Добро вечер од мене. Маж замина на работа, јас стандард од тел ве читам, па да си легнувам. Малово денес во 8:20 заспа конечно. Ама претходниве 2 дена раце ми паднаа и никако не сакаше да заспие. На крај се изнервирав и го остајв да видам шо ќе прави. Си играше, а паѓаше за спиење. Заспа дури во 10:30 ко дојде мм од работа. И сабајле пак во 7 исправен. Шо ќе прајш, дете, џабе се нервирам, во главно е мирен ама има периоди кога го фаќаат бубачки. Деновиве ќе го носам на ортопед. Некако чудно ми оди, особено со левото ноџе, ко да го влечка, не ми е многу стабилен, не знам многу се загрижив. Можеби и си правам филм во глава ама сепак нека го видат. На тема бебе се изјаснив, сакам уште едно да не ми се голема разлика, ама маж некако ми ги измеша плановите. Сака и тој ама прво запнал да одиме преку океански земји па после бебе. Ама не знам, некако се двоумам многу. Треба да жртвуваме многу работи, прво се шо имаме од финансии, па работа и се друго. Некогаш вистина треба да се ризикува ама јас не сум таков човек. А и не е така едноставно, сепак ќе мора да се вратиме овде. Па ќе видиме, или бебе или одење, двете заедно не може. Како сака Господ така нека е, само за убаво се надевам. Па и многу сум напната периодов, на работа турбо, глава не можам да кренам. Сите бараат за одма, ама немам бе 100 раце. А кога треба да платат никаде ги нема. Дома веќе не ми се влегува, уште ко ќе стигнам пред врата нозе ми се враќаат. Не знам уште колку ќе издржам вака, само си собирам. Се молам шо побрзо да си заминиме од овде, малку мир и слобода ми треба. Никој друг не сакам, само ние тројца. Или четворица. И мене маж ми вика многу си нестрплива, ко ќе намислиш нешто мораш по секоја цена и шо побрзо да го имаш. Па, нормално, уште шо да чекам, времето си поминува, сега имаме шанса да се средиме. Ах, нема крај на маките. Доста пишев, а и батерија немам. Уште да честитам, лесна бременост @kikin, па и сите шо побрзо да си дочекат(м)е. Добра ноќ
@kikin честито и имај лесна бременост и влечи не и нас во труднички. Добре дојде на светов на принцезата на @supergirlmb нека е жива и здрава,нека ве прави горди родители. Ние бевме до кај свекрва ми,се јави направила палачинки за цела војска.Па да одиме да каснеме. Во меѓувреме си ја зедов елката и лампионите. Уште јака ми вика,подели ги лампиониве пола земи,пола остави..... Не и викам овие јас сум ги купила јатрва ми нови ќе си купи Малку се налути ама мене МаШ и синко спијат јас да ве поздравам,гледам филм и јадам чоколадо Поздрав лавици
Добро вечер и од мене @kikin со лесно да истераш и кешки в година сите во Труднички муабети. Јас жива неспана. Другово бебе (читај: сопруг) цела ноќ сношти се откости од повраќање, до сабајле. Едвај заспав околу 5 сабајле. Ко немат ум и не ојт да се прверит во желудникон нек полнит легени. Битно свекрвата се нацрта сабајлечки на врата за синчето на мајка. Беба таман демка тераша она и го расипа сончето. Живци ми искина. И земав си спремав беба и си ја однесов на контрола кј матичен. Душа 6 месеци напрај. Па на враќање реков пешки ќе си идеме, ни заврна. Среќа успат чадорче купив и продолживме со шетња Среќа замината беше секрва коа си дојдовме Ми дојде другарка на кафе, па и татко ми го викнав да дојде да си поигра со пуфката Едино он знае да ја игра. Ептем се поврзани. Тоа е тоа. Убава ноќ на сите
Трета смена,дежурам Заспа во 9 госпожата, и во 10:15 стана наспана.. Леле луѓе, ми се плачеше.. ако ми верувате. Синоќа сум спиена само 5-6часа, цел ден натака навака по дома, и таман решив дека ќе легнам порано и потонам во сон, малово реши дека ќе ме зафркава. Ми се смешкаше и гугаше, па сакаше да ја играм, на глас се кикотеше А мм кутриот прва смена на работа, ама стана и он, интересна му беше и се смеевме, се додека не и текна дека е 12:30 и ужасно и се спие, па си ја викна да плаче колку што ја држи глас. Ме истроши скроз, не успевав да ја смирам. Ми текна фенот да и го пуштам, и готовооо, дремката и дојде за неполни 3минути. Ах,како ли порано не ми текнало на ова, ќе заштедев живци Се си мислев оти нема да успее.. ама фала Богу бидна. Сега они спијат, јас никако дремка да фатам.. Утре пак ќе бидам ко промашена Во план сум торта да правам, да не биде оти снаата така си ги прчи четирите во вис Се пожалив ете,сега можам да си легнам Добра ноќ.
Ај добро утро. Беба спие подолго денес, маж ми тврди дека ноќеска станала у 3 и он ја успивал оти ја така сум му кажала, ма кога ќе влезам во длабок сон ништо не осеќам. Таман ја заспал сум се свртела и со ногата во креветчето сум мавнала не знам дали маж ми си измислува или стварно ама едно е сигурно беба не може да спие со нас на спална дека мајка и спие како вол и си праи муабет ама утрето не се сеќава. 3 дена веќе не сме излегле од дома само на балкон со беба, ми беше и роденден гости, торти и со беба се облековме во иста боја фустани. За подарок маж ми земал чизми оти само за тоа знаел број благодарение на мојата изменета фигура, ми вика ако земал мало ќе сум се изнервирала дека сум дебела, а ако земал големо ќе сум се жалела дека мисли дека сум толку дебела, среќа бројот на обувки ми е ист, бар тоа. Утре беба 5 месеци, свечено ќе и дадам јаболче, а сега ја чекам свеки да дојде да ја причува да земам готвач на пареа и ќе свртам некој круг со колата да се почуствувам како возрасен човек. И така мајки да лапнам јас нешто за доручек оти оваа става мора да се чува. Имајте убав ден.
Добро утро од мене со чај за бубрези. Слабо пијам течности и си имам тегоби при мокрење.Се напив едно пакетче антибиотик, оти ми беше позитивен тестот со леукоцитите,а осеќам и болка во мочниот меур. Дете однесов во градинка и сега се мислам од каде да почнам со хаосот.Немам време да зачистам.Вчера завршив со трета смена и поминал денот,оти мора да одспијам. Денес слободна и од утре пак на работа прва смена Сабајле синко зеде едно дете за раче,оти не сакаше да влезе во градинка.Му покажува играчки и му вика да влезе.Ме стопиМи се иде да го изручкам кога направи некоја таква сцена. Е за децата со кои ретко се гледаат важи друга песна.Знае да се кара и не дава играчки.На игралиштето како да не е моето дете.Некогаш се нервирам од него,ама од друга страна си викам па и нормално е.И ние воздрасните со луѓето кои не сме блиски не делиме се. Има едно девејче кое е 5 години и уште едно дете на негова воздраст и многу ги сака.Ако се сретнат со девојчето во соблекувална,синко се прави дека не знае да облече топлинки,па она му ги облекува Се мислам оваа година да поканам и некое дете од градинката за роденден,ама ќе видиме од ситуација. И разбира многу.Баш воспитачката кажа оваа година ќе го доживее Божиќ свесен,оти до сега беше мал и не разбираше. Денес за ручек се помачам да направам пастрмајлии.Купив свинско месо и маст.Ако дозволи времето може да направам. Вино благо црвено имам од поодамна купено и чека некој свечен ручек за да биде отворено. @kikin со лесно бременост @supergirlmb честито ќерќичка @Kaetana да се јави,оддамна не е пишала
Добро утро друштво . Како сте денес? Надвор камен ладно. Мене душа топла Денес наспани за промена.Сите весели од сабајле дома 3 дена дете се будеше со плачки. Го оставам да се исплаче и заспива.Ама додека плаче ме фака многу нервоза понекогаш. Ништо не сака, ниту гушкање ,ниту чајче .Само клоца и се врти Не знам зошто така прави, дали преживува тоа што прави цел ден или е нешто друго .... Во сабота ќе китиме дома Едвај чекам... Деновиве размислувам што да сменам во станот, да ги ротирам комодите, масата трпезариска ,на дете да му направам дел за играње .Доста се беше пред тв .Некоја мала промена да направам дома.Па после нг, ќе декорирам со нови декорации кои ми се во план да ги купам.Добро планче а ? @Lolipop23 дај боже да ви се придружам наскоро @Sandrin4 многу интересно пишуваш, сама се смејам Свекрва ми е срце , ама кога ќе се разболе маж ми одма летаат инфузии и дреме над него Ваљда дека син на мајка па затоа Да не се смејам да не бидам и јас таква Ајде женски ставајте кафињата Убав ден
Добро утро и од мене. Честитки за бремености, родендени, се' по ред што пропуштив овие денови додека не се уклучував. Ви посакувам на сите Божји благослови да се излеваат врз вас непрестајно, само убавини да имате. Ние сме стандард сите растрчани, спремаме детска соба конечно да биде детска а не "магацинска". Со каков ќеиф се' што немаше свое место асално исфрлив од дома. Дури и две големи вреќи играчки однесовме во градинка кои беа вишок, а таму секогаш се потребни. Чекаме до викендот да ни стигне и креветчето на спрат, па полека да се учиме да спијат сами во соба. Ми треба веќе спалната за нас, како камп за избеглици е. Огромен кревет и две креветчиња, термо печка, шкафови... Ни треба веќе да е одделиме, се заборавивме со мм. Не бива, да се разведуваме сега допрв на стари години. Нашиот план за принова во семејството е ставен во мирување. Ми излегоа ужасни здравствени проблеми за кои више не ми се ни зборува, нека се решат тие па после ќе му ја мислиме. Ми фали мирисот на бебе... Имајте убав ден девојчиња!
Ај добро утро! Оно ич не е добро ама ајде. Настината сум, кивам, кашлам, носот ми е тапанче а дете се мази ко да е новороденче. Ќе се издржи некако. Моите планови за бебе ќе се остварат најверојатно следнава година, на работа не е баш најсјајно, сеуште немам некој статус и додека не го решам тоа ќе мирувам. А сакам неизмерно, соноќа сонував 2 цртки, па ко да се подразбудив ама уште сонував и ми кажаа девојче. Дали сонував дали подсвесно Многу ме погодуваат загуби во последно време, премногу. Тато, другар од основно, луѓе кои ги познавав а вчера и веста за Горан Стефановски, не го познавав ама некако ме погоди, сите луѓе кои биле генерација со татко ми а заминаа ги сфаќам како свои, како лична загуба. Емотивна сум пак ептен. А бев многу цврста и храбра изминативе години. Дете, загуба на родител, лоша финансиска состојба, се тоа некако ти го крши духот. Тоа ос мене, денес не сум добро друштво
Добро утро и од мене Цела ноќ око не склопивме. Мене ме удри некоја несоница, дали од умор дали од мисли...дури 02 склопив очи. 03 почнаа сирените да се јавуваат и толку беше. Големата беше нешто кенкава, ја зедовме кај нас во постела, некако топла. Сабајле 37.7. Е како да ја пратам во градинка со таа тт и да се мачи или повеќе да качи. Плус, не е фер за другите дечиња. А кои драми со давање сируп е. Средново пред некој ден го начекав седнато со три шишенца сируп и едно лажиче и кажува колку било вкусно и лиже празно лажичето, очајна да отвори некое шишенце. Она и здрава би пиела по цел ден од сирупите. Е големава само нејзе што ја гледа се солзи крокодилски како да ја колат. Драми драми. Се имаме пробано и не и не. Се бори со последни сили, бутка, клоца, плука, милум силум, со маскирање на вкус се е пробано. И така. Сега дремеме дома, се дружиме. Нема инфузија за мене. Се тешам среде недела е, утре и другиден ќе надокнадам. Маж замина на работа, свеки ја зеде најмалата, средното во градинка, јас со големава нешто потфатив, пакував, сега дремеме. Изигравам падар да не се качува врз пакетите. Немам веќе ни картони ни вреќи, а ни простор. Мора нешто да однесе, да донесе нови картони па да продолжам. Останаа уште помали работи од спални и кујната. Таа и најголема грижа ми создава, најмногу работаа и најпипаво додека спакувам. Леле колку алишта имаме. Страшно. Почнувам да добивам грижа на совест и кошмари како некои мали деца во Бангладеш шијат за неколку центи на час додека ние тука моди тераме и неконтролирано купуваме од мода и бес . Да биде уште потрагично не знам колку нарачки направив од амазон, хм, икеа, реал и неколку други дуќани. Знаев дека крадитнава за он лајн шопинг ќе биде најдоброто и најлошото што ми се случило. Убаво нема многу. Денес не повратив, барем не дос ега. Кога ќе размислам нема ни од што. Ништо немам ставено во уста, не примив терапија, антибиотикот испив терапијата...уште болки да ме фатат ми фали Ај да не кукам. Тежок период. Ретко каде е сјајно. Во исчекување на подобри денови
Dobro utro So klocanjeto me potseti zasto I mojata pravese taka,nesakase da se guska ,Samo placese.Kaj nas ispadna deka se bolki vo kolenata ,od rastot. Bevme I na pedijatar I ni preporaca samo masaza.
Хелоу женски, тргна возов со вторите бебиња а Честитки за @kikin , со лесно и другите мајки што сакаат побрзо да ни се придружат. Нас не фати новогодишна еуфорија, веќе ни е накитено по дома а само барам и гледам уште некој украс да најдам. Каде се тоа ќе складирам после, не знам. Колку што не сакам ладно толку го сакам овој период од годината. Па со поголемко детенце, радостиииии. Ние двајца си го ровариме Џамбо и само си наоѓаме по нешто. Со секој изминат ден си потврдувам дека ја донесов за мене правилната одлука што почекав за второво и си го послушав инстинктот. Сега си имам другарче за разговор, за пазарење, за готвење (тоа обожава), за договарање и правење планови, дури не ми се верува колку е се супер со него. Навистина е грев да се пожалам, многу ми е умен. Ова ми враќа дека беше ѕверче бебе Сакал братче и сестриче Му викам: ама прво братче или прво сестриче?- Прво и двете, ти да го држиш женското дека си женско, а јас машкото Е едно е само и тоа не сме сигурни какво е. За првово во дванеста недела ми кажаа машко, а ова еднаш е женско еднаш е машко. Навистина ми е сеедно и додека не станав мајка не го разбирав вистински тоа: само да е живо и здраво. Сега само тоа сакам. На работа почнува бурата, како и секоја година така и оваа крајот на годината ми е најхаосен, ама веќе си знам де. Не ме нервира ништо и никој иако мислев дека со хормониве ќе бидам катастрофа. Маж ми вика овој пат сум била многу посмирена и поопуштена трудница. Ма се е супер само јас да си тргнам накај дома, да ручаме па да вариме чајче, да грицкаме колачиња, возиме колички и раскажуваме приказни. Заврши турбо периодот со родендени и мекици, не дека нема уште ама веќе не се по два дневно. Некако послабо дружба со дечиња по дома периодов, сите се болни ама па се изгрува со деца во градинка. Исполнето им е времето со некои претстави, работилници, подготовки за нова година и секој ден воодушевено ми раскажува по неколку пати што правеле и која песничка ја учеле. Уште не знае што сака од дедо Мраз оваа година а јас секако добри 2-3 недели спремам пакетчиња па има време да се реши. Од мама ќе биде некој убава книга сигурно. Маж ме притиска да резервираме некој термин за на планина, ќе немало после ништо слободно а мене ниту ми се бара ниту ми се мрда од дома. Ама за дете да подиши малку чист воздух ќе мора. Инаку радо менувам пет планини за една плажа ко на Дани Реков, зимурлива сум ептен. Ја сакам зимата од прозор, со топло чајче пред камин. Ме нема ме нема па ќе се заборавам Знам пропуштив многу родендени (пак) да се живи и здрави сите дечиња и побрзо да оздрават болните. Главите горе мајки, се ќе мине само чувајте си го здравјето. Кога бев дете (без дете) и се лутев на мајка ми како не наоѓа време да појде до лекар, зошто сама си се лечи или трпи болки. Сега знам зошто било така, ама знам и дека мене ми треба мајка покрај мене исто како што му треба на моево дете. Најдете време за вашето здравје ако веќе нема време за одмор и реласаксација. Децата ќе ви бидат благодарни. Имајте убав ден и гушкајте дечиња.
Денов нешто денес малку радуван ама па супер е воздухот. Одамна немам начекано на Мој Воздух 1 или 0 честички на мерните станици. Убаво за шетање ама нема шетање, има работа. Плус ќе има протести попладне налет веќе од блокиран град. Вчера уплативме зимски одмор. Ептен се радувам ќе си одиме на скијање. Односно јас ќе си скијам. Се надевам годинава ќе можам подолго да скијам зашто до лани само кратко си скијав па се прибирав за спиење на бебе/мало дете. Јас сум си од тие што си ја сакаат зимата ама да е со снег. Сакам бело и не би менувала планина за море во зима. Море вчера откако уплативме почнавме да гледаме и понуди за лето зашто слушнавме уплатиле едни блиски од сега за море со гооолем попуст и си мислиме секогаш уплаќаме во последен момент и преплаќаме се. Се мислиме годинава и ние да подраниме па да видиме како тоа изгледа. Ама има време за тоа. Ќе го има тој попуст уште некое време.
@Sexybaby86 Ич не е глупо да нема тема. Јас прво размислував само кои бои да ги комбинирам и спонтано ми дојде twinkle twinkle little star. За крштевката си намислив да е шарено (беше пролет па така бев расположена) а во цвеќарата кај што пробував да се договорам за декорација на толку натегање “а како без тема” на крај ми образложија дека заради тоа што немам тема а и машко било па немало што да се става како украси. Нормално ми прекипи и опет сами украсување (за малку ќе закасневме во црква заради тоа, ама беше шарено и без тема ) Јас периодов чурам на гости сме кај свеки еве веќе една недела. Остануваат уште неколку дена па како војник ги бројам .
@Minnie-e решив дека ќе немам тема, и ми олесна што знам дека не сум единствена, да ти кажам право Планирам да декорирам со цвеќе, имам слика за урнек од пинтерест како отприлика да изгледа, па ќе видиме што ќе испадне Се опседнав фустан да и најдам, ама ништо интересно не наоѓам. Или е премногу кич, или нема број, или бојата ми е ту мач.. Ајде, има време, ќе биде и тоа, ќе се најде нешто. Денес не ми е денот некако, грло ме боли, се измрзнав сабајле и се ми е наопаку. Едвај чекам да си одам дома, а прво до кај мајка ќе поминам па којзнае кога ќе се приберам. И капак, маж ме „израдува“ дека ќе одел на прослава од фирма вечер, значи сама ќе бидам со бебка и нема да можам ништо од планираното да завршам. А имаме со маж еден куп работа дома, сите работи од бебка што не ги користиме веќе, како релаксатор, џампер и сл. ми се среде дневна во ќеси. Сакавме вечер да ги носиме во подрум, да не ни фаќаат место дома и да ми се расчисти конечно, а тоа маж на прослава ќе одел. И сеа ќе ми стои купот којзнае до кога, бебе ќе се пентари на него, а мене ќе ми се дига желудникот од што не можам така да гледам, а сама не можам да ги симнам. Вети за утре, ако и утре нешто не излезе. Веќе аман, цела недела седат Дома не сме прибрани двајцата во исто време којзнае од кога, не сме се виделе асално две недели, те едниот, те другиот негде оди, нешто прави. Нешто што највеќе мразам е што со детето не поминуваме доволно време, особено тој, ама ако му кажам ќе треба да се спукаме, а неам сили и за тоа денес. Ај доста зборам, ќе се напнам само. Убав ден да имате, се надевам и мене утрешниот ќе ми е подобар од денес.
Od sabajle ne razbudija helikopteri nad zgrada ni letaat, pa kako brcat toa strasno, nekako na momenti epten strav me faka vaka, neznam zosto. Mali na masa e kacen gleda crtani jas ruceceto mu go spremiv. Samo mi nosi slikovnici od sabajle citame, legnuva na garnitura i jas mora do nego legnata i da citame. Ke zavrsime edna ide si ja vraka na polica i nosi nova hahaha <3 Se mislam da go podnovam veke gi znaeme site na pamet i dosadni mi se i mene vise da gi citam Drugo sto da kazam neznam, nema nesto novo, standard. Tuku se mislam sto ke se pravi zimava eve zaladi nema nadvor ko porano a epten e hiper i samo bara tao da odime. Ajde pozdrav odam da ranam dete (t.e da sedam do nego dur toj sljapa so lazicata mislejki deka jade haha)
После долго време по втор пат да шкртнам некој збор. Се галиме со детево цел ден, не ми дава да работам. Јас стани, да пофатам нешто, еве ја по мене мама мама и крева раце да ја зедам. Како да ја оставам така и да работам. Се гушнала сега до мене, стуткана, додека јас типкам на телефонов. Татко и си дојде од работа, донесе кинеско, апнавме малку и однесе неколку пакети. Божем ќе продолжев со пакувањето ама ништо. Ами кога ќе дојдат и другиве две баш ништо нема да можам да фатам. Мир немам веќе ни ден ни ноќ. Мислам дека веќе на психа ми мава хаосов и стресов од незавршени обрски кои чекаат магично решение. Цел ден е со 38.5-39 тт. Не можам сируп да и дадам. Едвај и пикнав чепче. Рикаше, плачеше, срце ми се кине, ама како кога не успевам ниту капка сируп да и пикнам. Сите техники ги пробавме со татко и. Џабе. Да се молам да дејствува чепчево. Осеќам дека ќе биде долга вечер за која немам сили и енергија. ПРед некоја недела средното наеднаш така беше два дена со 40 тт. Без кашлица, без растечено носе... Таков ќе да и овој вирус. Не отидовме на лекар бидејќи секако знам дека со свеж воздух ќе не лечат.