Здраво Напишав километарски пост ама мм ми го зема телефонот да се јавел негде ( од кај мене му е бесплатно) па ми се избришал. А може и подобро, баш се жалев. Среќни родендени на батковците на @emkaemka и @Mari* И нашиот роденден се ближи треба да смислам тема и каде ќе го славиме ама јас имам некако мерак за дома. Дури и сум решена сама да правам торта па мислев да ја направам истата за мојот роденден да вежбам малце, а мм ми вика да не се занесувам. Вчера се осетив како немајка зошто уште не знам како ќе славиме т.е. немам ништо испланирано, а мајка на 3 месечно бебе до детал испланирала и ми кажува. Многу е тоа за мене, да не ги лишам од задоволство најблиската фамилија инаку најверојатно за мене е идеално да уплатиме некој мини одмор негде каде што не сме биле па сами тројцата да си прославиме. @Seline суво овошје е права работа урми и смокви највеќе можат да ми заменат чоколадо или друга слатка. И јас сум по слаткото па мм само ми коментира како е е здраво и да почнам да внимавам пред детето ќе почне да бара и он. Викендов убаво беше девер ми беше на гости ни фалат добри дружби тука. Толку од мене за сега имајте убав ден.
Убав снежен ден и од мене! Ние со синко најбитно снешкото си го направивме уште по сабајле. Голем голем ама манекен, вика синко За толку време, така успеав да го затуткам. Дете од сношти пресреќно, возбуден и со емоции ги гледаше снегулките, па татко мј го изнесе малку надвор да се порадува. Едвај заспа. Денес со снешкото пак, цели церемонии, песни и ора околу него. Си викам, колку малку им треба за да се среќни. И јас сум за правосмукалка, се надевам а и очекувам мм деновиве да ме ,, изненади,, со еден шарк. Ќе има следна недела некои попусти во топ шоп. @Mari* @emkaemka Среќен роденден на дечковците да растат големи и среќни Ве поздравувам!
Исто вака се чуствувам и јас. Осаменоста ќе ме убие мислам дека. Сакам да сум активна на сите страни но знам дека на бебе сум му најпотребна но исто така и дека сум како машина - едно исто секој ден. Цицање, лигавење ,перење ,пеглање, ручеци, думкање ,неспиење и се по ред а јас сум духовно неисполнета . Се тешам само дека е период и дека ќе помине и дека ќе имам доволно време да се исполнам и себе си . Позз мајкии
Здраво на сите. Ме нема оти од болести глава не сум динала.Од четвртокот ларингитис не можам да зборам, денес на раб ме протера пролив,од веце не можам да излезам.А вцето се се слуша толку одвратно не можеш на мира да се олесниш.Сега се возам накај дома и само се стегам да додржам.Веце живо нема никаде @Mari* и @emkaemka среќни родендени на мажињата.Големи да растат и да ве радуват Мари викаш помина година.Јас мислав некој 6 месеци е малиот Колку брзу мине времто @Mari-Ja и @muchacha_a со среќа да ви е работата и секогаш полн новчаник @danichap мислам дека треба 48 часа без тт .И јас мислев 24 па ме корегираа во градинката.Види си во договорот.Да не ме сватиш погрешно само да ти укажам сакам исто и јас мислев затоа. @Sexybaby86 и јас обожавам да те читам многу си интересна.Секогаш позитивнаТука ќе ти одговорам пд другата темаЈас ќерче ја викам пиле, душо,мила, по име , нагалено име, муце, гуце и уште милион поими . Родителите на мм ќерка им ја викаат сине Ајде мајки поздрав да фатам бус и стигнав дома
Цел ден на рати ве читам па заборавив кој сакав да тагнам и зошто (се шалам) Многу поводи има за славење на темата. Најпрво среќни родендени на малите човечиња од @Mari* и @emkaemka да се здрави, живи и секогаш насмеани! Со среќа и на @muchacha_a и @Mari-Ja на новите работни места Е сега, што да кажам а да не биде исто како и секој мој пост Значи одсекогаш сум била тапа во пишувањето најмногу мразев кога ќе кажаа слободна тема за писмена работа Имагинација 0 Јас сум спротивното од Емка а баш ми се допаѓаат долги постови и убаво раскажени работи, така имам претстава за сите до една. Ама јбг, кога не бива не бива. Денес денот турбо. Инаку овде нема снег ама многу е ладно и без него. Па на така ладно време цел ден перам и готвам. Синко утрово беше се измочкал додека спиел и се утоп направил не беше му се случило до сега па не го карав многу, му објаснив дека не треба да му се повтори. Ми се пријаде и тегнато со праз, додека беше малиот во градинка тегнав, го испеков и сега чекам до тавчето да се олади ( како некоја мачка глувче кога чека) Ништо паметно пак не кажав. @Seline ти пуштам среќа мајче, да помине се' во најдобар ред и да се гушкате со малата
@Mari* среќен роденден на дечкото, здрав, жив, секогаш да ве радува Ние со синко го поминавме денот во инаетење и гушкање, малку скарај се, малку смири се. Многу е инаетлив, а и ме тестира до каде ми се границите. Маж оваа недела во безврска време работи од 12 па до вечер, па после пладне незнам како веќе да анимирам дете, а искрено неможам да се поднесам, успорено се движам се ме боли, цело време имам болки а баш вчера бев на цтг тоа мирно, на ехо не ме виде ниту вагинално ме прегледа, се изнервирав многу гужва имаше пулсот на бебе висок, докторката само го виде резултатот од цтг рече малку е тахикардично ама ништо страшно за една недела пак на преглед. И така бројам сати и минути се молам час поскоро да биде иако знам после ќе кукам дека незнам кај ми е главата ама се некако такво расположение ме има фатено само се жалам мм кутар го имам умрено мислам посреќен е кога не е дома па немора да ме слуша. Заминав да сложувам
Здраво мајки Сабајле сирената се вклучи во 5. Ние заспавме во 12. Мајка вика , е добро де сте си легнале рано, сте се отспале до 5(читај не се жали дека рано си станала). Не мамо, во 12 легнавме. Ааа , епа шо праевте толку, ми вика Е ме изнасмеа Цели сме искасани со маж ми Модрици, заби лом сме. Маж ми заспал, малото му се намерачило на раката, дури стана он, партал беше Се надевам ќе знаат луѓето дека сме искасани од него Зошто имам и на лицето , под левото око и тоа црвено модро е и баш убаво се познава @Shelea добредојде Баш се прашував зошто те нема на темава @Mari* среќен родендем на убавецот (кога порасна, леле . Се ми е во сеќавање еден лош период кога беше бебче и мн.болен ... се сеќавам, страв ми беше да те читам од помислата дали е добро )... Да е жив и здрав, тоа е најбитно @Seline, праќам среќа , те чекаме со убави вести .... .... Извежбана, избањата, подмирена со 2 коцки тоблероне само ... се осеќам и полна и без енергија , испружена покрај креветчето на убавецот мој .... Да го погледам уште малку и ќе заспивам .... веќе мижам со едно око Добра ноќ.
Здраво Среќен роденден на малечките на @emkaemka и на @Mari* . Само убавини да имате. Кај нас се по старо. Кај малава ново е што почна да се кара со мене. Душа мајкина. Ќе ја скарам за нешто, ме погледнува и вика ааатититити. И врти со главче. Многу ми е смешна. Уште не кажува многу зборчиња само тата мама адаадаа. Многу сака да ја фрлам нагоре високо се смее цела. Така зајакнувам мускули Сакам убаво да завее снег па да излезам со малава да си играме во снегот. Е тој делот со топењето не го сакам ич. Уште малку па ќе тргнам во новогодишен шопинг а на 1ви ќе китиме елка. Па ако треба и нека ја растури малава ќе ни биде интересно стави лампиони симни Одам да изедам пола милка триолада и во кревет.
Добра вечер мајки. Сабајлево мм се успа стана во 6.30, па и јас морав да станам да наранам бебе. Секогаш тој во 6 го рани и мама нана до ~7.30. Нејсе, малиов расте, денес полни 8 месеци. На зезанција денес ја склопив хранилката плива џивџи во неа па и перниче после ставив одоздола. Еве тука плива: Тука со перниче под гз: Ќе почека уште малку бувчето. Само му се секирам зошто не се превртува, зошто не јаде без молење и лажење, зошто ова она...кога ме подбра матичната негова рече остај дете види жилаво, си качува килажа доволно, здраво, опушти се жено. И на вакцина докторката вика не му се секирај толку, ама ај. Му ја ставивме шестовалентната прва, немаше никакви реакции, дури не плачеше ни за крвна слика, ни за вакцина. Хемоглобинот паднал на 110 пак, ама добро се држиме без капки и додатоци за железо сме скоро 2 месеца. Јас овие 8 месеца се запустев физички, пак се вратив на дебела килажа +100, а што убаво пред бременост скоро 30кг симнав, сите ги вратив, и пак пропушев цигари, катастрофа. Па во последно време имам кошмари и флешбекови од лежењето во болница, породувањето, лицето на близначето... Треба да си побарам помош, колку и сите да ми викаат силна си, гледај си го детето, уживај. Ѕидовите што ги имам изградено околу мене да бидам силна попуштаат. Се оддалечив емотивно од сите, и од мм. Време е за промени. Проект "Ана 2019та". Многу негативно се распишав, се извинувам. Среќни родендени, честито работни места, болни дечиња да оздрават без мака.
Добро вечер мајки и од мене А се кандисам да пишам се нешто ми испаѓа на секоја реченица, де де машината, де пајнците да ги измијам, де виберот де ова де она Сеа кога решив да пишам стана пуфкава. Ев цицат душа мајкина. Денес денов ужас, овој мојов домаќинов ојде да купит панел за в спална и лупна 6000 ден. Ми идаше да му акнам од гла. Економија 0. Му викам не те береше до Нептун или Сетек дупло пефтини. Овој се заакал во една маалска продавница кј нас и демек ваква е таква. Јас не сум се разбирала бла бла. Па уште фукнал плус 500 денари за колца да клаеле на панелот. Живците ми ги искина. Поубо 3 кубици дрва да купеше-пример де Бебка денес опет кј татко ми ја однесов, да се дог за да му поможам пошо утре му е куќна слава. Па земав дома му сварив пченица. Му испеглав чаршафи. Утре ќе му помогнам околу спремањето ау и тоа. Сеа од бебуш да запеглам тро ич сон не ме фаќат. Ич неможам да спијам. Демек книга ќе читав ама умов ко нетука, па затоа само роварам низ дома зачиствам со крпата на појас. Лека ноќ мајки и убај соништа
Здраво од мене за првпат на темава. Честитки до сите мами на роденденци. Ве читам и ме фаќа возбуда. Претходно се договоривме со мм дека ќе најдеме некој да ни украси, ама пусто срце не ми дава. Почнав вчера да преговарам за сами да средиме и уште малку ми фали да го убедам. Знам дека во меѓувреме ќе мрчи ама нека. Сабајле шетавме надвор и ми дојде идеја па му викам “спреј со светки ќе најдеме? Или ќе ги прскаме отпосле теглите со светки? “ И таков застанува, фаца “ме зезаш?” Последно го терав за крштевката да ми фарба тегли тиркизно. Кога заврши сирот издрогиран од бојата, целиот лом а и гаражата кај мајка ми лом се направи од прашината од спрејот. Цела ноќ чистеше и се гушеше. На крај ми рече завршив со фарбање, да не си спомнала веќе. Амааа ќе пушти срце, мора . За свадбата се сами правевме. Го зезнав, демек ај само ситници и на крај лудило. Сами правевме и држачи-сталаци за цвеќе за по масите... ги нарачавме кај столар па ги фарбавме, па топки со цвеќиња... и се останато. Мушки издржа, си викам штом тогаш не се пишмани и ме зема, немам мака Сега сум во план дел од “реквизитите” да ги искористам за роденденот (мм знае дека лажам и дека ќе докупам уште глупости кои ќе нема кај да ги чуваме, ама мерак ми е бе ). Иначе бебе заврши со цицање (по стоти пат) па идам да дремнам и јас малку. Сон не знае да сврзе уште а јас сум на раб да шизнам. Сериозно ми треба спиење. Ќе се потрудам да сум редовна на темава во иднина.
Помина и полноќ,ја неможам да заспијам..А кај ке заспијам,кога кај 21 со се дете како успивав и јас куфер..Сум одспала арно.А памтам коа се роди малово , местев аларм за да се будам и дојам..Ах колку ми се спиеше...и само рачунав уште колку би можело да трае тоа ноќно доење...Испадма до кај вториот месец,качи на соодветна килажа,па прекинав медтење аларми..Од тогаш по цела ноќ преспива. Малце ретро моменти да раскажам Некоја депресија ме дрма деновивр.Си мислам да не е еденска депресија...Не ќе да е...Ме разочара маж за една ситуација...Знам дека жвотов е краток да верглам едно исто,ама ко грутка ми стои.Празно се осеќам. Лека ноќ мајки... @emkaemka среќен роденден на синко,голем да расте секогаш весел и насмеан
Добро утроо! Кафе испиено , бебе дремуцка и јас конечно да пишам. Времево депресија, цел ден да си лежиш со добра книга но не викаат и децата така. Бебе е хаос - ред немаме никаков , цица постојаноо, навечер е нон стоп на цице и веќе мн ми е мака. Ручек денес вадам од резервите од фрижидер па една обврска помалку . Убав ден мамички, среќен роденден на сите дечиња
Здраво мамички сега гледам дека последниот пост ми бил пред скоро две години Се надевам дека пак ќе се дружиме...ве читам колку што можам, колку време што дозволува... Кај мене стандард шема скоро секој ден. Деца во градинка, јас на работа,дома дружба со деца Ќерка веќе скоро 4ипол години, а мали скоро 3...како лета време они да се каже дека се добри периодов...имав со ќерката некој посериозен здравствен проблем, но за среќа полека се средува но нели да не биде се совршено пак и се јави друг здравствен проблем кој се надевам дека и тој ќе се среди побрзо. Мали има проблем со кашлање, а почна загадувањево кашла како стар човек, па колку може се штитиме со маски... На работа не ми е баш совршено, но мора да се работи и се надевам дека ќе има промени на подобро Дома сме пред решавање на животно прашање, ќе се селиме во поголем стан, само уште да го најдам тоа што го имам замислено зашто мм ми вика и ти незнаеш што сакаш Сакам на сите да им честитам родендени на дечињата, да се живи и здрави,големи да растат на болните побрзо да оздрават Толку од мене за сега мамички...се надевам сега ќе бидам поредовна
Добар ден и од мене. Денес вистински есенски ден. Детево се возбуди малку што врне. Не му бепе пријатно ич да оди по дожд. Не ми е ни мене. Едвај влезе во градинка зашто до кола и од кола се подиспрска со вода и нејќеше таков да влезе. Па одма се договоривме да го пресоблечат и си влезе. Срце убавко. Јас на работа. Денес цел ден зашто сама се нафатив на нешто попладне да правам. Сама си се пикам во гужва. Ама ајде до Четврток па ќе ми биде порелаксирано. Вчера конечно почнав да пеглам од од купот алишта и ми дојде подобро на душава. Не можев да го гледам веќе. Битно кичмата добро ми се држи и после пеглањето. @DuchessAnn детето ти е супер за во столчето за хранење без перниче. Така и треба да биде. Мојот на скоро три години е на висината каде што ти е тебе на втората слика. Ставај го детето во столче кога инаку ќе го користиш. Плус ќе се навикне дека е тоа неговото место за јадење, ќе играте со играќки на него и слично. Нека се дружат со бувчето. Ако мислиш дека ти треба помош обавезно да си ја побараш. Само ќе ти олесни и ќе те направи полесно да си функционираш. На детето ќе му требаш комплетно емоционално подготвена за се во животот. Среќни родендени на сите на кои не честитав.
Да ви чкртнам набрзинка, мада денес со странки ми е ден, тек е 10ипол а веќе жизам, ко да е 1 се осеќам. Главава тапанче. Синко мора да си седи дома, нема градинка, со тате, а на тате не му се седи домаааа.... Гајле ми е, и мене не ми се седеше дома. Денес и утре имам слави и дешавки, да купам цвеќенце, винце, благце и се спремаме. Туку денес ми текна и дека име ми е, мора да земам некое благце. Ангелот душевадник, таа сум. Мајки има ли поубаво од тоа мама да иде на работа? Нема! Мама на работа, дете у градинка и се е потаман! Чест на исклучоци кога мама не мора да работи или има мало бебе или нема градинка или нешто такво, иначе мама си е за на работа!
Ден мајки!! Седнав да доручкувам додека малиша спие. Синоќа имавме хаотична ноќ со плачки. Знаел да стане еднаш два пати со плачење, ама толку. Во скоковите најчесто. Е синоќа сто пати стана. Од сабајље и растечен нос. Се мислам забките го мачат. Нека мине побрзо. Во вакви ноќи се тешам дека се периоди и ќе мине за неколку дена, па ќе се вратиме на старо. Во неделата го носевме на бдеј. Малку додржа ама доволно. Виде дечиња да им нарадува. Го внесов малку и во игротеката. Па тоа радост беше по батковците и дотките што скокаат по трамболините. Смеење на цел глас, се тресеше од возбуда, кој знае што ли му личеа. Ама чукна часот за сон и назад кај баба. Ве читам за работата и одлучено е, баш така ќе биде мама на работа, бебето во градинка. Ќе шизнам ако поседам уште малку дома. Со истата рутина во четири ѕида. Маж ми вика будалче жено седи дома додека можеш со детето, ама не сакам. Отупев дома овие месеци. Ми треба социјализација, да се мешам со луѓе и да не се дружам по цел ден со блендерот. Мислам дека одлучивме и каде да го пратиме на градинка здравје од септември. Во врска со шетањето, да излегуваме, ама неизживеани не сме. Ни треба една вечер во недела две сами, да си поприкажеме на раат, да се подружиме и уживаме. Сите останати мигови сме си тројцата дома со бебушка. Најчесто излегуваме на вечера двајцата, на винце , на лаф муабет. Бабите се млади и двете, бебето е среќно со нив. Доколку не беше така ни на крај памет не би да го оставам. И со друшките излегувам еднаш во неколку месеци оти сите сме на различни страни. Во вакви случаеви бебка е со татко му, или обратно . Не сметам дека правам нешто лошо. Го правам тоа што мислам дека за мене и семејството е правилно. Моментално го претресувам алиекспрес за роденденот. Одлучив цвеќара да ми краси, јас само ќе надополнам со по нешто кое имам на ум. Да стане бебе и ќе слеземе кај мајка. Бар средината да му ја сменам. Ако престане дождот до после ќе го свртам едно кругче низ маало. Убав ден мајкички, иако е тмурен! Среќни Родендени на славениците!
Што и да почнам да работам, чистачка, садомијачка (моментално статусот нов жител и познавањето на јазик само такви работни позиции ми дозволува) или што и да е мене во срцето ми е да работам како латино инструктор. Јас сум жива само со ритамот на латино музиката, секој атом од мојата душа и тело. Ми фали среда во Каса Кубана и четвртокот на бродот. Се запишав на факултет кој е перспективен, но тоа не е тоа. Сум била ненаспана ама овој пат е врвот, како мува без глава сум. Правам чорба и се молам да не заспијам да отиде во вис зградава. Затоа порано направив кафе демек да ме освести. Мислам дека ќе се струполам и јас со малава освен ако не спиела таму, а како Марфи никој не е. Ме изнервира другарка од Мк. Као демек сега ја сум сама сум немала другарки дрн мрн наместо да се радува што ми се исполнила мојата најголема желба. Не знам што да мислам дали е простотилок или љубомора. Баш сакав да пишувам за ситуација скоро кога ми се слоши, а сама со бебе, сите другарки во близина живеат (а претходно кога ќе се породиш кога и да те треба помош ќе дојдеме, и само тогаш побарав бидејќи беше итно) ниедна не можеше да дојде, со глупи изговори. За сите сум трчала "гола сред бањање" што се вика, а они која немала јадено, која само што се избањала. Господ ми даде сила да соберам сили да го издржам тој ден, а и бебе мирно беше како да знае дека мама не може. Од тогаш сеедно ми е дали Мк или странство. Господ е тој што помога или евентуално комшии или случаен минувач по улица. Ќе заспијам...
Добар ден. Надвор колку е никакво времево, па од прозор гледам само, не се ни осудувам да излезам. Шетањето ќе почека, таман дури да порасне малото Две вечери као ја чекам да засцрсти сон и да ја ставам во креветче,и пред неа заспивам и пак јас сум таа што станува во болки наутро, пошто немам место за да се вртам во креветов. Во една позиција спијам цела ноќ. Шта чу.. Синоќа мм вика, “ај стави ја во креветче, ама ако почне да кенка ќе си ја земеме пак до нас,добро?” Душа тој, и он неќе да спие она оделена од нас, се навикнавме вака стуткани Ме чека нес кафенце, дури бебе си тера дремка. Заборавив да пијам кафе полека, сега ќе му се залетам и пак на 3 голтки ќе го испијам. Не знам што да правам со себе кога имам слободно време, т.е кога спие бебе. Мајка ми е на работа, инаку ќе и се тупневме на гости. Кој ќе чека уште 3 саати,полудувам дома,монотоно е ептен! Една те иста рутина секој ден.. За правосмукалките ме замисливте, јас пред неполн месец купив една на Самсунг, ама секојдневно да метам пак и пак ќе има прашина. Кога пребришувам се чудам од каде таа прашина доаѓа, значи премногу е, а имам врата во дневна која си е затворена, значи не може од надвор да влегува. Во ходник па, прашина и тоа сина има на плочките. Таму и пет пати дневно да метам и џогирам,пак ко неисчистено ќе изгледа. Башка па бели плочки.. страшно. Во спална исто, така да од правосмукалката ќе е. Бебе кива стално, настинка ако не е, сув воздух и прашина ќе да се. Да си земам Шарк и јас не ќе да е лошо. Ми ја фалеа многу, зошто не ја купив не знам. @DuchessAnn Се ќе помине, само дај си време. Не е лошо да побараш помош,ќе си помогнеш себеси само. Не запаѓај,посилна си од што мислиш. Проектот 2019 нека ти биде успешен!
Добро утро. Ве читам за кафе, јас кафе на раат на времето на работа пиев, сега нема шанси. Маж од сабајле со мрчење. Си сака он да стане и правец купатило на миење, па кафе и цигарче на раат па тек после денот да почне. Ама не може бре така. Му викам стани си пред бебе па прај што сакаш. Ќе земе ќе мести аларм и не го слуша па пак бебе се буди пред него. Отиде он сабајлево порано па остана и куче не прошетано. Ќе издржел еден ден. Јас наранив бебе и ајде ритуал за заспивање надвор. Гледам врнеше по малку па го ставив во кенгур. Кучево кога виде се спремаме за надвор се шекна. И ајде бебе наоблечено се нервира, јас жива вода му облакам “патики” на кучето. Се натокмивме и правец надвор. Е дури кога излегов од влез ми текна дека чадорот го заборавив. Среќа ептен по малку росеше па решив да не се враќам (уште чадорот ми фалеше ). Како се движев и како изгледав не раскажувам, јасно е. Со бебе и куче и шлапаме во вирови, не знам кој повеќе. Конечно бебе заспа и ајде назад. Го оставам кучето во ходник и брзам да легнам бебе во кревет. И почнува Бебе се буди, бара цице, а куче цивка, завива мислиш којзнае што му се случува... и магичен круг, не можам да одам кај кучето за да не се разбуди бебе, а не можам ни убаво да го заспијам зашто овој завива. Некогаш ептен пиздам заради кучето ама па љубов ми се бе. Што убаво се смирува бебе само ако го спомнам кучето. Па си играат веќе заедно, бебе лази со него, си даваат играчки, бркаат топче... е добро некогаш знаат да се скараат за топче, па плачки . И бебе го брка со дубакот а овој бега. Ручек за бебе ќе се прави кога ќе стане. Додека спие мора што се вика на прсти да се оди иначе одма се буди. Јас така сум го научила . Еве лежам, он спие на цице. Доручекот за мене ќе почека. Ако е умно бебе после, ако не уште попосле . Вечер и гости ќе имаме, треба да потсредам малку... Кога веќе спомнавте правосмукслка, јас Кирби имам. Обавезно под и прашина со неа собирам и знам дека ја нема прашината. Некогаш и не ни пребришувам со крпа, чисто е. Кога ја купивме мм викаше со здравје да си ја возиш, исто како кола да сме купиле, ама јас фина сум и често и на него му ја давам да ја вози И така повеќе му одговара јас да чувам бебе. Вчера јас чистам во детска а он ми го носи и ми вика тебе те бара Иначе за свадба добивме поклон правосмукалка (да, да и нема да кажам од кого ) и ја пробав па со брзина на светлината отпатува кај свеки. Сега се мислам и од таму да ја снема зашто она со неа чисти кај нас во соба. Јас искрено не би можела без Кирби. За на работа во нареден пост ќе пишам. Цела страна ми треба за тоа Да не заборавам @emkaemka со здравје да си го носиш прстенот, сигурно е преубав