Вечер мајкички! Кој спомна романтики? Бебето синоќа спиеше кај баба му. Се трудиме барем еднаш во неделата да излеземе сами. А бебе еднаш неделно или бар во две недели да спие кај баба. Ние или шетаме(најчесто) или се организираме нешто по дома. И многу арно ни доаѓа. Недела наутро како нови се будиме. Бабите , посебно свекрва ми, сама си го вика на викенд, бебето не прави проблеми, а ние не чекаме два пати. Од сабајље се светнавме со маж ми. На ред е да се спремам, да си ја земеме бебка и малку на шетање по сонцето. Постот утрото го почнав. Додека се успиваат со татко му да се допишам. Иако заборавив веќе што сакав да кажам. Си ја земавне бебушка од кај баба му и се пуштивме по сонцето. Бевма малку и во игротека надвор, бебето се растури од среќа по другите дечиња. Кај баба му денес спиел до 09. Нормално.Секогаш е вака. А нас дома ни се буди и пред 07. Абе му реков на маж ми, мора некои подземни води да имаме ние под нас. Или да се наредиме по Фенг Шуи. Како млади невести се разврткавме сабајље со мојот. Тресење килими беа на репертоар. Тресени, пресмукани и пак бебето ќе извади некоја трошка. Од кај ли ги ископува не знам. А и преорганизиравме малку во чест на неговото лазење и пентерење. Терпезаеиската маса отиде на страна. Му отворивме простор повеќе за игра. Е кај баба му малку се треснал во некој стол. Сега е бележен на окото. Свекрва ми сто пати се извини. Ама па и нас двајца гледајќи го знае да ни се удри. Тоа е, така растат. Да се живи и здрави само, та ќе се потчукнуваат. Заспало бебето. Па да се вечера нешто е на ред. Мирна ноќ мајки!
Само блиц да ве поздравам. Патувавме цели 18 часа можеби. Дете си беше супер од околу со играчки и музика ама пустото никако да заспие едвај 2 3 часа спиеше се на се и така. Патот до белград ми изгледаше супер и бев свежа после тоа ужасно и гадно нит се довозува нит доседува Тоа е помина. Денес се шетавме Мали преска правеше драми дека надојдоа куп луѓе ама ќе се опушти од утре Да одам да фаќам креветот 48 часа не сум спиена барем да од спиеме да се освежиме Поздрав
Втор пост за денес. Досадно ми е. Малата послушна па генералка направивме во 18.00 се беше цакум пакум ама до 22.00 и нешто ме полуде. Мислам го чекаше мм, сакаше пред врата и викаше тата тата по скали ама мм дојде 5 минути откако заспа. И мене и нему мн жал ни падна. Дури утре во 14.30 ќе се видат, а тата и е омилен на малата. На мене не се радува толку ама кога ќе го види тата и на глава да може ќе оди. Сабајле рано треба да станам и имам некои обврски така ситни, а во голем број. Треба да изодам еден пат, а без малата страв ми е се мислам ќе ме киднапираат. Леле се опседнав со ова киднапирањево сигурно ќе сонувам ноќеска нешто. А не ми се плаќа автобус. Ај ќе видам утре што како. Ќе чекам некоја жена да оди па јас по неа. Патот дека како автопат е само коли, има пешаци и велосипедисти ама ете страв ми е многу. Ми се јаде нешто купечко како пица четири сирења со многу пармезан од горе, сендвич од вили со сите салати и сосови, десет ќебапи од кај злате со многу кромид и буковец. Не сум трудна, треба да добијам. Не знам зошто не ми се спие, а едвај чекав да заспие малата да се комирам и јас. Ќе станам да јадам.
Ќе биде ова тешка ноќ за мене и беба! Три часа ја презаспивам на 10 минути, кашла и се буди, па плаче... па ај нишкање, цицање... и пак за 10мин наново заспивање. А што убав ни беше денот, шетавме, супер лапкавме, спиевме... и ете сега мрсули, кашлица и непроспиена и долга ноќ пред нас. И оти вака гневно се осеќам, лута сум... на кого ни сама не знам. Бебо ич не ми е виновно што ме ремети, кутрото се измачува и не може да спие. Ме болат рацете од нишкање, нозете од марширање низ дома. Три саати... аман! Ми прекисна и од инхалации, и од болници, и од топли бањи, мачкање со смрдили масти... Често сме со кашлица! Навидум ништо не и е, ама така јако знае да се закашла, ум да ти избега. Рекорд, 20 мин не се закашлала! Инаку викендов арно беше, прошетки, ручеци, малце гости... мислам последните повојничари ги поминав. беба 10 месеци а јас гости на повојница имав. Мирна ви ноќ мајки! Нашата секако бурна ќе биде!
Добра вечер-утро! Се заакав по другиѕе теми деновиве да ве одморам малку. Не пуштиа завчера до ходник, незнам дали тој беше посреќен или јас. Кога му предложив не сакаше. Дојде преведувачката, му предложи она, прифати. Они одат пред мене јас по нив сталаг мкнам и солзи бришам. Златна е. Од ништо нешто го прави како доживљај најголем. Направи и дете да се осрќа така. Имав видено велосипед и спомнав и тоа го донесе. Дете претходно одбиваше маска на уста, сега преплашен одма ја прифати. А колку се плашев како ли ке го убедам. Денес сами излеговме. Убаво ни дојде и на двајцата. Ако се работи само за ходник, многу значи. Почна да бара да јаде но ништо од тоа што сака нема, а нешто и не смее. Сака салатичка, не смее. Сака пишиичка, нема, од надвор не смее. Сака супичка кско дома, нема. Кога ќе каже ми се ручке мамо ко парче од мене се кине а сум немоќна. Женава со девојчето со која комуницирам, маж и е овде, со помалото девојче во хотел сместени. Вели мажот ми и готви и и носи. Се дивам во исто време се обви увам, се нервирам. Се издушив по другите те ми, да не би пак овде. Касна малку банана, белка јајце, ајранче, чоколатце.. Сабајле мора чаре болницата да ми најде. Не е чаре замрзнат пржен помфрит.. Не ми јаде такви работи и немам давано но јас. Нека ми најдат барем нешто асално месено. Друго ново е што намслија пак лекови. Ем се радувам ем се плашам. Преведувсчката вели декс докторката обично ксжувала дека здивнување чак после една година. Се плашам ама нема отксжување. Ке совладуваме се едно по едно. Среќен роденден на малото Монела . Дани, тебе те чекаме да почастиш за првото запче. Може и кока кола место колаче . И малото би сакал ама и јас не дсвам да ми купуваат тоа што тој не смее. Ајде мирен сон на сите и добро здравје.
Neznam kolku pati se nakanuvam da pisam I so recisi gotov post prekinuvam, go brisam I tolku. Skoro site ste imale familijarna nedela, jas ne mm na rabota... dojde majka mi pa ja zapovedav malku, izbrisi mi go friziderot, vnimavaj na malatadodeka spie, mij sadovi, a kutrata nemase dojdeno nezzzz kolku vreme, ama majka e znam so draga volja pomaga, epten sum blagodarna za friziderot, konecno ke mozeme da go vklucime, pa I deka spremam rodenden na mm v haos sum, mislev poveke da se pritresuvam ama ne, zelena salata, suvomsnato, skara, tortata ja durdisav, kikiriki, kifli banik thats too much kako za negov rodenden! Malata ja sakam najmnogu na svet, srcence e, malku znae da glumi more I malku povekje ama detence e. Nekako ne mozam da sr stoplAm, eve vo momentov sum so kjebe, more dve kjebinja, pizami I dzemper I mi studi a vo spalna imame I greenje. Bravo za site sto se dogovarate za vo trudnicki, jas za sega vtoro ne ragjam.
Добро утро срцли Бебка немирно спие веќе некое време жива ненаспана сум. Во 20ч ја заспивам до 00ч станува на 15мин ама не цица туку ја кревам ја ставам на града и одма се комира чекам да се зацврсти сонот ја спуштам толку мило е успана мислиш до сабајле ќе спие ама не ете ја се врти треска со нозете од кревет и плаче.. сериозно размислувам да и купам некоја убава цуцла да пробам коа ќе се подразбуди да ја подлажам Не знам дали е уште мала ама си размислувам ете ве читАм одите по свадби, прослави и сл утре јас да треба да одам нема шанси. Милион пати пробуваме со маж ми коа ќе.се разбуди он да ја земе ја нишка и ш'шка ама џабе повеќе се разлутува. Така пред некоја вечер јас ја заспав отидов да се бањам и ја слушам по некое време вришти корне солзи крокодил трчанката ја навлеков само бањарката кога ме виде се смири ја земав на града во секундата заспа .. што ќофте ќе беше брее. И ете тоа ми е муабетот како друг да ја заспие ? Имам проблем со забиве, 2 дена ме болат утре маж ми ќе ме носи на забар, колената ме болат главата не попушта, абе некако цела се издеформирав тешко ми е клекни стани се чудам кај ми е силата Вчера направив еден колач со мак маф го направивме Кај ми собра мешево толку па и пола чаша.кока кола не памтам газирано да се имам напиено од.денот кога дознав дека.сум бремена. Убаво.ми дојде Ај да го допијам кафенцево со лимон може ќе попушти главчево Убав и мирен ден
Добро утро, ние однесовме дете у градинка, ни рече двајцата да ја земеме и да сме оделе пешки Плаче насабајле ко да ја дереме, не успеавме косата да и ја исчешламе и отиде таква, со 3 плетенки разбушавени, тешко на воспитачката денеска. Мојата додека ја доев само јас спиев со неа, маж ми у дневна, одмараше. Нормално, кога она се буди за да цица, зошто он да се мачи со нас, кога може следниот ден да е свеж он, јас да одморам. Пробавме и ние секакви комбинации, ама оваа беше најдобра. Плус, по некое време оти спиеше со мене, цицаше лежејќи и не се будевме, у полусон ја доев.
Добро утро мајки Кафе Го испратив големкиот син со дедо му да го однесе во градинка.Малото 2 3 дена не ми е добро.Носот чешма поткашлува и очињата му солзат.А и мн е квичлив Дали забележавте дека јас малку што се пооправив па одма дете се разболе?! Ете така сме во круг цела година нон стоп.Да можев да викам да викам на некоја планина и да ми олесни. А 2 дена и со мм се налутив.Тој инат јас уште поголем епа не попуштам може се глупости може не,ама и преку нет се скаравме. Во последно време се ме нервира.Колку работа и обврски се на мене оставени.И само се дерам како некоја лудача и стварно е така,па кога нема никој ни на 5 мин да те одмени.Золва ми никогаш не се јавува ни да праша децата како се а не пак да рече дојдете на ручек на вечера.Мислам јас после тоа лани што воопшто не помогна,јас веќе не се замарам со неа. Мајка ми е подобра и дадоа апчиња некои се стабилизира жената.И таа не доаѓа. Свекрва немам. И тоа ти е живот. Маж и тој далеку. Знаете што правам кога ми е тешко? Во кујна на фрижидер имам залепено едно мало календарче со богородица и исус и св.петка св.недела.и исполнувачот на желби.Исто и икони си имам од овие истите светци.И зборот ми беше дека кога ми е тешко застанувам таму и се молам и си плачам и се заблагодарувам.И чуствувам некое олеснување после тоа. Не сум луда немој погрешно да ме разберете.И со деца во црква си одиме често си носиме дарчиња. Вчера денот помина пола во готвење.Домашно пилешко со ориз и супа.Па после со децата правевме торта.Уствари големиот ми тражеше цела недела.Таква јаделе во градинка.Со пудинг. И земав испеков еден колач обичен и го исеков на 3 кори и направив пудинг и деца мачкаа.Па украсуваа озгоре со чоколадо.И јадеа на крај ама убава тортичка мини тортичка испадна. Имаат уште малку за после.Па муткаа со миксер цело време учествуваа. А да ги видевте само колку беа мрлави ама битно среќни. И така едвај мине времето дома.Свашта измислуваме. Не за џабе рекле дека мајката е и готвачка и чистачка,кловн,докторка,учителка,абе се во мојов случај и татко. Преземам и по остри мерки оти големиов го тепа закача нон сто малото.Како тоа да му е интересно и смешно.А дете плаче и бега.Епа стварно е лудница. @Monella .среќен роденден.мн убава торта. И на сите други што славевте ви честитам.Не запомтив да ве означам. И тоа мајки.Ви посакувам убава и лесна работна недела.
Добро утро мајки Конечно понеделник, да одморам малку. Момите дотерани и бушави(алергични се на чешел, не па коса да врземе или шнола да ставиме) испратени во градинка. Кутиите си појадок и ужинки полни, по некоја резерва од облеката надополнета во нивните шкафови таму. Од самата помисла дека само едно дете е дома како ветер да добив во грбот и од 07.30 до 09.30 успеав и кујната да ја светнам и дневниот престој. Ќе биде чисто додека не дојдат. Машините чекаат, треба три да пуштам. Две за пеглање, останати од викендов, треба сега да им седнам, плус две се на телот и чекаат да ги соберам па утре да ги пеглам и редам. Понеделнички не можам куќава во ред да ја доведам. Декстаметазон или како беа тоа капките за уши(за децава чувам резерви што си го донесов) почнав да ставам, па како да има мало подобрување утрово. Сама сум. Нема кој да го чува малото за да се акам по доктори а него да го носам ми е страв. Ај, после месец дена настинка може ќе ми мине само од себе. @muchacha_a ние пица правевме. Големата ептен има мерак тесто заедно да месеме, а средното ни се приклучува кога ја редиме. Шлакутници е се, ама деца среќни и не се тепаат. Да пуштам првата машина па со кафето до мене ќе фаќам пеглата. Убав ден мајки
Мајчички како сте? Викенд пројде, денес се работи веќе, плата легнала од претходна фирма ама некако чудно, 2000ден помалце. Дали поради тоа што не бев последните 2 дена не знам, ама чудно ми е. А ич не сакам за мои пари да се расправам, ич. Ама ќе се расправам, оти за таа работа јас дете не видов асално месец дена, здравје изгубив. Многу многу немам да кажам, да ве поздравам само.
Колку удобно се сместив да ве исчитам и само два поста па ај да пишам ако не. Што и стана на малава да е будна ноќе не знам. Ноќеска во 03.50 станува и одма се симнува трча накај дневна. Мм вика сум ја оставила во ходник плачела и се вратила на спална, а јас никако да се сетам. Касно легнав мислејќи дека ќе спие до сабајле. Знам неколку пати ја вратив на спална и заспала цицајќи. Ете денес четири часа малата кај жената, а јас немав време леб да каснам. Кога отидов да ја земам изморена едвај се качивме по скали. Обврски, термини еден куп ама додека е за убаво не смее да се коментира негативно. Прашав денес за машина на рати и ми рекоа мм лично со пасошот и картичката од банка да оди, макар што не ми се верува да е толку едноставно, ќе видиме што ќе испадне. Секогаш има пречки, ниту една работа не сме ја завршиле од прва. Освен дете од прва што направивме. Затоа и за второ ако пробаме се си мислам одма ќе се фати ама здравје. Треба да перам, не дека не можам туку преку глава ми е. Се надевам уште кратко ќе трае. И ручек. И пак тој истиот пат да го изодам го сонувам веќе, сега со малата ама и мм ќе гледам да дојде морална подршка. Тој со точак оди ама барем да не дружи. Убав ден!
Хелоуу мамаситас Ни второво кафе не помага да се освестам денес ,синко вчера журка ни правеше цела ноќ имаме стварно мака со спиењето негово ама како вчера ноќ сме немале.Најпрво не измачи и заспа дури во еден ноќта за по еден саат да се разбуди наспан и полн со енергија за играње па така рипаше скокаше и заспа дури во 6 :15 сабајле таман се успавме ете го алармот за пола саат станав се спремив прво јас и потоа одвај успеав да го разбудам да го спремам за во градинка.Денес почнуваме пак во градинка после пауза од две недели ,држете среќа овој пат да издржиме подолго време без вируси Викендот убаво поминавме се одморивме синко конечно почна да го пребродува стравот и да пушта по некое чекорче ,нека се пушти убаво па ќе частам постапалки Среќен роденден на лепотанот на Монела со мало закаснување да е жив и здрав Убав ден на сите
Ајде и јас да шкртнам збор, два. Не за друго, да имате повеќе постови за читање Роденденот убаво помина, сите поканети дојдоа, деца се изнаиграа, мајки се изнамуабетија сите задоволни и среќни. Синко дека разлошен правеше сцени за стајлингот ама на крај попушти за кошулката и фармерките а јас пак попуштив за кондурите сакаше патики и крај. Вечерта крена и тт, не сакаше да вечера, заспа уште во 7 ама вчера се разбуди подобар, немаше цел ден тт, добар е и денес отиде во градинка со мерак. Добив пофалби за тортата Дали од чиста култура да ми дадат комплимент или ги заинтересира името на тортата ,,Швалер,, не знам Важно бараа рецепт На толку фалби барем да ви покажам како изгледаше внатре Кој е за, има уште. Одам да правам еден експеримент со косата, или ќе ја оправам или ќе останам и без таа малку што ја имам
Дете тера дремка,ние со мм јадевме тоа ни беше доручек/ручек и сега тек ќе јадеме дури вечер откако дете ќе заспие. Ручек за дете се крена на оган стек со ориз. Откако дете се роди распоредот на оброци ни е крш не се знае ништо.Пред се ни е детето,па потоа за нас зависи кога и колку има време. Сношти и ние имавме романтики.... Ама после тоа не можев да заспијам ме фати многу 3:30, изгледав два филма,незнам колку пати станав за во вц.Дете ич немирно спиеше,мм го проверував на секои пет минути дали диши. Сношти му се слоши и страв ми беше,мислев дека нешто ќе се случи.Си правев болни филмови.Забегав... Мене ми се јаде ширден,да има сега ммммм,ако сум јадена мислам два ќе изедам. Во меѓу време ручекот за дете е готов,измив вагани и пуштив една машина.Сега се испружив на кревет ако можам да мигнам малку. Побрзо оздравување на сите болни дечиња и мајки.
Здраво мајки и од мене . Ајде кој е за второ кафе Денес сум преморена. А ноќеска спиевме како заклани Изморена сум од вчерашното попладневно шетање со една другарка. Бевме договорени да одиме во игротека. Секогаш одиме во една мала игротека.Многу е пријатно а и не знаат таму.На децата им е ептен погодено.Вчера одиме,игротеката затворенаАј викам да одиме во кола, ќе возам она да се јави во некои игротеки во близина што беа. Кај и да се јавевме секаде роденден И другаркава вика ајде да одиме до сити мол во таа игротека. Кажете ми кој ѓавол не натера да одиме Изумивме дека е недела, кога се качив горе на паркинг кога ги видов колите тогаш ми текна.Влагав во игротеката и одма пред очи слика на бактерии .... Не знаете како смрдеше. Ај викам кратко и ќе си одиме. Детево мое кога почна да трча како мува без глава . Јас по него . Се качува ,пага,се тркала, се лизга.Другаркава со две деца , а бе хаос. Ни 10 минути немаше парталите и низ врата! Како убиени бевме сите. Ако некој сака да се казни нека влезе во таа игротека . Никогаш ама НИКОГАШ повеќе. И се чудам, ги облакавме децава пред врата и едно детенце бараше да се јави вработената кај мајката да и каже да дојде да го земе Само дете оставено во толкава игротека со толку луѓе Извинете на израз ама стварно има ненормални мајки . Денес полабаво на работа, па балансирам некако . Идам сега на фризер малку да се разубавам и вечер на роденден во игротека Среќа игротекава е на една пријателка па знаеме кај одиме Убав ден мајки .
Здраво Си викам да пишам некој ред додека спие синко. @Monella среќен да му е роденденот Напишав повеќе реда ама избришав да не забегувам. Се преиспитувам многу за првите денови од мајчинството дали направив некој грешки по кој можеби и ден денес ги трпиме последиците. Синко неможе да прејде од фаза во фаза во спиењето па се биди на 40 - 45 минути, додека го презаспивам јас ќе се расонам па се преиспитувам, си плачам по малце. Само читам статии на нет и се мислам што да превземам. Ми се ближи роденден, размислувам дали да си викам неколку другарки или да дувнеме негде со мм и синко да прошетаме. Повеќе размислувам за роденденот на синко ама има време до тогаш. Со душа го чекам black Friday во план сум робот правосмукалка да си купам и добар миксер треба нели почесто да спремам за синко сега. Убав ден
Ден, ден мајки Убав ден денес, камен од срце ми падна Станав со навиен саат во 8 и 45 бидејќи знаев дека ќе се успиеме, од 4-6ч си гледавме телевизија и роваревме низ соби со бебе Обично кога имам некои термини си ги запишувам на мобилен, сум запишала и сега, но првин ми закажаа еден, па се прејавија закажаа друг термин.. Гледав во потсетникот 13ти, ама ми иде дека се прејавија да закажат за 12ти, па затоа навив саат да станам со време, да се јавам и прашам. Вртам и прашувам дали во 11ч има бебе термин, нема ми вика, а утре, нема ни утре па среќа ми текна на мое име да не сум закажала, епа да Да и кажам јавно фала на @Annath што во еден наврат ми го спомна Старова, па отсега кој има мака за дерматолог препорачувам само кај него! Е сега што чекавме термин 3месеци чекавме, ама богами вредеше, абе уште не се доизјаснив за што дојдовме тој ми кажа дијагноза, поткрепена со факти, па и слики ми пушти да видам. Го однесов кај 5дерматолози и 2хирурзи, само оние од Систина дадоа сомневање дека е истото, ама се мислеа, бараа некои брисеви кои како за беља не можат кога сакаме да се земат.. Абе човеков како од пушка кажа што е, што ти е искуство Ќе биде добро бебе, најбитно дијгнозата ,,не е ништо страшно,, Е сега да го раскажам ,,интересниот,, дел Бев со мајка и нејзината кола, значи она да вози. Ајде некако стигнавме, јесте да возеше како компири од зади да вози и кочеше у место ама ајде ОК. Се паркирала долу во Мавровка, ова паркирала бидејќи ние се симнавме на улица со бебе да бараме ординацијата. Идеме долу да си идеме и сега мајка треба да истера кола од паркинг место, кога рече се изврте, кога рече се заглави, па врти ли врти жена @Rubiii едно 30пати стави во права, стави во рикверц беше златен автоматик ОК не дека имаше зад неа голем простор ама имаше доволно потспомнав два пати да свртам јас, ме изигнорира, се препоти жена и јакна соблече и прозор отвори имаше куп луѓе за сеирот да е поголем Не знам, мајка заборавила да вози или како, или пак на работа имала само многу место за искачање и само право, а по улици даш шта даш абе женава со години вози, па и колава ја вози, еве не знам На мм ќе му барам надомеат за догаџајов, заради него ова Него го чекам и него да се јави, на битен термин појде, па мисла ми е што направил Знам да секако ќе дојде нервозен, па испазарив куп блашко да се тови и да убие нервоза Викендов мина како на шала, малку шетавме, малку по дома и ете го понеделник, ова си го кажувам баш онака, не дека ми значи што ден е , мене и сега да ме убедиш дека е сабота ќе речам добро Лани оваа недела ми беше пеколна, но и преемотивна. Секој ден идев на цтг и едвај чекав да слушнам како чука срцето на бебе, секој пат идев со страв дека ете денес нема да го чуеме Без воздух бев и денот на пораѓајот, 5пати ставаа цтг и јас само се штрекав, па и кога ме легнаа во сала си помислив што ако наеднаш срипаат.. И кога го извадија и слушнав дека вришти ми требаа едно добри 5секунди да сватам дека бебето ми е живо Колку страв чувствував секој пат на секој преглед На Гордето и реков прави што ќе правиш немој да треба сама да искочам од Клиникава, она остана со ветување дека може ќе треба два дена плус да лежиме пошто рано го вадиме, мало бебе, па топлење ќе му треба можеби, реков така може, немој да треба сама, па и него да го оставам, мислам ќе се распаднев во моментот ако не искочевме заедно со бебе! Но јуначето на мама доби оценка 10 и сакаше само мама да го топли и гушка И сега тоа јуначе за некој ден ќе има годинка, поминати најсреќните 365дена Бдејов ми е среќен, но и тажен, три столчиња ќе се празни, со три битни личности нема да ја дуваме свеќичката, со двајцата за жал никогаш и нема но со едната здравје наредната година ќе ја дувнеме, а сега ќе има онлајн бдеј Викендов имав предвидено да ги средам декорациите за по масите, но едвај третина се готови, а кај е се друго За слатката маса ќе речам третина е спремно, бидејќи е купено, но ништо потфатено Мм битно смисли каков обрач за балони да направи, ама смисли, дали ќе успее да го направи ќе видиме Денес да се однесат уште две покани и толку, сите ги дадов и поканив. Сеќам да тетка ми се најде засегната оти неа не ја викам, а мене па не ми чуе, што тетка ќе беше, на бебе баба, прво внуче и не успеа да го види, па сега мене треба да ми е незгодно што не ја викам, како да не Инаку како се роди бебе замреа и романтиките И јас сакам да сум како Дафи, ама не ми дава срцево, па мислам болна ќе паднам да го оставам на преноќевање бебе кај баба, а ние да шетаме Ќе речете посесивна сум и нема да згрешите, ептен сум, ќе речете и дека не е ОК, што вика мајка не ни даваш да се израдуваме и така е, ама па бебе е мое Уствари па и што баби ќе имаше бебево мое, еднава од доле не успева да се качи горе, другава демек во пензија, ама не успева да стигне, празник е кога се тука. Јас викам и поарно, не ми ни требаат, не ни сакам сметња ама да си кажам И јас и бебе спиеме сами, во детска, мм е во спална и јас сум со став како Цка, што ќе се скорнува мм, да пиеше од флаша па ај да се мењаме, ама вака кога не може да му понуди цицка што, не ќе не придржува ова го спомнувам бидејќи едни блиски така се доеја, она ќе седне, ќе ја извади градата, а маж и ќе го намести бебе, па ќе му ги држи рацете, па принаместува нозете, гали по главчето, абе глупештии и заедно му мењаа памперс, за хранење да не спомнувам Башка мм хрчи бре На одмор не прашувајте како минавме околу тој дел Се додека го дојам ќе сме сами, потоа сум со ниет да го ставам во креветче, а најверојатно ќе му правиме кревет со страници, а може и сите тројца ќе се вртиме и досаѓаме низ кревет Него @danichap се спомнува ама не кажува, до каде е куќата од соништата И дај да видиме што шпорет ќе е тоа, читај, читај и заклучив да е нешто големо и габаритно, не е зорт да го покажеш, кога ќе можеш и најдеш време И тоа, отидов да јадам наполитанки, уствари само ќе јадам до мене се, нема бегање, бебе одма ќе сети и очите одма пет банки Отидов