Ехееее чекајте ме и мене за во труднички! @mariz Јас не сакав да сум трудна ама веќе кога видов две цртки сакав две бебиња па и на вториот преглед го прашавме гинекологот дали е сигурно дека е само едно. Како ме чуваат малава и мм, вчера средуваме со малата и носам алишта од дневна во спална она вика трча ми ги зема од рака таа ги носи, носам во купатило за перење она пак таа да ги носи, земам шишето вода да го отворам, забележала дека со крпа го отворам мн тешко се отвораат, носи крпата зема шишето и она пробува... , а мм кујната синоќа ја светнал, касно легнал, сабајле едвај стана. Треба да излегувам инаку ќе пишував уште...
Добар ден мајки На брзаница да ве читнам додека се вари нешто за бебево. Денови летаат. Во исчекување на чудо или едноставно да тргне работата. Чекаме да донесат хауба, машинс за садови и фрижидер. Чекаме монтерот кујна да монтира, чекаме маж да се подослободи да монтира нешто мебел, чекаме хаосов од пакети да се пренесе... И така. Чекаме а време веќе нема. Социјалниов живот и така ни е на нула, па немаме кој да ни помогне од поблизок круг. Жими финансиски немаме проблеми, но ни за пари не успеаваме да најдеме некој да ни помогне. Се е веќе букирано. Сите работници од фирмата на мм се на некое далечно бауштеле, среќа сабота ќе дојдат за големата преселба, да му помогнат. Слухот на увото е вратен до 50%. Се надеваме ќе се подуправи. Повраќање, лишење и вртоглавица делумно терапија делумно умор и стрес. Да се надевам и тоа ќе се управи.... @kikin со лесно. Мислам дека среќа што децава испаднаа едно по друго на толку мала разлика бидејќи од денешна перспектива и сите проблеми со кои се соочуваме никогаш немаше да се решам на второ, не па трето. А штета ќе беше. Не би можела да го замислам животот без нив три. Кој благослов го чуствувам што ги имам нив три. Кој спокој што ќе се имаат сите три цел живот. Сите проблеми, немири, стравови и болки ќе ги носам на грб колку и да се тешки, колку и да се непреболени, колку и да се нерешливи. Станав емоционална, би пишала цел реферат но ме гази времето. Само са ве поздравам. Убав ден мајки
Здраво! Среќни родендени, лесни бремености ... Јас одмарам синко врз мене си сварив кафе ама почна дете да се буди го земав го нишкам па да поспие уште малце. Деновиве прави борби се дневните дремки му се спие а несака да спие, па заспива само во количка, а еве денес врне кај ќе го шетам. Оваа недела место две цело време е со една дремка па се трудам да биде подолга. Да се пофалам и тука се пушти синко. Јас па си ќутам зошто неколку дена се пушта ама сам 3 чекори и ќе си седне, па беа комшиите на кафе и ми викаат што не кажеш дека проодел викам не бе чекај едвај два чекора и ми вика добро ќе видиш до утре и уште вечерта си изоде од соба во соба. Многу е смешен патче. Сака да си игра "ѕе" зема ќебенцето негово и ми го става на глава па го трга и се смее. Исто позади завесата (проѕирна) се крие па се смее кога ќе ја тргне. Ама ептен е лепенка до мене и татко му. Кога ќе си дојде мм од работа не го пушта плаче ако го спушти да се измие раце на пример, тогаш не сака ни кај мене. Мене неколку дена ми е мутна главата изгледа од времето. Толку од мене за денес убав ден на сите
И јас сакам да ви се придружам наскоро во труднички, ама уште психички се припремам за второ Маж само чека зелено светло Многу сакам, ама кога ќе ми текне кои маки ги тргав со кичмава, особено последните месеци, се препотувам Ама се ќе издржам, наредна година сакам да биде, здравје Боже @kikin честитки мајка, со лесно нека ти е Ние арни, бебка си поспива наутро повеќе деновиве, времево и неа и влијае. Па и денските дремки ги тера по 2-3 часа Нека си нана дете, така се расте најубаво Пушта чекорчиња, ама сеуште не сама. Се држи за маса и ја изодува цела околу. Или ако ја водам за рачиња, оди со мене, па ќе и се смачи и ќе си седне Срце ми е, љубов ми е. Искрено не знам што сум правела пред неа, што живот сум живеела и сум мислела дека ми е исполнет. Ова е исполнет живот, полна ми е душава и срцево со љубов огромна, дури и се плашам колкава љубов чувствувам спрема неа. И си викам, второ ко ќе имам, ќе го сакам ли како неа што ја сакам? Знам дека да, љубовта кон свое дете природно доаѓа, ама бре ќе се оболам од толкава љубов Сакам второ, многу сакам, и тоа што поскоро. Нејќам да се голема разлика. Ама, како ќе даде Бог, така. Нека помине годинава и роденденот на бебка, па ќе мислиме на темата. Кога сме кај роденденот, паника ме фаќа, зошто не знам што сакам и не можам да решам Не знам дали сакам букви од цветови од хартија, бројка 1, или и двете, или па воопшто не сакам цветови Епа не знам! Друго, торта не можам да се решам од каде да порачам, иако изборот ми е сведен на три слаткари се на се. Трето, не можам да се решам за тема за слатката маса, и дали воопшто да има тема, зошто мала е бебка и не разбира такви работи, па бесцелно ми е некако. Или да нема тема, туку само да си ја декорирам масата ко што мислам. Дали би било глупо да нема тема според вас? Ај помогнете ми, изгубена сум Барам да и купам облека, туту сукња или фустанче (големо туту, волуменозно) и никаде не наоѓам. Ни за мене не знам што да носам. Едино локација 90% знам, ама и за тоа не сум сигурна скроз. Не знам што сакам бе, не знам! Жена! И така Поздрав од најнеодлучната мајка на светот
Да довезам јас некој безвезален ред. Мене само пари ми фалат цел живот односно благословена сум. Лани ме имаше во весник и на еден портал на интернет со слика и текст за моите цели и планови (за кој воедно добив и прва парична награда, прилично висока). (Немој да ме препознае некоја, не ми кажувајте ). Случајно ми излезе текстот на нет па се потсетив. Имам талент за пишување ама па кога си ги препрочитувам постовите ни Т од талент не гледам. Вчера случајно видов оглас на едно место па влегов прашав со малата бев ми рекоа да оставам име и број. Јас земам број да напишам малава вришти, и зборувам ја смирувам, земам пак пенкалото таа вришти, јас пак таа пак вришти, леле вечност ми се виде што и стана се препотив. Ќе мора жениве од зградава да ги прашувам, има повлијателна со јака кола хаха нон стоп ми раскажува што и се десило па да и раскажам и јас што ми се дешава. Во 14.30 треба да смислам кај да одам со малава за да преспие мм барем еден саат ќе падне кај и да е. Сабајле не знаеше што збори, што прави, кај оди... Убав ден
Јас пред пола година порачав за малата роденденот Туту сукње Од кај Росана , баш така волумезно набушенко ( ја овенав жената на вибер со слики да е баш такво ) Жената е супер , ми праќаше материјали да си одберам да видам се боја , нијанса , порачав со боди плус , пишеше (one ) на него , од тука една феминка ми а препорача и сум задоволна од добиеното 1000д ме кошташе .. https://m.facebook.com/profile.php?id=100011016197508&ref=content_filter само сега да бирам , би и земала нешто комотно и слатко ипак е тул и нема ни да се искористе пак ( моете е веќе некаде заманато ) и тоа и го облеков само за фотосесијата , ама па и баш се срцкасти во нив
Мајки да ви ја пофалам игротекава. Си пиеш кафе децата во игротека со аниматорка која си игра со нив ги чува и најдобрата работа е што воопшто не ја плаќаш игротеката туку само тоа што ќе го испиеш.
Здраво мајки. Честитки @kikin за бременоста и сите што си чекаат побрзо да си видат две цртки. Ние арни, се бориме со зимава. Следната година дефинитивно во градинка, доста е веќе по дома, таман и годинките ќе и бидат стокмени. Ќе си се исчуваме три години дома, заедно и со многу љубов и после може да се премине во следната фаза. Многу ми е интересно детулево, само се смеам со неа. Убаво зборува, цели реченици, ама уште некои работи не ги изговара правилно. На пример ако п е на почеток на збор ја кажува фт, како птичка, она вика фтичка. И јас и покажувам п како се изговара со усните и она повторува по мене, вика п. И викам, ајде сега П - птичка. И она вика П-фтичка. Леле колку ми е смешно, а се труди толку и пак на крај фтичка испаѓа. И раскажувам некоја приказна од оние на дизни со бакнеж кај што се будат, и викам ја бакнал на усните. Па ми враќа, не се усни, туку е уста. И објаснувам што се усни, што е уста, ме слуша заинтересирано и ми вика, ааааа добро, не знајев. Навечер пред спиење обавезно си муабетиме. Се што е потребно, само да не се спие. Тогаш сите мудрости се слушаат. Деца. Се топам кога од нигде никаде ми кажува те сакам и ме бакнува, толку еден обичен момент, ама знае да го растрепери срцето. Милион пати на ден и кажувам колку ја сакам, ја покривам со бакнежи, ја гњавам , ја обожавам. Ќе почнеме уште малку со празничната еуфорија, па нека се радува детe. Имајте убав ден сите.
Д ден! Врнежлив ама не ми влијае на расположение, една недела во пмс,сега со циклус,ма и сукало може да заигра на некој Мм испративме на работа, денес втора смена, не знам можеби неговиот инает ќе премине во некое задоволство кон работата,времето ќе покаже. Среќа не е изморен,па си наоѓа време и за домашните негови обврски.Негови,зашто тука не се подразбира куќна помош,туку неговата работа Ние со синко што низ дома,што низ двор,малку на воздух,користиме сеуште топло време.Денес до пазар по овошје и зеленчук, па ручек и сега го чекам да се предаде па и за мене некој час раат. Честитки новости,родендени,трудници,само убавини да читаме на темава. За друго дете се имам изјаснето, а чувствувам дека син ми има потреба од брат/сестра, за мм само да споменам, направено е. Сакаме близнаци многу,имаме и во фамилија неколку колена наназад,ама сакаме и ќерка,што и да е, да е полна куќа со детски џагор само. Се надевам ќе се наканам до година. @mariz Го прочитав твојот пост за сонот, и ти пиша и друга членка, да, има некое значење таа леснотија,некоја тежина ќе ти се тргне од глава многу лесно. Баш во ова време, ете ти сон со убаво значење. Дај боже се лесно да ви мине. Имам еден куп алишта за средување, со пеглата сме во лоши односи, контактираме само за специјални потреби , садови од ручек, и пак дете ќе се наспие дури јас да средам. Толку ќе биде од мојот одмор. Ве поздравувам!
Добар ден! Јас сум во некој зимски сон, малку порано ме има фатено ама само ми се спие и ништо не ми се прави. Ниту ми се пишуваше овие денови, таква некоја мрза ме фатила. Станот ќе прооди од што плаче за чистење, елка не накитена се канам две недели веќе, ручек правам колку да не сме гладни, значи немам желба за ништо.Меланхолија без врска некоја. Уморот ме стасува и мене, навечер со детето и јас заспивам, наутро едвај очи отворам. Незнам до кога ќе ме држи ова, не сум тој стил јас, не се сакам ваква. @gjoker4e ме насмеа за близнаците, исто ко јас да сум пишала, докторката вика едно е, јас сигурна ли сте, ми се гледаат две. Тоа од што сакав со еден потег две муви да отепам што би се рекло, да не се мачам пак, ама не било баш како што си замислуваме. Детево денес пресреќно отиде во градинка, цело утро пееше, кога ја земав пак беше среќна ама уморна и веднаш заспа. Ја гушкав така како што ми заспива на гради легната и незнам колку пати ја бакнав, секој ден се повеќе ја сакам дури неописливо е колку многу. Вчера татко и се расплака од радост ама вистински, ја прашува тато ме сакаш ли ти мене, таа го граба со двете раце за лицето, го бакнува и вели сакам. Дете бе, како што ќе те наежи од убавини и ќе ти го исполни срцето со некоја убава топлина, забораваш на се моментално и на сметки и на болки и на умор. @kikin со лесно и со убаво! Убав ден!
Дете спие,јас појадувам.Денеска порано инаку јадам заедно со мм кога ќе си дојде од работа,многу ретко и со дете. Мм пред некој ден доби понуда за работа во немачка.Не е поврзано со неговиот занает,но ако ја најде таа работа била една од најплатените таму.Мм вели дека тоа ако замини ќе биде в лето,треба некој работи да заврши и да земи неплатен одмор.Е тогаш дури ќе се пореметам овде со старивие. Или сите одиме или никој. Незнам ич не ми се зборува на таа тема и некако не ми се прави кејф за заминување.Но има време до лето.Можи ќе го сменам мислењето,а можеби мм ќе се предомисли. Кај нас ситуацијата е обратна за бебе... Пред некој ден на мм му велам спремна сум за бебе број 2.Но тој ми вели почекај да излеземе од кризава.Знам дека така ќе ми речи затоа му реков, и јас сум не сега за сега,но потајно би сакала да останам бремена. Се бројат месеците...дете веќе почна сам да јаде,почнува да кажува што го мачи боли(добро знае и да лаже).Уште проблемот со бактериите во носот и ние ќе си одиме во градинка, јас ќе почнам да барам работа и да излеземе од калта и ние. @kikin со лесно да си ја износиш бременоста. @tincemajmunce среќен роденден на лепотанот. Одам да пуштам машина.....
Добар ден . Значи колку ме нервира ова времево што е вакво врнежливо , значи немам коментар, сега ми влијае на расположение , затоа што освен легната покриена со кебе , чај планински и некоја добра книга ништо друго не ми се прави , ама нели кој ме праша мене . Сабајле со бебе станавме во 8 , ама и на двајцата ни се спиеше , не разбуди еден комшија , дрва сечеше . Раскренав и како се пикнав во кујна од 9 до 11 , значи мислам дека 7 пати го полнев мијалникот и го празнев. Појадок за бебе , па ручек за него , ручек за нас , ми се најави дека баба ми ќе дојде па ајде еден колач набрзина и тој и мислам кога дојде она ме спаси. Го зема бебе па на раат си поседовме , поприкажавме и кафе си пиевме. Сега му дадов на бебе да руча и заспа , а јас земав компјутерот и да ви пишам неколку збора . Свекор ми и свекрва ми се во странство и ни дадоа клуч да проверуваме дома од време на време , и вчера одиме и бебе се пушти од вратата право во дневна кај што седат , гледа ги нема , и почна да ги бара по собите , кога виде дека ги нема почна да вика деде деде . Знаете ама некако се натажив , ама затоа од сабајлево се слушнаа на вибер и они и бебе мирно. Свекор ми неможе без него и кога се испраќавме ми вика те молам ѕвони ни барем секој втор ден да го видам , па денеска кога му ѕвоннев пресреќен беше и он а и бебе. И бебе многу го сака него , стварно немам лош збор за човекот. Него синоќа пак бевме на лекар , пак позитивен наод на бактеријава , значи незнам веќе , докторката го смени антибиотикот , иако сега бебе е супер , ама вика мора да ја отстраниме иако веќе не прави проблеми. Па од денеска почнавме пак со антибиотик. Друго немам што да ви кажам , викендот бевме Скопје , го оставив бебе кај мајка , бев да му купам лего коцки (мм ми вика значи кога ќе намислиш нешто , многу си досадна ), битно му купив , се подновив со две кошулки ии на крај му викам ај до џамбото да одиме , нешто за дома да видам и завршивме со две колички големи на буткање , полни со играчки. Незнам дали имам спомнато бебе многу крши играчки , и еден период со мм рековме не му купуваме , пошо ги прави партал , и ни падна жал кога го видовме со едно количе со две тркала (а треба да има 4) како си игра . И сме му изнакупиле еден куп , ги наредивме во детска , отидовме го земавме од кај мајка ми и кога го донесовме дома , пресреќен , незнае што да отвори попрво , се смее ,. трча , се радува , го снимав од што незнаев како да ја доловам ситуацијата. Маж се ми даде пошо бебе лего коцките не ги ни погледна , му викам има време ќе си игра и со тие , земав од тие од 2-5 години што се , ама многу се интересни , мм ми вика мислам дека повеќе за тебе си ги купи. Саботата вечерта ме фати мигрената , инаку ме немаше фатено добри 3-4 месеца , ама саботата вечерта ме фати и мислам дека главата од плакарот си ја мавав , цел ден затворена во спална во неделата , бебе со татко му се занимаваа цел ден и конечно неделата вечерта некаде пред да спие бебе ми се смири малку , сум заспала и во понеделникот како нова. Кога ми ја открија , незнам некој посебен вид мигрена бил , пошто кога ме фаќаат толку јаки болки , се онесвестувам од болка , затоа и ми беше многу страв за пораѓајот , докторката ми рече , нема многу што да правиш само темна и тивка просторија и вода пиј колку можеш повеќе , така и правам ама некако не се смируваше . Мигрената последица од стрес и од умор , за неќна повеќе мислам дека е од умор , ама битно помина. Лесна бременост на @kikin , среќни родендени на сите дечиња, побрзо оздравување на сите болни дечиња, гушки до @galapce , баш се израдував кога ја прочитав убавата вест , и морaм да пишам дека @Sandrin4 , обожавам да ја читам , пошто го обожавам тој дијалект , охридскиот и битолскиот. Имајте убав ден.
Маж спие ,дете си игра доле со дедо му и баба му ,јас си направив едно убаво турско кафе и си уживам имам и десерт крушевски локум и целуфка Викендот убаво поминавме на чист воздух во Крушево , одморивме од загаденово гнасно Скопје .Како расте детулево сфакам дека полесно е за патување разбира повеќе само уште никако да собере храброст и да се пушти да оди ама ќе биде и тоа .Во последно време што убаво се заигрува со играчки го гледам најчесто игра со коцки или со мали колички и хит му е да седи во легенче и да си игра смешки е љубов ми е Приметувам и колку многу позитивно влијае градинката на него сака многу да слуша детски песнички од поточиња и златно славејче ,а и почнува да си игра со други дечиња кога одиме негде на гости .Вчера бевме на гости кај блиски пријатели па на куклата нивна и купивме гумени чизми што светкаат ,девојчето беше пресреќно ми се грее душата кога гледам колку се среќни ,безгрижни децата понекогаш посакувам засекогаш да бидат вака малецки да можам да си ги гушнам кога и да посакам Се разнежнив нешто работат хормоните Да стане мм па ќе одиме на гости кај моите малку да го видат синко . Среќни родендени на лепотаните @tincemajmunce @mona22 да се живи и здрави . Лесна бременост на кикин . Убава вечер мајки
Здраво, мајки. Маж на пат, ние на гости кај моите, утре ќе си одиме дома и така. Многу ми е мутаво без мм, ама што да се прави. Сите обврски се на мене, само да пркне детево малку и си викам да одморам, за второ нема шанси сега-засега. Многу ме исцрпува малата, активна е цело време, само саат и пол ќе преспие прекуден и потоа цело време активна, трча, бељи прави Инаку, @kikin лесна бременост Поздрав од мене и убав остаток од денот.
Јухууу колку убава вест!!! Нека ти е со среќа и со лесно мила! Ајде по едно дунде и кај двете. За во труднички немам многу време, т.е. општо немам време за ништо, ама се тешам после ќе "одмараме" 9 месеци. @VedaG10 секако убаво би било да ни се придружи, тегнам и јас за нос.
Добро вечер мајкичкии.. не знаете под кој стрес сум.. некои го поминале тоа... веќе една недела сум на работа и ми е кошмар.. моево бебуле е м и не дака ништо да јади,само цица... незнам што да праваѓм, секаква храна обива??? Нешто што ќе помогне? Сируо за апетир или штп знам. Немам памет
Си легнав во сред. Они до мене Честитки за бременостите Ме израдувавте сите и ме радувате кога читам како со ентузијазам зборувате за второ па и трето.. Јас... Не знам Едноставно од една страна би сакала вака да останеме па да опркне малово па да тераме некој поенергичен живот и јас и оно некако со обврски а од една друга страна пак сакам и второ ама се ми се чини дека не ми се поминува пак едно исто, затворена дома па пелени па каши па садеви што знам до мене ли ќе е или едноставно секој си има свое едно мислење издржливост и слично Ете јас сум пак малку поинаква Уствари веќе ви кажав ќе бидам вака статус кво до кај мај април па ќе видиме тогаш што понтаму имаме некои желби Туку здраствено не сум добра и треба со време да си почнам по доктори јас исто така ќе треба да пробам да сменам начин на живот ама па колку пати тоа сум го рекла и ништо од тоа Не сум некако одлучна Сакам да одам до доле и да полагам автошкола а не ми се седи 2 3 месеци без маж Не знам што сакам ама ај ќе почекажм малку па ќе се решам Факт е дека детево лексилиум невиден ми е. Така кога сум мувљосана гушкам гушкам да ми пројде се и ми проаѓа