Ај утро... Добро не ми е. Колку и да пробувам да сум позитивна и ја сум од крв и месо. Ќе се срушам... Па и почнав да добивам редовно - тоа ми е капакот. Детево ред уште нема. Еден ден е све супер, друг ден душата ми ја вади. Еден ден спие, нареден не спие. Како така не знам. И секој ден коа спие се радувам дека си фаќа ред, другиот ден коа не спие се нервирам. Многу сум нервозна со детево, не треба така. Ама како да се исконтролирам? Да сум полабава, да не и се тресам превише. Секој нешто што ќе ми каже, ми влијае... И се плашам, на човечево му се плашам. Ќе заспие и ја сум цела во страв да не стане - си велам: што ќе и правам ако стане!? Сакам ред под конец, а нема - и тоа ми прави стрес невиден. Ќе се средам ли набрзо со мозоков?
Лесни чекорчиња на малото. И јас чекам да кажеш како ги направи. После колку време од кога се пушти чекаше за да ги направиш. Овде кај нас ми викаат требало да заоди убаво, после 3-4 месеци да сум правела. Инаку малава ми се пушти пред една недела и од ден на ден се по стабилно оди.
Абе правете си кога си сакате и кога ви е кејф вака секој различно ќе ви каже.Па млада месечина па имаше и нешто новина се чекало немам појма што е некој празник ли јас си направив после недела две откако се пушти можеби месец.Како си сакате така правете си
Добро утро . Јaс од вчера дишам слободна.Ми се радува душава. Само се молам секоја лоша мисла и лош период да завршува вака со убави вести . Пијам кафе и јадам портокали. Не ми се работи а имам некоја работа која мора да се заврши. Многу значи татко ми ме вади од такт. Роденденот на син ми ќе го славиме во игротека. Ќе имаме 50 гости ,требаше 60 ама скратив.И 15 деца.Значи канам само пријатели и роднини ама млади. Е сега он се најде демек увреден зошто јас не сум ги поканила тетките и чичковците кои бај д веј се 10 души само од кај него.А од страната на маж ми ?? а од страната на мајка ми ?? или тие не се битни, овие дека кралеви нели !!! А какви (извинете на израз) смрдливи, покварени ,лоши ,подмукли луѓе се!не сте сретнале такви ! Ма не заслужиле да ме видат а не да ги канам на веселби. Не ги сакам бре! Муабетов негов: не се оделувај до нив фамилија ти се,какви такви А овие истиве не најдоа време 1 години да дојдат кај мене на кафе, да го видат син ми. Во моја куќа немаат стапнато освен за повојница. Ма ич не ми е гајле што сакаат нека мислат. Јас ке си славам со кој сакам и како сакам. Убаво викам, колку повеќе ги тинтраш толку повеќе ќе ти се качат на глава ! пффф Не дозволувам никој да ми го расипе расположението а ни утрешниот ден. Секој кој го почитувам ќе биде поканет другите нека му ја мислат! @Cka во Бисер има една продавница, ако ти е во близина оди види. Таму има се. Се наоѓа до една кладилница не знам само име . На самиот плоштад т.е фонтата. Сега има елки и новогодишни украси извадено пред продавницата.Нема шанси да ја утнеш ,една е. Таму може и вистински воз да ти извадат @elcezelce лесни чекорчиња.Многу убави колачите . Убав ден мајки
Ти ги гледаат ко претплата. Ако собереш неколку рати, наеднаш, можеш да побараш да ти намалат на времето, на пример, место 20, ќе ти речат 19 години имаш. Одмакинат година. Или можеш да им речеш да ти го премсетаат и уште еднаш да ти направат на 20 години, ама со помалце пари да даваш, да ти ги распоредат. Вака само у плус си. И ако касниш следна, оваа не ти ја гледаат туку камата ти рачунаат. Злобни се Особено и најважно, ако кредитот твој е со 8 % камата, а они истиот тој кредит го даваат сега, со 7 %, поднесуваш барање и тебе да ти направат на 7% и успева. Е така, од моите маки банкарски да споделам искуство. У џамбо одам, фала ви за упатувањето. Дете сака градинка, и фалат другарчињата ептен.
Не касниме ние никогаш со плаќање, засега фала богу има да се платат ратите, редовно до 10ти се платени и доста е тоа. Ова е кредитна додуша, колку имам толку плаќам, ако имам отповеќе отповеќе плаќам, ратата месечна секако ја плаќам. Не се злобни, си работат по прописи, на нас што ни е мака каматите да им ги плаќаме не се они криви. Море добро е што ги има па може да си дозволиме, иначе за никаде сме.
Без кредит нема ништо Јас одма помислив на моите кредити, картичката не ја отварам, таа ми е зачувана на најскришно место и не ја вадам, ептен ми е за краен случај. Никогаш не каснам, оти еден ден одма камата има. Сите три кредити ги плаќам на истиот ден. Исто и сметките ги плаќам навреме. Интересно, дека кога неам пари за јадење, одма ми текнува нешто за готвење што не сум имала одамна зготвено. Печев тиква, така стоеше во остава. Направив сутлијаш. Месев пита со полускапани јаболка. Иначе, кога има у фрижидер се, јадеме се едно исто.
Добар ден женки. Денес сум му лута на маж ми Почна лутината од вчера, гледајќи ја големата како се однесува на роденден во игротека. Плачење за глупости, незнае да се уклопи кога играат сите, ме мкне јас да сум влегла со нејзе внатре... Премногу е осетлива и лигава баш поради воспитувањето од татко ѝ. Многу сум му лута. Ѝ направи контра услуга, незнам како ќе ја оправам работава. Цела ноќ не сум спиена асално, додека доев бебе во темниците мозоков ми работеше 200 на саат со психолошки анализи на детево и како да постапам понатака. Сабајлево станувам да надојам бебе, да ја спремам и однесам во градинка големата, а господинот лут зашто бебето било будно па морал и он да стане. После градинка продолжив со обврски на нотар и да испазарам во маркет, се задржав повеќе од еден саат. Се враќам, бебево нервозно и кенкаво, ја врзал во релаксатор а он ужива со Стар трек! Го прашувам: "ѝ даде да јаде?", он: "не", па викам: "не ли гледаш дека е гладна и нервозна?", а он на тоа: "јас мислев е нервозна од забите, не ми текна дека ѝ се јаде, друг пат кажи ми" Уште јас излегов крива што не сум кажала. Па брзински фрлив кесите, направив кашата, и кога го замолив он да ја нахрани за јас да средувам низ дома- неможел, го болело глава А викам јас кога сум сама со бебево како ќе му објаснам дека ме боли глава, не сум спиена, ме болат дојките, и неможам да ја нахранам?.. Се налути што реков. Треба и да ме развозува да завршам некоја администрација до 2 саат, но ете легна да спие. Утре ми е краен рок, ама утре он нема да може. Ептен сум наапана Многу ми помага и е маж од ретките што сѐ помага низ дома, но на крајот од краиштата заклучокот пак е дека мажите се себични! @elcezelce лесно да чекори цел живот! Отокот може да е и од пајак, баш на есен се намножуваат.
Женски убави, денес на мајка првенката полни 5 години! Повелете на торта, има за сите. Затоа и ме немаше на форум деновиве баш, читкав ама не пишував од триста обврски. Нека ви се среќни родендените кој ги пропуштив, лесни чекорчиња на дечињата што проодеа и на @gjoker4e работата ептен се израдував. Имајте најубав ден девојчиња, ќе пишувам повеќе кога ќе се здаде време.
Ви благодарам на сите за честитките! Мн сум среќна. Од кога пекам да живееме тројцата сами, градинка и работа. И ете бидна. Желбата е исполнета! Малку во поинаква верзија, но за почеток одлично е! Некако се добро почна да ни се случува периодот и во главата ми одзвонува "радувај се кога врне дожд бидејќи после тоа ќе огрее сонце, а после сонцето не се знае кога ќе заврне дожд пак". Па "танцувај на дождот". Да, додека сме сите на број може да се танцува. Загубата е таа што ме плаши. Ех да живееме сите вечно. Ама немаше тоа да биде тоа. Дали ќе се видиме сите таму некаде горе? Потсвесно измислувам и се надевам дека да. Душата ми бара нескафе. Немам пиено со месеци. На мм му реков дека од платата ќе се почастам нескафе. Е до толку сум скромна. Во трговскиот прочитав некое известување од полиција дека на 30ти ноември се забележани сомнителни лица бла бла. Па сега страв ми е да одам. Ќе ви пишам кога бомбаш самоубиец ќе нападна ама ако сум внатре баш тогаш... Кошмари имам од местово. Спојлер: Темно Ова слика вчера сабајле од прозор страв ми беше да излезам за на работа па почекав 10мин барем двајца без тројца да има по пат. Народот си функционира најнормално ама јас мн се плашам. И така... Имав и друго за пишување ама ненаспаноста толку ми дозволува моментално. Убав ден!
Да ве поздравам мајки... Почнуваќи од саботата до вчера секој ден гости,трчање спремање едвај крај најдов...пречекај испрати,среди.Пукнав. Роденденот убаво помина. Ви благодарам на сите за честитките. Малата не застана ни да ја сликам,цело време мрда,претка,плачи,се смее,сите слики матни. Ставивме свеќите на торта и викам ајде дувај таа ја фаќа свеќата со рака па за малку ќе се изгореше. А пред тоа таткои ја научи да дува.Ама кога дојд моментот не сакаше. Добивме убави поклони а повеќето беа во пликце. Вчера потопло шетнавме со малата ама денес изгледа ќе го поминеме дома,можи ќе тркнеме малку до кај мајка.Чекам да излезат горе тројките кога тетка и вика аа долу уште едно забче.Не и викам две има.Како две ми вика три се...лелел каква мајка сум на малата не видов дека и никнало забче...ќе си пукнев. Така и првотот не и го видов. @gjoker4e Со среќа работното место и сите коцки да ти се наредат,од срце ти посакувам. @elena.mak Среќен роденден на куклата..здрава жива да е. Поздрав мајки уште ми е хаос....пишувам бришам незнам до кај сум
Здраво мајчиња Јас на работа, само да ве поздравам и да честитам на сите што славите родендени, дали вие, дали малечките, сите да сте живи и здрави Многу сте, одамна не сум пишала, па да не ве тагнувам, ќе заборавам некој сигурно. @gjoker4e пиша дека многу се радува кога некој и честита тука, па ете неа специјално ќе ја тагнам и ќе и посакам се најубаво во новата мини џоб, од мини да стане макси (или фул тајм, како сакате), да се среди со градинка за малата, да застанат на нозе и да не се откажува, оти секој почеток е тежок, ама битно сте сите на куп Полека полека се ќе биде Инаку, @Kitten и мене ми се има случено ова со мојов маж. Јас излезена до маркет, таму гужва на каса, цел саат окапав, а он ја чуваше. Се враќам, бебка во игрална ја пикнал, кенка ли кенка, а он оптегнат на гарнитура и фудбал си гледа и си прати резултати на моб. Викам јадеше детево, така? Ааа, ми вика, па не, не знаев дека треба да и дадам Е, ако ти текнува, имав еден пост за тоа како го терав слика од јадењето да ми прати еднаш кога ја чуваше. Епа заради ова погоре беше, оттогаш кога ја чува морам да се осигурам дека не заборавил да ја нарани Мажи. Колку помагаат, толку и одмагаат некогаш
Мојов што се однесува до дете ќе го нарани, дури и поише од тоа што треба, опседнат е со тоа дете да е најадено. Ама кога ќе ми рече па не ми рече ѓубрето да го фрлам или да наполнам машина за садови, ми се темни. А напорно е самата помисла да мислам цело време на се. Купи ли леб, еееее не, епа како јас да купам кога надвор е -7 а со дете сум сама дома. Никако не си. Го чувал и сам, и поише од многу други мажи, ама дома ќе ми направат како бомба да паднала.
Јас ги направив една недела од кога прооде овај протрча бидејки синчево одеше одамна убаво и стабилно ама проблем му беше стравот . Ќе ви пишам и тебе и на емка рецепт по порака
Постапалки 2јајца ,250 гр маргарин или путер ,200гр шеќер во прав,2 пакетчиња ванилин шеќер ,1 пудинг од ванила ,1 гол.лажица мед и сок од еден лимон се замесува се ова заедно и потоа се додава брашно од прилика 800гр.брашно се меси убаво меко тесто ,се расукува кора и се сечат со калапче за да не ви се лепат расукајте ја кората брз хартија за печење ,се печат на 170 степени 7-8 мин . Фонданот купив од оној во кутија што е што се замесува со вода лесен е за работа само малку проблем боите се одвај најдов две црвена и плава од кој плавата супер испадна ,а црвената не баш ,најдов и жолта една ама таа катастрофа излезе Кога ќе го расукувате фонданот обавезно ставете малку шеќер во прав врз работната површина да не ви лепи.Колачињата ги сечев со средната модла ,фонданот со малата овие украсчињава врз фонданот ги имате по маркетиве .Модлите се купени од зелено пазарче од продавничките.
Здраво мајки Денес на мени салатка, ама сега се набутав со благо и сок ,ојде во јок салатата Вчера ми текна што да му купам на малото за во пакетче (не оти разбира де) ама нешто мора да се купи,па викендов да спроведам @Kitten и @Sexybaby86 ме налутија постапките на вашите мажи Многу себично,јас да сум на ваше место незнам како ќе се исконтролирам! Не дека и маж ми не забушавал, ама секогаш кога излегувам ме прашува прво што да му направам за јадење, за чување сме еднакви,дури сега повеќе го чува од мене оти јас нели со вонработни активности (3 дена на вежбање, денес педикир,маникир, еден ден фризер, кога ќе видиш повеќе не сум дома) Ама еве и јас сум лута на маж ми,3 дена по ред. Ме погоди многу. Ми кажа дека му помогнал на човекот заради кого се случи тоа што се случи овој период на мене и моите, нешто што уште ме боли И уште ми кажува. Тоа било во склоп на работата,морал ! Сега џабе му е се Едвај чекам јануари ... Денот после Нова година ми е убав,Бадник,Божиќ, потоа одморче и снегче ... Се надевам се ќе биде добро Малото стануваше 3пати ноќеска со вриштење, ме бара само мене да го гушкам... дали сонувал, дали забите го мачат којзнае... Инаку веќе оддамна преспива по цела ноќ, умниче тоа @gjoker4e со среќа @elcezelce лесни чекорчиња
Сакам и јас снег.. многу сакам.. Онака да натрупа, па кога ќе излезам надвор трепките да ми се заледат, да има мрасулци, да одам со долгото крзнено и дебело палто, со шал ..капа.. Идила Идила што ретко сум ја доживеала.. И ние како монела со колава сме статус кво туку да се молиме да не не казнат а што треба да се плати ќе се плати.. Ете живот, процедури, даноци .. нит први нит последни. Едино нешто што ме мава на психа е што најубавиот период ќе бидеме во застој, како нозеве да ни се отсечени Се надевам наскоро ќе биде се во нај добар ред. Само е тешко да си сам овде како што ние сме, немаме никој.. Да бевме онаму каде што идеме ќе беше се полесно .. Сепак ти требат луѓе, какви такви ама некој да се најде да излезе во сусрет макар за пари.. Тоа во англија го осетив, бевме беспомошни, цела среќа што си имавме едни бугари за лошо за арно.. ама еве сега немаме и тоа на моменти ме плаши многу. Надвор смрзнувачка. Нека е време му е. Парното е на најако Сабајле имав важни повици ама дете не даваше никако да зборам, додека зборував тој истури вода и одозгоре ја претискаше силно да истече колку што може повеќе, па се шлапаше у водата и се смееше на глас, па лижеше на крај решив зборејки да го соблакам Не не и не почна да се качува на тросед да спаѓа сам да се утепува да бута столици се тоа пропатно со цепење од смеа а на мене ми се слоши ми се слоши од што едно дете не можам да контролирам на моменти, на моменти е ужасен а јас само молчам и молчам и гушкам и се правам како ништо да не е игнорирам за да застане а он уствари така си игра Или кога ќе тресне врз мене или нешто ќе тресне па ќе ме скуби до вадење на 20 влакна Периодов е многу лош Не дава да се соблака трче бега се повредува несакајки а јас не сум моќна не можам да го удржам нит сама нит со маж. Па од нигде никаде ќе се смири па ќе земе кујите и ќе ги вози врз нас а ние не смееме да мрднеме оти у спротивно драми... драми И така Сега спие, ама дремките му се кратки, попладне ќе треба пак да одиме по обврски, он капа шалови ракавици мрази Тегне вади Да одморам малку па пак у поход нинџа изигравање цел ден
@eli25 еднаш се случи тоа, оттогаш ако ја чува прво прашува што да и даде да јаде. Тогаш го подбрав за сите пари, таква сцена направив што вторпат нема да има сигурно Не знам што ти се случува, прочитав негде дека имаш некаква ситуација. Што и да е, брзо да минува, да се реши, како било @elcezelce фала
Дете спие, стање исто како предходните денови.Туку како ме нервира оваа тт никаква се движи од 36.5до 38.5.Дали од батеријата крева или пак од што е настинат појма немам. Незнам што да правам дали да појдеме до кај матичната и да го наслушна пак или да го почнам антибиотикот,кој ни го препиша некни за секој случај. И ние со мм сношти се скаравме за дете.Имаше тт 38.2 му дадов далерон пред спиење,ми вика да му ставиме чепче.Му кажувам знајш дека не се дава ништо до 38.5 а ти ми викаш плус чепне да ставам.Сирупов не чинел бла бла.... откако заспа дете му мерев нема тт,па уште чепче да ставев оф мори мајко. А утрово пред да оди наработа ме бакна на глава,демек за извини. Денеска се дружев со правосмукалката,колку беше валкано дневна кај што седат свеки.Ронки еден куп требаше да ги донесам кокошките од комшиите да ги зачистат.Не ми беше метно цела недела,а на свеки никако да и текне да зачисти. Кај нас соба со едно мини метла поминувам три пат на ден од овие дрвава многу се растура. А има ли такви мајки што не правеле постапалки за дете или јас сум единствената? Прв пат за постапалки дека се правеле прочитав овде низ форумот.И реков ќе направам,но не направив.Дете прооде лани точно за нова година вечерта и зафатени со гости по гости со празниците.Ај денеска утре и не направив. Па затоа изгледа детево не знае да оди,само треба како да е пуштен од синџири. @gjoker4e со среќа мини работата @elcezelce лесни чкорчиња ба синчето @elena.mak Среќен роденден голема да расте.