Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Добро вечер :hai:
    Одкако тргна во градинка малиот почна ептен рано да заспива, во 8:30 е кома.
    Не ми е криво што заспива рано, ама барем додека е буден да е мирен, криво ми е што не спие во градинка и кога си доаѓа дома многу е нервозен бидејќи е изморен и се нешто квичи.
    На негова возраст би требало да преспива ама ете не, ако продолжи така ќе треба да разговарам со воспитувачката, сепак одлуката беше нејзина.

    Ох финансии!
    Парите се отепувачка :D
    Никогаш не сум сакала да ги имам многу.
    Е сега, не сакам да сум ни на дното ама се задоволувам со малку. Не сум тип што не знае никогаш за доста и колку и да има сака уште повеќе и повеќе.
    Моментално сме на платата од мм, има фиксен договор и пристојни примања.
    Јас сум дома одкако останав бремена, имав фиксен договор и добра плата арно ама кога требаше да се вратам од породилно фирмата се затвори и не испуштија на сите вработени.
    Како такви не следуваше оштета од државата, мени ми одобрија 2 год. да ми плаќаат + акции од фирмата за сите години и одлучивме да си седам дома да си го чувам јас детето и така не сакаа да доаѓат бабите, за жена не сакав тогаш.
    Работевме ние со мм пред да се роди синко, прво печалевме, сега да има јас да трошам :P

    Сакам пак да почнам да работам, кај и да е ќе се скренам дома.
    Можам да почнам кај мм ама ете дете да се прилагоди во градинка па ќе приговараме.
     
    На girl-miri, Coco31, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Бебуш ми спие на рака,едвај ќе куцкам,простете однспред на ненамерно направените грешки :D

    Ја избањав малата,ги поминавме сите церемонии со плачки..пак^_^
    Малку се чукна со главата во коритцето, абе едвај и да беше чукнато, ама врескање што направи,чудо :)
    Моите ми беа на гости,татко ми со солзи во очите ја занимаваше со една тропалка оти ич неможел да слуша како плаче.
    Ох,а како ли ми е мене секој ден си мислам, на крај пак само јас успевам да ја смирам.
    Се смири и почна да гуга, ко навиена си е по цел ден:D
    Муабетџика на мама:inlove:

    Зборите за финансии..
    Паре нису проблем,пара нема:D
    ОК сме со платите со мм, ама плаќаме кредити и двајцата, па сума сумарум да треба да живееме со остатокот што ни останува не знам како би се снашле.
    Предност ни е што со години си имаат фамилијарен бизнис и убави парички се вртат.
    Луксузи не тераме, фалбаџија никој од нас не е.
    Не одам на шопинг често, ама и не се стискам па ако ми треба нешто.
    Само за бебе трошам најмногу.
    Парите не ме прават среќна воглавно.

    Друго..
    Настината сум и се ме боли.:(
    Земав парацетамол и пантенол за шмукање, ваљда ќе пушти малку.
    Само малово да не го прифати од мене,кој ќе ја влечка пак по доктори.

    Ми се оди на фризер да сменам боја,ама и си ја сакам мојава боја.
    Со месеци се убедувам и пак се предомислувам на крај.
    Жена.:emo:
     
    На Coco31, Skorpija25, Ano и 26 други им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Добро утро денес првото кафе нека биде од мене :coffee::coffee::coffee: има за сите која какво сака по избор :D
    Денес убав ден петок ,викенд на повидок уште сонце да има викендов и ќе биде идеално:sun: Сабајле синко во градинка влезе толку радосен и насмеан ја гушна учителката и ми кажа дури и чао:) Многу сака да оди во градинка бар тоа ме радува . Вечерва сме на слава кај моите ,а утре ќе одам на концерт на Чолич има ли некоја мајка што ќе оди на концерт да се дружиме :D малку ми е страв како ќе заспие бебе без мене зашто во последно време не сака со никој друг да заспие се надевам нема да ме бараат да се вратам од концерт .
    Убав ден на сите:)
     
    На vitamina, Coco31, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  4. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    22.068
    Добро утро мајки

    Нешто не можам да најдам време ни за читкање а камоли за пишување.
    Ќе напишам некој ред ако не стане бебе.
    Не е бебе веќе , малецко детенце од годинка и четири месеци е , ама така сакам да си го викам.

    Ја обожавам секоја секунда со него , а утрата кога се буди ми се најпосебни.Некогаш се буди , седнува и пласка со рачињата :D демек браво оти спиел , претпоставувам, некогаш ги отвара очињата ме гледа и нешто збори и ме прашува на негов јазик , се чуди... Јас му кажувам колку е саат и дека е спанко :D иако од мал неспијач голем е , ама периодов како да се поправа по малце, повеќе спие.

    Сакам веќе да почнам и на работа да одам.Ми фали социјален живот кој во последната година-две ми е сведен на многу ниско ниво.
    А бога ми и те како убаво ќе ни дојде уште една плата дома.

    Од мене денес нека е кафето.Празнично, бирајте си :coffee:
    600c6c0a8ba653083340cdb8e032e99d.jpg
     
    На vitamina, Coco31, ma4e1311 и 33 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.017
    Добро утро мајки
    Секое ковче ме боли. Маж бетер, го жалам. Поточно си се жалиме заедно, он мене јас него, не дека фајде имаме, ама ете :D.

    Додека се преселиме душа ќе ни испадне.
    Секаде ни рекоа достава по неколку месеци, само ИКЕА бирај-зимај, и решиивме голем дел од работите кои ни требаат да ги набавивме од таму. Кујната од соништата ќе почека, на свое кога ќе бидеме, ама оваа камо преодна фаза е ок, заедно ја одбравме и ни се допаѓа. Плус шкафови, плакари, тон работи за ходници, игрална, детски соби...
    Еден камион полн до горе се собра. Тимот за монтажа беше букиран наредните два месеци, па ќе мора сами. Уствари најдоа човек за кујната, ама шкафовите сами ќе треба.
    Маж се јави, една врата од плакарот пукнало стаклото:envy:. 93 еу низ шоља отишле. Се надевам само таа е.
    Вчера кога ставаа работите во камионот реков дека тие пакети се со стаклени врати, да не редат озгора, ама толку беше капнат, пред очи не му се гледаше, добив само ако се кршат нека се кршат, нови ќе ти купам, и веќе не пререков. Сега ги качуваат од двор во куќа и распределува кој пакет за во која соба. Пола ден само тоа работа им се отвори, а кај е монтирање и редење со работите кои од тука таму треба да се пренесат.
    Он лајн ги нарачав креветчињата, душеците и триста тракатанци и деко за во детските. Кога ќе почнат да стасуваат пакетчињата :tmi:.
    Уште едно одење до икеа за ``помали`` работи и еднаш по дуќаните за електроникa, после само од тука да се однесеме таму :worried:. Рече вработените од фирмата ќе помогнеле за шлепање. Кога ќе размислам и тука кога се селевме они помагаа. Уште да најдевме некој да монтира и супер ќе беше. Сите се на некое далечно бауштеле а секаде каде се јавивме по огласиве веќе се букирани.|(

    Финансии.
    Имаме удобен живот, гревота е да се жалам. На хартија, работам и јас и на први ми стасува плата, иако примањата на мм се реално главниот приход. Важно редовно е, нешто на страна, без кредити...мирно спиеме од таа страна. Да опркнат децава па ќе дадам отказ и ќе си барам на друго место :P:rofl:.

    Заглави работава со куќата и многу се нервираме, не е одма, ќе биде покасно, ама мора да биде. Подеднаков голем проблем, а и инвестиција, е и земјиште на кое ќе се гради. Него барем го имаме, само да стаса тоа меретно одобрение па ќе се започне.
    Мислам дека од финансиски аспект тоа ќе ни биде најголема инвестиција. Среќа не мора да се заборчуваме за да истата.

    Ништо паметно не кажав. Убав ден:coffee:
     
    На M&M, girl-miri, vitamina и 44 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.927
    Допаѓања:
    110.237
    Пол:
    Женски
    Ола мамаситас!!!!

    Работно ама имам време да ве поздравам само, додека чекам доручек. Денес си купив маска за заштита, за дете не знам искрено како би ја носел и дали би ја носел, а ме јаде јанза зошто јас ќе се штитам а он не. Муж не верува во маски. Ќе прашам уствари, ако сака ќе му земам. Мислам дека загадувањето годинава ептен го осеќам, ми смета многу, одам со точак на работа и многу ми смета.

    Вчера на работа имав една непријатна ситуација и стварно се осетив глупаво, и иако си ветив да бидам попретпазлива не внимавам ич. Си ставив кочница веднаш. Знам дека тенденциозно е направено и мака ми е, а нема потреба. Не е голема штетата, само што е мака голема што мисли дека ме надмудрила. Исто така наидов на една колешка која ми е како сродна душа иако е скроз различна од мене, ко црно и бело сме, ама така се надополнуваме добро и многу бргу се зближивме. Ја сакам ептен и ќе се трудам да останеме во контакт па макар и да не продолжиме да сме колешки. Башка и комшики сме, а ете не сме се знаеле. За разлика од претходните колешки оваа е отворена и не мачка очи, кажува директно во лице и тоа е тоа. Е таква колешка сакам бре!

    Дете е супер, блесав ама па затоа напредува како млатнато, дрдори, збори, учи, секој ден изненадува. Во градинка им бил матичар, сите по име ги знаел, дома само ги повторува, и пошто во градинка бараат да повторат дали се тука он вика Тука сум! после секое име од дете. Со баба му си е во љубов најголема, убедливо, се обожаваат. Ако ја нема плаче по неа, сака секој ден да оди, да доаѓа, многу се сакаат. Некни бевме кај нив и да си одиме кога рече вика по неа, Баааабааааа.... Љубов!

    Се распишав жени, ајде да се вратам на работа ;)
     
    На Coco31, Skorpija25, eli25 и 28 други им се допаѓа ова.
  7. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Многу сум среќна.Сега ми се јавија за работа.Од понеделник тргнувам.Па сакав и со вас да ја споделам среќата.
    Конечно.После толку време барање работа.
    Имам време и да се организирам со деца дали свекор ми или јас ќе ги носиме во градинка.
    Многу сум радосна.
    Позз мајки убав ден...
     
    На girl-miri, vitamina, Coco31 и 41 други им се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Честитки со среќа новата работа ,заслужи конрчно по толку чекање :hug:
    Сум заборавила честитки и на @Mari-Ja за новата работа со среќа нека е :hug:
     
    На Coco31, eli25, boomsleng и 16 други им се допаѓа ова.
  9. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    28.375
    Пол:
    Женски
    Аиииии @muchacha_a честитки и со лесно на работа.

    @danichap како беше она: на крајот на тунелот секогаш има светлина.Полека,полека ќе се средат работите.
    Гушкај принцезите од мене и побрзо оздравување тебе и на сватот.

    Кафе се послужив од сите што се понудија,да,дадат плус и едно од мене се напив.
    Шетав вчера со другарката,му купув на синко коли за,на тортата.
    Па со мм на кафе.
    И кога замина тој на раб почнав со тортата :sweat:
    Жени незз дали само мене ми се собираат толку работи за миење.
    Од доручек,ричек,ужина,од кафе,сок,вода,вечера,од подготовки.....мислам пола,ден во миење ми оди:drunk:
    После ќеви сликам од тортата во соодветна тема,кој е за нека каже праќам по карго.
    Толку од мене одам да поработаѓ нешто и утре одам да си го земам синко да се гушкаме (waiting)

    @Mari-Ja и тебе честитки за работата од соништата.
     
    На vitamina, Coco31, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.109
    Пол:
    Женски
    Добар ден од мене,
    Некако потсвесно се штрекам кога сфаќам дека е петок, као викенд почнува па утре ќе поспиеме :)
    Додуша сеуште не можам да се пожалам во тој дел. Бебе си заспива накај 22:00 некогаш до 23:00 и до сабајле до 8-9 немам проблем.Се буди два три пати во овој период само за цицање и веднаш ми презаспива. Се надевам дека во 4ти месец нема да имаме проблем ради скок во
    развој.
    Во принцип ми е олеснато чувањето пошо живеам со свекрва иако мноогу сакам да ме остават сама да си се грижам за него ама ајде, да не се жалам.
    Бтв имаме доста коса, дали може со фен од далеку да му ја потсушувам зошто веќе заладува, 3ипол месеци сме
    Убав викенд мамички
     
    На vitamina, Coco31, Skorpija25 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ,

    На викенд кој не се радува :clap:
    Ние пак со милион мали обврски ама ако, за убаво само да шетаме :)
    Јас сум цела затната, се осекам како да ќе се разболувам .Цело тело ме боли,носов тече. Се осекам преморено. Сама сум крива. Не се пазам. Турбо сум по цели денови. Денес се договорив со мм, да одат да шетаат со малиот а јас да си посветам 2-3 саати дома, сама. Ќе се избањам и сите 4 у вис. :bug:
    Ми треба викенд на планина и се надевам нареден викенд ќе одиме . Уште снег да има, мераци:rain:

    Околу финансии , не се жалам. Имаме за се. Две големи плати влегуваат во куќа и плус некои други примања. Кредит немаме, го чуваме тој џокер за стан :D. Жално е да кажам дека нешто ми фали .

    Немам друго ништо паметно да кажам
    Одам да пијам нешто топло.

    Убав ден:f:
     
    На vitamina, ma4e1311, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.294
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Петок денес кола однесена на мајстор. (y)
    Дете заспано во ниедно време....(n)
    Јас барам зимовање/летовање од што ми е досадно и ете букирав и за двете.... (y)
    се гледа жена без работа што прави.....
    Му се јавив и му кажав на маж а тој само ми врати после ќе правиме муабет сега работам.|(
    Ја битно средено се стокмено најдов тоа што го барав.
    Зимовање до 150 еуро, летовање до 250 еуро. Скромно нели....8)
    Не сакам многу пари да трошам кога немам само.. така и сега е ..
    ММ само работи јас дома дете чувам некој ќе рече на странска пара си и имаш е нека дојде да види како се штеди и се има со една плата кога тој таму плаќа стан јадење и превоз... а јас тука неможам дете да заситам со играчки бидејќи така ја наоѓа утехата што мм не е тука што да му правам и јас не знам.
    Се нема нема играчки земање и на крај пак излеземе и купиме има купишта играчки највеќе мотори (facepalm)
    Оваа недела ни дојдоа повеќе од 3 мачки мали бебиња синко ги вика само изнесува нешто им дава да јадат како фарма за мачки станавме. Ќе му кажам на татко ми да земе да ги раздава по дечиња пошто немам финансии и нив да ги ранам каде наши две па уште комшиски но но...
     
    На vitamina, Coco31, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.379
    Допаѓања:
    37.514
    Пол:
    Женски
    Дали забележавте после пеколното лето како кај сите почнаа да се средуваат работите?
    Се уште не се знае конечен исход, но во фаза на средување се, најтешката фаза помина.
    Летово беше "ко преживи причаче".
    Кога ќе ми текне дека бевме на сам раб да се вратиме во Мк уште недојдени, но Господ ни прати зрак светлина и добри луѓе на патот.
    Каков живот имавме во Мк за мене сега е премија што имаме за кирија, сметки, храна. Во Мк цел живот преживувам па чудно ми е, не ми е нормално да можам да си дозволам нешто и да имаме пари за основните животни трошкови.

    Малата прва недела да седи од понеделник до петок по 4 часа. :party:

    А јас што не отидов на доктор навистина сум станала претерано неодговорна за себе и сопственото здравје. Синоќа се консултирав со чичко Гугл и си легнав со неколку болести: рак на панкреас, пневмонија... толку паника ме фати и пак не отидов. :headbang:

    Денеска не сакаше да си оди од кај жената малава, кога ја земам е среќна и весела па така не ми е тешко си велам се во ред е и убаво и е. Сабајле скока од кревет за оди, на враќање не сака дома.

    Ја презаспивам, цица сега па да пишам што имам на ум додека кафето ми се лади во позадина.

    Вчера влагаме во маркет кога почна да вришти, а малку луѓе па ептен се слушаше дека тишина. Јас не и обрнав внимание некако ја приметив дека глуми. Само што излеговме почна да се гази од смеење и да ме гушка. @baba Rada Да се најдеше тука да и подадеше било што ќе ти се заблагодарев и пресреќна ќе бев. :$

    Многу ме сака малата, а јас неа уште повеќе. Само ме вика да седнам да диплам алишта пред шкаф и таа да ми ги вади од шкаф и да се гази од смеење и да ме гушка, многу сака да ме зафркава.

    Па ме затвора во спалната. Штом насети дека влагам трча и ми ја затвора вратата и глуми дека плаче пред врата као демек ја плачам дека затворена и ми чука.

    И обавезно да ми земе нешто да го скрие и доаѓа прави со рацете аш. :D Срцка. :inlove:

    Убав ден! (heidy)

    Од јадењето не сум задоволна. Уште се прашувам дали е едноставно нејадач или јас не се трудам доволно. Нешто сака да јаде нешто не. Завчера мусаката не ми ја сакаше, а не беше лоша. Купив од тие макароните со леќа не сака да ги помириса и маскирани ги препознава. Па дали е едноставно преборлива бидејќи телешка чорба на пример јаде доволно ама сирење, урда не сака.
     
    На vitamina, Coco31, Skorpija25 и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Добар ден , убав ден , петок.
    Од како се роди бебе не дека нешто ми мењава викенд ама , колку да се рече.


    Бебе е добар , веќе има и нормална столица , така да мислам дека бактеријата ја отстранивме , наредна недела треба да однесам примерок за копрокултура , за да видиме реузлтати. Нашите денеска ги зема свекор ми , од сите 6 души возрасни и сите се негативни , една грижа помалку.
    Бебе си игра , почнува некои зборчиња кажува , смешки е . Значи некогаш знае да ме изнервира , ама деновите ми се многу забавни . Се сака да фати , да не спомнувам дека секоја храна што ќе се најде на земја он ја зема и си ја става во уста , нели да не оди зијан.

    Денеска од сабајле станавме , бебе поспа така да можам да кажам дека се изнаспав , станав па појдок спремав , излеговме се прошетавме , пазарувавме и дома на спремање ручеци , ракренавме имав машина за пружање , па ја пружив , а за пеглање не ме прашувајте колку имам. Нарочно избегнувам да влегувам во таа соба од што неможам корпата за пеглање да ја гледам, али гледам или не гледам алиштата нема сами да ми се испеглаат.


    Друго ново нема , тоа па тоа и мене ми се оди некаде не викенд , ама во поскоро времее нема , гледавме карти со виз ер , може за нова година да тркнеме некаде , али ќе видиме, секако ако не ни испаднат пак непланирани трошкови.

    Инаку гледам сте зборувале за финансии , ние имаме за еден нормален живот , со кредит сме за станот , ама платата на мм е прилично голема и затоа до сега не ми беше некој зорт за на работа. Имаме таман месецот да го поминеме , ама немаме некој денар настрана да тргнеме . Тоа највеќе се нервирам. Кога бев девојче татко ми ги водеше финансиите дека економист и обавезно тргаше пари на страна . Сега ми е останато тоа . Јас од декември почнувам тука со работа ,па плус една плата , ќе може некој денар настрана да се тргне . Па почетокот на наредната година ќе видиме како стојат работите може ќе си одиме , држави во кои има мм понуди за работа се Белгија , Словенија и Австрија.
    Он е повеќе за Австрија и знам дека е подобра , ама јас сум за Словенија од причина што , полесно јазик
    ќе научам , ама за се тоа ќе видимее.

    Сега еве како се наближува времето мисла ми е за бебе , како ќе го оставам , пошто нон стоп сме заедно , и кога ќе рече свекрва ми многу е приврзан за тебе не треба толку , како да и кажам , ако не треба земи почувај го , а не детево нон стоп со мене и приврзан бил , е како да не биде, Си прави жената некои планови , страшно , вика еве годинава кога ќе му се роди братче или сестричка , љубоморен ќе биде (facepalm), и викам во скоро време не планираме друго дете , и кога напраи една фаца леле зошто детето само ќе било... само ја погледнав и си отидов . Како можат бе , значи не ми се верува.

    Малку се пожалив тука , ама мислам дека не е толку негативен постот.
    Се надевам викендов ќе шетнеме некаде со мм , па затоа сега ви викам имајте убав викенд сите. :hug:
    Бтв ќе заборавев , честитки до сите што имаат нови работни места , и побрзо оздравување до сите болни дечиња и мајки , виртуелна поддршка за @danichap со селењето и големи гушки до @galapce и нејзиниот лепотан.
     
    На vitamina, Coco31, TarantulaA и 25 други им се допаѓа ова.
  15. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Во ова време дете спие,а јас како што е ред да пишам.

    Дете повеќе нема тт почна и да си јаде,но носот полн му е "буби "како дете што ги вика.Капки кога ставаме куќава се тресе од неговото пиштење мислиш го колиш.

    Денот ни започна во 7,дете со малите прстина ни ги отвораше очите и се смееше.Еден околку дете и огнот,друг кафе и доручек за дете.
    Потоа мм замина да работи,на дете му пуштив цртани и зедов ручек ставив на оган леќа за сите.Потоа заедно со дете правевме пита со тиква и јаболка со готови кори.
    Можите да замислите како беше околу нас,но дете пресреќно дека помага на мама.

    Се насобраа еден куп вагани за миење,јас мијам а дете седнато на под правеше кула од тегли мали и големи и тоа полни.

    На тема финансии не ми се зборува.Има колку за преживување една плата од мм и плус работи приватно и на кредитот живееме.Што ако седиме во заедница кога сметките ние ги плаќаме и купуваме за јадење.А тие само пред гости се печат демек ние вака ние така.
    За купување на облека гледам тоа што е неопходно за дете и нас.

    Пред некој ден мм ми вели да слезиме до чаршија да купиме нешто за носење.Не, бе кај можиш да ме кандисаш.
    Му велам не,тоа што имам тоа ќе носам а и тебе ти треба ти купи си одиш на работа,а јас за дома не ми треба друга прилика.
    Да точно ама треба да се облечеш и макар и еднаш да излезеш,но ете јас сум скромна.
    Тоа што го имам тоа ќе го носам.

    Одам мајки мм си дојде, да кркаме додека дете спие.
    Имајте убав ден.
     
    На vitamina, Coco31, supergirlmb и 25 други им се допаѓа ова.
  16. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.860
    Добар ден. Немам пишано одамна а секој ден ве читав. Два дена бев дома болна бев причина на работа немаме греење уствари има парно ама само 2саати е пуштено во приватна фирма сум а работам на шалтер наплата (да не кажувам што поточно). Деновиве се спремаме за родендени на двете деца им е сега скоро ќе честам со една виртуелна торта. Не ми се верува колку бргу ми пораснаа децата. Во неделата сме на слава кај брат ми а ако рано завршиме може и до некаде ке прошетаме.
    За финансиите сте пишале немаме многу големи плати со мм ама доволни ни се. Сами си плаќаме за се и за деца и сметки сами си живееме кредит немаме, кола имаме од поновите и подобра и стално одиме во други градови на шетање и шопинг. Еднаш неделно сме на ручек во кафана и така.
    Веќе е накај 3саат да гасам комп и да одам по децата. Ветувам ке пишам редовно не само да ве читам.
     
    На vitamina, Coco31, supergirlmb и 26 други им се допаѓа ова.
  17. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Седам и го гледам хаосот 8-| додуша едвај гледам од неспиење ама не можеш а да не заприметиш

    Деца ми скокаат на глава :| се мењаат,де едното па другото
    А кога ќе ме потегнат за коса така ми се креваат нервите што ми иде да ги подчукнам по гзот

    Од сабајле по маркети |( аман ми се смачи од тоа пазарење
    Никогаш не запишувам што се ми е потребно...битно се комплетираме по малце
    Вчера исто во еден трговски бевме па ми се запна малата да се возиме на подвижните скали :tmi:
    А јас шо уплав имам од нив немате поима
    Кога бев бремена со мали ми го лапнаа фустанот па си одев полугола :lol: циркузи
    Ајде засукав панталоните :lol: и тргнавме :$ радости беше
    Кога стигнавме горе на цел глас вриштеше папа их либе дих :l:
    Тој пак и ко паун се дуеше :angel:

    Ручекот се крчка па да станам да подсредам малку
    Утре ќе чистам дека во недела иде девер ми,да не затекнат хаос
    Ќе излезиме уште еднаш да го искористиме сонцето и поминал денот

    @danichap да бевме поблиску ќе ти дојдев на монтирање :$ обожавам да монтирам
    Кога се селевме се сама си смонтирав :$ спални,комоди,шкафови :inlove:

    @muchacha_a @Mari-Ja среќно со работните места
    Само успеси нека ве пратат
     
    На M&M, vitamina, Coco31 и 31 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.017
    Шмркам кафето и гледам на саатот. кога ќе влезат индијанциве низ врата и ќе почне забавата:worried:.

    @Mari* браво.
    Сабајле испуштив да кажам дека најголемата ни го пукна тв. Колку го плативме не сакам да мислам:envy:. Една третина од екранот е сега со линии. Се чуваа со баба им 15 минути, додека готвев, и толку било успешно чувањето. Не дека ако јас седев немаше да го акне, ама само еден од примерите како од страна сите знаат што како да се прави а кога они треба да направат нешто не се ништо поарни.

    Неќна прв пат на заболекар а пресреќна. Луѓе се одморив на тоа столот таму. 45 минути вкупно ме фати, ама како на масажерски стол да бев, не на заболекар.
    Брмчел, бушел...(lalala). Важно никое не вришти, никое не ме тегне, никое на бара ништо.
    45 минути само за мене. Кое ниво на очај ми вика мм, на заболекарот сум се радувала за да одморам.

    Нарачав машина за садови и фрижидер. 120 широк :inlove:. Па ваква, таква опција...на крај најскапиот го одбрав. После си реков да не ме прелагаа :tmi:, ама не, најарен е:wasntme:.
    Не стасав за хауба, правосмукалка а и нов варач за вода. Здравје, утре или другата недела.
    Пред недела големава додека се моташе околу мене во кујна завртила копчето на шпоретот и уклучила рингла на која сум го ставила бокалот од варачот. По некоја минута се беше димавици.

    @muchacha_a @Mari-Ja со среќа.
     
    На M&M, vitamina, Coco31 и 36 други им се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене, не сум пишала одамна некој збор :)
    Си дојдов од работа, бебка доле кај свеки спие, па пуштив машина да врти и пијам кафе. Ќе имам цел саат за мене, и повеќе :party:
    Турбо сум деновиве на работа, имам еден проект со краток рок, ама си ја терам работата. Ќе го завршам и предвреме, само што немам време за ништо друго моментално, тоа ми е главниот фокус.
    @Mari-Ja @muchacha_a честитки за новите работни места, да бидете задоволни и исполнети и да ви оди како песна :)
    Ние арни инаку, фала Богу. Бебка е секој ден се поинтересна. Ја обожавам, душа мајкина :inlove::f:
    За финансии, имаме фала Богу, и повеќе од доволно. Грев е да се жалам, иако нели секогаш може подобро :D Кредити немаме, мислам дека тоа ни е најголемиот успех и главна причина што ете, можеме да бидеме комотни во финансиски поглед. Две плати големи, плус кирија од две места, стига за се, и плус да се тргне нешто на страна за црни дани. За луксузи нема до толку, ама по некое патување или нешто поголемо одвојуваме понекогаш. Сега колата на мм е најнова, па малку мирни ќе си седиме наредниот период :D
    Чекам маж да дојде и да донесе јадење, преморена сум од работа и не можам да готвам. Му реков да ме изненади, а неговото изненадување секогаш е 7-ца :lol:
    Ве поздравувам мајкички, кафето ми се олади. Убав викенд на сите, иако ние мајки како мајки, не ни значи тоа многу :lol: :hai:
     
    На VedaG10, vitamina, Coco31 и 31 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    уффф конечно да седнам |(
    Тоа дека сум на работа иначе кај седење дома ќе најдам.
    Со брзање стигнав на работа, средив обврски некои овде и сега седнав да здивнам. Помислив на кафе! :coffee::)
    Утрово сварив кафе и почнав да си акам низ дома и едвај пола во минување го испив, се разбира ладно. Откако ја заспав беба, јадев и си сварив кафе со намера да си го пијам испружена и со фемина... ама бебо се разбуди ]:)и така... пак во две голтки го испив.
    Сега на работа си нарачав од колешката кафе 8) а она толку ја мрзи да варе и толку не и е срам да одбие што искрено се прашувам на каков дибек секој ден јас му варам кафе. Арно ќе е утре да се засрами кога ќе прашам - кој е за кафе?!?! (facepalm)Ам што зборам јас, од каде срам во неа.
    Запнав за кафето... ај менам тема.

    После работа одам на роденден со големата ќерка! Бебо ќе остане дома со ММ.
    Ќе пишував уште ама стигна кафето.
    Убав викенд!
     
    На VedaG10, vitamina, Coco31 и 28 други им се допаѓа ова.