Гледај здравјето и детето, множи со нула. Не ни вреди да ги спомниш. Ќе Ве огрејт и Вас сонце. Дај Боже што побрзо да се тргните. Боље во колиба и мирно, него ли со такви себичњаци. Само верба и позитивно. Не се вредни ни во уста да ги стајш.
Сликава е толкуу реална . Се смејам уште Јас кога возам во кола,малово знае да ми побара песни (со рацете си има знак за пуштање музика) и му давам тел, гасам радио и јас пеам ли пеам .Имам и омилени Real life
@Independiente и јас сум таква. За надвор шетање го носам цело време, еве денес саат ипол се изнашетавме и јас и бебе расположени, ама за луѓе и гости боже сачувај. Маж ми вика дека не може да живееме сами ама фобија имам. Да земам бебе на слава ма нема шанси, е за гости само кај моите ама таму собата моја е претворена во бебешка соба со креветче со се, татко ми цело време проветрува и контролира температура. Во капитол одам ако свеки е на гости она надвор со колицата јас пазарам. Мислам дека те читав дека ти е долго чекано бебе, јас па се породив малце порано во 36 та недела, па може затоа сме така шлакнати. Ајде ваљда ќе се средиме.
Добар ден. И кај нас накитено, си пуштивме празнични песнички, си пеевме и редевме, ептен со ќеф. Малата се испорадува, па само вика колку ни е убаво. Земав кафе да пијам, и го испив со неа обесена на глава, на две на три. Ги пратив малку со татко и да испазарат, да седнам пет мин без дете обесено на мене. Сега кога е накитено само прашува кога ќе дојде дедо мраз да и ги остави поклоните под елката. Треба да оди дедо мраз и да побара кај има да се најде нејзинава желба убава, а не многу скапа. За бебе новореденче треба шетање, ама на отворено и со чист воздух, а не по молови со толку вируси, а новороденче никаков имунитет нема. Јас за првите 40 дена не шетав многу, ем маки видов со раната, не можев да седнам ич, ама со доењето беше напорно зашто цело време беше на града и не беше воопшто згодно за шетање, па дома си се прилагодувавме раат една на друга. Леле сега кога се потсеќам колку брзо минува времето значи, еј, детенце имам веќе. Кога сум кај тоа, во последно време приметувам дека очекувањата од неа ми се зголемиле, па почесто се лутам. Иако е дете и тоа што го прави е сосема нормално, ама јас сакам мини возрасен да биде. Дека зборува многу и некако ја мислам поголема отколку што е, а нема ни три години, морам да си ги смалам очекувањата од неа и да си се вратам на старото. Секако се разбираме на крајот на денот, ама да си олеснам сама на себе. Среќни родендени на сите, само убавини да ви се случуваат. Нека ви е убав остатокот од денот, може малку ќе прошетаме покасно, ќе видиме какво ќе биде расположението. Или ќе си пиеме чајче по дома и ќе се радуваме на украсите.
Исто јас со твоиве постови. Ептен имаме шо да си се жалиме од стариве. Ама во догледно време тешко дека нешто ќе се смени, услови за заминување тешки, најмногу нѐ кочи животното осигурување. Шо е до мене одма би заминала и под кирија ама маж не сака ни да слушне. Вистина треба да не се замараме толку, ама некогаш стварно ми пука филм и не можам да се контролирам. Најлесно е од страна да се даваат совети, ама кој не осетил не знае како е. Како и да е, во последно време комуникацијата ја сведов на минимум, шо помалку то поубо и друг избор немам. Гушки до тебе
Прашав пред некој ден во соодветна тема и не добив одговор На 6ти добив и ми траеше до 11ти На 29ти добив пак и уште ми трае,баш обилно крварење па се загрижив многу Термин сури 3ти јануари добив ама до тогаш ќе си умрам од грижи
Добра вечер мајки Да ве поздравам на кратко, пред да потонам во краток сон. Честитки на сите што имаат повод за истото. Таму каде што нешто кочи или мачи нека мине побргу и со лесно. Кога ли ќе заврши годинава. Аир не видовме. Сили немам. Не знам колку денови не сум спиена, со последни сили функционирам. Најголемата ќе биде дома до 20 поради сипаници во нејзината група. Децата кои не се ваквинирани, меѓу кои и она, мора да останат дома. Средното е пак со 40 тт, најмалото и јас со по 39. Свеки ја зеде најголемата а јас со двеве дома. Мислам дека имам ангина, болкиве во грлово се страшно. Плус, поради нередовната терапија на ушно и инфузијата пак болат уши. Поради откажаниот термин на забно боли и заб. Букбално се распаѓам. Кај кој лекар попрво да одам или поточно кој да ме носи и кој деца да ми чува. Навечер е хорори. Се будат и вриштат со саати. Ама буквално со саати. Синоќа средното плачеше од 01 до 04. Големата 04-06, а најмалото од 06.30 беше фит. Секоја вечер е страшно со заспивањето, страшни се ноќите. Налет и селење и се. Најдов помош за куќните обврски, ама џабе кога најголемиот дел веќе го окркавме сами на свој грб. Самав да одговорам на неколку пп кои ги добив после постов, но немам сили и концентрација. . Фала за истите и што помислиле на мене. На раат кога ќе ми ниде побистра главата ќе вратам. Мирна и спокојна ноќ на сите
Zdravo I od Mene, I jas sum vo zaednica I so stari, otkako se Rodi detevo dur Napolni godina bese leleee majko, zemi ova raboti toa ne, zemi ona raboti ne, pocni sadovi da miles NE mi se mesaj vo rabotata, I vidov ne vidov ostaviv ne rabotev nisto, pa posle toa Eden den mi pukna filmot I I kazav mn raboti, za nekoi Denes mislam podobro bi bolo da me gi kazev ama nazad nema, od togas navamu komunicirame poinaku, I Sega znae od koza da me izvadi ama ne e toa toa, iskrena da bidam mn mi s naogjaat za detevo, tie ja cuvaat, ja hranat se tie dodeka sum na rabota. Da gi batalam Niv da kazam Dr nesto, mm na rabota, Malata spiee, Jas do sega peglav, pa diplev, pa eve me na femina I vreme e za spienje, utre cetvetok, na rabota pa na rodenden I op, stignal petok. Yupi yopi yey!!! Denes si igravme so cuva, mn saka sneskovci, okolu 10imame I site gi znae koj e koj arcka mi e epten. Zemav zaspav maleckoto i ja viknav sveki da sedi so nea za Jas barem glava da se izmijam za utre za na rab i za na rodenden da sum sredena Vo kosata, so peglata za kosata utre odosabajle ke se druzam sega veke nemam silis aj otidov jas. @danichap koga kaj tebe e sivo veruvaj I kaj Mene e, to si za Mene poim za silna pozitivna majka, Zena, kralica, ke se sredi se, a do togas stiskaj zabi, guskaj malecki I Eden den forumski ke se sekjavame na ova, guskaj!
Вечер мајки Да пишам и да се комирам Бебе ми нани во раце, вака е бајче, а го спуштиш одма првин карате у сон изведува, па ќе седне и за брзо ако не реагирам очите пет банки Ваљда не седнува само моево бебе у сон, а Сабајле почна да се расонува уште во 7.30ч уствари бараше нишкање, ама не доби, па во 8ч се издигавме. Фино почна денот, без некои ,,комкликации,, па уште сонцето кога го видов се прерадував, но првин си реков нека мине дремката, денот е пред нас Во 10.30ч веќе беше заспан, си појадов јас наполитанки, испив и едно смуди, прочачкав на нет, изиграв Кенди краш и ај викам да идеме во детска да се истегнеме, па и во дневната од сонцето многу светло, ајде на раат да мине дремката.. Иииии Станавме во 14.47ч Три пати се повратив да прегледам колку е саат, па загледав и на сите саати да не нешто е грешка, не ми се веруваше А толку планови си имав.. Ајде и утре е ден Накитив елката Едвај!! Некои лампиони не ставив, стаклото, некако и ја испомешав, ама арна е, немам јас друго време за поправки Новите сијалички топ, ми се чудеа оти сум зела толку долги, 16м се, а сега кога наредив би да имаше уште некое метро Да кажам и бебе дека ништо не регистрираше! Му подадов два дрвени лампиони, ги поврте низ раце, ги прошета низ соби и ги остави каде стигна.. Имам уште за китење и под елката и на полици, комоди.. здравје деновиве, кога стигнам. Купив и ласер мм си го порача за Нова абе мора он да е со уникатен поклон А свеки ни уврте во глава да ставиме онаква мрежа што виси по новата тераса, па утре ако пак не не утепа спавачка болест со бебе, ќе тркнеме да купиме Баш ќе светиме за празнициве Вчера не знам како минав сама без бебе Дефинитивно со него ми е позгодно шетањето, не го мислам, не се брзам, не знам на него колку сум му фалела, ама он на мене многу Дека го оставив му купив една црвена кабрио буба и цуци Мајка мислела дека нема да и го донесам, не се ни јавив, само во 10.30ч им заѕвонив на врата и им го предадов гостинот Јас ништо посебно не купив, само онака дооолго се шлаев по продавници и на раат разгледував.. И од поклоните ни П, се вратив без ништо, добро па што и не се ни замарав, бидејќи баш денес ми текна што за кого да земам, па и за бебе ми светна што би го израдувало, ваљда, он ми е најбитен Сабота нема да одам на свадба ама ќе идам на слава, па веќе навелико се спремам, мислиш кој знае што догаџај е, е до толку сум очајна значи Купив и една чаша што имам на ум да ја декорирам, па план и за неа Само немам што да облечам Може и имам, ама плакарот ми е катанга, па кој би се снашол, а јас не ни знам што се имам и по дома и за шетање се идно та исто вртам Морам да почнам да го средувам, ама убаво со ред и пак да наполнам ќесите за ,,донација,, Море и мм го гледам се идно исто врти, ама кај него од умор и без инспирација бидејќи неговиот дел е убаво среден и подреден. Не знам оти, ете кога средувам алишта неговите ги средувам убаво, а моите малтене ги бутам. Од недостиг на време престанав да си ги крстам чорапите, онака само џиткам во фиока и кога ќе треба да облечам барам, а неговите ги крстам и редам по боја Треба да е обратно, секој за своето ама.. И не знам од каде ама корпата со алишта ни е вечито полна, се вртат машините и никако да се испереме Што толку переме и сама не знам, ама ако утнам ден да пуштам барем една машина утрето ќе имам сигурно три! Само бучи од шпаизот, мир да се немало! Него прошла недела мајка ми го подреди малку, шпаизот, море кои подреди, испочисти жена, па онака влагаш и мириса на чисто, минуваш со прст по полиците и не ти се лепи прашина И да куќава пак е за чистење, ама првин да накитам, да изнасеам светки па нека се збираат. ^^постов пишан од прееска, си легнавме ама бебе скорна за цице, понудив и сега да се комирам за подолг сон, во последно сврзува до 7ч, па нека биде и овој пат така Убаво сонувајте
Добра вечер ус каксо комечно. Среќен родендем Мариз, Тутифрути.. Да сте здрави и мн среќни. Среќен роденден нс киклата мс куклеро, на баткото на мучача.. Читам и вработување, ма читам киломатарски маки и исто толку и радости . Ние се прошетсвме до детска клиника, малиот не помодре мене и сестрите дур го боцнат Стигнавме, го држам во раце да не чепка нигде, маскиран .... Влези во шестокреверната ми велат да почекаш да докде докторката. Молам? Ке одам во колс ке го носам им велам ама таму не влегувам. Нсјсвени бевме, докторката инсистираше да одиме, на кои услови? Кога пружив отпор, добро има слободна соба одете таму. Па кско не ви е срам, човечко нешто има ли остансто кај вас? Наводно ислистена соба, полна по земја со бромили неизметени ... Влегуваат сите без маски, влезе и човек облечен како за на нива со пумпа на грбот и прскаше за инсекти успат збореше на телефон. Мкнам куфери од сто кила дур дете само седи во соба ме чека, немаат основни работи. Луѓе нс моменти не ми се живее повеќе, ете до толку. Се ке направам, но не е се во мои раце . Ке чекаме од дома резултати. И да одиш на приватно, немаат се од испитуваеата што ни требат. Со што да одиш на приватно и да имаат? Едно излегување од дома со Скопје, со се се, сто евра мораш да носиш со себе. Боловањето колку е? 8000 ден.? Нс моменти се прашуваш, ова живот ли е? Ке слушнеш на се што луѓе се жалат ти доаѓа да ги изблокирсш од животот. А пто ти се уствари тие криви во твојот живот, ништо. Сем што ти прекиснало нивното лицемерие . И што когс начкрапав сега негарива до плафон? Не не ми е полесно . Утре ке се вратам посреќна, ветувам.
@galapce Мајка борец. Биди храба и не се нервирај. Чувај се. Многу си му потребна на малиот ангел! Бог здравје да ви даде и веќе да не мора да се мкнете по болници.
Добр'вечер и од мене едвај чекам да се разденит. Денов што убаво ми почна кога видов сонце надвор. Милина. Бебка кога истера дремката после доручек ја спремав со брзина на светлината и в пајтон и да искористиме од сонцето. Пијавме и кафе со мм, а беба пушташе некој крици дур седев надвор. Се чудеа луѓено околу. Битно нејзе да и е убо. Па мм остана со другари да видит, јас пајтонот пред мене и во моето маало кј другарка на тро муабет. Кога ми се јавува овој мојот и ми вика ја ќе се тетовирам. Името од госпожава наша Да ти пукни душата. Не за друго, страв од игли имат кој ќе го слушат дома кј ко ќе офкат и ќе изиграват Болен Дојчин. Успат ми зема готов ручек, да частит де. Убава тетоважата стварно ме бендиса, само мн голема. И кога почна ај мачкај ме со нз каква маст, морало зш незнам таму шо ше му се десело, па дај ова па дај она. Нејсе. По некое време му рика тел. Почна да му светит ко диско топка и му откажа љубов. Ексик. А пролетта го зеде. Саде трошкој пак сеа. И све супер бебка заспа, и беба 2 заспа, јас зедов да чистам кога идам да џогирам шлог ме мавна. Све влага позади тоа тросефот. Ми идеше со чекан да мавам. И ми текна од прозорите сеа брзо ги менвевме. УПМ. Татко ми ќе го барам сабајле со првите петли. Он знае со граџевина. Да не беше беба, одма ќе барав чаре некое средство ќе прскав. И сеа со теле се пулам во зидов. Сон немат да ме фатит. Шо сакет нек прает утре битно да го средет. Жива болест е влагава. Имајте убава ноќ
Ме уби депресија. Ете мој познаник се уби, а се лечел. Дете пак болно. Нов антибиотик. Маж збесна, ме наапа вчера, с3 му кажав . Скарани сме. На работа состанок страшен плус куп предмети. Заспав рано и не измив глава. Срамота. Испуштив автобус и сеа каснам пола саат. Неаме гуми за колата и нема да одам кај моите за слава. Не се лутат ама мака им е. Фзо ми скинале пари од боледување. Од плата ми останаа пари само за лекови. Роденденот ми помина. Бев на доктор по ток повод па ми рече уште една недела антибиотик и лекови за алергија. А ми дадоа и за опуштање на мускулите. Од стрес спијам со стегнат и вилици и ме болат. Се изнакукав. А знам дека ќе помине.
. Убав ден кај нас не е до толку загадено се диши. Туку и луѓето без осет да се исчистат супер ќе биде. Мали ми е целиот затнат не знам што е веќе аман ми е од настинки минатата недела стомачен вирус сега носето чешма згора на тоа и кашла како старец. Денес изгледа пак ќе одиме кај матичниот од кога се влечкаме без антибиотик месец можда ама па и заби вади. Ај он ама па мене грло што ме гребе и што кашлам често? И на мене заби да не ми растат. Немам ништо во план денес освен да стане мали и да појадува и правац после 12 кај нашиот матичен оти замената негова му е . Си покукав по сабајле вака така инаку кој не живеел со стари било од машка или од женска страна не знае што се маки. Сите стари се исти и се они знаат.
Добро утро мајки.Одамна немам пишувано, а и нема многу што да пишам.Арни здрави живи сите на број. Деца училиште градинка фудбал сега и Божиќни забави секаде прават и се трудиме секаде да сме присутни. Моментално е добро хармонично.Без нервози на сите ви посакувам многу здравје и сила затоа што и те како ни е потребна на сите.Убав ден.
Добро утро. Однесов дете во градинка. Сакав пешки да го носам ама ми се виде ладно и ај со кола. Сега треба да земам правосмукалката и да исмукам. Сакам и на машината да испрскам Саво против мувла дур не е тука дете. Ептен неквалитет се произведува, нецели 3 години машина и одма се покажува. Денес ручек од мајка ќе имам па го чекам татко ми да се јави да донесе. Имајте убав ден, сончево е денес
Ај добро утро! Гледам сите децата ви се кашлосани и мрсулави, брзо брзо да ви кажам како се спасив јас. Еден кромид исечен на кругови и во тегла редев кромид, мед, кромид, мед се додека има кромид и во фрижидер на едно 5 часа па после по една лажица 3-4 пати на ден. Ако уште не сте дале мед со шеќер. За два дена дете прекина да буфта ко неарно, море уште првиот ден прекина ама веќе вториот ден и дишеше ко што треба. Магија. Ние антибиотик ретко пиеме, ептен ако мора, баба се лути вика дека требало антибиотик ама јас мудро си молчам. Некогаш ќе праша даде ли, аха дадов и толку. Нејќу ич антибиотик. И она лошо не мисли, се сеќира. Туку викендов се спремаме за авантура кај мајче, се радувам ќе се развесели, откако умре тато се нема насмеано жената ко што треба. Ќе одам и на гробишта, ако треба сама со такси ама ќе одам, многу сум лута што го однесоа татко ми во село, ептен, требаше во градов ама не слушаат, сите ми викаа тогаш молчи, ти си млада, не се буни, а само нешто закони ми вадеа. А во тагата човек што да мисли повеќе. Многу ми фали тато, ептен, а душа ми извади додека беше жив. За шетањево симнав куп песни за детево да слуша у кола, веќе и новогодишни си слушаме, Елко елко ја научил. Во врска со здравјето, што да кажам, месецов добив 3 пати, женското здравје одамна не ми било во волку очајна состојба, и закажав гинеколог ама пусто проблем со здраственото и не отидов, откажав. Забиве ми плачат за забар ама добар забар кошта, а просечен забар не сакам бидејќи од такви имам страв невиден веќе. Останатото го доведов во ред, бактерија исчистив, крвна слика топ, хормони топ, сега ќе се слабее. Денес сум на вежбање, да подослабам уште малце па ќе си се вратам и во теретана, таман на пролет, да се затегнам за летово што следи. Кога работам имам многу повеќе инспирација за животот. Толку од мене женски, вчера не бев во добро расположение баш, се ме нервираше и се осеќам како луѓево да бараат преку леб погача, е така, ама секој со своите маки.
Добро утро мајки . Демек сонце има, ќе сме повесели а сите утепани .Секој со своја мака И мојов пост тежок како планина. Грутка во душа ми стои.Многу блиска особа е болна, млада. Демек ништо не е, и вчера од памет се извадивме. Утре биопсии чуда . А бе ке ми експлодира душава од мака . Вчера така се изнаплакав До душа и сабајлево . Едвај чекам да се дознаат резултатите да знаеме што е .Се молам на господ од лошото да е она помалото што се лечи со не така големи последици Вчера така некои лоши мисли ми се мотаа во глава Па и со малото вчера се гушкавме дупло повеќе.Некој страв ме фати. Маж ми ме гледа ,се чуди. Па и на крај ми се развика,со право И си реков , од сабајлево дека веќе нема плачки.Ќе чекаме резултати и после со сите сили ќе се бориме заедно. Мора позитивно да се мисли ! и точка . Малиот е добар, секој ден се поинтересен. Вчера бевме кај едни комшии на гости. Они имаат 3 деца.За еден саат колку што бевме куќата во вис ја кренаа Среќа се искака моево дете па моравме да си одиме, иначе не би знаела што ќе беше да поседевме подолго @galapce ти ја посакувам цела сила на овој свет. Ако ти не си јака , кој ќе биде за тој убавец ? Нека поминува секоја мака се побрзо Толку имам да кажам и јас за денес, досада жива ! Неубав пост ! Убав ден мајки
Утро! Дете уште од кревет изрази желба палента со рендано варено јајце да јаде, па и сам да си правел.Се накрка за сите пари,милиот мм вика детево многу јаде, јаде да, ама главните оброци кои навистина се обилни, со три средички обавезно,ама пак измеѓу смоки,грицки,чипсови,благо,ништо не посегнува да земе. Обавезно пие еден цеден сок од лимон и портокал со мед,секој ден, и после јаде пак овошје или јогурт овошен. Салата исто многу јаде. Нека ми е здрав и жив само. Денес мамурна,со главоболки, сношти јако се скаравме со мм, за банални работи, во последно време како да е друг човек, премногу напнат и нервозен, а јас не сакам таков пример за татко и човек да гледа детево дома. И оп, кавга одма. Ме налути што за прв пат се случи пред синко, дури детево му кажа дека не го сака ако вика и не спиеше до него. Ако, нека му, кога не се контролира. Денес, нема муабет правење Сонце кај нас гледам убаво си грее, не сме сеуште излезени, да му направам една пилешка супа домашна на синко, ја обожава, затоа што била направена со кокошката што тој и дедо ми ја фатиле пред некој ден Ќе спржнеме и мевце,ама ми се виде убаво парче, па се мислам да направам една две пастрмајлии. На синко муги извадов сложувалките од лани, колку само се заинтересира, сам сложува, и сега еве ме чека да сме доработеле, па да седнам со него. Сам не можел,една состави,а се 4 Друго паметно денес немам да кажам, т.е имам ама за на друго место и друга личност. Прегратки за сите! п.с. @danichap Ако имаш ангина во грло, имам слушнато од врвен лекар(немам пробано),магичен лек била кока кола. Веднаш го ,,откорнувала,, гнојот од грлото. Пробај, може и дај Боже да ти помогне.Со помин.