@danichap мајче да бев блиску до тебе со друго срце би ти помогнала. Гледај го здравјето твое а работата ќе почека.Организирај некако деца кај свеки или додека спијат. Ние дома си се топлите мм од утрово со дете јас низ дома. Од утрово до сега 4пати вагани измив,спанаќ чистев,пиперки лупев,машини две пуштив,трета врти.Купот од алишта што беше во креветче конечно го испеглам, се позанимавав со правосмукалката и џогерот заигра,но прашина не забришав. Се истуширав и седнав второ кафе да испијам. Дете кога го заспивам кажува дека нешто го боли се на исто место.Незнам дали навистина го боли или само лаже за да продолжи да лудува по кревет. Исто така секогаш пред заспивање се гали,ме гушка ме бакнува. Како што вика дете тој е мојата дука-душа. Ја гледаме детската евровизија и дете се изнаигра фаќа дури и ритам. Се одјавувам, имајте убава вечер со вашите сакани.
Хелоууу мајки јас второ кафе пијам, изволте кој е за. Викендов турбо. Вчера каков ден сме се изнашетале покрај езеро, а денес живи депресии. Денес кј свекрва ми на ручек после кузнајт колку време, па се израдвија со пуфкава и изнаиграа. Па не ми се одеше дома и отидов и до кј татко ми. Беба сеа нанит уш малце да зејам душа и полнам копанчето да ја капам. Мм за вечера сакал јајца варени. Едвај чекам снег да се лизгаме. А елката за Св.Никола ќе ја китам. Најдов комплетче Елф за госпожава да и прајме фотосесија. Ќе имат смеење. Синоќа ми се напрај филм во глава за уште едно бебе нз шо ми дојде. Носталгија ваљда за стомак. Па како би било, како би издржала. Супер мала разлика. Ама??? Здравје само. Да и се израдвам на пуфкава. Имајте убава вечер одам јајца да стам да се варет
Да си ја олеснам душава малку. Се надевам дека доаѓаат подобри денови. Денес имавме тежок ден, погребавме член од фамилија, дедо на мм кој се изнамачи овие месеци и сите со него се намачија, тоа беше што ви реков имаме тежок период, многу беше болно, жално и тешко, брза помош често пред врата, јас сама со децава 24/7, плус акање со синчето на клиника, таму боцкања снимања трауми. Сега во Декември не следува едно снимање на синчето + операција на кила која испадна како плус проблем скоро, па двете одеднаш ке му ги правеле, многу ми е страв. Главата ми е со 300 мисли, сите ми викаат сум се стопила, зашто сум ослабела толку... Ама оваа година ме намачи многу. Моментално сум на дупла доза антибиотик, за малку инфекција до бубрези ке си направев, почнав кафено да мокрам од што одложував, Ешерихија коли хаос ми направи. Плус и болна сум, имунитетот 0... па дури и сируп за имунитет земав да пијам Навечер до повраќање од умор ми доаѓаше, се влечев по дома... Мора да се посветам на мене малку, зашто ке се разболам вака. Годинава едвај чекам да помине, многу сакам зима, ама сега оваа сакам побрзо да помине. Ке ве читам и повеќе ветувам, сакам многу да се дружам тука, а неможев... Само уште се да испадне добро со синко и ке бидам повеќе опуштена, сега главата и мислите ми се на друго место, немам концентрација ни да разговарам асално со некој, се губам. Мислам дека доста ме мислат од тука, па осетив потреба да ви пишам... Поздрав мајки
Оф бре дете што ми е жал што вака те читам Ајде да мине и ова со лесно, 2019 убаво да ви тргне, мора, има ете некогаш тешки периоди кои подолго трајат и исцрпуваат ама мора да помине. Ти пази се малку повеќе
И јас повраќам од умор. Или од умор ми се приповраќува кон 6 часот до кај 10 часот.. Насабајле сум фит ама навечер се чуствувам ужасно. Ако верувате како ми тргна со турболеции периодот минут немам застанато се е преку мене и на мене, кога малиот ми беше бебе беше добро сега сме турбо. Малиот е прехиперактивен, на моменти се губам додека го средам него па неговиот неред па татко му па ручеци вечери доручеци ужини на сите садеви еден куп обврски низ град документации буквално се.. Денес цел ден имав гости, едни ојдоа други дојдоа маж ми рече да спијам до него ама дури ми се и замоли јас одбрав да станам и да средам целиот хаос и да уште усисам, желудникот рана ми е боли корни и така секоја вечер имам проблеми со желудник и коса. Си ветив себе си дека ќе купам се што треба и за лице и за коса и за желудник и ќе сменам начин на живот ама тешко ми оди. Тек кога ја читам @danichap @mariz @Mari* и слични што се спавуваат сами ми е срам да се жалам. Притисокот деновиве забележав дека си го држам на 90 со 60 па си сватив сите маки и олуии што ме мават у организам. Преисцедена сум од седење дома и домаќинство и тоа што е се преку мене, малиот не дава памперс не дава да се облака не дава ништо по соби се гониме со саати дури се стокмиме а кога се стокмиме тој се искака или извалка и ајде се од поново. На улица надвор пак е општ хаос. Преска се валеше по плочки не сака да го држиш бега урла расфрла се што ќе најде истура телефони фрла флаши.. се е во бестрага нека е жив и здрав ама татко му како го гали тоа чудо не ме чуди и зошто е таков. Следната недела ќе одиме на алпите, можам да замислам како ќе биде ама тоа е кога ќе си замислам и јас сум човек и сакам да се опуштам од секојдневниот стрес и меланхолија. Од друга страна мисли 300 за понатаму, растеовежена сум зошто ќе имаме некој си крстопат и избирање местење на некои големи и важни убави коцки. Утре треба да одам пак до банка, решив и на шопинг да одам сега покрај празникот има толку многу роба толку многу попусти што е грев човек да не посегне Од трета страна на кај од денот пак се запрашувам дали сум добра, дали сум ок кон син ми дали нешто грешам и на крај сваќам дека сум лоша и дека сепак треба повеќе. И ме нервира кога фрла и крши се пред себе а на крај од денот ми е жал што сум подвикнала или сум рекла не итн.. Мајка. Жена. Хормони.
Овие неколку дена се отспав. Пак сум заспала во 21.00 со дете и во 22.00 се разбудив избезумена, односно ме разбуди дете плачеше, па цицаше и пак заспа. Вака спиев само првите месеци од бременоста ама не сум сега, добив со три дена закаснување. @mariz И јас ќе се пријавам со некоја дијагноза кај и да е. Но зарем тоа е цената на мајчинството? Туку од мала во глава си имам ставено дека до 26 години ќе живеам па како се ближат годините се некои црни мисли. Како деца вртевме со игла и повикувавме дух, поставувавме прашања и иглата се вртеше на букви и броеви. Името на маж ми ми го погоди иглата тогаш, се надевам не и другото. Сега од позрела гледна точка се мислам како ли вртеше иглата и застануваше буква по буква??? Си знаев дека нема нешто паметно да пишам ама веќе пишав. Во главата хаос ми е. На душата тешко. Телото уморно. Млада и безживотна. Плачам и спијам. Слабост. Мм вика ме сакал, му реков ако не сака да се чешкаме вечерва. Се чешкаме по грб така почесто како баба ми што ме чешкаше во скут додека беше жива. Ми фали и баба ми цело време ја мислам. И дедо ми. Периодов ама ич не го сакам животов. Се отиде јабана. Вакцини, интернет, од страшно пострашно. Отидов...
@mariz многу ве мислам ама веќе непријатно ми е да ти пишам, да замарам уште јас. Дај Боже се да е како што треба, како за свое дете посакувам. Држи се и води грижа за себе колку што можеш, ќе помине се. @danichap со помин да е и што побрзо да се средите, чувај се и ти. Да честитам роденден на сите што немам честитано, да се здрави и најсреќни сите дечиња! И јас не сум добра, ама не сакам да се жалам и да пишувам за моите (најчесто психички) проблеми. Проблемот долго го завлекувам, веќе 10 години можеби, и само се влошува. А овој период најлошо. Ме нема најчесто поради тоа, ама ве читам скоро редовно. И малово ме исплаши нешто денес, се надевам нема да се повтори само случајност да е. Ве гушкам, добра ноќ!
Ах мајки, што се случува периодов. Малку повеќе внимание на себе мора да се посветува, особено на здравјето бидејќи на крај ако тоа попушти џабе било се. @vitamina нема ли таму градинка да го пуштиш барем неколку саати малиот ? @danichap мајка мисли на одморот, знам беше некое егзотично место ќе се среди и со селидба се, полека само, дури немораш ни да купуваш од сега, вселете се па после е лесно. Имав и јас еден стресен период со селење, сама со бебе и маж ама помина добро. @mariz има еден многу убав стих кој секогаш си го повторувам и ми дава сила: наскоро, сета твоја тага ќе се претвори во радост. ти го посакувам тоа и на тебе. Јас добра сум инаку, периодов на моменти турбо од активности, на моменти полабаво. Имунитетот ми е паднат очигледно малку, мали со растечен нос е и се мислам дали да оди во градинка уште, ама мора да изгради имунитет, тоа е. Јас со дупла доза витамини сум, морам да се оправам зошто ваква на пораѓај неможам да одам не дај боже бебето да го настинам. Имајте мирна вечер сите.
Добро утро,добра вечер јас на работа 3 смена.Убаво поминав.Сите задоволни и погодени спијат,па си седам на интернет.Чекам уште малку па да ми заврши смената. @mariz @danichap треба да се пазите,за карање сте. Инаку многу се радувам за синчето на Галапче Ви реков дека ако добијам уште една убава вест ќе ве известам.Епа добивме,си имаме стан.Наш, не под ќирија Банката го одобри кредитетот,потпишавме на нотар сега се довршува документацијата.Ама нема назад,тоа е следните 25 години здравје ќе исплаќаме кредит. Ме фаќа страв како ќе успееме со преселба и најмногу ми е страв за градинката.Мора да ја менам,а да најдам нова е многу тешко. Најмногу ми е страв ако не најдам навремено градинка мора да останам без работа или комплет да намалам со саатите.Ама сега за сега се обидувам да останам позитивна. Инаку ние добри,мислам на маж и дете.Јас сум средно жалосно.Ме кинеше стомак цела претходна вечер.Си зедов антибиотик за дома,ќе правам кога ќе станам од спиење тест за уринарна инфекција.Ако е позитивен право да се напијам.Вчера како баба се движев,се напив од се што ми беше при рака за болка и едвај на крај ми попушти.Многу малку пијам течности,заборавам. Тоа жени убав ден на сите,да привршам ситници и да си одам дома
Добовечер жени. Ме фати полноќ, уште не можам да заспијам. Мм деновиве работи 3та смена и и мене се' ми е пореметено, не можам да спијам. Малата заспа во 8, ке ме разбуди сабајле во 7 сигурно. Баш тогаш си иде татко и од работа, само што ке слушне клуч како отклучува вратата одма рипа и вика тато, тато! Вчера бевме на два родендени. Од првиот си тргнавме порано за да стигнеме на другиот и не дочекавме од тортата, а од вториот моравме исто порано да си одиме дека мм требаше да оди на работа и пак не дочекавме торта, а многу ми се јадеше благо. Да не ми е мисла си направив денес една торта за дома, со филови, со 300 чуда, ке се изеде. Само што ја почнав тропна некој на врата, славеникот од сношти ни носи од тортата ни чувале. Како што сме по благото, ке се предозираме сега, а демек диета ке почнував, си осеќам дека сум поправена едно 3-4 кг, и само нагоре одам. За обврски по дома што да кажам, немаат крај. Сакам да готвам ама кога ке ми се насоберат садови ми се стемнува пред очи. Се си велам од сега како ке извалкам нешто, одма ке го мијам да не ми се собираат. Аха, нема проблем. Ден, два максимум и пак по старо. Кога ке ми текне, порано ако имав еден филџан неизмиен не можев да си легнам морав да го измијам и да избришам ако има капки вода по работната маса. Среќа се свестив малку, не се замарам толку веќе, дали е добро тоа или не, не знам. Попустите јас ги искористив онлајн, за малата најмногу порачав, облека, обувки, дека малку има. Немам каде да ги ставам веќе, двособен ни е станот ама едната спална ни служи само како гардеробер, колку облека ич не облечена, со етикета, или само еднаш. Овде и како што излегуваме "често", ми е криво нема за каде да се дотераш, многу ме фаќа мерак некогаш. Овој период од годината секогаш ни е со најмногу турбуленции, финансиски, менување работа, но од друга страна пак ми е омилен, украсено дома, ручек, кафе, Божиќни филмови. До Божиќ ми е убав период, а после ич, па и ако е и зимава како лани, камен ладно до мај, ке спобудалиме дома. И така, да прочепкам уште некоја минута низ темите и легнувам. Добра ноќ, или добро утро за тие што веке стануваат.
Добро утро помина и викендот и сега пак на активности работни. Утре веќе ќе патувам за испитувањето на ќерка ми и се надевам дека ќе се вратиме со добри резултати Мали нешто многу е збеснат, незнам што му е, има некоја фаза да се треска од земја што до сега со сестра му не сум го доживеала, но се надевам дека ќе трае кратко... Викендов малку шетнавме со деца, малку сама, иако нема каде многу да се шета по ова гадно време. Вчера и на мекици бевме, ми се роди кумашинче и многу сум среќна, па повелете пијачка и благце поздрав мамички, се читаме со убави вести
Добро утро мами Една гушка до сите вас кои се соочувате со проблеми периодов, ќе ги означам @mariz и @danichap , иако не се само тие. Многу од нас се борат со некои „демони“ периодов. И кај мене исто, ама срамота е да се жалам за моето. Затоа, ве гушкам сите Ние арни фала Богу, бебка расте, станува се поинтересна и едвај чекам да ми заврши секој работен ден да се вратам што побрзо кај неа Забките горни ја мачат, ѕирка белото и надуванки и се, се надевам ќе и пробијат наскоро. Немирно спие, односно цвили во сон и знам дека е од нив, ама барем си спие по цела ноќ. Сега и дење спие повеќе од порано ми се чини - две дремки има (утринска и попладневна) од по 2-2,5 часа. Се среди со спиењево фала Богу (страв ми е да го напишам ова да не се поремети пак ). Еден период секоја ноќ се будеше и беше будна по 3-4 часа, живот немав мислам. Викендов имавме гости на ручек, во саботата, драги луѓе. Маж готвеше, замислете Добро де, јас спремив се друго, он само главното јадење. Ама сам се понуди, никој не го натера Бебките се изнаиграа и се изнагугаа, мојава ровареше, а другар и дека помал месец дена си седеше во креветче и песни пееше Циркузи беа. После заспаа и двајцата во исто време, и во исто време станаа, а ние таман имавме време да се видиме со луѓето на раат. Детулиња Убав ден си поминавме со навистина драги луѓе. Вчера сами тројцата дома се изнаигравме цел ден. Мене цела работа ми стои, алишта за перење, садови, ама гајле ми е. И јас порано бев перфекционист, не оставав шолја од кафе неизмиена, ама сега имам приоритети. Ми е гајле за се друго, бесценети ми се моментите кога сме тројцата на куп Бебка се научила да се закача, не гледа, ни се кикоти и почнува да бега, а ние да ја бркаме. И така вчера пола ден се бркавме, пола ден си игравме и си заспавме сите синоќа задоволни и уморни и си спиевме до сабајле. Јас станав за на работа, а маж и бебе затерале до 08.30. И така Се расприкажав, а немав намера до толку Одам да работам мами, имајте сите убав ден
Те прочитав прво тебе па те цитирав одма, мада после прочитав и другите исто дека размислуваат и си реков добро е не сме само јас и Витаминка тие. Вчера машината за садови, Бог да ја благослови, вртеше точно 4 пати и се наполни уште еднаш за денес да дополнам да ја пуштам. Онаа за алишта, исто Бог да ја благослови, вртеше 3 пати и сега се сушат, а вечер уште една до две ќе вртат. Чистевме со муж детално, и него Бог да ми го благослови, со дете колку може да е чисто де, ама пак, друго е. Ми беше прилично запуштено, имав некоја работа која вклучуваше многу прљање по дома па само површно зачистував, сега е се чисто. Мајки јас мојот најгорлив здравствен проблем го решив благодарение на маж и на другарка ми, после годиништа, се надевам овој пат трајно, ама се трујам со антибиотици, пробиотици и чудесии и така до март месец здравје. Па после здравје бебенце број 2. Само еден проблем не можам никако да решам, дебелината, многу ми смета ама два чекори напред, еден назад сум, никако да тргнам без застој нанапред веќе. Се мислам на Хроно и пак на вежбање да се вратам. Од први нешто мора да биде, ќе видиме само што. Сакам годинава да однесам дете некаде на планина, дали Банско, дали нашиве планини, некаде да подиши воздух, мора! Радованче ми е ептен, ама ептен. Вчера ги избрка тетка му и тетин му оти му се спиеше, смејурии. Иначе тета му е слабост, дека трча ко него се будали, а мама уморна од работа не може така. Мада се повеќе се будалиме, си играме многу веќе. И кога го карам веќе разбира. Душа моја е тој и дада исто така ама овој мајкин е ептен лигаица моја. Тоа е мајки, денес малце работам малце исправам криви дрини и така. Убав ден! Стално заборавам а прва мисла ми е таа кога ќе пишам, сакам сите што имате мака да ве гушнам во една виртуелна гушка! И тие што немате, да ја заокружиме така
Гледам во лустерот и сама се смеам не дека ми е за бришање туку ја замислувам @Shelea како скока од него Замисли мт да е послаб од тебе и го залепуваш ко поштенска марка Викендот помина како и обично. Саботата чистење, готвење, перење и се друго што завршува со ење Вчера денот го поминавме со друштво, бевме и на роденден, дете пресреќно се изнаигра со другите деца, да ви кажам не ни осетив дека имам дете. Кога ќе ми текне колку беше напорен, од сите мајки само јас изигравав кловн по родендени, ниту можев да седнам ниту ништо, само шетав и друмкав. До скоро имав навика да ја тресам ногата @vitamina јас сум истата, ти кажувам за да не мислиш оти до тебе е. Мијам купишта и се си велам леле како веридба да сме правеле, секој божји ден. Сега дури ја разбирам мајка ми кога се жалеше Да и испратам една виртуелна прегратка на @mariz Споменувај си го почесто стихот на @sunshine2015 а и сите ние. НАСКОРО, СЕТА ТВОЈА ТАГА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО РАДОСТ! Пријатно попладне жени
Фала ви мајки Поминува полека, но ке помине и ке се потрудиме да ги заборавиме најлошите денови. Инаку малава трчка веќе по дома, многу е интересна и опасна Многу ми се слатки кога ке се заиграат со батко и, па и кажува што како е, зашто така вака, се навикнав со нив заедно дома и иако некогаш ми се бега, неможам ни 2ч без нив. Скоро на клиника кога бевме ја оставив кај моите малава сама (прв пат), па после се вративме го оставив синко кај нив и бев до дома нешто да земам сама, влегувам дома празно, чудно. Мајка ми ми се јавува супер се, седи си дома и вечер дојди... мислите вечерта отидов? Тоа беше 12 поручек, мавнав туш и во 1 кај нив бев. Ми вика де бе дете опушти се малку. Немав многу поверење поради многу причини, ама ај и татко ми беше таму, сестра ми исто па ке ги оставам и неделава за да одам до факултет, нешто од нешто да почнам да си завршам за мене. Во животот многу пресврти ми се случија, како шпанска серија сме. Моите се разведоа кога имав 17год, а сега заедно живеат пак (но не се заедно долга приказна), но едно 2год живеат под ист покрив. Ручек си направив, најмалово го наранив, па за брзо и со синко да јадеме. Мм се врати од работа порано и легна, не му било арно, му се повраќало... рече за саат да го будам.. и он сирот периодов многу доживеа. Ни фали сега на сите да киднеме некаде на планина и да одмориме. Чекам резз едни од имунологија, па после нив ке закажат колоноскопија и операцијата на кила на малиов. Многу не изнашетаа, го изнамачија, ако и сега нешто не зезнат, реков толку, бегам некаде во странство, многу комплицирана работа излезе ова... а не сме единствени Запознав и уште една мајка, поима немаат и на нејзиното што му е, тоа има течни столици и болки често.. Ајде доста за тоа, само веќе нека се најде што е проблемот. Отидов да го будам мм, ме насекира сега и тој. Убав ден и фала уште еднаш на поддршката
Здраво мајки Викендов поминат на планина и те како ни годеше . Снег немаше , само од страна оставено малку стар снег од минатата недела што паднал . Ама чист воздух за мерак.Пешачевме до последни сили . Во хотел бевме само за спиење. Бевме големо друштво собрани па и кафана истеравме. Прв пат се осудив со дете да седнам во кафана и да ви кажам се изненадив.Беше мирен , си јадеше ,седеше . При крај го фатија бесни глисти ама се остаивме неколку саати И мене почна на крај да ме фака сафра.Се опуштив па и винце пивнав малку повеќе Така убаво ми беше на душичката Спа не обожавам ,ретко користам.Па сега со дете ич . Ни он не сака мнг топло.Таму уживаше друштвото со мм додека јас одмарав со дете во соба . Фала богу му се врати апетитот на син ми. Кога не јаде највеќе ме загрижува.А кој не се грижи кога дете не јаде? Таму јадеше виршли Ама што да му правам вриштеше по нив ко киндер јајца да беа Неделава ќе одиме да договараме игротека за роденден.Само резервирав а ништо не се договорив И да почнеме да се спремеме и да се дотеруваме. Неколку дена предходно мене ми е роденден Уште сега планирам кој што да ми купи Како мало дете Еден од поклоните ми е рачна правосмукалка (ако така се вика) Ми се расипа мојата ,а за трошкиве низ дома ептен ми е треба. Во сабота ќе китиме низ дома . Едвај чекам. Ме фака еуфорија Како планирате да славите нова година ? Одам сега да си ставам кафе . Па ќе шетаме со мм и мали . @mariz се надевам брзо ќе поминат лошите денови.Се ќе си дојде на свое место.Биди силна. Убава вечер
Добар ден женки, Чувајте си го здравјето затоа што вие сте им многу важни на малечките. Не е за џабе кажано - Една е мајка. Е па една е. Како змејови сме со сто обврски и после боли грб, раце, несоници... Дајте си себе еден час во денот. Макар било за турпијање нокти и витаминско смути. Денес ја вакциниравме крокодилкава. Мирна беше, ја следам од сабајле до сега за температура, супер е, нема покачено и на ноџето и менувам блазници со облоги. А бе само брмчи и бруи и си збори, сон не ја фаќа! Ми ја пофалија дека е храбра и жилава. Воедно, супер напреднала последниве 3 недели и малку се смирив. Мислев ќе спие, ама еве ја сега цица и ме мава со рачето. Живец ко татко и. Денес ручек нема, ќе мачкаме зденки и ќе вариме јајца. Ми се најави другарка на чај, на диета била, супер и за мене - нема да зобам глупости и да полнам чинии со мезе и смоки. Ми се јаде Захер торта од Кам. Ама ако му кажам на маж ми, ќе рече - ахам и после "ништо не ме собира". И така е. Гладот и апетитот ми се како да орам нива секој ден. Well... Чувајте се и гушкања до вас!
Пак болна, пак бактерија у нос и висока температура. Јас отечена у грлото одвај голтам. Не спиени, уморни... Само нека мине. А последниве 3 дена со радост одеше у градинка. 5 саат а не сме појадувале со маж ми.
Добар ден лавици. Прво на @galapce ќе и честитам,и од сега со Алекче само убавини да ве следат. На тие со тежок период,ќе им посакам дека на крајот на тунелот секогаш има светлина. На болните побрзо оздравување. И сега тадааамм... пред 4 год на денешен ден станав мајка. Денес синко слави роденден. Бујрум частам кој што сака Вчера си прославивме во домашна атмосфера со баби,дедовци,сестри браќа..... Вечер една другарка со маж и и малата ќени дојдат. Синко баш пред роденденот се разболе,кашла,шлајм,повраќа...најдов еден лек со кромид и шеќер по интернетов,му го направив 2-3 пати му дадов и му се смири кашлицата,плус се инхалираме со дексаметазон. Засега толку од мене,одам да поеаботам до 8 сум на раб,и после гости да чекаме.