Исто и ние со вештачка сме , лани беше мала 6/7м си ја изнасликав па и сите комплет , прв пат слушам за овоа , ама не ме чудат такви раб дека наметнувале старите , аа @Sandrin4 и мене сакаа тоа до брашно на 40те и тоа мајка ми звониме , отвара она со тањир брашно Да не продолжам што се случи Да шкртнам некој збор дури сум тука Ве читам стално , лајкувам успат ама не ве пропуштам не сум нешто интересна да ви пишам , живот - монотонија , социјализација 10% , со мала 24/7 почнува да брмчи се повеќе да сврзува зборчиња и да разбира , па и ред муабет си правиме , нешто мак , нешто јапонски , битно се разбираме Радост најголема ми е , веќе ми е мома 19м ако не е она усвет ќе фатам од досада , Елка накитена - вештачка прицврстена со изолирбан за земја лампионите пола кинат конци веќе , ама демек нема да ги чепка повеќе , имало сирупче таму ( уплав има од сируп , па ние бетер користиме тоа за уцени ) и така , ништо не кажав ама пишав нешто
Кафе во рака, мали заспива, па право време да пишам. Понеделник и вторник ни се малку тешки, кога си доагам од работа се лепи за мене и до спиење нема двоење. Во петок не ме ни погледнува. Се ближи време за градинка, а мене коса ми се крева. Почнав да барам приватна градинка со најмалку што може деца во група. Најдов две како подобри од останатите ми изгледаат, па ќе ѕвонам утре да закажам состанок. Ќе си кажам што барам, ако не можат да ги исполнат барањата, ќе барам понатака. До први јануари има уште две недели, се надевам ќе ми успее планов... Кога би имала повеќе пари би го запишала во една германска градинка. На словенечки и германски јазик зборуваат, ги носат на јавање и пливање, тенис и зоолошка. Не прашувајте колку чини, ама пак би дала, ни еден денар не би жалела. На работа, колешката која си оди во петок, денес ме извади од такт ама само се насмеав и за брзо заборавив на истото. Пред јас да ја прашам шефицата за одредена работа, читај слободен ден во јануари за продолжен викенд да отидеме на снег негде, која ја дискутирав со колешкава, она и кажала. Не беше ништо ни битно ни страшно, ама сама се извинуваше као несакајќи и излетало не знам зошто вака им се дешава на луѓево, зошто не си гледаат своја работа. Елката дома ни е пластична, ја имаме веќе 3та година, едно метро ако е висока, а за поголема немаме место. Во Мк имав елка огромна, 2.20 м, уживав со чај седната покрај елката, во тишина и темница, само сијаличките уклучени. Ми фали мојата дома... Преубави спомени од моето детство носам во себе... Понекогаш толку многу посакувам да сум дома во својата соба, каде секогаш сум се осеќала најсигурно. Далеку од дофат на сите сенки, вампири и чудовишта кои не "бркале" низ куќа кога во среде ноќ сме отишле до вц. Сакам моите деца да имаат таква дома, во која секогаш ќе сакаат да се вратат и ќе се чувствуваат како јас во својата. Се распишав на долго и широко. Да оставам дете и да одам да измијам коса па да спиеме. Во петок сме на вакцина, а во четврток требаше да одиме кај Дедо Мраз во градинка. Нема да одиме, од една страна таман ден пред вакцина да залепи нешто фали, а од друга дете секако се плаши, се будеше цела ноќ откако го виде кај мм на работа, цимолеше и викаше мас мас. Доста беше за годинава од Дедо Мраз, следната здравје ќе разбира повеќе па ќе го носиме секаде. @gjoker4e честитки од срце!!! Да се множат паричките!!! Добра ноќ имајте
Толку многу работи имав слушнато ама ова е врв! Прашај ја другарка ти зошто и баш пиши што ќе ти рече. Се изнасмеав пред спиење ама не можам да дочитам ќе спијам... Добра ноќ Леле мн јако ова со елкава. Може и жив Дедо Мраз треба да се закачи и за врв да се симне ѕвезда од небото, никако вештачка. А ние што немавме никаква може ќе не снема од платенава. Најјакото нешто што сум го слушнала до сега. Немој да ме сфатиш погрешно само многу е јако. Уште се смеам може и ќе се расонам. Ама од ноќ треба да излезам за на работа. Ноќеска сонував дух ме силувал, мн ми е страв по темница дека, а пешки одам. Па најдов кај има авто школа утре термин да закажам, да почнам од некаде. И во сонот кажував на полицијата дух дека ме силувал онака ептен сериозна. И куче ме касаше не можев да го тргнам. Ме демне некој можеби.
Почнавме пак во 10 да легнуваме, се враќаме на старо јупииии. Ја изморивме од играње,држење и смеење па се предаде конечно, без плачки Мм гледа фудбал а мене не ме интересира тоа ич, па се оптегнав до бебе. Изморена сум. 4 машини со алишта закачував. Уствари мм 2 јас 2. Ми се здодади од тие алишта веќе, он ме теши “назад ти е возот” вика Научена јас кај мајка, само кревет постилав и соба си средував,ништо друго не работев по дома. Не знам зошто сум била толкава мрза Ама се менувам де,има надеж Вчера бендисав многу убаво ќебе за бебе, со капа е, убаво да се повие и од страните траки за врзување ко машна горе,онака за шетање во раце е топ.. Ама 2000ден, а за таа цена се мислам подобро скафандер дебел да и купам,м? Им реков да го чуваат, а дали ќе се вратам да го купам ќе подразмислам. @Elinora Јас и бебуш кога си дојдовме дома имавме добродошлица организирана од сестра ми и мајка ми, но изненадување беше големо за мене Се беше розево во соба. Огромни балони “It’s a girl” над кревет, па балон ко цуцла направен,огроооомно мече ,мафини со името на бебуш и датата на раѓање, со секакви форми околу 30тина беа,торта “добредојде **”колекцијата за бебе што ја спремале.. Уште работи имаше ама како во магла се сеќавам иако не беше така оддамна. Многу убаво ми дојде, се расплакав од среќа тогаш пошо до сеа никој ни слично нешто ми немал направено. Стварно преубаво беше
@Elinora јас немав ништо кога дојдов дома од причина што во 8 сабајле заминав од болница. Лом се напрајв со педијатарот таму и ме пушти дома мн рано сопругот дојде ме зеде и дома правац. Е поручекта ми дојдоја најблиските, кумовите и најдобрите другарки со поклони, балони, торти. И топ си поминавме. Мн мн јас не се притресвев што и како, само чекав да напуштам болница зш ќе заколев некој таму.
Мене мм и неговата братучеда ми имаа спремено мн убаво "изненадување" за пречек. Само што мм не можеше да се воздржи и се издаде, па не беше баш изненадување. Сепак бев изненадена бидејќи не очекував дотолку цела куќа да е украсена со пувки, играчки и балони. Но сепак тоа е најмал проблем и се може и без тоа. А за алишта за бебе се си имав спремено сама уште откако влегов во 9. Со лесно нека ти е.
Добра ви вечер мајчички . Ова време не е типично за мој пост тука но кога ќе испиеш 3 кафиња и кога ќе слушнеш убави вести неможеш да заспиеш што од кофеин што од возбуда. Мали едвај заспа едвај. Накај 19 часот бевме по надвор низ малските продавнички баравме свежи и благи пиперки ова мое дете бара се нешто тогаш за јадење кога го немам дома баш во тој момент. Толку многу ми падна криво па му облеков скафандер чизми ракавици капа шал и излеговме надвор за жал немаше ама така е тоа кога маж слушам одете пешки замрзнато е не иди со кола. Као немој јас не знам да возам ама ај го послушав со надеж дека ќе најдам кај нас низ малоо но нема на крај дома се вративме со киндер јајца , албени , пола кило пуканки, кулен и чајна . Е така едвај го убедив мли да прифати дека нема и дека утре ќе одиме во Кам да купиме. Инаку ќе морав да буричкам по бурињава од туршија да најдам блага пиперка . Цел е на татко му пред некоја недела цело мало тегле руска салата изеде ( без конзерванси и триста глупости е правена специјално за него) и јаде и вели ох ох тој многууу убооо . А татко му слуша преку камера и се топи на зборовите негови. Тукуу дур пишувам да се пофалам дека вечерам и дебела ќе сум епа ќе сум у 23 :20ч не се јаде. Туку се спие . Ај да фаќам сега креветот оти кока колата ќе страда ја меркам цела вечер ама од мали несмејам да ја земам барабар со мене ја пие. Инаку им давате ли на вашите деца газирано,луто,солено,кечап,мајонез? Мојов има пробано газирано луто солено и кечап и строго јаде на Витаминка или Полимарк додека пак за мајонезот (домашен ) и еднаш купечок прави . А за домашниот кечап пак душа дава. Ајде добра и мирна ноќ мајки. ( п.с пазете што сонувате и што посакувате можеби еден ден нешто ќе ви се оствари, бидејќи моите соништа почнуваат да стануваат реалност).
Добро утро мајки повелете кафенце. Јас во бус на работа.Колку е студено мајко мила. Вчера ме тресеше имав тт па си купив фервекс и рапидол с имав дома.Сега сум подобра. И децата не се добри.Кашла многу големиот.Изгледа крајниците. Значи мир нема ни 1 месец.Се мора некој да е болен. Сакам пролет сакам лето. Од овие болести ми е преку глава. За мене празниците ќе почнат кога мм ќе си дојде.Уште 1 недела. Едвај чекаме. Елката деца ја красија ама иима само 5 6 лампиони.Сиромашна е. Сите ги скршија. Ново ништо. @VedaG10 .Среќен роденден Ви посакувам убав ден на сите...
Силум прилике, ја забораивме дома кога отидовме кај баба на викенд, а таму стигнавме касно и не можевме да купиме па заспа без цуцла. Многу беше смешен, ми ја зима раката да бара кај што ја криеме обично (под перница) и вика Цуце?!?! со меко ц, Нема мами ја забораивме дома, и толку беше. И поубаво спие, ко друго дете да имам сега, сам заспива без уши тегнење. Немам многу што да кажам џенцки, само да ве поздравам
Добро утро мами. Значи за ќутек сум арно маж ми вика по мене Вчера од продавница излегов со 2 големи црни кеси играчки за мали.Маж ми коа ме виде само напраи фаца и ми вика: не си токму жими мајка ....... Ама не можам да се сопрам кога станува збор за играчки и за работи кои се за мали. Верувам сите сте такви.Сакаме се да имаат Денес ќе одам да купам хартија за виткање и вечер кога ќе заспие мали ќе виткам со машни со се . Дел од поклоните се за роденден ,дел се за нова година За роденден сме спремни , се е нарачано, средено.Вчера и се дотеравме, уште маж да купи кошула и спремни сме за славење Многу се радувам Во врска со елкиве природни, прв пат слушам од вас дека требало да се купи природна првата година Мислам дека нема врска тоа. Јас китам вештачка и секогаш било така. Реков кога ќе се преселиме во нов стан, поголем ќе купам и поголема елка.Сега оваа што ја имам е преубава, мала. И кога ќе ја накитам ми е како елка од божиќни филмови.Нема некој кој ќе ја види и да не го искоментира тоа Мали исрши 2 стаклени лампиони , и сега висат така на пола .Жал ми е да ги фрлам Елката е на маса, се качува и ги пипка сите лампиони Некогаш вози камион или кола и директ со играчката во елка Јас како што сум пицајзла за елката, се трудам да останам смирена иако ми иде да пукнам Ама што би рекла мајка ми :со дете тоа е,нема уредено како што ние сакаме Денес чекам и информација за тоа што пишав пред неколку поста за една блиска личност.Срцево ми се пара од самата помислам Дел од резултатите се ок, но еден главен резултат е битен.Се молам и се надевам на добра вест. Одам да поработам малку, ништо не сум пипнала од сабајле Убав ден
Е така, ќе земеш плата, ќе одиш да испазариш, ќе се истинтариш и нормално одма имаш што да кажеш. Си купив маска за телефонот, боја за алишта оти синко среди едни тренерки нови нови и многу меки и дебели па од тиркизни ќе станат црни, убаво папо, играчка на дете што е и првиот новогодишен подарок. Ќе му купувам повеќе работи и ќе ги ставам под елка, планирам на жената сите мекани играчки да и ги купам оти се многу убав квалитет и ефтини. Па така денес кога ќе заспие ќе го спакувам, ќе го средам и ќе го скријам, кога ќе ставам викендов елката ќе го пикнам под елка. И подароците што ќе ги добие ќе одат веднаш под елка. Дедо мразов мој сака поефтинко да помине ама нече мочи, си нарачав јас четка фен, не ми е гајле друго. Сакав уште нешто ама месецов лошите тетки од Стопанска ми повлекле два пати за кредитна, ах лоши тетки! Не е страшно, ќе купуваме секако на кредитна месецов
Добар ден! Само накратко да ве поздравам, немам многу што да кажам, деновиве некои обврски, термини, сметки, пресметки. Крај на година се ближи па некако тензијата расте, барем кај мене, сакам што побргу да ја испратам оваа година и имам многу очекувања од новата. Една од полошите ако не и најлошата година до сега во мојот живот. Но ќе сумирам во некој друг пост сега рано е. Дете во градинка, срцка ми е, не е можно да е толку разумна и на моменти толку неразбрана. Вчера се буди од попладневна дремка и ми зборува цели реченици на германски, потоа и стана јасно дека е дома па си продолжи на македонски. Имавме уште една средба со дедо Мраз, се сликнавме битно, а сликата кога ќе порасне или ќе ја крие или ќе си прави шали на своја сметка. Плаче секако, ама нај интересното беше, таа плаче, тој и дава подарок и таа го зема и му вели данкеее и си продолжува да плаче. Да можев да ја снимам беше за најсмешни видео инсерти, сите слатко се насмејаа. @TutiFuti до скоро внимавав што давам и сега секако избегавам штетни работи, но сега веќе почнав да давам се да проба, дури и пред да побара, и дадов и газирано да проба и луто, буквално се што таа сака или нема пробано. До сега не пројавила желба пак да пие кока кола пример или да јаде мајонез, освен маслинки друг порок нема Реков накратко, само сакам на @gjoker4e да и честитам работа и само успеси понатаму. Убав ден!
Ајде и јас да се префрлам тука На болница не ми обрнаа многу внимание околу цицањето, па кога си дојдов дома малиот сам се научи да цица Ај што се научи, сега не ми се трга од цицка, сака да спие на неа Преку ден спие повеќе, ама навечер на секој саат бара цице, нервозен е, плачи, не сум спиела со денови Едвај наоѓам време да си ја средам раната доле, да јадам заборавив како изгледа. Него нешто друго ме мачи, вчера и денес осеќам менструални болки, крварам нормално. Ок е, или да се јавам на гинеколог?
Нормално, се враќа матката. Легни на грб ќе видиш и стомакот како ти скока. Мене бар ми скокаше, се враќа матката на место а сега бидејќи нема бебе контракциите се гледаат. Ако се болките нормални, подносливи и немаш некаков посебен мирис на крвта се е во ред.
@AngelOfArh Леле па мене така кога ми се движеше стомакот уште во болница мислев од гасовите ми е. Абе буквално како уште бебе да имам во стомак ми мрдаше а бебето во раце. Мм се смееше да не заборавија уште едно бебе внатре дека и стомакот огромен ми беше. Туку мене др ме загрижува. Јас еве 5 недели по породување после цицање уште по малце крварам. Не е класична крв туку некој портокалево розеникав исцедок колку да морам влошка да носам. Кога бев на контрола за раната заборавив да прашам. Па и раната уште по малце ми течи и морам и на неа лепенки да редам. Ми се дразнела од конецот. Кога паѓа тој конец аман веќе. Едно бебе родив и цела се издеформирав. Исто имам и некое језиво чувство на кичмата како да ми е здрвена и да не е моја особено кога ми течи вода кога се туширам. Ајде доста беше жалење. За денес планирам да одам и конечно да го подадам решението за еднократна помош за првородено и ако е отворено во ујп и таму да збркам работа. Потоа го напаѓам џамбо да купам некој поклон и некоја новогодишна играчка за под елка под изговор дека бебе ќе се радува. Исто сакав и да си купам новогодишни перничиња одамна ги меркам. Пред да се породам си бендисав еден Рудолф ама сега ми го немаше. Трба да прошетам да побарам и чевличиња за бебе за на молитва ама тешка работ дека ќе ми остани време. Уште една недела ми остана да се излежувам по пижами и потоа не напаѓаат гости. Па треба да и се вратам и на работата. Тоа е кога работиш од дома. Нема породилно 9 м а никој не те верува дека немаш време ни да јадиш. Што е најлошо после 6 недели и деф остануваме сами. Ќе видам како ќе се снаоѓам ако не ќе напуштам бебе ми е најбитно. Ајде да се спремам ќе си дојде маЖ, треба со повреме да го фатам денов оти пак ништо нема да направам.
Добар ден Сношти заспавме во 1 Последниве денови Могли си се враќа на стара шема све ќе преживеам ама тоа не спиење ќе ме умре Сабајле станавме некако, ја спремивме за во градинка и ја однесе мм Јас во меѓувреме преслеков дете,го нахранив и чекав да се умори за да го заспијам Среќа пред 9 заспа,заспавме сите до 11и30 имам спиено Главата сега тапан ми е,да не знае човек што е подобро Да се наспие и да добие главоболки или да останеш без спиење и цел ден да ти се лоши Ќе си умрам... Ја зедов од градинка дека мм мораше во град да оди и сега се дружиме Со брат и денцаат дури да испијам кафе и да почнам по малку да се спремаме Едни колеги од мм,маж и жена не поканале на вечера Јас не ги познавам па ми е малку непријатно да им одам ама ај шта чу Него се изнервирав од сабајле Вчера нарачав фото апарат за Могли и денес гледам видео рекордер сум нарачала Кај сум гледала незнам А што мразам да се занимавам со враќање и слично Ама ко морам... Не знам што побрзо да им купам имам многу на ум а 100 евра буџет не може се,знам,ама пак.... Незнам ни што да пишам веќе Вчера гледав на тв дека не било добро многу да се чисти со средства заради хемиите Се замислив малку па си реков ќе паузирам со чистење некој ден Туку ме нервира нередот Среќа па ручек не треба да правам денес не ми е денот изгледа Добредојде на новите мамички Оваа е најубавата и нај тешка професија на светот...мајка Имајте убав ден Довиџења
Ако ти повлекле два пати, по не знам која причина, секако можеш да пишеш приговор и да ти ги вратат на сметка. Секако тоа не ја плаќа ратата од следен месец
Па не, ама така побргу ќе го исплатам. Далеку сум од исплаќање на долгот, ама се собираат. Секако нема да останат непотрошени.
И ние ја имаме истата мака со цуцлата , само можеш да ми кажеш колку сте големи , ние година и пол ама веќе страв ме фаќа после да не неможам да ја откачам