Мајки, предложете ми некој домашен иљач за сува кашлица? Се давам од кашлање,малава туку ја вудам навечер од толку буфтање. И за алергија да не знаете дали смеам да земам нешто? @Ava.84 Лавчиња, нема шала со нив, они не командаат Таман до пролет ќе има 8-9месеци, таман на топлото ќе се возикаме
@Ava.84 да каже шо книга чита, може ќе ја нарачаме и ние ама прво да видиме дали насловот ќе ни привлече внимание Гледам ќе применуваш работи од книгата, ако планираш нешто кажувај.... Муабетот за сфаќи, разбираш.. Викенд... Го мразам, сега мора да се седи дома од други причини ама па и дете крена тт Цел ден ништо не става в уста, само вода. Не знам и јас колку храна фрлив денес. Постапалки немам правено, сутлијаш исто не сум правела ама единствена сум изгледа што не сум го сликала детето со дедо Мраз Овде нема како кај нас дедо Мраз на секој чекор а во МК не сме биле одкако е роден синко така да нема да има спомен од мраз. За ќотек сум, знам Сега ми такна за изненадувања што зборевте. Јас кога се породив бев во болница подолго време ( дека предвреме породена) кога се вратив дома на влезот од зградата имаше плав цвет на кој пишуваше добредојде ххххх со балони и еден голем хамер на него испринтани сите слики што не сликал мм додека бевме во болница Како двајцата го гледаме преку инкубаторот, како го држиме во раце, го храниме со минијатурно шише и се така до крај. Тогаш се расплакав, многу чувства, хормони, страв... Го чувам овој хамер и ќе му го ставам на синко во неговата соба кога ќе биде поголем Се распишав јас Мирна ноќ мајки
@Monella Спојлер: Книга Идна сваќе инересна книга и применето Преубаво изненадување си имала браво за мт Се наежив Побрзо оздравување на малиот
Добро утро женЦки. Ние еве се тегниме на спална со малиов, секое утро кај 5ч плачи и кога ќе го легнам до мене се смирува. Тој е галениче мое. Чекам малава да се разбуди од зимски сон. Ноќна смена татко им ги рани те. Јас си легнувам кај 22 или 23ч да дремнам малку, а мм останува со децата до кај 1ч и после ми ги носи во спална па јас продолжувам кај 3 4 кога ќе се разбудат, а дозволувам тегнење на спална до 8ч. Малава ми е спанка, а и да сака да спие повеќе ја будам и се преместуваме во дневна и така денот ни почнува. Малку лоша се чувствувам што ја будам ама сакам да створам некаков си ред. Малиов навечер во 20ч е заспан, а малава кај 21 21и15. Порано кога ја оставав наутро да спие повеќе ми дремеше навечер до 22ипол 23. Сте зборувале за украсување. Кај мене снаа ми украси, заедно со свеки. Само им забранив по соби да влегуваат за да не се валка и им реков да украсат во ходник. Преубаво беше. Маж беше толку изгубен и цело време со мене во Скопје што не ни имаше време за да мисли воопшто за украсување. А и добивме многу убава честитка. Прво прашувам што е ми велат ваучер од сетек. Отварам што ќе видам. Вујче и вујна ќе имаат бебе! Брат ми ќе биде татко. Бебушиве ќе имаат братучед. Јас радосна, се возбудив и чувството ми беше како да сум направила тест за бременост и покажал позитивен. Е до толку се израдував како за себе. Па и тетка ќе станам, покрај мајка тоа ќе ми биде втора омилена титула.
Добро утро мајки Синоќа имавме гости до доцна па дур средам ме фати 3 саат. Сабајле мм излезе за на работа и јас се разбудив. А и малата па некако ја презаспав. А мене не ми се спие од толку мисли. Си викам како ли ќе се навикне малава да спие кога ќе се роди бебево , зашо не е научена да спие во галама. Колку тешко ќе и биде? Дали и ова бебе на пат ќе го сакам исто толку како нејзе? Знам може глупава сум од такви мисли ама е посилно од мене. Буквално се тресам над нејзе . Не сакам ништо да и фали. Најсреќна да е. Па си мислам како ли ќе издржи без мене додека ќе бидам во болница за пораѓајот. Итн. Итн. Инаку бев на доктор слушнав срценце 6та недела сум бремена. Убаво е чувството ама возбудата со првото неможе да се спореди. Дали и вие мајки со втори деца сте биле исто така или јас сум стварно лоша мајка . Криво ми е ама ете така се чувствувам моментално. Неделава што претстои резервирана за гости и пречек на гости, слава кај мајка ми и еден ден шопинг. За нова година дома сами. Несакам никој сакам сами да си бидеме така му кажав на мм. И тоа е. Ме мрзи да станам убаво ми е на топло во кревет.А и немам мн раб за денес па ќе си полежам. Инаку свекрва ми ме вади од кожа секој ден со глупости. Неможам да ја поднесам ама немам избор тоа е. Мајка ми немоЖе секој ден да ја чува. Затоа и се менуваат на недела дена. Замислете вчера ја избањав малата ја носа м да ја облечам и ми вика А ти греалка вклучуваше? И викам не бе во ладно ја бањам Значи не ја можам. Јас сум без мозок божем па така детево без греење ќе го оставам. Ми гази на нерви ама должна не и останувам никогаш. Упорно и укажуваш до каде и се границите и не бе како на ѕид да зборуваш а не на човек Ај доста за денес. Среќни родендени нови работи. Да нр испуштам некој не тагнувам.
Кафе испиено, работа со тон, ама не ми се мрда некако. Кога денов е дождлив, ништо не ми се фаќа. Дете почна да каснува, па му се згади, па престана. Од прав гурман, сега ни пола не јаде од тоа што јадеше. Ќе потрае, битно смути цел ден да му правам вика. Па и тоа му велам не е добро. Мислев дека викендов ќе поуживаме сите тројца заедно, ама денес мм замина скопје пословно. За утре имал свои планови, не му вечам ништо, цела недела беше со мигрена, плус на работа, дома нервози со болно дете, и сега знам дека ќе оди да гледа фудбал навечер, има секоја вечер натпревари во блиска сала,веднаш до нас. Нека одмори и он, жал ми е и за него. Имам многу обврски, пакетчиња немам спремано, за дете треба да направам еден ,, дебел,, шопинг, се му е смалено, се не му чини. Ме мачи и што зимски чевли немаме, а тоа мора во скоро да го решам. Не можам да го влечкам со мене, мм иднава недела е прва па ќе се организираме. Ручек за денес компир манџичка, по желба на синко, уште да си се најаде. Да средиме низ дома и не знам што ќе се прави денес. Убав ден мајкици!
Ајде да се пријавам. И да се пофалам .. Зема мајстор мерки за кујна, спална, ходник ... Детска не спремам одма. Здравје понатака. Живи радости сум. Утре ќе иде да премери пак со колегата. Начелно ја договоривме. Не го брзаме, пред НГ нема да биде, ама ја сум на 7мо небо. Свој дом, наше катче, ние 3ца... И... Едно големо И почнуваат рати и камати. Нептун кредит Станбен кредит Кредитна картичка Имаше еден твит во склоп на кредитов што е за породување - уште 2 рати и наше е детево. Е што вика мм ние само детево во кеш го земавме... Ајде, нека е за убаво вака. Пари се печалат. Конечно мрднавме од мртва точка. Ееее тек догодина како ќе китам во мое... Ќе се пријавам за натпревар за најдобро накитено. И бебе ќе е детенце догодина, па и повеќе ќе се радува.
Добар ден! Малку одмор со капучино, па пак на обврски. Нема крај ова,нема одмор,едно се покакало,друго се покакало.Трчај таму,трчај ваму. Едно цица,друго е гладно. Лудило. Ама ајде,се тешам ќе помине. Убаво рекле,двегодишниве деца се најневозможни, се нешто не му се погодува,само квичи, намирено, најадено, внимание најмногу нему обрнато ама ете таа е таа возраст. Па и згора на се две петки долу му пробија, горе набабрени в крај. Го изнамачија мноооогу долго време. Си велам требаше во градинка да го запишам но и.тоа обврска плус носи врати,а и нема место. Големиов кашла еве три недели од пред да се породам,сега намали малку,па носот му тече. На лекар др вели нема ништо а дете не се оправа. Откако е роден јас не памтам да кашлал некогаш. Се си мислам од загаденово.му е. Како годинава што мириса тука на чадови и има магли никогаш не било.Мразам зима. Денов денес тмурен,раскашавен снег, никаков. Дома ќе си седиме, иако веќе не знаат што со себе не ми се носат нигде во загаденово,ни па во игротеки полни со вируси. Сами сме дома неколку дена, се снаоѓам некако. Верувате луѓе дека децава мои со баби особено со свеки се претвораат во чудовишта ,да баш. Жената не д крива сака да им угоди, ама па мене друга помош ми е потребна, јадење, забришување ( се трудам да одржувам најчисто ради бебе) а не овој големиов бабо издувај ми нос, нарани ме ,избриши ме а кога сум сама се прави сам. Осум години има срамота е му велам така да правиш ама баба си.оди.по газот што да прави. Малово пак само јаде, јас дај јас за побрзо нели тој не сам. Барем едно олеснува . Бебе еве два дена приплакува сака во раце и тоа е тоа. Уморот е моето второ име во наредниве недели. Поздрав мајки и убав викенд!
Не требаше вчера да пишувам дека дете е подобро дека не кашла многу.Цела ноќ бувта корни не е престанат.Од многу шлајм дури свиреше.ВчераА и денеска не е ништо подобар од ноќеска.Еве го спие и само кашла. Се молам само да не е следено на гради.Вчера му го прекинав и ацц немаше потреба да дава кога дете не кашла влажно.И денес пак му го почнав. Вчера мм ми вика ајде облечи се ќе одиме чаршија на кафе малку да размениме мисли.Ќе го остајме дете со моите ќе се вратиме за два часа.Не ми се излегуваше поточно не ми се оставаше дете со нив,но мм ме кандиса. Тргнавме пешки,добро ми дојде пешачењето.А и си зборнавме на рајат. Жени само што седнавме на кафе оп тел му ѕвони на мм. Дете не барало да сме оделе побрзо дома,е ова е само една од причините што дете не ми се остава со нив. Само пред други се супер.Ќе го чувале дете да сум одела на работа.Тие неможат две часа да го чуваат и тоа што се вика погоден(јаден,пијан,спијан) не пак 8 часа. Мм излезе да купи втора доза капки за бактеријата и да испазари.Кога ќе си дошол тој ќе готвел.Така да јас сум слободна ќе се занимавам со дете додека тој готви. Убо е многу кога мм е дома сабајле тој околу дете јас низ дома.Мераклиски и кафе испено и средено побрзо отколку кога сме сами со дете.Затоа после ручекот сите тројца ќе слушаме песни ќе играме и ќе се гушкаме.
Здраво мами Прво ќе пишам ми фалат @Igle и @orhideea во темава... Мами шкртнете некој збор А и @Capricorn Taurus да се пријави Само што се вративме од молот со мајка ми. Жената прави турлитава сега. Тргнав да земам кинеска, не какво пари давање, она ќе правела. Епа изволте Одбра подарок за бебе со мое одобрување Е сега да јадеме, да одмориме и до Џамбо да одиме уште голем Дедо Мраз да купела И чизми си купи, ама другите требало, па прво во пеко ќе ја носам Многу комплицира Сестра ми се приклучи малку и си доби капут, мајка ме пррмоли ама нејќам бе да ја трошам жената , на крај се налути Дечкото за чудо мирен, па и на кафе седнавме нормално со цртани Леле уште немам украсено,ме фаќа нервоза. Некако се мислам да ја накитам елката па ако ја фаќа ќе откитувам... а големка е Прозори успеав да избришам сабајле, ама мора и прашина... плус и благо ќе треба да правам Уф, многу работа,време нема, а маж следен викенд не е тука... @TeddyGrey сега се најубавите моменти,кога го креираш својот дом За брзо да си бидете среќни за навек во своето гнездо Се читаме
Добар ден мајки . Јас денес частам торта ,кафе,пијачка, мезе ,а бе на кој што му душа сака. Вчера прославивме 2 роденден на жабецот мој Почнавме сабајле со отварање на подароци ,па игротека и на крај дома пак подароци . Беше целлл ден мнг умен Преубаво си поминавме. Славеникот беше мнг среќен . Се испадна како што планирав Тортата и слатката маса беа преубави . Аромати и тие што ја правеа масата ги надминаа моите очекувања Сега дома одмараме ,играме со нови играчки Постапалки не правев, нарачав .Не сметам дека е лошо. Баш момент за да се обележи нешто убаво и значајно. Од мерак сум нарачувала а не дека морам и дека ако не нарачам нема да има стабилни чекорчиња На тема околу мажи ,имам среќа да мојов е педантерија жива. И се средува.Ништо не му е тешко може нема да смени пелена ама затоа за се друго не се буни.И 5 пати да му речам да оди да фрли ѓубре нема да се жали Вчера пример ,додека отваравме подароци околу хаос.Јас го избањав мали и викам да го успијам и ќе средувам.Кога заспа дете идам во дневна стакло Се средено ,на алишта етикети извадени,хартија фрлена ,кеси стокмени.Не дека не очекував такво нешто ама мислев и он е уморен и ќе остави И така мајки ,јас уште сум под имресии од вчера Среќна што имам дете да му се радувам и сакам секој ден безусловно. Секој да си дочека ваква среќа Имајте убав ден
Ден, ден мајки Сабота денес и пак да кажам дека ништо не ми значи, па дека е викенд ни најмалку Вакво лигаво време ми иде на нерви, а не сум нервозна персона, ама ова ме живцира, ниту не чини до толку да не може да се шета, ниту пак чини за да се шеташ Викаа ќе имало снег, оно има некаде, ама ние немаме, не дека и него го сакам, ама пак снег поарно од ова Цела дневна ми е со балони, дувавме и као ќе ги заксчувам надвор, ама не наоѓам време да ги подврзам и еве може 30тина балони ги шуткаме низ дневна. А на бебе ич не му се интересни, не ги ни перцепира Конечно вчера светна и надвор За големата тераса не остана ништо, ама свеки рече чекај, како ништо имам диско топка, па јас со цел памет ја закачив Цел вечер вртеше и правеше забава Напред јас демек накитив со ред, ама свеки Битно си светиме Пакетчиња уште не сум спастрила, имам уште една недела, план е еден ден со список да појдам и само тоа да купам, инаку се погубувам и празна се враќам Многу ми се збираат, рачунај, крати и пак едно мало богатство ќе треба да дадам сите да ги намирам. Оно најубаво секој нека си купи што му треба ич да не правиме на ти го - дај ми го Ај доста мрчам, тоа па ич не е својствено за мене На бебе деновиве му воведувам режим Почна да зеза со ноќното спиење, ама па и како не би кога денска дремка тера околу 4часа и ја не би спиела така во термин, епа почнав да го будам по 2ч Ама завчера го фати нерва во 19ч, до 19.30ч може се молевме да јаде, јок, не и не! Ајде го облеков во пижами и сам за 5мин се комираше на цице. Се супер ама се издига у 22.30ч мртов гладен, цице оддамна не го држи Па што можев и фино лепо понудив да јаде, изеде една ноќна каша, ама се буни сака уште, друга немав, ај реков пудинг имам, па го лапна и тој, го нудев упорно и вода, да донаполни меше и као се намири, а да давав уште, ќе јадеше.. И се супер ама се расони, па до пред 2ч си возеше колички, пентареше, редеше чашки.. па наполни и пелената и ај некако се убедивме да спие. Јас дремев за тоа време и му зборев дека треба да си легне, у 8ч ќе стане, он ме гледа и се смее, епа на крај јас се смеев кога го будев лажам, срце ми плачеше за сон, ама не му попуштам Вчера вечер го изнајадов, па само еднаш стана за цице и тоа ваљда стана, како низ магла ми е се Инаку јас правев и мала ,,забава,, по повод прво запче Не е адет, мерак е, а и баш па порано не знам да правеле, колачиња сигурно не, тоа ваљда е некое помодарстви од запад Момент за да се собдреш со најблиските, колачиња, сутлијаш (е тој е од време на мајки и адет ) па и крофни имаше, си поседовме, кафе, сок и ете се обележа и мина денот Ќе има сигурно и мала ,,забава,, по повод проодување, само крокачов да прооди Па ќе има и за зборење, што да не може колачиња во најразлични форми со букви Спомнавте колку, како, што мажите учествуваат.. Мојов Па да не речам, ама ќе речам колку да сум искрена, речиси и ич Никогаш не му сменил пелена! Никогаш не го наранил, не ни знае бебево што се јаде, ниту каква каша да купи. Вода му дава да пие, ама обавезно без лигавче, па налет и такво давање, аха и смоки му подава, ама се ова ако му речеш. Никогаш не го ни пресоблекол, може некогаш капа да му наместил Не се ни замара за торбица, носење на водичка, храна кога искачаме, едноставно ја глуми онаа ,,ја нисам одавде,, Жимити го бања, си играат со рипките, пената, ама и тоа не го мачка да речеме со шампон, не знаел како, ќе го повредел Ајде јас сум прифатила се, не ми е ни тешко, ниту обврска, задоволство ми е, но реално он не се ни труди да учествува, понекогаш и чувањето за да јадам знае низ нос да ми искочи. А да го чува, а јас да шетам ми е нон сенс на мене ние секогаш сме заедно и на куп, секогаш заедно искачаме, јас ако искачам сама тоа е во термин кога мм е на работа, па со бебе си идам. Уствари он иде од на работа од јутра до сутра, цело време е во движење и надвор, па едвај ќе се прибере дома, цел капнат, потечен и јас да му тупнам бебе за да шетам ми е без осет. Слободна му е понекогаш само недела и пак во тој ден сакам заедно да сме, пак не ми иде сама да петам, а он да чува бебе.. Ама фала му па не се ни меша како некоја сваќа на чешма, нема приговори и сугестии, а треба вака, она така, не дека не спомнал ама без инсистирање и напад. Во последно хит му е да му бира гардероба и играчки за некат, пошто сега се нервира зошто бебе се лупа, џапа или лиже и џвака Море како не им идеше на почеток, сега се супер, бебе плачеше од него, сега не, знае само да се тегне и кенка но ако тргне накај врата за да го шета од кец до кец ќе се насмее (епа толку заби има ). Инаку бебе е бајче, он и лесен е за чување, знае да се заигра сам, ама мама да е тука, никако од видик да се губи На мајка ми и седи пошто му дава бомбони па играта тие саат, два дури се чуваат е игра со бомбони Хит на свеки и е да го седне во количе и да го вози, не нешто се припотресува да го анимира, па дури на бебе му е забавно да се возика седи мирен Ај да, конечно најдов финта како да не ми плаче и бега дури го соблекувам/облекувам, му давам да јаде смоки Бебе никогаш смоки не одбива и по јадење си зима и си грицка, уствари он е Бебе - смоката Па му ги полнам двете рачиња и вадам пелена, пак му подавам уште две и идеме да се миеме, па пак уште две и се облакаме Аха јас го мијам он јаде Пробував да му подавам било што во раце, ама јок, уствари и немам толку предмети на секое, вака мир, смоки не одбива Денес за ручек полнети пиперки ќе јадеме, каде и да е готови ќе се, едвај чекам гладна сум, бебе оддамна е намирен, него во хранилка ќе го ставам Барни да јаде дури ние јадеме И така, можеби мм ќе се реши конечно да симне некој филм, па да погледаме кога ќе заспие бебе, а може и само ќе си дремеме и јадеме блашко Утре рече нема да има никаква обавеза, па може до планина на снег да идеме, башка да ја пробаме санката, а и бебе да го облечеме во скафандерот од тато Друго на север ништо ново Убав ручек, вечер, ноќ
Добар ден/вечер веќе ексик до времево. Дур бебе нанат да Ве поздравам. Депресија жива со времево, да немојш до продавница да ојш. @emkaemka да почниш книга да пишиш, мн убаво пишиш, интересно. Денес си преседавме дома, направив кофтиња и пире и турнавме денот. Бебе се дружеа сп татко и, тој ја ранеше. Уште во ушине со немаше јадење . Сеа хоризонтала малце и да зејам да замијам пајнците и вечер резервирано за Звезде Гранд и танц со госппжава Убав викенд, ваљда снег ќе не изненади
Добар ден. Малата и татко и си играат на спална. Со него обожава таму да си игра, изведуваат претстави, му се џитка, се фрла, збеснува, ептен ми се смешни вака кога ги слушам. Он знае што јаде, знае да и зготви, знае да ја пресоблече, ако се излезени и се искака ја носи во кола и менува пелена, има техника развиено. Знае се што пие, се поврзано со здравјето. И на неа така и викам, тато знае се што знае и мама. Кога зборувавме за дете јас бев јасна дека двајцатаќе сме вклучени и дека сама немам намера да се носам со сите обврски. Ако се нафати така бујрум, ќе правиме дете. Ако не сака можеме до старост да си шетаме и да се пијанчиме. Он ептен беше спремен да биде татко, повеќе од јас што бев спремна некако да бидам мајка и рече и сам ќе си го гледал, да го родам само. Јас знаев дека он ќе биде супер татко, ама он се изненади од тоа јас каква мајка сум. Не очекувал дека ќе бидам толку посветена. И јас не очекував, ама ете, целиот процес ме смени. Фала Богу. Излегува со него, си ја носи сегде, сакам и со него да поминува време, сами, да си создадат посебна врска. Да си изгради доверба и во него. Засега добро им оди. Изеде за ручек две тањирчиња длабоки супа со пилешко мевце, на крај ја испи и водичката, Обожава манџички, нешто течно да е, може и лепче при крај да се надроби за ништо да не остане. Не сум веќе толку строга со јадењето, јаде и благо, ама знае колку и е доста, па си остава и за утре. Знае и кога се јаде, па ако сака пред ручек и кажувам дека нели е тоа десерт, ах да, ми вика, да речам промрчува. Си јаде смоки, а прееска отворивме колачиња од пакетче, само сака од подароците да јаде, па ми вика грицкаво е колачето. Грицкаво, си се изнасмеав. Научила и птичка да кажува, ми вика мама ПТичка, па ми потенцира, дека ете не е фтичка веќе. Ќе морам многу внимателна да бидам со неа, гледам дека е доста осетлива и си става многу работи при срце. Не ги кажува некогаш што и е тешко, ќе го мисли само, па потоа ќе го каже. Имајте убава вечер сите, ние денес во домашна атмосфера.
Здрави мајки. За чување дете, сум кажала веќе дека маж ми зема пола породилно, па мораше да научи се, пелени, готвење, пресоблекување... сеуште ќерка ми вика дека тато ја родил. Некогаш ми е мака ама знам дека правилно постапивме. Првиот ден кога тргнав на работа, место 20 одев 40 мин. Се враќав 19 пати, па тргнав, плачев на семафори... срцето ме болеше. А нив им беше супер, ама мене душава... И мојата е осетлива, ама и итра и манипулатор. Почна фазата Зошто. Аууу луѓе. Пукнувачка. Викам ти ср јаде? Зошто да ми се јаде? Викам дека не си јадела од сабајле. А зошто не сум јадела од сабајле? Викам оти не сум ти дала. А зошто не су ми дала? Зошто немаше потреба. А зошто немало потреба? Па оти не беше гладна. А сега гладна ли сум? Викам не знам, гладна ли си? Вика гладна сум. Епа ај да јадеш, што сакаш? А зошто што сакам? И така цел ден. За се. Па ако кренам телефон, викам мамо шо праиш, и она која мајка? Викам мојата. Која твоја, баба ти, која баба, викам мојата мајка. А шо праи? Уште сум со грчеви у мев . Дијареа крш. Ај може ќе ослабам
Здраво мами, @eli25 фала што не помисли Добри сме, се привикнуваме на новата средина, различна клима, различна храна се е различно... Овој период од годината ми е омилен и секогаш сум китела. Ама не знам зошто тука никако не ме фаќа предновогодишна еуфорија, ама ич. Надвор е се накитено, ама дека топло време, се имам чувство дека е есен. Си викам што светка од секаде, се збуниле нешто Нема да купувам ни елка. Ќе прескокнам годинава. Мали е супер, откако прооди само се шета низ цел стан и чепка каде стигне отвара рерна, фиоки од кујна, од спална. Прееска ме изнасмеа, земал една маица од мм, ја отвори машината за перење, и ја пикна внатре. Друго, најдов нова работа. Многу подобра, и од финансиски аспект и е во согласност со моето претходно искуство и образование. Таму треба да почнам некаде од Јануари здравје ... Не знам зошто кога ве читам ме фаќа малку носталгија за дома. Форумов некако ми е поврзан со периодот бременост и породилно. Колку брзо поминува време... И тоа од прилика, живот ми се случува, како и на сите. Не знаеш каде ќе те однесе, односно каде ќе се однесеш, пошто свесно носиме одлуки нели Поздрав до нареден пат.
Хелоуууу мајки.... Што дека викенд,што дека врнежливо време,само за по дома,со топло чајче/кафе,топлина,синко,мм..... Јас втора на раб,мм беше прва попис имале. Ајде се надевам утре ќе надокнадиме. Паметно да кажам немам ништо,некако ме умори денов и седењево на работа. Ни луѓе има,ни ништо. Цело време газда на тел :како е,па како е?? Демек ќе смени нешто ако ми се јави 100 пати Ја немам прочитано одамна @augustd ,ако е тука и чита нека пише ред,два како се со лепотицата,што прават. @Mariangel и таа не не дружи некако,гушки и бакнежи до шефот Има и мн други што не ни пишуваат више. На болните побрзо оздравување. @VedaG10 среќен роденден на синко,жив,здрав и голем да расте. Толку од мене за сега.