нас..... Освен што синко си чека мотор да му стигне ама кога ќе стигне јас не знам.
@tincemajmunce @TutiFuti наред година сите 3 во труднички Јас вчера добив Само да ве поздравам набрзина додека пијам кафе а малово игра со воз Уште малку ќе го бањам и на нанање . Убав сон на сите дечиња
И мене чекај те ме за во труднички наредна година. Имав многу напишано ама не сум го пратила па избришав се. Најбитно е да ве поздравам. Малата тера втора дремка ама ја оставив да спие дека болна и жал ми е и треба добар сон и одмор. А ја и мм како и ноќеска ќе ја дружиме. Ноќеска од 21.00 до 02.00, вечерва се надевам од 20.00 до 01.00. Кога ми е болно детето можам се, верувам и сите мајки така. Ама кога е здраво не можам. Да беше здраво немаше да можам да го играм ноќеска до 02.00 без престан. Деновиве многу брзо ми минуваат како да е забрзано времето, некако не можам се да постигнам, а на крај на денот како воз да ме прегазил. Туку да стане малата и може ќе одиме до трговски до 22.00 работи да купам кеси за усисивачот. Страв ми е да излегувампо темно од се што прочитав за мигрантите овде ама ќе се обидам. Ако ме нема да лајкувам од утре тогаш 100% ме киднапирале. Што да кажам друго? Отприлика се е ок. Другото неважно. Гушкајте деца.
Здраво и од мене на западу ништа ново... Среќни слави и родендени на сите кои славеа, само убајни да Ве пратет, а @galapce побрзо закрепнување и добри абери само да ни праќаш. Денес денов некако тапа, прошетавме со бебка ппа ручек и отидовме на патерица до кј едни блиски пријатели да каснам тро домашни слатки мммм Беба преуморна заспа пред малце, да ја фати цвтрсто сонче и да зеам да потспастрам колку толку, таман и ефтина уш малце да пуштам машини. Економија зимава Имајте убава вечер П.С колку мерак ми е за второ ко ќе видам трудници по улица, одма ми идат да му скочам на мм Ама мора бебка да порасни уш троа да разбират и ќе добијат братче или сестриче
Добра вечер. Ви пишувам сега дека не знам баш точно кога скоро ќе ви пишам, во мк најверојатно ќе бидеме во фрки и ќе уживаме најбитно само живи и здрави да стигнеме.. Денес бев у маркет и наземав се ви кажав веќе, цел ден чистев сум гланцала и лснала све живо и сега убаво мириса.. одамна немав померисано такво нешто тука дека де се се селеме се надевам ќе успеам да најдам нешто добро и да си уживаме барем по дома Купив преубаво сретство за подот па си го лснав така добро преубаво замириса во план сум да си купувам од тие миризливите да ми мириса цела куќа обожавам така ама ќе си почекам до нешто новичко Кога ќе се вратиме ќе одиме да го видиме станот ако ни се допадне и успееме да го земеме ќе частам луѓе ама веќе знаеме дека бил убав... Утре треба да појдеме а јас немам ништо спремано, буквално ништо преска маж рано си легна за да пододмори троа дека знам дека утре нема да спие џабе се занесува па го оставив уште од 7 да спие а ние бевме у дневна јас сушев алишта и подредував дете правеше глупости D и то Сега го успивам а кај да е и јас ќе спијам денов тежок и напорен згора на се се фатив и кола да чистем комплет се средив цакум пакум па утре де назад де напред ќе се префрлам на автопат Сакав да одам до маркет да ми сомелат месо па да правам плескавички за по пат ама немав сила преска па оставив за утре или да пржам или да си купам готовс се ама изгледа ќе си купам И така Едвај чекам да се наполнам позитива и да разбијам монотонија од се Ве поздравувам сите.