@VedaG10 среќен роденден, ти посакувам полно меше оваа година @gjoker4e честитки за новата работа, да ти се множат парички еден куп @blessed.an побрзо опоравување и здрави да си се гушкате домче под елка @cvekence123 добредојде Има уште многу за тагнување знам, простете. Честитки за сите родендени и убави поводи. Јас на работа ама некако не ми се работи ич. Се тегавам на тастатура и делкам мандарини. Празнична еуфорија полека ме фаќа, иако дома накитив пред една недела. Сега доаѓа делот со трчање по продавници, нарачки на персонализирани подароци, пакувања....Ако, ни со стомак не ми е тешко. Секоја година со однапред смислени подароци за секое едно дете (големо и мало) јас го преорувам градов додека не најдам што сум замислила. Пакетче со чоколади јас не давам. Кај мене тоа не се важи. Прво ниедно дете нема да изеде толку чоколади и слатки, а и не се ни радуваат децата нешто на нив. Секојпат бирам играчка прикладна за возраста, практични подароци за бебиња, нарачувам рамки и часовници, печатам маички и бодиња, сликовници и книги...готово пакетче од продавница за мене е но,но Сепак подарокот колку и да е симболичен за мене е одраз на посветено внимание, а не потрошени пари Немам ни јас време на претек ама ќе се снајдам. Мислам само на детските лица кога со насмевка ги отвараат поклоните. Ќе морам повеќе да пазам по гужвиве да не останам без пари за пакетчиња. Мене предновогодишно ми ја здиплија ташната со се новчаник (пари, картички, документи...) и телефон. И ќе си пукнам од мака, телефонот беше нов, ташната подарок од мм Џабе потрошени 2 саати во полициска станица, ниту ќе ја најдат, ниту ќе ја вратат. Само полицаецов 257 пати ме праша колку точно (ама точно) пари сум имала во новчаникот. Почнав да си мислам дека ќе ги делат, па да си знае колку ќе добие. Џабе камерите на паркинг, долга била процедурата за прегледување на снимките а тие ги бришеле по 7 дена. Се трудам да не се нервирам за материјални работи ама колку само влечкања по банки и институции има за нови документи и картички ми иде да вриштам. Друга тема, уште не најдов ништо за зимување и не ми се ни бара. Ако ме изнанади маж -супер, ако не ќе одиме на зимување во Март За дочек не сум ни размислувала, и си мислам дека некоја дневна шема на свирка некаква ќе се истера, а вечерта домашна атмосвера (сами или со друштво сеедно). Некако перидов користиме секоја прилика за мене и маж. И тоа на негова иницијатива Било да е кино или ручек после работа или топло чоколадо во кафич, како да знаеме дека времето е одбројано и кога ќе стигне бебе ќе треба да заборавиме на овие излегувања некое (подолго)време Ми годи излегувањето морам да признаам и едвај го чекам секое. Не знам дали ќе си ја споиме неделата после Нова Година ама целонеделно излежување во пижами би било идеално. Последна Нова Година во тричлено семејсто Не знам што друго сакав да пишам, доста е за денес. До скоро читање, гушкајте си дечиња.
Знам дека сум досадна ама сакам стан на втор кат со балкон. Седам пред зграда на сонце, преубаво е (само клупа ми фали) и ја чекам малата да се вратат од некаде, шетале. @blessed.an Се молам за вас се да е во најдобар ред! Многу се потресувам кога е нешто повеќе од настинка или вирус, крвави колена, дете што не спие, не сака да јаде, плаче, вришти... За моето жалење тука година и пол ми иде . Ама навистина ми беше многу трагично. Седам и се мислам. Што кога ќе престане да цица и ќе преспива цела ноќ? Касниме со второ бебе. Значи според мене второто треба да се роди кога првото ќе има околу годинка и пол, да се направи кога првото ќе има 9 месеци. Си чекам јас тука почна да заладува сега па да потрескам малку. Кога за нешто се двоумиме животот ни посочува со знаци. Денес донесов одлука од 3 години да почне во градинка. Ама ќе чекам до 28ми декември за да одговорам за секој случај. Сакам во друга градинка ама ако го запишам таму ќе треба да се опремиме со кола, а со возачка и возење дали ќе успеам до тогаш здравје. Прерадосна синоќа отворам фемина да видам колку ми честитале за работата ама ништо, признавам малку се натажив. Ама знам дека сепак ме сакате. И така си чекам никаде ги нема, барем удобно да бев седната, ќе се префрлам на клупа подалеку. Многу ми е убаво надвор. Да ни беше средено дома може ќе ми беше и дома убаво ама надвор си е надвор. Живи и здрави да сме сите!
Здраво мамички Јас да се пофалам, вредна од сабајле. Однесов дете во градинка и се фрлив на работа. Замесив кифлички, па случајно на нет најдов едни како полжавчиња. Па и тие ги замесив . Еве последните ги печам па да одморам и на рабита да одам втора смена. Ново кај нема ништо. По дома со дете, мм заглавува на работа има мн работа сега пред Нова Година. Аааа има ново купивме карти на 31ви летаме за Виена. Јас, мм и дете. Пресреќна сум. Конечно малку време само за нас. Добро нема да бидеме сами одиме на гости кај вујко на мм, ама нема да бидат домашниве . Уште не сум почнала пакетчиња да спремам а богами имам многу. Има време . Ни елка сум накитила. Ама тоа веројатно ќе биде петок или сабота, тогаш ќе бидеме сите дома па заедно. Тоа е мамички поздрав од мене
Дајте што пие кафана, има плата! Одам да го нападнам Тинекс, има на понуда таблети за машина и Силан што го користам. И ананас, само не го знам дали е убав. ХоХоХо, празници се ближат!
Здраво, мајки. Денес со малата се дружиме од сабајле. Јадевме двете палента, јас со сиренце она со урда, па си игравме и сега ставив кафе, за неа смуди, пуштив цртани малку да одмориме. Елката и е голема занимација, само ја реди и прередува. Ја накитив за неа да и се радува и дозволено и е што сака да и прави, ако падне пак ќе ја наредиме, важно дете си се занимава и е среќно. За количка мојата додека беше бебе седеше и спиеше во неа, потоа кога веќе почна да се исправа и стана веројатно досадно и не сакаше да ја види. Тогаш се мислев дали летна количка да земам или точаче, па за среќа купив точаче, го обожава, уште се вози во него. Јас не сум за ништо на сила, ако плаче и не сака во нешто да седи веројатно си има причина. Ама секој за себе си знае најдобро како му одговара. За дедо мраз баш читав интересен текст, вика не им купувајте прескапи подароци од дедо мраз, утре ќе праша мамо зашто на Ангела и донел дедо мраз ајпед, а мене само една обична книга? Дали таа била поумна од мене? Или повеќе ја сака дедо мраз? Купете им нешто поевтино од дедо мраз, а скапите подароци кажете им дека се од вас, зашто ги сакате најмногу на свет. И навистина е така, ама ете, пак секој за себе си одлучува. Јас веќе пишав како и кажувам дека подароците се нарачани од тие што и ги носат, а дедо мраз само од љубов ги разнесува. За нова година веројатно дома ќе бидеме, некако не ми се мрда баш со дете нигде, а не сакам на нова година да ја оставам, не дека и ќе седи без нас, ама пак, поубаво ми е заедно да се дружиме. За ручек манџа со телешко мевце, па попладне ќе шетнеме некаде сите заедно. Бил некој на плоштад да пише што има на тоа винтерленд или што и да е? @blessed.an се измачивте, ајде нека поминува веќе и да е зад вас, немам совет, само желби побрзо да се опорави малечката твоја. @tincemajmunce срце мало, како им текнуваат некои работи, страшно се интересни @gjoker4e со среќа на работното место, па само да напредуваш и да си најдеш нешто што ептен ти одговара. Среќни родендени на мајки и дечиња и добредојде на новите мајки.
Здраво Пијам кафе и му чувам стража на синко, са не се разбуди. Гладна сум ама немам леб, а да варам сега шпагети многу ми е тогаш нема да бидам гладна кога ќе си дојде мм за ручек. @blessed.an се надевам ќе биде све во ред во најскоро време @gjoker4e и моите пресметки за идеална разлика на деца беа година ипол, ама есапот дома и на пазар не е ист. Честитки за работата инаку две мини работи не се исплатливи зошто за секое евро заработени над 450 евра треба да си плаќаш даноци. Поубаво е со пола работно време или цело во комбинација со мини работа. Да се врати мм да ручаме и планот е да се пазари па мора да купам и поклонче за другар прв пат ќе му одиме во новиот стан. Ако остане време и до град да си купам фармерки, скоро нарачав два пара едните ми беа точни и ги задржав, а другите мали а двата пара од h&m . Ми се свиѓаа па сакам да одам да пробам и да си чи купам. Пакетчиња не правам од тука ќе бидам во мк периодот околу НГ ама годинава од таму ќе спремам, не ми се исплати багаж да плаќам со од тука направени пакетчиња. Ќе купам на кого играче на кого готово пакетче зависи од колку ми се блиски децата. Мајка ми си праша што да стави во пакетчето за синко па си нарачав лино смоки, кашички и играче ќе стави и нешто по свој избор. Поголем поклон ќе си добие за роденденот кој му е набрзо после божиќ. Многу сум среќна што годинава ќе бидеме во мк за божиќ. 3 години не сум била, а мм не бил никогаш баш за божиќ јас дома спремам трпеза ама баш сакам да ја осети атмосферата. Мене католичкиот ми се допаѓа многу повеќе кога сме кај неговите си има свој дух. Тука далеку од сите некако ми се еднолични празниците. Убав ден мајки
Дете спие одамна,еве и јас се паркирав до него. Супер поминавме сношти со дете спиевме пак сами мм во друга соба неможам да го слушам кај што кашла,се ежам.Дете два пати се разбуди но повторно си заспа сам.Без плачки,без церемонии. Еве го почна да хрчи уф леле...Де течи нос де затнисе.Па почна и да кашла. Бевме кај матичната(беше замената) и кажувам што како и што му давам.Ми вели ете тоа што треба му даваш на дете зошто си дошла. Сега ми се јави мм ги земал резл. И пак позитивен бактерија од нос. Тој не можел да појди кај матичната ќе го фатело доцна вечер,па ќе ми ги пушти по такси. Дете да се разбуди да јади и ќе се чува со баба му.А јас ќе претрчаме до кај матичната. И јас да не сум подолу од дете,нос затнат,глава тежи и цела вилица ме боли. Заборавив да се напијам кесичка тулол....Заборавам и да си капнам капки,заборавам се да направам за мене.Поважно е дете од се друго.
Шмркам ладно кафе, не толку од зафатеност колку од навика Кој е за нека повели па ќе си шмркаме заедно може и по една цигара да издуваме Зборите за поклони, за мене како да не доаѓаат празници На синко во грдинка ќе делат пакетчиња плус ќе има лотарија. Вчера купив две броеви за лотаријата, гледам има доста убави награди ако ме извлечат ќе ви се пофалам, доволно е да ми се паднат 20 перања гратис на колата (има и таква награда). Кога сме кај колата да ви кажам колку сум изнервирана, одкако се смени владата овде и дојде еден да не речам рацист на власт почна да ги менува сите закони против странците. Не велам дека не е правилно за нив ама сепак удира по нашиот џеб Ако со години сум возела кола со странски таблички сега не смеам ни да ја паркирам на улица казната е до 1000€ и одземање на колата Наместо да си тераме празници со мерак ќе правиме крштевка на колата и ќе не кошта 3000€ Дете утре има претстава во градинка Многу сум возбудена, дочекав и јас да го доживеам тоа чувство. Кога го слушам како си ја потпевнува песничката по дома, се топам
Хелоуууу мамаситас. Еве сум на работа,грицкам јаболко и да ве поздравам. Ќе се послужам со кафето од @Monella и јас најчесто такво го пијам камен ладно.А јас частам по едно цигарче Од кексот синојка ништо,мм касно се прибра од "увид" Кај пожарот,па влезе да,се тушира,па заморен бил и си легна да спие. А јас Е затоа вечерва нема,да добие кекс јас ќе бидаам заморна Станавме сабајле со синко,млеко,огнот,доручек и тротинетот и патот под нозе. Го оставивме господинот татко да спие,да "одмара" Се прошетавме до кам,купивме глупости,еден круг низ град и дома на преспивање. Се јави свекрва ми во меѓувреме ќе го земела синко кај нив морала,да го варди од јатрва ми малото многу била заморна сама од сабајле била Така,да си го тргнав месото од шпорет ручек нема Нека ручаат таму,јас и маЖ втора сме. Да се фалам и жалам нема ништо,само ми фалат моите,сестра ми и внуците Сакам да можам ако не повеќе еднаш неделно да ги гледам. Идењето на празнициве ме прави емотивна. Накверојатно ќе ги поминеме сами со синко и мм. Ајде одам јас да поработам.
Ајде добар ден женички и од мене. во моментов чадам од нервоза. Прво кафе ми се пие после многу ладно ми е после синко не ме слуша. Идам од работа дома што побрзо да направам. А згора на се ми се спие ми се плаче од 5 сабајле на работа... позеленев. а и општо денов таков ми е погоден од сабајле
Таман вчера успеав едвај да ја накитам елката сега една другарка со мало дете ми вика требало првата година жива елка и ме замисли. Како и да е ќе накитам ако не уште една. Денеа ни дојде деде на помош и сум мн среќна. Сабајле беа и другите баба и дедо па си го изгубив редот со доењето. А бебе ноќеска дежураше па сега спие на града. Ја чекам да се нацица еве веќе 30 минути па да каснам и јас. Денес зготвив чофтиња во сос.
И ти озбилна си со муабетов за жива елка дека треба зар и за тоа има измислотини Елка се кити/купува кој каква сака Ја сакам бела , у коа земја растат да нарачам @gjoker4e беее нека ти е честита работата , следната да ти е од 6ч само успеси да ве следат во иднина , ќе биди се полека , Успеа
Ден, ден мајки Надвор сонце, ама што дека, има еден ветер дува ли дува, може не до толку, ама некој северен и ладен бррррр Прееска ко божемски ќе шетаме дооолг круг, ама бидна само до продавница и назад, струдеше за повеќе Денес имав некој план да шетнам, ама се предомислив, имав обавеза која ќе ми одземеше некои 30минути, а може и повеќе, плус бебе со мене, а саат одбројува Па откажав, обавезата и ја предадов на мајка, а ние може утре, може задутре ќе шетнеме на раат Направив список што да купам за секој за Нова, па ваљда ќе наполнам ќесите Инаку одам, гледам и ќе се изгубам од желби и некреативност, па празна се враќам и дома јанза ме јаде. Оно денови има уште колку сакаш, ама зарем имам друга обврска А и ми фалат подароците под елка, па да ја сликам и ставам во темата А пред некој ден, се допишуваме со една другарка и и викам сликни ми ја елката да ја видам, пушта она, па пуштам и јас, си коментираме дрн-мрн и по некое време ме прашува дали може да ја ставела мојата елка на Инстаграм, нејзината била очајна Се сепнав, ај викам стави ја нек ти мине мерак По некои 15минути ми праќа скриншот од разговор со некоја нејзина пријателка, она и коментира, леле колку убава елка, ама убаво сте накитиле, а оваа враќа фала, фала Му кажувам на мм, од првин се посмеа, па се зачуди, богами и за чудење е, па и ми искоментира дека само јас вакви пријателки може да сум нашла Лелеее а ич не кажувам кај се здруживме ама си ја сакам, ако е таква, единствена е, деновиве си ја чекам и на гости само Јас едвај чекам бебе да посака нешто за Нова, да напише писмо, а ние, Дедото да го израдуваме Иако да и јас би како Реин, најправилна би била таа постапка Бебе за оваа година си доби пижами, сликовница, магична стаза со колички и уште една играчка план е да купам, знам и од каде, отприлика и што, ама не сум била. Па ќе ги завиткам и под елка Од околу ме прашаа што да му донесат, кажав што како, ама за облека едно големо НЕ, не можам да им ги трпам нивните моди и крај, па ни за спиење Потенцирав и неколку пати пакетче со храна ако прават, да направат он што јаде, а не за нас! Ајде ќе видиме што ќе збереме Каде за Нова?! 100% по дома, може со едни блиски, а може и без нив, не знам ако се договориме, баш и сеедно ми е.. Најбитно ми е што ќе дочекам Нова година со малото, ќе си го гушкам, галкам, играм, лани се изнаспа, ако и оваа, ќе се дружиме со мм и ќе си гледаме филмови Е сега некој ден пред Нова сакам да идеме сами со мм некаде, со некој или било како, но по ручек, саат, два, три, ама може и туто комлето со се бебе, ваљда тоа на 30ти би било, 31ви не би се шлаела.. И да едвај чекам бадник, да кршиме лепче, да јадеме лосос, лани бебе во транспортер на столче седеше, оваа година во хранилка Е Божиќ го сакам, но.. Стандард ќе сме кај мајка, убава трпеза, вкусно јадење, но.. Вујче на тој ден.. Фали, многу фали.. А кај свеки сме на 25ти она на Католички не збира, нели не е наша ако, убаво и што е така, ги сакам сите тие збиранки и делење на подароци. Аиии жена најави и мисирка, уште сега ми течат лиги @AngelOfArh кажи како одвикнавте цуцката? Јас сакам да го откачам од неа, ама некако логично ми е првин да го одбијам од цице, пошто најверојатно мене ќе ме користи како цуцка Проблем ќе ни е за заспивање и нам, за другото ќе се убедуваме дури свикне Бебе штом заспие одма ја плука, ретко, ретко и ја бара дури спие, ама заспива со неа, уствари баш периодов и не, на цице заспива како новороденче И мене ми е мана што, а го качам во кола, ставам во количка одма подавам цуцла а речиси никогаш ако ја извадам не се буни, уствари па и тоа во последно место цуца му подавам корка леб, корнет, смоки, бисквита, двопек.. и така се шетаме, мора бебе нешто да грицка дури се вози Е и мана ми е што лесно си ги наоѓа низ дома или ставени се на место каде може да ги лоцира, треба со време и тоа да средам Инаку бебе како мало бебе до кај 6м го возев само во транспортер, едвај и да активирав количка, ама кога ја активирав имавме ситуација на сред шетање да почне да вришти, пишти Се додека еден ден не го подновивме со ,,авиончето,, па како седна во неа, се заљуби, цел се озари бидејќи доби поубав видик и од тогаш мака со возење сум немала. Си седи, си се вози, но да возиш, ако подзастанеш може да чуеш сирена не дека немало испади, но на прсти се бројат, а штом ги добие правец дома се иде И во последно и во седиштето е бајче, ваљда свати дека тоа му е, та викал, урлал или се дерел Ако се возиме сами може да пуштам јутуб на најгласно или да пеам јас, може и некоја храна да понудам или шише, да стојам, смирувам, да се молиме не ми паѓа на памет Ако мм вози пак исто му следува, со тоа што може јутуб пред него да врти Друго што да кажам, од сабајле го склопувам постов, убаво вика @gjoker4e ,,неможе Лукас толку долго да пее, колку што може Емка да напише долг пост,, Кај ти текна бе Ииии со лесно на минито, па да се фалиш Ај да одам, мм вика одлучи дали сакаш денес или утре да шртаме во новите чизми Он се бања, а јас мислам Ем ми се иде, ем ич.. Бебе ровари и гриза гарнитура Убава вечер. Гушкајте малишанки
Одамна се канам да пишам во темава. Додека бев бремена уживав додека ве читам, а сега едвај најдувам време за форумов. Јас си дојдов при себе конечно и се навикнав со фактот дека станав мајка и цела одговорност за бебуши ми припаѓа мене. Напорно е да, да ми кажуваше некој немаше да верувам, но толку е преубаво и барем никогаш не ни е досадно. Социјалниот живот ми е тапа, време немам за ништо освен за маливе. Толку се мили, нежни, убави. На почетокот имавме повеќе мака со малава, мн плачешеи еве скоро 4 месеци уште си остана плачка. Не сака луѓе со наочари, па мајка кога иди веднаш ги вади за мир во куќа. Малиот повеќе знае да се упика, кај сите оди в раце, им се смее, а женскава кај неколку те. кај мене, кај свекрва и мм. Она му е миленичка на мм. Исто не сака транспортер, а количка строго во раце да ја успијам па да ја легнам и да шетаме. Тоа е процедура. Еднаш така сред центар ми се распишти и морав во раце. Порано секогаш велев на бебе местото му е во транспортер, со мерак купував се и не сака бе пишти корни па туткај ја во ќебе за до педијатар или вакцина. Тоа ти е карма...Уште на болница кога лежев една сестра ми рече мајка кај две па и темпераментни. А од цимерката бубалче. Мојот живот се состои од овие две моментално што спијат покрај мене, невини суштества. Се трудам цело внимание да им го посветам нив. Можеби има умор на моите очи од неспани ноќи, заборавив како е да излезеш раат без да се брзаш, но не жалам за ништо ме сакам секунда од нивното растење да пропуштам. Па женички ова била таа љубов која не се опишува...
@tincemajmunce Оти морало? Стварно прв пат слушам за ова. Ние со маШ првата нова година заедно ја поминавме со стара елка од мојта младост па ете не уште сме саглам.
@TutiFuti врска немам зошто. Бабини деветини. Некој верува некој не. Првата година синко доби поклон елка вештачка и уште таа си ја китиме. Наводно како што слушам прва година кај бебе кителе природна елка
Добро вечер мами да шкрапнам некој збор дур заспиват госпожава на града, тогаш е најмирна. Ништо ново стандард ко секој ден. Денес тро појќе се рашетававме, гледав облека за фотосесија. Нишо око не ми фати. Успат гледав и што како за поклони. Јас на сите им забранив облека да не ми носет, пошо сите без укус ми носет. Денес ја сликавме се дедо Мраз, па озбилна седеше. Душа. Да се надоврзам на муабетине од погоре јас ич не глеам адети нити слушам, нит ова требело нит она. За 40 дена свекрва ми покуша да праи некој ѓурултии со брашно и вода и нз шо, на гла ќе и ги турев. Си верувам во Господ. Доволно е. @gjoker4e со среќа и успех работата. Имајте убава вечер
Здраво мамички, за десетина дена влегуваме во 9ти месец, па веќе ситно броиме, брисеви, последни контроли, итн Одиме на природен пораѓај, па посакајте ни среќа.. Се мислев деновиве свекрвата организира нешто со мајка ми за околу од болница земање па алишта ова она, јас и мм збунети цели уште не ни се верува дека се ближи време.. Би сакала некаква добродошлица дома здравје па да слушнам идеи од вас или слични искуства. Инаку возбуда ми е до максимум, некако едвај го чекам моментот, а од друга страна човечиња во главата што ќе биде, како ќе биде.. Сепак пресреќни сите Поздрав и убава вечер на сите!