Добро вечер Ние пак си брмчиме со фенот за успивање,3та ноќ по ред. Вриштење и пиштење по 15-20мин,пуштам фенот и штама .. Заспива и за пола саат станува освежена, небитно дали е 10 или 12часот, она е насмеана и спремна за а гу. Доооообар е скокот, нема што Ја носам некни на контрола, што да видам. Пак си тупкаме во место, килажата едвај нагоре и оди. Давам шишенце, оп госпожата заборавила да пие од цуцла, ја врти на јазик,мљацка а не пие Не знае што да прави со цуцлата. Џабе фрлам млеко само. И џабе го отворив новото пакување, така ќе го фрлам пак цело,како и претходното. Лееееле си викам,готово гладно детево остана. Цицни- застани-гугни сме цело време. Со молење. А она една весела,разгугана, по цел ден активна, не и е до јадење туку до игра. Четири месеци глава ме боли за ова цицање/дохрана, едвај чекам со каши да почнеме. Ми се смачи. Денот го користев безвезе, малку зачистив дома, па сменив постелнини, и со беба цел ден гугу гага. Секогаш ни е во тон постелнината на спална и на креветче. Е сеа,тоа што го користиме само за украс креветчето е друга работа Битно е да сме у тон ние Еве ја испружена на спална до мене, татко и го транспортиравме во дневна. Ќе се шириме ние Нека и е среќен роденденот на малото кукле @kukla21 , голема да расте и да е жива и здрава дооолго долго, а догодина здравје, две куклиња да бидат И тоа. Да разгледам по кулинарските теми, може некој рецепт ќе бендисам па да се потсукам утре во кујна. Добра ноќ.
Добро вечер. Нека и е среќен роденденот на малата @kukla21. Голема да расте! Со лесно за новите трудници. Брзо оздравување на сите! @orhideea каде е? Не сум ја читала поодамна. Поздрав!
Вечер мајки или пак ноќ Ајде да пишам нешто, не само да читам, не дека имам и ќе пишам бог зна што, ама ајде ако ми текне што муабети вртевте ќе кажам и јас збор-два, колку да продадам и јас некој памет Ај да почнам со ред, а тоа е со бебе мое Уште е бебе Прво се лутев кога го викаа дечко со образложение дека нема ни годинка и затоа е бебе, епа сега има годинка ама не знае да оди, па значи сеуште е бебе, епа кога ќе прооди се мислам да го вртам муабетот дека е бебе и се додека не зборува Ама кога се ќе ,,заврши,, ќе морам и ја да прифатам дека бебето ми порасна, а колку не сакам, ич до ич не сакам Не знам дали има потажна мајка од мене дека бебето и расте А бебе е стрелка деновиве Абе секој ден да се правело нова глупост, секој ден да му текнува нешто ,,поинтересно,, од претходното, секој ден учи по нешто ново. Хит е деновиве да вози колички кај ќе стигне, јас ги визам по него, он по мене Прво идење сабајле во дневна, зима количките се реди пред ќумбето, бидејќи таму е ламинат и поубаво му се возат, ќе легне пред него и како маче си ги возика количките од една во друга рака. Која љубов ми е Ама денес по тоа возикање му текна да дојде во кујна, па застана пред фрижидерот и вика ли вика аман реков што бидна, не дава да го поместиш, одма појачува тоналитетот, едно време ми текна го отворив, ама обичниот, долу се три фиоки, на полици не може да стаса нема висина, па зема таму да вози епа до тоа му дошло, кај му текна не знам, па за атер само да е мирен за да успеаа да ставам јадење го оставив Хит периодов е и да се симнува од кревет Да се качува научи оддамна, но за да слезе идеше главечки, по што јас на секое го вртев и му покажував со нозе да се симне. И сега го имаш она, ќе се качи, ќе поровари и ќе се симне и се така едно 10пати Ама колку е сладок како се врти и пушта нозе да се симне аииии Ама чек најомилена активност му е да се трти А види перница одма бута глава и крева газот Па и на сред играње, лазење го гледаш застанува на сите четири и го крева газот и така си постојува А кога е на кревет знае и онака слободно, намерно да се ступоли лево/десно и да се згази од смеење, па и ѕирка дали го гледаш Почнавме и да читаме книги ,,Правило,, ми е три пати да ја прочитам, онаква со краток текст за домашни животи, па да стиснеш звук како вика животното и за чудо вака ми изгледа заинтересирано Плиз, плиз, плиз на мене да е во тој поглед ако е на тато ќе застане кај ,,Пајажината на Климентина,, ај може и ,,Хајди,, Пробав да му привлечам внимание и да редиме слагалица, ама зелка на мама, ќе земе некое делче и бега онака гордо, дека направил нешто многу интересно нели ама кога по 10то објаснување/редење не успеав ни малку да му привлечам внимание собрав слагалицата и ќе ја види пак за некој месец Често се прашувам дали бебево ми е среќно?! Што мисли со тоа главчето?! Дали чувствува колку е сакан и посебен?! Сакам секогаш да е многу среќен, тогаш кога се смее мислам дека се топам и секојпат си викам ,,бебево многу ми е среќно,, ама тогаш кога има некој замислен поглед, почнувам одма да се јадам во себе дека е тажен Не сакам да спомнам какво чувство имам кога плаче не знаете колку се трудам одма во стотинката да анимирам, да угодам да не плаче, не можам да го слушам колку е жалче А тој пак одма да се вадело солзите Пред две недели на контрола докторката му кажа дека изгледал многу послабо, ама баеги повисоко. Па бебе изгледа се увреди, како си дојдовме како дупнат е за јадење Нема храна која ја одбива, ама каша, со залчиња, парчиња уште е скаран, чек и со кисело млеко е скаран, ама ова упорно скаран, абе да не вкуси, дури и плаче ако му подметнам А јас, јас се чувствувам како од поплава да сум искочена. Многу неорганизирано, хаотично, збунето се чувствувам. Не знам која ми е причината и дали ја имам, но како да ми треба некоја промена, уствари не знам што ми треба.. Сакав да одиме на викенд, да смениме малку, но сплет на околности периодов тоа е неизводливо На ум сум утре еден час да оставам бебе кај мајка (ова можеби, тешко дека ќе реализирам, ама ај да видам што ќе донесе утрешниот ден) па да прошетам некаде сама и да наполнам батериите, ама без бебе сум како без компас, па кај ќе идам Може најдобро е да се наоблечеме, да ја палам количката и да вртиме еден доооолг круг Понеделник сум на ум елка да купувам, нова ни треба, старата цела е со прашина и се распаѓа веќе. Гледав на неколку места, уште Хубо да ѕирнам и ќе решам. Мм рече сум пребирала како кола купувам Ама сега мислам знам која ќе ја зедам, освен ако Хубо не ме премисли. Сакам и сијалички да купам нови, многу, многу да има, сакам онака да свети ли свети Стаклените лампиони нема да ги редам, се мислам ќе се качи бебево еден ден на маса (на клуб масата кој е во ќош ќе стои елката) и ќе ја џапне Па кога ќе се деси тоа барем никој да не излезе повреден! Значи ми требаат и троа повечко нови лампиони, бидејќи стакло се пола и повеќе Едвај чекам да накитам, да наредам, да ги симнам Дедовците, ајјј едвај ја чекам реакцијата на бебе Па ќе има и неколку фотосесии Лани баш убаво неколку пати го облакав, местев и сликав, имам многу убави слики Едвај ги чекам и Бадник и Божиќ, јас сакам празници, ја сакам таа магија и се радувам како мало дете, уште си добивам и по некое пакетче, па се радувам и на тоа Ваљда и оваа година ќе добијам Сезона на вируси е отворена, бебе као беше поднастинат, ама само го помина. Ама јас уште не кивна му ставив со кромид да спие, па и Мукоплант на радијатар, абе и инхалатор активирав. Мм прашува, а што болен е, не бе викам да не се разболи Пред две недели и ѕвонам на мајка дали да застанеме кај неа, ќе шетаме, вика да дојдете, дома сум, ручек правам. Идеме и на сред седење она вика ама јас настината сум ја загледувам се гледа да е болна, мрсули фрчат и викам мамо ма па бебево, ама не кивала, па чим не кивала не била заразна Епа супер ама утредента бебе омалаксан, подзатнат Абе ми се идеше да ја тепам, па после ми вика и да ме тепаш ќе ќутам абе со кој памет, која себичност еј, па уште додава да не не враќала, абе не беше зорт викам, не се вади и правдај Среќа само го мина, може и ништо не беше, може не беше и од неа, но зарем не помисли Знам дека ќе се разболува, ама ти свесно да речеш дојди или пак да отидеш ми е многу себично! И да и лани и оваа година ќе го заштитувам колку можам, од сега првин ќе прашувам дали има болни па ќе одам или викам, пошто нели чим мајка нема осет што па останало за другите Жена се покаја 100пати, се изеде ама стварно нека помисли друг пат! Ај да ја спомнам и свеки Боже женава, абе како старее така одвејува, многу, ама многу и е досадно на женава, кои муабети ги врти да спомнам ќе се запрепастите, ама па кога ќе размислам, кај иде, што прави, што друго и да каже Сепак претерува со глупостите! Но кога ќе прочитам некоја од тука со ,,проблематична свекрва,, сваќам дека сум пресреќна со мојава ни 5% немам такви маки како некои од вас Не е цвеќе, ама не сум ни јас, откога почнав да ја игнорирам се е полесно! Ќе дојде и сака да си истера гости, кафе да и направиш, блашко, муабет, а демек иде за бебе, уште од врата го збори тоа, а бебе се тегне по мене, уствари она не ни се труди да го анимира ако јас сум тука. Епа нема така, она влага, јас низ врата, чим си дошла за бебе ете ти го па идам да крстам алишта, пуштам машини, мијам глава или туширам, местам соба или едноставно црцкам на мобилен И по некои 10мин ја слушам ,,еве ја мама иде, кај си мамоооо,, Па откако ќе влезам речиси секогаш толку од дружбата, но ако реши уште да седи идам у кујна па таму пофаќам нешто... и толку, кај и да е вика ,,чао,, Откако не се ,,дружиме,, мирна ми глава, па не дозволувам никаква близина! Околку бебе ич немам мешање, ниту сугерирање, дофрлување, за се нешто првин ме прашува, не можам да се пожалам ич околу тоа! Ми се оди во кино, ама првин сакам на некој вкусен ручек да отидам, онака дотерана, нашминкана, со штикли и фустан, но се ми стои дека реализацијата на тоа е некаде во далечна иднина Киново ми е ептен неизводливо, може једино дома да се реализира на тв то у дневна, да наполниме пуканки, чипсови и да се преправаме дека сме во кино А ручеков може Ама кога да се дотерам, како да успеам, па и мм како да го одделам од тон обврски, по работа само креветот го мери, да му спомнам да искачаме ќе ме убие со поглед Ајде и тоа го оставам за подобри времиња Сепак си реков наредно ќе си се подновам со нешто за дотерување, во последно се купувам обично, испери и облечи, па гледам и пегла да не треба да палам, не сум купила кошула кој знае од кога Немој да ми вадите дотеруванката за бдејот, тоа беше за тогаш, па и оддамна беше Сакам и нови чизми ама за кај бе, имам два пара нови необлечени Ај доста за тоа, се напнав.. И така, јадев едно сендвиче со кулен, порачав и маргарин да има ама заборавен беше, испив и чаша домашен сок од сватот, би и нешто блашко, уствари би и наполитанки ама нема, ги изедов, секоја вечер јадев по едно пакетче и оваа вечер останав без ништо.. Идам да си легнам, сабота е први декември, иде Нова, идат празници, едвај чекам! Мирна ноќ, гушкајте малишанки
Ве читам редовно за тоа си сакам еден плус,е не пишувам ама немора за тоа минус. Јас терам со последни сили уште малку до термин.Додуша денес докторот кога ми рече имаш уште десет дена до термин го погледнав бледо мислам ко освестувачка шлаканица ми дојде. Си викам чекајте малце другари јас уште не сум спремна. И да кажам доктор Георгиев за мене е бог. Очекуваш од постарите во Чаир повеќе разбирање да ти се најдат на ништо повеќе од преглед не барав ама не кој ќе шета низ ходник ко манекен.Бар да беа згодни Човеков ме прими ме прегледа детално ми повтори милион пати нели ти реков без стрес и нервоза Ми надојде да го изгушкам. Инаку синот овој во стомакот пак неумен несака баш да расте ама јас посекако ќе си го здебелам кога ќе се роди. И нормално сите деца гледаат надоле со главата само тој уште гледа нагоре...љубопитен значи Ми вика доктор не е фрка само пораѓајот така трае подолго,му викам не е фрка имам такво искуство цел Чаир го свртев дур првово се намести за искачање. Другиот син мајкин...Прича о себи Нели ќе одевме на психолог нели ова она и на крај ништо испадна ова со бебето и некако тоа за тоа јас нон стоп на испитувања и ништо.Приметив дека тантрумите се почесто кога излегуваат петките,периодично има болки па нема и се во круг магија.Има денови златно дете а имааааа и кога . Не би да ги раскажувам. На пример дома сака да отвора фрижидер нормално дозволувам прво може му се јаде друго неможам за се живо и диво да го карам и тепам,за објаснување ич да не зборам не допира до него.Е арно ама тоа сака да го прави и на гости.И јас како да му објаснам дека е срамота не е убаво????Зборував зборував ама дете веќе си легна доле и почна да се лупа од земја.Ми дојде и ја да се лупнам ама џабе ќе беше Си викам што ли мислат луѓево за мене дека се му дозволувам?дека е преразмазен?а уствари 80 проценти од стварите што наумува а не се во ред не ги добива.Ама он си е упорен пак ќе си се истреска за секој случај. Претпоставувам дека чувствува дека нешто се случува па обесен е ден ноќ за мене а за навечер па ич да не ви кажувам.Се ќе помине се ќе се среди е сега кога небитно. Мислам дека претерав за денес одам да склопам очи зошто во 7 е на нозе а често и во 6 Добра ноќ
Добро утро жени Да пишам нешто пред да почнам да работам. Да ви ги честитам родендените на сите. Ич немам време.Деца се лудница по дома. Многу ладно.Се ли да мислам дека да ги носам по гости. Вчера беше име на големиот.Не славевме мислам онака само колку да одбележиме. Само золва ми и децата дојдоа. А сакав да ви кажам кога си идам од раб.малово трча ме гушка ми вика моја мама и силно ме гушка со тие мали раченца.Па ми тегне палтото да го соблечам и чизмите и ме влече за рака ајде мама ајде. Срце мало. А големиот е друга прича.Само се смешка ни се гушка.Чат пат само. И нема друго ништо.Додека си отидам јадење разчистување со деца малку и пак спремање за утрето.Тоа е. Едвај чекам маж да си дојде.Уште 20дена. Ајде убав ден на сите...
Ме изнасмеја мојата јас бев бремена а таа слатки правеше ни едно не ми донесе а случајно видов во фрижидер а и ме фати мерак да каснам ама се воздржав а јас прави ручек за мм и после се што ќе остане носи долу кај нив еее будала ме фати така инат јас со бебе по болници таа ги собрала едни роднини на ручек е тогаш пукнав и му реков на мм од сега има мина да јади се кучката така ми се вика и сега што и да остане јаде мина . Таа на синко една кашичка му нема купено и што очекуваш од неа
Добар ден. Отидоа татко и ќерка малку да прошетаат, јас на раат да средам дома, да јадам и да испијам кафе. Сабајле иста шема, стана и одма да си играме, па отидовме во фризерницата, нели башка бушави од сабајле. Јас прво се јавувам, да видам фризерката дали е слободна, некогаш имало мнооогу голем ред, сите мечиња и кукли дошле на фризер, па морам да чекам. Ама денес одма ми рече слободно е, па ме исфризира, ми рече немало многу да ме скубе, мааалку само, ме нашминка, кармин, сенки на очите и лакирање на крај. После јас неа и така средени се фативме за алатите. Она бормашината, јас со секирата, па правевме мостови на magic track стазата. Она е главна со бормашината, вика јас овде ќе бормашинам. Количката ни излегуваше од стазата, па одеше и правеше сообраќајка и ние како пожарникари трчавме да ја спасиме со пумпата за гаснење и пожарниот камион. И на крај во сервис ја носевме да ја провериме да не се скршило нешто, ако беше скршено поправаме, ако не назад на патеката за тркање. Интересно, нели. @gjoker4e има она бебиња и се по редот, ама они не ја слушале, не биле умни. @kukla21 најсреќен нека и е роденденот на лепотичката мала. И @kallias ја мислам, нека шкртне некое зборче како се. Имајте убав ден сите.
Да се чекирам па да почне денот, работниот почна, денес малку порано, така петочки ми текна да се разработам. Кој е за кафе и чај? Вчера си спремив, си мислев гости ќе имам, мезе, муж купил пивце побајаги и чекам, коа дојдоа тројца другари као на пол саат, свекрва ми и золва ми со дечко и исто на кратко и никој друг, мада немав викано гости ама пак... Дете ко дете, расте разбира и се сака, а јас некако меланхолична сум по тоа прашање, ќе ми порасне и после нема да сака да се гушка, да се мази, да спие со мене, да го хранам, да ми биде мајкино галениче. И јас ко Емче, да не се повтарам. Многу се сеќирав за зборењето, не збори, дека и дадичка ни прозборе прилично доцна па ми беше страв, се со нервози, со исчекување и еве го веќе 4-5 месеци убаво вергла, пее, букви, бројки, марки коли, повторува реплики од цртани... Така да мајки кои се мислите ич да не се мислите, особено машките деца, покасно палат. Моето е моторички поспособно, да оди, да трча, километри може да помине, на 7-8м как почна да лази почна и да се качува и симнува, да се исправа и до 13 месеци веќе беше баш цврст, тогаш прооде. Но имам внуче од јатрва кое прозборе многу рано ама па подоцна прооде. Секое дете си е приказна за себе, ако нема физиолошки и психички никаква пречка уживајте во животот бебешки. Знам лесно е друг да кажеш, ама јас да си кажам де. И така имаме ние многу муабет додека си одиме од градинка. Викендот испланран ви е? Прошлиот чистев, ама овој не се зезнувам веќе, си исчистив вчера, само тековно машини и прашинка, сакам да одам до старата работа да си земам некои пари, па да шетнеме малце. И јас многу се радувам на месецов, на празници, на убавите мигови кои доаѓаат. Едвај чекам слави, пакетчиња, имам и неколку родендени месецов, се на се забавен декември треба да е. Ги гледав и празниците годинава, се се убаво разместени за продолжни викенди, мх мх мх... Се гледа дека работам во администрација, нели? Убав петок женски, јас си имам кафе закажано со убава женска дружина, едвај чекам
Добар ден и од мене јас денес исчистив се вечер ќе имам гости ќе дојде сестра ми со внуците па ќе останат со спиење па утре ќе шетниме затоа сабајлечки почнав со чистење.Сега се заспиваме бевме на контрола се е супер Душичка докторката го зема стапчето за да му го види грлото и тој отвара уста кај да не отвара секој втор ден го носев на доктор а тој да има воспаление на третиот крајник. Синоќа на роденден беше премирен луѓето се чудеа сам си играше глас не пушти ама затоа славеникот не оглуве само вришти дали дека не зборува нз а и многу е разгален ако не му дадат нешто се дрецка од на земи . Денес убаво времево како пролет а јас уште работа имам да доспремам за гостите вечера нема да правам или ќе нарачам или ќе излезиме не ми се исплаќа дома да спремам ајде убав ден на сите заспа синко да се фатам за работа
Јухуууу... слободни минутки! Па ај да пишам! Се крчка кашето на бебо, оно спие, дадата реде сложувалки! Не беше во градинка, правевеме алерго тестови сабалето па си ја вратив дома. Денес за ручек блитва сарма, готова е! Кај и да е и ММ ќе стигне од работа, па да ручкаме, па јас на работа одам а тој останува дома да се чува со дечките. И ветивме вечер игротека на големата, бебо најверојатно кај баба ќе биде. Значи планот за вечер направен. Ми се оди до накај Солун, да им испазарам на цуцките нешто новогодишно и да им закажам новогодишна фотосесија. Едвај чекам ММ да најде слободен ден и да си реалзирам планот. Иако тој смета дека и од овде ќе ги стокмам убаво за на сликото да блескат, ама не сфаќа он дека и у Џамбо ми се оди, и подароци ми се купува, и нови украси, а сакам и некое ново лампионче на елката. Во две бои ни е, па јас би плус уште некоја боја што одговара. Нек биде поинаква оваа година. За саботата пак имаме план да излеземе со ММ на вечера. Сами! Ова ќе биде прво излегување сами после раѓањето на второто дете. Дури се мислам дали и воопшто планот ќе се исполни. Едно дете кај една баба, друго кај друга баба а јас и ММ 2 часа излезени. Ни фали време за нас. Колку и да се трудиме да ја сочуваме интимноста, близината, да си посветуваме внимание се некако не е ко што било претходно. Нема спонтаност, се е планирање. Па би ни годела вечерата, се надевам дека нема да се главна тема дечките! За нешто друго да си муабетиме би било идеално. Ајде чао! Убав ви ден, игнорирајте го дека е тмурен!
Добра ден мајки Ајде и денес да ме има Денес денов со серенади започна, ама толку нека биде! Нејќе бебе да стане порано и крај, а тоа порано денес беше 8.40ч Па се ,,тешевме,, во дневна под ќебе и со цртан, полежавме уште малку, па пак кратко серенади зошто го пресоблакам и ајт во кујна на доручек спремање. Ај си реков денес гриз ќе давам, оддамна не сум дала. Отварам теглата како пајажина фатила, еј викам што и е, пробуричкувам со лажица и оп црв ми се згади! Па ај пак просо, бебево скоро секој ден на мени има просо, кај и да е ќе почне да свирка, за повтарање оддамна е прв Лесно се нахранивме, пак пресоблакавме и решив да го спроведам планот на долга шетња. Ај викам и кај мајка ќе свратиме и ѕвонам и два пати препрашав дали има болни, сама сум рече, а јас здрава сум Па фестивали дури искочиме.. Ајде некако искочивме, го наместив во количката, покрив и ми текна крема за лице не сум му ставила Е како да се вратам сега па ми текна, го одвозев до пред боксот на кутките, они го занимаваа, а јас трчанката внатре по кремата Операција успешна, не ни сети дека ме нема Му ставив и ракавици, капа заврзав, а мајка со совет ми затвори телефон и шал преку уста да му замотам јок не ставив, не е бе толку ладно, нека диши таму, затоа и го шетам. Кај мајка среќен, пресреќен, само она дава да лиже бомбони (преку омот), па прво влагање одма иде кај масата и се тегне да земе, досега само една зимаше, ама овој пат две, кај една рака празна, па не иде нели Се повртивме, компот, кафе, некоја смока бебе грицна и назад. Дома едвај издржа буден за да ручекот му го ставам да се вари, морав да дозволам да седне на машината за садови инаку ми се бесеше по нозе и бараше да го кренам Ќе јаде варена риба До сега само печена во хартија сум давала, ама поради недостиг на време, уствари тоа е цената на шетањето, па ќе јаде варена. Ставив на пареа со зеленчук и нека се вари дури спие, штом стане ќе има тазе ручек Во друга тема ве читав како парачи купувате и не можете да се снајдете во тенџере да варите. Епа не сте ја фатиле финтата не дека е непрактично. Готвам во тенџере на пареа, знам на колку степени треба да подесам шпоретот за да не ми кипе, знам и за колку време се вари, па ќе подесам тајмерот и кога ќе е готово ќе се исклучи ринглата Оставам и јас уклучена рингла и низ врата, сабајле не оставив бидејќи многу време е тоа, па ќе се олади зеленчукот дури јаде, а сака топло да си каснува. Штета што и на рерната нема можност сама да се исклучува И така ставив ручекот, земав бебе и тој сам се комираше на цицето Денес е ден и за педикир, маникир, па средив и тоа.. Аиии да јадев и наполитанки, купив на враќање, ги преполовив, другава половина може ќе ја сочувам за мм, а може и не Инаку уште ни се врти благо од бдејот, го изедовме убавото или омиленото и сега ,,чкартот,, се каниме кој прв да го земе Лелееее две недели минаа од бдеј, а како пред месеци ми се чини да беше Аууу уште ни сликите не сум ги разгледала, уствари јас уште од крштевката не сум ги зела од девојчето ептен сум крш, се бирам и никако да изберам и да пуштам кои да ми ги испринта, ај после, ако не заборавам ај барем цд то се ,,помачивме,, и го зедовме Гледам ID, тоа ни е пуштено к7га гледаме тв и искрено секој ден се чудам на расипаниот памет на луѓето Ајде разбирам ти светнало, ќе земеш пиштол и пукаш, секунда, абе стотинка е тоа, ќе повлечеш шкрапалото и тоа е тоа, назад нема. Но да земеш да давиш?! Да земе нож и да бодеш?! Па врвот и гадота ми е кога ги раскомадаат каков треба да бидеш за да имаш толкава сила и смелост да грабнеш сатарот и да отсечеш глава, нога, рака, абе прска крв насекаде, па мириса, аууу гадно и страдно! Па колку наивни убиства има да се чудиш, демек мислеле ама сами си се издаваат, вчера имаше еден си ја убил жената и ја оставил во вреќа за кампување во сред шума, а внатре и ,,оружјето,, со кој ја убил Во секој случај нај јаки се оние кои бегаат од затвор и секогаш ги фаќаат кај своите дома, никако да сватат дека таму први ги бараат, па и ќе избегаат Мексико и по некое време оп кај мама дома да ја видат Ај забегав, бебе кај и да е да го станувам, ама и ќе стане, да јаде, па ручек за нас да доправам, па така натаму и натаму наваму.. Ќумбево снема палети и се изгаси, а ризик е да станувам баш сега, па нека се гаси, топло е, итака во 16ч ќе пукне парно Убав ден, надвор сончко излегол на кратко, ама сончко со заби, битно не дува, нека е ладно
Едно ме мачи до сега не сме биле во Солун со маж Џамбото како стои со цени исто како Скопското? Во Софија во тоа сме биле Џамбо но ете во Грција не не нанел пат да одиме ако има што да се види да ангажирам маж уште сега за предновогодишно каде да се шета. Туку дали и ќе шетаме ќе видиме се ни зависи од неговиот нов договор за работа планира да се префрли во германска фирма па ќе видиме што и како ќе биде. Ново нема многу е ладно нема снег само на планините.
Zdravo mami. Sedam vo kupot igracki i go molam mali da si gi sobere sekoja mozna igracka od detska ja donese na sred dnevna i posle izgubeni bile i piknati pod garnitura pa ke bidat i samo me guska i bacuva znae deka e kriv haha. Eve zapnal edno kolice na baterii da mu go pustam, sto pati mu rekov potrosena e baterijata toj pak mama puti pa mama puti mu ja skriv na kraj pa ja bara sega niz stan haha. Neznam zosto samo nekolku temi na forumov obavezno gi citam i toa site u bebe i dete ne mi e drugo interesno, osven ako mi treba da prasam nesto pa ja baram soodvetnata tema. Go cekame tata uste kratko pa ke trkneme do dzambo me fatija bubackite utre elka krasam jer 1vi dekemvri Se odluciv golemata da bide a malata u detska ke mu ja stavam so detski lampioni (ako najdam nesto vo dzambo). Tuku se cudam detevo epten mi se privrza so vujko mi haha od koga go nosea vo zoloska so vujna mi od togas samo go bara pa skoro sekoj vikend odime. Maz preeska me izraduva ke imaat pak kolektiven odmor od dve nedeli za praznicive pa ke trkneme do Mavrovo u vikendica ili moze Bansko ako najdeme nesto slobodno da go ucel mali da skija mu vikam aa da sigurno i ti si zaboravil mi vika skijam jas dva pati nedelno ne se sekiraj hahaha mene otposle mi svetna sijaliceto sto ustvari kazal nema veze hahaha se iznasmeav sama dete se cudi Nejse da odam jas da soberam kupov igracki. Tuku maliov gi iskina site korpi za igracki, site kutii, kaj da najdam plasticni nekoi ama ubavi sareni i ne onie od Bazato so crno sto se uzasno smrdat pozdrav mami.
Добар ден, убав ден женки Се фаќам себеси како пишувам овде само кога малава е во седми сон . Вчера кај моите одморив, жими газов. Татко ми не е арен нешто, па цел ден беше муабетот за тоа. Си дојдовме дома во 23ч, малава раздразлива, кенкава - нормално, му се промени редот на детето. И го пуштив кравчето што пее заспивалки, малку ја ставив на дојка и едвај заспа. Ме фати инает и мака и извадив коњакот и две парчиња захер торта и му реков на маж ми - нема легнување одма, малку ќе си седиме и ќе се гледаме . Луѓе, од две голтки алкохол мислам дека ќе паднев. Не од умор него дека малку пожестоко немам пиено една година. А сега си дозволив зошто следно доење на бебето ќе беше сабајлето и не се стегав. Ко да сум се препила сабајлево, баш такво чувство. А ни времево не помага! Викендов сме на родендени и ќе китиме елка и ќе правиме промена на распоред во дневна. Масивната фотелја не дозволува многу маневр но ќе се снајдеме. Успеав денес да средам алишта, го прередив фрижидерот, си направив нудлс за ручек, заспав бебе и дури три мејла одговорив. Не те прашува никој дали можеш. Се' мораш. Се' треба. Си начекав кошула во Буњаковец за 500 денари и денес ќе одам да ја купам, маж ми само да се прибере од работа. Вчера ко луда изнакупував благо - крофни, Твикс на промоција, плазма кекс, крем банани. Пола оставив кај моите. Дома мислам дека сама себеси си се лажам дека нема да јадам ама џабе. Сакам да купам и лампиони, елката ни делуваше штуро лани, оваа година првпат со бебе е редно да ја накитиме побогато. Некако само купувањево ко да ме смирува. Очај. Ама што да прави млада мајка со 4 месечно бебе во слободно време? Не можам епопеи да пишувам. Меракот ми е тој - кафе со другарки, промоција, кино, да шопингувам нешто или да планирам некое патување. Утепав комарец во спална ноќеска. На 30 ноември уште тепам комарци. На 17ти декември договорив со Антолог средба во книжарница со потпишување на мојата книга. Ќе биде афтерворк време и ќе има лично мој коцепт потпишувањето. Само да сме сите океј. Ве гушкам и среќни нека им се родендените на малишаните и лесно оздравување на сите настинати и температурирани дечиња. А вие мајки - дајте си аплауз за секој поминат ден!
Петок, убав ден Викенд пред нас, мм ме зезна утре ќе одел на пат, не вика и нас со ќере, да сме преспиеле една ноќ во Гевгелија. Не не, на ова ладно не фала. После незнам колку време, мм стигна порано дома денес и се бутна во кујна, прави ручек, пилешко со печурки и ориз пилав јас со сите 4 во вис, го гледам од салон и да признаам баш ми е секси кога готви @emkaemka ти си втора во овие 2 дена што слушам дека шпоред оставате отворен и низ врата јас сум параноична на оваа тема, пред да искочам од дома се враќам по 2 пати најмалку за да се уверам дека е се исклучено. Да знам, паметни куќни апарати но немам доверба во луѓе а не па во апарати Убав викенд женски, ме фаќа новогодишна еуфорија, ми се трошат пари, ми се шета, ми се прави нешто невообичаено од секојдневието. Ај ќе биде и тоа наскоро
Ако треба нешто да се деси ќе се деси и додека сум пред апаратот Во принцип се купувам со заштита и со сензор. На ринглата ако и капне вода се гаси, ако и оставиш пример крпа почнува да свири и се гаси, ако е без тенџере сама се гаси по 1мин, претходно свири, впрочем по 3ч и да сум заборавила алармот да го вклучам сама ќе се изгаси.. Друго што можам да заборавам е пегла. Па и таа ако не ја допрам 1мин се гаси и лади сама Аспиратор нека врти колку сака, машини се со сензори и аларми, за друго не знам, ете и ќумбево ако снема палети си се гаси само Биди поопуштена
Не ме терај сега да мењам плотна леле мајка ми да слушне дека шпорет отворен сум оставила и искочила сигурно против пожарна ќе ми викне јасно од кај овој страв нели За пегла нема мака, и онака не се дружиме многу
Леле јас како што готвам, на секое ке ми се гаси така Несмасно Мојава неможам да ја сфатам, некогаш ке засвири ако и ставам нешто на неа странично и се гаси, ама ја имам заборавено и не се изгасила скроз, туку само си стивнува, ке достигне многу жешко и пак ке стивне малку и така... Едно 2,3 пати си ја стоплив кујната така Влегувам топличко, кога ке видам се зацрвенува плотната и си стивнува
Фала ви мајчички на сите за честитките. Јас уште под импресии. Се излезе како што планирав Преубаво беше. Торта има, бујрум Беше убава на лик, а богами и вкус. Алал да им е на тие што ги прават фигурките за торта. Права уметност. Убави подароци доби бебе. Се исправ и ете ја бучи сушарата. Една блиска другарка само не дојде. Знаев унапред дека нема да дојде и без да каже. Криво ми е што измислува изговори. Следеќи пут враќам на ист начин. Не мерам обично, ама не е прв пат. 100 пати препрашува да дојдеш на роденден кај нејзините за да има дечиња, а не ги носи нејзините. Знам не е лично, ама не е ни фер. Бебе едвај заспа кога дојдовме. Изгледа беше превозбудена и денес едвај ја заспав. Ми паднаа раце. Кога ли ќе почне сама да се заспива? Ја оставам јас навечер да се "вежба" и се врти, се трти по креветот и бара позиција да заспие. Ако и се погоди заспива, ако не нишкај, нишкај, шетај низ стан, а не е лесна. Од мало е тешко на заспивање. Ај бар јас се помирив дека е таква, па не се оптеретувам со читање дали спие доволно. Друго нема што да кажам. Имајте убав викенд мајки.