Јас не сум правела постапалки и така и вака дете ќе проодии тоа р сега во мода. Во комшии едно кога прооде дете околу годинката беше имаа дури журка направено неговите родители што целодневна и пола ноќ траеше.. Глупости. Маж кога одев на часеви за почагање на возачка го чуваше а со тоа и ми настрада голем дел од козметиката за шминкање. Ама битно дете не беше гладно. Еднаш или два пати и ручек направи чувајки го малиша. Е затоа па сега кога ќе дојде ќе го прашам како ќе го чува бидејќи овој е толку многу разлигавен и неподнослив што страшно ме нервира. Значи знае да ми тестира живци до макс. Ама толерирам колку можам.
На Фемина читам секогаш од последната страна,оти се зберат толку пораки што ми требаат саати за читање. Снег и дожд не сакам,дали што како дете секогаш сум немала убави обувки и секогаш ми пропуштале,па си ставав ќеси на нозите за да не ми се мокри. Инаку ние сме во потрага по градинка.Синко два дена беше болен со воспаление на уво.Не беше многу,ама искористивме заедно со мм да одиме по градинките. Првиот ден одеа сами оти како и обично бев трета смена,а вчера спиев само 4 саати и заедно бевме. Ама веќе ме одиме заедно ќе го праќам него сам.Вчера кај тропнав или нема директорка или полно и не сакаат да те сослушаат.Од 5 градинки во една оставивме податоци.Кога беше сам мм секаде успеа да го запише синко на листа за чекање.Тој ми е среќата За чување сега е грев да се жалам,заради сменската работа мм го чува повеќе ного ли јас. И така ќе си чекаме.Време си лета.За некој месец треба да се уселиме во станот.Една кредитна рата ќе почне да тече од наредниот месец,главниот кредит ќе го исплатат кога ќе не запишат како сопственици и кога ќе го добие заверениот документ од нотар банката. Туку само глупости правам.Станав неофицијално најнаградуваната личност во Германија.Кој знае за каква превара сум оставила податоци на интернет.Ми јавија дека сум добила ваучер од ДМ од 900 еу и си дадов лични податоци демек да не плаќам данок на добивка-кој после истражување се покажа дека за таква сума не постои.Сега не стаса ваучерот туку ваучер од 100 еу за патување заедно со некаков си договор за весник за цела година.Го откажав,треба посмото да го пратам. Денес пак ми се јавија сум добила лет за Париз или Милано за двајца со ноќевање и се платено.И ми пукна филмот ја оттерав тетката у три лепе. Или да и се јавам и да и кажам дека сакам да летаме ако има кандидати од форумотСум се предомислила. Превари на сите страни да се пазиш што правиш.Претходниот месец така загубив 100еу ради порачки од нет.Ајде да сме живи и здрави. Да одам да дочистам оти после ќе ми дојдат индијанците
И јас не правев постапалки Адети се тоа, народни верувања. не верувам ич у такви работи, ако немало постапалки ќе паѓало, ако немало сутлијаш за запче, ке му паднале забите.... еми ај и вечера за 3 наречници да правам за арно да му посакаат на трета вечер. Ниту кафана праеше маж ми кога се породив. Нити 40 дена дома седев, нити алишта собирав пред да се стемни за самовилите магии да не прават. Да е ќеиф ќе правев. Од адет не сакам. Па уште и журка
Povelete majki virtuelna torta, denes imenden mu e na moeto momce Za maz ste zborele, kaj nas edna uzinka i vecera obavezno toj mu pravi i go rani, osven koga e vtora smena nekogas pa dorucekot toj vecerata jas, rucek najcesto jas, a za vikend koga e doma toj. Nekogas i podobro od mene mu pravi pa dete poveke saka so tatko mu da jade nego li so mene, jas nemam zivci da go tintram ko sto znae da bide nejadac. Se na se grev ke me fati ako se pozalam od maz vo vrska od obvrski okolu domot i okolu dete. Idam da uspivam dete pa da sredam igrackive nema kaj da zgazneme. Posle ke ideme da barame cizmicki za mali. Pozdrav i ubav den
@eli25 и кај мене е реткост, затоа и многу ме налути. Инаку јас не му преќутев не сум таков човек. Тоа што не ми се свиѓа одма си кажувам, не собирам во себе. Прееска додека се возевме во кола убаво го подбрав и за големата ќерка, цела психоанализа што ја направив му ја раскажав, цел пат ќутеше. Ќе видиме од утре дали ќе има ефект првично кај него. Некаде ја утнавме малце со воспитувањето
Јас здравје кога ќе прооди нема да прам постапалки, ич не сакам такви работи. Секој има право на избор. Нит се замарам со сутљачи и незнам заби колачи за заб кога вади. Едноставно не ми се свиѓа таа работа.
Добра вечер. Еве уште малку, па се спремаме за спиење, помина уште еден ден. Малата бања едно бебе, таман да се пресоблече после за спиење. Колку е ладно брррр, едвај и дома некако се стоплува. Ах златно лето, цел ден надвор, исполнет ден. Едвај чекам да дојде, иако е далеку. Јас постапалките не ги гледав како некое суеверие, туку баш како мал знак на внимание дека детенцето стекнало една многу важна вештина. Баш ми беше мило кога прооде, јасно ми е како се радуваат мајките, баш е некако важен момент, како да се отпуштаат целосно од нашите раце. Нема зашто да не се одбележи, ама сепак, кој како сака, така си прави. За запче не правев ништо, мм само го виде прв, па и купи нешто бело, мерак му беше. Иако мислам нешто златно се купуваше. Спојка. Многу ми е интересно како се осамостојува, сака сè да прави сама. Има скалички, се качува да плукне кога ги четка (и ги четкам) забите, се качува сама да измие рачиња, стои до мене и заедно готвиме, мешаме, ме прашува за сè што е ова и што е она. Во игротека оди слободно си игра, порано леле само ме бараше, цело време до неа, сега оди и си игра, ама ако има деца, ако нема пак си бара партнер за играње, досадно било сам да си играш. Си играа со татко и прееска, јас слушам му вика, разбуди ме со бакнеж, демек принцеза била И он ја бацува, а она му вика не се будам, пак баци ме, тешко се будела принцезата. Колку не бацува, цело време, а пак со татко и се обидуваме да измамиме некој бакнеж плус. Никогаш не е доста. Почнуваме ритуали за во кревет, па се надевам дека до осум ќе е заспана. Имајте убава и мирна вечер сите.
Во кујна сум седната,со изгасено светло(да не му смета на синко кој веќе спие) и ко некој крадец тивко вечерам..Ми фалоте сите,ама многу гужва и дома и на работа и ве немам исчитано... Нема нешто посебно ново...Нарачав еден куп ситници од алиекспрес за роденденот на синко кој ке биде за два месеци..Ако,ја со време планирам. Периодов,многу луѓе ме прашаа,кој дирекно кој индирекно ,да не сум трудна со второ Ко да ми ги насетуваат плановите А иначе у килажа сум иста ко пред да забременам,башка даска рамен ми е стомакот...Незнам со што ги потикнувам така да се сомневаат....
Добр'вечер и од мене бујрумте кој е за сендвич ала Сандра беба конечно се предаде, од кј к е силана незнам. Денес тмурно цел ден ама свртивме еден круг со пајтонон. Мм го скрши тел, а нема ни година нов како го зема и на гладно отидоа 8000 за поправка ми идеше да го фрлам со си клима низ тераса. Што се тиче за помош околу беба, неможам да се пожалам. Знае да ја чува, храни, играт, прошетат, заспијат. Едвај чекат да прфнит да мојт ноннон с да си ја земат. Фала Богу имат и разбирање. Ми се темнит како се ближит време да почнам на работа. Башка во јануар и февруар е најтешко со завршните Нова година ќе славам на 1 ви март Имајте пријатна ноќ
@Kitten и @Sexybaby86 ,сега се читам, може лошо се изразив Дали ради лутината кон маж ми, па се истурив и за вашите Како и да е,не мислев ништо лошо Бевме во Капитол, обично ретко одиме, ама се затеравме накај аеродром и станица тука. Во кола заспа малото, а мене не ме фаќа сон . Чекам маж под казна да донесе ајвар и сирење да наполнам стомак Ништо не спомнува за подарок за Н.Г. а јас почнав да се организирам веќе Ме изнервира мајка ми, купив подарок за синко, а она ми го збореше да му купела, па се подналути , па дури и триста маани му најде И не му направила кифли на синко,а и реков, е не ,не сум знаела убаво да кажам Мајка ми ми кажа веќе во маркет немало да влезе со внучко. Го урочувале продавачките , го закачкале а тој се смеел на сет глас Прееска во капитол го држи татко муи зверчето во лифтот,една голема дада ја гали по косата Уште сега ли мама бе ! Па и постари Машко ко машко , заљубено си е во свирчето Така му вика еден комшија од Ку-во кога ќе го види-"Куде ти е свирче" И ние така му го завикавме Кога е гол,леле ама го гмечи ,страв ме фаќа некогаш Добра ноќ мами @TheSecret вечно именце
Здраво Синко и мм спијат јас да шкртнам нешто па и јас на спиење додека не се разбудил синко за млеко. Уште тераме со будење и едно млеко ноќе. Се измачи додека заспа лежи мирен и неможе да заспие само со рачето не гали. Мислам дека пак е забче по целокупното однесување. За мм за чување ќе го чува, ќе го игра, ќе го нахрани, ама да му спреми оброк нема шанси не ни знае што јаде што не. Кога го оставам секогаш е со спремен оброк и напомена кога треба да јаде дете. Скоро излегувам со комшиката он стои на врата со дете во рака и прави таква тажна фаца и прашува: а многу ли ќе се задржите? Ме нервира што неговите потреби се на прво место ама џабе се нервирам нема да се смени. Пример дете плаче он се буди оди во вц па прави млеко, додека јас правам млеко па одам во вц додека се лади млекото (прост пример за како тоа он е побитен). Ми се пожали го зезале на работа го приметиле дека си потпевнува детски песнички а никој не го разбира ама се приметува дека се детски песни. @TarantulaA да не си се разубавува па да те прашуваат? Мене мајка ми пред некој ден ми вика нешто многу си ми убава и од тогаш секој ден ме прашува што има ново (инаку не планираме ние пуста нејзина желба само). Уф уште од неколку луѓе добив комплименти за изгледот немој стварно да е Одам да спијам додека не сум пишала уште некоја глупост Добра ноќ
Не сум правела ни постапалки ни сутлијаш. Сите се радуваме и секој на свој начин го одбележува тоа. За првото запче два месеци пред да избие и купивме бело елече и бели топлинки. За проодувањето патики. Елка не китевме, а веројатно нема ни оваа година, здравје наредната. Ама сакам новогодишна фотосесија. Смислено е се уште да се реализира. За излагање од болница на мм му реков во никој случај цвеќе да не ми носи, може од букетите од Европа ама по неколку месеци ни текна сме заборавиле и двајцата. @TarantulaA Индиректно сакаат да ти кажат дека е време за второ. @fairy88 Кај нас се аплицира електронски. Можеш максимум во 5 градинки. Или ако е итно преку општина. Јас преку општина аплицирав за побрзо. Јас цитирам од последната страна, не се допамтува ненаспан, демек ќе легнев одма со дете, заспа во 20:00. Порачував некаква си бесплатна книга од Киндер со име и боја на косата како детето бираш фризура, тен, боја на облека па за три недели ќе стигнела, во 2019та значи здравје ќе заборавам до тогаш. Насловна со куче избрав бидејќи обожава кучиња. Се уходувам со вип картичкиве, поени, попусти, треба да искористам уште со 15%, 25% и 5 евра подарок. Јас искористив ташна за 1 евро. Порано кога ќе станевме на лева нога не ни беше денот, а сега кога детето ќе стане на лева нога. Од првата дремка стана на лева па едвај чекав да заспие. Се изнаплакав поштено. Јас мн ја тинтрам, зборам, убедувам, зборам, молам, зборам, чекам, зборам, зборам, зборам... Оставив хаос и порака на мм да не средува сабајле. Нека издржи неколку саати во хаосот ама кој би издржал не знам. Освен јас. Реков нема да средувам ќе дремам како коњ на телефон. Добра ноќ
Да се пријавам дан ми пишите минус Одма се познава дека маж е на работа чим пишам, досадно ми е. Иначе ќе гледавме филм. Секој филм на најмалку 3 рати го гледаме. Обавезно некој е заспан во рекордно време. Денес малово едвај заспа. Го нишав појќе од пола сат, рацеве дефинитивно ќе ми откажет за брзо. Јас го нишам, тој си разгледува, а паѓа за спиење. Се изнервирав и му го предадов на маж. Па еднаш и тој нека го заспие, веќе раце не ми држат, тежок е, а да заспие сам нема шанси. Еднаш не сакаше попладне да спие и го остајв. Точно 8 сати поминаа и не и не заспа дури не го кренав в раце. Значи се чудам како ќе се навикне да заспива сам. И то чудо да го видам. Во врска со чувањето јас не можам да се пожалам многу од мм. Нормално има моменти кога ме вади од такт, ама после се поправа со еден поглед ваков . А најмногу се нервирам ко ќе ми речи однеси и го на мама. Абе ми идат во истиот момент да го спремам и да си го земам со мене на работа. Значи толку му е "мака" и му "се спие" од сабајле не можам да се изначудам. И мене бе ми се спие, буквално секој божји ден сум станата во 6:30 и одам на работа, башка шо малово ноќе знае да се буди и да цивка. Викенд шо е то? Значи мајката не смее да се одмори, мора 24/7 да е на штрек. А пак мама негова ако синчето е дома обавезно станува, чека да заминам на работа и влегува да го земе малово за тој да спиел. Ама снаата кога е дома си станува во 9-10. Или глуми мигрена. Секој викенд. А уште една случка. Се спремам јас за на работа, веќе каснам 07:05, го гушкам синко и викам чао. "А шо, не го преслеквиш?" Па му викам ти зошто си тука, јас гледаш одам на работа, плус каснам. Ти пред да одиш на работа не ти викам прво преслечи го па оди. "Ги мешаш работиве" ми вика. Не мешам ништо, ти си дома и си задолжен за него. Абе не му попуштам и крај, детето е заедничко и подеднакво треба да се грижиме за него, а не денес ти 3 пати го преслече јас 5 пати. Не ќе мериме на кантар. За јадење еднаш го остави гладно, си слегол со другар се заборајле кај колата, јас дојдов во 4, бебе вришти, баба му го држи во раце и демек го занимава и ми вика "изгледа е гладен". Па дај му и викам, да одам во вц. "Па нема, тој и тој беше дојден немаше време кога да направи". Со трчање во продавница, купив, бебе се најаде, а татко му доби 3 дневно пеење за глупоста, низ нос му го извадив тоа. Од тогаш така нема направено. Дури сега сам му смислува јадења, некогаш дури и поубај од мојте. А некогаш комбинациите му се очајни, ама чим бебе јадело, ваљда му било убо. Уште да честитам среќни родендени, проодувања и нови работни места. Само убави работи да се нижат во темава. Цревава ми свират оркестар, ама не јадам, ем ми е убо топло, а и стомаков малку да го намалам, се таму ми оди. Добра ноќ мами.
Денес прва ќе ви посакам Добро утро и ќе ве служам кафе и тоа во темница. Надвор се разденува, ама бебка бајаги подрани денес. А кој рано рани цел ден ќе му се спие. Излегуваат седми по ред забки, долните двојки па бебка сто пати се разбуди и ме умори од презаспивање. Сега си седиме будни, она игра во игрална со играчки јас шмркам кафе. Ах кутрата Софи, душата инја вади со гризање, а таман помисли да кажам дека не ка ферма! Надвор гледам малце побелени колите, снегче наврнало сосем малку. Ама додека да станат дечките ќе го снема, не врши овој снег работа за санкање и мавање со топки. Ајде поздрав! Убаво ви утро, убав ден!
Пак ќе излезам покасно, а малата не се подразбуди за цицање (се уште...) па имам време. Превентивно (да не заплаче па цица) станувам мн порано од тоа што треба и порано излегувам (за во случај ако заплаче кога ја затворам надворешната врата (која патем мора да тропне, не ја направиле за бебиња и мали деца изгледа) да се вратам и да цица па пак да излезам). Мм средил се синоќа (не му е прв пат затоа и му пишав ама џабе) и ми оставил порака дека мн ме сака и да јадам и пијам сабајле, да не брзам. Да палам патиките. Де нека се разденува порано тие 10мин пат како вечност ми се. Убав ден!
Ќе си пукнам прв пат се разболувам по долго време. Одма денес со антибиотик ќе почнам, за еден ден се влоши ситуација од малку надразнети синуси, денес запуштена цела, а се полни нос и се слива се, и поткашлувам. Страв ми е мали да не зафати, само раце мијам и со маски на лице сум. Прв пат сум сама дома. На очно отидоа мм и свекор ми со џивџи, јас за таму меѓу милион бебиња не сум. 2 пати ѕвонев до сега да прашам како иде, а знам дека барем уште 2-3 часа ќе се задржат. Упм.
Добро утро, ме нема одамна ама ве читам и се сум во тек. Среќни родендени на сите Деновиве катастрофа, цело тело ме боли, омалаксана - налет. Големиот во градинка , бебе тера дремка а јас уште сега му се мислам како ќе се организирам др година. Големово на училиште ќе почне, малово во градинка а и јас и мм сме на смени на раб и сме со една кола - градинката и училиштето не ни се баш блиску а немам помош од никој буквално сме сами Него ајде да правам кафе додека не станало бебе . Убав ден, поздрав
Ај добро утро нека е. Совршено нема. Не постои. Секогаш нешто ќе фали. Само здравје нека не фали. Се друго си доаѓа. Пари се печалат. Куќи се градат. Све што е со пари лесно се купува. Нека е за арно само. Бебе ми заспа во раце. Толку слатко се ушушка во мене што нема да ја спуштам во ладна постела. Неам друга работа сем нејзе да ја чувам. Си се стопливме. Напрајте ме немајка ама јас деновиве иако е ладно ја вадам бебава надвор. Па мора да осети и студ. Баби ме загледуваат и ме прашуваат "Каде со бебче?" "не ли му студи" "леле греота по студов"... Многу ме нервираат, мислиш гола сум ја извадила. Башка нит ме знаат нит ме познаваат. Па кој да ми испазари, мора да се излезе. И да се разбереме ова не е ни зима, што да кажат оние со по минус 15 од ноември до март. Дома да скапеме. Како ја пројдовте Вашата прва Нова Година со бебче?
Добро утро Божем кафе ќе варев, па немам млеко. Со најмалово ќе одиме до супермаркет. Не ми се верува дека пешки можам до дуќанче да отидам, дека не мора по автопат со кола. Средното во градинка а големата ја зеде свекрва ми. Кое олеснување само со едно дете на неколку часа. Па и жената што ми помага низ куќа дојде, една планина алишта за пеглање и дадов. Ние сеуште сите болни и ненаспани, ништо ново на запад. Божем маж хаубата денес ќе ја местеше, конечно, бидејќи електричарот треба да дојде пладнево, ама од сабајле е обесен на телефонот и никако хаубата да дојде на ред. Важно се е распослано, алати насекаде, а никако да дојде ред дупката да ја дупчи. Заклучивме дека сите алати ни ги снема во текот на преселбата. Болен легна, вакви такви биле...па вчера едни поскромни набави колку работа да завршиме. А чекаат на ред една лежалка, една лулашка и едно седиште на висење да бидат закачени. Деца ќе бидат пресреќни, додека не почнаат да се буткаат кој да дојде на ред. Игралната ми е следна на дневен ред. За тоа тапетите требало некоја подлога, па вчера ја набави, па ќе пробам сама да лепам. Аман од чекање да се монтира/направи нешто за да можам да редам. Тие ролото за на прозорцие им седнав и сама ги монтирав. Е не, него ќе го чекам. Рече дека е горд на мене, уште и хаубата да сум успеела да ја наместам . Убав ден мајки
Добро утро Бебенце и маж ми спијат,а јас со кафенце во рака уживам покрај шпоретот обично станувам кога се буди и она ама денес станав по рано да средам да исчистам на раат и кафе да испијам ќе имаме гости вечер на мм колега со жена му па затоа со време си се фатив за работа,за 10 дена сме на вакцина, не знам како ќе биде ќе треба сама да ја носам оти мм на работа,мислам дека јас ќе плачам повеќе од нејзе :/ еднаш веќе ми се случи тоа.. Многу сум среќна оти празници се ближат,празнична атмосфера дома, ептен украсивме годинава,студот не го фаќам оти претежно сме дома со бебе на топло,се договоривме и за дочекот на Нова година со прв братучед на мм,и они имаат мало бебе мислам дека супер ќе си поминеме.. го испив кафето и паузата ми заврши одам да довршам уште некои обврски.. Имајте убав ден