Здраво. Купот од алишта што стоеше неколку дена во креветче секој ден се намалуваше,и конечно му дојде денот да го испеглам.Во овие две години прв пат дете да облече боди непегално.Со исклучок кога лежевме два пати на болница.Добро е што тогаш имаше кој да ги испери. Дете бувта. Кога ќе се закашла нема престанување.Ноќеска едно пет_ шест пати се закашла,дури еднаш и шлајм исповрати.Па менување постелнина,преслекување на дете.Поврати на неговото кебе тоа ми беше при рака и го свлечкав,па откако дете заспа ги отправ на рака и во машина ги ставив. Денов стандард како и предходните други.Со вадење мрсули,спреј еден па друг,па капки за бактеријата и на крај ацц.Но се инати не сака да го пие.Дали можи во сок да го ставам? Сношти се жалеше на главчето,па му дадов пола доза далерон.Дете плачеше за уште да пија сакал -ток од кута. Оф,мори мајко сега бара а кога ќе треба не пие.Мнпгу пати ќе го здогледа во фрижидер и го зема сакал да пие.Па наместо сируп шпицот го полнам со сок.Мора да има мир во куќа. Мислам дека и годинава ќе плаче од дедо мраз.Кажува како ќе направи здраво со дедо ма,како ќе го гушни,но знам дека е голем дрско.Ќе ја пушти сирената како лани. Лани дете сакаше папо да му донеси дедо мраз,а годинава сакал ток.Му викаме а играчка сакаш не. Скромен на мене. Сеуште има време белки ќе посака некаква играчка. Се уште избегнувам сувомеснати работи да му давам,има пробано но не е нешто воодушевен.Мајонез му немам дадено,ниту кечап.Туку она доматно пире и тоа прв пат луто.Мм правеше пица овој со прстето проба и почна да плаче.Имам пишано пред некое време се излути од рацеве мои,лупев пиперки,а немавме вода. Правам домашен кечап или погусто иди како паштета тоа го јаде и со леб,тестенини и во манџички му ставам. Газирано не оставам да пие,а душа сака.Му давам по малку што се вика од мисла. Многу се опуштив со пишувањево да одам да пуштам уште една машина на ефтина. Мора да се штеди.... Убав ден на сите.
Добар ден мајки Јас на пат за инфузијата моја, па да пишам некој збор на раат. Вчера пак почна да ме боли уво и сакал нејќел мора д се најде време. Со плачки плачки ја оставив големата со баба и. Се навикна дома едма недела, сама со мене, и сега не можам да ја одлепам. Вчера и на лекар ги однесов со најмалото. Да луфтираме, да се шетаме и инхалации со физиолошки. 4 дена тт е ништо, барем 7 требало, па по потреба нешто за тт, и толку. И после чуди се зошто деца не можат деца да оздрават. Кузнее која бактерија ја вртат. Ама нели, треба некој брис или крвна слика да направи. За лечење со воздух само диши не диши, ништа више. Ноќите се кошмар, сите кашлаат, кој тт качува, кој воздух губи, не знам кога последен пат 2-3 часа сон имам сврзано. Деновите турбо со две дома и плус куќа во хаос. Да може да се распаднам. Со исклучок на раѓањето на најмалото, најлоша година. Ја започнавме по болници, цела година се влечеме по истите и аир не видовме. Нека оди и никогаш нека не се враќа. Дома заличува на нешто. Фалат многу ситници и деко, ама хаосот е принамален. Ќе сликам деновиве собите на момите Маж мрчи столчињата во кујна пто не се буткале под маса, ама мене вака мк е шик. Стасав. Да видам што сонце ќе ме огрее. @gjoker4e честитки Убав ден.
2г и 8м, голем е ама требаше мноооогу порано. Јас сувомеснато не сум дала, газирано сака и пробал и би пиел ама јас го мешам со водичка и проаѓа некако. Ќе ме утепате од карање, ама синко мој е заљубен во пиво, да му дадеме барабар со татко му би испил по едно шише ко ништо, ние по дома пиеме од чајни чаши или му ставам во чаша негова многу малку и дополнувам со вода. Јас не сум видела дете да е до толку заљубено во пиво. Луто не јадел, не гледам потреба од луто, кисело не сака. Јаде од нашата храна ама јас готвам со хималајска сол, домашна вегета и маслиново, како за него.
Здраво мајки редовно ве читам, и еве се одлучив за прв пат да пишам и во темава. Периодов ми е многу напорно, дете скок во развој па едвај ја заспивам ноќе, па се буди на помалку од час..жива не наспана сум, плус има проблем и со меше и тврд измет. Кенкава е ептен. Вчера цел ден по болници, ја носев на педијатар, и правеа ехо на меше, ни даде раствор и рече маслиново масло да и давам. Душа мајкина се измачи, се надевам ќе помогне, бидејќи не сум паметна веќе како да и помогнам. Внимаваме и на храна и за неа и за мене, оти ја дојам, масажи..ама ете... Плус пак сега на сите грижи и гостин си имаме, другар на маж ми. Дојде во четврток, а абер нема да си иде. Маж цел ден на работа, а овој бетер од дома, спие до 13 часот, серии гледа...многу се нервирам. Вчера во цела гужва спремам дете за педијатар, брзам, на него смути му се припило да направам... Добро беше што и мајка ми дојде за еден ден, па се размрдав малку психички. Го седнав маж ми и му реков дека мора да разговара со него да си резервира карта, вака не бива. Го знаев дека е без осетен, но не знаев дека е до толку. Добро е зборел, го излажал дека други гости ќе ни дојдат, па овој рекол дека за во петок ќе си извади карта. Еве сега малата спие, едвај ја успав, тој ми салдисал јутјуп. Уф, едвај чекам се да се врати во нормала. Инаку гледам погоре имате пишувано за колички и неседење на децата. Истиот проблем го имаме и ние уште од сам старт. Сега е 6+ и уште е така. До маркет се возиме, назад во една рака неа ја носам, со друга буткам количка. Маки... ама читајќи ве има значи надеж.
Хелоууу Се знае,јас стандард на работа. Па да ве поздравам. Шмрчкам кафе и ве читам. Читам во мн теми,ама скоро само во оваа пишувам. Мислам ако пишам по други ќе ме караат Од сабајле стандард ритуали,гушкање,млеко,цртан,огон,доручек..... Па малку низ град,па додека игра тој јас спремам ручек,мијам и легнуваме Тој само што ќе заспие,јас станувам,се спремам,иде свекрва ми јас заминувам за на раб. Вечер идам,доза гишкање,играње,вечера па пак во кревет. Секој ден е ова исто.... Како реклама пуштена на реприза секој ден. Ама ако,нека ми е жив и здрав само друго не мора,се надевам за брзо на 2 линии на тест за бременост,па ново бебе малку да ни поремети секојдневие и да ни донесе дупла среќа. Одам... Поздрав другарки
Добр'вечер синоќа едвај сум заспала во 4. Де лево де десно, сонче никако. Госпожава Госпожава со опери во 8.30 ме разбуди. Едвај станав, ко удрена. Нз кј сум. Едвај дочекав 11 да заспијат па и јас со нејзе се курдисав до 13ч. Ми дојде душата на место колку толку. Се израдвав ко видов стигнало породилнито, па се средивме и надвор да купвиме поклони и украси. Успат пијав кафе со другарка, а беба чашитлама околу шо, како, кој поминвит по чаршија. И само се смејт. Смешка. Фала Богу сејт в количка. Мн ретко да пуштит глас ама носам кенгур и одма ја ставам и си продолжвиме. А што се цуцла тиче, само првите месеци ја сакаше. Па после сама ми ја плукна и од тогаш не ни се потудив да и ставам, раат сум На кумата моја момичето ене 5 год уште со цуцла заспива Дома едвај се донесовме. Изнакупив за бебе игачки и облека за пакетчињата, лампиони, и за дома фрижидерот да се израдвит. Уште за мм и внуците треба поклони ама ќе биди наредниве деној. Имајте пријатно попладне
Помина и новогодишната претстава на синко во градинка Мислам дека јас бев повеќе возбудена од малиот дали дека прво дете, прва претстава во иднина верувам дека нема да биде како денес. Инаку претставата беше за раѓањето на Христос, многу убаво организирано од сцена до гардероба. Воспитувачката си доби и поклон комплет шал, капа и ракавици од кашмир плус бомбоњера, тоа од нас родителите како Божиќен подарок плус благодарност што ни ги пази децата (како да не и е тоа работата). Немам памет што за вечера. Нешто се осеќам изморено, сакам еден туш да мавнам и под кебе да се стуткам, така ми е најубаво. Дечкото мој уште нема пробано многу јадења, не дека јас не му давам туку тој си е таков инат, кога ќе каже за нешто не и не. Газирано не сака, за него постои само сок од цвекло маслинка не сака ни на маса да ја гледа, домат исто ама па многу сака кечап и мајонез и така со нив шверцувам многу други работи. Луто јас не јадам и на дете не сум дала, мастики, бомбони не сум давала и не знае да ги џваќа па и да му ги понуди некој страв му е да не се задави и мене ми ги дава
Zdravo mami. Nie samo sto se pribravme, cel den spartavme. Sakav da odime i na plostad ama dosta e za denes. Dete si igra na zemja, samo mi buricka vo kujna vadi tendzerinja i gi stava kolickite vo niv. Posledno bokalot za filtriranje voda mu e interesen. Dusa mi e. Elkata ne ja dopira samo stoi do nea ja gleda i vika uaaauuuu i obavezno mora sijalickite da svetat inaku se pika on da gi pusti Podarocite pred nova godina ke gi stavam sea krijam zosto odma ke gi otvori. Se navednuva zirka pod elka i vika nemaaa i mi pokazuva so racete prazni haha. Za hrana, jas davam i nezdravo ako vo denot izel dovolno zdravo. Eve na primer sabajle jadese palacinki so domasen mermelad od sipki ama posle ispi edno cudo sok od portokal i aronija Utre ako izede rucekot so zelencuk ke go pocastam parce margarita. E sea cokoladi si bara pa na mama i e zal i dava dur pisuvav mi se kaci vrz mene i mi brcna vo oko, pozz odam
Нешто како добродошлица, пошто мм е стално на работа и втора смена, па си кажав сама да видам нешто да подготвам и потоа да му кажам само што треба да купи за да биде нешто интересно.. Нешто за околу креветче, балони, мафините се добра идеја исто.. Ти благодарам
Veruvaj togas so bebe staro nekolku dena nema da ti bide dojdeno do ova, pogotovo guzva da ti se motka niz doma. Ama sepak ti si znaes.
Добра вечер.. Деновите со брзина на светлината одат и одат.. ние растрчани натаму наваму.. Една работа заклучив уствари одамна ја знам де... едно решаваш и таман човек да рече ќе здивнам малку иде друго и уште полошо.. На ред борење и решавање со една одредена ситуација, нервози, страв ама тоа е што е Пак ќе си речам едно мото од мајка ми што велеше "што се не беше и што се не помина, и ова ќе помине" и така.. Расочарана сум, поготово што ќе сум затворена дома, а јас за дома не сум, уствари ние.. сакаме и можеме да шетаме, и шетаме Само да намислам дестинација, кола, музика моите и на најако.. Тоа ми е енергија на еден начин, среќа, пасија.. што знам.. Ме исполнува многу. Се плашам од идеата да сме дома ама тоа е. Постојано растрчани со дете, ручеци, играчки, алишта, средување нема крај А најубаво ми е кога ќе си направам една турбо чистка од саат до два и на крај уживам во мирисот на сретствата.. Уживам буквално. Си купив едно прекрасно сретство за плочки.. Мириса преубаво. Мириса на чист дом и љубов. Дете деновиве турбо напорен, порано ми заспиваше на нозе сега не сака па најчесто завршува во прегратка на тато како сега а јас се повлекувам во дневна ќе правам кифли и ќе гледам серија. Добра ноќ.
Мене ме немa тука подолго време и за срамота нема време ни да ве читнам како што сакам. Деновиве турбо сум на работа ама уште оваа недела да ја преживеам па ќе биде порелаксирано и ќе ве дружам повеќе. Минатата недела дете беше болно па беше цела недела дома. Едвај дочекав да појде пак во градинка. Му фалеа деца и игра со нив. Неделава јас сум изгледа со истото. Вчера ставав и капки во уши од што ме болеа. МИ помина па се надевам во ред ќе бидам. Ако не ќе барам чаре по лекари. Од позитивна страна накитивме елка дете се радуваше многу. Сега веќе не ја приметува нешто многу ама вредеше за целата радост околу китењето. Додуше секоја вечер бара да ги запалиме сијаличките веројатно тоа му е интересно сега. Викендов со маж одиме на викенд само ние двајца, па се надевам дека дете убаво ќе си помине со баба и дедо. Возбудена сум за викендот ама и малку ми е тешко што тој ќе си седи сам дома. Ај ќе му надокнадиме. Поздрав од мене.
Добра вечер, така набрзинка ве прочитав, денес денов не погоден. Туку да прашам и овде, побрзо ќе добијам одговор. Има некој вирус со покачена тт, болки во меше, покашеста столица, колку трае? Веќе аман од таа тт, морници ме лазат кога пишувам, не сакам но да се потсетам како дете се тресеше и потемни од тт денес. Уф, само се молам да престане да качува. Со мм се подновивме со телефони, тој ме зафркна, го одбра поубавиот, ама јас ајфоннчево не си го менувам за жива глава Се надевам на мирна ноќ, додуша ќе бидам дежурна ама со дете да е само се во ред. Ве поздравувам!
Здраво! Јас уште трудна.. Можеби немаше да го тупам ама па ова вртење по телефон пишување и прашување до кај е работата ми стана трагикомична.Можев комотно кладилница да отворам сите типуваат. Иначе јас баш и не се осеќам ко жена пред раѓање баш сум си ок. Освен секој втор ден во болница на ЦТГ.Е тоа страшно ме нервира мислам дека ми одзема пола енергија. Па кај за мене,се нервирам и за малиов мкни го со нас па заспал во кола станал за пола саат му се скршил сон па скокнал ручек.Искрено си имам грижа на совест што се му пореметивме. Друго ако ви кажам што правев до сега гарант ќе речете луда сум ама едноставно не верувам на маж знам ќе биде во страшна збрка кога ќе остане сам со синко.Дали мекици да закажува дали кај кумот,дали мене да ми носи потребни ствари во болница и гарант пола ствари ќе ги заборави.Еднаш ја заборави цела торбица на малиот а ние веќе стигнати на лекар.И од тогаш јок јок само на себе си верувам.Е да не дојде до забуни му изнапишав на лепливине ливчиња во дреч бои што има каде има и што треба да прави. На пример тоа вака изгледа: --- на Даријан алиштата за мекици се спремни испеглани во плакар и нека го носи црвениот џемпер не сивиот -- секогаш кога ќе излегуваш од дома земај му торбица и се што е потребно во неа -- и вода секако Не дека човеков ми е удрен или неарен татко он е најдобар на свет ама знам толку дена сам со малиот и уште целиот терет околу се тоа ќе му биде каша попара. Е госпожа свекрва ќе им дошла да им готвела ај бар тоа да сум раат,а не дека се некои јадачи,уште сега знам што ќе имаат на менито. Иначе ливчињата ќе ги залепам пред искачање за накај болница. Синко или он што би рекол пинко е во фаза тато тебе цел ден те сакам повеќе од мама Али за заспивање извини одам кај неа. И ондак имаш цел ден удари од него по стомак јер нели бебе има(ама се правиме наудрени)а вечерта легнува до мене и е бајче. И сега тато у дилема како ќе спиеме ќе се буди,па онда имаме ок немора да спиеме ќе си гледаме тв во дневна А арно си бев лоша имав донесено некој ред и закон у куќа ако ти се спие повели во спална на кревет без цртани и слични чуда Ама нели сега детето како ќе поднесе психички друго бебе нели не ќе е само он па ајде малце да попуштаме па да не се почувствува вака така и детето си користи си заспива во дневна па се мкнеме во раце до спална. Друго што не сум спомнала е дека маж оди само навечер на работа значи скоро секоја вечер сме сами со синко дома.Е сега фрката е ако ме фателе болки како наеднаш ќе дошол,па 17 км се до дома дур стигне.А работи во ноќен клуб па баш и не слуша мобилниот.Мора да остане до сабајле да ги преброи вработените да среди се.Што значи мора да го викне другиот колега тој да дозаврши за он да си дојде дома.Па тоа колку се смешни какви припреми спремаат.По цел ден на телефон се и сега колегава му вика значи немај гајле чим биде врти мене моб ми е на најјако станувам од спиење и доаѓам. А ја се замислувам ваква како го чекам И после си викам човече дај нека ти направат еден договорен царски па сите да се спасиме. Киселини ме убија оодам да ја пробам финтата со ладно млеко. Имајте убава ноќ а богами и утро @emkaemka
Вака не ти намалуваат на рок, само 1 месец. Подобро собирај 5 и наеднаш и ќе ти намалат и на подолг период. Финти банковни. Ние 3та недела дома, т.е малата е дома, маж ми ја чува, пие антибиотик. Кај да барам воз за деца од Дедо мраз?
Добро утро кафе и колачиња од мене денес Има за сите два дена сум правела постапалки ги направив завчера и се ги украсив и кога и ги покажав на мајка ми ми вика добро како можеше да направиш само леви и викам е добро де што има врска и коа почна па и свеки и се придружи па ајде вчера десни праев и сега имаме постапалки за извоз Синко пресреќен се изнасликавме со колачињата Инаку синко вчера ми се разбуди со едно отечено око од памет сум се извадила па трчај на лекар испадна дека најверојатно комарче го каснало не ми се верува бе комарец во декември . Ноќеска ич не сум спиена дете приплакуваше цела ноќ изгледа пак некој заб му расте очекувам двојка уште една доле да излезе и нема уште ни една четворка излезено . Денес во план ми е да одморам малку после работа па да земам да зачистам малку за да можам да украсам и да накитам елка конечно. Одам мајки убав ден на сите.
Ау ти си била фина, да ми се домкне некој па и да ми извољева, абе ајде. Сакал смуди, иди купи си овошје, направи си и измиј блендер. Невоспитување еј. Мене две вечери братучетки ми беа на поседок па се невирав, цел ден да ги мислиш доручек, ручек, вечера, спиење, будење... Да ми е цел спрат среден ајде де, а вака само две функционални соби, тешко е. Па и дете да ме чека да им спремам е не може. Не те разбрав, што да собирам 5 наеднаш? Иначе воз имаш во Џамбо и тоа многу добар. Сега ќе зимаме за малото од кумовите за роденден. Ај добро утро! Испиено кафе, чај и антиобиотик, на ред е доручек. А појма немам што да јадам, некако немам идеа. Имам за купување подарок за една девојка на која сум и Сикрет Санта, се мислам да идам утре после работа. Книга е, не е нешто друго, ама пак си бара време да се одбере. Јас ја организирам работава и многу бев возбудена искрено, 26 жени да усогласиш, не е мала работа. Денес некако многу ладно, смрзнав, уште не ми се иде по доручек од што ми е ладно. Ама ќе соберам сили. Вчера ручекот ми остана, па денес само ќе доправам нешто суво и ќе подметнам супата од вчера. Ми дојде преку глава ова ручкови веќе. Со мм ќе договорам нови правила од Нова Година, сега кога и јас одам на работа мора да се пази повеќе и да помага. Не е само на мене чистењето, и него го засега. Ручеци правење не мора он ама нека запржи некоја кајгана еднаш во неделата, викенд нека купи ако треба готово. Имам маж типичен балканец по тоа прашање, за него купечки ручек не е ручек, дома па да го јадеме, мислиш којзнае што сме направиле, мора да е зготвено. Епа бујрум готви. Дете многу растура и прља, цел е на него, кај паднало таму останало, не подига ништо. Ги гледам другиве деца, носат, собираат играчки, фрлаат ѓубре, пазат, ова моево еден тањир супа во меше еден на него, играчки истура од вис за да земе една коцка само, не се врти да собере остатокот, јаде нешто и хартијата на земја ја фрла, ту што ќе беше до толку да личи на тате. Си ја кажав маката, убав ден!
Лесни чекорчиња, сега почнува вистинската забава Колачињата многу убави, да ти се позлатат рацете (кај ми текна на исказов). И сакам да ми кажеш рецепт за смесата, од каде модла за формата, од каде тоа бојата врз, ваљда фондан е не знам и од каде ѕвездичките? Абе се кажи ми