Добро утро мајки. Времево тмурно, а јас на гости кај моите, неделава дека маж е на службен пат па се надевам ќе ја прошетам бебка малку на чист воздух. Ја викнав вчера свеки да дојде да ја причува малата дури не пакувам, а она па зошто одиш еве јас ќе дојдам кај вас да спијам. Само тоа ми фали де, ја погледнав луто онака и си ќутам и пак си почна абе бабичка ти кога ќе дојдеш да спиеш кај мене и ај пак си преќутев неможам да замерам дека жената доаѓа чисти, пегла, ручек ни прави и се вози пола саат со бус само да дојде да помогне. Не дека ја викам ама секој втор ден се јавува да праша дали да дојде за помош, разбирам радост и е бебка. Сабајле беба цицаше мајка ми носи чај и овошна салата, па татко ми ја занимаваше земал гитарата и пее, а детево се радува гуга, ќе биде музикална. Ми пушти тато видео од 90 та година, јас како бебе на возраст како моето бебе, верувале или не се стаписав како бебка да си ја гледам, иста на мајка бе, знаев дека личи на мене ама не до толку. Дедово толку време бараше двд со видео ленти да купи за да си ги пушта лентите бе. И така мајки бебка заспа јас немам домашни работи ќе си легнам и јас со неа. @DuchessAnn пресладок е малиот, те читав и јас кога се породи и немам што да кажам освен браво мајка, прав дечко. Уживај и дај си и време да бидеш и тажна и среќна и оддалечена од луѓето оти не ти бил лесен патот воопшто.
Добро утро повелете кафенце кој не се напил Стигнав на работа, испиено кафенце и сега да се фатиме за работа, ама некако ич не ми се работи многу лоша атмосфера има ...но ај да не ве замарам со тоа, се надевам ќе се среди Деца арни,само ми е жал што многу рано ги будам сабајле ама ај уште малку ќе трае тоа,кога ќе се преселиме ќе биде се подруго, ќе бидат поблиску до градинка. Незнам за вас ама јас од сабајле мора да се искарам со мм и после искачање од дома е како ништо да не било... дали е до тоа што брзаме,да средиме се, незнам што е ама мака ми е веќе... поздрав мамички се читкаме пак
Ме расплака со моментот со татко ти и гитарата. Мојот му остави во наследство на синко гитари, звучници, појачала, плочи, цела музичка опрема... Ама џабе, него веќе го нема, а синко е многу музикален, слуша песничка, од второ слушање веќе ја фаќа и по ритам и по тоналитет. Да е жив и здрав ќе има полна музичка опрема ако посака да биде музичар. Следно идење и акустичната гитара ќе ја земеме и една звучна кутија што планирам да ја ставам како украс во спална, многу убави спомени имам од неа и свирките на тато. Ај мајки добро утро, да проработам малку сабајлечки, денес име ми е, ама не славам. Ќе почастам на работа дека се сетија сиротите да ми честитаат, никој друг, само они. А и не е некое чудо де. Требаше да идам на слава, арно ама нема кој ѕвере да го чува и дома ќе си седиме јас и он, нека е така поарно. Убав ден, немам ништо ново да се пофалам.
@AngelOfArh Честито и вечно име и од нас, само среќна и радосна да си! Вечни имиња и на сите кои денес славите. Добро утро! Дете појадува, јас да ве читнам, па после има милион идеи што да сме правеле денес,значи воопшто нема да ми е досадно Понекогаш си велам грешка направив што секоја занимација, игра, активност ја правиме заедно, сега сам многу малку се заигрува, ама пак од друга страна убаво е што не дреме цел ден на таблет или телефон, развива комуникација, моторока... Мм денес на едно интервју за работа, се слушнавме сега вика ова ваму сето е забегано со паметот Тоа му е, кога од инает реши да замине. Празник денес, ручек зелка манџа, сакам нешто и да му замесам на синко, да тепаме време. Ве поздравувам!
Добар ден мајки Денес не се жалам, се наспав од 11 до 7, а бебка не мрдна цела ноќ и она Сите сабајле колективно станавме, кој гугаше, кој кафе правеше, кој се легачеше (читај: маж ). Се осетив како да сме дел од реклама за совршено семејство, некако многу убава топлина и атмосфера си имавме утринава Си испив кафе на раат, си се спремив, дури и подраскренав низ дома дека попладне гости ќе имаме, и така. Сега мислам што и дали да правам нешто за после (мини пици ми се во глава), или па да купам готово. Маж вика да не се малтретирам, а мене ми е само што време ќе немам откако ќе се приберам од работа, инаку не ми е проблем да направам. Ќе видиме, ќе решам до после. @vitamina и јас ќе ти кажам алал ти вера на храброста, јас да бев ќе побегнев одма, каде не знам. Еднаш кучево наше фати огромен стаорец во двор, па ми беше страв во двор да се симнам и бебе да изнесам, а не па дома да ми шетаат. Најмногу за детето би ми било страв од зарази, нема збор дека и тебе сигурно ти е страв за него. Можам да замислам колку се нервираш и колку не ти е сеедно, но се надевам дека ќе се реши проблемот што поскоро и и ќе си најдете стан по ваша мерка. Посакувам и држам среќа @galapce мајка пиши некој збор, не сум те читнала одамна. Како е херојот? Ве гушкам @Mari* со задоцнување, среќен роденден на малата. Да е жива и здрава и да ве радува секогаш Немам ништо паметно да кажам, навратив додека имам слободно време да читнам и пишам некој збор. Одам да јадам, цревава песни пеат Убав ден на сите
Многу ми е убаво денес, се осеќам одморено и полна со енергија ..среќно не знам дали е до сонцето дали дека раат све се исчистив по дома топличко сонце блика од надвор а ладно временце свежичко мерак Само нека потрае ова дека и маж дома па затоа, сум изнакупила секакви сретства најмиризливи обожавам кога се убаво ми мириса Летото дека жега абе не се можеше никако да се фунционира и така.. Вчера фатив лепаците ми текна да ги ставам врз работна маса дека имаше каки и ставив леб ојдов до спална за 15 мин се враќам ете ти го натрапникот мал колку детско прсте ама машала вреден се залипел ми се идеше со не знам што да го удрам жими све од нервоза и гадотија а највеќе преокпација за малото па го викнав маж ми и тој го утепа и го фрливме после студирав пола час од кај ли излага и забележав дека стои калдајата има дупки кај цефките па сабајле затнувавме и тоа а они да ти биле некое гнездо од некаде ова никад у живот ми се немаше случено ама ќе ги решам решена сум и да отрпнав више порано страв ми беше сега се молам да го видам само и да го смачакам од нервоза како змии се се качуваат секаде Сдоста беше за гадотииве не ми се збори више за нив а осеќам дека и вас ве напнав се случува тоа ама ќе се најде чаре верувам. Успивам дете па да станам да доправам пастата и да јадеме дека само што дојдовме од шетњи па почас пак ќе се прошетаме, периодов сум така со елан да си средам се на деѕте да средам да го гушкам гњавам да си седеме сите на типличко и да уживаме во парното и мирисот имам и костени Животот краток е, полн со нервози и глупости ама сепак живееме сите за среќата за радоста на нашите најмили и за нас.. Сметам дека секогаш треба да се трудиме да живееме максимално и без нервози колку можеме јас во последно време сватив дека џабе и да се нервирам кога не можам нешто да сменам па не ни мислам многу мислам дека тоа многу ме релаксира и опушта Битно желба да имаме здравје па со борби ќе успееме Скоро ништо не е невозможно ако човек има голема желба и елан за истото
На какво место за работа бев денес си се ожалив самата себеси. Дај боже да ме примат па после ќе плачам секој ден по 15 мин дома да не собирам на душа. Всушност мислам нема шанси да не ме примат дури можам да бидам и нешто повеќе од обичен работник (доволно е и да фантазирам само ). Уште од сега ми се плаче ама ако само нека ме примат па ќе си плачам и секој ден од мака јас не е проблем. Додека не најдам подобро. Скоро секој ден играме на музика со малата, па и без музика имаме ритам. Ме имитира како видеата на јутјуб што сум ги гледала. Пеевме Кој си носи чадорче (нормално двете со отворен чадор во рака инаку плачки) и на секој стих јас рипам нагоре, оно ме имитира и секој пат паѓаше од воздух наназад. Ама се смееше па и јас се смеев со неа, од среќа не осети болка веројатно. ^За вакви моменти сум за видео надзор дома. Да може да се зачуваат и да ги гледаме и да се смееме еден ден. Нема кој да не снима, а и кријам тел од малата цело време. Сабајле бев поненаспана од вчера. Ме болеше глава и ми се повраќаше. Да, до полната месечина е. Кога ја видов синоќа од прозор леле. Многу ми е страв. Дека тоа значи неспиење. Можеби некои бебиња спијат ама зависи месечината во кое поле од наталната им е. (Не се разбирам во натална, но така нешто беше). Направив термин за сметка во банка уште плата да почне да ми легнува. Синоќа се зачитав во темата за тие што не можат да имаат деца. Искрено не сум знаела како стојат работите и го исплакав секој пост. Едно сфатив и знам дека бебе не се прави туку се води љубов и љубовта го прави. А јас останав од прв пат и непланирано, првата помисла ми беше абортус... Да се правдам дека млада не е оправдување. Само имав други цели во животот и тоа дојде како гром од ведро небо, едноставно шок. Сега сум пресреќна што сум ја донела вистинската одлука (фала му на Господ и животот) и секој ден ќе се молам за сите да имаат деца. Иако тоа знаечеше стенд бај за мојот живот и моите се уште имам години пред мене за да ги исполнам. Малата и мм спијат па да пишам на раат се што ми лежи на душа. Ми се прават длабоки разговори ама немам со кого, ниту преку нет. Вечер ќе прошетаме во трговски беше многу убаво украсено. Цело време брзам и чувствувам како да немам време, а тоа не е ич добро. Ноќеска сонував длабока река и јас одев во неа по крај газев на камења, еден милиметар подесно ако згазнев ќе се удавев. А колку се плашам од реки, езера, просто се гушам. Денес требаше да добијам и тоа се нервирам, веќе ми касни значи. Добивав на први и до толку се изремети до 21ви стаса да добивам. @danichap Многу ми е жал. Посветувај повеќе време на себеси. Кога ќе тргнат во градинка сите три можеш барем еден месец да одмориш со све четири у вис па после работа. Јас главоболкава и стомаков ги игнорирам скоро две години. Си го барам со боринче народски кажано. Веќе и се плашам од дијагнозата, но би сакала да знам. Можеби и нема да е сериозно, но ако причекам уште малку сериозно ќе е. Убав ден И што им е на жениве од зградава и една жена преку две згради (Турци, Курди што и да се) што секогаш ме прашуваат кај одам. Сабајле на таа и реков не разбирам што ми збори. Дури таа преку две згради еднаш ме гледа и ме прашува маж ти кај е. До душа и неа и реков не разбирам. Не разбирам не сум од тука.
Добар ден . Бебе намирено спие , јас ве исчитав скоро сите , па може и јас ќе си легнам со него. Ноќеска до 3 не сум можелла да заспијам, мисли еден тон и така кога ќе се размислам , после многу тешко ми оди заспивањето. Па после на тв земав пуштив , едно реално шоу од србија (задруга , незнам дали некој го прати ) и тоа гледав до кај 03 и сум заспала, мм после мене станал вика гледам задруга пуштено знаев дека си заглавила до касно. Па и бебе почна пак да станува навечер за млеко по 3 пати , а убаво го навечерувам и покасно и пак се вративме на истото , до душа и така станува си приплакува една минута и пак си заспива , па препишувам на забите , многу споро ни излегуваат некако. Инаку вчера на слава , кај едни мои блиски роднини , дечиња еден куп , ама бебе најмал , значи неможам да опишам колку многу се радуваше , само трча по нив само оди , насмеан ептен . Затоа кога си дојдовме татко му додека го пресоблекуваше он заспал , таман се порадував ќе имаме малку време со мм , идам пак до спална , мм на големо веќе спие , го сфаќам и него изморен е затоа не му бев лута . Друго незнам што да ви кажам , наскоро ќе бидеме кумови , уствари кумашиниве наши ќе прават крштенка , средината на декемвври , не известија пред некој ден , па треба да почнам да се спремам за бебе и за нас , а воедно и за малото кумашинче. Тие луѓе ми се многу драги , дури и премногу , на работ на егзистенција живеат што се вика , ама не оставиле на бебе кога и да дојдат да не му донесат нешто , значи стално , еднаш случајно беше минатото зимо ги викнавме да дојдат поручекта на кафе , кумашинката од сабајлето плетела за да може поручекта на бебе да му донесе оние за на ножињата калци , значи кога ми кажа очите ми се насолзија и кога не прашаа да им бидеме кумови незнаете колку бев среќна ,пресреќна . Ќе се потрудам колку можам повеќе да им помогнам и со организирање , а и за малово од алишта до што и да треба , многу добри души имаат и многу си ги сакаме . Ќе го чекаме мм да си дојде сега , за ручек ставив компири печени со салата , па после ќе одиме да пазаруваме по маркетиве и дома , времево смотано за ништо не е . Убав ден мајки.
Здраво женски, Пијам ајде кој е за Денес, после незнам колку време, сум сама дома и искрено баш ми фалела оваа тишина. Жената ја отпуштивме па денес на малата и е прв ден во градинка до 16.00. Ќе ја земам малку порано, домче сум. Колки ми фалела оваа слобода, цел ден на располагање и без трки со времето. Сабајле бевме на контрола за трет крајник, не е баш најарна работава, за 2 недели пак на контрола па може и вадење ќе има.. Потоа дете во градинка, се мислев многу дали да ја носам но сама бараше, викам супер Сварив кафе, испружив нозе уживанција. Поле доручек си спремив, со мерак го изедов. Малку расчистив, правосмукалка, играчки на свое место, кујна изгланцав и вц. Сега кафе пауза, па ќе правам ручек денес пилав и ноут, по желба на ќере Чекам евтина струја па да пуштам и машина на перење и сушење...Толку за денес ќе биде, после ручек играње ќе има со ќере. Имам некои бубачки во глава, имавме некој неубав период, па сега не можам да се оправам.. Навечер сон не ме фаќа и пак сум си наспана. Мм спие како заклан, мува не го лази, тој човек ќе живее 100 години, ако не и повеќе Убав ден мајки
Добар ден! Како сте мамички, умни ли се дечките!!! Некогаш ги мразев дождливите денови, сега ги сакам... Зашто дождлив ден значи дека ММ ќе биде дома, ќе ми биде многу полесно, ќе јадеме заедно, ќе пазариме во маркет заедно... Порелаксирена и поспокојна ќе сум.Ситници... ама ми значат! Беба нане, ручекот готов, успева и да подсредам малку низ дома, сега одмарам и ги чекам ММ и големата ќерка. И ветив дека за вечера заедно ќе правиме палачинки, па ќе ни биде исполнета вечерта. Ќе си сварам сега кафе. Многу сакам да имам комшивка блиска за заедно да пиеме кафе еднаш у денот... ама околу мене се баби. така да, слатко ќе е и сама да си го испијам. поздрав!
@danichap само да те гушнам. Чувај се жено ќе им требаш на трите мускетарки цел живот. Јас немам што многу да кажам денес. Рутина и толку. Ич ама ич не сакам тмурно време, а денес е баш такво. Ама ајде ќе се преживее. Се надевам зимаа ќе има снег, иако како стојат темпратуриве тешко. Ама ќе си се надевам на белина и светлина. @gjoker4e блазе си ти што си немала мака со зачнување на дете па можеш па си мислиш дека се води љубов а бебето само доаѓа. Кај тие што имаат мака бебе баш се прави. Некогаш и буквално во лабораторија го прават доктори, биохемичари, ембриолози. А љубовта тогаш го доживува најголемиот тест. И само вистинската љубов опстојува тогаш. Само што актот на водење љубов и правењето бебе не се спојуваат.
Утрово ги отворив очите со главоболка,станав видов дека мм го пали огнот и пак си легнав до дете.Но не можев да призаспијам и станав кафе се направив,но и тоа не ми беше слатко. Дете го разбудив во 8 и почнаа активностите со него.Раскревање,доручек,ужина играње,ручек за дете(за нас не сум во форма да правам) и дојде времето за дремка. Но дете се инаети не сака да заспие.Не сака ниту приказни,ниту песни, ниту измислени песни,ниту па да го нишам не сака ништо..Му реков дека неговото мече Макс веќе заспало и да биди потивок.Си ги зеде мечето си се сврти на страна и заспа.Ѕверче мало. Овие денови затворени дома ниту ми се облекува нешто на мене,ниту ми се оди негде. Само до малскиот маркет да испазариме со дете,и тоа одам од што морам. Овој месец менс. саглам ме потисна со болка во стомак и глава,веќе петти ден а јас имам како за втор.Изгледа имам вишок крв. Откако станав мајка ама ич не се грижам за моето здравје.Крв.слика последен пат имам направено пред 2 год кога се породив пред да си одам дома.Главата исто ме боли многу често,а па за на гинеколог да не зборувам.... @mari*Среќен роденден на убавицата.
Здраво мајки Денов тмурен и ете како ми влијае на расположение. Па така и јас тмурна. Бебе деновиве ич нејке да јаде. Ќе полудам. Само сирење и лепче други не сака. Изгледа заби се зашо сите прсти ги става во уста. Душиче. И тоа по цел ден. Ваљда многу ја мачат. Досега само две имаме. За викенд сме на 2 родендени па ќе искористам блек фрајдеј со попуст нешто. @forumce ја нема да пише одамна и @orhideea. Има уште ама не ми текнува сега. Убав ден
Добро вечер драги мајки ооо денес ептем мавната со чорап. Синоќа на слава пуфкава главна ѕвезда. Мислев ќе има плачи прво кога пееше попот, ама душа како се потсмеваше под мустак на секое негово движење ми идаше да прснам од смеење. Па после шрафета сите по малце ја играа ја забавуваа. Дури кога дојде време за дома ја земав в раце. Заспа уште в кола па дур ја средив 23ч дојде ама продолжи да спијат. Јас од умор неможев да заспијам кузнајт кога заспав. Денес уживаше со мм дури ја заспал дур бев на забар. Ооо на столот одморив 40мин. Сеа ќе ја носиме кј едни пријатели на именден барем пола сат да напрајме чест. А вечер со децо и ќе се чувет пошо и на слава треба да идеме а таму се пуши и немат да ја носиме. Мене срцево ливада ки е пошо бебка е цела на мене и брат ми. Кога се роди беше гла скината на мм. А листајки стари слики од мајка ми во несвест ќе падневме цела е уствари сеа на мајка ми. Срце мајкино дури ј жилава и цврста е на баба и. Тоа тетки ми кажуваат што ја знает мајка ми пошо она веќе 20 години е почината. Мило ми е што и го дадовме името и го чуваме споменот за нејзе. За многу години и само убајни на сите
Еве ме пак. Дете на гости со баба и дедо,ептен запнаа да го носат.Излезени се веќе сат и некое време кај и да се ќе стигнат.Знам толку можат да одат по него. Јас незнаев што да правам дали да се туширам или пак да си ја земам правосмукалката во рака. Од двете ниту едно. Ќе чистам утре заедно со дете време да отепаме. А и да се учи да помага на снашка. Си сварив кафе и си седнав со тел. во рака.Кога почна тел да ѕвони сте од кај мајка еден по еден се изреди ја.Веќе ми се смачи од зборување.А и главата сеуште ме боли и се инаетам не сакам апче да пијам. Мм дома е,си дојде во пристојно време,заб го боли и место не го фаќа.Сега појде кај девер ми во соба да гледал филм.А јас да ве подружам. Одам сепак решив да се туширам.
@Mari* @emkaemka среќни родендени на синчињата. Големи да растат,среќни и бериќетни да се цел живот. Честито и вековито на тие што слават имендени и слава. Јас да пишам немам што. Секојдневието исто,со мм сме нешто на ратна нога Јас и синко се спремаме за роденденот. Како вчера да беше кога ми рекоа мајка нека ти е жив и здрав,имаш син. А ние во понеделник ќе правиме 4 години. 4 години неизмерна љубов и чуства што претходно не сум знаела дека постојат во мене. И од ден на ден се се поголеми. Јас до 8 сум на раб,па ќе одам до кај свекрва ми да го земам малиот и одиме дома да се гушкаме и договараме,што како околу роденденот.Денес бевме си нарачавме торта,пропаџаривме нешто и ќе почнеме со подготовки. Ве поздравувам и ви посакувам убава вечер. Сакав да пишам уште,да,тагирам,поздравам и дадам подршка ама ми одлетаа мислите некаде.
Здраво женски... Се враќам дома,и прво влегување ме пречекува карамелата моја на врата со едно МАМА,во гласот радост ,во очињата сјак што ме гледа пак по 8ч отсуство.Ме гушка со рачињата меки.Љубов моја бесконечна<3 Пред да станам мајка,незнаев дека постои ова чуство.<3 Доста лигавење,друго сеа да кажам Си размислувам за роденденов што му иде,втор ќе биде.Сакам игротека,ама ако канам тетки мои и на маж ми,па братучеди,па пријатели...мини свадба ке испадне...А како да им кажам не доаѓајте...Вака испаѓа десетина дечиња+50возрасни..А да правам игротека па после и дома да прибирам,нема шанси ... Обично прават па о баби,дедовци ,кум,старосват само на торта дома ама комплицирана е ситуација со свеки така да отпаѓа и тоа...Незнам стварно... Ја читам @danichap до каква здраствена ситуација си се довела на инфузија си стигнала.Верувам е многу тешко со три многу мали дечиња. Сакам да ве потсетам сите мајки на форумот,да не се заборавите себе во целата таа грижа за децата.Не мислам на фризер,нокти,вежбање..Него здраствено.Ја може сум малку хипохондрик,ама губам здив на помисла да ме снема-која друга жена би го сакала и гледала детево мое?! никоја! една е мајка! и затоа мора да се одржуваме у добра здраствена форма.И одморот е многу важен. Знам недела цела да ја одлежам со нетфликс,маж да готви и купишта алишта за пеглање,а мајка ми ме кара тогаш демек каква домаќинка сум бил. Не е важен домаќинлик,ако ја кичма преоптоварам... И така...денес филозофски настроена Вчера почнав една книга да читам,па да си продолжам...Лека нок мајки <3
Не ми беше тоа поентата. Читав како имаат односи за време на овулација и тоа го правеле без љубов само бидејќи тогаш требало да се обидуваат и дека не е тоа тоа, дека со тек на време станува механички, рутина, и едноставно прават бебе, а не водат љубов. Цел ден кријам тел и кога видов саат ми се стемни. Мислев 21.00 најкасно, а еве скоро 22.00. Ве исчитав и се комирам. Се надевам ќе поспиеме ноќеска готово ќе паднам. Само се чудам од кај ми засмрдува јакната па денес сфатив дека од кај едни риби што одиме да ги гледаме, а денес за прв пат и ги хранеше малата. Не да смрди туку корне. На почеток ќе се исповратев ама изгледа сум се навикнала на смрдеата. А рибите се во трговски и мн луѓе идат кај нив зарем на сите така облеката им мириса, како отстоена мртва риба. До скоро ги храневме и лебедите од реката ама сега порано се стемнува, мн дува таму и одамна не сме биле, ова одамна еден месец отприлика. Заборавив да и сменам памперс пред спиење на малата па сега ќе ризикувам да не ја разбудам. Всушност и сменив после 19.00 ама се окасни со спиење па подобро да и сменам ноќеска да не викам од памперсот плаче. Реков ќе проверам дали избиле тројките конечно и заборавив. Одамна не сум била до олку ненаспана. Добра ноќ
Добро утро Кафето од мене сабајлево Ова првото утринско дома ,веќе и второто на работа е испиено Дете во градинка го однесов а јас на работа секој ден сум во трка со времето мислам да стигнам на време на работа,да однесам дете во градинка после да стигнам да го земам на време и се така во круг. Сабајлево можам да кажам дека сме наспани синко само еднаш се разбуди ноќеска и лесно презаспа .Прстето фала богу му е добро уште е отечено малце ама не го боли тоа е најбитно .Јас сум подобра ми се пушти гласот ама сеуште сум на инхалации ќе пројде и тоа Викендот на планина резервиран ,здравје утре после работа одиме Многу ми треба малку да сменам од одморот летоска не сме биле нигде се надевам убаво ќе поминеме одиме со уште еден пар со бебче така да ќе биде интересно ,најбитно е дека децата ќе дишат чист воздух . @danichap мораш да внимаваш повеќе на здравјето @gjoker4e пиши кога и да ти треба муабет Убав ден мајки одам посао зове