@AngelOfArh еве јас имам давано на малиот домашен боров мед т.е беше направен со лимуни и некој друг вид растение не знам се што имаше ставено ама битно на внуките од братучед веднаш им поминуваше без антибиотик. Додека кај мене односно кај моево дете делуваше спротивно уште повеќе ја влошуваше состојбата и малиот се гушеше дури. На секој различно делуваат природните лекови. И јас сум за без антибиотик но ете не може и крај бевме сега кај омилениот ни матичен и оп почнал да спушта на гради почетна фаза даде антибиотик со тешко срце цефаклор инхалации со вентолин и дексазон и плус цетиризин по 4мл. До скоро му давав по 3мл. Ете вајда му е од промена на време загаден воздух се си функционира добро но ете ср гуши и подкашлува. Одиме да да правиме инхалација поздрав женски.
Ама боров мед не е мед, тоа е сируп од шишарки од бор, скроз различно, тебе дури може и алергиска реакција да ти пројавил.
Плус мед имаше чист од село ми е земан 100%природен е . Не земам од било кој туку проверен мед. Како и да е ние она со кромид и јаболка мислим да беше ни помагаше мн сега ни тоа не пошто е од времето како алергија му се јавува оно и јас исто патам.од тоа промена на клима одма како бронхит фатам.
Јас му го правев како помал оној со кромид, јаболко и ореви и тој ни помагаше многу. Сега овој, а знам за куп такви лекови, со пиво и шеќер, со кока кола и бомбони и локум, ама овој моментално најмногу помага. Дефендил сам застанува пред фрижидер си бара, лапа едно капаче, прс прс спрејче во грло и нос Ацидосалус, кога си иде од градинка со физиолошки и така крепиме душа. Од лани ова време до сега имунитет многу појак има, ама мислам дека оваа комбинација плус домашните иљачи и овошјето многу вршат работа.
Ангел и мојот има многу подобар имунитет од лани ехеее дури од мај не е кркал антибиотик . Ама не иде у градинка туку дома ну ги носат вирусите. Како и да е само знам дека до 20 дек имам уште 2000 денари и толку сум со пари крајно не вадам веќе од сметка. Мали секојдневно квичи за Нова ГАЧКА! (играчка) ама нека плаче ич не ми е гајле не плаче за јадење па да се срамам веќе по улица.
Вчера тагесмутерот ги носеше децата во зоолошка во Швајцарија, ќе доаѓал Дедо Мраз. Кога се вратија со комбе две жени на шест деца под три години. Кога видов шест деца на купче ми се сврте. А и која храброст на жените јас не би се осудила. Туку пет од шест од кашлаа. Тоа едното што не кашла е моето. Всушност и тагесот кашла и маж и детето, другите деца, сите. @AngelOfArh И јас за кромидот велам магија ама јас само кромид давам, од мед многу ми се лоши мене не знам зошто и малата уште нема пробано а 19+ е. И јас така ја лечев најпрвиот пат па сега за сега добро се држи. Женава кога ми рече треба да го однесам на педијатар јас и викам ама давам кромид од вчера ми се чудеше која е поентата со кромидот и реков добро ќе одиме на педијатар. И од игротеката четири дена поминаа ќе почекаме уште малку да видиме што и дали ќе не снајде. Уште се чувствувам прљаво од таму не би помислила уште еднаш да влезам. Многу малку спиев па само пиши бриши правам. Ќе се вратам посвежа. Убав ден!
Pozdrav majki. Ne pisuvam, negativno bi pisuvala,pa ne sakam da ve zamaram. Teski denovi pominuvame familijarno, eh da ima nekoj da dojde I da kaze koja e vistinskata odluka. Pa posle kolku I da e tesko ke znaes deka toa sto go pravis e ona pravilnoto. Doma deca arni, dobro nosevi im smrkaat I potkasluvaat, ama toa veke ne go broime, zosto do maj ke bidat takvi. Sreken rodenden na site decinja sto slavea, zdravi I srekni da bidat. @emkaemka da mi kaze kade gi kupi 16 m sijalickite I kolku. Baram I jas. Nekoja majka ako odi vo lidl grckiot od 10 ako ne I e problem da I naracam nesto, cesno ke si platam.
Добар ден мајки, пауза од бурното предпладне,секако со чај за млеко . Сакав да пишам дека сега потполно ја разбирам @danichap , само што јас имам среќа да имам едно поголемко дете кое може да помогне,подаде нешто, да го поварди средново. Денес сами бевме утрово, прв стана малиот,гушкање со него, преслакање,појадок. Па ете го бебето се јави, цицање, какање и се по ред. Па ајде со големиот учевме песничка од пет строфи. Искрено, напорно беше иако сами, сама се чудам од каде оваа сила, се се издржувало. И да ви кажам.право сами ми се помирни, ред си имаат со бабиве само беснеат. Ама ајде ќе помине се, убаво еда има човек дома, но мора и сама да се снајдам. Кога заспаа маливе потсредив што можев,испеков компири и стекче па попладнево ќе сме пораат. Дојде и свеки сега, уште се плашам сама да ја бањам иако ми е трето, а и со средново ќе се занимава. Тоа е мајки, се рааспишував и јас, убав ви ден.
Пиши бриши правам цело сабајле имам цел роман да напишам за свекор ми.Но решив повеќе да не се нервирам тој неговите јас моето ќе си го терам.... Ови денови времево како права пролет.Секој ден излезени дали до маркет,до маалски парк едно крукче или во двор.Користиме сонце. Денеска отепавме еден сат надвор со дете,па потоа ставив јадење на оган и се фативме за работа.Ги перев ден и ноќ завесите па заедно ги монтираме со дете.Го ставив во хранилка му дадов мандарина исецкана да јади а јас зедов платното го исправ и го спружив Додека завесата се сушеше,поправавме една кола со неговите алати.Ја направивме лом и откако заспа дете ја фрли во канта. Колку ми беше весело додека ја монтираме леле мајко.Но мисијата успешно завршена,уште да се обеси на ѕид.Тоа мм кога ќе си дојде. Утре одиме на контролен брис од нос и до кај баба на гости.Ми се смачи од овие бактерииве де една па друга дерман да се немало. Касниме и со вакцината секогаш кога се каниме да одиме дете се разболува,па и пусти страв да не крени тт,па ова,па она. Вчера брат ми ми се јави да ми кажи дека ми стасало писмо за пап тест.Џомити бесплатно,ама тикви. Ќе летнат 50 евра. Доста е,се читкаме....
Хелоу мамаситас Синко заспа ,а јас си легнав во дневна па една таква мрза ме има фатено што ни кафе не ми се станува да си сварам ептен убаво ми дојде вака да си подлегнам попладне малку .Решив од сега секој ден после градинка ќе го заспивам синко пошто сфатив дека реално тоа спиење во градинка му е малку ,неподнослив е на моменти дома од што му се спие. Денес и учителката во градинка ми вика ајде мама да правиш постапалки и они пресреќни дека детето прооде они поише се среќни што нема да мора да го држат веќе толку во раце де ама ај од што сум среќна опростено им е Имам едно прашање малку е глупаво де немој да ми се смеете дали кога ќе правам постапалки да им однесам и во градинка ? Леле денес и вчера среќа се дише изгинавме инаку со загадениов воздух во Скопјево искрено баш се плашам како ќе ја истераме зимава ако продолжиме вака со гадниов воздух Ми се оди во шопинг мајки ми требаат нови чизми и јакна ,а сакам нешто и синко да го подновам некој нови тренерчиња и плус нешто за дотерување ,а треба да купам и поклон наредната недела сме на крштевка и роденден кај блиски пријатели ,а треба да почнам и паќетчиња да спремам за дечињата за нова година ,а сакам и некој нови лампиони да си купам за елката ...леле еден куп работи изнабројав морам да почнам да ги реализирам зашто ете ги празниците стигнаа . Некако толку многу обврски се има ,а толку малку време .Планирате ли зимски одмори ,јас искрено на триста ума сум за зимскиот одмор дали да одиме некаде си мислам синко е мал можеби подбра варијанта ми се викенди на планина како Крушево ,Берово,Маврово ќе видиме здравје има време . Одам кафе да си сварам пошто заспав готово ,кој е за бујрум нека повели . Убава вечер .
@irena.1 што и да е брзо нека минува Сијаличките од Меркур, нешто помалку од 800ден, лед се, бело светат и само светат, не трепкаат @galapce Пишувај барем мајка, пишувај почесто, издувај се и тука, те мислиме сите и сите го посакуваме најдоброто за Алек. Борец е тој, добар е тој, ќе биде уште подобар и посилен, а ти чувај се, ќе му требаш нему уште долго, долго, чувај се за побитни ствари, откачи тоа што не можеш да промениш
Добра вечер Мали заспа а Могли ми се вртка нешто Сабајле ни се јавија од градинка дека многу кашлала, се гушела и се уплашиле Ојде мм да ја земе и цел ден дома ни еднаш не се искашла Незнам што да мислам стварно Дали многу трча таму па се закљшлува?Незнам Нека остане викендов дома па од понеделник ќе ја пратиме пак ако си е добра Мали од сабајле ме полуде Ме држи за нога и не ме пушта дете цел ден едвај го преживеав денов Мм на предновогодишна прослава со колегите па од 5 сме сами дома И сабајле не фо видов многу, имаше термин кај уролог,му најдоа циста на бубрегот Контрола за една година,не се умирало од тоа Во најдобри односи не сме периодов...годинава Стално нешто се карам со него Ај можда во новата подобро ќе биде Јас никаква сеуште не ми е сопрено крварењето, девети ден веќе Утре пак ќе се јавам кај матичните или пак да прашам дали е можно кај друг доктор да одам Не ми се мења матичниот дека се многу добри па затоа за термини се чека и по 5 месеци Кај нив и по 3-4 часа Битно јас се изнасекирав и со гуглов, 300 дијагнози си поставив Денес добивме и многу поклончиња Незнам шо празник е точно, нешто за дедо мраз ама и нема веза Си собравме многу чорапчиња со поклончиња Деца пресреќни Стигнав и да исчистам денес под гарнитурата Секој месец ја тргам и чистам темелно па ја дезинфицирам Ама оправдано секое чистење по пола кило смоки,квики,оревчиња, бадемчиња наоѓам Могли све фрла Уште горен спрат,купатило и пеглање ми остана Ми е страв да почнам со пеглање Се изморив со телефонов мојот цркна па овој го најдов и дури ја опаметам тастатурава ќе потрае Тути и Мариз големи да растете девојки hug: Довиџења
Ми се избришале цитатите а два пати пишував, као ќе стигнев да пратам, ама не и на крај автоматски све се избришало од некна преднекна веќе не знам ни кога последен пат пишав. Ве читам, колку можам ама тоа полесно е. Неделава и викендов турбо, турбо. Растрчани, па де ова потфати де она по цел ден ни е турбо по дома. Одмарачка нема, уатвари денес после недела дена или веќе не знам ни кога сум седнала пола час се друго е оди крени и раскрени, исмукај по 3 пати у ден јер дете јаде јаде и де јаде де јаде тепихот де плочките и се така у круг. Месишта, чоколади риби насекаде. Па јас си велам де денес играчки да колеционирам, де утре да изџогирам, да смукам смукам и смукам, де вц ќе чистам, де ќе пазарам, де во парк аман заман. На крај од денот сум како барбика без батерии, да. И искрено ви се дивам на сите вас што сте далеку од сите со по 2 или 3 деца, еве капа ви симнувам, јас не можам, сакам ама не можам кога ќе размислам, од една страна сакам и да сум продуктивна, да излагам, да се мешам и во народ и плата да земам ама од друга страна пак.. И така средина немам. Јас со 2 не знам како би со 3 не ни помислувам. Храбри сте, многу сте храбри. Можам да замислам само како е. Де на едно му се кака на друго на трето ко што бегаат од памперс ахх без раце човек ќе остане, ние пола саат се убедуваме за памперс никогаш ама никогаш своеволно не дал да му ставам. А за облакање да не зборувам. Дури го ставам у кревет. Дури чекам да преживува на маса 1 час а не да јади. Итн.. Ама најубав ми е најумен на мајка де, аха. Би сакала од прилика исполнет живот. Со маж работа дома дома работа и многу шетанции дете у градинка потпораснато. Сили за второ за сега не помислувам. Сепак сите сме си различни со различен карактер, желби и различен праг на гледање на работите. И ден денес викам дека син ми ми е најголема и најдобра работа што во живот ми се има здесено. И останувам на тоа нормално како и секоја мајка. Порано некако ми беше се нешто многу порелаксирано ама не за џабе рекле од кај година ипол до не знам колку е најнапорно исто колку што е и интересно само по себе. По цел ден сме турбо. Со памперси,м влажни, играчки, цуцки, шишиња, храна и слично. Мајка. Викендов си поминавме одлично. Посакувам да ни биде нареднава година ко викендот прошол. Толку муабети, искреност, подршка, разговори, убавини, свежини на едно место одамна сум немала. Не дека нема да шетнеме ни овој. Така велиме секоја измината недела на крај сме луѓе во принцип што ни здосасува брзо од дома и се облакаме и шетаме. Секогаш. Детево од едно диво створење ми стана пеаво гушкалче. Се гушкаме по цел ден се бакнуваме се носиме по соба си пееме цуцкаме цуцки и така. Убавина ми е од една страна од друга ко дојде вечер сум ко мува без глава. Секоја вечер имам ритуал да средам дете, маж да средам па да одам даље да средам сиот неред по дома за да утре од сабајле за пола саат све биде хаос. И јово на ново. Опет.. Играчки играчки и на крај плачки.. Сликава ја сликнав пред некој за да ставам чист и искрен доказ за секојдмевие на една мајка Не се срамам нередот да си го поажам верувам кај сите ни е така, ама па знаеме дека дете се наиграло, пресоблечено, средено, најадено, наспиено.тоа е тоа суштината (Секнав каде што има памперси да не биде ту мач па да не бидам најнемајка ) Среќни родендени на сите дечиња. Само убавини мајки и дечиња, кај сите.. нека среќните моменти ни бидат најголеми и највистински. Никогаш не застанав да не се борам. Никогаш не потклекнав и кога кулава моја врз глава ми се скрши, станав си ја избришав прашината и сј продолжив по патот. Мораме да одиме напред и напред. Здравје.. Желба и амбиција Воља Тоа ни треба за убав живот, просечен. Нека е убав не мора да е најубав. Само нека има среќни моменти, ние за тие живееме. Периодов мечтаам, се јавувам, гребам и се борам за едно нешто Здравје.. Поздрав на сите.. @galapce
Добра вечер и од мене.Long time no see. Има ли тука некоја мајка,што не учела на време,па уште е студент ? Цел месец сум спремала еден испит,бебе го отепаа сите блиски од чување за мама да учи. И на крајот за џабе.Ептен се разочарав. Тежини нервози еден куп периодов. Жал ми е за мајка ми,се изнапати периодов. Ради една сообраќајка треба 6 илјади евра казна да платат моите. Толку се трудат работат...не се седнати...за сега бадијала да ги дадат парите. Животот очигледно не поштедува никого..раат никогаш да не си. Не знам татко ми како ќе ја поднесе веста.Сеуште не сме му кажале за сумата. Тоа е...само здрави и живи да сме сите. Мм се запнал за украсување вака да било онака да било. Немам кеф,се додека сум во заедница нема да имам. И не знам што е толку чудно за да разбере.Мажи... Едвај чекам да заминат неговиве од станов... Од голема помош се не велам не.Ама кога сум нервозна и тие ќе си го однесат... А во последно време сум многу.Па не бирам врз кого ќе се истурам. Бебе пренервозно овие 3-4 дена...дали уште ќе вади забчина не знам. Ама нон стоп ака,цимоли...кемка. Ама па и многу е интересна.Некогаш ми се плаче од што ја сакам. Едвај чекам да подпорасне,па да можиме да комуницираме. Добра ноќ мамички
Здравејтеее! Какво става момичета!!!! Стават ли расхотки, слнчево е, отивајте на вн! Малце блгарски, да ми мине меракот! Ние арни, бебо игра во игрална, не ќе да е за долго! Јас пијам утринско, го тегнам од 9 и ниако да го видам талогот во филџанот. Мина доручекот на беба, во план ми е да прошеткаме едно кругче по сонцето, па кога ќесе вратиме да заспам бебо, па да ставам ручек, да си поакам низ дома... и крај нема! Не знам дали сте пиени кафе, ама гледам никој не послужил од сабајле па ете јас, бујрум - Вчера купивме некој украс низ дома, мерак на дадата, ама само ги купивме, дадата не ја фајќа новогодишната еуфорија уште. Нит на елка се радува, нит на украси... сеедно и е! Возбуда има околуидењето на Дедо Мраз дома и во градинка, прави планови како да го дочека будна кога ќе дојде дома да остави подарок под елката! Спојлер: нешто нервозно Јас некако нервозно, скарена, уствари ЈАКО скарена со ММ... Вчера кога се вратив од работа големата ќерка имаше црвени прсти на образот . Си изела шамар од братучетка и тинејџерка дека ја задевала. Ок, знам дека ќерка ми знае да биде напорна и досадна ама некој да ми мава дете со шамар не смее да биде. Па и го намалуваат проблемот со муебет - не видовме! Реков, тинејџерката ак си има проблеми нек си лечи фрустрации на друго место, бабата ак не се осеќа способна да ми чува дете нек каже да си терам чарето, таткото ак не напрај муабет за инцидентот нема мир у кучи. Во спротивно, јас ќе мавам шамари, па да видиме Колку јако треба да удриш дете за да му се познаваат 2 саата отпосле прсти на образот Ситуацијата не ми е за толерирање ама ич! ММ ми вели сум била крива оти пред ќерка ми сум застанала во нејзина одбрана, па сега ќе знаела дека може што сака да прави и мама секогаш ќе ја брани. Супер сфатил, да, ќерка ми треба да знае дека колки и да е крива НИКОЈ нема право да и залепи шлаканица, никој! Нека ја искараат, нека ја казнат, нека плаче, ама некоја си таму девојка у луди години да ми мава дете шамари не можам да дозволам. Уф, и пак се изнервирав многу! Аман! Туку петок денес, утре викенд! Јухуууу! Убав ви ден, убав ви викенд! Пишувајте почесто! Гушкам
Мајки само мене ли ми се случува ова? Вчера купивме количка на старо денеска ја нема! Всушност се качив до горе и по десетина минути се симнав и ја нема. Според тоа најлогично е некој од зградава да е. Пропативме со таа количка од некого ама не сум сигурна 100% поради кого. Страшно! Добрата вест е што ми стигна мејл дека од 01.мај има слободно место во градинка. Во исто време се израдував и не знам што да правиме. Која ќе биде правилната одлука? Кај тагесмутер или во градинка. Поправилна е во градинка мислам ама дали ќе биде не фер спрема тагесмутерот? Ќе треба убаво да размислам. Уште една добра е што ми се јавија од една агенција за работа и нормално јас перев во купатило и не го слушнав телефонот па се јавив и ми рекоа да дошла другата колешка за кратко и ќе ме побара. Ептен се израдував за градинката. Сепак подобро е градинка. За количката мора да е некој од зградава. Кој друг би ризикувал? Виделе дека се качувам горе и додека се качам до 5ти имаат време да ја спастрат. Уф и се нервирам и не. Има и поважни работи. Едвај чекам да најдеме стан.
Мајки само да ве поздравам,утре ќе ве почастам зш денес посно Малата ми наполна годинка Цел ден солзи и тахикардии..ми порасна бебето.
Добар ден Бебе спие, јас кафе пијам и ве читам. Досега ја презаспивав, само што заспа свекрва ми влезе во соба и веднаш се ококори. Ај влегуваш, ама барем влези тивко, а не со тропање. Значи многу се нервирам. И ве разбирам сите кои живеете во заедница. Ај јас ама ни малово мир нема. Цел ден влези излези. Како на автобуска станица да сме. И ај после имај мерак за нешто. Реков ќе чистам, ама мрза ме има фатено. Секогаш откако ќе ја заспијам малава чистам спална, дневна, вц, ама немам сила и затоа одбрав да си лежам со кафе додека спие бебе. Чистењето ќе почека. Да стане бебе па ќе прошетаме или ќе ја чува баба и, а јас кифли ќе правам, иако ни тоа не ми се прави. Не знам што ми е многу сум нервозна и напната деновиве, сѐ ми смета, и со мм немав муабет дури 2 дена Ама колку и да си нормален и колку и да се трудиш да издржиш во оваа куќа, кога тогаш ќе полудиш. @snegulkata се изнервирав ко прочитав. Како така никој не реагирал?! Да удри некој така дете мое не знам што би направила. Да се работеше за помало дете ќе речеш мало е не разбира, ама тинејџерка.. Немам зборови. Јас да сум на твое место би и кажала неколку збора па да не и текне пак да ти го чепне детето. Вчера бев излезена по елка и лампиони ама немаше голем избор и купив некои глупости колку да не се враќам празна. Денес ќе го натерам мм да одиме пак да разгледаме и конечно да накитам. А се мислам и каква боја да ми бидат лампионите, дали црвени и златни или само бели. Некако вторава опција повеќе ме привлекува, ми здосади црвено-златна комбинација. Тоа мајки, нема друго што да кажам, секој ден исто. Од сабајле ко ќе се разбудам точно знам како ќе тече денот дур да легнам. @mal.ecka среќен роденден на малата Убав ден..