Добра вечер Неколку дена со ред пишувам и каша попара излезе постот Морав да бришам и да почнам од почеток Деновите ни поминуваат многу брзо Термини,вакцини,температури,настинки се во една недела Могли овој пат се настина Денес не ја пуштив ни вградинка ама утре сигурно ќе оди Полудеа деца дома време никакво,неможе човек да излезе Могли пак се занимава,нејзе и не и е толку досадно како на мали Тој мал е за игри и само оди по сестра му Таа се почесто го гушка и бакнува ама нема осет и го гуши,тој вечито плаче Сака се по негово да е ако не се активира одма Едино е добар кога пуштам песнички за деца игра човечето Цртани не го интересираат воопшто,со него ми е баш напорно на моменти Могли секој ден се по разбрана е мноогу ми е полсено со неа Се заигрува сама,последните неколку дена ни пее песнички и има и кореографии на песничките Се гушка многу Ни ги бакнува очите,носот,косата...со часови се гушкаме и бакнуваме Кога и здосадува се лула на лулашката,се повеќе се осамостојува некако Јас вечито не наспана ама се навикнав Дремките на синко ми се одмор,со кафе и онлајн шопинг се релаксирам За нова година најверојатно ќе се собериме сите кај нас па со време да одберам поклончиња Многу сме и гледам да најдам поевтини работи За Могли знам дека ќе добие фотоапарат сака да слика човечето Денес после една недела зедов да чистам мразам кога оставам толку долго и кога ќе почнам два дена ми треба да вратам се на место Исто толку и пегла неам фатено Уште еден месец мали поаѓа во градинка,уште сега се радувам Си правам триста планови а дали ќе ми успее макар еден ќе видиме Одма ќе почнам да барам работа избор многу немам во селото ама не бирам каде ќе се најде таму Се распишував а планирав рано да си легнам Незнам дали ќе успеам да се истуширам ама ќе пробам @mona22 голем да расте @tincemajmunce и вас да ви е среќен роденденот до година со две да славите @mariz вие да сте живи и здрави и батко то побрзо да оздрави @danichap чувај се мајче Ако имаш можност за помош дозволи си и чувај си го здравјето,на децата им треба здрава мајка Толку од мене,Могли се предаде Добра ви ноќ убавици
Здраво од мене. Ретко пишувам, па еве сега се решив и се надевам почесто ќе имам време да кажам нешто. Јас со малата повеќе сама по дома, мм на пат почесто овој период. Многу се нервирам што сум така, сакам и тој да биде почесто дома, па сите заедно да поминуваме повеќе време. Налет и работа и пари и се си викам некогаш. А и плус ми е напорно многу, немам кому да ја оставам да си одам до фризер или барем еден саат да искулирам некогаш. Среќа мајка ми ми се наоѓа многу, да ми е жива и здрава. За свекрва тоа не можам да го кажам. Жената си е таква, ладен тип и ако не ја однесе мм да ја види малата, таа нема абер да се јави или да дојде на гости. Затоа и не ја ни сакам, да си бидам искрена штом е таа таква. Тоа е. Имајте убава вечер
Добро вечер живи депресии денов денес. Се истури од врнење. Цел ден дома ко ут преседав со беба. Не ми се станвеше од кревет. Мака ми беше да дишам. Па капак на се мм го фати желудник се тури од повраќање па кј и да е ќе почнит тестамент да пишит. Кај со пуфкава едвај на крај излегвам уш тон фалеше болен Дојчин. После мажите јаки биле. Едвај успеа беба да заспијат сега. Ама јас сум крива. Поручекта кога заспа таа јас до неа хиризонтала 2 сати кома. Кога видов сатот ќе паднев од кревет. Сеа незнам шо да прам. Имам пајнци за миење машина за пуштање...ексик Имајте убава ноќ
Добра вечер мајки Одамна немам пишано но периодов ми е премногу напорен до @galapce болници повеке никогаш да не видете Јас кај мајка ми и таа утре заминува кај татко ми за Германија Децава ги испратив со свекор и свекрва ми дома а ние со мм ке ја носиме на аеродром Попладнево керка ми ме преплаши да си стави бомбон тик так во носот не ја ни видов почна да плаче и да вика неможам да извадам бомбонот со плачење и молење после 20мин дувна и го извади ја прашав зошто ми рече дека децата на телефонот си ставале бомбони во носот па затоа пробала и таа ја скарав и рече дека повеке нема да прави така Живото ми се скрати за 10години Ооерација закажана на 6декември како ли ке бидеме незнам како ке ја допазам од малиот премногу ја закача Таа попушта тој ја удира таа попушта попушта но кога ке и дојде преку глава го тепа А тој ја гази мн често кога таа леже и се качува на стомак на грб таа не му прави ништо чека јас да го удрам бидејки и имам кажано таа не смее но малиот претерува премногу Несакам да тепам но заслужува искрено го плеснувамм по газе објаснувам објаснувам но никако да му влезе во глава Навистина незнам што да правам со оваа дете а искрено и се плашам после операцијата како ке ја допазам А тој со никого не седи само со мене сака И јас како многу членки само сакам да помине 2018 па во новата 2019 само срека љубов и успеси да не следат И секако здрави дечиња Имајте мирна нок мајки
Добро вечер Малово заспа, пред да задремам и јас со неа да шкртнам збор-два. Стандард си седевме дома денес,среќа па имавме гости, и тоа мало бебче, се чудев колку е моево пргаво и напредно во споредба со другото бебе Секунда не застанува, прета со раце и нозе,па сака исправено,па да ја “летам”, па гуга,се смее на глас,некои си нови звуци испушта, абе смешки е.Љубов ми е! Другово бебе си лежи мирно,глас нема од него, ја легнав мојава до него.. Абе кај ќе ти седи она мирна,шанса нема Коа почна да мава со рачињата,среќа што не го испотепа Ептен живо бебе имам. На два пати ставам слика од неа во катчено,и за 5мин се враќам во темата и ја бришам Си мислам,арно сум си анонимна,зошто да ме познае некој,кога само тука можам да си кажам се што ми лежи на душа. Две членки се следат со сестра ми на Инстаграм, а она редовно објавува од бебка слики,па не би да ризикувам. Свеки чита на форумов исто, не дека може да ги види сликите, ама што знам.. Може и она е членка (На следното ставање па бришење гарант ќе бидам банирана) Друго,ништо ново. Секојдневие монотоно. Иста рутина, од сабајле до вечер, во ист саат исто се прави. Што ќе се фалам од дома па дома. Од една соба во друга. Сакам пролет да дојде па да излезам од комфоров малку, да почнам и со работа па да ја разбијам монотонијава. Ќе ми порасне бебулево па ќе шетаме тогаш повеќе,се надевам. Ми се иде и накај Скопје да заглавам во Џамбо, ама тој воздух ми е језиво да го дишам Кај нас е милина.. Свежо е,не сум во центарот на градот туку настрана, со дрвја и река во непосредна близина до куќава, па воздухот е идеален. Мислам на 5мин да сум во Скопје, нема да можам да се издишам ко човек. И то. Убава и мирна вечер имајте
Добро вечер, Еве ме и мене. Заспано бебе, дури веќе во длабок сон. Денес заспа пред 9 и одма усврсти убаво. Па до сеа го успивав и мм. Мезевме нешто троа, тој си пиеше и пивце. Романтики. Вчера неделата ми беше тешка како ден. Се истури дожд. Затворени дома, како под казна. Бебе беше 300/ч. Око не склопи повеќе од по 20мин. Во 5 идевме на гости и ни заспа во кола, па се испокаравме што да праиме, да не и го кршиме сонот. Па се возевме со кола едно пола саат. Ете денес поефтини горивото. Абе денес се смеам цел ден за ова али вчера нервози. Некој ако не гледал од страна... И моево бебе е распеано, штима гласни жици увелико. Кога ќе споредам какво беше првиот месец, дека нон стоп плачеше, сега дури има денови и кога не заплакува. Почна се почесто да се смее како човек на глас. Љубов е. Не топи по дома. И еве ме. На крај од денот сама конечно, во мир и тишина. Уживам во овие моменти. Да имаше стоп копче да потраат, ќе го искористев сега. Имајте убава ноќ..
Добро утро се возам со бус на работа. Очи ми паѓаат. Малово се разбуди во 3ипол наспиен и сака да си игра и се муабети а сакаше и батко му да го разбуди.Правев млеко го пресоблеков и налегав гмечев гушкав не бре не сака да спие. И кога звони аларм за работа и запалив огинот и гледам малото заспало. Се облеков и излегов. Убав ден...
Здраво женски. Скоро па ич да ме нема, ама ве читам сите со ред. Кај нас секојдневието исто, ама се наканив да пишам да ја поздравам @Lolipop23 и да и кажам дека сум човек од збор. Реков дека ќе се читаме во труднички, па исполнив. Да да, трудни сме малку И покрај овој поздрав, да ја тргнам @VedaG10 за нос, да ни се придружи што побрзо. Друго не знам што да ви кажам за во мајчински. Малиша во градинка јас на работа, секојдневие лудило, мене понекогаш мачно, ама туркаме, нема кој друг ако не ние
Честитки Кикин, со лесно да си ја износиш бременоста Ми текнува кога се породи со првото рече... Како мајка ми три родила, не раѓам јас уште едно, бар не скоро... Така беше, ти беше тоа? Или грешам
Јас денеска сонував како сум родила уште едно, прелесно... ни болки ни ништо, додека одев на боксот се држев доле да не ми испадне и толку беше реално, си посакав уште едно Сакам од секогаш 3, ама здравје понатаму, да пркне и разбира и малава, па уште едно
@kikin колку убава вест. Честитки. Да си имаш лесна бременост. Ти многу брзо се пушти во акција Јас уште не си ја сфатив озбилно работата Се надевам дека за брзо ќе ве дружам и јас . едит @mariz а да не се мислиме ја и ти многу и да им се придружиме?? од многу мислење и планирање никогаш ништо не излегува
Море се да беше во ред периодов, ке се одлучев да ти кажам... зашто некогаш си викам, што да чекам и да се одвикнам од се, уште едно сега брзински, ама не.. Нека пркнат сега двајцава, нека заодат во градинка, па може после уште едно...
Баш ова сакав да го кажам Јас за 3то не знам дали ке имам време ама на второво уште ненапраено му се радувам Која недела си? Пак едит : имам една тајна желба за близнаци
ауу, и јас немам време, онака си лупам. близнаци порано мислев дека сакам, ама откако родив едно сфатив дека не претендирам. Главата тапан, замисли едно 2-3 години и две бебиња. Јас не можам да се замислам во таква слика. Инаку, уште неполни 3 мисеци, на почеток сум
Ако веруваш у соништа, сонот ти значи дека некоја мака ќе помине и мин така лесно се родило, ептен со лесно ќе помине маката
Маж ми вика дека ако ни се паднат близнаци од 7 ќе се фрлел Шала на страна , тешко би било.Имам во фамилија 3 пара близнаци. И сите родители се благо речено побудалени Предизвик е ,а јас би го прифатила Нека дава господ каде што нема па и кај нас .. Таман пролетно-летно бебенце ке си имаш
Здраво . Јадам и пишувам тука на брзинка додека мајка ми занимава дете. Добро сме освен малиот со некој стомачен што се мачи. Ама ќр помине. Ја симнавме елката од таван и еве ме вика ,,Мамооо оди Екааа идии " да сум ја видела елката. Кога спомнавте сон да се пожалам и јас сонувам едно по друго првиот сон беше Штрк шо носи бебе а вториот сон беше како јас трудна се породувам среде некој лифт. И само слушам брзо царски мора . И толку. Ми касни чекам бебе бр2. Да се појави од некаде. И се надевам дека ќе се исполни веќе таа желба. П.с заборавив и јас сакам близнаци за првиот пат ми рекоа дека можное две да биле. Но испадна едно е за сега дај боже да се две од еднаш.